Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

Нема фотографија

181 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (14.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 181 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 114 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, девет мерки за управување под дејство на алкохол.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-48-6670PM

Во скопско Миладиновци се испотепале соседи: еден се соочил со пет лица

На 13.04.2024 во 22.15 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Миладиновци, скопско, С.М.(48) бил физички нападнат од неговите соседи Ф.М., И.М., А.М., Ф.А. и Н.М., при што се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

tepacka-1

Групна тепачка во Аеродром: тројца наспроти еден, хаос среде булевар

Денеска (14.04.2024) во 00.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходно недоразбирања во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.К.(19), А.М.(19), Б.М.(18) од една страна и А.П.(33) од друга страна, сите од Скопје.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 година

272199593_344069030885554_5891605361064624156_n

Малолетник заврши во болница: се судрија „голф“ и мопед во Струмица

На 13.04.2024 во 20.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Маршал Тито“ и ул.„Ристоман Попчевски“,во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ќ.У.(24) од Струмица и мопед „априлиа“ со германски национални ознаки, управуван од малолетник од Струмица.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

Македонија | пред 1 година

received_398710258424388

Тешка несреќа во Велес: 19-годишно момче заврши со тешки повреди

а 13.04.2024 во 15.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на улица „8 Септември“ во Велес, на место викано „Стар мост“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „апен“, без регистарски таблички, управуван од Ќ.С.(64) од Велес и патничко возило „тојота“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Р.(19) од Велес.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во болница во Велес. По овластување на јавен обвинител увид на местото бил извршен од увидна екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 1 година

DSC_0288

Претреси низ Скопје: уапсен маж во Карпош, дома си чувал пиштол и пушка - други затекнати со дрога

На 13.04.2024 во 23.15 часот на патот на Средно Водно, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Л.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 13.04.2024 во 21.40 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(22) од Крива Паланка, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 12.04.2024 во 23.20 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Ј.(60) од Скопје, поради тоа што при претрес во неговиот дом на подрачјето на Карпош, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени воздушна пушка, пиштол „браунинг“ со рамка и 61 куршум. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 13.04.2024 во 20.40 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Д.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 13.04.2024 во 21.45 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.В.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-01-10-at-17.57.21

Тројца со повреди, еден со потешки: несреќа во Струмица

На 12.04.2024 во 16.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосницата од улиците „Климент Охридски“ и „Братство - Единство“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“, управувано од В.Б.(77) од Струмица и товарно возило „фиат“, управувано од К.Л.(45) од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на товарното возило К.Л., а со телесни повреди се здобиле возачот В.Б. и сопатникот во патничкото возило Г.Б.(75), констатирани во Медицински центар Струмица.Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-33-1180PM

Сообраќајка па апсење во Кочани: жена завршила во болница, а другиот возач избегал

На 12.04.2024 во 07.40 часот било пријавено дека во Кочани на ул.„Димитар Влахов“, над Градскиот стадион, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“, управувано од Д.Т.(24) од Кочани и патничко возило „шевролет спарк“, управувано од Ф.Г.(47) од Кочани, двете со кочански регистарски ознаки, по што Д.Т со возилото го напуштил местото на несреќата.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.Г., констатирани во Клиничката болница Штип, а Д.Т. бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Кочани.Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Македонија | пред 1 година

partizanska-brza-pomos-914

Малолетничка настрада во Скопје: со тешки повреди е во болница, се судриле со автомобил

На 12.04.2024 вo 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Доситеј Обрадовиќ“ со ул.„Киро Крстевски“ и со ул.„Боте Боцевски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу електричен тротинет управуван од малолетничка од Скопје и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ц.(39) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

51235134

Автомобилот од кој вчера беше пукано бил одземен со закана - нови детали за случувањето во Тетово

На 11.04.2024 во 22.45 часот во СВР Тетово, М.Т. од Тетово пријавил дека од патничко возило „фолксваген поло“ во движење од огнено оружје било пукано кон неговата куќа на улица „Илинденска“ во Тетово.Повредени лица нема, а биле направени ошетувања на влезната врата и ѕидовите од куќата. Увид бил извршен и по преземени мерки околу 01.35 часот на 12.04.2024 на патот Тетово-Попова Шапка возилото било пронајдено.Исто така, по преземени мерки било констатирано дека претходно било пријавено дека околу 22.30 часот со закана со огнено оружје возилото „поло“ било одземено од Ф.Е. и неговиот татко Н.Е.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведени четворица крадци, меѓу кои двајца малолетници

Денеска (12.04.2024) во 06.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ги лишиле од слобода К.Д.(18) од Кавадарци, Т.И.(18) од Скопје и двајца малолетници од Скопје.Тие се сомничат дека претходно одзеле патничко возило „југо“ и извршиле „тешки кражби“ во повеќе возила на подрачјето на општина Аеродром, при што одзеле повеќе предмети.Возилото и одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Претреси во Скопје, пронајдена дрога кај повеќе лица

Денеска (12.04.2024) во 00.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (12.04.2024) во 03.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.А.А.(22) од Република Турција, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 11.04.2024 во 21.10 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Д.(19) и Т.Ш.(18), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 11.04.2024 во 22.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.О.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Возач на тротинет со тешки повреди откако бил удрен со возило „фиат пунто“

На 11.04.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„21“ во с.Мојанци, општина Арачиново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(36) од с.Сингелиќ, скопско и електричен тротинет, управуван од малолетник од с.Мојанци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

saliu-za-pistolot

Фуркан Салиу објасни за пиштолот: Љубител сум на огнено оружје, или одиш на кафе, на шопинг или да пукаш на стрелиште - ме релаксира

Новинарот Фуркан Салиу во „Слободен печат“ одговараше на прашањето зошто со него, на спортски натпревар, носел пиштол. Тој прво посочи дека бил пронајден на противзаконски начин, а потоа и дека бил расклопен. Кажа дека фотографијата споделена на социјални мрежи е автентична. Потоа посочи дека е љубител на огнено оружје и дека тоа го релаксира.?t=887„Се утепав од објаснување. Одете во стрелиштето, каде што пукам почесто и проверете ги листите. Навистина многу често одам таму и го гледам како релаксација, мислам навистина сакам, мислам, љубител сум на вакво, на огнено оружје. Знам доста за овој дел. Чисто одиш да се релаксираш. Нема многу места во Скопје каде можеш да се.. Или одиш на кафе, на шопинг во трговски центар или ќе одиш да пукаш, што ќе правиш во Скопје.. Или теретана некоја, не знам. Нема што да правиш во Скопје. Нека одат, нека ги проверат листите, ќе ме најдат таму.. Недела беше“, рече Салиу, со цел да појасни дека пиштолот го носел оти по натпревар сакал да замине на стрелиште.Посочи дека повеќе од две години го има оружјето - со дозвола.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

252 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (11.04.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 252 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 128 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 124 надвор од населено место.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведени крадци од Битола

На 11.04 2024 во 16.30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Новаци ги лишиле од слобода С.Р.(31), Ј.В.(28), Ѓ.В.(30) и Д.М.(22), сите од Битола. Тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба“ во кругот на рудник Суводол, систем Брод - Гнеотино, при што одзеле повеќе предмети.Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

434576809_816401563855561_6583113605515316175_n

Пукањето во Тетово е продолжение на судирот кој започна во јануари кога едно лице беше убиено?

Медиумот на албански јазик „Ина“ објави дека вчерашното пукање во Тетово се поврзува со она кое се случи во јануари годинава - односно дека станува збор за продолжение на судирот меѓу две семејства.ИНА пишува: „Синоќа, на 11 април 2024 година во 22 часот и 45 минути во Центарот за управување со кризи Мумин Терзија пријавил дека лице со маска на главата од автомобил ‘Поло’ со непозната регистерска табличка пукало во насока кон неговата куќа на улицата „Илинденска“ во моменти кога целото негово семејство се наоѓало во куќата.  Нема повредени лица. Пронајдени се чаури од испукани куршуми. Полицијата врши истрага.“ – велат во СВР Тетово.ТВ Клан Македонија објави на 12 јануари 2024 година информација во врска со пукањето и повредувањето две лица пред тетовската Клиничка болница, што се случи на 11 јануари, еден ден претходно. Тогаш се случил оружен инцидент и тепачка меѓу членови на семејствата Мусаи и Терзија и постои веројатност дека најновото пукање врз куќата на Мумин Терзија е продолжение на судирот меѓу овие две семејства од јануари годинава.Во својата информација од 12 јануари ТВ Клан Македонија има објавено: Почетниот проблем меѓу семејствата Терзија и Мусаи се случил на 11 јануари 2024 пред Основниот суд во Тетово кога по зборовен судир Реџеп Терзија и Адурим Мусаи се степале. По тепачката Реџеп Терзија бил одведен во полиција, а Адурим Мусаи бил испратен во болница со повреди. Како сведок во полициската станица се пријавил Мумин Терзија. Потоа двете страни се сретнале пред тетовската Клиничка болница. Таму во околности, непознати за полицијата,  во пукотница со огнено оружје биле повредени браќата Адурим и Зејнула Мусаи“.Вчерашниот пукач не е пронајден, а во јануари, едно од повредените лица почина. Лицата кои поминаа 48 часа во притвор беа пуштени на слобода, пиштолот не беше најден, а ниту лицето кое го изврши пукањето.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

137 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, четири мерки за користење на мобилен телефон при возење.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта

Скопје | пред 1 година

51235134

(Видео) Ново пукање во Тетово: целта била да се изврши убиство

Пукање имало доцна вечерва во близина на центарот на Тетово, дознава „Скопје1“. Според првичните информации, целта била да се изврши убиство. Неофицијално, лице дошло до куќа лоцирана на главната улица „Илинденска“ и пукало кон куќа, додека внатре имало луѓе.„Скопје1“ дознава дека нема повредени лица, а полицијата е веќе на терен. Вообичаената пракса е да се прави увид по наредба на јавен обвинител. Повеќе детали се очекуваат за утре.Во Тетово, началаникот остана непроменет, бидејќи Владата не му дозволи на техничкиот министер Панче Тошковски да постави свој кадар. За ова имаше реакции од Тошковски во повеќе наврати, а посочи и дека токму тоа остава сомнеж за нерегуларности во овој дел на Македонија при гласањето.Ова не е прво пукање во Тетово годинава. Претходнoто беше во јануари, кога две лица беа повредени, од кои, едно почина. За овој случај, сите лица се на слобода, а пукачот не е фатен.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведени лице од демирхисарско, биле пронајдени огревни дрва без докумантација

На 10.04.2024 на место викано „Зад Пеливар“, атар на с.Слоештица, демирхисарско, полициски службеници од СВР Битола - ОВР Демир Хисар во координација со Шумска полиција го лишиле од слобода А.В.(44) од с. Слоештица затоа што кај него биле пронајдени огревни дрва без документација. Истиот ден, во с. Слоештица, полициски службеници од СВР Битола - ОВР Демир Хисар во координација со шумска полиција го лишиле од слобода Т.Д.(58) од с.Слоештица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени моторна пила, огревни дрва, тракторска приколка и 220 вреќи ќумур, за кој постои сомнение дека е предмет на претходно извршено кривично дело. По документирање на случаите, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Загина велосипедист, во него удрило возило „мерцедес атего“

На 10.04.2024 во 11.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје, товарно возило „мерцедес атего“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(41) од Скопје, удрило во велосипед управуван од А.Т.(68) од Скопје. На местото на несреќата од здобиените повреди починал А.Т., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Возачот на товарното возило бил лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

271 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (10.04.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 271 возач. Од нив 19 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 78 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 193 надвор од населено место.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведен крадец во Скопје

На 11.04.2024 околу 03.00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Д.(18) од Кавадарци, со живеалиште во Скопје. Тој бил затекнат при обид да изврши „тешка кражба“ во филијала на банка на подрачјето на општина Аеродром. Лицето било задржано во Полициската станица Аеродром и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 1 година

ebr2411.mp4.00_01_08_10.Still002

Заложничка драма за 500 евра во Грчец: заканата била со оружје!

На 09.04.2024 во 23.50 часот М.М.(46) од с.Шемшово пријавил дека околу 13.45 часот четири лица насилно го внеле во патничко возило и му се заканиле со огнено оружје.Потоа го однеле во куќа во с.Грчец и физички го нападнале барајќи му да врати наводен долг, по што му одзеле 500 евра. Околу 21.00 часот со возило го оставиле во с.Добарце.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-49-6440PM

Жена го пријавила синот за исчезнат во полициската станица во Чаир

На 09.04.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Чаир В.Н.(68) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син И.Н.(48).Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицетo.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања