Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

fsdfasdf

(Фото) Тешка несреќа кај Кавадарци: тројца повредени, еден е потешко и однесен во болница

Возича марка „Пежо“ и „Фиат“ се судрија на патот Кавадарци-Росоман. Пожарникари ги извелкуваа од возилата чии врати беа заглавени.Во несреќата се повредени три лица, од кои едно е потешко. Двете лица се помлади на околу 23 години, едното повозрасно.ТППЕ Кавадарци излезе на терен со 8 пожарникари, 2 возила за техничка интервенција и 1 амбулантно возило.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-54-5730PM

Крвично тепање во Тетово: два сучаи на семејно насилство - син натепал татко, а сопруг нападнал сопруга

За еден ден, во полиција се пријавени на случаи на семејно насилство.СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Н.(25) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ во врска со семејно насилство и „загрозување на сигурноста“ во врска со семејно насилство. На 07.02.2024, пријавениот физички го нападнал неговиот 48 – годишен татко и му упатил закани.СВР Тетово поднесе кривична пријава против О.М.(28) од с.Ново Село поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и „загрозување на сигурноста“ при семејно насилство. На 13.11.2023 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата 25-годишна сопруга и ѝ нанел повреди.

Македонија | пред 2 години

pukanje-1

Пукање во Скопје: Обид за убиство на три лица, меѓу кои малолетник

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.С.(32) и М.И.(52), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.На 02.08.2023, М.И. со нож му нанел убодна рана на И.С.(28), по што Н.С. со огнено оружје пукал кон второпријавениот и кон малолетник и им нанел прострелни рани.Случајот се расчистува.

Македонија | пред 2 години

20230227071314

Запален битолскиот затвор, повреден е затвореник

Пожар избил во битолскиот затвор во текот на вчерашниот ден, а осуденик бил повреден. „Скопје1“ проба да стапи во контакт со тамошниот директор, Драган Крајовски, но тој не одговори на нашите повици.Според информации од полицијата, осуденикот кој е повреден има 33 години и е од Бтиола. Засега не се знае како избил пожарот.Интервенирала и противпожарната бригада, а пожарот е изгаснат. Увид извршила и увидна екипа.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Има снимки: Се проверува дали убиството на Блаце и запалениот локал во Чаир се поврзани настани

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во близина на Блаце, каде беше пронајдено безживотно тело на маж со прострелни рани.“При увидот подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, а јавниот обвинител даде насоки да се извршат проверки и да се преземат дејствија за обезбедување на докази.Во однос на пожар во угостителски објект во Чаир, увид извршила увидна екипа на МВР. Подигнати се траги од лице место, обезбедени се снимки од видео надзор. Според првичните сознанија, пожарот е подметнат. Се постапува за откривање на сторителите и за проверка на евентуална поврзаност на двата настани”, вели Обвинителство.

Скопје | пред 2 години

IMG_0969

Мачно е добивањето термин за документи: После 203 вртења на бројот, 38 минути слушање музика - конечно успеав!

Граѓаните и натаму мака мачат за да закажат за термини за вадење на лични документи. Операторите не одговараат на повиците, а тие постојано ѕвонат одново. Над 200 вртења се потребни за да се добие некој од другата страна, кој во систем ќе провери дали и за кога има слободни термини.„Во функција се телефонските линии за закажување термин, a? Ништо не функционира, ништо!!!“, напиша граѓанка од Струмица.По 203 вртења, успеала да добие оператор. Кога требало да се избере термин, првиот слободен бил за веќе наредниот ден односно за денеска.„После 203 вртења на бројот, 38 минути слушање музика и 'ве молиме почекајте, сите оператори се зафатени", конечно успеав', додава таа.Овој пробле трае со месеци наназад. Познато е дека техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој ја презеде функцијата пред скоро месец, работи на оспособување на системот за закажување услуги преку веб-страницата на МВР.

Коментари | пред 2 години

oki-ubisvo

Крвна одмазда: Убиениот кај Блаце е татко на убиецот на Оки

Убиството кај Блаце е поврзано со крвна одмазда и пресметката меѓу криминалните подземја во Скопје. “Скопје1” дознава дека убиениот е татко на осомничениот за убиството на Оки во Грција и Жила во Шиша бар.Убиениот се вика Зелќиф Туша, татко на Гани. Неговото безживотно тело го најде братот, а според информациите на “Скопје1”, тоа било на локален пат помеѓу Горно и Долно Блаце.

Македонија | пред 2 години

272979129_360942928889350_144321398272608477_n

Убиениот има 56 години: МВР со детали за убиството кај Блаце

Полицијата излезе со првични информации за убиството кое се случи кај Блаце во Скопје.„Во 18.10 ч. во СВР Скопје е пријавено дека во близина на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце, Н.Т. го пронашол неговиот брат З.Т. (56) без знаци на живот, со прострелни рани од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР повикувајќи се на првичните информации.Претходно:Пред пет дена, имаше двојно убиство во Кумановско. „Скопје1“ пишуваше дека за два месеци, од средината на ноември до средината на јануари, седум лица се убиени во Македонија. Детали:

Скопје | пред 2 години

policija-ubistvo-pishtol

Убиство во Скопје: маж најден со прострелни рани кај Блаце

Убиство е случи во близина на Блаце, дознава „Скопје1“. Според првичните информации, маж бил пронајден со прострелни рани.„Скопје1“ од свои извори дознава дека убиениот бил пронајден на локален пат.За детали се обративме до МВР:Пред пет дена, имаше двојно убиство во Кумановско. „Скопје1“ пишуваше дека за два месеци, од средината на ноември до средината на јануари, седум лица се убиени во Македонија. Детали:

Скопје | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-51-1800PM

Мртов маж пронајден во Ѓорче Петров среде ноќ

Денеска (26.02.2024) во 02.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ било пронајдено починато машко лице без документи за идентификација. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 2 години

maloletnicka

Малолетничка малтретирана од родителите - семејно насилство во Скопје

На 24.02.2024 во Полициската станица Бит Пазар бил извршен службен разговор со Е.М.(42) и Ф.М.(37), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека ја малтретирале нивната малолетна ќерка.Известен бил Јавен обвинител и Центарот за социјална работа каде било предадена малолетничката за нивна понатамошна надлежност.По целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по член 201 од Кривичниот законик - „запуштање и малтретирање на малолетно лице“.

Македонија | пред 2 години

DSC_0718

Уапсени се пет лица низ Скопје: најмладиот има 18, највозрасниот 28 години

Пет лица се уапсени по вчерашните 11 кои завршија во полициски станици - а причината е пронајдена дрога. Полицијата извести за нови случаи на територија на Скопје.На 25.02.2024 во 23.50 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Ј.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 25.02.2024 во 10.45 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.И.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 25.02.2024 во 21.35 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.И.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 25.02.2024 во 17.10 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(24) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 25.02.2024 во 21.50 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Џ.К.(21) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Свет | пред 2 години

apsenja

Уапсени 11 лица низ скопските улици: претреси и лисици, тројца од нив имаат по 19 години

Денеска (25.02.2024) во 02.20 часот во близина на Порта Македонија во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.Ш.(26) од Косово поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (25.02.2024) во 01.10 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Г.(21) и М.Ш.(19), двајцата од Скопје поради тоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (25.02.2024) во 03.00 часот од угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Г.С.(22) од Скопје поради тоа што кај неа била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 24.02.2024 во 23.25 часот на подрачјето на Драчево во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.П.(27) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесокНа 24.02.2024 во 15.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Б.Д.(19) од Скопје поради тоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 24.02.2024 во 21.45 часот на подрачјето на Центар во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ѓ.(21) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 24.02.2024 во 22.20 часот на подрачјето на Центар во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.А.(32) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 24.02.2024 во 16.50 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.Р.(31) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 24.02.2024 во 21.30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(19) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 24.02.2024 во 21.30 часот на подрачјето на Карпош во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.А.(35) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Свет | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-37-8710PM

Млад пешак прегазен во Скопје, однесен во болница

Денеска (25.02.2024) во 03.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје на крстосницата од ул.„Железничка“ и ул.„Димче Мирчев“ патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(40) од Скопје, удрило во пешакот Х.Ц.(26) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2024-02-24-at-16.57.46

Тошковски за однесувањето на Џафери: Најмалку што очекувам е да се извини, ниту еден вработен не заслужува да биде така третиран

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, смета дека е непрофесионален односот на техничкиот премиер Талат Џафери кон вработените во СВР Тетово и службеничката на која ѝ објаснуваше колку време тој служел војска и каде работел. Тошковски очекува извинување од Џафери, особено по големиот број на реакции од јавноста.„Во однос на вчерашното видео кое се појави во јавноста, а на кое се гледа како техничкиот премиер Талат Џафери ненајавено упадна во просториите на Отсекот за управни работи Тетово каде што во моментот овластените службени лица ги извршуваа своите работни задачи би сакал да го истакнам следново: Како министер за внатрешни работи, а пред се како човек сметам дека секој вработен во МВР заслужува максимална почит, без оглед на неговата позиција во рамки на хиерархијата или било каква припадност и таа почит треба да биде изразена од страна на секого, независно дали е премиер, министер или извршува било каква друга функција. Таквото однесување на премиерот спрема вработените, особено спрема една колешка сметам дека е несоодветно и не доликува на човек кој извршува таква функција, а уште повеќе и поради фактот што таа жена според информациите што ги добив е сопруга на човек кој го дал својот живот за време на извршување на работни задачи, токму како припадник на министерството за внатрешни работи.“, вели Тошковски за „Скопје1“.Реакции за однесувањето на Џафери дошле до него, но и до неговиот кабинет. Посочува дека ја следи и јавноста, па додаде дека реакциите се оправдани.„Во тој контекст сметам дека најмалку што може техничкиот премиер Талат Џафери да направи во овој момент е да се извини за ваквото однесување и во иднина да се воздржи од вакви постапки кои сигурно нема да придонесат за подобрување на работата на институциите“, додава Тошковски за „Скопје1“.View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)Осуди за однсувањето на Џафери дојдоа најпрво од граѓаните, потоа и од пратеникот Драган Ковачки, но и професорката Мирјана Најчевска која го нарече „будала невидена“.Џафери вчера беше во СВР Тетово и во една од канцелариите влезе со камери. Таму воспоставуваше ред и бркаше луѓе од просторијата.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Крими-Скопје: Дете натепано во Аеродром, две тепачки во Драчево, со пиштол вперен во вработени ограбена обложувалница во Чаир

Дете натепано од три лица кои избегале, обложувалница ограбена во Чаир, тепачки во Драчево, а педагог директорка и вработени во средно училиште во Скопје пријавиле дека родител ги вознемирувал. Ова се само дел од настаните во кои интервенирала полицијата во изминатите 24 часа.На 23.02.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје, М.З.(38) од с.Долно Лисиче, скопско пријавил дека околу 19.00 часот во близина на средно училиште на подрачјето на општина Аеродром во Скопје неговиот малолетен син физички бил нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 23.02.2024 во 21.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.45 часот во спортска обложувалница на подрачјето на Чаир, едно лице со закана со оружје и со употреба на физичка сила искршило дел од инвентарот и од вработениот одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Денеска (24.02.2024) во 01.56 часот СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево пред спортска обложувалница, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Т.(37) и М.Б.(39), двајцата од Скопје. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.На 23.02.2024 во 09.00 часот во СВР Скопје, 34-годишна жена пријавила дека на 10.02.2024 околу 14.00 часот во објект на подрачјето на Бит Пазар каде работела, Б.М. ја допирал по телото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Денеска (24.02.2024) во 03.00 часот во СВР Скопје И.Б.Ј.(31) од Скопје пријавила дека околу 01.00 часот на автопатот Велес-Скопје, атар на с.Идризово, три лица се однесувале агресивно кон неа, а едно од нив го скршило ретровизорот од нејзиното патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 23.02.2024 во 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу неколку малолетници од с.Горно Количани и с.Долно Количани, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 23.02.2024 во 17.50 часот во Полициската станица Центар А.Д., педагог во средно училиште од Скопје, пријавила дека таа, директорката и вработени во училиштето биле вознемирувани од М.К., родител на ученичка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 години

mitko-bojmacaliev-2

Демантирам дека во МВР има неорганизираност, наредната недела стигаат уште 85.000 обрасци, вели Бојмацалиев

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во интервју за Канал77 рече дека не може да стане збор за неорганизираност во МВР, бидејќи во континуитет се извршуваат услугите кон граѓаните.„Не станува збор за никаков хаос, неорганизираност, саботажа или немање обрасци. Ако ги гледате бројките изминатите години колку била заинтересираност за промена на лични документи, а тоа доведе од целата политичка пропаганда од оние кои денес бараат пасош плус повеќе зборувам за политичарите со Северна, ние од отпочнувањето на самиот процес, од јули 2021 со издавање на сите лични документи со Северна Македонија, сме можеле комотно да го завршиме целиот процес. Сме имале обрасци, машините биле спремни, организацијата на МВР била спремна и од јули до месец февруари 2024, сме можеле комотно 2 милиони документи да испечатиме со Република Северна Македонија. Уште еднаш потврдувам дека обрасци има, имало и ќе има. МВР била на висина на задачата и 2021, 2022 кога имало околу 50.000 граѓани, декември-јануари и кога имало 170.000 заинтересирани граѓани биле примени од страна на службите на МВР и таа услуга им била дадена. Уште еднаш потврдувам и ги демантирам сите гласини дека во МВР немало организација, имало хаос, фалеле обрасци. Напротив, има организација, сме излегле во пресрет на секој еден граѓанин. Обрасци имало, има и ќе има”, рече Бојмацалиев, додавајќи дека ги кажува бројките и фактите, при што уште еднаш ги зеде како пример пратките на обрасци.„Јас не кажувам дали некој лаже, јас ги кажувам фактите и бројките. На денот на примопредавање стигаат 50.000 обрасци подоцна 20.000, четвртокот навечер 140.000 обрасци, наредната недела стигаат 85.000 обрасци, или вкупно со тие што ќе пристигнат се 1.734.000 обрасци”, потенцираше Бојмацалиев.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-45-4430PM

Возач и сопатник се во болница - тешка несреќа во Битола

На 23.02.2024 во 19.58 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Прилепска“ и ул.„Наум Наумовски Борче“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(68) од Битола и патничко возило „бмв“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.А.(29) од Битола.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „бмв“ П.Ч.(45), а со телесни повреди се здобиле возачот М.А. и сопатник А.Х.(29) сите од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 2 години

DSC_0729

Расчистен обид за убиство во Скопје: пукал во кафеана, но не успеал да го убие

На 23.02.2024 СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против А.К. (36) од Скопје поради обид за убиство. На 22.02.2024 околу 14.20 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода А.К.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 14.00 часот во угостителски објект на ул.„Ќемал Сејфула“ во Скопје пукал во Е.С. и му нанел повреда во ногата.Против А.К. е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје, а судија од Основен кривичен суд Скопје му одреди мерка притвор од 30 дена.

Скопје | пред 2 години

DSC_0729

Двојно убиство во Куманово, едно лице се бори за живот - полицијата со детали

Повеќекратно убиство се случи во Куманово, потврдуваат од МВР за „Скопје1“. Според првичните информации, брат пукал во сестра му и нејзините синови.„На 21.02.2024 година во 12.25 часот полициски службеници од СВР го лишиле од слобода Д.Ѓ. (66) затоа што во село Габреш,кумановско поради нерасчистени имотно правни односи пукал од огнено оружје кон неговата сестра Д.Р.(63), и нејзините синови Ж.Р.(36) и Т.Р.(38). Итна медицинска помош констатирала смрт кај Д.Р. и Т.Р., додека Ж.Р.со повреди е пренесен во Општа болница Куманово“, велат од МВР.Жената и 38-годишникот починале, третото лице се бори за живот. Увидот е во тек.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-43-7060PM

Старица прегазена во Битола - со тешки повреди однесена во болница

На 22.02.2024 во 11.16 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Никола Тесла“ во Битола, товарно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(60) од с.Сарај, скопско, удрило во М.Г.(83) од Битола.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г., констатирани во Клиничката болница Битола.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-02-23-at-10.39.18

„Во МТВ се земаат возачки на лица кои не доаѓаат лично“ - сведоштво за хаосот во институциите

Сабина Факиќ, сподели искуство од пунктот на МВР во МТВ каде се подигнуваат личните документи.„Во пунктот во МТВ еден работи на издавање возачки дозволи, а документите се послани дел на биро, а дел на под. Доаѓа негов колега и прашува каде се подредени итните возачки и како одат буквите и наоѓа возачка дозвола за извесното лице (кое не е присутно) и мртов ладен се потпишува и ја зема.Го прашувам – како тоа зема туѓа возачка дозвола, на што дрско ми возврати која сум јас да го прашувам и ме упати да се жалам кај началничката. Му реков дека не ми е тоа намерата туку да го засрамам јавно затоа што од таквите како него е созададен хаосот во институциите. Вработениот кој ги издаваше возачките молчеше. Виновни се и двајцата. Случајно или не, по кавгата мојата возачка дозвола не можеше да се најде“, пишува таа.Голем дел од граѓаните не и по еден месец не ги добиваат документите, без разлика дали ги вадат по редовна или итна постапка.

Коментари | пред 2 години

joseski-isceznat

Прилепчанец исчезна пред два дена, пронајден е мртов: „телото е дадено на обдукција“

Прилепчанецот Александар Јошески по кого се трагаше два дена, синоќа е пронајден мртов, објавија членовите на неговото семејство.„Го пронајдовме. Ви благодарам на сите за помошта. Бог да го прости, не е веќе меѓу нас“, напишаа од семејството.Јошески исчезна на 21 февруари, а последен пат бил виден кај автомеханичар „Цуцуло“. Од МВР велат дека телото е дадено на обдукција.„Во ОВР Прилеп било пријавено дека на место викано „Топташ“ во Прилеп бил пронајден починат А.Ј.(46) од Прилеп, за кој истиот ден во 10.00 часот неговата сопруга С.Ј.(47) пријави дека се оддалечил од домот. Смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Прилеп, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп“, информираат од МВР.

Македонија | пред 2 години

16184253-8b95-4239-83c1-1133a3e77eda

Дополнителниот министер во МВР на граница ги чекаше обрасците за пасоши

Вечерва, (22.02.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев на Граничниот премин Богородица, ги пречека новите 140.000 обрасци за пасоши, демонстрирајќи го концептот „МВР за Граѓаните” на дело.Претходно, Бојмацалиев информираше дека покрај денешната пратка од 140.000 обрасци, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци, со што како што најави Бојмацалиев, бројката од 225.000 обрасци се комплетира.„Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, а со обрасците што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат вкупно 1.734.600. Исто така, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци. Со тоа, како што најавив, бројката од 225.000 обрасци се комплетира. Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, со овие што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат 1.734.600”, информираше Бојмацалиев.Во оваа прилика, Бојмацалиев упати апел до сите граѓани навремено да ги поднесат своите барања за промена на своите пасоши, а вработените во управните служби се на располагање за сите потребни информации и поддршка во процесот на поднесување, сликање и издавање на новите документи.МВР продолжува со одржување на континуитетот на подготвеност да одговори на зголемената побарувачка и да ги задоволиме потребите на нашите граѓани во процесот на промена на личните документи.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-02-22-at-09.31.47

Кошкање во МВР, дополнителниот го критикува министерот: Граѓаните по седум дена не можат да закажат термин

Во разговор за ТВ21, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев запрашан за гужвите кои се создаваа во целиот процес на вадење лични документи, закажување, сликање и земање, објасни дека принципот на работата на пунктот за сликање „Пролет“ со „прв дојден, прв услужен функционираше.„Знаете дека од октомври, ноември го отворивме пунктот „Пролет“ којшто функционираше без телефонско закажување на принципот „прв дојден, прв услужен“. Го отворивме тој пункт бидејќи во месеците јули, август и септември имавме појава каде што луѓето закажуваат а не се појавуваат на закажаните термини. Дали било организирано или политички мотивирано, не може да се докаже. Тогаш раководството на МВР, јас бев шеф на кабинет, министерот Спасовски, одлучи дека треба да отвориме еден пункт за Скопје бидејќи остатокот од државата се над 99% веќе со извадени документи, се отвори пунктот „Пролет“ со модел „прв дојден, прв услужен“. Со доаѓањето на новиот министер, тој одлучи дека тоа е ужасно решение, го укина и ги врати повторно телефонските закажувања за денес граѓаните по седум осум дена вртат и не можат да добијат за да закажат термин. Јас тогаш а и сега јавно кажувам дека бев против укинување на принципот „прв дојден, прв услужен“ бидејќи сепак ја движеше работата а сега имаме застој. Најголемите гужви беа кога првично дојдоа над 170.000 граѓани наеднаш кога сфатија дека одредени политичари ги лажат со тоа „Никогаш Северна“ и реално дојдоа да ги сменат своите документи. Тогаш се створи ден-два гужва во прием на документи кои ги издававме во законски предвидениот рок, донесовме и одлука дека ќе се носат на домашна адреса. И како што информирав пред некој ден 95% од тие документи веќе се однесени на домашна адреса, луѓето се најдени и ги примиле своите документи. Повелете да проверите во МТВ на пунктот за издавање лични документи дека нема никаква гужва”, рече Бојмацалиев.На прашање како оди сега процесот на закажувње Бојмацалиев потврди дека граѓаните во моментот се жалат дека Call центарот не функционира и дека секојдневно има барања пак да се врати пунктот во „Пролет“ со функционирање „прв дојден, прв услужен“.„Стојам на ставот дека вака не функционира и дека треба да се врати „Пролет“ во режим на работа „прв дојден, прв услужен“, бидејќи граѓаните тоа го бараат. Јас само ги пренесувам реакциите на граѓаните. Call центарот не функционира бидејќи има преголем број телефонски јавувања и граѓаните чекаат по седум, осум дека да добијат на телефон, наспроти тоа што го кажувате дека чекале по седум, осум часа“, дециден беше Бојмацалиев.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања