Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

Нема фотографија

Полициски службеник со пендрек нападнал маж

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Б.Б., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор Пехчево при Регионалниот центар за гранични работи Исток, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик.Имено, на 13.04.2024, при преземање службени дејствија, пријавениот неовластено и прекумерно употребил физичка сила и извршил физичко насилство врз машко лице од с.Чифлик, пехчевско, при што со гумена палка-пендрек му нанел телесна повреда.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе и предлог за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и Б.Б. ќе биде суспендиран од работното место до завршување на постапката и ќе му биде одземено службеното оружје и муниција.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-20-9330PM

Несреќа на патот Кичево-Охрид: Се судриле две возила, со тешки повреди двајцата возачи

На 14.05.2024 во 18.50 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на мaгистралниот пат Кичево-Охрид, во атарот на с.Подвис, кичевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ѓ.(21) од Кичево и патничко возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки, управувано од Ч.К.(48) од Република Албанија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „мерцедес“, Н.К.(45) од Република Албанија, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Несреќа во Демир Капија: Се судриле возило „рено“ и мотоциклист

На 14.05.2024 во 11.45 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосница од ул.„Маршал Тито“ и ул.„Првомајска“ во Демир Капија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од М.А.(39) од Демир Капија и мотоцикл управуван од малолетник од демиркаписко. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Неготино.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

19-годишник со возилото излетал од патот, со тешки повреди се здобила сопатничката

На 14.05.2024 во 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во близина на надвозник Глумово, патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(19) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката И.Ш.(18) од с.Ласкарци, скопско, а со телесни повреди се здобила Е.А., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-22-9750PM

Удрени две малолетнички од Кичево, возилото избегало од местото на несреќата

На 14.05.2024 во 11.30 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на бул.„Ослободување“ во Кичево, патничко возило удрило во две малолетнички и го напуштило местото на несреќата. Притоа, едната малолетничка се здобила со тешки телесни повреди, а другата со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пронајдена дрога кај 42-годишен маж од Битола

На 14.05.2024 во 18.00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода П.П.(42) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја.Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

marihuana2

Приведено едно лице од струмичко: Пронајдени засадени стебла канабис и дигитална вага со остатоци од марихуана

На 14.05.2024 во 16.30 часот во село Добрејци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.К.(45) од село Добрејци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе засадени стебла од растението канабис и дигитална вага со остатоци од марихуана.За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Двајца уапсени за убиството во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со инспектори и увидна екипа на МВР и тим од обдуценти од Институтот за судска медицина, извршија увид на лице место во семејна куќа во селото Стајковци каде попладнево едно лице ги лишило од живот сопствениот брат и сопругата на другиот брат, кој претходно бил починат.Причините се утврдуваат. Сторителот е идентификуван и обезбеден. Тој е хоспитализиран со повреди.Обезбедени се траги на лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а по наредба на јавниот обвинител телата на починатите ќе бидат дадени на обдукција.

Македонија | пред 1 година

policija-ubistvo-pishtol

Двојно убиство во Скопје

Попладнево во пукање во скопско Стајковци убиени се две лица.Неофицијално, повозрасен маж ги убил братот и снаата, по што самиот се избодел. Во моментов е хоспитализиран во болницата „Свети Наум Охридски“, неофицијално потврдуваат од СВР Скопје.МВР се очекува да даде официјални информации за настанот.

Македонија | пред 1 година

655-402-bebe

Почина седумесечно бебе кое во тешка состојба било донесено во болница

На 14.05.2024 година во 01.04 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, по извршен хируршки зафат, починало седуммесечно бебе од Вевчани, кое, претходниот ден околу 16 часот, било донесено во болницата од неговата мајка. Бебето, според пријавеното било примено во болницата со хематом на главата и по констатирано мозочно крварење, веднаш била извршена операција.Според изјавата на неговата мајка, повредите настанале по пад од импровизиран кревет во семејниот дом во Вевчани.По насока на Јавен обвинител, телото ќе биде пренесено до Судска медицина во Битола каде ќе се изврши обдукција. Се преземаат мерки за расветлување на настанот, соопшти полицијата. 

Македонија | пред 1 година

granica-grcija

Пет лица од Кина се обиделе илегално да ја преминат македонската граница

На 13.05.2024 околу 09.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ затекнале пет лица од Кина (три женски и две машки) при обид илегално да ја преминат држвната граница од Република Северна Македонија кон Република Грција. На 12.05.2024 тие влегле во Република Србија преку аеродромот во Белград, по што на 13.05.2024 оствариле илегален влез во држвата. Регионалниот центар за гранични работи Југ – Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија до Основен суд Гевгелија поднесе барање за поведување на прекршочна постапка, по што од Судија за прекршоци изречена им е глоба и прекршочна санкција - протерување на странец од РСМ со забрана за влез во траење од една година.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Прегазена малолетничка од Штип, однесена во болница

На 13.05.2024 во 19.10 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Брегалничка“ во Штип, патничко возило „киа“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(63) од Штип, удрило во малолетен пешак од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Несреќа во Скопје: Се судриле две возила, повредени две лица

На 13.05.2024 во 18.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ферид Бајрам“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд фиеста“, управувано од Ј.И.(30) од Скопје и патничко возило „фолксваген поло“, управувано од А.В.(30) од с.Никиштане, скопско, двете со скопски регистарски ознаки, при што била удрена и Ф.К.(65) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.К., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, а со телесни повреди се здобил сопатник од возилото „фолксваген поло“, А.В.(19) од с.Никиштане, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

173 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (13.05.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 173 возачи. Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 70 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 103 надвор од населено место.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Кривична пријава против три лица од Тетово, осомничени дека со меѓусебен договор ја изиграле постапката за јавен повик на сметка на државниот буџет

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Д.Б.(45) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против Р.Б.(72) и А.Х.(40) од Тетово, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „помагање“ по член 24 во врска со кривичното дело „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ по член 275-в и „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.Пријавениот Д.Б., во својство на вршител на должноста директор на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија, на 22.02.2023 објавил повик за заинтересираност за закуп на деловен простор за потребите на Фондот во два дневни весници, на кој во својство на потенцијални закуподавци се јавиле М.С. и Ј.Б. од Тетово, како сопственици на недвижен имот. Второпријавениот Р.Б. (татко на Д.Б.), ги контактирал М.С. и Ј.Б., кои имале дадено оглас за продажба на недвижен имот во Тетово, при што се договориле да ја продадат куќата за сума од 260.000 евра, но најпрвин да потпишат документација за давање под закуп на недвижниот имот со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, а потоа да склучат и преддоговор за купопродажба на имотот.Имено, на 02.03.2023 помеѓу Фондот, застапуван од пријавениот Д.Б., од една страна и М.С. и Ј.Б., од друга страна, бил склучен договор за закуп на недвижен имот со износ на закупнина од 1.890 евра месечно за времетрање на договорот од 20 години или во вкупен износ од 453.600 евра. Истиот ден бил склучен и преддоговор за купопродажба на недвижниот имот меѓу М.С. и Ј.Б. и третопријавената А.Х. (сестра на Д.Б.). Потоа, М.С. како закуподавец, паричните средства кои што Фондот месечно ѝ ги исплаќал за закуп, ги вадела од нејзината сметка и во готовина на рака му ги давала на второпријавениот Р.Б., бидејќи согласно преддоговорот за продажба и нивниот меѓусебен договор, имотот бил продаден на неговата ќерка.Исто така, од страна на првопријавениот Д.Б., знаејќи дека ќе има потреба од реконструкција и адаптација на горенаведениот имот, на 30.01.2023 била донесена одлука за јавна набавка, по што била спроведена постапка за јавна набавка за тековно одржување во централа, филијали, деловници, пензионерски домови. На 17.03.2023, Фондот со економскиот оператор од Тетово склучил договор за јавна набавка, додека на 31.07.2023 бил потпишан и анекс договор, врз основа на кој биле исплатени вкупно 9.915.238 денари со вклучен ДДВ.Со ваквите дејствија, пријавениот Д.Б., заедно со пријавените Р.Б. и А.Х., ги повредил прописите за постапката за јавен повик и со нивниот меѓусебен договор ја изиграле постапката, па така неговата сестра, пријавената А.Х., стекнала право на сопственост на недвижниот имот, кој што е предмет на закуп од страна на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, со што пријавените нанеле штета на Фондот во вредност од 37.852.275 денари или 614.484 евра од Буџетот на РСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

553 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (12.05.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 553 возачи. Од нив 38 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 251 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 327 надвор од населено место.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 1 година

vodnjanska-brza-pomos

Скопјанец среде полноќ настрадал на патот кон езеро Младост

На 12.05.2024 во 00.10 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Р-1102 езеро Младост – Велес, пред крстосницата за село Отовица, велешко, Ѓ.С.(35) од Скопје, управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Велес.Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-53-2450PM

Старец прегазил струмичанка која се возела со тротинет

На 11.05.2024 во 14.20 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од бул. „Балканска“ и ул. “Крушевска република“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу електричен тротинет управуван од А.Ѓ.(47) и патничко возило „фиат пунто“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.Р.(72), двајцата од Струмица.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ѓ., констатирани во Општата болница Струмица.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-38-8270PM

Чаир: Жена е прегазена од автомобил, со тешки повреди е во болница

На 11.05.2024 во 13.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Благоја Паровиќ“ и ул.„Џон Кенеди“ во Скопје патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А. од Скопје, удрило во Н.Х.(65) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.Х., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-05-11-at-13.29.26

Две апсења во Центар, едно на границата Долно Блаце: Четири лица со лисици во станица

На 10.05.2024 во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода И.А.(45) и М.К.(37), двајцата од Скопје, поради тоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (11.05.2024) во 01.25 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Т.(22) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 10.05.2024 во 20.30 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода П.О.(38) од Косово, затоа што при извршена контрола констатирано било дека на увид дал туѓа лична карта, сопственост на неговиот брат О.Л.(26). Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции-Скопје за понатамошна постапка.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-50-2020PM

Две лица се уапсени во Охрид откако полицајци го треселе нивниот автомобил, а се случила и една несреќа

На 11.05.2024 во 02.30 часот, на паркинг на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид од слобода ги лишија М.К.(33) и Н.С.(38), двајцата од Охрид. При преглед извршен во патнички автомобил „сузуки“ со охридски регистарски ознаки, во кој се наоѓале, М.К. е затекнат при користење бела прашкаста материја, а по дополнително преземените мерки, кај Н.С. пронајдени и одземени се бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.На 10.05.2024 во 18.00 часот било пријавено дека на ул.„Марко Нестороски“ во Охрид Д.Г.(21) од Охрид управувајќи моторцикл „пијаџо“ со охридски регистарски ознаки, паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Охрид | пред 1 година

DSC_0288

Во Карпош: Скопјанец натепал скопјанка, а потоа решил да се пресмета и со полицајците

На 09.05.2024 во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

ace2e624-2ec6-45e4-b64c-0c683ce1a29b

(Фото) Нова несреќа на патот Охрид-Кичево

Нова сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево се случи денеска. На едно од возилата, има поголема штета, а непознато е дали има повредени лица.Според информациите од терен, при несреќата имало тежок судир, поради што се активирани и воздушните перничиња на двете возила.Полицијата правеше увид.

Охрид | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-51-2600PM

Кривична за скопјанец, осомничен дека го предизвикал пожарот под мостот „Беласица“ кај „Ист гејт“

СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, денеска (10.05.2024) до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против И.Х.(37) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дело „тешки дела против општата сигурност" по член 292, а во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност" по член 288 од Кривичниот законик.Имено, по преземени мерки, подигнати докази, извршени вештачења и разговори со повеќе лица било утврдено дека на 11.05.2023 под мостот „Беласица“, пријавениот предизвикал пожар на т.н. „просторија за компензација на топловод", кој се проширил на термичката изолација и топловодните цевководи кои се дел од топлификациска мрежа на ЕСМ-Снабдување со топлина, при што се предизвикани топлински оштетувања на наведениот топловод, како и видливи оштетувања на конструктивните елементи на мостот.Инаку, пријавениот И.Х. од 12.09.2023 се наоѓа на издржување казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 1 година

80ede2f2dde90ea1aacd11c748318843

Скопјанец предизвикал пожар оштетил топловод и конструкцијата на мостот „Беласица“

СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, денеска (10.05.2024) до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против И.Х.(37) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дело „тешки дела против општата сигурност" по член 292, а во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност" по член 288 од Кривичниот законик.Имено, по преземени мерки, подигнати докази, извршени вештачења и разговори со повеќе лица било утврдено дека на 11.05.2023 под мостот „Беласица“, пријавениот предизвикал пожар на т.н. „просторија за компензација на топловод", кој се проширил на термичката изолација и топловодните цевководи кои се дел од топлификациска мрежа на ЕСМ-Снабдување со топлина, при што се предизвикани топлински оштетувања на наведениот топловод, како и видливи оштетувања на конструктивните елементи на мостот.Инаку, пријавениот И.Х. од 12.09.2023 се наоѓа на издржување казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања