Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-39-4140PM

Апсења низ Скопје: Две лица во Ѓорче, едно во Гази Баба барано со потерница

На 05.04.2024 во 17.35 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле В.С.(62) од Скопје, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.Денеска (06.04.2024) во 01.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Б.(34) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (06.04.2024) во 01.50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Т.(29) од с.Шишево, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (06.04.2024) во 02.00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Џ.(30) од с.Кривогаштани, прилепско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (06.04.2024) во 03.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

soobrakjajka-pasat

Тешка несреќа на Стража: се судрија камион и автомобил, возач и сопатник во болница

Денеска (05.04.2024) во 09.45 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистрален пат Гостивар – Стража, на местото викано „Новоселски мост“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес вито“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(44) од Скопје и патничко возило „Волво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(67) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „волво“, додека возачот на „мерцедесот“ и неговиот сопатник Ф.М.(55) од Скопје се здобиле со телесни повреди констатирани во гостиварската болница „Ферид Мурад“. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-21-1720PM

Пријава против лице кое започнало доградба и надградба без дозвола

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.E. (67) од Скопје за сторено кривично дело „бесправна градба" од чл.244 а, од КЗ на РСМ. Пријавениот во својство на инвеститор, иако знаел дека пред да започне со доградба и надградба на објект согласно чл.63 ст.1 од Законот за градење потребно е да поседува одобрение за градење од територијално надлежната општина, во случајот општина Чаир, сепак, без да поседува такво одобрение започнал со доградба и надградба на објект лоциран на плоштад „Скендер бег".А.Е. постапил спротивно на чл.56 ст 1 од Законот за градење, со што го сторил кривичното дело „бесправна градба" по чл.244-а, во кое што е наведено дека „тој што гради или изведува градба или врши надзор над градба на сопствено или туѓо земјиште без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење издадено од надлежен орган е всушност сторител на горенаведеното кривично дело и ќе се казни согласно пропишаниот закон".

Скопје | пред 1 година

mvr1

Малолетничка прегазена од автомобил: однесена со тешки повреди во кумановската болница

На 04.04.2024 во 12.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово, патничко возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Т.Ж.(64) од Куманово, удрило во малолетничка-пешак од Куманово.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 1 година

pregazen

Старец прегазен на сервисна улица во Скопје: однесен во болница со тешки повреди

На 04.04.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица од ул.„Симеон Кавракиров“ во Скопје, која води кон паркинг простор на зграда, патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Р.(20) од Скопје, удрило во Ц.Н.(89) од с.Блаце, скопско.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Н. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

soobrakajka

Несреќа на патот Струга-Дебар: сопатничка со тешки повреди, други две лица со полесни нагмечувања

На 04.04.2024 во 10.10 часот во ОВР Струга било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Струга - Дебар со локалниот пат за струшкото село Ташмаруништа се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возила „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Л.С.(64) од дебарското село Мал Папрадник и патничко возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.М.(65) од Скопје.Во несреќата, со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга, се здобила Д.А.(74) од дебарското село Папрадник, сопатничка во возило„голф“, додека со телесни повреди, констатирани Општата болница во Струга, се здобила М.И.(52) од дебарското село Бајрамовци, сопатничка во истото возило. Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведен крадец од Прилеп

На 05.04.2024 во 02.30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Е.Б.(34) и О.М.(29), двајцата од Прилеп. Тие биле фатени при извршување на „тешка кражба“ во куќа во Прилеп, при што кај нив биле пронајдени украдените предмети и ќе бидат вратени на сопственикот.Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-05-at-08.54.09

(Видео) Снимки од Блаце: Полицаец евидентирал Турци дека влегле во Македонија, а ги немало на преминот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластување и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против М.И. и К.С., полициски службеници во Полициската станица за граничен премин Долно Блаце при Регионалниот центар за гранични работи Север поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в oд Кривичниот законик.На 31.01.2024 и 05.02.2024 првопријавениот М.И. евидентирал лица државјани на Република Турција кои не оствариле влез на граничниот премин и кои воопшто не биле присутни на граничниот премин во тие денови. Второпријавениот К.С., раководител на смена, не извршил должен надзор врз работата на првопријавениот и на тој начин им овозможиле на лицата да го регулираат престојот во државата и покрај тоа што како странци го пречекориле дозволениот период за престој согласно законските прописи.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки именуваните да бидат отстранети од работното место и од министерството до завршување на дисциплинската постапка.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Приведен крадец во Кавадарци

По преземени мерки и активности, на 02.04.2024 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Н.Е.(42) од село Орланци, општина Арачиново. Тој се сомничи дека на подрачјето на ОВР Кавадарци извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“. Н.Е. е задржан во полициска станица и во службен разговор тој признал шест кривични дела „тешка кражба“, кои ги извршил во правни лица, при што одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-11-10-at-12.58.42

Мотоциклист заврши во болница: се судрил со „бмв“

На 03.04.2024 во 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Самоилова“ и сервисната улица од патниот надвозник над бул.„Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(28) од Кичево и мотоцикл „пијаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.М.(44) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-33-1180PM

Три лица во болница: тешка несреќа во Скопје меѓу „опел“ и „фолксваген“

На 03.04.2024 во 06.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Карпошово Востание“ и ул.„Драгиша Мишовиќ“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(24) од с.Љубанци, скопско и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(57) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.С., а со телесни се здобиле С.Т и сопатничката од возилото „опел вектра“, А.М.С.(21) констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 1 година

DSC_0288

Избегал од затворот „Идризово“ па продавал дрога и ја натепал сопругата - полицијата уапси велешанец

На 03.04.2024 во 21.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Х.Б.(48) од Велес, кој бил баран од Казнено – поправната установа Затвор Идризово – Отворено одделение Велес поради бегство од установата.Имено, околу 19.30 часот од установата било пријавено дека Х.Б. не се вратил во установата и по преземени мерки, после два часа, тој бил пронајден и лишен од слобода. При преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и пари во различни валути и апоени.Исто така, неговата 43 – годишна сопруга пријавила дека околу 20.00 часот, додека бил во домот, физички ја нападнал.Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-42-5320PM

175 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

Во текот на вчерашниот ден (03.04.2024) во периодот од 10.00 до 16.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 175 пешаци од кои, 155 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин... За време на контролата санкционирани се и 135 други видови на сообраќајни прекршоци.Сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведен косовски држајванин: Пренесувал голема количина акцизна стока без документација

На 03.04.2024 во 23.40 часот кај с.Страцин, кратовско, по претходно добиени сознанија дека врши криумчарење и по преземени мерки, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност го лишиле од слобода Р.Ш.(39) од Косово. При контрола во возилото „фолксваген пасат“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена поголема количина на разновидна акцизна стока за која не поседувал никаква документација, а ниту пак платил царински давачки.Стоката и возилото биле одземени и предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Граѓаните кои наполнија 18 години и немаат никаков документ - ќе се фотографираат без термин

Министерството за внатрешни работи во сабота (06.04.2024) во периодот до 08.00 до 15.00 часот ќе организира фотографирање за лични документи без закажан термин во подрачните канцеларии за управни работи низ државата за граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, ниту лична карта ниту пасош.Ги повикуваме граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, да дојдат во сабота во подрачните канцеларии за управни работи низ државата, за да бидат фотографирани и навремено да им биде изработен личниот документ, со цел да можат да го остварат своето право на глас на претстојните избори.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

127 сообраќајни санкции во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (03.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 127 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина пет санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, 29 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

toskovski-krazba

Тошковски за филмската кражба на сеф во Црниче: Директорот на БЈБ е прва виолина за расчистување на вакви случаи

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, треба да издаде наредби со кои, треба да ги открие крадците на сефот од банкомат поставен во маркет во Црниче. Ова го изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Тој посочи дека во рамки на Министерството се преземаат оперативни дејствија.„Од страна на службите во рамки на Министерството, се преземаат сите оперативни дејствија за да се расчисти овој случај. Повторно напоменувам дека златна команда и императивна улога во рамки на ова што го напоменувате е директорот на Бирото за јавна безбедност. Тој е прва виолина за командување и спроведување до најниско ниво. Се надевам дека ќе се расчистат овие случај до избори, а сигурно по избори, се што не е расветлено, ќе биде расветлено“, рече Тошковски.Досега, краците не се фатени.

Македонија | пред 1 година

pance-bojmacaliev-mitko-1

Тошковски застана зад Обвинителството и го нападна Бојмацалиев поради деталите за убиството: Непрофесионална и несериозна изјава

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, кажа дека изјавата на неговиот заменик Митко Бојмацалиев, за убиството во Железара - е непрофесионална. Според Бојмацалиев, лекарот не бил убиен во автомобилот, туку таму бил донесен.„Во целост ќе го поддржам апелот на Јавното обвинителство, дека од страна било која институција која е вклучена во расветлување на овој случај, да не навлегува во детали, кои можат да ја загрозат кривичната истрага. Нерсериозни и непрофесионални изјави, ако е така како што велите, тогаш можам да кажам дека тие се такви. Не би можел да навлегувам во детали во однос на дејствијата кои ги презема МВР за ова“, рече Тошковски.Дополнителниот-заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев за „Слободен печат“ изјави дека лекарот најден мртов во Железара не бил убиен во автомобилот туку таму било донесено телото. Ова пак, не го потврдуваат ниту демантираат од Обвинителството кои посочија да не се изнесуваат чувствителни информации во јавност, а додадоа дека не можат да кажат ништо оти МВР не го нашло убиецот.

Македонија | пред 1 година

soobrakajka

Трагедија на патот Струмица-Валандово: возач загина, излетал од пат со „мерцедес“

На 02.04.2024 околу 14.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека околу 14.00 часот на регионален пат Р 1401 Струмица-Валандово товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки управувано од Р.Р.(60) од Струмица излетало од патот. Од здобиените повреди починал возачот Р.Р., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Валандово. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на Полициската станица Валандово.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-11-10-at-12.58.42

Загина возач од прилепско: управувал мопед, изгубил контрола и паднал

На 02.04.2024 во 17.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во с.Небрегово-прилепско Ѓ.М.(54) од с.Небрегово додека управувал мопед „томос“ без регистарски таблици, изгубил контрола над него и паднал.Во несреќата на местото на настанот починал возачот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош Прилеп. Извршен бил увид од увидната екипа од ОВР Прилеп.

Македонија | пред 1 година

nesrekja-velosipedist

Малолетничка со тешки повреди: нова сообраќајка со автомобил и велосипед

02.04.2024 во 16.00 часот, во СВР Велес било пријавено дека во село Горно Оризари, велешко, на крстосница од ул.„Партизанска“ со ул.„Сараевска“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале велосипед управуван од малолетничка од село Горно Оризари и патничко возило „шкода“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Б.(48) од село Горно Оризари.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

176 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (02.04.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 176 возачи. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 84 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 92 надвор од населено место.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

96 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (02.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 96 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за некористење на сигурносен појас...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-04-01-at-19.00.19

Две лица приведени за пукањето во Арачиново, се бара снајперистот

Две лица се приведени и се сомничат за помагање во обидот за атентат врз градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими, кадар на ДУИ, објави ТВ Сител.Се прават напори да се идентификува и да се приведе напаѓачот кој вчера со автоматска пушка отвори оган врз градоначалникот.Лидерот на ДУИ Али Ахмети не верува дека случајот има политичка заднина.Ахмети кусо одговори на новинарско прашање споменувајќи го името на поранешниот градоначалник на Арачиново.„Мислам дека претходно беше разговарано за да се надминат разликите меѓу Ајвази и градоначалникот, го направивме невозможното, но се што направивме не успеа“, рече Ахмети.Градоначалникот не бил погоден бо пукањето, но ранети беа две лица, возачот на Ибрахими кој е и член на обезбедувањето и еден општински административец.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Кривична пријава против лице од Скопје поради семејно насилство врз неговите малолетните деца

СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за семејно насилство поднесе кривична пријава против З.Ц. од Скопје, овластено службено лице во СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ по член 144 и „неизвршување судска одлука“ по член 377 од Кривичниот законик. Додека, од Основниот граѓански суд со решение на З.Ц. му биле изречени привремени мерки за заштита од семејно насилство на неговите малолетни деца во траење од 12 и три месеци со забрана да врши психичко насилство врз неговите малолетни деца и да ги инволвира во постапките кои родителите ги водат пред надлежните институции.Но, и покрај мерките, З.Ц. преку телефон и на социјална мрежа остварил контакт со едното малолетно дете и влијаел на градење на негативен став за мајката со цел дасе обиде да ѝ го одземе старателството и воедно го инволвирал во постапка пред надлежна институција.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, заради постапување спротивно на член 26 став 1 и 2 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците во МВР, поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања