Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

Нема фотографија

Битолчанец продавал дрога на малолетници

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.Осомничениот продавал наркотична дрога – марихуана на зависници во Битола, при што во два наврати му продал марихуана на дете кое не наполнило 14 години. При личен претрес на осомничениот на 20 март полицијата кај него пронашла 10,75 грама марихуана во две пакувања.Јавен обвинител до Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи за тоа постојат сите законски основи. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 2 години

ubistvo

Матичен доктор убиен во Железара: убиецот во бегство, откако неколку пати го прободел со нож

Брутално убиство се случило пред Поликлиниката во Железара. Според првичните информации, убиен е доктор, кој бил смртно прободен неколку пати со нож. Станува збор за доктор по општа медицина.Телото на убиениот било пронајдено од негов роднина. Била повикана Брза помош и имало обиди за реанимација - но биле безуспешни.Непознати се причините за убиството, а убиецот е во бегство.

Скопје | пред 2 години

ubistvo

Детали за убиството на докторот во Железара: Синовите го нашле телото, откако тој не се вратил од работа

На 21.03.2024 во 23.09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, во парк во близина на поранешна фабрика Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје.Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 години

272979129_360942928889350_144321398272608477_n

МВР со детали за сообраќајката Прилеп-Градско: возачот на цистерната нема повреди

На 21.03.2024 во 17.57 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Градско - Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски односи, управувано од А.М.(29) од Прилеп и товарно возило „ман“ со скопски регистарски односи, управувано од З.Б.(38) од Куманово.„Во несреќата, А.М. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во градската болница Прилеп каде починал. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа на ОВР Прилеп“, велат од МВР.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-03-22-at-08.21.06

Млада докторка од Геријатрија загина во сообраќајка во Скопје, колегите во неверување: Сите нѐ смрзна, сите не замолчи во еден миг

Докторката Моника Лукровска загина во сообраќајката која пред два дена се случи на магистралниот пат кој води од Скопје до Блаце. Таа работеше во Специјализираната болница за геријатрија во Скопје. Мајка е на две малолетни деца.„Остави траги и многу спомени зад себе.Денес сите не смрзна,сите не замолчи во еден миг. Во еден миг застана се и само погледи се ширеа со силна воздишка и солза меѓу нас а без глас.Добриот човек секогаш ќе се памти. Ти беше херој,професионалец ,пријател и колега со срце и милост.Секогаш зрачеше со позитивна енергија без разлика на секојдневието. Денес не обои во црно, Ќе недостасуваш многу. Почивај во мир“, напишаа колегите од болницата.Претходно, МВР објави детали за несреќата.„На 20.03.2024 во 21.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на магистралниот пат Скопје - Граничен премин Блаце се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Л.(40) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.В.(52) од с.Сарај, скопско. Од здобиените повреди на местото починала М.Л., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Р.В. и неговата сопатничка А.И.(25), а со телесни повреди се здобиле сопатничката З.В.(47) и двајца малолетни сопатници, сите од возилото „фолксваген голф“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје“, објавија од МВР.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

162 сообраќајни прекршоци во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (21.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина пет санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, пет мерки за користење мобилен телефон при возење, 16 мерки за прекршоци што ги прават пешаците...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Македонија | пред 2 години

soobra-2

Загина 29-годишно момче: за три дена нова тешка несреќа на патот Градско-Прилеп

Автомобил со прилепски регистарски ознаки и цистерна учествувале во сообраќајката на патот Градско-Прилеп. Според првичните информации, животот го загубило 29-годишно момче кое се превезувало со автомобилот. Истото било од Прилеп.Несреќата се случи околу 18 часот, а патот беше во целосен прекин.На истата делница, се случи уште една сообраќајка пред три дена. Во претходната, настрада 20-годишно момче кое се бори за живот.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2022-12-03-at-16.52.13

Несреќа на патот Прилеп-Градско: сообраќајот во прекин

Нова несреќа има на патот Прилеп-Градско. Сообраќајот е во прекин.На 21.03.2024 година од 18.06 часот на магистралниот пат Прилеп-Градско, помеѓу раскрсница за с.Ореовец и с.Плетвар, поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во целосен прекин“, информираат од АМСM.Детали за сообраќајката не се познати.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Едно лице почина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Скопје - Граничен премин Блаце

На 20.03.2024 во 21.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на магистралниот пат Скопје - Граничен премин Блаце се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Л.(40) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.В.(52) од с.Сарај, скопско. Од здобиените повреди на местото починала М.Л., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Р.В. и неговата сопатничка А.И.(25), а со телесни повреди се здобиле сопатничката З.В.(47) и двајца малолетни сопатници, сите од возилото „фолксваген голф“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Приведен крадец во Свети Николе

На 20.03.2024 во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе при СВР Штип го лишиле од слобода В.Б.(41) од Свети Николе. Тој се сомничи дека на 19.03.2024 во продажен објект во Свети Николе извршил кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин, додека на 20.03.2024 извршил кривично дело „тешка кражба“ од куќа во Свети Николе, од каде одзел повеќе предмети. Во службен разговор во полициска станица, тој ги признал делата, а поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените. По целосно документирање на случаите, против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Претреси на територијата на Македонија, пронајдена и одземена дрога

На 20.03.2024 во 23.50 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(29) од Република Грција затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 20.03.2024 во 15.00 часот на ул.„Марко Цепенков“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Д.С.(18) и еден малолетник, двајцата од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава.На 20.03.2024 во 13.00 часот, полициски службеници од СВР Битола привеле пет малолетници и С.М.(19), сите од Битола. Тие биле затекнати во двор на црква во Битола и при преглед кај нив, кај двајца од малолетниците биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.На 20.03.2024 во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Ч.Т.М.(32) од Република Турција  затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 21.03.2024 во 01.30 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип ги лишиле од слобода А.А.(22), 20 – годишната Б.И. и Д.В.(20), тројцата од Пробиштип, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По комплетирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Со тешки телесни повреди возач на „фолксваген голф“, кој излетал од патот

На 20.03.2024 во 14.30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на магистралниот пат Градско – Прилеп, кај село Дреново, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(31) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Кавадарци. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

275 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (20.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 275 возачи. Од нив 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 155 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 120 надвор од населено место.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-51-8610PM

Хаос од тепачки во Скопје и пукање во Сарај: меѓу насилниците и малолетници

На 19.03.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје, Ј.К. пријавила дека на подрачјето на општина Аеродром, двајца малолетници физички го нападнале нејзиниот малолетен син и му одзеле лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 19.03.2024 во 14.40 часот во СВР Скопје, Б.В.(43) од Скопје пријавил дека околу 03.40 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 19.03.2024 во 17.32 часот во СВР Скопје, З.П.(41) од Скопје пријавил дека пред спортска обложувалница на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од С.Ј.(39) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 19.03.2024 во 22.00 часот во СВР Скопје, Ј.М.(60) од с.Сарај, скопско, пријавил дека околу 18.25 часот во селото, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од И.Љ.(36) од с.Сарај, кој потоа од огнено оружје испукал два куршуми кон него, но не го погодил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 19.03.2024 во 21.07 часот во СВР Скопје, Ш.Ш.(38) од Скопје пријавил дека околу 20.50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање, неговата малолетна ќерка била физички нападната од Р.Е.(46) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 19.03.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, С.Б.(24) од с.Трубарево, скопско, пријавила дека околу 16.00 часот во селото, по претходни недоразбирања, била физички нападната од К.Л.Д.(53) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Приведен крадец од Тетово

Вчера (19 март) околу 13 часот и 20 минути на ул.„Михајло Рајчевиќ“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ја привеле 23-годишната тетовка Б.Ј., која била барана по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година и шест месеци за сторено кривично дело „кражба“, казниво по член 235 од Кривичниот законик.Претходно, Б.Ј. била пријавена од 30-годишниот тетовец А.С. дека во неговата куќа на оваа улица извршила кражба и одзела повеќе предмети, кои подоцна биле пронајдени и му биле вратени. Б.Ј. била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Приведен дилер од Тетово кој бил баран со потерница

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (19 март) околу 20 часот и 40 минути на улица „Киро Ристевски - Дрнц“ во Тетово го привеле 51-годишниот тетовец Н.Е, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.

Македонија | пред 2 години

marihuana2

Пронајдена и одземена марихуана во Кисела Вода и Гази Баба

На 19.03.2024 во 17.45 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.С.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 19.03.2024 во 16.30 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Б.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 години

soobrakjajka-izletano-vozilo

Возило излетало од патот Штип - Кочани: возачот со тешки телесни повреди

На 19.03.2024 во 16.29 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Штип–Кочани, помеѓу с.Чардаклија и с.Долни Балван, на излез на с.Чардаклија, патничко возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.С.(26) од Кочани, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Сообраќајка на патот Велес - Градско: се судриле мопед и „бмв“ - со тешки телесни повреди возачот на мопедот

На 19.03.2024 во 16.25 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Градско, мопед „кимко“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Т.С.(30) од Велес, удрил во паркирано патничко возило „бмв“, паркирано од Д.Т.(32) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот Т.С., а со телесни повреди се здобила сопатничката на мопедот Е.С.(24) од Велес, констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Приведен крадец од Куманово

На 19.03.2024 во 22.10 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Д.(32) од Куманово. Тој се сомничи дека претходниот ден од приватен имот на улицата „Салтир Наумов" во Куманово одзел повеќе предмети. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Пронајдена дрога во светиниколско

На 19.03.2024 во 12.40 часот во с.Ерџелија, светиниколско, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода А.Т.(23) од с.Ерџелија. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка со остатоци од марихуана, други предмети со остатоци од марихуана и кутија со пиротехнички средства. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-42-5320PM

149 санкции за прекршоци на пешаците

Во текот на вчерашниот ден (19.03.2024) во периодот од 08.00 до 13.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 149 пешаци од кои, 134 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин... За време на контролата санкционирани се и 106 други видови на сообраќајни прекршоци.Сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

172 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 172 мерки, меѓу кои 14 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, 13 мерки за некористење на сигурносен појас, 19 санкции за користење мобилен телефон при возење...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 2 години

oružje

Пронајдено оружје кај две лица од кавадаречко

На 18.03.2024 во 19.00 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода З.П.(56) и Б.П.(33) од село Сирково, кавадаречко. При претрес во нивниот семеен дом, извршен со наредба од Основен суд Кавадарци, кај З.П. биле пронајдени и одземени две воздушни пушки, сигнален пиштол, повеќе сигнални куршуми, повеќе куршуми за ловечка пушка, кутија со сачми и барут и алатки за изработка на муниција. Додека кај Б.П. биле пронајдени и одземени повеќе ловечки патрони. Лицата биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 2 години

nesrekja-velosipedist

Велосипедист со скршеници донесен на Клиника: бил удрен од моторцикл, возачот избегал

На 18.03.2024 во 13.20 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ј.Б.(73) од Скопје, со кои се здобил во сообраќајна несреќа.Полициски службеници со него извршиле службен разговор во кој изјавил дека на 17.03.2024 околу 17.00 часот на ул.„Методија Патчев“ во Скопје, додека управувал велосипед, бил удрен од мотоцикл, кој го напуштил местото.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања