Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-21-3210PM

Се трага по 16-годишен тинејџер од Скопје, пријавен за исчезнат

Денеска (03.05.2024) во 00.15 часот во СВР Скопје, од Јавната установа за згрижување деца на подрачјето на Карпош било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Р.М.(16), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Скопјанец со пушка тргнал да се заканува кон седум лица среде Чашка, па сите пријавиле во полиција

На 03.05.2024 во 01.20 часот во село Богомила, општина Чашка, полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишиле од слобода Ѓ.Ѓ.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од Н.Д.(37) од село Богомила дека пред објект во селото Ѓ.Ѓ. со ловечка пушка му се заканил нему и на С.С., М.Д., Б.Ј., Т.Д., П.Б. и Д.Ѓ..Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот протв него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

DSC_0289

Апасења во Кичево, Битола, Гостивар: кражби и дрога низ Македонија

На 02.05.2024 во 21.40 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево и Полициската станица Кичево ги лишиле од слобода Б.Д.(32) и А.Д.(25), двајцата од Кичево. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и грутчеста материја. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.На 02.05.2024 во 11.00 часот во Битола, полициски слушбеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле лицето Г.Н.(48) од Битола. При претрс во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, ампули апаурин и ампули диазепам. Лицето било задржано во полициска станица и целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 02.05.2024 во 18.45 часот на улица „Светозар Пепоски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода Г.И.(50) од гостиварско Неготино. Таа била фатена при извршување кражба во продажен објект, по што се обидела да побегне, но била спречена и лишена од слобода. По целосно расчистување и документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

IMG_8164

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 04.05.2024 (сабота), поради одржување на манифестација по повод годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје по потреба ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно по потреба за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“ на потегот од ул.„Иљо Војвода“ (виадукт Самоилова) до крстосница со ул.„Прохор Пчински“.Министерството за внатрешни работи, исто така, ги известува граѓаните на Скопје дека на 04.05.2024 (сабота), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.На 04.05.2024 во периодот од 18.00 часот до завршување на манифестацијата по повод верскиот празник Воскресение Христово Велигден, во центарот на градот по потреба за сообраќај ќе бидат затворени: 1. Бул.„Партизански одреди” од крстосницата со ул.„Франклин Рузвелт” до крстосницата со бул.„ВМРО”. 2. Бул.„Св.Климент Охридски” од крстосницата со бул.„Илинден” до крстосницата со ул.„Димитрие Чуповски”. 3. На возилата од јавниот градски превоз, кои поминуваат преку мостот „Гоце Делчев”, по потреба ќе им се менува трасата на движење, при што ќе се движат по бул.„Илинден” и преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”, додека автобусите кои што поминуваат преку Центар ќе се движат по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов”, по што преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”.Во спротивна насока автобусите ќе ги користат истите сообраќајници. Во општина Ѓорче Петров, по потреба, за сообраќај ќе се затвора ул.„Македонска војска“ пред црквата „Свети Петар и Павле“ на потегот од крстосница со бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“.Во општина Аеродром, по потреба, за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с.Лисиче. Исто така, по потреба за сообраќај ќе бидат затворани и други сообраќајници кои гравитираат околу верските објекти. Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-21-1720PM

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

На 02.05.2024 во 21.40 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево и Полициската станица Кичево ги лишиле од слобода Б.Д.(32) и А.Д.(25), двајцата од Кичево.При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и грутчеста материја. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

tepacka

Тепачки во Скопје: Чаир, Ѓорче, Илинден се местата на пресметки

На 29.04.2024 во 12.00 часот во СВР Скопје, 22 - годишник од село во општина Илинден, пријавил дека околу 10.30 часот во селото, по претходно нарушени семејни односи, бил физички нападнат од С.А.(31) од истото село. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (30.04.2024) во 01.20 часот во СВР Скопје, Е.Б.(43) од Скопје пријавил дека на 29.04.2024 околу 22.15 часот на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од неколку лица, од кои едно од нив употребило тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 29.04.2024 во 12.20 часот во СВР Скопје, А.Ј.(27) од с.Волково, скопско, пријавил дека на 28.04.2024 околу 23.20 часот во населбата Кисела Јабука, општина Ѓорче Петров, бил физички нападнат од Б.С.(26) од с.Волково и уште неколку лица, при што бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 29.04.2024 во 12.30 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена пријавила дека на 28.04.2024 околу 21.40 часот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиното момче А.Ј.(27) од с.Волково, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

245063986_2642195575927263_5389386309160557712_n

Ексградоначалникот на Ѓорче, Наумоски, доби кривична пријава: го сомничат за злоупотреба на службената положба

Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава против ексградоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски. Министерот Панче Тошковски објави дека Наумоски се сомничи за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување. Според Тошковски, ексградоначалникот ги пречекорил границите на своето службено овластување, па рекоструирал игралиште на средно училиште, иако тоа не било негова надлежност.„Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија за поранешен Градоначалник на една скопска Општина, за кој постои сомневање дека извршил кривично дело "Злоупотреба на службената положба и овластување" согласно член 353 од КЗ.Имено, истиот на ден 04.08.2021г. со пречекорување на границите на своето службено овластување како лице што врши работи од јавен интерес по спроведена постапка за јавна набавка на работи - реконструкција на спортски игралишта на територија на Општината и склучен договор за јавна набавка со правно лице од Скопје, во која постапка покрај за игралишта за кој бил надлежен, предвидел реконструкција и на спортското игралиште во средно училиште, иако знаел и бил свесен дека средните училишта согласно Законот за средното образование се во надлежност на Градот Скопје.На тој начин пријавениот го оштетил Буџетот на општината за износ од 662 885 денари кои средства му биле исплатени на избраниот економски оператор за реконструкцијата на тоа игралиште.Во координација со СВР Скопје, Единицата за економски и компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава“, објави техничкиот минситер Панче Тошковски.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-26-7830PM

Судир на два автомобили и камион на автопатот „Пријателство“: „БМВ“ удрило во „ланд ровер“, а возилото се „забило“ во камион

На 29.04.2024 во 17.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот „Пријателство“, во насока кон Куманово, атар на с.Романовце, кумановско, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Г.Г.(35) од Велес, удрило во патничко возило „ланд ровер“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од М.Џ.(33) од Скопје, кое пак по инерција удрило во товарно возило „ивеко“ и приколка со битолски регистарски ознаки, паркирано од Т.П.(47) од Прилеп.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Џ., констатирани во Општата болница Куманово.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-52-0060PM

Грк удрил во две паркирани возила во Гевгелија: едно лице сега е во болница

На 29.04.2024 во 21.55 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во село Сретеново, општина Стар Дојран, патничко возило „опел“ со грчки национални ознаки, управувано од грчкиот државјанин Р.Н.(70), удрило во паркирано патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки и во патничко возило „опел“ со грчки национални ознаки, управувано од грчкиот државјанин А.Л.(61).Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.Н., констатирани во Медицински центар Гевгелија.Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

Македонија | пред 1 година

271709418_629895324895721_7621861029878834127_n

Второ апсење на скопскиот аеродром: скопјанец тргнал на пат, ама бил уапсен оти бил баран со потерница

На 29.04.2024 во 16.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода И.М.(39) од Скопје, затоа што при пасошка контролa било констатирано дека бил баран поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-38-7940PM

Инцидент на скопскиот аеродром: Србин кршел, полиција го уапсила

На 29.04.2024 во 05.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Д.С.(43) од Република Србија, затоа што во терминалната зграда го оштетил стаклото на заштитната врата.Тој бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Петровец за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 година

tabanovce-i-bogorodica

Грк поткупувал полицајци на „Табановце“: остана без пари, а заврши во станица

На 29.04.2024 во 12.40 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.К.(49) од Република Грција, поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“.При пасошка и гранична контрола на возилото „форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал, тој во својата патна исправа ставил пари како поткуп.Парите биле одземени со потврда за одземени предмети, а лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-33-1180PM

Несреќа на патот Охрид-Ресен: малолетник и 31-годишник се повредени

На 28.04.2024 во 13.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Ресен, на крстосница со локалниот пат за с.Завој, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(31) од с.Бегниште, кавадаречко и патничко возило „опел корса“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(44) од Ресен.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото „опел корса“, а Н.С. се здобила со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

За осум часа уапсени пет лица во Скопје

На 28.04.2024 во 22.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.А.(19) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 28.04.2024 во 14.10 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(20) од с.Сингелиќ, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 28.04.2024 во 14.40 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Т.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 28.04.2024 во 22.15 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Н.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 28.04.2024 во 23.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Н.Б.(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

ku

(Фото) Малолетник го возел мотоциклот на Партизанска: две лица се во болница

На 28.04.2024 околу 15,50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Скопје и патничко возило „тојота јарис“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.З.(22) од Скопје.„Во незгодата со телесни повреди се здобиле мотоциклистот и И.З.(29), сопатничка во патничкото возило, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

DSC_0288

Уапсени двајца Срби: краделе велосипеди, изнајмилен стан и ги криеле - сѐ си признале и завршија во притвор

На 27.04.2024г. од страна на полициски службеници од ОКР Аеродром и Драчево при СВР Скопје, под сомнение за сторено кривично дело лишени од слобода се лицето А.К.(43) од Р. Србија и лицето Љ.Г.(20) од Р. Србија и по извршен службен разговор истите признале дека имаат украдено повеќе велосипеди кои ги чувале во изнајмен стан во Скопје, при што извршена е проверка и со потврда за привремено одземени предмети 9 велосипеди се одземени од лицата.Исто така, во разговорот со лицата истите навеле дека кривичните дела се извршувани во координација со уште неколку лица за кои се преземаат полициски мерки.Од страна на полициските службеници утврдено е дека сите велосипеди се од пријавени тешки кражби и истите веднаш ќе им се вратат на сопствениците.Лицата по насока на јавен обвинител се задржани во ПС ОН Кисела Вода и по целосно документирање е поднесена кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка за истите лица определена е мерка притвор.

Скопје | пред 1 година

ku

(Фото) Тешка сообраќајка во Карпош 4: автомобилот преполовен, има повредени

Мотор и автомобил се судрија во Карпош 4, во близина на „Сити мол“ односно на булеварот „Партизански одреди“. Според првичните информации има повредени лица, но детали не се познати.На помош притрчале случајни минувачи за возачите и патниците. Автомобилот од силината на ударот, се свртел во спротивна насока.Несреќата е случена на потегот од Партизански одреди каде има обележан пешачки премин, а истовремено, се вози над дозволената брзина и неретко има трки. На ова место пред неколку денови имаше и протест со барање да се стават семафори, бидејќи често има жртви.Засега не е позната причината за несреќата. Полицијата го обезбедува местото и се очекува да започне увид.Повеќе детали се очекуваат од МВР.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-3350PM

Малолетник во болница: бозел четирицикл во скопско Глумово

На 27.04.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Глумово, скопско кон с.Сарај, скопско, четирицикл со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Глумово, паднал на коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Скопје, а возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

soobrakajka

Четири лица се повредени, од кои двајца малолетници: тешка несреќа во Македонска Каменица

На 27.04.2024 во 21.32 часот во Полициско одделение Македонска Каменица било пријавено дека на раскрсницата од ул.„Церска“ со ул.„Тапеѓовска“ во Македонска Каменица, патничко возило „опел астра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(19) од Крива Паланка, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетен сопатник од Македонска Каменица и Д.Ц.(18) од Крива Паланка, а со телесни повреди се здобиле уште еден малолетен сопатник и М.Д.(19), двајцата од Крива Паланка, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-10-at-17.57.21

Несреќа во Автокоманда: возач однесен во болница

На 27.04.2024 во 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“, управувано од Б.А.(29) од Скопје и мопед „хамачи“, управуван од И.Б.(45) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

DSC_0289

Палестинци уапсени на Попова Шапка

На 27.04.2024 околу 17.00 часот полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Попова Шапка на регионалниот пат Попова Шапка-Тетово поточно на „Шипковачка кривина“ затекнале четири лица без документи за идентификација. Според нивно кажување станува збор за Х.О.(21), А.М.(21), М.Н.(27) и Ј.С.(24), сите од Палестина.Со нив бил извршен службен разговор и било констатирано дека во државата влегле на илегален начин, со цел потоа да преминат во Косово.Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Тетово, по што ќе бидат пренесени во Прифатниот центар Табановце.

Македонија | пред 1 година

263890102_364919331843310_2719035635897412082_n

Нова измама во Скопје: дал 300 евра и добил лажни дијаманти како гаранција дека парите ќе ги добие назад

На 26.04.2024 во 13.40 часот во СВР Скопје, С.А.(63) од Р.Србија, пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар.Според пријавеното, едното се претставило дека е од Обединети Арапски Емирати кое разбира малку српски јазик и побарало од С.А. да им преведе од албански на српски јазик околу наводна сообраќајна незгода претходно случена помеѓу нив.Како што е пријавено, истото лице му побарало на С.А. на заем 300 евра за да се раздолжи со другото лице за наводната сообраќајна незгода, кои ќе му ги врати откако ќе извади пари од банкомат, а како гаранција му оставило три копчиња во форма на дијаманти.Според пријавата, откако С.А. ги дал парите, двете лица избегале, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-05-6070PM

Полицајци имале „драма“ со тетовец кој возел „бмв“

На 26.04.2024 во 11.20 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово бил приведен Р.Б.(58) од Тетово.Тој кај нас.„Дреновец“, управувајќи патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, не застанал на знак за запирање даден од страна на полициски службеници, а откако по преземени мерки и активности бил сопрен, тој се однесувал агресивно кон нив. Покрај ова, при преглед во возилото му бил пронајден и одземен метален пендрек.По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 година

DSC_0718

Семејно насилство во Гази Баба: син натепал татко, па го апселе

На 26.04.2024 во 21.30 часот на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Б.(52) од Скопје, поради тоа што околу 12.30 часот физички го нападнал неговиот 76-годишен татко, а при нападот употребил и тврд предмет.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

IMG_6308

(Видео) 24-годишен скопјанец удрил во жардињера и се превртел - детали за несреќата на Партизанска

На 26.04.2024 во 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.Н.(24) од Скопје удрило во бетонската жардињера. Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.https://youtube.com/shorts/ueRTXLzs4RA?si=1ji5O7ouhGmY5D0E

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања