Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

nesrekja5151

Нова трагична несреќа: Еден загинат, две лица повредени на патот Штип-Велес

Едно лице загина, а две се повредени во тешка сообраќајна несреќа, што се случи вечерва на магистралниот пат А3 Штип-Велес кај крстосницата за селата Каратманово и Милино.Двете повредени лица во сообраќајната несреќа се пренесени во болница.Несреќата се случила околу 18.20 часот, меѓу две возила „сузуки“ со светиниколски и „бмв“ со радовишки регистерски таблички, соопшти полицијата.Ова е втора несреќа во 24 часа. Вчеравечер, загина скопјанец, а дете е повредено и примено во болница. Несреќата се случи после Стража.

Македонија | пред 2 години

mvr-akcija

Детали за акцијата на МВР: Сузбиена криминална група, приведени 10 лица

Денеска (02.03.2024), Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Сектор за криминалистички истраги - Единица за недозволена трговија со дрога при Бирото за јавна безбедност, спроведе координирана полициска операција со цел сузбивање на организирана криминална група која делувала на неколку локации на територијата на Република Северна Македонија.„Групата била инволвирана во организирање, набавка, продажба и пуштање во промет на марихуана. Имено, од октомври 2023 година кога започна акцијата преземени се повеќе оперативно-тактички мерки и активности за сузбивање на групата. Денеска, полициските службеници од слобода лишиле 10 лица, од кои четири од Гевгелија, три од Струмица, две од Струга и едно лице од Демир Капија. Притоа, извршени се претреси на четири локации во Струмица, Струга, Гевгелија и Битола и обезбедени се материјални докази, односно пари и поголема количина на наркотична дрога која потекнува од правен субјект регистриран за извршување на дејност одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија наменети за медицински цели.Приведените лица ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка, пронајдената дрога ќе биде дадена на вештачење, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 став 3 од Кривичниот законик - „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

Македонија | пред 2 години

image-1189

Наместо да му помогне, му го земала паричникот: Жена ограбила починат маж во Велес

Полицијата ја уапси жената, која вчераутро го ограби 54-годишниот велешанец, веднаш откако му се слошило, паднал и починал, пишува Батали.нет. Се работи за 32-годишна жителка на Велес, која, иако била во непосредна близина кога човекот почнал да губи свест, наместо да му помогне, му го одзела паричникот и си заминала.„На 01.03.2024 во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода Р.С.(32) од Велес. Таа се сомничи дека од лицето Т.Ѓ.(54) од Велес одзела пари. Имено, според пријавеното, откако Т.Ѓ. паднал на улицата „Илинденска“ во Велес и починал, Р.С. се доближила до него и му ги одзела парите. Таа е задржана во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.Велешанецот Т.Ѓ., вчера околу 10 часот почина, откако движејќи се кај дуќаните на Нов ност во Велес, му се слошило. Јавен обвинител даде наредба за обдукција на телото, за да се утврди точната причина за смртта.  

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-21-3210PM

Акција: Четири апсења во Аеродром - одземени прашкаста материја, марихуана, нож, вага

Денеска (02.03.2024) во 01.20 часот на подрачје на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна единица при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (02.03.2024) во 02.40 часот на подрачје на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна единица при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ј.(37) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (02.03.2024) во 02.40 часот на подрачје на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна единица при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Д.(29) од с.Долнени, прилепско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 01.03.2024 во 15.30 часот на подрачје на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна единица при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.В.(40) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја, вага и нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 години

DSC_0410

Во центарот на Скопје е прегазен пешак: Однесен во болница, има тешки повреди

Денеска (02.03.2024) во 01.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Васил Главинов“ и ул.„Максим Горки“ во Скопје, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Ц.(72) од Скопје, удрило во пешакот Б.П.(33) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 2 години

soobrakajka

Две лица повредени и во болница: уште една тешка сообраќајка во Македонија

На 01.03 2024 во 18.10 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на магистрален пат А3 се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со винички регистарски ознаки, управувано од Г.И.(52) од с.Јакимово, виничко и товарно возило „сканиа“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Н.С.(39) од Кочани.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Г.И. констатирани во Клиничка болница Штип, додека неговата сопатничка Л.Е.(46) од Виница се здобила со телесни повреди.Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-26-3010PM

Пешак прегазен на автопатот кон Гостивар, среде патарина - однесен во болница

На 01.03.2024 во 11.42 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопат Тетово - Гостивар, во близина на наплатна станица Тетово, патничко возило „сеат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(42) од с.Србиново, гостиварско, удрило во пешакот В.Д.(41) од Тетово.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-51-1800PM

Охриѓанец пронајден мртов во својот дом

На 01.03.2024 година во 14.35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во стан во Охрид, лоциран на улицата „Даме Груев“, во кој престојувал, починат пронајден е А.С.(63) од Охрид.Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Охрид | пред 2 години

20240302071147

Возачот загина, малолетничка во болница - детали за тешката несреќа после Стража

Возач загина, а малолетна сопатничка е со тешки повреди, по тешка несреќа која се случила на неколку километри после Стража, кај селото Колари. Според пријавата во МВР, автомобил марка „форд“ со скопски ознаки изгубил контрола и се превртел, па паднал во река. Загинатиот има 46-години.„Притоа, од здобиените повреди починал на местото на настанот, смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“, велат од МВР.Малолетничката е во болница. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кичево.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

(Видео) Снимка од двајцата полицајци кои се растуркаа пред скопскиот клуб „Мош“

Турканица и замавнувања се гледаат на снимката каде полицаецот Ивица Б. кој од МВР беше назначен за обезбедување на Христијан Мицкоски и неговиот колега Влатко Г, полицаец од ЕНТ кој бил на должност решиле меѓусебно да се пресметаат. Како што претходно објави „Скопје1“ се почнало со вербална расправија во клубот и кулминирало со туркањето. До денеска, МВР не одговори на прашањата од „Скопје1“, какви повреди има полицаецот кој како што напишаа, бил физички нападнат.Расправијата од внатре кулминира надвор, кога полицаецот на должност не се повлекува во моментот на расправијата, ниту повикува колеги, туку продолжува да се расправа и да се бутка кон Ивица Б. Во еден момент, Ивица Б. замавнува кон него, а тој се повлекува. Случајот не заврши во Обвинителството за гонење организиран криминал односно полициското одделение, бидејќи освен дисциплинска повреда, во овој случај нема никакви други прекршувања. Во моментот кога се случува настанот, според нашите извори, претресот бил завршен.Кој е полицаецот на должност?Повеќе медиуми пишуваа за полицаецот Влатко Г. кој е вториот учесник во инцидентот, па според нив, неговата крииминална историја не е чиста. Тие посочуваат дека има пет кривични пријави, и тоа три се за загрозување на безбедност во сообраќај, една за семејно насилство, четврта за телесна повреда при семејно насилство, а пред две години имал и дисциплинска постапка за исчезнати пари одземени при претрес.„Скопје1“ побара детали од МВР за тоа дали овие информации за полицаецот на должност се точно, а одговор очекуваме. Засега е непзнато и кој е епилогот од овие постапки, доколку истите се покренати во соодветното јавно обвинителство.Кој е Ивица Б?Ивица Б. е вработен во МВР и на барање на ВМРО-ДПМНЕ е беше дел од обезбедувањето на лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Штом изби скандалот, МВР доби барање за негово итно повлекување и тој сега не е дел од тимот на лидерот на партијата.За време на мандатот на Наќе Чулев, како министер за внатрешни работи во техничката влада во 2020 година, Ивица Б. беше именуван за командант на елитната полициска единица ,,Тигри“, една од 15-те позиции на кои Чулев направи промени. За време на мандатот на Панче Тошковски тој не ја доби оваа доверба, а ВМРО-ДПМНЕ најави неселективна правда.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

(Видео) Немаат разрешница: За два месеци, седум убиени во Македонија - двојното убиство во кумановско е последно во низата

Двојното убиство во кумановско е последно во низата, а во Макеоднија имаше дури седум жртви, во последниве два месеци, како последица на крвопролевање. Сите се случија од средината на ноември до средината на јануари.Син кој беше пуштен од Психијатрија-Бардовци го уби татко му во Кисела Вода во ноември минатата година. И по два месеци, обвинителот тврди дека го нема обдукцискиот наод. А за тоа што синот бил пуштен од болницата – нема да има одговорност.„Во текот на истрагата е утврдено дека пациентот е пуштен на викенд во домот врз основа на потпишано барање од родителот“, велат од Обвинителството.Следуваше најгрозоморното киднапирање и убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Пет осомничени во притвор, но осомничениот планер и реализатор Љупчо Палевски-Палчо – илјадници километри далеку од Македонија. Обвинителството тврди истрагата е во сериозна фаза, адвокатот Владимир Туфегџиќ кој го брани таткото на Вања бара реконструкција.„Очекувам да се преземе дејствие за реконструкција на настанот. Убеден сум дека во оваа постапка е направена уште една голема трагедија“, рече Туфегиќ за „Скопје1“.Најмладата жртва е двегодишното девојче од Кичево. Почина како последица на скршена коска на черепот, крварење на мозокот и скршеници на двете ребра. Обвинителот собра докази, осомничениот во притвор – случајот и натаму во се истражува.План за убиство на четири лица, а убиени две, имаше во Челопек на два дена пред Нова Година. Од јавното Обвинтиелство велат: „Притворот за осомничениот е продолжен за нови 30 дена. Основното јавно обвинителство Тетово ги очекува резултатите од наредените вештачења, а во меѓувреме сослушува сведоци“.И јануари беше крвав месец. Имаше пукање пред Клиничкиот центар во Тетово. Во овој случај, осомничениот убиец е на слобода.„За осомниченото лице кое веднаш по настанот избегало од местото и до овој момент е недостапно е доставен предлог за притвор. Ќе биде лишен од слобода кога ќе биде најден“, велат од Обвинителството.Последното убиство беше на крајот од јануари, во Ново Лисиче. Внук ја уби сопствената баба. „Скопје1“ објави детали за случајот и тоа кој е внукот. Бабата била тепана и задавена. Осомничениот се бранел и тврдел дека не го сторил делото. Тој е зад решетки.Заедничко за сите случаи е што ниту еден не е стигнат ниту до обвинение со кое осомничените ќе одговараат пред македонските судови.И овие убиства не се единствените. Останаа нерасчистени и неколку ликвидации и обиди за ликвидации во Скопје – како што е пукањето во „Шиша бар“ и двојниот обид за убиство на Раде Трајковски-Штекли.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

(Видео) Полицајци од границата „Деве Баир“ фатени пијани, а едниот се гони и за насилство кое е снимено во казино

Дисциплинска постапка против 4 лица и времена мерка - отстранување од работно место за едно лице, полициски службеник во ПС за ГП Деве Баир. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка против четири лица. Предлогот за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност, следува по претходно примено известување за поднесена кривична пријава против полициски службеник Д.П. на работно место полицаец во ПС за ГП Деве Баир за кривично дело „насилство“ и пријава за констатиран прекршок од страна на полициски службеник Н.Д. на работно место полицаец во ПС за ГП Деве Баир.„Од страна на ПС ОН Куманово примена е пријава за нарушување на јавниот ред и мир во казино на подрачјето на Куманово. По преземените мерки од страна на ПС ОН Куманово констатирано е дека станува збор за лицата Д.П. и Н.Д. распоредени на работно место полицаец во ПС за ГП Деве Баир. По расчистување на настанот против полициски службеник Д.П. поднесена е кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“, кај кого по приведувањето во полициска станица агресивно се однесувал кон полициските службеници и кај кого по алкотестирање е утврдено присуство на алкохол во крвта, додека против полициските службеник Н.Д. поднесено е барање за поведување прекршочна постапка бидејќи истиот во алкохолизирана состојба со викање го нарушил јавниот ред и мир. Против двете лица иницираната е постапка за утврдување дисциплинска одговорност, а додека за полицискиот службеник Д.П. задолжителна мерка – отстранување од работното место и одземање на оружје“ вели техничкиот минситер Панче Тошковски.Дополнително, при преземање на мерки од страна на полициските службеници од ПС за ОН Куманово, направени се одредени пропусти во постапувањето, со тоа што тие не ги презеле неопходните потребни службени дејствија. Во таа насока доставен е предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност против лицата Д.К. и Ф.М. полициски службеници во ПС за ОН Куманово.

Македонија | пред 2 години

024

(Видео) Како Интерветна полиција постапува при апсење: Тошковски зборуваше за проблемите со раководството

Денеска (28.02.2024г.) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ ја посети Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.Од страна на припадници на ЕИП на министерот Тошковски му беше извршена презентација на дел од опремата и вооружувањето кое го користи Единицата и му беа прикажани неколку показни вежби преку кои беше претставено постапувањето на полициските службеници при разбивање на толпа, пресретнување на возило и приведување на лице од затворен објект. Исто така, министерот Тошковски одржа работен состанок со раководството на ЕИП каде се разговараше за тековните активности и проблеми со кои се соочуваат, а беше ставен акцент и на претстојните избори во чие спроведување Единицата има значајна улога од аспект на обезбедување на целокупната безбедност на изборниот процес.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Мајка го пронашла синот мртов во Скопје

МВР информира дека вчера во 10.30 часот во СВР Скопје, Т.М.(58) од Скопје пријавила дека во својот дом на подрачјето на Чаир го пронашла починат нејзиниот син И.М.(35) од Скопје, кој имал здравствени проблеми.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Македонија | пред 2 години

apsenja

Во Центар уапсени тројца, во Ѓорче едно лице - сите поради иста причина

Денеска (01.03.2024) во 00.10 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.П.(31) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (01.03.2024) во 02.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.А.(32) од Велес и В.А.(34) и К.Б.(34), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-38-8270PM

Прегазен пешак, сопатници повредени - тешка несреќа во Чаир

На 29.02.2024 во 07.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско - косовска бригада“, пред крстосница со ул.„Адем Демачи“, патничко возило „фолксваген“ со италијански национални ознаки, управувано од А.С.(19) од с.Арнакија, скопско, удрило во пешакот С.Х.(49) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници од возилото, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 2 години

ubistvo

Тинејџер убиен од малолетник и 21-годишник во Прилеп: го бркале, не успеал да им избега, го боделе со нож до смрт

Полицијата го потврди убиството во Прилеп на младо момче, за кое од вчеравечер пишуваат медиумите. Група од две лица го бркале, тоа се сопнало и паднало при бегањето, а тие го прободеле со нож. Вака се одвивала крвавата драма во кое животот го загубило момчето. МВР тврди дека ги има обезбедено сите кои учествувале убиството.„Денеска (01.03.2024) во 04.00 часот во с. Сенокос, општина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода малолетник и В.Т.(21), двајцата од с. Сенокос, поради сомнение за сторено кривично дело „убиство“.Имено на 29.02.2024 во 19.37 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Прилеп било пронајдено лице со повреди, по што билo пренесено во Градска болница Прилеп, каде што лекар констатирал смрт и било утврдено дека се работи за малолетник од Прилеп.Полициски службеници од ОВР Прилеп заедно со јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот, а по судска наредба бил извршен претрес во домот на малолетникот во с. Сенокос, при што биле пронајдени и одземени предмети со кои било извршено кривичното дело.Со малолетникот бил извршен службен разговор, во кој го признал делото, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава по член 123 од Кривичниот законик“, велат од МВР.

Македонија | пред 2 години

ebr2411.mp4.00_01_08_10.Still002

Малолетник се обидел да убие врсник

СВР Скопје поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.На 27.12.2023 на паркинг простор на подрачје на Чаир, пријавениот со остар предмет нанел тешка телесна повреда на друг малолетник.

Македонија | пред 2 години

263890102_364919331843310_2719035635897412082_n

Во Скопје куп тепачки и пукање - настрадани и малолетници

Тепачки имало низ Скопје во текот на вчерашниот ден. Меѓудругото, настрадале и малолетници.На 28.02.2024 во 18.30 часот во СВР Скопје, А.Д.Ј.(48) од Скопје пријавила дека околу 12.30 часот на подрачјето на Центар нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 28.02.2024 во 16.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 15.00 часот на пазар на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.С.(60) од една страна и С.А.(52) и А.Р.(53), од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  На 28.02.2024 во 16.25 часот во СВР Скопје, Д.К.(29) од Скопје пријавил дека околу 13.00 часот на подрачјето на Кисела Вода, по претходно недоразбирање во сообраќајот, тој и неговата мајка биле физички нападнати од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  На 28.02.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје, С.Д.(55) од Скопје пријавил дека на 27.02.2024 околу 13.00 часот во кругот на приватна фирма во нас.Илинден, каде што работел, пронашол залутано зрно од огнено оружје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.   На 28.02.2024 во 18.15 часот во СВР Скопје, А.Ќ. од Скопје пријавил дека во с.Страхојадица, општина Зелениково, додека бил во неговата штала, Н.К. од с.Зелениково од возило во движење пукал со огнено оружје кон шталата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 години

DSC_0289

Четворица малолетници од Скопје се уапсени: причините се марихуама и кражба

На 28.02.2024 во 14.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје. Тие се сомничат дека околу 13.10 часот во Градскиот парк во Скопје, со уште две други лица, физички го нападнале Ф.П.А.(19) од Скопје и се обиделе да му го одземат паричникот. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.На 28.02.2024 во 21.20 часот во с.Сопиште, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (29.02.2024) во 01.20 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Ш.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 28.02.2024 во 22.50 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Б.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Свет | пред 2 години

viber_image_2023-10-01_18-45-31-561

Криминалец баран од Интерпол е уапсен на Табановце, а на Блаце со лисици заврши Турчин

На 28.02.2024 во 10.35 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го привеле Г.Б.(41) од Република Турција затоа што при извршена проверка било констатирано дека остварил илегален влез во државата. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал миграции странци и реадмисија за понатамошна постапка.На 28.02.2024 во 15.25 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода С.С.(26) од Република Молдавија затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Романија. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 2 години

DSC_0052

Исчезната малолетничка од скопско Волково пронајдена во тетовско

Вчера (28 февруари) во 16 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово во домот на М.Ц. во тетовско Сараќино ја пронашле Ј.Т.(14) од с.Волково, скопско, за која во 14.05 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, нејзината мајка И.Т. пријавила дека се оддалечила од домот.„Инаку, таа и претходно е пријавувана дека се оддалечувала од домот“, велат од МВР.Во присуство на претставник од Центар за социјални работи, малолетничката била предадена на родителите.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-49-6440PM

Крими Скопје: Обљуба врз малолетничка, скопјанец со ќотек ограбен во Карпош, тепачка во Сарај поради караница во сообраќај

На 27.02.2024 во 14.50 часот во СВР Скопје, 39-годишна жена од Скопје пријавила дека физички била нападната од нејзиниот сопруг И.П.(41) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 27.02.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје, Б.Н.(36) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Карпош физички бил нападнат од едно лице, кое со помош на друго лице му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 27.02.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје, Р.Н.(27) од с.Долно Свиларе, општина Сарај, пријавил дека околу 12.40 часот, по претходно недоразбирање во сообраќајот, физички бил нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 27.02.2024 во 22.30 часот во СВР Скопје, И.С.(39) од Скопје пријавила дека околу 20.30 часот во близина на трговски центар на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 27.02.2024 во 13.30 часот во СВР Скопје, В.Т.(31) од Скопје пријавила дека во изминатиот период во основно училиште на подрачјето на Драчево, нејзиниот малолетен син бил физички напаѓан од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 27.02.2024 во 13.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, 34-годишна жена од Скопје пријавила дека М.К.(23) од Скопје извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Ограбена банка во скопски Илинден: Влегол со пиштол, се заканил дека ќе ги убие, излегол со пари

Вооружен грабеж на банка имаше во Илинден. Лице со качулка влегол и се заканил на вработените дека ако не ги дадат парите, ќе бидат убиени. Им извадил и пиштол. Тој успеал и да избега.Од МВР излегоа со кратка информација.„Денеска (28.02.2024) во 10.26 часот во СВР Скопје било пријавено дека во експозитура на една банка во нас.Илинден – Скопје едно лице со закана со огнено оружје од вработените одзело пари“, соопштија од МВР.

Македонија | пред 2 години

430061790_903124715148432_4986471187042227168_n

МВР со детали за сообраќајката кај Кавадарци: двајца се тешко повредени

Денеска (28.02.2024) во 06.48 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Росоман, во близина на село Манастирец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патичко возило „фиат пунто“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.К.(53) од Росоман и патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Д.(23) од Росоман.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.К. и С.П.(21) од Росоман, сопатник во возилото „пежо“, додека со телесни повреди се здобил возачот И.Д., констатирани во болницата во Кавадарци.Увид на местото извршила екипа од ОВР Кавадарци.ФОТОГРАФИИ:

Скопје | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања