Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

DSC_0422

Пак прегазен пешак во Скопје: мажот е со тешки повреди, возачот со полесни - двајцата во болница

Денеска (08.03.2024) во 00.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица која ги поврзува ул.„Бутелска“ со бул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(31) од Скопје, удрило во пешакот Б.П.(36) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Претреси во Скопје, пронајдена дрога

Денеска (08.03.2024) во 01.50 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.М.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (08.03.2024) во 01.45 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Х.(26) од Косово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 07.03.2024 во 22.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ч.В.В.П.(21) од Бразил затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 07.03.2024 во 23.10 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.М.(34) и Ј.Т.(35) двајцата од Скопје затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 07.03.2024 во 14.00 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Б.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 07.03.2024 во 17.15 часот во с.Ново Село, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.П.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

186 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (07.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 186 возачи. Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 111 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 75 надвор од населено место.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Нов криминал фатен во Струмица - полицајци ќе одговараат оти одземале дрва без документ за одземање

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.И.(55) од Валандово, И.Д.(50) од село Собри, валандовско, К.М.(51) од село Удово, валандовско, тројцата вработени во Шумска полиција Валандово, против Ј.И.(55) од село Брајковци, валандовско и Д.Д.(38) од Валандово, двајцата вработени во Јавно претпријатие „Национални шуми“, подружница „Саланџак“ Валандово и Т.Џ.(57) од село Костурино, струмичко. Пријавените Ѓ.И., Ј.И., И.Д. и Д.Д. се сомничат дека сториле кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 и „попречување на правдата“ по чл.368 -а, пријавениот К.М. дека сторил кривично дело „попречување на правдата“ по чл.368 - а, а пријавениот Т.Џ. дека сторил кривично дело „помагање“ во врска со кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.На 29.02.2024 на патот од село Орманли кон село Костурино, струмичко, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Струмица затекнале трактор со приколка на која имало натоварено нежигосани огревни дрва, кој го управувал И.Д. од село Собри, а пред него во пaтничко возило на Шумска полиција биле затекнати пријавените Ѓ.И., Ј.И., Д.Д. и сопственикот на тракторот Т.Џ.. Притоа, од лицата била побарана соодветна документација за дрвата кои ги превезуваат, нa што од Ѓ.И., И.Д. и Ј.И. им било одговорено дека немаат документација и дека ги пронашле во запуштена куќа на планината.До доаѓањето на увидната екипа на местото, пријавените Ѓ.И., И.Д. и Ј.И. изготвиле потврда за привремено одземени предмети без број и датум, а во описот напишале дека дрвата биле одземени од непознат сторител. Тие изготвиле и записник без број и датум. По преземени мерки и активности било утврдено дека пред да бидат затекнати од полициските службеници, пријавените Ѓ.И., И.Д., Ј.И. и Д.Д. со возилото на Шумска полиција, а пријавениот Т.Џ. со трактор отишле во двор на жител на село Орманли, каде затекнале бесправно исечени огревни дрва, кои ги одзеле и натовариле на тракторот, без притоа на лицето да му издадат соодветна документација. Во разговорот со жителот на село Орманли, тој појаснил дека во последната година на ист начин од дворното место во три наврати му биле одземани огревни дрва од вработени во Шумска полиција и за тие случаи, исто така, не му издавале документ за одземање, со изговор дека не му даваат документи бидејќи нема да му напишат казна.Истиот ден, тракторот бил однесен во шумски склад во Струмица, дрвата биле растоварени, а во моментот кога лицата биле информирале дека тракторот ќе биде одземен, пријавените Ѓ.И., Д.Д., Ј.И., Д.И. и М.К. агресивно се однесувале кон полициските службеници и ги попречувале во извршување на дејствијата.За сите преземени дејствија бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на настаните против лицата е поднесена кривичната пријава.

Македонија | пред 2 години

IMG_0939

(Видео) Кога ќе проработат новите камери и ќе се казнува по пошта: инсталацијата е во тек...

Новите камери поставени низ скопските улици имаат мерачи на брзина и можност да препознаваат кога се прави прекршок со поминување на црвено светло. И сето ова е функционално. Остануваат измените на Законот за безбедност во сообраќајот, па тие ќе почнат да се употребуваат и во пракса. Без одговор од МВР се низа прашања – па не се знае на колку раскрсници се поставени, но и кога ќе бидат вклучени. Вакви камери се поставени на влезот од Скопје во Гази Баба, како и на клучни точки каде досега често имаше тешки сообраќајни незгоди.„Имплементацијата на надградбата на системот Безбеден Град е во почетна фаза. Во тек е пристигнување на целокупната опрема и подготовките за поставување на новите сајтови, и се очекува наскоро истата да се инсталира. Претходно веќе е извршено одредено тестирање на опремата во поглед на брзо возење и поминување на црвено и резултати од тестирањето на опремата и камерите се позитивни“, велат од МВР за „Скопје1“.Оттаму велат дека чекаат законски измени за да казните можат да се изготвуваат и стигнуваат директно на домашна адреса.„Во постапка се измени и дополнувања на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во кој ќе се уредува начинот на обезбедување и испраќање на доказниот материјал до сторителот на прекршокот“, додаваат од МВР.Временската рамка за имплементацијата за надградбата за системот Безбеден Град е класифицирана информација.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Приведено лице поради давање поткуп

На 07.03.2024 во 09.15 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.С.(45) од Косово поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ по член 358 од Кривичниот законик. Имено, околу 08.50 часот на граничниот премин не му бил дозволен влез во државата на автобус со косовски национални ознаки затоа што возачот не поседувал сертификат за професионален возач на автобус. Набргу на преминот пристигнал Ф.С., сопственик на компанијата за која возел возачот, при што барал автобусот да биде пропуштен.Притоа, тој понудил пари на сменоводителот, по што бил лишен од слобода и приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

145 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (07.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 145 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 22 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за користење мобилен телефон при возење, три мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло, девет мерки за некористење на сигурносен појас...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 2 години

egasdga

(Видео) Се запали автомобил на улица позади Универзална сала

Автомобил се запали позади Универзална сала. Возилото се наоѓаше на улицата „Христо Смирненски“, а во несреќниот случај, според неофицијалните и првични информации, нема повредени лица.Брзо по несреќата, интервенираше скопската Противпожарна бригада која го изгасна пожарот.Нема штета на други автомобили.

Скопје | пред 2 години

9F46B72C-3B88-4773-91F3-0B5BB665E316

(Видео) Несреќа во Аеродром кај Џевахир: автомобил удри во четири паркирани возила, делови по цела улица

Несреќа се случи попладнево кај Џевахир во Аеродром. Автомобил изгубил контрола и удрил во четири паркирани возила. Сите, се со голема материјална штета.Засега, нема информација за повредени. Возилото и вечерва е на истото место.Полицијата го обезбедува местото и прави увид.

Скопје | пред 2 години

asdfasdfgh

(Видео) Загина тинејџер од гром - трагедија во гевгелиско по силното невреме

Трагедија се случи во гевгелиското село Негорци, каде попладнево имаше силно невреме. Гром удрил во тинејџер, кој починал на лице место. Настанот од МВР со потврдуваат за „Скопје1“. „Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт со изгореници по телото, најверојатно од удар од гром, кај малолетник од с.Негорци, кој напасувал добиток“, велат од МВР.Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Македонија | пред 2 години

1-4

Осуден полицаец останал на работа, оти началничка на Спасовски не постапила по судска пресуда

Кривична пријава и предлог за поведување на дисциплинска постапка за вработен во МВР кој не постапил по правосилна судска одлука.„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против лицето Н.Ј. на работно место Началник на Одделение во Министерството за внатрешни работи поради тоа што не постапила по правосилна судска пресуда со која на работник во Министерството за внатрешни работи требало да му престане работниот однос заради поднесена кривична пријава за “Примање поткуп” и “Злосторничко здружување”, односно пресудата не ја доставила до надлежните служби за да биде изготвено решение со кое ќе биде откажан договорот за работа“, напиша министерот Панче Тошковски и додаде:„Покрај кривичната пријава од страна на одделот поднесен е предлог за поведување на дисциплинска одговорност и изречена е мерка за задолжително отстранување од работното место, до донесување на решението од дисциплинската постапка“.

Македонија | пред 2 години

DSC_0052

Крими-Скопје: Исчезнато дете, скопјанец пронајден мртов, ученик натепан во училишен двор

На 06.03.2024 во 11.20 часот во СВР Скопје, Д.А.(40) од Скопје пријавил дека околу 10.30 на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 06.03.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје, Д.Д.(52) од Скопје пријавил дека околу 14.40 часот на подрачјето на општина Аеродром, бил физички нападнат од С.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Нa 06.03.2024 во 09.34 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 08.55 часот во двор од основно училиште во с.Ново Село, скопско, малолетник физички бил нападнат од тројца други малолетници. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 05.03.2024 во 10.00 часот во СВР Скопје, Б.А.(41) од Скопје пријавил дека на 04.03.2024 околу 20.00 часот во спортска сала на подрачјето на Бит Пазар, неговиот малолетен син бил нападнат од неговиот тренер И.А. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 06.03.2024 во 09.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачје на Кисела Вода бил пронајден починат М.П.(47) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.На 06.03.2024 во 09.50 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник И.И.(13), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Внатрешна контрола испитуваше по налог на Тошковски, но не утврди дисциплинска одговорност во постапките за убиените Вања и Панче

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, на барање на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, a во врска со истрагата за двојното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски, изврши проверки во СВР Скопје и СВР Велес.МВР ја информира јавноста, со оглед на тоа дека извештајот е класифициран, утврдено е дека не постојат основи за покренување на дисциплинска постапка, а воедно, до Бирото за јавна безбедност при МВР се упатени задолжителни мерки да се донесат нови процедури и упатства за постапување. Првоосомничениот во случајот Љупчо Палевски е во притвор во Турција и се очекува негова екстрадиција. Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски се осомничени за грабнување и помагање на убиство и на Ѓорчевска и на Жежовски. Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски е осомничен дека помагал при грабнувањето на неговата ќерка. Тие од почетокот на декември се во притвор во Шутка.Во притвор е и Стефан Димковски кој е осомничен дека му помогнал на осомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски Палчо да избега во Турција.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Претрес во струмичко, пронајдени дрога и оружје

На 06.03.2024 во 16.30 часот во село Сушица, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Л.Д.(26) од село Сушица. При претреси на две локации во селата Сушица и Турново, кои ги користел Л.Д., извршени со судски наредби, биле пронајдени и одземени марихуана, ловечка пушка, воздушна пушка и повеќе патрони за ловечка пушка. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против Л.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Претрес во Охрид, пронајдена дрога

На 06.03.2024 во 16.20 часот на улица „Крали Марко“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода П.К.(23) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети со остатоци од марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање нас лучајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Фатен крадец на дело во Битола

На 06.03.2024 во 15.50 часот на ул.„Индустриска” во Битола, полициски службенци од СВР Битола го лишиле од слобода Е.А.(33) од Битола. Тој бил затекнат во магацин на приватна фирма при извршување „тешка кражба“, при што кај него биле пронајдени повеќе одземени предмети. Одземеното било вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.По целосно документирање на настанот, против Е.А. ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 години

sss

(Видео) Сообраќајка кај Зоолошка: Автомобили се судрија, едниот заврши залепен во бандера на пешачки остров

Сообраќајна несреќа се случи утрово близу Зоолошката градина, на булеварот „Илиндеска“. Според првичните информации, се судриле два автомобили, по што, едниот од нив удри во бандера поставена на печаки остров.Засега нема информации за повредени лица, а на терен има полиција која ја обезбедува местото. Може само да се забележи дека автомобилите се уништени во предниот дел, поради силината на ударот.Детали се очекуваат од МВР.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“ и „проневера во службата“

Секторот за внатрешни работи Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Т.М.(58) од село Дрвош, општина Босилово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“ и „проневера во службата“.На 03.03.2024 на место викано „Боровите“, атар на село Колешино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица затекнале две товарни возила „застава“ со струмички регистарски ознаки, во кои биле превезувани огревни дрва. Извршен бил увид и во координација со Шумска полиција Струмица било утврдено дека дрвата се нежигосани и без соодветна документација, по што со возилата биле одземени.Во службен разговор во полициска станица, лицата кои ги управувале возила изјавиле дека огревните дрва ги имаат набрано со знаење и усно одобрение на пријавениот Т.М. – вработен како референт за дотур и сеча вработен во Јавно претпријатие „Национални шуми“ - подружница Беласица Струмица, за што требале да му дадат паричен надомест од 12.000 денари за секое натоварено товарно возило.Исто така на 03.03.2024, пријавениот во име на друго службено лице вработено во јавното претпријатие извршил пополнување на дозвола за сеча и дотур на огревни дрва за две лица од струмичко. За овие дотури на огревни дрва, по извршената продажба, двете лица на Т.М.требале да му дадат по 12.000,оо денари за секое натоварено товарно возило. При увид во дворните места на лицата во село Куклиш и во село Банско, биле пронајдени огревни дрва, од кои поголем дел биле нежигосани. Дрвата и возилото, со кое бил вршен транспортот, биле одземени.Со ваквите дејствија, пријавениот предизвикал штета на Јавно претпријатие „Национални шуми“ - подружница „Беласица“ Струмица во висина од 186.200 денари. Тој бил лишен од слобода и изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

193 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (06.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 193 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 98 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 95 надвор од населено место.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

СВР Скопје расчисти три разбојништва и една разбојничка кражба

СВР Скопје - ЕВР Аеродром и Драчево поднесе кривична пријава против E.С. и Ј.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „разбојништво" казниви по член 237 од Кривичниот законик. Пријавените ги сториле делата на 26.01., 13.02. и 01.03.24 во продажни објекти на подрачјето на општина Аеродром, при што со закана кон вработените одзеле пари од дневните промети.СВР Скопје - ЕВР Аеродром и Драчево поднесе кривична пријава против И.Ш.и Ј.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба" казниво по член 238 од Кривичниот законик. На 27.02 2024 во круг на приватна фирма на подрачје на Драчево, пријавените одзеле предмети, а откако биле забележани од две лица, физички нападнале едно од нив, по што со нивното возило удриле во возилото на лицата.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

159 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (06.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 159 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 29 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло, пет санкции за управување под дејство на алкохол...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 2 години

3-1

За првпат полицајците во Неготино се посетени од министер!

„Во рамки на денешните активности министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работни посети на ОВР Неготино и ОВР Кавадарци каде одржа состанок со раководствата на овие организациски единици“, објави МВР и додава:На состаноците министерот Тошковски беше запознаен со тековните активности и позначајните настани на подрачјето и беше потенцирано дека безбедносната состојба на двете подрачја е стабилна.Од страна на министерот Тошковски беше посочено дека полициските службеници во својата работа треба да постапуваат исклучиво согласно позитивните законски прописи и во интерес на обезбедување на високо ниво на безбедност на граѓаните.Исто така, Тошковски ги посети и управните служби во Неготино каде од страна на вработените му беа презентирани проблемите со кои се соочени во секојдневното работење и беше потенцирано дека за првпат се посетени од еден министер.

Македонија | пред 2 години

291049006_2877875005852364_3714846855769455797_n

Повторно крвопролевање во Скопје: Малолетник избодел друг малолетник кај „Мавровка“

Денеска (06.03.2024) околу 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“, во близина на трговски центар Мавровка, малолетник од с.Буковиќ, скопско, бил повреден со остар предмет од друг малолетник од с.Бојане, скопско.Повредениот малолетник бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. ВоПолициската станица Бит Пазар се врши разговор со осомничениот малолетник во присуство на родител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Приведен разбојник во Битола

На 05.03.2024, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.Б.(28) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво” казниво по член 237 од Кривичниот законик.Тој се сомничи дека на 09.02.2024 во спортска обложувалница на ул.„Охридска” во Битола со закана кон вработени одзел пари. По преземени мерки било дојдено до сознанија дека тој е сторителот, по што, подоцна со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и возило и биле пронајдени предмети за кои постоои сомнение дека се поврзани со делото.Тој бил приведен и во службен разговор во полициска станица го признал делото.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Две кражби во Тетово

На 05.03.2024 во 20.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 32-годишниот Ш.Ф. од гостиварско Чегране. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година и четири месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.На 05.03.2024 во 16.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Џ.И.(38) од тетовско Камењане. Тој се сомничи дека извршил тешка кражба во куќата на Џ.Р.(61) од истото село, при што одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Џ.Р. бил задржан во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања