Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

Нема фотографија

Пронајдена и одземена дрога кај две лица од Скопје

На 01.04.2024 во 21.00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.И.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 01.04.2024 во 22.25 часот на Средно Водно, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Б.(21) од с.Арачиново, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Тешко повреден возач, со возилото излетал од патот

На 01.04.2024 во 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, во близина на место „Бадар“, патничко возило „киа“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Т.(63) од Битола, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни се здобил возачот, констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Сообраќајка на експресниот пат А-3, едно лице со тешки телесни повреди

На 01.04.2024 во 11.27 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на експресниот пат А-3, кај с.Тркање, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(57) од Штип и товарно возило „ман“ со полуприколка со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(43) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.Д., констатирани во болницата во Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Прободен маж со нож од страна на српски државјанин

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Србија осомничен за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 31 март во раните утрински часови, извршил грубо насилство врз едно лице во угостителски објект на бензинска пумпа во Јосифово. Додека оштетениот со друштво од 15-20 лица, негови другари, прославувале раѓање на новородено дете во угостителскиот објект, на друга маса седел осомничениот со уште едно лице.Двајцата под дејство на алкохол, започнале да кршат, да удираат по телевизорот и му се заканувале на сопственикот на објектот кој побарал од нив да си заминат затоа што станале агресивни. Револтирани затоа што биле избркани, тие излегле од објектот до нивниот камион, по што осомничениот се вратил назад пред влезот каде што се наоѓал оштетениот кој во тој момент зборувал на телефон. Без посебен повод и причина, се втурнал во оштетениот и го прободел со нож во левата страна од градниот кош, нанесувајќи му убодна рана. Осомничениот веднаш се дал во бегство, трчајќи кон камионот, но бил спречен од лица кои биле гости во угостителскиот објект. Со насилството тој предизвикал чувство на несигурност, загрозеност и страв и кај останатите гости.Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор на осомничениот странски државјанин.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

168 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (01.04.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 168 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 75 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 93 надвор од населено место.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

153 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (01.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, четири санкции за управување под дејство на алкохол...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

aracinovo-3

МВР за пукањето кон градоначалникот на Арачиново: пукано е со автоматска пушка

Денеска (01.04.2024) во 13.25 ч. во СВР Скопје е пријавено дека на влез на с. Арачиново машко лице со автоматска пушка пукало кон градоначалникот на о. Арачиново Р.И., кој бил заедно со уште неколку лица. При тоа повредени се две лица, кои биле заедно со градоначалникот.Градоначалникот не е повреден, а не се точни ниту шпекулациите објавени во дел од порталите дека е повреден полициски службеник.СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведени крадци од Штип

На 31.03.2024 во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода А.А.(45) и Ш.Н.(23), двајцата од Штип. Тие биле затекнати при извршување „тешка кражба“ во куќа на ул.„Иво Лола Рибар“ во Штип од каде се обиделе да одземат повеќе предмети. Лицата биле задржани во полициска станица, а предметите биле вратени на сопственикот. По целосно комплетирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

received_398710258424388

Две сообраќајки во Штип: тројца повредени, меѓу кои и малолетник кој возел мопед без возачка

На 31.03.2024 околу 10.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Брегалничка“ во Штип, патничко возило „опел вектра“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од К.И.(64) од Штип, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.Ј.(29) од Струмица, а возачот се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.На 31.03.2024 околу 21.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Сремски фронт“ во Штип, мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Штип, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.

Македонија | пред 1 година

DSC_0052

Апсења во Ѓорче, Гази Баба и Центар: лицата се на возраст од 20 до 31 година

На 31.03.2024 во 15.55 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(31) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 31.03.2024 во 17.30 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Б.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 31.03.2024 во 21.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Б.Г.(20) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Приведени двајца малолетници, се обиделе да украдат мотоцикл

На 01.04.2024 во 02.00 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода двајца малолетници. Тие биле затекнати при обид да извршат „тешка кражба“ на мотоцикл „априлија“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Г.Ц.(44) од Тетово. Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведени дрвокрадци во Сирково

На 31.03.2024 во 19.30 часот во атар на село Сирково, општина Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода А.Ѓ.(58), Д.П.(60), двајцата од село Сирково, општина Росоман и Љ.Ѓ.(65) од Кавадарци. При преземање на службени дејствија во атар на село Сирково, полициски службеници во содејство со Шумска полиција ги затекнале А.Ѓ., Д.П. и Љ.Ѓ. со нивните трактори со кавадаречки регистарски ознаки со приколки во кои имало товарено дабови огревни дрва без жиг. Тракторите и дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција, а по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

354 санкционирани возачи во текот на викендот во Битола

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (29/30/31.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на СВР Битола изречени се вкупно 354 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 251 санкции, 13 мерки за возење под дејство на алкохол, 43 мерки за непрописно паркирање, 10 мерки за зборување на мобилен телефон.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

807 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (31.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 807 возачи. Од нив 53 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 18 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.Притоа, 399 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 408 надвор од населено место.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

181 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (31.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 181 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 117 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, 10 санкции за управување под дејство на алкохол...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-03-31-at-12.30.42

Се трага по исчезнатата Енкеледа која последен пат е видена во Скопје - полицијата добила пријава

Полицијата добила пријава дека 21-годишната Енкеледа Чела од Албанија е исчезната. Оттаму посочуваат дека полицијата веќе има потрага по неа.„На 30.03.2024 во ПО Петровец Г.Т. пријавила дека Е.Ч.(20) од Република Албанија се оддалечила од домот во Скопје каде престојува. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР за „Скопје1“.Според апелот, таа е облечена во фармерки и црна јакна, а со себе носела ранец.„Поседен пат е видена во сабота сабајле на бензиска пумпа во населба Илинден. Доколку некој ја видел девојката ве молам пријавете во најблиската полициска станица“, стои во апелот.Во нова објава, објавувачот на апелот посочува и на некоректен однос од страна на полицијата.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-03-31-at-14.31.17

Родителите на исчезнатото девојче се во Скопје, полицијата поседува и СМС-порака

Родителите на Енкеледа Чела, девојчето кое исчезна и последен пат е видено во Илинден, дошле во Скопје, дознава „Скопје1“. Со нив бил направен разговор од страна на полициските службеници кои ја водат истрагата. Интензивно се пребарува, се вршат разговори со блиски пријатели, како и со познаници со кои последен пат имала контакт.„Скопје1“ дознава дека исчезнатата испратила и СМС-порака со содржина дека „ќе оди на другиот свет“. Детали од полицијата за спцифичните елементи од потрагата, не се откриваат. Потрагата е интензивирана, но нема детали кои се сомнежите и во која насока се проверките.Полицијата добила пријава дека 21-годишната Енкеледа Чела од Албанија е исчезната. Оттаму посочуваат дека полицијата веќе има потрага по неа.„На 30.03.2024 во ПО Петровец Г.Т. пријавила дека Е.Ч.(20) од Република Албанија се оддалечила од домот во Скопје каде престојува. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР за „Скопје1“.Според апелот, таа е облечена во фармерки и црна јакна, а со себе носела ранец.„Поседен пат е видена во сабота сабајле на бензиска пумпа во населба Илинден. Доколку некој ја видел девојката ве молам пријавете во најблиската полициска станица“, стои во апелот.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-03-31-at-12.30.42

Пронајдена исчезнатата девојка кај Белви, Тошковски со детали: Таа е во добра состојба

“Во врска со настанот кој ја вознемири јавноста, а се однесува на исчезнувањето на лицето Е. Ч. (20) од Република Албанија ја информирам јавноста дека од страна на СВР Скопје во 18:05 часот лицето е пронајдено во близина на хотел Белви во добра здравствена состојба”, објави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.Тој додаде: Од страна на полициски службеници од СВР Скопје ќе се изврши разговор со лицето во врска со причините за исчезнувањето.

Македонија | пред 2 години

DSC_0718

Возрасен маж повеќе од една година сексуално злоставувал малолетничка

49-годишниот Ј.К од општина Конче бил приведен вчера под сомнение дека во периодот од почетокот на 2022 година па до ноември 2023 година во повеќе пати сексуално злоставувал малолетничка. Тој ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во судот во Струмица.„На 30.03.2024 во 17.25 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода Ј.К.(49) од село во општина Конче. Тој се сомничи дека во периодот од почетокот на 2022 година до ноември 2023 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од село во општина Конче. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.По документирање на случајот и поднесување на соодветна пријава, во текот на денот Ј.К. ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица, се вели во соопштението од МВР.

Македонија | пред 2 години

263890102_364919331843310_2719035635897412082_n

Четворица повредени, меѓу кои малолетници: се судрија „бмв“ и „митсубиши“ кај Маџари

На 30.03.2024 во 14.35 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово во близина на пешачкиот надвозник Маџари во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.Т.(41) од Скопје и патничко возило „митсубиши“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(39) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.Т., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобиле В.П. и уште двајца нејзини малолетни сопатници, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 2 години

2-3

Кокаин, марихуана, вага - уапсена скопјанка, откако и го претресоа домот

На 29/30.03.2024 од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје биле извршени претреси со судска наредба во два стана на подрачјето на Центар и Карпош, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и две дигитални ваги, а од слобода била лишена Л.Ј.(54) од Скопје.По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 години

272199593_344069030885554_5891605361064624156_n

Камион прегази пешак во Скопје: жртвата во болница со тешки повреди

На 30.03.2024 во 09.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на ул.„1632“ товарно возило „даф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(44) од Скопје, удрило во пешакот В.З.(61) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 2 години

brza-pomos-soobrakajka

Два лица во болница: нова несреќа на патот Скопје-Тетово

На 30.03.2024 во 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово патничко возило „шевролет спарк“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(25) од Тетово, излетало надвор од коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.С.(33) од Тетово, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден сопатник И.И.(36) од Тетово, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_30-03-2024_03-45-55-4520PM

(Видео) Несреќа кај Соборен храм: три лица во болница

Несреќа се случи на булеварот Партизански одреди во Скопје, каде се судрија две возила со скопски и гостиварски регистрации.Според првичните информации, три лица побарале медицинска интервенција поради повреди. Тие се префрлени во болницата св “Наум Охридски”.Има и голема материјална штета. Возилото “Фолксваген голф” е целосно уништен во задниот дел.Полицијата изврши увид.Powered by youtube embed code and snabblån 5000

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-49-7540PM

Пензионерка со тешки повреди, пријавила дека ги добила додека се возела во автобус на ЈСП

На 29.03.2024 во 13.00 часот во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје М.З.(82) од Скопје пријавила дека додека се превезувала како патник во автобус на ЈСП се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања