Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

Нема фотографија

Приведени крадци од Битола

На 17.04.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода К.Б.(30) и Н.Б.(41), двајцата од Битола. При претрес во домот на К.Б., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари во различни апоени и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Додека, при претрес во домот на Н.Б., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

140 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (17.04.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 140 возачи. Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 86 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 54 надвор од населено место.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

129 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (17.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 129 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, четири мерки за користење на мобилен телефон при возење...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

zatvor

Драма во прилепскиот затвор: две лица се гонат за убиство во обид

ВР Битола поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.На 07.04.2024 во Казнено - поправната установа Затвор Прилеп, каде издржувале затворски казни, пријавените физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-59-0540PM

Крими Скопје: Вработен во ЕВН натепан во Сарај, малолетничка во Гази Баба, скопјанец ограбен на Бит Пазар

На 16.04.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје, Д.Ц.(32) од Скопје пријавил дека на 15.04.2024 околу 15.00 часот во основно училиште на подрачјето на Гази Баба, неговата малолетна ќерка била нападната од нејзина соученичка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 16.04.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје, Д.Б.(38) од с.Кадино, општина Илинден, пријавил дека во с.Глумово, општина Сарај, при извршување работни задачи како вработен во ЕВН, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 17.04.2024 во 01.40 часот во Полициската станица Бит Пазар, Л.Р. од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар неколку лица физички го нападнале и му одзеле пари и накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 17.04.2024 во 02.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар ги затекнале Ј.М.(24) од Скопје, П.Н.(23) од Прилеп, Д.Б.(23) од Скопје, М.Ј.(25) од Битола и А.М.(24) од Скопје додека пишувале графит. Од нив биле одземени неколку канти со поликолор и боја и други предмети. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

kurto-dudush

Курто Дудуш доби кривична оти ставал директори спротивно на законите

ВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против К.Д.(49), градоначалник на скопска општина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата" по член 353 од Кривичниот законик.„Во текот на 2020 и 2024 година пријавениот несовесно постапил во извршување на своите овластувања при спроведување на управна постапка и ги повредил законските прописи на начин што постапил спротивно на Законот за заштита на деца – член 126“, велат од МВР и додаваат:Во 2020 и во 2024 година тој именувал директори на детска градинка лица кои не биле вработени во градинката и покрај тоа што во законот се вели дека именувањето на вршител на должноста директор на детска градинка треба да се врши од редот на вработените во детската градинка.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Градоначалник на скопска општина именувал директори на градинки спротивно од законот, велат од МВР

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против К.Д.(49), градоначалник на скопска општина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата" по член 353 од Кривичниот законик. Во текот на 2020 и 2024 година пријавениот несовесно постапил во извршување на своите овластувања при спроведување на управна постапка и ги повредил законските прописи на начин што постапил спротивно на Законот за заштита на деца – член 126. Во 2020 и во 2024 година тој именувал директори на детска градинка лица кои е не биле вработени во градинката и покрај тоа што во законот се вели дека именувањето на вршител на должноста директор на детска градинка треба да се врши од редот на вработените во детската градинка.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-47-8200PM

Нова несреќа на патот Кичево-Охрид: пешак е прегазен, однесен во болница во тешка состојба

На 16.04.2024 во 21.30 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Охрид, кај с.Другово, кичевско, патничко возило „бмв х6“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Р.Л.(53) од с.Ливада, струшко, удрило во пешакот С.Д.(53) од с.Другово.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Медицинскиот центар Кичево.Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево.

Охрид | пред 1 година

DSC_0052

Најмладиот е малолетник, најстариот има 25 години: Апсења и претреси во Центар, Ѓорче, Аеродром, Гази Баба

Денеска (17.04.2024) во 01.40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.М.(36) и 20 – годишната А.С.(20), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и други предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (17.04.2024) во 00.40 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од с.Ново Село, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 16.04.2024 во 20.30 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Н.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 16.04.2024 во 15.20 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.Г.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 година

Grabez

Кумановец избегал од затвор, отишол во Крива Паланка и ограбил маркет

На 16.04.2024 во 03.30 часот во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Е.З.(26) од Куманово.Тој се сомничи дека, откако избегал од казнено - поправна установа, од продажен објект во Крива Паланка одзел предмети и пари. Е.З. бил приведен во полициска станица.По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

272221174_1123584345105622_1125979458684620033_n

Уапсено младо момче од гостиварско: крадело добиток!

На 16.04.2024 во 09.15 часот во гостиварски Добридол, полициски службеници од СВР Тетово - ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ј.М.(19) од истото село.„Тој се сомничи дека во период од 12.04. до 16.04.2024 од штала сопственост на А.И.(36) од селото одзел неколку грла добиток.Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, вели МВР.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведено лице од Крушево, кај него било пронајдено оружје и дрога

На 15.04.2024, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода В.Ц.(73) од Крушево. При претрес во неговиот дом во с.Кошино, општина Долнени, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени при што одземени пиштол, рамка со куршуми, марихуана, грутчеста материја, пари во различни апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.Лицето било приведено во Полициската станица Прилеп и по целосно документирање на случајот, против него ќе следуваат соодветни пријави.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пронајдена дрога, приведено едно лице од Прилеп

На 16.04 2024 во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Б.С.(22) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, грутчеста материја, дигитална вага, предмет со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

141 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (16.04.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 141 возач. Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 70 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 71 надвор од населено место.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

181 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (16.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 181 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Приведен дилер од Охрид: Пронајдена бела прашкаста материја, дигитална вага и метален грендер

На 15.04.2024 во 19.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Н.М.(40) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, додека при претрес во неговиот автомобил „шкода“ биле пронајдени и одземени дигитална вага и метален грендер. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени предмети со остатоци од марихуана, од кафеава материја и од бела прашкаста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пронајдена рачна бомба во Кратово

На 15.04.2024 година во 09.15 часот во ОВР Кратово, Д.Ј.(56) од Кратово пријавил дека во населбата Долна крива јаболка во Кратово пронашол неексплодирана рачна бомба. Пиротехничар од Дирекцијата заштита и спасување Куманово ја подигнал бомбата за понатамошна постапка. Увид бил извршен.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Возило излетало од патот: Возачот со тешки телесни повреди

На 15.04.2024 во 21.15 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на локалниот пат за с.Подгорци, патничко возило „даеву матиз“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.М.(20) од с.Подгорци, струшко, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил и друго возило

На 16.04.2024 во 02.05 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово. Тој се сомничи дека околу 01.00 часот од ул. „Благоја Тоска“ во Тетово одзел патничко возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на М.С.(46) од Тетово, по што бегајќи со возилото оштетил друго патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Ш.С.(45) од Тетово. Возилото било пронајденo и вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

220 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (15.04.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 220 возачи. Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 96 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 124 надвор од населено место.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

188 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (15.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 188 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, четири мерки за управување под дејство на алкохол.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-3350PM

Кај три лица пронајдени металдетектори и скенер за вршење археолошки истражувања и алат за вршење ископ

На 14.04.2024, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Б.А.(49) од с.Никуштак, општина Липково, Р.М.(49) од с.Вакуф, кратовско и Б.А.(36) од с.Орланци, скопско. Од припадници на армијата тие биле затекнати со патничко возило „сеат алхамбра“ со скопски регистарски ознаки во армискиот полигон Криволак. При преглед во возилото биле пронајдени металдетектори и скенер за вршење археолошки истражувања и алат за вршење ископ. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Загина мотоциклист: Излетал од патот Скопје-Велес

На 14.04.2024 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје– Велес, во близина на тунел Бадар, мотоцикл „дукати“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Е.А.(42) од Гостивар, излетал надвор од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

715 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (14.04.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 715 возачи. Од нив 55 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 336 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 379 надвор од населено место.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

85 санкционирани возачи на територијата на Св. Николе и Пробиштип

Во текот на вчерашниот ден (14.04.2024) во периодот од 12.00 до 17.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на Св. Николе и Пробиштип, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.При контролата санкционирани се 85 возачи, од кои 12 за возење без возачка дозвола, 11 санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, 15 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, едно патничко возило е одземено поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања