Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

oruzje

„Падна“ уште еден полицаец: колегите му го претресоа домот, му најдоа пушки и куршуми кои ги поседувал без дозвола

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје поднесе кривична пријава против полицискиот службеник З. Ц. и против правно лице – агенција за обезбедување, на која тој е сопственик и управител, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи, казниво по член 396 од Кривичниот законик.„Имено, на 26.12.2023, со судска наредба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле две ловечки пушки „црвена застава“, ловечка пушка „бенели арми“, ловечки карабин „бровинг“, ловечка пушка „берета“, четири кутии со барут, четири кутии со сачми, алат за изработување ловечки патрони, 36 куршуми во разновиден калибар и 22 ловни патрони. А при претрес во просториите што ги користи неговото правно лице биле пронајдени и одземени пиштол „чешка зброевка“, пушка „крико“ и пушка „берета“.Исто така, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 од колективниот договор и во согласност со член 214 од колективниот договор на МВР донесено е решение за отстранување на З. Ц. од работното место до донесување решение во дисциплинската постапка.

Македонија | пред 2 години

DSC_0718

Чаир, Средно Водно, Центар биле „мета“ на полицијата: седум лица се уапсени

На 11.03.2024 во 23.20 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.А.(33) од Скопје. При преглед во возилото „фолксваген пасат“ со неготински регистарски ознаки, во кое се превезувал како сопатник, кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (12.03.2024) во 00.30 часот на Средно Водно, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Б.Е.(19) од Република Турција, со престој во Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (12.03.2024) во 00.50 часот на подрачјето на Чаир во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(35) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 11.03.2024 во 13.25 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(32) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени прашкаста материја и два ножа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 11.03.2024 во 14.40 часот во с.Стајковци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.М.(23), Х.Ц.(21) и К.Х.(22), сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-42-7590PM

Скопјанец се обидел да изведе филмско бегање среде скопски Орман, откако бил запрен од полиција

На 11.03.2024 во 14.00 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.С.(48) од с.Блаце, скопско.Околу 13.20 часот во с.Орман, скопско, полициски службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал Љ.С., а кое било натоварено со огревно дрво.Набргу, на местото пристигнало уште едно лице со патничко возило „форд галакси“, по што истоварило дел од дрвата во возилото „голф“, ги зело клучевите од Љ.С. и го напуштило местото.При обид да го спречат, Љ.С. ги попречувал полициските службеници, по што и тој се обидел да побегне со возилото „галакси“, но бил лишен од слобода. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Приведен крадец од скопско

На 11.03.2024 во 14.00 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.С.(48) од с.Блаце, скопско. Околу 13.20 часот во с.Орман, скопско, полициски службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал Љ.С., а кое било натоварено со огревно дрво. Набргу, на местото пристигнало уште едно лице со патничко возило „форд галакси“, по што истоварило дел од дрвата во возилото „голф“, ги зело клучевите од Љ.С. и го напуштило местото. При обид да го спречат, Љ.С. ги попречувал полициските службеници, по што и тој се обидел да побегне со возилото „галакси“, но бил лишен од слобода.По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Приведен крадец во Свети Николе

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Свети Николе при СВР Штип расчистија 10 кривични дела „тешка кражба“ извршени на 10.03.2024 од продажни објекти во Градскиот пазар во Свети Николе од каде биле одземени разни предмети и пари.Поради постоење основи на сомнение дека ги извршил кривичните дела од слобода е лишен В.Б.(41) од Свети Николе. Тој бил задржан во Полициска станица и во службен разговор ги признал кривичните дела, а поголем дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани.По целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

129 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 129 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 12 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, седум мерки за некористење на сигурносен појас...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

(Фото) Полицаецот прегазен во Скопје уште се лекува на Клиника: го посети министерот, но и позната пејачка и од полицискиот синдикат

Полицаец бил прегазен на улицата „Јордан Мијалков“ и со тешки повреди, со денови се лекува во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. На посета му беа од Македонскиот полициски синдика, но и пејачката Елена Ристевска. Од Синдикатот најавија одговорност за возачот кој удрил во полицаецот.„Делегација на МПС составена од Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев, Генералниот секретар Зоран Кузманоски и Претседателот на Совет на МПС-СКОПЈЕ 3 Мемедали Муареми го посети колегата Христо Цаповски во Клиничкиот центар "Мајка Тереза" во Скопје. Имено колегата Христо вработен во ОБПС при СВР СКОПЈЕ, при превземање службени дејствија на ул. "Јордан Мијалков" бил удрен од патничко моторно возило при што му биле нанесени тешки телесни повреди. На повредениот колега, МПС ќе му обезбеди правна помош од страна на адвокатот на МПС за судскиот процес кој следи, со цел извршителот на делото да си ја добие заслужената казна како и остварување на соодветно обештетување од осигурувањето кое го плаќа МПС месечно за секој свој член.Македонскиот полициски синдикат на повредениот колега Христо Цаповски му посака побрзо оздравување и враќање на работните обврски“, велат од МПС.Пред два дена, на посета му беше и Ристеска.„Побрзо закрепнување и со лесно низ животот ти посакувам Христо Ц.Не можев да останам имуна на поканата од твојот татко за да те посетам и да пробам да те орасположам после тешкотијата која ти се случила. Иако не сакам да објавувам вакви настани, знам дека тебе ти значи“, напиша Ристеска.На почетокот од март, на посета беше и министерот Панче Тошкоски.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Обид за убиство во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ и против Е.М.(21) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“. На 08.03.2024 околу 11.30 часот, првопријавениот, во стан на ул.„Карпош војвода“ во Охрид, сопственост на второпријавениот, по претходна расправија ја турнал М.О.(39) од Скопје од терасата. Таа била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде и биле констатирани тешки телесни повреди.Второпријавениот Е.М., кој бил присутен, не го спречил сторителот во извршувањето на кривичното дело.

Охрид | пред 2 години

Screenshot-2024-02-24-at-16.57.46

Кога Спасовски бил министер, а Бојмацалиев шеф, имало пропусти при издавањето документи, констатираше контролата во МВР

„Во однос на наводните пропусти во издавањето на готови лични документи за кои во изминатиот период во медиумите зборуваше дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев ја информирам јавноста дека од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по негово барање беа извршени проверки и за истите е изготвен извештај во кој е констатирана фактичката состојба, односно е утврдено е дека конкретниот пропуст е направен во време кога Бојмацалиев извршувал работни задачи на позиција шеф на кабинет на поранешниот министер за внатрешни работи“, информираше техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.„Имено, проверките покажуваат дека пропустот кој се однесува на случај каде граѓанин кој се сликал на 16.12.2023г. два месеци не можел да ја подигне патната исправа, се случил на 05.01.2024г. кога предметната патна исправа била доставена во ОУР-Скопје и истата била ставена во редот со различна азбучна буква од буквата на носителот на иницијалите на наведеното лице, односно наместо во редот со азбучна буква “П“, истата била ставена во редот на азбучната буква “Р“, што било потврдено на 05.03.2024г. кога патната исправа конечно била пронајдена. Од тие причини, лицето два месеци не успеало да ја подигне патната исправа која била изработена во законски предвидениот рок.Во оваа прилика сакам да апелирам процесот на издавање на лични документи да не се злоупотребува за политички цели и сите заеднички да придонесеме што поскоро да се надмине овој проблем бидејќи граѓаните заслужуваат да добијат квалитетен сервис од МВР и да можат во нормални услови да ги извадат своите лични документи“, додава Тошковски.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Апсења во Карпош и Аеродром, но и на границата „Блаце“ и во Тетово

На 10.03.2024 во 13.30 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 10.03.2024 во 14.15 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Д.(31) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 10.03.2024 околу 13.00 часот на улица „163“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 25-годишниот А.Ј. од тетовска Мала Речица затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против А.Ј. ќе следува соодветен поднесок.На 10.03.2024 во 20.40 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Г.Л.(44) од Франција затоа што при извршена гранична проверка и контрола било констатирано дека возилото „ауди“ со француски национални ознаки, кое го управувал, евидирало во оперативна евиденција по барање од Интерпол. Возилото било одземено, а Г.Л. бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Мирковци за понатамошна постапка.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-11-10-at-12.58.42

Несреќа во Валандово - возач заврши во болница со тешки повреди

На 10.03.2024 во 20.10 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на булевар „Првомајска“ во Валандово, патничко возило „фиат пунто“ со валандовски регистарски ознаки, удрило во бетонско острово на булеварот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Ј.(54) од село Пирава, валандовско, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-39-8670PM

Сообраќајка кај Воена болница: се судриле мопед и „голф“ - еден возач во болница

На 10.03.2024 во 07.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански одреди“, ул.„Бледски договор“ и ул.„Париска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Р.В.(30) од Виница и мопед „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(27) од Тетово.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

740 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (10.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 740 возачи. Од нив 62 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 378 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 362 надвор од населено место.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Приведени крадци од Прилеп

На 10.03.2024 во 12.30 часот во с.Долно Српци, општина Могила, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Т.Н.(35), Б.Џ.(37), С.Р.(20), А.Р.(23), А.Р.(45), Е.Б.(32), Д.Д.(24), Е.К.(24) сите од Прилеп и Р.В.(61) од с.Мажучиште, прилепско.Тие биле затекнати при извршување на кражба во објект на ЗИК „Пелагонија“.Од нив биле одземени патничко возило „фолксваген венто” со прилепски регистарски ознаки, патничко возило „фолксваген венто” со гостиварски регистарски ознаки и патничко возило „форд транзит” со гостиварски регистарски ознаки, натоварени со повеќе предмети сопственост на ЗИК „Пелагонија“. Предметите биле вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, против лицата ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

158 санкционирани возачи на територијата на општина Гостивар

Во текот на вчерашниот ден (10.03.2024) во периодот од 11.30 до 17.30 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Гостивар, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.При контролата санкционирани се 158 возачи, од кои 47 за возење без возачка дозвола, 20 санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, 23 мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), седум санкции за возење без лекарско уверение во јавниот превоз... На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

208 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (10.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 208 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 131 санкција, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за управување под дејство на алкокол...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 2 години

ubistvo

Обид за брутално убиство: скопјанец десетпати избоден со нож во гради, осомничени пет лица - еден во бегство

Во врска со кривично-правен настан случен на ден 08.03.2024 година околу 19:00 часот каде што лицето М. А. (32) од Скопје е нападнато од 5 НН лица при што истото се здобило со 10 убодни рани од нож и расекотини во пределот на градите, од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје сторителите се откриени и приведени и утврдено е дека се работи за лицата Х. Е., С.Е., Б. Е., И.Е. и Ј.Б.„На ден 09.03.2024 година во просториите на Единица за насилен криминал извршен е разговор со лицата Х. Е., С.Е., Б. Е., И.Е. за кои разговори се сочинети службени белешки, додека лицето Ј. Б. во моментот е недостапен за органите на прогонот.Од страна на полициски службеници од ЕНК и полициски службеници од ОКР Центар и Бит Пазар извршена е дополнителна претрага на лице место каде што подигнати се брис со трага слична на крв и штрафцигер со сина рачка.Во координација со ОЈО Скопје од страна на ЕНК-ОКСД поднесена е кривична пријава за кривично дело “Убиство“ во обид, предвидено и казниво по член 123 вв член 19 од КЗ против сите пет лица. Од страна на судија на претходна постапка на лицата Х. Е., С.Е им е определена мерка притвор во времетраење од 30 дена, додека пак на лицата Б. Е., И.Е определена им е мерка домашен притвор“, велат од МВР.

Скопје | пред 2 години

DSC_0718

По полноќ, осум апсења: најмногу приведени во Карпош и Аеродром - меѓу нив и малолетник

Деска (10.03.2024) во 02.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода К.П.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (10.03.2024) во 03.05 часот пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна поднесок.Денеска (10.03.2024) во 02.15 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Р.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана и метална дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна поднесок.Денеска (10.03.2024) во 02.20 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.П.(24) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна поднесок.Денеска (10.03.2024) во 02.20 часот пред угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и таблета. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 09.03.2024 во 12.25 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ц.(41) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 09.03.2024 во 11.20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Т.(30) и Х.З.(27), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

На „Табановце“ ново апсење: со 20 евра сакал да помине низ граница со фалсификуван зелен картон

На 09.03.2024 во 15.55 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Р.Ш.(39) од Р.Грузија поради сторено кривично дело нудење поткуп.Имено, тој на граничниот премин дошол со патничко возило „киа“ со грузиски регистарски ознаки, а во приложените документи за пасошка контрола ставил банкнота од 20 евра.Р.Ш. е лишен од слобода, а утврдено е и дека зелениот картон што го приложил е фалсификуван. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

(Видео) Камион за отпад и автомобил се судрија на Рекорд

Камион за собирање отпад и автомобил се судрија во центарот на Скопје односно на Рекорд.Несреќата се случи вчеравечер, а полицијата ги утврдува причините и начинот како се случила.Освен дивливи оштетувања на автомобилот, засега нема информации за повредени лица.Се очекуваат повеќе детали од МВР.

Скопје | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-06-4870PM

Куп насилство: малолетник натепан во Центар, скопјанец во казино, син претепал мајка

На 08.03.2024 во 15.45 часот во СВР Скопје, Н.М.(50) од Скопје пријавил дека на 07.03.2024 околу 14.20 часот на подрачјето на Центар во Скопје неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 08.03.2024 во 12.50 часот во СВР Скопје Н.Н.(32) од Скопје, пријавил дека на 06.03.2024 околу 04.30 часот во казино на подрачјето на Центар во Скопје бил физички нападнат од едно лице кое употребило и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 08.03.2024 во 16.45 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.Г.(38) од Скопје поради тоа што околу 16.00 часот физички ја нападнал неговата мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 08.03.2024 во 18.40 часот во СВР Скопје, Л.Б.(42) од Скопје пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходно недоразбирање во сообраќајот бил физички нападнат од С.Д.(41) од Куманово. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.а 08.03.2024 во СВР Скопје Д.С.(54) од Скопје пријавила дека на 07.03.2024 околу 06.40 часот, додека ги извршувала своите работни задачи во Дом за стари лица во с.Катланово-скопско, била физички нападната од З.М., кој престојувал во домот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 години

DSC_0052

Уапсени насилници од Скопје: со нож нападнале 33-годишен маж

На 08.03.2024 во 19.40 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Е.(30) од Скопје, а денеска (09.03.2024) во 09.25 часот биле лишени од слобода И.Е.(27), Х.Е.(48) и Б.Е.(23) сите од Скопје, поради тоа што на подрачјето на Бит Пазар со остар и тврд предмет го нападнале М.А.(33) од Скопје и му нанеле тешки телесни повреди.По целосно расчистување на случајот, до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.

Македонија | пред 2 години

IMG_4911-696x504-1

(Фото) Малолетници излетале и се превртеле со „пежо“ во Боговиње - ги вадеа пожарникари, завршија во болница

Вчеравечерта, тешка сообраќајна несреќа се случи во општина Боговиње. Според првичните информации на „Коха ТВ“, во автомобилот кој се превртел и излетал од патот, имало четири лица и сите биле малолетници. Од автомобилот, биле вадени од пожарникари, бидеќи биле заглавени.„Тие биле на возраст од 15 и 16 години“, се наведува од медиумот.Еден од малолетниците има тешки повреди и е однесен во Клчиничката болница во Тетово, а другите имаат полесни повреди.На местото била повикана и полиција, а детали се очекуваат од МВР.Фото: TV Koha 

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Кривична пријава против две лица, вработени во Министерство за земјоделие

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против А.Д.(45) од Скопје и Л.И.(40) од тетовско, со престој во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, казниво по член 353-в од Кривичниот законик.Првопријавениот А.Д. и второпријавената Л.И., двајцата вработени во Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, од јули 2021 година биле именувани за членови во Комисија за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост. По доставени понуди за површини до три хектари по јавен повик, на 25.11.2021 постапиле спротивно на одредбите од Правилникот за начинот на работа на комисијата во постапките по распишани јавни огласи и постапките со прибирање на понуди за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост“. Имено, пријавените без потребниот кворум започнале со јавно отворање на понудите, со што оневозможиле вклучување на останатите членови на комисијата и продолжување на постапката на законит начин.На 06.01.2022, членовите на комисијата, кои не учествувале на јавното отворање на понудите, дале предлог за поништување на постапката за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, кој бил прифатен од заменик министер во министерството и јавниот повик со решение бил поништен. На тој начин, пријавените предизвикале штета на буџетот во вкупен износ од 294.448 денари.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Приведени дилер и крадец во Куманово

На 07.03.2024 во 21.00 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(46) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени прашкаста и грутчеста материја и дигитална вага. С.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.На 07.03.2024 во 17.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Ф.(45) од Куманово. Тој се сомничи дека извршил повеќе кражби од возила и приватни имоти во Куманово. А.Ф. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања