Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

Нема фотографија

Со мопед удрил во метален столб, возачот и сопатникот со тешки повреди

Денеска (10.05.2024) во 04.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.М.(37) од Скопје, удрил во метален столб. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Џ.А.(36) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

velosiped

Велосипедист заврши во болнца откако во него удрил автомобил

На 09.05.2024 во 14.10 часот во ОВР Струга било пријавено дека на крстосницата од улиците „Владо Малески“ со „Пабло Неруда“ во Струга, патничко возило „цитроен“ со струшки регистарски ознаки, управувано од С.Г.(52), удрило во велосипед, управуван од Б.М.(47), двајцата од Струга. Во несреќата Б.М. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на незгодата извршила екипа на ОВР Струга.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-10-at-17.57.21

Четири лица повредени во тешка несреќа во Скопје, се судриле три возила

На 09.05.2024 во 15.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Босна и Херцеговина“ со ул.„Александар Урдаревски“ и ул.„Ќемал Сејфула“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел мерива“, управувано од Ш.С.(38) од с.Брест, скопско, патничко возило „фиат 500“, управувано од М.Ц.(25) од с.Кучевиште, скопско и патничко возило „фолксваген туран“, управувано од З.З.(66) од Скопје, трите со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „опел мерива“, Б.М.(31) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

uapsen

Приведен насилник од Кочани, пронајден и пиштол

На 09.05.2024 во 14.00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода О.Ц.(38) од Кочани. Тој се сомничи дека околу 12.30 часот во угостителски објект во Кочани се однесувал агресивно и со пиштол удрил едно женско лице.Подоцна, при претрес во неговиот дом и неговото возило „ауди“, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 7,65 мм, 25 куршуми калибар 7,65 мм и лисици за врзување.Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

DSC_0289

Уапсен скопјанец: направил шема за измама, па ја спровел и во пракса

На 08.05.2024 во 17.00 часот на улица ,,ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода И.Б.(51) од скопско Студеничани, поради сомнение дека извршил кривично дело „измама“. Тој се сомничи дека измамил 34 – годишен гостиварец за сума од околу 1.500 евра.Според пријавеното, во јуни 2023 тој се договорил со оштетениот да му го поправи четирициклот, по што ги земал деловите за поправка и од него добил аванс. Меѓутоа, набргу потоа И.Б. престанал да комуницира со 34-годишникот и не ја завршил договорената работа, по што на 16.02.2024 бил пријавен во ОВР Гостивар.Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

granica-sos-rbija-3

Српски државјанин се обидел да помине граница со фалсификувана возачка дозвола

На 08.05.2024 во 11.00 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Ќ.Х.(26) од Република Србија, затоа што при пасошка контрола и гранични проверки било констатирано дека на увид приложил фалсификувана германска возачка дозвола. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Прегазен пешак со трактор, однесена во болница со тешки повреди

На 07.05.2024 во 18.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Р`жаничино, скопско, трактор „ИМТ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(50) од с.Р`жаничино, удрил во пешакот С.Л.(57) од истото село. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Л., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Прегазен пешак во Куманово: Однесен во болница, констатирани тешки повреди

На 08.05.2024 во 17.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„11 Ноември“ во Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(27) од Куманово, удрило во Р.С.(56) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.С., констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 1 година

soobrakajka

Едно лице загина во несреќа кај местото ,,Каменолом”

На 08.05.2024 во 22.20 во Полициската станица Виница било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица – Виница, на место викано „Каменолом“, патничко возило „фолксваген тигуан“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(42) од Делчево, излетало од коловозот. На местото на несреќата од здобиените повреди починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Сопатникот Д.Г.(33) од Делчево се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пет лица повредени откако со автомобилот излетале од патот

На 08.05.2024 во 08.10 часот, на магистралниот пат Ќафасан - Подмолје, кај клучката за струшкото село Радожда, патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од Ѓ.А.(55) од Елбасан, Република Албанија, излетало надвор од коловозот. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил совозачот Б.Х.(31), а со телесни повреди се здобиле возачот Ѓ.А. и сопатниците М.Џ.(51), Ц.П.(34)и Д.Х.(24), сите од Република Албанија, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид извршија полициски екипи.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-10-at-17.57.21

Сообраќајка во Куманово: пет повредени, возач е во потешка состојба

На 07.05.2024 во 15.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од бул.„Трета македонска ударна бригада“ и ул.„Видое Смилевски Бато“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(52) од Куманово и патничко возило „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(33) од Куманово.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Т., додека неговата сопатничка М.Т.(19), возачот М.Д и негови двајца малолетни сопатници, сите од Куманово, се здобиле со телесни повреди констатирани во Ургентен центар Куманово.По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-34-6630PM

Уште една несреќа во Македониja: жена загина, откако ја прегази автомобил

На 07.05.2024 во 23.55 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица - Валандово, пред село Костурино, струмичко, патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.М.(46) од село Куклиш, струмичко, удрило во пешакот Р.С.(44) од село Јосифово, валандовско.По несреќата Р.С. била пренесена во Медицински центар Струмица, каде што од лекар била констатирана смрт.Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Македонија | пред 1 година

deve-bair

Апсења на два гранични премини: обиди за фалсификат фатени од полицијата

На 07.05.2024 во 18.00 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го привеле Б.К.(57) од Република Турција затоа што при пасошка контрола и проверка било констатирано дека меѓународните зелени карти за осигурување на товарно возило „волво“ и полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал, биле фалсификувани. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.На 07.05.2024 во 23.00 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го привеле А.Д.(38) од Република Турција затоа што при извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека меѓународнита зелени карти за осигурување на товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал, биле фалсификувани. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.На 07.05.2024 во 21.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го привеле Х.Б.(36) од Косово затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека приложил туѓа косовска лична карта. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 година

loru5bcabbkptivbtymx

Прегледи на автомобили и апсења на Водно, Чаир, Гази Баба

Денеска (08.05.2024) во 02.10 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(25) од с.Трубарево, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 07.05.2024 во 20.40 часот на подрачјето на Средно Водно, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.П.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 07.05.2024 во 21.30 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.М.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

За време на предизборниот молк регистрирани се следниве настани, за кои се преземени и соодветни мерки од страна на полициски службеници.На 07.05.2024 Е.Д. од Крњево пријавил дека во домот дошле три лица од ДИК, со цел неговиот дедо да оствари право на глас од избирачко место бр. 2828. Е.Д. се сомневал дека не биле лицата од ДИК, бидејќи не биле претходно известени и требало да присуствуваат пет лица. СВР Скопје презема мерки и активности за расчистување на настанот.На 07.05.2024 во координација со ОЈО Куманово преземени се активности во врска со настан дека лице од Крива Паланка на повеќе граѓани од Крива Паланка делело бонови за точење на гориво на бензинска пумпа. Извршен е претрес на простории на бензинската пумпа, каде во присуство на Ј.Ј. и М.Ѓ. биле пронајдени пет бонови за гориво во вредност од по 1.000 денари со втиснат датум од 08.05.2024 и еден бон за гориво во вредност од 2.000 денари, шест фискални сметки, а во торбата која ја носел вработениот пронајдени се два бона за гориво во вредност од по 1.000 денари и фискална сметка. Во просториите на ПС ОН Крива Паланка повикани се Б.С., С.М., М.Ѓ. и М.Д., сите од Крива Паланка поради извршување на службен разговор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 07.05.2024 во 18,25 часот, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, А.К. (24) од село Стримница пријавил дека се оштетени два банера со рекламен материјал од политичка партија кои биле поставени на кружен тек од улица „В.С.Бато“ со ул. „Маршал Тито“ во Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 07.05.2024 во 22,10 часот, Ц.Т. од Неготино пријaвила кривично дело „повреда на слободата на определување на избирачите“, извршено од Л.Р. од Неготино. Имено, според пријавеното, околу 20,17 часот, Ц.Т. добила телефонски повик од Л.Р. за поддршка за гласање, на што Ц.Т. одговорила негативно. Потоа Л.Р. и нагласила на Ц.Т. дека имала земено ИПАРД поддршка, по што го прекинала повикот. За настанот известен е надлежен јавен обвинител и ќе се преземат дополнителни проверки.Во непосредна близина на избирачко место 1180 во ОУ „Христијан Т.Карпош“ во с.Драгоманце општина Старо Нагоричане забележани биле расфрлани летоци од политичка партија. Летоците се отстранети.Во текот на изборниот молк пријавени се и неколку случаи за наводно агитирање и нудење поткуп, но по преземени мерки од страна на полициските службеници тие наводи до сега не се потврдени.

пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Поткуп на избори: приведени се две лица во Чашка, полицијатa најде и пиштоли со куршуми

Претреси во Чашка, приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избориДенеска (06.05.2024) во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го лишиле од слобода И.И.(52) од село Мелница, општина Чашка. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес поради основи на сомнение за кривично дело " поткуп при избори и гласање" по член 162 од КЗ биле пронајдени и одземени еден пиштол „Застава" со две рамки, 58 куршуми и 4 зрна-испукани проектили кои ги поседувал без дозвола, како и копија од преглед на гласачи за изборно место во Чашка. И.И. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Исто така денеска, во 17.00 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го лишиле од слобода А.Ч.(50) од село Мелница, општина Чашка.При претрес во неговиот дом извршен со наредба од Основен суд Велес поради основи на сомнение за кривично дело "поткуп при избори и гласање" по член 162 од КЗ биле пронајдени и одземени еден пиштол ,,Валтер" со една рамка, еден пиштол „Црвена застава", еден пиштол „Бул" со една рамка, 139 куршуми, мобилен телефон, 986 670 денари во разни апоени и 2 325 евра во разни апоени. А.Ч. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

soobrakajka

Скопјанец загина, семејството повредено: нова тешка несреќа на патот Штип-Кочани

На 06.05.2024 во 02.45 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип -Кочани, во близина на с.Крупиште, патничко возило „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(34) од Скопје, излетало надвор од коловозот.По несреќата, возачот и сопатниците И.М.(39) од Скопје и двајца малолетници биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде што кај И.М. била констатирана смрт, додека кај возачот и малолетниците биле констатирани телесни повреди.Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.

Македонија | пред 1 година

DSC_0052

Уапсен малолетник, но и скопјани во Карпош, Аеродром, Бит Пазар

На 06.05.2024 во 00.50 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.К.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 05.05.2024 во 22.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Н.(39) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 05,05.2024 во 23.45 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 05.05.2024 во 13.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.Ј.(36) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 05.05.2024 во 15.40 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.С.(46) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 05.05.2024 во 17.45 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Ш.Б.(32) од Косово, со живеалиште во с.Инџиково, скопско, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. Против него ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Законот за оружје.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Прилепчани разнесувале марихуана, а си се возеле со автоматска пушка: фатени додека оделе кон Струга

На 05.05.2024 околу 21.30 часот на регионалниот пат Дебар - Струга, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Џепиште во координација со Одделението за прекуграничен криминал при Регионалниот центар за гранични работи Запад – Дебар ги лишиле од слобода Б.С.(34) и Д.Н.(36), двајцата од Прилеп.При преглед во возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки на рент а кар компанија, кое го управувал Б.С., а сопатник бил Д.Н., биле пронајдени и одземени една торба со над три килограми марихуана и автоматска пушка со празна рамка.Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

orce-nikolov-maloletnicki-tepacka

Пукање во тетовско среде ресторан: имало и голема тепачка!

На 04.05.2024 година околу 19.30 часот полициски службеници од СВР Тетово - Полициско одделение Групчин, во тетовско Церово ги лишиле од слобода К.З.(62), Х.А.(33), Р.А.(27) и М.А.(62), сите од Церово. Според пријавеното, по кратка вербална расправија помеѓу К.З. и Х.А. во угостителски објект во селото, К.З. со огнено оружје испукал неколку куршуми, но бил спречен од присутните, а оружјето му било одземено.Повредени лица нема, а приведените се задржани во полициска станица и се работи на расчистување не случајот, по што ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 година

soobrakajka

Сообраќајка на патот Дебар-Маврово: возач и малолетник однесени во болница

На 04.05.2024 во 11.45 часот во Полициска станица Дебар било пријавено дека на регионалниот пат Дебар-Маврово, кај Мелнички мост, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Н.О.(58) од с.Долно Косоврасти, дебарско и патничко возило „фолксваген тигуан“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.Е.(20) од с.Жировница.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.О., а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник од патничкото возило „фолксваген тигуан“, констатирани во Општата болница во Дебар.Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Дебар.

Македонија | пред 1 година

272044975_7325265100824619_7909443333828817716_n-1

Апсења на скопскиот аеродром и на границата „Деве Баир“

На 04.05.2024 во 19.30 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода И.Н.(42) од Гостивар, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека во оперативната евиденција е со мерка „апси“, по барање на ОВР Гостивар. Тој бил предаден на полициски службеници од ОВР Гостивар за понатамошна постапка.На 04.05.2024 во 15.40 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода М.Ф.(31) од Косово, затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека приложил фалсификувана косовска возачка дозвола. Тој бил предаден на полициски службеници од ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-04-at-22.20.21

Уапсен бегалецот, кондовецот Агим Крсничи во Урошевац

Кондовецот Агим Крсничи, бегалец од штипскиот затвор, е уапсен во Урошевац, дознава „Скопје1“ од свои извори. Според информации на нашата редакција, тој бил уапсен откако учествувал во кривично-правен настан. Освен него, во рацете на тамошната полиција „паднале“ уште двајца бегалци од македонската права. Крсничи четири години е во бегство откако беше на слободен викенд, по кој, никогаш не се врати.Тој беше во затвор од 2008 година, каде отслужуваше 15 години затвор. Одлежа 12 години, а му остануваат уште 3 години. Осуден е за нерегуларности и предизвикување на неправилности на избори, злосторничко здружување, неовластено поседување оружје и други дела. Крсничи е познат и како водач на кондовската група, која ја сочинуваа седум членови.Засега ништо не навестува за негова екстрадиција. Одреден му е 48 часовен притвор, заедно со останатите уапсени. За нивна екстрадиција е рано да се одлучува, бидејќи прво треба да одговараат за делата кои таму ги сториле.

Македонија | пред 1 година

Soobrakajka

(Видео) Загинаа две лица, едно се бори за живот по тешката сообраќајка на патот Радовиш-Штип

Две лица загинаа, а едно е повредено во сообраќајка која попладнево се случила на магистралниот пат Радовиш–Штип.Според портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, во сообраќајната несреќа се судриле два автомобила, марка „опел“ и „пасат“.Повеќе детали за несреќата ќе се знаат утре кога ќе бидат соопштени првичноте наоди на истрагата по извршениот увид.

Македонија | пред 1 година

tepacka

Семејни драми и тепачки низ Скопје: се степале во маркет, пет лица натепале семејство, а ќотек добил и старец

На 02.05.2024 во 16.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го привеле О.А.(32) од Скопје затоа што, по претходна расправија, околу 16.00 во продажно место на подрачјето на Кисела Вода физички го нападнал К.Б.(42) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 02.05.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје, С.Т.(66) од Скопје пријавил дека околу 10.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 02.05.2024 во СВР Скопје било пријавено дека на 01.05.2024 во 17.30 часот на подрачјето на Бит Пазар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 33 – годишната И.А. и А.С.(35), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 01.05.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје, С.С.(28) од Скопје пријавила дека околу 18.30 часот во нивниот дом на подрачјето на Чаир, таа, нејзиниот татко Т.С, нејзиниот чичко Д.С., нејзинатата тетка М.А. и нејзината сестра С.С. биле физички нападнати од И.Р., Б.С.,С.С. ,О.С и И.С., сите од Скопје, кои притоа употребиле и тврд предмет. Се преземат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања