Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

IMG_0969

Лични документи можат да се подигнат и во среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори што ќе се одржат во среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.Исто така, граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-20-9330PM

Со трактор излетал од патот: Возачот однсен во болница, констатирани тешки повреди

На 21.04.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека во с.Трстија-виничко, трактор „фергусон“ со штипски регистарски ознаки, управуван од С.Ј.(63) од с.Нов Караорман – о.Карбинци излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Претреси низ Скопје: Пронајдена дрога кај три лица

На 21.04.2024 во 22.25 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ш.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 21.04.2024 во 22.45 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Р.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 21.04.2024 во 16.10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ќ.(31) од с.Сарај, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Прегазен пешак во Скопје, малолетникот со тешки повреди

На 21.04.2024 во 15.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Митевски“ во Скопје патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(41) од Скопје удрило во пешак-малолетник од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

160 санкционирани возачи викендот на подрачје на СВР Битола

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (19/20/21.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на СВР Битола изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, 15 мерки за возење под дејство на алкохол, 8 мерки за зборување на мобилен телефон, 22 мерки за возење без возачка дозвола.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

113 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (21.04.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 113 возачи.Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 47 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 66 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

70 санкционирани возачи на територијата на Кочани

Во текот на вчерашниот ден (21.04.2024) во периодот од 12.00 до 16.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на Кочани, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.При контролата санкционирани се 70 возачи, од кои 23 за возење без возачка дозвола, седум санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, осум мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла)... На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 1 година

272979129_360942928889350_144321398272608477_n

Детали за кобната несреќа на патот Штип-Кочани: сопатничката и возачот починале на лице место

На 20.04.2024 во 14.23 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Штип - Кочани, во близина на индустрискиот дел Штип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „шкода рапид" со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(66) од Скопје и патничко моторно возило „пежо 206" со кочански регистарски ознаки, управувано од А.Н.(40) од Кочани.Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот на возилото „пежо“ и Л.Д.(64) од Скопје, сопатничка во возилото шкода, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Штип.Возачот Б.Д. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип. Увидот на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Штип.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-11-10-at-12.58.42

Несреќа во Чаир: малолетник со мотоцикл се судри во автомобил - однесен во болница во тешка состојба

На 20.04.2024 вo 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Ќемал Сејфула“ со ул.„Павле Илиќ“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(46) од Скопје и мотоцикл „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Скопје.Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

IMG_4243

Шест уапсени во Скопје: сите поради иста причина во различни денови на градот

Денеска (21.04.2024) во 01.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Е.(32) од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 20.04.2024 во 22.10 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.Б.(21), М.Б.(24) и З.С.(33), сите од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 20.04.2024 во 23.40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.К.(43) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

soobrakjajka-tajmishte-960x720-1

Две лица загинаа во тешка несреќа на патот Штип-Кочани: има и повредени, однесени во болница

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа, што се случи денеска во 14.25 часот на експресниот пат Штип-Кочани во близина на индустрискиот дел на Штип. Жртвите се на возраст од 40 и 64 години, од Кочани од Скопје.„На 20.04.2024 на експресниот пат Штип-Кочани во близина на индустрискиот дел Штип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „пежо” со кочански регистарски ознаки управувано од А.Н.(40) од Кочани и патничко моторно возило „шкода” со скопски регистарски ознаки управувано од Б.Д.(66) од Скопје. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот на пежото и сопатничката Л.Д.(64) во шкодата. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Штип“, велат од МВР.Во соопштението се посочува дека возачот на шкодата се здобил со повреди констатирани во Клиничката болница Штип.Патот сега е прооден.

Македонија | пред 1 година

partizanska-brza-pomos-912

Двајца пешаци прегазени во Скопје, на различни локации: Со Брза помош и тешки повреди однесени во болница

Две сообраќајни несреќи се случиле вчеравечер во СкопјеНа 19.04.2024 околу 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на надвозникот кој води кон Раштански пат – Скопје од автопатот, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(31) од Скопје, удрило во пешакот И.З.(59) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.На 19.04.2024 околу 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје, патничко возило „опел инсигниа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(62) од Скопје, удрило во пешакот К.П.(67) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.П., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

IMG_4867

Девет уапсени во Скопје: пет се малолетници, девојче се шетало со нож во Центар

На 19.04.2024 во 18.15 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Д.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 19.04.2024 во 21.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Л.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 19.04.2024 во 22.00 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Р.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 19.04.2024 во 22.05 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода две малолетнички од Скопје затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 19.04.2024 во 23.20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода А.М.(20) од Гевгелија затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 19.04.2024 во 23.55 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 19.04.2024 на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-6500PM

Ноќеска два претреси: уапсени три лица

На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена. Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-05-6070PM

Скопјанец натепал сопруга и соседка, малолетник тепан во трговски, на Бит пазар се боделе со ножеви

Денеска (19.04.2024) во 01.30 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ги привеле Б.М.(47) и С.М.(35), двајцата од Скопје. Б.М. се сомничи дека физички ја нападнал сосетката М.П.Б.(35) од Скопје, а потоа неговата сопруга С.М. агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 18.04.2024 во 22.00 часот во СВР Скопје, Д.В.(48) од Скопје пријавил дека околу 21.30 часот во Градски трговски центар во Скопје неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, од кои едниот од нив имал остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 18.04.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје, Д.С.(24) од Скопје пријавил дека на 17.04.2024 околу 12.45 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија, бил физички нападнат од С.Р.(42), кој употребил и остар предмет и му нанел повреда. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 18.04.2024 во 21.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.30 часот на подрачјето на Бит Пазар Џ.Р.(27) бил физички нападнат од И.Р.(45), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 18.04.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје, Д.С.(38) од Скопје пријавил дека околу 09.00 часот во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзин соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

krazba-crnice

Два претреси за украдениот сеф од маркет во Скопје: украдени предмети си чувале дома

На 18.04.2024 во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода ги лишиле од слобода В.З.(23) и В.Т.(36), двајцата од Скопје.Тие се сомничат дека на 01.04.2024 во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф.Со судска наредба, биле извршени претреси во домовите на двете лица, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело.СВР Скопје – ЕВР Кисела Вода до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицата за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а судија на претходна постапка на едното лице му определи мерка притвор.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Со мопед излетал од патот: Возачот однесен во болница, констатирани тешки повреди

На 18.04.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Стамен Манов “ во Кочани, В.Џ.(51) од Кочани, управувајќи мопед со кочански регистарски ознаки, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-53-2450PM

Пријава против директор на ЈП "Стрежево" Битола

Одделот за криминалистичка полиција по добиена наредба од ОЈО Битола, презеде предистражни дејствија и по обезбедена документација и извршен увид во истата, до ОЈО Битола, во координација со СВР Битола, поднесе кривична пријава против М.Г. од Битола, директор на ЈП "Стрежево" Битола, за кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување” по чл.353 од КЗ и “злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство” од чл.275-в од КЗ во врска со чл. 22 и против Љ.М.П. од Битола, управител на правно лице од Битола. Имено, М.Г. знаејќи дека правното лице во текот на 2018 имало набавено тапкач за снег - ратрак, спровел постапка за јавна набавка на ратрак за потребите на ЈП "Стрежево" Битола со точно одредени технички карактеристики на потребниот ратрак како тој што го поседувало правното лице од Битола и истиот да не е постар од 1995 година, на кој оглас како најповолен економски оператор понудувач било избрано предметното правно лице од Битола, додека Љ.М.П. на конкретниот оглас доставила понуда со невистинити податоци дека ратракот кој го нуди е произведен во 1995 година, иако знаела и била свесна дека ратракот кој го поседувала е произведен 1993 година, по што бил склучен договор со наведеното правно лице на износ од 1.875.967 денари без ДДВ иако ратракот бил купен од странство за 414.492 денари, односно истиот бил набавен од ЈП "Стрежево" Битола за 4,5 пати повисока цена од набавната и за износот од 1.875.967 денари М.Г. го оштетил јавното претпријатие, а Љ.М.П. се стекнала со противправна имотна корист.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

55 санкционирани возачи на мотоцикли

Во текот на вчерашниот ден (18.04.2024) во периодот од 11.00 до 16.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 55 возачи. Од нив, 32 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 17 возеле без возачка дозвола... За време на контролата санкционирани се и 157 други видови на сообраќајни прекршоци.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

133 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (18.04.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 133 возачи. Од нив две возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 64 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 69 надвор од населено место.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

153 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет мерки за користење мобилен телефон при возење.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта

Скопје | пред 1 година

DSC_0288

Царува превозот без лиценци во Тетово: полицијата запре три лица кои заработувале „на црно“

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.С.(63) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 06.12.2023 на регионален пат Тетово – Брвеница, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило кое го управувал пријавениот, при што констатирале дека врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган.СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Р.(43) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 19.12.2023 на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници извршиле контрола при што го затекнале пријавениот како врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган.СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.И.(60) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 07.02.2024 на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници извршиле контрола при што го затекнале пријавениот како врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Ограбена менувачница во Чаир, тепачки во Ѓорче и Кисела Вода, напад во нотарска канцеларија - куп крими случувања во Скопје

На 17.04.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, С.С.(39) физички ги нападнал Е.Р.(59) и С.Р (33), сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 17.04.2024 во 22.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.С.(47) и Ж.С.(27), од една страна и А.М.(23) и Ф.А.(24) од друга страна, сите од Скопје, при што бил употребен и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 16.04.2024 во 22.00 часот во СВР Скопје, И.И.(43) од с.Кадино, општина Илинден, пријавил дека на 11.04.2024 околу 17.00 часот во с.Кадино, по претходна расправија, бил физички нападнат од Д.Ѓ.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 17.04.2024 во 14.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Хаџи Јован Шишков“ во населба Шуто Оризари во Скопје настанал пожар во куќа сопственост на С.Ќ.(53) од Скопје. Од  пожарот делумно била зафатена и куќата на Џ. Ќ.. Притоа, на Ш.Ќ. ѝ се слошило и била префрлена во здравствена установа за укажување на помош. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.На 17.04.2024 во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки. По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Доживотен затвор за лице од Кочани кое убило жена

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за кривично дело – Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин, при што за сторителот е изречена казна – доживотен затвор.Обвинетиот, на 25.09.2023 година на свиреп начин лиши од живот жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож.Во обвинението, Основното јавно обвинителство Кочани го товареше обвинетиот и за кривично дело – Уцена кон истата оштетена, сторено пред убиството. Меѓутоа тоа дело обвинетиот не го призна, постапката е раздвоена и за тој дел од обвинението ќе продолжи судска постапка.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-21-1720PM

Возило излетало од патот, возачот однесен во болница со тешки повреди

На 17.04.2024 во 19.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Скопје, кај с.Ново Село, кумановско, патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.З.(20) од Куманово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања