Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

Screenshot-2024-01-10-at-17.57.21

Четворица повредени: судир во Гостивар меѓу „голф“ и „ауди“, настрадаа и три паркирани возила

Денеска (19.05.2024) во 02.40 часот во Полициска станица Гостивар било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со национална ознака на Чешка Република, управувано од Г.Н.(32) од Гостивар и патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.И.(25) од Житоше, прилепско, по што удриле во три паркирани патнички возила „сеат“, „цитроен“ и „фолксваген“.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „голф“, Р.Ќ.(26) с.Чајле, гостиварско, а со телесни повреди се здобиле возачите на возилата „ауди“ и „голф“, како и сопатникот на возилото „голф“ А.И.(60) од Житоше, констатирани во Општа болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-40-5960PM

Двајца повредени: едно лице е во потешка состојба по сообраќајка на патот Штип-Радовиш

На 19.05.2024 околу 01.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип-Радовиш се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „даеву ланос“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.С.(66) од с.Милетино, тетовско и патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од П.Д.(23) од с.Блаце, општина Брвеница.Во несреќата со тешки телесни пореди се здобила сопатничката од возилото „даеву ланос“, Б.С.(61) од с.Милетино, додека со телесни повреди се здобил возачот на истото возило, констатирани во Клиничка болница Штип.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Македонија | пред 1 година

soobrakajka

Три возила се судрија кај Кичево: малолетничка со тешки повреди, а уште четири лица се во болница

На 17.05.2024 во 22.55 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево - Осломеј се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(18), патничко возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(33) и патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки управувано од В.Х.(59), сите од Кичево.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од патничкото возило „фиат“, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден малолетен сопатник, возачот на патничкото возило „пасат“ и неговиот сопатник Ќ.Р.(30) од с.Туин,кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.

Македонија | пред 1 година

traktor-1

Камион и трактор се судрија во битолско: маж однесен во болница со тешки повреди

На 17.05.2024 во 12.16 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Новаци, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со полуприколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(50) од Кавадарци и трактор со приклучна земјоделска работна машина со битолски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(71) од с.Новаци, битолско.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот констатирани во Клиничка Болница Битола.Извршен бил увид од увидна екипа на СБР Битола.

Македонија | пред 1 година

IMG_4867

Вработена во МВР фатен со 10 илјади евра: домот и е претресен, најдени разни документи

Овластено службено лице вработено во МВР фатено на лице место со над 10 илјади евра од извршено кривично дело Измама. Случајот го објави министерот Панче Тошковски.„На ден 17.05.2024г. лицето И.М. вработено како Виш аналитичар во СВР Скопје, лишено е од слобода под сомневање за сторени кривични дела измама предвидени по чл. 247 од КЗ.Имено, од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со Одделот за криминалистичка полиција се постапуваше по пријава од три оштетени лица и на ден 17.05.2024 година наведеното лице е фатено на лице место во моментот на примопредавање на 12 500 евра, претходно криминалистички обработени кои ги прибавила за наводно посредување за добивање на социјални станови од Б категорија.Во врска со кривичното дело извршен е претрес во службените простории кои ги користела пријавената при што е пронајдена пообемна сомнителна документација која е поврзана со кривичното дело во вид на разни документи за кои постои сомневање дека се фалсификувани, разни договори за позајмици, договори за посредување за доделување на социјални станови, имотни листови, како и тефтер со ракопис во кој е водена евиденција за лица за кои биле вршени определени работи.Исто така, при извршен претрес во дом и други простории кои ги користи лицето И.М. лоцирани во Општина Сарај, беше пронајдено и огнено оружје со шест парчиња муниција кое оружје и муниција најверојатно ги поседува без дозвола, за што известено е и Одделението за недозволена трговија со оружје при СВР Скопје заради преземање на дополнителни мерки.МВР и понатаму продолжува со преземање на мерки и активности насочени кон испитување на евентуална поврзаност на наведеното лице со други високи полициски службеници.

Македонија | пред 1 година

policija-policaec-35

Продолжија старите измами: Прилепчканка платила пари на лажен инспектор, за измислена сообраќајка во која внука и усмртила дете

На 16.05.2024 во 12.30 часот во ОВР Прилеп, 76 – годишна жена од Прилеп пријавила дека била измамена од едно машко лице за сума од 380.000 денари.Според пријавеното, на 15.05.2024 лицето телефонски ѝ се јавило и, претставувајќи се како полициски инспектор, ѝ кажало дека нејзината внука во сообраќајна несреќа во Охрид удрила дете-мигрант.Како што е пријавено, тој, исто така, откако ѝ кажал дека родителите на детето барале пари, а доколку не им даде нејзината внука ќе одела во затвор 10 години, таа се согласила и следната вечер во нејзиниот дом дошло женско лице на кое му ги дала парите.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведени тројца дилери од Кавадарци и Неготино

Денеска (17.05.2024), Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Сектор за криминалистички истраги - Единица за недозволена трговија со дрога до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против три лица од Кавадарци и Неготино, поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори” по член 215 од Кривичниот законик.Имено, во периодот од јануари до април 2024 година лицата се здружиле заради неовластена продажба и пуштање во промет на марихуана и кокаин и за таа цел купувале, држеле, пренесувале, продавале и посредувале во неовластена продажба на дрога. За време на спроведувањето на криминалистичкото истражување обезбедени се материјални докази и утврдено е дека во наведениот период пријавените пуштиле во промет поголема количина на кокаин и марихуана.Лицата ќе бидат спроведени пред судија за претходна постапка.

Македонија | пред 1 година

IMG_3999

Екстрадиран Бесим Крсниќи од Косово: брат е на Африм, треба да издржи 28,5 години затвор за серија кривични дела

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (17.05.2024) полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата за интервентна полиција на СВР Скопје го завршија процесот на екстрадиција од Косово во Република Северна Македонија на Бесим Красниќи (44), кој се бараше со меѓународна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор за сторени кривични дела разбојништво, тешки дела против општата сигурност и казнување за подготвување во врска со кривично дело тероризам.Лицето е спроведено во КПУ Идризово.Бесим Крсниќи беше уапсен заедно со Агим Крсниќи и Сехат Рамадани во Урошевац. Тие се дел од т.н. кондовска група, која важеше за страв и трепет во Скопје. Бесим Крсниќи треба да издржи казна затвор од вкупно 28,5 години затвор за повеќе кривични дела.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведен албански државјанин кој бил баран од Интерпол-Париз

На 16.05.2024 во 21.55 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.М.(26) од Република Албанија, затоа што по извршени проверки било констатирано дека во оперативната евиденција е со мерка апси по барање на Интерпол – Париз, Франција.Лицето било спроведено во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Возило излетало од патот, сопатничката со тешки повреди

На 16.05.2024 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Штип – Скопје, во близина на клучка „Коњари“, патничко возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(39) од Кочани, излетало од коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Л.Ј.(60) од Кочани, додека другиот сопатник Г.Ј.(64) од Кочани се здобил со телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

23-годишна девојка физички нападнала жена, и ја украла чантата со пари и документи

На 16.05.2023 во 16.00 часот на ул.„Христијан Карпош“ во Штип, полициски службеници од Отсекот за општ криминал и Полициската станица Штип при СВР Штип ја лишиле од слобода Џ.С.(23) од Кочани. Таа се сомничи дека на 15.05.2024 извршила кривично дело „разбојништво“ над Л.М.(69) од Штип, при што физички ја нападнала и ѝ ја одзела чантата со пари и документи.Џ.С. била задржана во Полициската станица и во службен разговор го признала делото. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственичката. По целосно документирање на случајот, против Џ.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведен кавадарчанец по распишана централна потерница

Денеска (17.05.2024) во 01.10 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Д.А.(36) од Кавадарци.Тој бил баран по централна потерница издадена врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна во времетраење од две години.Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на казната.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

108 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (16.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои девет мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење на сигурносен појас.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-56-7910PM

Малолетник фрлен од повисок кат од тројца врсници: морбиден случај во Тетово

СВР Тетово поднесе кривична пријава против тројца малолетници од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.На 01.04.2024 во основно училиште во Тетово, пријавените фрлиле во височина друг малолетник, кој при падот се здобил со тешки телесни повреди.

Македонија | пред 1 година

271289484_328534862479115_2180121967131250034_n

Скопјанец почина во ходникот на Граѓанскиот суд, телото на обдукција

Денеска (16.05.2024) во 09.25 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош е пријавено дека во Основен граѓански суд, во ходникот на први кат, има починато лице.Од страна полициски службеници е излезено на местото и е констатирано дека станува збор за Љ.С.(75) од Скопје.Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено за обдукција.Увид извршен.

Скопје | пред 1 година

uapsen

Приведен бегалец, вратен во затвор каде издржувал казна од четири години и девет месеци

На 15.05.2024, полициски службеници од Полициската станица Штип го привеле П.И.(29) од с.Црвулево, општина Карбинци. Тој бил баран по централна потерница, врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Куманово, поради бегство од затворот, каде издржувал казна од четири години и девет месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“.Лицето е спроведено до Затвор Куманово за доиздржување на две години и пет месеци од казната.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-6500PM

Прилепчанец во дворот пронашол три неексплодирани експлозивни направи, безбедно се отстранети

На 15.05.2024 во ОВР Прилеп, М.Н.(56) од с.Канатларци пријавил дека во дворното место во с.Канатларци пронашол три неексплодирани експлозивни направи. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола безбедно ги подигнал, при што било констатирано дека станува збор за една артилериска граната од 105 мм, една минофарлачка граната од 75мм и една рачна бомба кои потекнувале од Првата светска војна.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Три лица повредени: Сообраќајна несреќа помеѓу „сеат кордоба“ и „рено меган“

На 15.05.2024 во 06.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово-с.Макреш, атар на с.Макреш, општина Старо Нагоричане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат кордоба“, управувано од Ј.С.(45) од Куманово и патничко возило „рено меган“, управувано од А.С.(36) од с.Канарево, кумановско, двете со кумановски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ј.С., додека неговиот сопатник С.А. и другиот возач А.С. се здобиле се телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 1 година

IMG_7744

11 државјани на Непал затекнати на граничниот премин Богородица, во обид илегално да ја преминат границата

На 15.05.2024 во 22.50 часот, полициски службеници Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ затекнале 11 лица државјани на Непал при обид за илегално преминување на државната граница од Република Северна Македонија во Република Грција. Лицата се приведени во Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица, известен е дежурен судија од Основен суд Гевгелија и по негови насоки ним им се дадени решенија за напуштање на територијата на државата.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

125 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (15.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 125 мерки, меѓу кои 16 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, четири мерки за користење на мобилен телефон при возење, три санкции за некористење на сигурносен појас...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2022-12-03-at-16.52.13

На скопјанец му запалиле оган пред вратата од станот во кој живее

На 14.05.2024 во 22.20 часот во СВР Скопје, П.Т. од Скопје пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром, едно лице предизвикало пожар на влезната врата од неговиот стан.Пожарот бил изгаснат од соседите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

policija

Четворица скопјани на возраст од 18 до 24 години извршиле разбојништво: полицијата со детали!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.А.(24) и Д.Х.(22), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и против А.И.(18) и А.Г.(23), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со „разбојништво“.На 09.01.2024, прво и второпријавените со закана со нож извршиле разбојништво врз А.Ш., одземајќи му го дневниот промет и возилото кое го управувал и од него истовариле производи и ги ставиле во возило од четвртопријавениот.

Свет | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-59-2780PM

Боксови и шамари низ Скопје: Возач на автобус натепал жена на Железничка, во Бутел семејно насилство, во Петровец тинејџер добил ќотек

На 14.05.2024 во 22.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле П.П.(22) од Република Србија, затоа што кај него бил пронајден нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 14.05.2024 во 17.15 часот во СВР Скопје, С.Б.(60) од Скопје пријавила дека околу 10.20 часот на автобуска постојка на Транспортен центар-Скопје била физички нападната од едно лице - возач на автобус на ЈСП. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Денеска (15.05.2024) во 01.00 часот во СВР Скопје, 42 - годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Бутел била физички нападната од нејзиниот сопруг Ф.Ч. и од нејзиниот свекор Ј.Ч., при што сопругот употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 14.05.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје, И.И.(18) од Скопје пријавил дека околу 17.40 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 13.05.2024 во 19.30 часот во СВР Скопје, Т.С.(62) од с.Огњанци, скопско, пријавил дека во селото, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот соселанец М.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

Samoubistvo-kaj-Momir-02

МВР со детали за убиството во Стајковци

На 14.05.2024 во 12.30 во СВР Скопје било пријавено дека во с.Стајковци, скопско, на тераса и на скали во домот со повреди на главата биле пронајдени В.К.(64) и неговата снаа С.К.(57).Лекар од Итна медицинска помош на местото констатирал смрт кај С.К., додека В.К. со повреди бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што во 14.00 часот починал.Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје со убодни рани го пронашле и Љ.К.(67), брат на В.К., кој имал здравствени проблеми и за кој постои сомнение дека е сторител на убиството.Тој, исто така, е пренесен во медицинска установа за укажување помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Натепан полицаец од 35-годишник од валандовско: имал ќеса со марихуана, а полицаецот сакал да го фати со неа

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(35) од Пирава, валандовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување на докажување“ и „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“.На 24.04.2024, тој со намера да спречи докажување на кривично дело за кое бил лишен од слобода, физички нападнал полициски службеник и се обидел да ја исфрли ќесата со марихуана, која при преглед му била пронајдена и одземена.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања