Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

Screenshot-2024-04-26-at-18.32.17

(Видео) Две лица во болница по сообраќајката во Чаир - детали од МВР

На 26.04.2024 во 17.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“, пред крстосницата со ул.„Џон Кенеди“ и бул.„Христијан Тодоровски Карпош“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода октавија“ сопственост на МВР, управувано од полициски службеник, патничко возило „порше кајен“, управувано од Е.С.(29) од Скопје и патничко возило „фолксваген туран“, паркирано од А.С.(34) од с.Кондово, скопско, и двете со скопски регистарски ознаки. Во незгодата со телесни повреди се здобиле Е.С. и А.С., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, известени се ОВККИПС.https://youtube.com/shorts/l9eWtm82Uhg?feature=share

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Тројца уапсени на две граници - полицијата со детали

На 26.04.2024 во 14.40 часот на Граничниот премин Белановце, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.Л.(35) од Р.Србија, затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека во оперативната евиденција е на СТОП листа по барање на Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.На 26.04.2024 во 14.00 часот во близина на место викано „Табла ливада“, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Франгово ги привеле Л.Е.(22) и А.С.(27), од Р.Албанија, затоа што при извршена контрола било констатирано дека илегално ја преминале албанско-македонската граница. Тие биле предадени на полициски службеници за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 година

mvr-soobrakajka

Млад радовишанец направил тешка сообраќајка

На 26.04.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на улица „Калаузлиска“ во Радовиш, мотоцикл управуван од М.Д.(27) од Радовиш излетал од патот и удрил во паркирано патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Штип, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.

Македонија | пред 1 година

gr

(Видео) Несреќа на Партизанска кај Универзална: Возило е превртено на булеварот, има повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на „Партизански одреди“. Возило е превртено на булерварот, а според првичните и неофицијални податоци - има повредени лица. Засега не е познато како дошло до несреќата. Околу местото, се собрани десетици млади лица кои биле сведоци на сообраќајката.Полицијата го обезбедува местото, се очекуваат подетални информации од МВР во текот на утрешнот ден.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-04-26-at-18.32.17

(Видео) Тешка несреќа во Чаир: три возила меѓу кои и полициско се судрија, има повредени

Три возила, меѓу кои е и полициско возило се судрија на раскрсницата меѓу улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“. Според првичните информации, има повредени лица, а карактерот на повредите дополнително ќе се утврдува. На сите возила, поради силината на ударот, се активирани и воздушните перничиња за заштита.Има голема материјална штета и делови од возилата се распрскани на улицата.

Скопје | пред 1 година

272199593_344069030885554_5891605361064624156_n

Младо момче најдено мртво во неговиот дом - телото е на обдукција

На 25.04.2024 во 17.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, во неговиот дом бил пронајден починат В.М.(23) од Скопје, а од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи знаци на насилство. Извршен бил увид од СВР Скопје, а по насоки на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Скопје | пред 1 година

orce-nikolov-maloletnicki-tepacka

Шест тепачки во Скопје за еден ден: не се бирале места каде ќе „летаат“ боксови

На 25.04.2024 во 22.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.З.(24) од с.Глумово, скопско и С.Ј.(56) од Скопје, а бил употребен и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 25.04.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје М.А.(21) од с.Марино-скопско пријавил дека во селото, по претходна расправија, тој и неговиот татко М.А. биле физички нападнати од Г.Д. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 25.04.2024 во 07.04 часот во СВР Скопје, Г.М.(54) пријавила дека околу 06.50 часот на подрачјето на Кисела Вода, била физички нападната од Д.К.(74), од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.На 25.04.2024 во 12.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 12.30 часот во продажен објект во Скопје, Г.В. (49) од Скопје, вработена во објектот, била физички нападната од Г.А.(52) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 24.04.2024 во 23.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Јурумлери, скопско, пред угостителски објект, по претходни недоразбирања, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.К.(35) од Скопје и Г.И.(51) од с.Булачани, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 25.04.2024 во 18.30 часот во Полициското одделение Петровец Ф.М.(24) од општина Петровец пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна сестра С.М.(16), за која се сомневал дека се наоѓала во Драчево кај нејзиното момче Ќ.Н. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 1 година

soobrakajka-5001

Има загинат: ужасна несреќа, младо лице го загуби животот на аптот Македонски Брод-Прилеп

На 25.04.2024 во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај с.Новоселани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.М.(20) од с.Браилово-прилепско и товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(43) од Скопје.Во несреќата на местото на настанот починал М.М., а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.Со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-33-1180PM

Ноќеска тешка несреќа на патот Валандово-Струмица: гевгеличанец и струмичанец се судриле, две лица повредени

На 26.04.2024 околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.Т.(31) од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Д.(30) од Струмица.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија.Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.

Македонија | пред 1 година

canmathshelp

Маж со автоматска пушка им се заканувал на вработени во казино

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка.На 24 април, осомничениот, маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари.На овој начин осомничениот сторил кривично дело – Разбојништво по член 237 став 4 во врска со став 1, како и кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците и да го повтори делото. Судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-20-9330PM

Директорка на градинка во Велес фалсификувала сертификат, велат од МВР

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 25.04.2024 до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против М.В.(44), од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 ст.1 од Кривичниот законик.Пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца - детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Р.Бугарија.Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Нова несреќа: Возач од Берово излета од пат, со Брза помош однесен во болница

Денеска (25.04.2024) во 00.30 часот во ОВР Берово било пријавено дека на регионалниот пат Берово–Струмица, на место викано „Шушлевец“ , атар на Берово, патничко возило „фолксваген џета“ со беровски регистарски ознаки, управувано од И.М.(26) од с.Ратево, беровско, излетало надвор од коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип.Извршен бил увид извршила увидна екипа од ОВР Берово.

Македонија | пред 1 година

izbori-glasanje-51993-92549

Уште два изборни инциденти од вчерашното гласање

На 24.04.2024 во 22.15 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР-Гостивар го лишиле од слобода Ш.Е.(60) од Гостивар, по претходна пријава дека го фотографирал гласачкото ливче во текот на вчерашното гласање за претседателските избори.На 24.04.2024 во 18.45 часот полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ.Ј.(37) од Тетово, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник кој вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.По документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Швајцарски “голф” излета од пат: возачот е од радовишко и е сместен во болница

На 24.04.2024 во 18.14 часот во СВР Штип било пријавено дена на регионалниот пат Радовиш-Штип патничко возило „фолксваген голф“ со швајцарски национални ознаки, управувано од З.Д.(49) од с.Калуѓерица, радовишко, излетало надвор од коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Бил прегазен: Малолетник со тешки повреди е задржан во тетовската болница

На 24.04.2024 околу 12 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица ,,113“ во Тетово патничко моторно возило ,,ауди“ со тетовски регистерски таблици, управувано од М.А. (64) од тетовска Шипковица, удрило во малолетен пешак од Тетово.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово.Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Арачиновец во болница: паднал со мопед, има тешки повреди

На 24.04.2024 вo 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Методија Андонов- Ченто“ со сервисна улица која ги поврзува клучка Ченто и бул.„Александар Македонски“ М.Н. (22) од с. Арачиново,скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Н., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Приведени две лица, украле пари од казино

На 24.04.2024 во 10.50 и во 12.25 часот полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Д.(28) и А.Д.(21), двајцата од тетовско Непроштено, поради сомнение дека околу 04.00 часот во казино на регионален пат Тетово-Јажинце под закана со огнено оружје, од вработените одзеле пари. Тие се задржани во Полициска станица Тетово и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведен криминалец, вратен во затворот во Идризово

На 24.04.2024 во 17 часот во Тетово полициски службеници од СВР-Тетово, врз основа на судска наредба, го привеле А.М.(42) од Тетово, кој бил баран со потерница за издржување на казна затвор во траење од 1 година и 6 месеци поради сторено кривично дело казниво по член 288 и член 396 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во КПУ Затвор Идризово за издржување на затворската казна.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Изјава на помошникот министер за односи со јавност Тони Ангеловски

Во текот на денешното гласање, покрај настаните кои беа соопштени на прес конференцијата на помошникот министер за односи со јавност Тони Ангеловски, од страна на МВР регистрирани се и следните настани:Во 11.10 часот е пријавено дека во село Коџалија, општина Радовиш на избирачко место број 1602 С.А. од с.Коџалија го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.Околу 12.15 часот е пријавено дека на избирачко место број 2683/1 во Скопје А.С. (40) од Скопје го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.Околу 12.15 часот е пријавено дека А.И.(48) од Охрид на избирачко место број 1271 во Охрид го фотографирал гласачкото ливче. А.И. е приведен во полициска станица и по документирање на на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.Во 12.35 часот е пријавено дека на избирачко место бр.0006 во Берово, Д.Т.(42) го фотографирал гласачкото ливче. Д.Т. е приведен во полициска станица и по документирање на на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.Во 13.57 часот е пријавено дека на избирачко место 2555 во Скопје С.С. го фотографирала гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 година

internet-terorizam

Тетовчанец измамен од странска компанија за транспорт

На 23.04.2024 година во 11.30 часот во СВР Тетово, Б.Ф.(29) од тетовско, сопственик на правно лице, пријавил дека од 23.03.2024 до денот на пријавувањето бил измамен од странска фирма за продажба и компанија за транспорт. Според пријавеното, тој преку интернет порачал стока за потребите на неговата фирма, за која преку банкарски трансакции во неколку наврати платил околу 21 илјада евра, но на 17.04.2024 од компанијата за транспорт го известиле дека нарачката била блокирана во Германија. Како што е пријавено, Б.Ф. стапил во контакт со надлежната служба во Германија, од каде му било кажано дека кај нив нема регистрирано таква стока, по што сфатил дека е измамен. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

24-годишна скопјанка физички нападната од нејзиниот сопруг

На 23.04.2024 во 16.20 часот во СВР Скопје 24-годишна жена пријавила дека околу 15.40 часот во скопско била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг И.М.(26) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Возило удрило во бетонска преграда на патот Охрид-Кичево, едно лице со тешки повреди

На 23.04.2024 во 21.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.А.(60) од Куманово, удрило во бетонска преграда од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка М.Ш.(36) од Куманово, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

Македонија | пред 1 година

438793132_122143202360197509_7808624354279096904_n

Оперативната акција за претседателските избори е на маса: АНБ собира информации за изборни саботирања

Во врска со претстојните избори денеска во просториите на Министерството за внатрешни работи, одржав состанок на кој присуствуваа дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски, републичкиот јавни обвинител Љупчо Коцевски и претставници од обвинителствата низ државата.„На состанокот најпрво се заблагодарив за издвоеното време и досегашната успешна соработка на сите чинители кои се одговорни за безбедно спроведување на изборниот процес и потенцирав дека досега не се констатирани посериозни активности кои се насочени кон нарушување на истиот.Исто така, побарав од присутните секој во својот делокруг да сподели информации кои се од интерес за спроведувањето на изборите и начинот на кој ќе постапуваат институциите за време на изборниот ден.Од страна на директорот на БЈБ беа презентирани информации во врска со Оперативната акција Претседателски и парламентарни избори 2024 година и во таа насока посочи дека од страна на Оперативниот штаб и сите надлежни организациски единици се преземени сите потребни мерки и активности врз основа на претходно изготвен план и притоа не се констатирани никакви позначајни проблеми.Од страна на АНБ се преземаат организирани и координирани мерки за прибирање на сознанија за евентуални изборни нерегуларности, а во насока на безбедно спроведување на изборите.Републичкиот јавен обвинител и претставниците од обвинителствата низ државата информираа дека е формирана Комисија за изборни нерегуларности во рамки на обвинителството, определени се зајакнати дежурства за изборниот ден за покривање на целото подрачје на државата и со будно внимание ќе се следи процесот и навремено ќе се известува за сите настани и активности кои се од интерес на јавноста, а поврзани со спроведувањето на изборите“, велат од МВР.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Претреси во Струмица: Пронајдена дрога кај четири лица

На 22.04.2024 во 19.30 часот во Ново Село полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Д.К.(42) и К.Ѓ.(29), двајцата од село Колешино, струмичко. При преглед на патничко возило „бмв“, во кое биле затекнати двете лица, била пронајдена марихуана, а марихуана била пронајдена и при преглед на Д.К.. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.На 22.04.2024 во 17.30 часот во Ново Село полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода В.С.(33) од село Ново Село, струмичко. При преглед на лицето била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот, против В.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 22.04.2024 во 12.00 часот во село Бориево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица, постапувајќи по наредба на Основен суд Струмица, извршиле претрес во домот на К.И.(23) од село Бориево, при што била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-3350PM

Прегазени двајца пешаци во Скопје: Однесени се во болница каде се констатирани тешки повреди

На 22.04.2024 во 20.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје мотоцикл „дукати“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.П.(27) од Скопје, удрил во пешакот Н.Ѓ.(30) од с.Рашче, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.На 22.04.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(40) од с.Лозово, велешко, удрило во пешакот И.С.(47) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања