Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-33-1180PM

Како од филм, среде улица: пукање во Куманово, па кражба на илјадници евра - возилото на криминалците е најдено запалено

Возрасен кумановец остана без илјадници евра кој ги носел во торба, откако, четири лица со „Ренџ ровер“ удриле во „пасатот“ во кој биле парите, па потоа и пукале во возачот. Полицијата потврдува дека возилото со кое биле одземени, неофицијално, над 150 илјади евра, било најдено запалено. Според извори од МВР, жртвата е сопственик на менувачница„Денеска во 20:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „Доне Божинов“ во Куманово патничко моторно возило „Ренџ Ровер“ со скопски регистарски ознаки удрило во патничко моторно возило „пасат“ со кумановски регистарски ознаки управувано од С.С. (63) од Куманово. При што неколку лица пукале кон возачот на патничкото моторно возило „пасат“ и му одзеле торба со пари, а подоцна го запалиле патничкото моторно возило 'Ренџ Ровер'“, вели СВР Куманово.Ограбениот е повреден и беше однесен во болница.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Дрога и оружје пронајдени во кочанско

На 14.03.2024 полициски службеници од ОВР Кочани при СВР Штип го лишиле од слобода Н.С.(43) од с.Горни Подлог, кочанско. При претрес во неговиот дом во с.Горни Подлог, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, машинка за изработка на цигари, воздушен пиштол калибар 4,5 мм и повеќе дијаболи калибар 4,5 мм за кои не поседувал документација. По целосно документирање на случајот, против Н.С. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-41-6540PM

Тешко повреден возач: со возило излетал од патот во Македонска каменица

На 14.03.2024 во 13.00 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека на локалниот пат во с.Моштица, општина Македонска Каменица, кај маала „Мачуваница“, патничко возило „опел корса“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од С.И.(79) од Македонска Каменица излетало од патот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип.Извршен бил увид од увидна екипа од Полициското одделение Македонска Каменица.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

137 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (14.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 137 возачи. Од нив 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 84 надвор од населено место.Сообраќајните контроли продолжуваат. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

167 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (14.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, 23 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при возење.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-54-5730PM

Нов хорор: Малолетници осомничени дека силувале дете кое било под 15 години

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.К.(18), Д.К.(20), Н.Б.(18), М.З.(18) и двајца малолетници, сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“.Пријавените, во текот на јуни 2023 извршиле обљуба врз малолетничка.

Македонија | пред 2 години

kvantaski

Извадиле и пиштол: две лица нападнати од непознати насилници на Кванташки

На 13.03.2024 околу 16.30 часот во СВР Скопје, С.Ј.(33) од Скопје пријавил дека пред влезот на Кванташки пазар, тој и неговиот пријател М.Р. биле физички нападнати од неколку лица, од кои едно од нив со пиштол го удрило по главата.Според пријавеното, лицата го оштетиле и неговото патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-3350PM

Германци агресивни кон полицајци во Аеродром, па ги уапсиле

На 13.03.2023 во 22.15 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле К.Џ.Ф.С.(18), Т.А.Л.(20) и М.М.А.(19), сите од Сојузна Република Германија, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

207 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (13.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 207 возачи. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возилo се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 94 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 113 надвор од населено место.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Приведен дилер од Охрид

На 13.03.2024 во 11.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода А.А.(40) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Охрид | пред 2 години

DSC_0718

Пронајдена исчезнатата малолетничка од Битола

На 13.03.2024 во 16.30 часот во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола ја пронашле малолетничка Н.А.(14) од прилепско село, за која на 12.03.2024, Е.Т.(48) од Битола, старател на малолетничката доделена по службена должност од Центарот за социјални работи Битола, пријавила дека се оддалечила од установата „Отворена порта“ во Скопје.Малолетничката била предадена во установата.

Македонија | пред 2 години

WhatsApp-Image-2023-12-13-at-17.04.38

Прегазен велосипедист во Скопје - со повреди однесен во болница

На 13.03.2024 во 14.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Кузман Јосифовски-Питу“ и ул.„Бојмија“ во Скопје, патничко возило „сеат леон“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ф.Н.(25) од Велес, удрило во велосипед управуван од Т.М.(70) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Претрес во Куманово, пронајдени дрога и пиштол

На 13.03.2024 во 15.20 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Р.(31) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и пиштол. Д.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Приведен криминалец од Скопје

На 13.03.2024 во 09.15 часот на улица „Гоце Делчев“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле Б.Р.(38) од Скопје, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од две години за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Приведен дилер од Велес

На 13.03.2024 во 13.00 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода Т.А.(27) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени хероин и две дигитални ваги. Т.А. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

154 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (13.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина седум санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, две мерки за управување под дејство на алкокол...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 2 години

fond-penzisko-piom

Поранешниот директор на ПИОМ го оштетил Фондот за 1.387.558 денари, тврди МВР и поднесе кривична пријава

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Бирото за јавна безбедност до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Д.Б.(45) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик.Во периодот од 19.02.2022 до 17.03.2023, кога ја вршител на функцијата директор на Фондот за ПИОСМ, пријавениот Д.Б. во име на фондот склучил повеќе договори за дело и договори за извршување на самостојна работа со шест физички лица, постапувајќи спротивно на член 25 ст.1 од Закон за спречување на корупција и спротивно на одредбите од членовите во склучените договори.Имено, пријавениот и покрај тоа што знаел дека ангажираните лица не ги извршувале доверените работни задачи, предвидени во склучените договори, а ниту пак фондот водел евиденција за редовност, во повеќе наврати извршил исплати на парични средства на трансакциски сметки на физичките лица во вредност која била утврдена во склучените договори. На тој начин, пријавениот Д.Б. овозможил лицата да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 1.387.558 денари или 22.525 евра на штета на Фондот за ПИОСМ, односно Буџетот на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Сообраќајка во Куманово: две лица повредени и во болница

На 12.03.2024 во 07.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, локален пат кон с.Клечовце и локален пат кон с.Макреш, општина Старо Нагоричане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(53) од с.Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(42) од с.Долно Соње, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.С., а со телесни повреди се здобил И.Б., констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Приведени крадци во тетовско

Вчера (12 март) околу 17 часот и 30 минути на регионалниот пат Тетово – Скопје, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.К.(23), Б.Н.(27), Н.К.(37) и И.К.(38), сите од Тетово, и малолетник од Куманово. Тие биле затекнати при извршување кражба, при што одзеле повеќе предмети сопственост на ЈП „Македонија пат“.Одземеното било вратено на „Македонија пат“, а лицата се задржани во Полициската станица Тетово. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Приведен крадец од Гостивар по распишана централна потерница

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера (12 март) околу 15 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар го привеле 35-годишниот гостиварец С.С., кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од 14 месеци.Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Идризово во Скопје за издржување на казната.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Претрес во Скопје, пронајдена дрога

На 12.03.2024 во 13.10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје ја лишиле од слобода Н.С.(51) од Тетово, со престој во Скопје. При претрес во нејзиниот дом, извршен со наредба на Основен кривичен суд Скопје, била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. Таа била задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Санкционирани 30 мотоциклисти

Во текот на вчерашниот ден (12.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли, при што се санкционирани вкупно 30 мотоциклисти.Од нив, девет возачи управувале мотоцикл без да поседуваат возачка дозвола, односно потврда за положен возачки испит, еден мотоцикл бил нерегистриран, 19 мерки се преземени за неносење заштитна кацига, а еден мотоцикл е времено одземен поради техничка неисправност и непродолжена важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Куманово - 9, потоа на територијата на СВР Велес - 7, СВР Тетово – 5...Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

117 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (12.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 117 возачи. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возилo се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 38 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 79 надвор од населено место.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Претрес во Велес, пронајдена дрога

На 12.03.2024 во 03.30 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода Ј.К.(63) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, во дворот биле пронајдени и одземени неколку пакувања со бела прашкаста материја. Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Полициски службеник физички ја нападнал невенчаната сопруга

СВР Битола – Отсек за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против Џ.Р., полициски службеник во Полициската станица Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при вршење на семејно насилство“, казниво по член 130 став 2 од Кривичниот законик.На 29.01.2024 во Битола, Џ.Р. физички ја нападнал неговата невенчана сопруга и ѝ нанел телесна повреда. Исто така, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување на постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР и член 26 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците на МВР.Одделот за внатрешна контрола изрече и мерка за одземање на оружјето од пријавениот полициски службеник.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања