Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

Нема фотографија

42 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.10.2023) во периодот од 08.00 до 13.00 часот на територијата на Република Македонија спроведе акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи, при што санкционирани се 42 возачи. За време на контролата санкционирани се и 186 други видови на сообраќајни прекршоци.Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Приведен крадец од гостиварско

На 05.03.2024 во 20.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 32-годишниот Ш.Ф. од гостиварско Чегране. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година и четири месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

174 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (05.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 174 возачи. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 70 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 104 надвор од населено место.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведени тројца дилери

По преземени мерки и активности, на 05 и 06.03.2024 во заедничка и координирана акција, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија ги лишиле од слобода Ф.П.(29), Д.Д.(32) и Д.П.(25), сите од Скопје.На 05.03.2024 околу 22.00 часот на подрачје на Карпош, пред зградата во кој времено престојува Ф.П., од слобода бил лишен Д.П., при што кај него биле пронајдени пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.Подоцна, при претрес во станот кој го користи Ф.П., извршен со судска наредба, тој бил затекнат како со Д.Д. пакуваат марихуана. Притоа, биле пронајдени 78 пакувања со марихуана, ќеса со марихуана, бела прашкаста материја, дигитална вага, пари и  други  предмети со остатоци од наркотична дрога.Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 2 години

pari-zaem

Кумановец со измама стекнал 10.800 евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.П.(33) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.Во текот на 2023 година, пријавениот ја приложувал неговата лична банкарска сметка, наместо банкарската сметка на правното лице, каде што бил вработен, при што се стекнал со противправна имотна корист во износ од 10.800 евра.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-51-4200PM

Вработен во МВР повреден на работа

На 04.03.2024 во 10.35 часот било пријавено дека А.Р.(41), вработен во Одделот за форензички испитувања при МВР, се здобил со повреди при извршување работни задачи.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 години

Glavna-fotka-1

Грабеж во Карпош

На 04.03.2024 во 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачје на Карпош во Скопје едно лице со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-51-7660PM

Маж донесен со повреди во штипската болница: јавал домашно животно, возило удрило во него и избегало

На 03.03.2024 во 18.33 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.Р.(53) од с.Парналија, општина Карбинци.По преземени мерки од полициски службеници од СВР Штип било утврдено дека во 11.30 часот на некатегоризиран пат од с.Кучица кон с.Парналија, М.Р.(53) јавал домашно животно и притоа се разминал со неколку возила, при што едно од возилата го удрило животното и тој паднал и се здобил со повредите. Лицето кое го управувало возилото, без да му пружи помош, го напуштило местото.Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што, во координација со јавен обвинител ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 години

k15

Нова голема измама: Скопјанка им ветила вработување, а со нивните податоци подигнала кредити

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.С.(45) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.Таа, во текот на 2023 година, користејќи лажен идентитет, во Струга отворила две фирми и со три лица склучила договор за вработување, по што ги искористила нивните податоци и во нивно име извршила електронско аплицирање за брзи кредити.Одобрените пари, потоа ги префрлала на друга трансакциска сметка и ги користела за свои потреби. На тој начин пријавената се стекнала со имотна корист од 319.706 денари.

Македонија | пред 2 години

policija-policaec-35

Полицаец насилно се пресметал се кумановец - фатил и го претепал, а сега ќе одговара кривично

СВР Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против Е.М., полициски службеник во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување на дисциплинска постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР и член 26 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците на МВР.Имено, на 12.10.2023, полицискиот службеник Е.М. заедно со лицето М.М., против кого, исто така е поднесена кривична пријава, физички го нападнале С.А. од с. Черкези, кумановско и му нанеле повреди.

Македонија | пред 2 години

dzamija

Дошол од БиХ и ограбил џамија во гостиварско: влегол и одзел сѐ што нашол од пари

На 04.03.2024 околу 09.45 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 50-годишниот А.П. од Босна и Херцеговина.Тој се сомничи дека извршил „тешка кражба“ во џамијата во гостиварско Чегране, од каде одзел пари.Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против него ќе следува поднесок.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-21-3210PM

Арачиново, Бит Пазар, Тетово, Прилеп беа мета на полицијата - пет лица се уапсени

Денеска (05.03.2024) во 01.55 часот во с.Арачиново, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Е.(44) од истото село затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 04.03.2024 во 21.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.З.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 04.03.2024 околу 18.20 часот на улица „Ѓорче Петров“ во Тетово, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово го лишиле од слобода 27-годишниот тетовец Р.Ц. затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Задржан е во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок.На 04.03.2024 во 21.30 часот на ул.„Дравска“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода А.А.(20) и А.С.(24), двајцата од Прилеп, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-09-14-at-20.56.54

Криминалци барани со потерница, фатени во Тетово - полицијата ги врати во затвор

На 04.03.2024 во 12.50 часот, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 45-годишниот гостиварец С.Ш.. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.На 04.03.2024 во 13.10 часот, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 30-годишниот Р.А. од гостиварска Лакавица. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-38-7940PM

Апсење на скопскиот аеродром - спречен обид да се влезе со туѓ пасош во Македонија

На 04.03.2024 во 20.30 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(28) од Пакистан затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека приложил туѓа патна исправа на лице од Шри Ланка.Тој бил предаден на полициски службеници во Одделение за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.

Македонија | пред 2 години

received_398710258424388

Охриѓанец во болница со тешки повреди - товарно возило удрило во мопед

На 04.03.2024 во 16.35 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„15 Корпус“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(59) од Прилеп и мопед „томос“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.И.(33) од Охрид.„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид“, велат од МВР.Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Охрид | пред 2 години

Нема фотографија

Кривична пријава против полициски службеник

Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.С., полициски службеник во Одделот за обезбедување на определени личности и објекти, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, казниво по член 382 од Кривичниот законик. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против С.С. поднесе предлог за поведување на дисциплинска постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР, член 187 став 1 точка 10 и 20 од Законот за внатрешни работи и член 26 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците на МВР и времено суспендирање од работното место до завршување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност. Имено, на 28.10.2023 во Ургентниот центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, С.С. физички нападнал и попречувал полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје при извршување службени дејствија, спровод на осуденик од Казнено – поправната установа Затвор Идризово до комплексот клиники.

Скопје | пред 2 години

ebr2411.mp4.00_01_08_10.Still002

Групни тепачка во Кисела Вода и Гази Баба, шамарања и во Шутка

На 03.03.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.Н.(79) и Т.Н.(79), од една страна и Л.Ш.(64) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 03.03.2024 во 13.05 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(66) од Скопје затоа што на 02.03.2024 околу 16.00 часот на подрачјето на Шуто Оризари физички нападнал двајца малолетници. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 03.03.2024 во 05.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во парк шумата Гази Баба, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Л.(31), А.Г.(22) и М.В.(23), сите од Скопје. Во Полициската станица Гази Баба биле приведени А.Г. и М.В. и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 03.03.2024 во 13.30 часот во СВР Скопје, Е.К.(34) од Скопје пријавил дека на 02.03.2024 околу 16.30 часот на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од С.Б.(25) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 години

pukanje-1

Пукање во парк во Чаир - приведен малолетник фатен со пиштол

На 03.03.2024 околу 22.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје привеле малолетник од с.Патишка река, општина Сопиште. Тој се сомничи дека претходно во парк на подрачје на Чаир испукал неколку проектили од пиштол, од кои два завршиле во станот на С.Е. од Скопје.Пиштолот бил пронајден и одземен, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, ппротив него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2024-03-04-at-15.28.27

Скандал: Обезбедувач на заменик-министер од ДУИ во МВР натепал колега во Клинички

Кривична пријава, дисциплинска постапка и времено отстранување од работа за полициски службеник – обезбедување на заменик министер кој минатата година, нападнал и физички повредил полициски службеници во кругот на Клиничкиот центар во Скопје. Станува збор за Назим Буши.„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди постапи и целосно го расчисти случајот кој минатата година беше во интерес на јавноста и за кој пишуваа медиумите.Станува збор за случајот во кој полицискиот службеник С.С. вработен во Одделот за обезбедување на определени лица и објекти, распореден на работно место - обезбедување на заменик министер во МВР, во кругот на Клиничкиот центар нападна и притоа физички повреди, полициски службеници, кои вршеле спровод на лице со висок ризик со КПУ „Идризово“.Имено, во гореспоменатиот случај, полицискиот службеник, со физичкиот напад се обидел да изврши попречување во вршење на работните обврски кон полициските службеници, воедно навредувајќи ги со недолични и погрдни зборови.За посочениот полициски службеник, од страна на Министерството за внатрешни до ОЈО поднесена е кривична пријава, а Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка и воедно достави предлог за негово времето суспендирање од работното место до завршување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност“, вели техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Македонија | пред 2 години

jsp

Жена падна од автобус во Аеродром - со Брза помош однесена во болница

На 03.03.2024 во 08.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП на бул.„Видое Смилевски Бато“ паднала патничката Н.Ј.(84) од Скопје, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 2 години

lugje-karpos-esen-korona

Три апсења во Карпош, едно на Бит Пазар

Денеска (04.03.2024) во 01.50 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.М.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (04.03.2024) во 03.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.С.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 03.03.2024 во 21.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Д.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 03.03.2024 во 12.10 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.А.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-10-0970PM

Нова несреќа во Скопје: млад скопјанец заврши во болница со тешки повреди

На 03.03.2024 во 19.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(51) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(22) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 2 години

afsd

Потерница по Шеваљ: повеќемина од групата што ја апсеше Спасовски, бидејќи убивала и шверцала дрога се на слобода

Шеваљ Муареми, за кого веќе е познато дека последната локација од каде објавуваше фотографии е Дубаи, доби меѓународна потерница. Тој е осомничен како предводник на групата која убивала и пренесувала дрога, а беше откриен преку акција потпомогната и од меѓународните истражни институции.„МУАРЕМИ ШЕВАЉ татко Азби мајка Азбије род.18.11.1977 год. во Скопје, живее на ул„.5“ бр.1 с.Грчец општина Сарај. Се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈО за ГОКК-Скопје со Наредба КО БР.15/24 од 30.01.2024 год .Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл.123 ст.2, чл.394 ст.3 и чл.215 ст.3 од КЗ на РСМ“, стои на сајтот на МВР.Но не е само тој единствен по кој се трага. Листата е подолга.Групата дејствувала од декември 2019 до март 2021 година. Како што објави ексминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, групата стои зад организацијата и обидот за убиство на лице од селото Бардовци, албански државјанин чиешто тело било најдено на 15 мај 2020 година Матка во Скопје, како и двојното убиство на 5 март 2021 кога во Скопје беа убиени А.Б. и Б.В.Истовремено, набавиле 435 килограмим кокаин од Бразил, од кој преку Белгија дел требал да пристигне во Македонија, како и 106 килограми кокаин со траекторија Перу – Холандија – Македонија. Набавувале дрога и од Колумбија, а ја пренесувале преку ЕУ, но и преку Албанија до Македонија.За оваа акција, ексминистерот Спасовски држеше прес-конференција и кажа дека уапсени се 7 од 16 членови на криминална нарко-група која вршела и убиства. Според објавените потерници, едни од главните осомничени се на слобода.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-41-6480PM

Малолетник донесен со тешки повреди на Клинички

На 02.03.2024 во 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 01.03.2024 во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен малолетник од с.Љубин, скопско, со тешки телесни повреди.Според пријавеното од неговата мајка, на 01.03.2024 околу 12.50 часот во с.Сарај, скопско, тој бил удрен од мотоцикл управуван од С.Б.(47) од Скопје. Додека, пак, според изјавата на С.Б., малолетникот сам се удрил во мотоциклот, кој му бил паркиран во селото.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. .

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-52-0060PM

Србин најден мртов во изнајмен објект

На 02.03.2024 во 11.20 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека во сместувачки објект на подрачје на Кисела Вода бил пронајден починат Д.Х.(43) од Република Србија.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања