Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-33-1180PM

Велосипедист заврши во болница: џип удри во него

На 29.03.2024 во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Македонија“ и бул.„Св.Кирил и Методиј“ патничко возило „тигуан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.З.(51) од Скопје, удрило во велосипед управуван од Х.П.(33) од Свети Николе.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Х.П., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-39-8670PM

Несреќа во Карпош: малолетник прегазен од пензионер

На 29.03.2024 во 11.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосница од ул.„Варшавска“ и ул.“Виенска“ во Скопје патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(72) од Скопје, удрило во малолетник од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 2 години

toskovksi

(Видео) Несреќен случај е паѓањето на кучето од зграда во Тетово, утврдила истрагата на МВР - нема одговорност со име и презиме

Кучето кое беше снимено како паѓа од седми кат од тетовска зграда бил несреќен случај, посочи техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски во подкастот „Претрес со Ландов“. Тој кажа дека не може таму да се бара име и презиме, бидејќи станува збор за касус. „Имаше трагичен случај, каде куче во Тетово паѓа од шестти-седми кат, хорор беше сликата која ја видов. Таму се вклучија луѓе, не само од СВР Тетово, туку и од Скопје. Согласно информациите кои ги добив, колку и јавноста да бараше име и презиме на потенцијален сторител на одредено кривично дело - факт е дека кучето било испровоцирано од пожарникари, кои сакале да го извлечат кучето, а истото во позиција на касус, несреќен случај - загинува како што загинува. Сега не можам јас затоа што јавноста очекувала да има име и презиме предметниот настан, кога фактите говорат дека е касус, не можам да излезам од таа фактичка состојба“, кажа Тошковски во „Претрес со Ландов“.https://youtube.com/live/SEe5qCrROFU?feature=shareИстовремено, денеска во 11 часот на булеваорт Благоја Тоска во Тетово ќе се одржи протест.„Само во Македонија може да помине неказнето екстремно насилство врз бездомно животно кое длабоко потресе илјадници граѓани, очевидци и нанесе страотно страдање и болна смрт на несреќно животно . Убивте бездомно мирно куче, убивте човеков најдобар пријател. Само во Македонија може мирно да се преспие и институциите да не превземат ништо! Ова што се случи во нашиот град е непростлива суровост над невино живо битие од страна на инвеститорот на зграда во изградба и службени лица, пожарникари, кои секаде во светот се синоним за хуманост – а тука кај нас во Тетово, Македонија ставиле пред свршен чин преплашено куче да се фрли од зграда за да им избега и да се спаси“, велат организаторите на протестот.

Македонија | пред 2 години

3-2

Осомничените за убиството во Железара ќе бидат путешни на слобода: нема докази

“До овој момент, со преземените дејствија од МВР и извршените вештачења од Институтот за судска медицина не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата лишени од слобода се сторители на кривичното дело.Од тие причини, јавниот обвинител, по истекот на времетраењето на определената мерка краткотраен куќен притвор, нема да предлага судот да определи нови мерки за претпазливост за трите лица кои беа задржани во врска со овој настан.Министерството за внатрешни работи, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, продолжува да презема дејствија за идентификација на сторителите на кривично дело”, вели Обвинителството.

Македонија | пред 2 години

paridenari1

Добија кривични: Пазарни инспектори фатиле нелегални менувачници на Бит Пазар, но наместо да ги запечатат - ги казниле парично

Единица за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 6 службени лица - Инспектори вработени во Државен Пазарен Инспекторат за сторено кривично дело ,,Злоупотреба на службената положба и овластување" од чл. 353 од Кривичниот законик.Имено, во текот на месеците Март и Април 2023 година, пријавените преземале службени дејствија и вршеле контрола во три објекти обележани како менувачници, лоцирани во близина на “Бит Пазар" за кои што било утврдено дека не биле регистрирани како правни лица и не поседувале лиценци издадени од НБРМ за вршење менувачко работење, а подолг временски период работеле како менувачници.Иако согласно Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност согласно кој истите сами навеле дека постапуваат, пријавените инспектори на затекнатите лица во дивите менувачници биле должни да им изречат Решение за забрана за вршење на дејност, да им ги запечатат објектите, да им ги одземат предметите, опремата и средствата со кои е направен прекршокот, како и да им изречат глоба во износ од 1000 до 20.000 евра во денарска противредност, истите не ги преземале наведените дејствија.При сите три извршени вонредни надзори на сите три менувачници на секој од сопствениците, пријавените им изрекле еднократна парична глоба во износ од 80 евра во денарска противредност и ги оставиле и понатаму менувачниците редовно да работат, со што постапиле спротивно на Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност и со незивршување на својата службена должност го сториле кривичното дело “Злоупотреба на службената положба и овластување“.

Скопје | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-59-2780PM

Пукање пред кафеана во Охрид, уапсени две лица - пиштолот одземен

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од Охрид.Тие, претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол „Радом“ калибар 9 милиметри, сопственост на М.П..Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Прегазен пешак во Скопје: Однесен во болница, има тешки повреди

На 28.03.2024 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Јордан Мијалков“ во Скопје, патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано Ј.К.(38) од с.Марино, општина Илинден, удрило во пешакот М.Г.(64) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Тешка сообраќајка на патот Скопје-Тетово помеѓу „бмв“ и мотоцикл

На 28.03.2024 во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Скопје–Тетово и локалниот пат с.Сарај–с.Глумово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.О.(21) од Република Турција, со престој во Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.Ќ.(23) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-03-29-at-11.33.20

Три млади лица загинаа - трагедија по тешка сообраќајка во Кичево

На 29.03.2024 во 04.50 часот во ОВР Кичево е пријавено дека, на улицата „Магистрален пат“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.И.(19) од Кичево и патничко возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.Е.(32) од кичевското село Трапчин Дол.Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Е. и неговиот сопатник А.С.(20) од село Трапчин Дол, додека возачот С.И. им подлегнал на повредите на пат кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, се здобиле 19-годишната Т.С. од Кичево, В.П.(21) од селото Подвис, кичевско, П.К.(21) од Кичево и еден малолетник од Кичево, сите сопатници во возилото „пежо“.На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-03-28-at-13.43.14

Во куќен притвор завршија две лица, осомничени за убиството на докторот во Железара

Побаран куќен притвор за две лица, осомничени за убиството на докторот Ацо Трпковски во Железара„Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара. Предлогот е прифатен и бараната мерка е определена“, велат од Обвинителството.Вчера беа приведени вкупно три лица.Во детали, Тошковски за овој случај зборуваше во подкастот „Претрес со Ландов“. Меѓудругото даде одговор и за тоа дали професијата е поврзана со мотивот на убиството.

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2024-03-28-at-13.45.07

(Видео) Уште едно лице е приведено за убиството на докторот во Железара - вкупно тројца осомничени дека се вмешани

Приведени се вкупно три лица за убиството на докторот Ацо Трпковски во Железара, а претресот е завршен во доцните часови. Ова се најновите информации по вчерашната голема акција на МВР во координација со Обвинителството.„Се продолжува со други истражни дејствија со цел да се утврди соодветно фактичка состојба“, посочи Тошковски.Во детали, Тошковски за овој случај зборуваше во подкастот „Претрес со Ландов“. Меѓудругото даде одговор и за тоа дали професијата е поврзана со мотивот на убиството.?t=3404

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Претреси во Скопје, пронајдена дрога кај 4 лица

На 27.03.2024 во 23.45 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Д.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 27.03.2024 во 17.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(35) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 27.03.2024 во 14.30 часот на подрачјето на Чаир во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода И.И.(21) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 27.03.2024 во 21.30 часот на подрачјето на Драчево во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.П.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Кривична пријава против три полициски службеници поради несовесно работење

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на 25.03.2024 поднесе кривична пријава против три лица- полициски службеници до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластување и припадници на затворската полиција за кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 4 од Кривичниот законик, затоа што дозволиле да настане застареност на дисциплинска постапка која се водела против вработен во МВР кој бил осомничен за злосторничко здружување и присвојување добра под привремена заштита и културно наследство.Полициските службеници во својство на членови на дисциплинска комисија несовесно постапиле во вршењето на своите должности и овластувања што пропуштиле во законски рок да ја спроведат дисциплинска постапка против вработен во СВР Струмица за кој била поднесена кривична пријава „Злосторничко здружување“ и „Присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство“ и му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена.Тие наместо навремено да постапат по иницијативата за утврдување на дисциплинска одговорност, расправата ја одржале дури по повеќе од една година по добиеното известување од страна на јавниот обвинител, со што дозволиле да настане апсолутна застареност за водење дисциплинска постапка, притоа постапувајќи спротивно на законите и подзаконските акти.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Приведен крадец од Гостивар

На 27.03.2024 во 13.15 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар ја лишиле од слобода 47-годишната С.Ѓ., која непосредно пред тоа во трговски објект на улица „Илинденска“ во Гостивар противправно одзела неколку предмети. Одземените предмети биле вратени во објектот, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Приведен крадец од Кочани

По преземени оперативни мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани при СВР Штип расчистија седум кривични дела, од кои пет кривични дела „тешка кражба“ и две „тешка кражба“ на дрзок начин извршени на територијата на Кочани од угостителски и продажни објекти и една од физичко лице.Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на делата, на 27.03.2024 од слобода бил лишен Е.Р.(37) од Кочани. Во службен разговор во полициска станица тој ги признал кривичните дела, а поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани.По целосно документирање на случаите, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

34 санкции за јавниот превоз

Во текот на вчерашниот ден (27.03.2024) во периодот од 08.00 до 12.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници. При контролата санкционирани се 34 прекршоци, од кои 23 поради неисправен уред за запирање...Упатени на вонреден технички преглед биле 181 автобус и други возила кои вршат јавен превоз на патници. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се и 159 други видови на сообраќајни прекршоци.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. Навремено да се проверува техничката исправност на возилата и навремено да бидат отстранети евентуалните недостатоци.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

173 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (27.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 173 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 60 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 113 надвор од населено место.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 2 години

6f9748c3-834a-4c7e-8bd7-db3dd9cf152f-1

🔴 ВО ЖИВО: „Претрес“ на министерот Панче Тошковски

Првиот „Претрес“ во живо е со Панче Тошковски, технички министер за внатрешни работи. Следете во живо. Можете да поставите и прашања на јутуб во коментари: 

Македонија | пред 2 години

pari-1

Приведен крадец во Радовиш

На 25.03.2024 во Радовиш полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода И.А.(31) од село Габревци, општина Конче. Тој се сомничи дека на 21.03.2024 извршил тешка кражба од возило, сопственост на лице од село Супурге, радовишко, при што одзел пари. Во службен разговор во полициска станица, И.А. го признал делото, по што доброволно ги предал парите, кои ќе бидат вратени на сопственикот. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Приведени пет полициски службеници од Тетово, поради „насилство“, „помагање“ и „обид за убиство“

По поднесени две кривични пријави од СВР Тетово против М.Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор при регионалниот центар за гранични работи Север, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 и кривични дела „помагање“ и „обид“ по член 19 и член 24 во врска со кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик и против други лица, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР изврши увид во пријавите, по што презема мерки против М.Т. и други полициски службеници согласно законските овластувања.Имено, околу 13.00 часот на 11.01.2024, по претходно нарушен јавен ред и мир со физички напад пред Основниот суд во Тетово, извршен од Р.Т. врз А.М., дошол М.Т. и со пиштол му се заканил на А.М.. Истиот ден, околу 18.30 часот во кругот на Клинички центар во Тетово, М.Т. им помагал на Ф.Т. и Р.Т., кои од огнено оружје пукале и ги повредиле А.М. и З.М. од Тетово.Согледувајќи ги сите детали, Одделот за внатрешна контрола заклучи дека полицискиот службеник постапил спротивно на член 26 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците во Министерството за внатрешни работи и дека сторил потежок случај на кршење на работниот ред и дисциплина по член 187 став 1 точка 10 и 20 од Законот за внатрешни работи и по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР.Исто така, било утврдено дека при преземањето мерки во врска со двата настани, полициските службеници В.С., Н.М., Б.З. и Г.М. од СВР Тетово постапиле спротивно на член 7 и 8 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците во Министерството за внатрешни работи и на тој начин сториле потежок случај на кршење на работниот ред и дисциплина по член 187 став 1 точка 3, 4 и 10 од Законот за внатрешни работи и член 210 став 1 точка 3, 4 и 10 од Колективниот договор на МВР.Согласно утврденото и член 227 од Колективниот договор на МВР, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Одделот за дисциплински и судски постапки поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полициските службеници М.Т., В.С., Н.М., Б.З. и Г.М. и изрече задолжителни мерки полицискиот службеник М.Т. да се отстрани од работното место и од Министерството до донесување на решение во дисциплинска постапка и времено да му биде одземено оружјето со муницијата.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Сообраќајка во струшко: се судриле мопед „јамаха“, управуван од малолетник и „цитроен“

На 26.03.2024 во 13.30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на локален пат во с.Радолишта, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „јамаха“, управуван од малолетник од с.Велешта, струшко и товарно возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Џ.(43) од с.Теарце, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Прегазен пешак во Скопје: Малолетничката со тешки телесни повреди

На 26.03.2024 во 07.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Никола Карев“ со ул.„Прохор Пчински“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат 500“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.С.(35) од Скопје и патничко возило „шевролет спарк“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(76) од Скопје, по што едно од возилата удрило во малолетничка – пешак од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Средношколка и украла пари на соученичката

На 26.03.2024, полициски службеници од СВР Охрид расчистиле кражба во средно училиште во Охрид. Имено, С.Р.(19) од Охрид, ученичка во средното училиште била фатена при извршување кражба, при што од друга ученичка одзела пари. Парите биле пронајдени и вратени на сопственичката, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 години

272199593_344069030885554_5891605361064624156_n

Млад дилер им извадил нож на полицајците кои сакале да го апсат: еден службеник повреден

Основното јавно обвинителство Куманово поведе истрага против 19-годишник осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции од член 215 став 1, но и Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 25 март, при личен претрес на осомничениот пред станбената зграда во која живеел, полицијата пронашла околу 10 грама марихуана која претходно ја набавил од непознато лице, ја спакувал во седум помали пакувања и ја наменил за натамошна продажба. Додека му бил вршен претресот, тој од џебот извадил нож и им се заканил на полициските службеници, а со дршката од ножот удрил еден од полицајците, нанесувајќи му телесна повреда.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, а Основниот суд во Куманово го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

170 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (26.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 170 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 77 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 93 надвор од населено место.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања