Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

prilepski-kradec-ograbil-stan-vo-skopje-250484

Приведен крадец од струмичко

Денеска (27.03.2024) во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко. Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

138 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 138 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, девет мерки за некористење сигурносен појас, 15 мерки за користење на мобилен телефон при возење...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 2 години

DSC_0052

Откриена и фатена шемата: Две лица кренале 11 кредити со украдени податоци од фирми

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.С.(22) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени продолжени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и против Б.К.(54) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.Пријавените, во периодот од април 2022 година до март 2023 ги искористиле личните и банкарски податоци на лице од Штип во седум финансиски друштва при аплицирање за 17 онлајн кредити, од кои биле одобрени 11 кредити во вкупен износ од 339.700 денари. Одобрените парични средства од финансиските друштва биле уплатени на банкарската сметка на оштетениот, по што првопријавената неовластено во повеќе наврати повлекувала парични средства од повеќе банкомати во Штип, со што се стекнала со материјална корист во вкупен износ од 339.700 денари.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-51-1800PM

Скопјанка натепала скопјанец во Кичево, а потоа и полицаец

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против В.Ј.(60) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“, „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „фалсификување или уништување деловни книги“.На 21.03.2024 во Кичево, пријавената физички го нападнала Ф.С.(34) од Скопје и му оштетила дел од опремата, а откако била повикана на службен разговор во полициска станица физички нападнала полициски службеник и ја уништила сочинетата службена белешка.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-03-26-at-15.23.09

Внимавајте, нови измамници: Со лажни легитимации собираат пари за деца за хендикеп

Измамници собираат пари од граѓани во име на хуманитарната организација „Свети Спас“. Одат по куќи низ Скопје, се легитимираат со испринтани легитимации, а на нив нема никаков оечат. Според информациите на организацијата, тие посочуваат дека бараат финансиска помош за хендикепирани деца за Велигден. Случајот е пријавен и во полиција.„Направиле дури и лажни БЕЏОВИ, а имале и наши слики (најверојатно од фејсбук). Сите кои ќе дојдат во вашите домови и во наше име ќе бараат било каква помош се измамници кои го злоупотребуваат нашето име и лично мене.. Доколку дојдат кај вас, ве молам веднаш повикајте полиција. Ве замолуваме да споделите за да спречиме злоупотреба“, велат од хуманитарната организација „Свети Спас“.Тие објавија и фотографија од тоа како излегдаат беџовите.„Вака изгледаат лажните беџови кои што ги користат измамниците (нормално без наш печат), а личноста на сликата е член на организираната група. Наводно личноста којашто е главна на организираната група е извесна Габриела Станојковска и наводно имале канцеларија негде кај Универзална сала. Благодарност до поддржувачот којашто ни ги даде овие информации“, додаваат од организацијата.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

211 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (25.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 211 возачи. Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 115 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 96 надвор од населено место.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

144 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (25.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 10 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, осум мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за некористење на сигурносен појас...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

98 санкционирани возачи во Струга

Во текот на вчерашниот ден (24.03.2024) во периодот од 12.30 до 17.30 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Струга, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.При контролата санкционирани се 98 возачи, од кои 16 за возење без возачка дозвола, 10 санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, седум мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла)... На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Дванаесет повредени, меѓу кои малолетници: тешка сообраќајка во скопско

На 24.03.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат за с.Љуботен, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Е.(61) од с.Љуботен, скопско, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано Е.М.(54) од с.Ласкарци, скопско и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(19) од с.Љуботен, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „фолксваген голф“ Џ.М.(55) од с.Љуботен,скопско, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи и осум сопатници од возилата „форд“ и „фолксваген голф“, од кои тројца се малолетни, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Скопјанец прегазен на паркинг

На 24.03.2024 во 17.40 часот било пријавено дека во Скопје на паркинг простор на ул.„Петре Георгиев“ патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.М.(34) од Р.Турција, удрило во М.Ќ.(77) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ќ., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Пронајдена дрога кај две лица од Велес

Судија на претходна постапка од Основен суд Велес му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на А.М. (38) од Велес поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 23.03.2024 во 21.45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода А.М.(38) и Е.Д.(36), двајцата од Велес, затоа што кај А.М. биле пронајдени и одземени 34 пакувања со кафеава прашкаста материја и дигитална вага, а кај Е.Д. пронајдена и одземено едно пакување со марихуана. По документирање на случајот, од страна на СВР Велес е поднесена кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка е одредена мерка притвор за А.М.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Претреси во Скопје, пронајдена дрога

На 24.03.2024 во 22.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ќ.(23) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 24.03.2024 во 17.00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Т.(27) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 24.03.2024 во 19.25 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ш.(27) од с.Крушопек-скопско поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

646 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (24.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 646 возачи. Од нив 49 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 300 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 346 надвор од населено место.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 2 години

policisko-kombe-640x853-e1540037714913

Тепачки: натепани малолетници, а малолетник мајка и сестра

На 23.03.2024 во 22.15 часот во Полициското одделение Велешта, Х.И.(73) од с.Велешта, струшко, пријавил дека околу 22.10 часот во с.Велешта, неговиот малолетен внук физички бил нападнат Р.Ж.(женско лице) од истото село. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 23.03.2024 во 13.05 часот, полициски службеници од Полициската станица Чаир лишиле од слобода малолетник од скопско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ги нападнал своите мајка и сестра, а оштетил и дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде пдонесена соодветна пријава.На 23.03.2024 во 18.10 часот во СВР Тетово, А.Т.(41) од Тетово пријавила дека околу 16.00 часот во двор на основно училиште во Тетово, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник, кој употребил и остар предмет и му нанел повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-49-7540PM

Приведен: Скопјанец се самозодоволувал во автобус среде Центар

Денеска (24.03.2024) во 00.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода В.М.(54) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 23.03.2024 околу 23.00 часот во автобус на ЈСП на подрачје на Центар се самозадоволувал.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Скопје | пред 2 години

zatvor

Осуденик од Битола кој се враќал од викенд на затвор, пробал да си внесе и прашкаста материја

На 23.03.2024 во СВР Битола, од Казнено - поправната установа Затвор Битола било пријавено дека во 20.30 часот, при претрес на торба на осуденикот В.У.(35) од Битола, кој се враќал од викенд отсуство, вработен во затворот пронашол две пакувања со прашкаста материја.Полициски службеници од СВР Битола извршиле увид, а пронајденото било одземено за понатамошна постапка.По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-33-4360PM

Тешка несреќа и на патот Кичево-Демир Хисар

На 23.03.2024 во 20.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Кичево - Демир Хисар, во Близина на с.Сопотница, демирхисарско, патничко возило „ауди" со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(36) од Кичево, излетало од коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Клиничка болница Битола.Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

Македонија | пред 2 години

soobrakajka

Авомобил излета од автопатот Скопје-Тетово: со Брза помош, возачот однесен во болница

На 23.03.2024 околу 12.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Скопје – Тетово, кај место викано „Карпалак“, товарно возило „фолксваген кеди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.Е.(57) од Гостивар, излетало од коловозот.Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клинички центар Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-10-9310PM

Фатени без возачка и напиени, но и без појас: казнети 134 возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за возење под дејство на алкохол, 11 мерки за некористење сигурносен појас...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-3350PM

Мислел дека му се бизнис партнери, а тие измамници: нова измама во Македонија

На 22.03.2024 во 13.50 часот во Полициската станица Кочани, 51 – годишник од Кочани пријавил дека бил измамен од две лица од Кочани.Според пријавеното, тие се договориле да започнат заеднички бизнис, по што тој подигнал два брзи кредити и им ги дал парите и после тоа го прекинале контактот со него.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Уште еден градоначалник доби кривична поради злоупотреби: спровел тендер, на незаконски начин

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против С.В.(53) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, во 2021 година, во својство на градоначалник на општина Свети Николе, за реализација на проектот за изградба на фекална канализација во населено место Рудина, спротивно на законските одредби и со пречекорување на своите овластувања, спровел јавна набавка и склучил договор со приватна фирма во вредност од 1.649.400 денари, а во текот на градбата бил склучен и анекс договор во вредност од 329.806 денари за непредвидени и дополнителни работи.Во исто време, во 2021 година, повторно спровел јавна набавка за тампонирање и чистење на улиците во Свети Николе со градежна механизација во вредност од 2.500.000 денари со друго правно лице, кое по негово одобрение, спротивно на одредбите од договорот го ископало ровот за фекалната канализација. По преземените мерки било утврдено дека за проектирана вредност на фекалната канализација од 1.996.082 денари, биле платени вкупно 4.761.957 денари.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Тешко повреден малолетник во сообраќајна несреќа

На 21.03.2024 во 10.30 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на ул.„Браќа Миладинови“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со винички регистарски ознаки, управувано од А.Б.(24) од Виница и мопед со винички регистарски ознаки, управуван од малолетник од Виница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.

Македонија | пред 2 години

soobrakjajka-pasat

Сообраќајна несреќа на патот Тетово-Скопје, едно лице со тешки телесни повреди

На 21.03.2024 во 12.51 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Скопје, кај с.Групчин, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со италијански национални ознаки, управувано од Ш.Р.(38) од с.Бојане, скопско, патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(68) од с.Ларце, тетовско и патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки управувано од У.Б.(35) од с.Лисец, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „опел“, С.Б.(35) од с.Лисец, а со телесни повреди се здобиле возачот У.Б. и сопатничка од возилото „мерцедес“, Ц.Ф.(49), констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-42-5320PM

177 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

Во текот на вчерашниот ден (21.03.2024) во периодот од 09.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 177 пешаци од кои, 139 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин... За време на контролата санкционирани се и 131 други видови на сообраќајни прекршоци.Сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

Македонија | пред 2 години

policija-policajci-kontrola-vozaci-avtopat

173 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (21.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 173 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 82 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 91 надвор од населено место.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања