Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Куп тепачки и пукање во Скопје: Сосед нападнал соседка, малолетник натепан на улица, татко добил шамари од син

На 09.04.2024 во 23.35 часот во СВР Скопје М.М.(54) од Скопје, пријавила дека околу 19.30 часот на подрачјето на Карпош била физички нападната од соседот Ф.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 09.04.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје Б.М.(41) од с.Трубарево-скопско пријавил дека околу 20.30 часот во с.Идризово-скопско неговиот малолетен син бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 09.04.2024 во 22.05 часот во СВР Скопје М.Ј.(51) од Скопје пријавил дека околу 21.40 часот во индустриската зона Бунарџик по претходна вербална расправија бил физички нападнат од Д.К. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 09.04.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје С.С.(58) од с.Јурумлери-скопско пријавила дека на 06.04.2024 околу 08.15 часот во населбата Нова Колонија-скопско, била физички нападната од 65-годишната С.А. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 09.04.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје С.С.(39) од Скопје, пријавил дека на 08.04.2024 околу 21.52 часот на подрачјето на Гази Баба дошле четири лица и едното од нив извадило пиштол и испукало еднаш во воздух. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 09.04.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје 77-годишен маж пријавил дека на 06.04.2024 околу 15.00 часот во домот на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од својот син С.К.(52) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

DSC_0289

Две апсења во спортскиот центар „Јане Сандански“ поради агресивно натпревање на ракометен натпревар

На 09.04.2024 во 18.20 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, каде се одигрувал ракометен натпревар помеѓу РК „Вардар“ и РК „Еурофарм Пелистер“, од полициски службеници од СВР Скопје бил приведен Д.Т.(30) од Р.Словенија поради сторен прекршок по Закон за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 09.04.2024 во 19.30 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, каде се одигрувал ракометен натпревар помеѓу РК „Вардар“ и РК „Еурофарм Пелистер“,од полициски службеници од СВР Скопје бил приведен С.А.(22) од Скопје поради сторен прекршок од Закон за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Сообраќајна несреќа помеѓу ,,ауди” и мопед ,,априлија”, со тешки телесни повреди возачот на мопедот и неговиот сопатник

На 09.04.2024 во 22.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје, на влез во с.Черкези-кумановско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано до Д.А.(24) од с.Љубодраг-кумановско, и мопед „априлија“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Тромеѓа-кумановско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот малолетен сопатник, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Уапсено лице од Мароко во Лојане: фатен со камион кој бил пријавен за украден

На 09.04.2024 во 22.25 часот полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот во с.Лојане на место викано Миратовски пат поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило“ го лишиле од слобода А.Е.(31) од Мароко.Претходно, за товарното возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки во Полициската станица Кочани било пријавено дека било одземено од непознато лице.По насоки од јавен обвинител лицето и возилото ќе бидат предадени на полициски службеници од Полициската станица Кочани за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-33-4360PM

Несреќа на патот Тетово-Јажинце: моторциклист заврши со тешки повреди

На 09.04.2024 во 15.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце кај с.Доброште се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „форд транзит“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.И.(49) од с.Голема Речица, и моторцикл „сузуки“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од Ќ.П.(50) од с.Доброште.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот, констатирани во Клиничката болница Тетово.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Прегазен пешак во Скопје

На 09.04.2024 во 21.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје патничко возило „опел“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(19) од Скопје, удрило во пешакот Р.Е.(47) од с.Ласкарци-скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-01-10-at-17.57.21

17-годишник направи сообраќајка со „ауди“: осум лица завршија во болница

На 09.04.2024 во 23.45 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на локалниот пат од с.Лисичани за с.Пласница во близина на с.Лисичани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од 17 годишник од Македонски Брод и патничко возило „опел астра“ со регистарски ознаки од Македонски Брод управувано од Н.Н.(19) од с.Лисичани-кичевско.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Н., а со телесни повреди се здобиле малолетниот возач и шест сопатници од двете возила, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

151 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (09.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 151 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 15 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за користење на мобилен телефон при возење, девет санкции некористење на сигурносен појас...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Кривична пријава против полициски службеник од Прилеп

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против П.Б.-полициски службеник во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353 – в од Кривичниот законик.На 13.11.2020 од Полициското одделение Ропотово до Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп бил доставен службен материјал во врска со одземено товарно возило, по што пријавениот го примил, но не го задолжил на друг полициски службеник, иако со усна наредба од началникот на НККР Прилеп бил задолжен да ја прима поштата и да ја распоредува на полициските службеници. На тој начин П.Б. овозможил против лицата, за кои постоело сомнение дека сториле кривично дело, да не биде поднесена соодветна кривична пријава и нанел штета на угледот на Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 1 година

DJI_20240409101938_0003_D.00_00_04_15.Still001

Тројца работници приведени за пожарот во Универзална: МВР со детали кои се и каде се затекнати

Денеска (09.04.2024) околу 09.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во Универзалната сала во Скопје. Веднаш по добиената пријава, на лице место се упатени полициски службеници и припадници на Бригадата за противпожарна заштита, кои околу 11.30 часот го изгаснале пожарот. Со возило на Итна медицинска помош во Клиниката за токсикологија се однесени две лица Е.С. (48) и А.Т. (41) поради вдишување на чад. Од страна на екипи на ЕВН во целата околина на салата е прекинато снабдувањето на електрична енергија, при што на ул. „Петар Поп Арсов“ во лифтовите на зградите имаше заглавени две жени, кои беа извлечени од страна на Единицата за интервентна полиција. Во врска со пожарот, во ПС ОН Центар се приведени тројца градежни работници кои изведувале работни задачи во моментот на пожарот и тоа Б.Р. (50), З.Т. (60) и Б.И. (53). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Пронајдена дрога кај сопственик на локал во Берово

На 03.03.2024 во координирана акција на Одделот за криминалистичка полиција, ОВР Берово, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат беше извршена акциска контрола во простории на правно лице - угостителски објект од Берово, во тек на работно време, а при преглед кај Г.Г., управител и сопственик на објектот, пронајдена е и одземена марихуана.Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, против него е поднесена кривична пријава по член 215 став 2 од Кривичниот законик. Покрај ова, од страна на Управата за јавни приходи констатирани се непријавување на дневен промет и неиздавање на фискални сметки, додека од страна на Државниот пазарен инспекторат е констатирано пушење цигари во правниот објект, поради што изречена е соодветна санкција.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пронајдена рачна бомба во двор од куќа во Штип

На 08.04.2024 во 07.15 часот во СВР Штип било пријавено дека во двор од куќа на ул.„Белградска“ во Штип, сопственост на В.Е.(39) била пронајдена рачна бомба. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Штип ја подигнал бомбата за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Возило излетало од патот, малолетна сопатничка со тешки телесни повреди

На 08.04.2024 во 18.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Мешеишта, општина Дебрца, патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од С.Р.(59) од струшкото село Долно Татеши, излетало од патот. Притоа, малолетна сопатничка се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа на СВР охрид.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведен изманик од кичевско

На 08.04.2024 во 14.05 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Кичево го приведоа Х.Ф.(45) од кичевското село Горно Строгомиште.За него била распишана централна потерница врз основа на судска наредба со која се барал за издржување затворска казна од една година и шест месеци за сторено кривично дело „измама“.Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведено едно лице од Охрид, пронајдена дрога

На 08.04.2024 во 23.30 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода С.К.(54) од Охрид.При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, дигитална вага со остатоци од бела материја, шише со течност и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведен крадец од Тетово

На 08.04.2024 во 21.50 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Е.(53) од Тетово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена поголема количина на пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од „тешка кражба“ извршена на 02.01.2024 во домот на А.С.(31) од Тетово.Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

147 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (08.04.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 147 возачи. Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 34 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 103 надвор од населено место.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

135 сообраќајни прекршоци во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (08.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, 23 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

332 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (07.04.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 332 возачи. Од нив 25 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 172 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 160 надвор од населено место.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

137 санкционирани возачи во Скопје, 67 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (07.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 67 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, девет мерки за управување под дејство на алкохол...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Македонија | пред 1 година

IMG_5206

(Фото) Фуркан Салиу уапсен со специјалци: го товарат за напад на службено лице на натпревар

Пред малку уапсен е новинарот и сопственик на ПорталиХ Фуркан Салиу.Според информации на “Скопје1”, МВР го апси со образложение дека тој присуствувал на фудбалски натпревар, каде се вмешал во тепачка и заминал дома, каде е уапсен.МВР го товари за напад врз службено лице. Апсењето беше спроведено од специјалциМедиумиот IN7.TV објави и снимка.

Македонија | пред 1 година

soobrakjajka-tajmishte-960x720-1

Кобна несреќа на автопатот Велес-Скопје: Едно лице загина, двајца малолетници се повредени

На 06.04.2024 во 18.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес-Скопје, после наплатна станица Отовица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(41) од Скопје и товарно возило „фап“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(57) од Гостивар.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле В.К.(39) и малолетник, двајцата од Скопје, сопатници во возилото „рено“. Тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што била констатирана смрт на В.К.. Со телесни повреди се здобиле две малолетни сопатнички во возилото „рено“, како и сопатникот во товарното возило, М.З.(65) од Гостивар, констатирани во болницата во Велес.По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 1 година

niva

 Најдени 80 гранати во нива во Новаци - жител ги затекнал додека копал нива

На 06.04.2024 во 11.00 часот во Полициското одделение Новаци, Ж.А. пријавил дека при работа во неговата нива во с.Рибарци, битолско, пронашoл 80 стари гранати.За настанот бил известен пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, кој утврдил дека се работи за минофрлачки гранати од Првата светска војна со калибар 60мм и кој безбедно ги подигнал. Увид бил извршен.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-07-at-11.45.03

(Видео) Како изгореа пет автомобили под Кале: полицијата откри како започнал пожарот, но не и кој го предизвикал

Запалена била сува трева, а пожарот се проширил и на паркирани возила. Ова е причината поради која изгореа пет возила на дивиот паркинг во близина на Водовод, под скопското Кале.„На 06.04.2024 во 13.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.,,Лазар Личеновски" на дивиот паркинг кај поранешниот полигон настанал пожар при што горела сува трева“, велат од МВР.Од пожарот целосно биле опожарени пет патнички возила со скопски регистарски ознаки: „сеат леон“ сопственост на Б.А.(32) од Скопје, „мерцедес“ сопственост на М.Г.(41) од Скопје, „сеат леон“ сопственост на М.Т.(19) од нас.Илинден, Скопје, „тојота“ сопственост на А.Т.(28) од Скопје и „рено“ сопственост на Б.Б.(42) од Скопје. Исто така, од пожарот делумно било опожарено и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.А.(39) од Скопје.Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна единица Скопје.Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

IMG_5146

Скопјанец пет месеци плаќал рекет: Оти му се заканувале по живот, дал 180.000 евеа

Уапсен сторител на кривично дело “Изнуда”, определена мерка притвор во траење од 30 дена.Од страна на лицето М. Г. од Скопје на ден 05.04.2024 пријавено е дека од месец ноември 2023 година па се до денот на пријавување му се изнудуваат парични средства со сериозни закани по живот од страна на лицето И. Ј. од Скопје, на којшто до овој момент оштетениот му има исплатено парични средства во вредност од 180 000 евра.“Во врска со пријавениот настан на ден 05.04.2023 година околу 17.00 часот по претходен договор помеѓу истите и побарување на парични средства, на ул. Симеон Кавракиров во Скопје лицето М. Г. му предаде 500 евра на И. Ј. кои претходно беа криминалистичко-технички обработени, по што во заедничка соработка на Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното насилство при ОСОСК и Единицата за Насилен Криминал при СВР Скопје лицето И. Ј. беше лишен од слобода и задржан за понатамошно постапување во ПС Кисела Вода.На 06.04.2024 година, од страна на ЕНК при СВР Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело ,,Изнуда" по чл. 258 од КЗ, при што од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот И. Ј. му е определена мерка притвор во траење од 30 дена”, велат од МВР.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања