Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

Screenshot-2022-05-14-at-21.34.51

Камион и „ауди“ се судрија на патот Прилеп-Битола - возач со тешки повреди е во болница

На 19.03.2024 околу 01.05 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп – Битола, во близина на Прилеп, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(58) од Битола и патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(20) од Прилеп.Во несреќата возачот Д.К. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Прилеп. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Пронајдена дрога кај три лица од Скопје

По преземени мерки и добиени сознанија дека подолг период врши продажба на дрога на зависници во Скопје, на 18.03.2024, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога - Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при Оддел за криминалистичка полиција, во координација Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје и Специјалната антитерористичка единица Тигар, со судска наредба, извршиле претрес во домот и други простории на Г.П.(45) од Скопје.При претресот биле пронајдени и одземени хероин, дигитална вага, повеќе предмети со остатоци од хероин и повеќе други вредни предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Исто така, при претресот во домот на Г.П. бил затекнат и Д.Ж.(46) од Скопје.Двајцата биле лишени од слобода. Претходно, од слобода бил лишен и З.Д.(50) од Скопје, кој во текот на денот бил во домот на Г.П. и користел хероин. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

156 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (18.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 156 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 73 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 83 надвор од населено место.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

152 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 санкции, 25 мерки за некористење сигурносен појас, осум санкции за непрописно престројување на возила...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2024-03-18-at-13.17.00

(Видео) Полицајци ќе одговараат: добиле пријава дека лица мафтале со оружје седат во кафуле, но не ги легитимирале ниту им го одзеле

Дисиплинска одговорност за четворица полициски службеници од ПО Кривогаштани кои постапиле спротивно на Законот и подзаконските акти.„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за утврдување дисциплинска одговорност, против лицата Б.Б., Г.А., С.С. и Д.Т. – вработени во Министерството за внатрешни работи на работно место полицаец во ПО Кривогоштани.Имено, постапувајќи по претходна пријава на сопственик на угостителски објект на територијата на општина Кривогаштани, во која се вели дека во неговиот објект седат лица кои поседуваат огнено оружје – за што биле објавени снимки и на социјалните мрежи, претходно споменатите полициските службеници не извршиле одземање на оружје, претрес и легитимирање на лицата, напиша техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски. Тој додава:Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, беа извршени сите неопходни проверки и притоа беше утврдено дека со непреземањето на потребните мерки полициските службеници постапиле спротивно на Законот за полиција и со тоа извршиле потешко кршење на работниот ред и дисциплина.

Македонија | пред 2 години

1-2

(Видео) Запленети 22 автомобили при заедничка акција на Царина и МВР

Во дводневна заедничка акција на Секторот за контрола и истраги при Царинска управа и Министерството за внатрешни работи запленети се 22 патнички моторни возила со странски регистарски таблици управувани од македонски државјани.Запленетите возила се од различни марки, а меѓу нив, четири ПМВ се марка МЕРЦЕДЕС, три ПМВ се марка АУДИ, две ПМВ се марка БМВ, едно патничко товарно возило е марка ТЕСЛА и др., а сите возила биле управувани од македонски државјани на територија на Република Северна Македонија повеќе од 6 месеци.Против сторителите на прекршоците ќе биде поднесено Барање за поведување прекршочна постапката до надлежниот суд.Имено, во согласност со законските надлежности на Царинската управа, кои се во согласност со критериумите и условите пропишани во Истанбулската конвенција за привремен увоз, одредби од Царинскиот закон и одредби од Уредбата за спроведување на Царинскиот закон, граѓаните на РСМ и странците можат привремено да внесат и да управуваат возило на територијата на Република Северна Македонија за време на нивниот престој, но, најмногу 6 месеци во период од 12 месеци, по што возилото мора да ја напушти територијата на Република Северна Македонија.Во спротивно ќе треба да се пријават на најблиската царинска испостава во местото каде привремено престојуваат и да започнат соодветна царинска постапка за увоз или привремен увоз на возилото.

Македонија | пред 2 години

655-402-zatvor

Претресен битолскиот затвор - осудениците имале марихуана, таблети, телефон

На 17.03.2024 во 20.00 часот во СВР Битола, од Казнено – поправната установа Затвор Битола било пријавено дека при претрес во просторијата во која биле сместени осудениците М.Б.(28) од Битола, А.Т.(32) од Прилеп, А.Ф.(32) од Прилеп, Е.С.(27) од Скопје и Е.М.(30) од Битола биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе различни таблети и мобилен телефон.Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола извршиле увид и го подигнале пронајденото за понатамошна постапка. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 години

mvr-soobrakajka

Малолетник возел малолетник на четирицикл: тешка несреќа во Кичево

На 17.03.2024 во 13.16 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево - Осломеј се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ш.М.(31) од Швајцарија, со живеалиште во Кичево и четирицикл управуван од малолетник од с.Махмудовци, кичевско.По несреќата малолетниот возач и неговиот малолетен сопатник биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Приведен крадец од Тетово

Вчеравечер (17 март) околу 22 часот и 50 минути на крстосница од улица „Видое Смилевски-Бато“ со улица „29 Ноември“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 34-годишниот К.М. од гостиварско Дебреше, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено - поправната установа Затвор Идризово во Скопје за доиздржување на затворска казна од 2 години и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Приведен маж од тетовско кој бил баран со потерница

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (17 март) околу 14 часот и 30 минути на локалниот пат за тетовското село Требош го привеле 35-годишниот М.А. од Требош, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на едногодишна затворска казна за сторено „тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ казниво по член 300 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

260 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (17.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 260 возачи. Од нив 18 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 100 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 160 надвор од населено место.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

119 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (17.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 119 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за управување под дејство на алкохол, 11 мерки за неносење на сигурносен појас...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-21-3210PM

За седум часа, во Скопје уапсени седум лица - најмногу од нив во Центар и Карпош

Денеска (17.03.2024) во 01.15 часот на подрачјето на Центар во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(19) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (17.03.2024) во 01.00 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.П.Ч.(39) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (17.03.2024) во 02.45 часот во близина на угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.В.(29) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (17.03.2024) во 02.20 часот во близина на угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(32) од Кавадарци поради тоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 16.03.2024 во 20.10 часот на подрачјето на Центар во Скопје полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.В.(37) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 16.03.2024 во 21.05 часот на подрачјето на Центар во Скопје полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода И.И.(44) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 16.03.2024 во 22.05 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Г.(20) од Скопје поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 години

DSC_0735

Со џип удрил во две паркирани возила, па прегазил пешак - тешка несреќа во Штип

Денеска (17.03.2024) во 00.05 часот било пријавено дека во Штип на ул.„Борис Кидрич“ патничко возило „доџ“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.О.(23) од с.Селце-штипско, удрило во паркирани возила: товарно возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, патничко возило „голф“ со штипски регистарски ознаки и патничко возило „рено“ со кочански регистарски ознаки, како и во пешакот Т.К. (45) од Штип.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Т.К.(45) од Штип, а со телесни повреди се здобил возачот Е.О., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Македонија | пред 2 години

policija-policaec-35

Скопјанец се карал со полицајци, а тие со лисици го однеле во станица

Денеска (17.03.2024) во 00.20 часот пред угостителски објект во населбата Илинден-скопско полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.Ј.(20) од Скопје поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник кој извршувал службени задачи.По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 години

zabava-2

Драма во прилепски ресторан: жена прскала со течност и се заканила дека објектот ќе го дигне во ваздух

На 16.03.2024 во 22.10 часот во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода К.И.(32) од Прилеп поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност" по чл. 288 од КЗ.„Имено, на 16.03.2024 околу 22 часот во ОВР Прилеп Т.К.(61) од Прилеп пријавил дека околу 21.30 часот во неговиот угостителски објект во Прилеп влегла К.И. и со шише наполнето со запалива течност прскала по подот и се заканувала дека ќе го запали објектот“, велат од МВР.К.И. е приведена во полициска станица Прилеп и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 години

Ekstazi-02

Со куп екстази се шетал по улица во Кавадарци: уапсено 23-годишно момче

На 16.03.2024 во 21.00 часот на улица „Гоце Делчев“ во Кавадарци полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ј.Ф.(23) од Кавадарци. При прегледот кај него биле пронајдени и одземени 100 таблети екстази.По издадена наредба од Основен суд Кавадарци бил извршен и претрес во неговиот дом и биле пронајдени и одземени 33 таблети екстази и пари. Ј.Ф. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 години

soobrakajka

Возач со „Сеат ибица“ излета од патот кај Виница, повредени се и тој и сопатничката

На 16.03.2024 во 23.24 часот било пријавено дека регионалниот пат Виница–с.Смојмирово патничко возило „сеат ибица“ со штипски регистарски ознаки управувано од Н.А.(44) од с.Грдовци-кочанско излетало надвор од коловозот.„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Е.А.(34) од с.Грдовци-кочанско констатирани во Општата болница Кочани“, велат од МВР.Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-33-1180PM

И во Прилеп прегазен пешак: девојка со тешки повреди е во болница

На 16.03.2024 во 10.30 часот било пријавено дека во Прилеп на ул.„Прилепски бранители“ патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(56) од Прилеп, удрило во Б.К.(29) од с.Дреновци-прилепско.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.К., констатирани во Градската болница Прилеп.Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Македонија | пред 2 години

soobrakajka_deca

Тешка несреќа во Струга: кавадарчанец удрил во пешак кој е итно пренесен во болница

На 16.03.2024 во 09.15 часот било пријавено дека во Струга на ул.,,Боро Хаџиески“ патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од И.А.(28) од Кавадарци, удрило во Љ.Н.(71) од Струга.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.Н., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.

Македонија | пред 2 години

IMG_4868

Млад скопјанец шверцувал мигранти: полицијата го запирала, тој бегал - па го фатиле

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени пет лица од Сирија.Денеска (17.03.2024) околу 5 часот на регионалниот пат Демир Капија-Неготино полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица и ПС за ГН Михајлово го лишија од слобода М.А. (22) од Скопје, затоа што во возило „пежо“ превезувал пет лица мигранти од Сирија.М.А. не застанал на даден знак од полициски службеници, но по преземени мерки и активности, возилото е запрено, а М.А. лишен од слобода.По целосно документирање на случајот, против М.А. ќе биде поднесена кривична пројава до надлежното обвинителство.

Македонија | пред 2 години

431273749_122129643842197509_6184723639384922826_n

МВР: Вработените на границите Танушевци и Блаце благодарни што за првпат ги посетил еден министер

Министерството за внатрешни работи објави дека вработените во полициските станици за граничен надзор Танушевци и Блаце се за првпат посетени од министер. Панче Тошковски отишол за да ги чуе нивните проблеми. Ова е вторпат за краток период, службениците посетени од Тошковски да истакнат дека биле заборавени од неговите претходници.„На крајот на средбите, беа донесени неколку заклучоци од аспект на можни решенија на дел од проблемите а од страна на министерот беше потенцирано дека ќе се преземе сѐ што е можно во овој период, имајќи ја предвид техничката природа на моменталната Влада и ограничувањата кои таа ги носи, а од нивна страна беше изразена благодарност што за првпат се посетени од еден министер“, се вели во соопштението на МВР.Пред десетина дена, Тошковски беше и во секторот на МВР во Неготино, каде службениците исто така му посочиле дека досега, биле невидливи за неговите претходници.„..Исто така, ја искористив приликата да ги посетам и управните служби во Неготино каде од страна на вработените ми беа презентирани проблемите со кои се соочени во секојдневното работење и беше потенцирано дека за првпат се посетени од еден министер“, напиша министерот Тошковски.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-57-0310PM

Се трага по 17-годишно момче од Тетово, заминало во училиште и не се вратило дома

На 16.03.2024 во 00.10 часот во СВР Тетово, В.С.(68) од Тетово пријавил дека на 15.03.2024 неговиот внук Ф.Б.(17), лице со здравствени проблеми, заминал на училиште и не се вратил дома.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Македонија | пред 2 години

1-1

(Фото) Детали од апсењето на 21-годишниот скопјанец, фотографии од најдената дрога

На 15.03.2024 во 10.40 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна единица при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(21) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени 37 пакувања хероин и марихуана.Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што, исто така, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со хероин, марихуана, четири дигитални ваги и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.Во консултација со јавен обвинител против лицето е поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка му е определен притвор.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Дрога, мигранти, фалсификувања: Апсења на повеќе локации во Скопје, на две граници, и во Велес

а 16.03.2024 во 02.10 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода К.Ѓ.(53) и Е.А.(50), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.На 15.03.2024 во 21.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.На 15.03.2024 во 16.10 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица при регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Д.М.(26) од Богданци, со привремен престој во Гевгелија. Тој бил затекнат како му помага на Е.Х.(39) од Република Албанија илегално да помине од територијата на Република Грција во Република Северна Македонија. За настанот биле известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.На 15.03.2024 во 18.00 часот на улица „АСНОМ“ во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода О.Ѓ.(43) и К.Б.(49), двајцата од Велес, затоа што при преглед на возилото во кое се превезувале била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.На 15.03.2024 во 19.00 часот на наплатна станица „Сопот“, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода Л.М. затоа кај него биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и кафеава грутчеста материја. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 15.03.2024 во 15.00 часот на Гранчен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.К.Б.(43), по негово кажување, од Палестина. При пасошка контрола и проверка, тој на увид дал романска лична карта, за која било утврдено дека е фалсификувана. Лицето било спроведено во СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања