Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

Screenshot-2024-02-21-at-20.46.54

Ексшефот на кабинет на Спасовски: МВР не потфрли во нарачката на обрасци

Во вестите на ТВ21 дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев беше запрашан за најавената истрага во врска со обрасците за патни исправи во процесот на промена на лични документи на граѓаните.„Истрагата е побарана од новиот технички министер Панче Тошковски. Можам да потврдам дека не се работи за никаква саботажа во МВР и ќе дадам конкретни примери зошто тоа не е така. На самиот ден на примопредавање стигаат во МВР 50.000 пасоши, минатата недела 20.000 пасоши. Во четврток или петок добиваме бројка од над 100.000 пасоши и наредната недела добиваме околу 120.000 пасоши, тоа што најавив дека наредната недела ќе добиеме огромна бројка обрасци. Имаме информација од Веридос дека ќе биде испорача во два турнуси. Со тие обрасци кои стигнаа и оние кои што ќе дојдат ја задоволуваат потребата на МВР да излезе во пресрет на граѓаните и да им ги издаде документите кои им се потребни, до следната тура на обрасци, која ќе дојде над 300.000 во месец јуни”, информираше Бојмацалиев. Притоа, тој потенцираше дека МВР не потфрлило во нарачката на пасоши, бидејќи биле нарачани приближно 2 милиона.„Ако се вратиме назад, во државата имаме 1.803.000 кои имаат важечка патна исправа. Кога се правела проекцијата за нарачка на пасоши, била направена приближно 2 милиона. Никаде МВР не потфрлило или не предвидело колку пасоши ќе бидат потребни за граѓаните. Јас жалам што во овој период имаше политички партии кои повикуваа ‘Никогаш Северна’, договорот ќе го укинеме, и граѓаните ги доведоа до заблуда да не ги сменат своите патни исправи. Ова го велам зошто имам факти и докази зошто е тоа така”, беше дециден Бојмацалиев, надополнувајќи со статистички податоци.„Во 2021, 2022, ако во короната имаше пик на заболени, ние имаме пик на најмногу побарување на граѓаните за лични документи. Годините кои ги споменав, декември и јануари, имаме просек од 40-50 илјади граѓани кои барале смена на лични документи. Како реториката на одредени политички партии се намалуваше и ја прифаќаа реалноста, бидејќи мислеа дека така ќе добијат некои политички поени во одреден период, се намали таа реторика, и декември, јануари имаме граѓани кои барале смена на лични документи над 170.000 граѓани. Што ми е поенатата? Ако изминатиот период ја немало таа реторика на одредени политички партии и политичари за дневно политички поени, ние досега ќе сме ги сменеле сите пасоши и документи. Бидејќи, капацитетите на МВР покажуваат дека можат да услужат и 170.000 граѓани. Не во тоа дека некој некого саботирал од внатре или го довел до оваа ситуација. МВР и државата ги создаде сите услови кои се потребни за промена на личните документи. Тоа го зборуваат бројките”, рече Бојмацалиев.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Куп тепачки во Скопје: сопруг шамарал сопруга, дете натепано во Центар, скопјанец во Гази Баба

Жена натепана од сопругот, скопјанец добил ќотек од неколку лица, малолетник шамаран од непознато лице, а скопјанец во Центар. Вака од прилика изгледал вчерашниот ден во Скопје. МВР излезе со детали.На 20.02.2024 во 23.20 часот во СВР Скопје, 40-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 20.30 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот сопруг С.Л.(43) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 20.02.2024 во 23.40 часот во СВР Скопје, Ј.К.(33) од Скопје пријавил дека пред казино на подрачјето на Гази Баба физички бил нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 20.02.2024 во 13.40 часот во СВР Скопје, Г.О.(48) од Скопје пријавил дека на 17.02.2024 околу 22.00 часот на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син физички бил нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 20.02.2024 во 08.30 часот во СВР Скопје, Ѓ.П.(47) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар физички бил нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 20.02.2024 во 07.46 часот во СВР Скопје, Н.С. (49) од с.Волково, скопско пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, физички бил нападнат од Н.А.(38) од Скопје, кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 години

IMG_7748

Апсења на три гранични премини

На 20.02.2024 во 18.00 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го привеле Т.Ј.(30) од Р.Албанија поради тоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека во неговата патна исправа недостигаат страници. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.Денеска (21.02.2024) во 01.30 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го привеле У.Г.(33) од Косово поради тоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека истиот приложил оштетена лична карта на која се вршени преправки. Тој бил предаден на полициски службеници од отсекот за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.На 20.02.2024 во 23.30 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода Г.М.Е.(51) од Р.Турција поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека меѓународната зелена карта за осигурување на товарно возило била фалсификувана. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Македонија | пред 2 години

loru5bcabbkptivbtymx

Двајца стружани завршија со лисици во станица

На 20.02.2024 во 19.15 часот полициски службеници од ОВР Ресен, на ул.„Јосиф Јосифовски” во Ресен ги лишиле од слобода Ш.Т.(43) и И.М.(34), двајцата од Струга, затоа што при преглед на патничко моторно возило марка „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од И.М. и сопатник Ш.Т., кај сопатникот била пронајдена кеса со марихуана.По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 години

soobrakajka

Охриѓанец тешко повреден - уште една сообраќајна несреќа

Во СВР Битола е пријавено дека во 21.15 часот на магистралниот пат А-3 Ресен - Буково кај место викано леворечки мост се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „хонда” со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(38) од Охрид, излетало од коловозот, при што Д.Н. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.Увид извршила увидна екипа на ОВР Ресен.

Македонија | пред 2 години

pance26012024

Земјите членки на ЕУ изразуваат разбирање за прашањето со македонските патни исправи, вели Тошковски

Комитетот за патни исправи на Европската комисија ќе покаже разбирање за проблемот со патните исправи за македонските граѓани во рамки на Европската унија. Ова денеска го изјави техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски во утринската емисија „Ја сакам Македонија“ на ТВ Сител, повикувајќи ги повторно пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да покажат разумност и разбирање за нашите граѓани и да ги изгласаат измените на Законот за патни исправи.„Денеска добив писмена информација дека Комитетот за патни исправи на Европската комисија одржал состанок. Ова ми беше најавено и од амбасадор на Белгија. Според оваа информација земјите од Европска унија ќе имаат разбирање за проблемот и ќе бидат максимално коректни и воздржани во однос на нашите граѓани. Ова се однесува на нашите граѓани кои се надвор од Македонија, на пример во Германија имаме 70.000 македонски државјани кои имаат стари патни исправи. Тие без проблем ќе може да отидат во Унгарија и Чешка, ама нема да можат да излезат од Македонија ако дојдат дома. Европскиот комитет дава мислење до земјите да имаат разбирање. А ние што правиме, само Македонија, освен Грција, го крши основно човеково право на слобода и движење, заради тоа што пратениците од владеачката структура од СДСМ и ДУИ не сакаат да стиснат едно копче“, потенцираше Тошковски.

Македонија | пред 2 години

IMG_3348

„Вадам пасош по итна постапка, поминав низ голгота и ми ставиле туѓа слика“ - граѓаните се жалат дека им грешат и лични податоци

Велешанецот Игор Смилев тврди дека во пасош кој го вадел по итна постапка, му била згрешена фотографијата. Па наместо од него, изработувачите од МВР ставиле фотографија од друго лице. Поради ова, тој морал одново да се фотографира и чека за пасошот да биде изработен. Но освен него, на неговата објава се јавија и други граѓаните со сличен проблем - грешка во име или презиме.„Северџанија деновиве, губиш ден, се сликаш итно за пасош, минуваш низ голгота, се пцуеш со блиски и туинци и конечно ти закажуваат термин за подигнување на пасош. Доаѓаш на термин, губиш цел ден, го земаат пасошот и.. ти ставиле туѓа слика во твојот пасош. Ох Универзуме, што ти згрешивме“, пишува велешанецот Смилев во јавниот статус.Под него, и други граѓани се јавија со истиот проблем.„Ми погрешија буква во името - судбина или неписмена администрација. И што понатаму ... се одново?!“, пишува друго лице, а се надовржува и друга жена која посочува: „Да се одново. Мене на ќ на презимето, цртичка не ја ставиле, напишале к. Се јово на ново“.За грешките во патните исправи се обративме и во МВР. Оттаму очекуваме одговор дали пасошот на Смилев е заменет, како и, дали често се случуваат грешки при изработка на пасошите, во и онака, малкуте обрасци кои државата ги има на располагање.

Коментари | пред 2 години

vgdfs

Нема обрасци за пасоши, ниту термини, а по готовите документи се води потрага, а во МВР истрага оти се случил хаос со нарачката

Нема термини, но нема ниту обрасци за пасоши, а во Министерството за внатрешни работи се води и внатрешна истрага оти најавените 400 илјади не стигнале поради измена на договорот со фирмата која ги испорачува. Услугата за електронско закажување на работи, укажуваат граѓаните, а телефоните се постојано зафатени и тешко е да се стигне до оператор. Упорноста ретко се исплати, а граѓаните вртат од утро до мрак за да го поминат само првиот чекор: закажување на термин.Според сведочењата, над 200 пати треба да се повика бројот 071 929 292. Но и тоа може да е залудно. Линиите најчесто се блокирани. Кога ќе се стигне до оператор, терминот може да биде и за по летните месеци. За итна постапка, се чека и до месец за фотографирање, со што почнува процесот на изработка. Утрово во МРТВ немаше гужви, термините се почитуваа.Но, оттука почнува голготата. Граѓани кои се фотографирале кон крајот на декември како за пасош, така и за возачка - се уште не можат да дојдат до документите. Тие сведочат дека кога биле на пунктот за подигнување по 15 работни денови, документите не им биле таму. Првото оправдување било дека не биле изработени, за потоа, да им биде кажано дека им се пратени на домашна адреса. И додека одговорноста се префрла, достава нема.Голем дел од граѓаните бараат начини да дојдат итно до пасоши поради неодложни обврски во странство. Но, од првично нарачните 400 илјади обрасци за пасоши, средината на февруари, според Телма, стигнале само 20.000 обрасци. Зошто е волку голема разликата - нема одговор. Внатрешна контрола сега истражува кој и зошто изменил одреден акт во декември, за добавувачот да има можност да испорача помалку обрасци - иако по пунктовите е „тепачка“ за пасоши.„Во врска со договорот за набавка на патни исправи, ве информираме дека за истиот е отворена постапка при одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди“, велат од МВР.Уште кога стапи на функцијата државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски кажа дека со обвинителите ги следат случувањата со издавање на лични документи.

Македонија | пред 2 години

297051333_456402029713114_4862336029331529171_n

Најмногу возачи се казнети за брзо возење во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 209 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, 11 за користење мобилен телефон при управување, осум мерки за некористење на сигурносен појас...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Скопје | пред 2 години

mvr-1

И кривична до јавен обвинител за обезбедувачот на Мицкоски кој остана без функцијата

Секторот за внатрешни работи Скопје и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди преземаат мерки и активности за расчистување на случајот од синоќа, кога околу 00.40 часот во угостителски објект во центарот на Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода И.Б.(43) од Скопје, полициски службеник кој не бил на должност.„Затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. И.Б. е приведен во полициска станица и известен е јавен обвинител, по чии насоки се преземаат соодветни мерки и активности и по завршување на постапката ќе следува соодветен поднесок по насоки на Јавниот обвинител, а од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по целосно документирање на настанот ќе бодат преземени соодветни дисциплински мерки согласно колективниот договор во МВР“ велат од МВР.

Македонија | пред 2 години

policiska-akcija-960x582-1

Немало тепачка, туку турканица: Што се случувало во „Мош“, каде полицаец се „судри“ со колега

Немало тепачка туку турканица во кафе-барот „Мош“, кога полицајци влегле да прават претрес за пронаоѓање на наркотични средства, дознава „Скопје1“. Очевидци тврдат дека драмата се случувала околу полноќ, а сѐ се одвивало на едно од сепареата. Полицаецот Ивица Бисовски кој не бил на должност, во критичните моменти бил во објектот, а лицето кое пријавило дека бил нападнат му се доближил и почнала вербална расправија.Според неофицијалните информации на „Скопје1“ од очевидци, претресот се одвивал непречено и проверувани биле повеќемина од гостите. Кога полицајците се доближиле до сепарето каде бил Бисовски, започнала тензичната атмосфера. Расправијата се преточила во физички подбутнувања, по што Бисовски му ја фатил раката на полицаецот, што бил физички контакт кој МВР во билтенот го карактеризира како „физички напад“.Полицајците дојдени да го претресат локалот му кажале на Бисовски дека ќе го приведат поради неговиот однос, на што, тој не давал отпор. Потоа, следувало и апсењето. Сето ова се случувало пред десетици гости во локалот, а акцијата била прекината, сосе претресите.„Скопје1“ побара информации од МВР, доколку имало физички напад, какви повреди има нападнатиот полицаец, на што очекуваме одговори.Дополнителниот заменик во МВР прв се „пофали“ дека е згрозенМитко Бојмацалиев, дополнителен заменик министер во МВР прв обзнани дека имало инцидент.„Згрозен сум од чинот што се случи ноќеска кога колега полициски службеник нападнал друг колега пред угостителски објект којшто во тој момент извршувал службени дејствија. Напад врз полициски службеник е напад на држава! Истиот е лишен од слобода и повикувам внатрешна контрола и СВР Скопје да постапат соодветно и максимално професионално.Македонската историја не памети ваков случај на поранешен висок полициски функционер да нападне и спречи свој колега во извршување на својата службена должност.Ова е преседан во полициското работење, повикувам максимално професионално да се расветли овој случај во интерес на граѓаните и државата!“, напиша тојМВР со кратка информација за инцидентот Без никакви детали, со кратка информација МВР кажа дека се случил инцидент. „На 18.02.2024 во 00.40 часот во угостителски објект на подрачје на Центар во Скопје, полициски службеници Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Б.(43) од Скопје, полициски службеник кој не бил на должност, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија“, велат од МВР.Се дозна дека Бисовски е обезбедувач на Мицкоски, а лидерот го тргна од тимотЕкспресно се рашири информацијата дека лицето кое попречило службеник бил обезбедувач на Христијан Мицкоски. Поради ова, од ВМРО-ДПМНЕ веднаш обзнанија дека тој повеќе нема да биде дел од тимот.„Споменатото лице е ангажирано како дел од обезбедувањето, но истото не е шеф на обезбедување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.  Од она што ни е познато станува збор за лична нетрпеливост меѓу двајцата полициски службеници.По ваквиот настан, истото ќе биде отстрането од обезбедувањето и нема да има никакви работни ангажмани поврзани со Претседателот на партијата.Бараме органите, без задршка да ги преземат сите потребни мерки за расветлување на настанот и најостро да казнат секаков вид на насилство, постапувајќи во согласност со законот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ тргна во поход по поениПо 40 минути откако дополнителниот минситер во МВР напиша дека имало инцидент, прес-конференција закажа Дарко Каевски од СДСМ. Тој излезе и кажа: „Еве го ВМРО-МВРО на дело“.„Шефот на обезбедувањето на Христијан Мицкоски тепа полицајци. Ноќеска, пред кафе барот Мош во Скопје, шефот на обезбедувањето на Мицкоски, Ивица Бисовски, физички нападнал полицаец! Иако и самиот е полицаец шефот на обезбедувањето на Мицкоски се обидел да спречи полициска акција за дрога. Затоа е тепан полицаецот, инспектор од НТШ, за борба против дрога. Напад на полицијата, напад на полицајците е напад врз државата. Станува збор за истиот Ивица Бисовски кој во време на ковид пандемијата беше заедно со Мицкоски во теретаната а потоа и во кафана на Боемска улица иако беше забрането.ДПМНЕ секој ден го покажува своето вистинско насилничко и криминално лице. Доволни беа неколку денови откако влегоа во техничката Влада. ВМРО-МВРО е на дело, повторно. Овој скандал отвора многу дилеми за улогата на Мицкоски и ВМРО-МВРО. Очекуваме одговори од министерот Тошковски и од Христијан Мицкоски. Овој скандал мора да биде расчистен целосно. Институциите мораат да постапат и секој инволвиран да понесе одговорност. А Мицкоски да излезе пред граѓаните и да објасни“ рече Дарко Каевски, пратеник и портапрол на СДСМ.

Македонија | пред 2 години

policija-policaec-35

Хаос: Пресметка меѓу полицајци во Скопје пред ресторан, па следувало апсење, објави Бојмацалиев

Полицајци се истепале пред угостителски објект, објави дополнителниот министер во МВР, Митко Бојмацалиев. Тој посочува дека еден полицаец нападнал друг, па бил уапсен.„Згрозен сум од чинот што се случи ноќеска кога колега полициски службеник нападнал друг колега пред угостителски објект којшто во тој момент извршувал службени дејствија. Напад врз полициски службеник е напад на држава! Истиот е лишен од слобода и повикувам внатрешна контрола и СВР Скопје да постапат соодветно и максимално професионално.Македонската историја не памети ваков случај на поранешен висок полициски функционер да нападне и спречи свој колега во извршување на својата службена должност.Ова е преседан во полициското работење, повикувам максимално професионално да се расветли овој случај во интерес на граѓаните и државата!“, напиша тој.

Македонија | пред 2 години

DSC_0288

Апсења во Карпош, на Бит Пазар, во Велес: пет претреси, шест лица со лисици

Денеска (18.02.2024) во 03.15 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.П.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 17.02.2024 во 16.00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(35) од с.Долно Седларце, тетовско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 17.02..2024 во 23.05 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Х.(23) од Скопје и Н.Ш.(24) од с.Студеничани, скопско. При преглед во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Н.Ш., а сопатник бил А.Х., била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 17.02.2024 во 22.00 часот на улица „Алексо Демниевски“ во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ја лишиле од слобода Р.Д.(19) од Велес затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. Таа била приведена во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.На 17.02.2024 во 22.30 часот на улица „8 Септември“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.М.(36) од село Доброшане, кумановско, затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени марихуана, таблета екстази, грутчеста и прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 години

mickoski-51325123

Експресно отстранет: Полицаецот кој нападнал колега бил дел од обезбедувањеот на Мицкоски

Полицаецот кој нападнал колега што бил работно ангажиран, работел како обезбедување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски доделен од МВР. Од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со став дека обезбедувачот ќе биде отстранет од тимот на Мицкоски.„Споменатото лице е ангажирано како дел од обезбедувањето, но истото не е шеф на обезбедување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Од она што ни е познато станува збор за лична нетрпеливост меѓу двајцата полициски службеници. По ваквиот настан, истото ќе биде отсрането од обезбедувањето и нема да има никакви работни ангажмани поврзани со Претсдателот на партијата. Бараме органите, без заддршка да ги превземат сите потребни мерки за расветлување на настанот и најостро да казнат секaков вид на насилство, постапувајќи во согласност со законот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Се огласија и од МВР.„На 18.02.2024 во 00.40 часот во угостителски објект на подрачје на Центар во Скопје, полициски службеници Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Б.(43) од Скопје, полициски службеник кој не бил на должност, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат оттаму.

Македонија | пред 2 години

mvr-soobrakajka

Во тетовско: „фолксваген“ излета од пат, повредени две лица кои се во болница

На 17.02.2024 во 10.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локален пат во с.Челопек, тетовско, патничко возило „фолксваген бора“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(41) од Тетово, излетало од патот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговата сопатничка М.Б.(36) од Тетово, констатирани во Клиничка болница Тетово.Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-05-6070PM

МВР за полицаецот кој натепа колега: Во моментот не бил на должност

На 18.02.2024 во 00.40 часот во угостителски објект на подрачје на Центар во Скопје, полициски службеници Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Б.(43) од Скопје, полициски службеник кој не бил на должност, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 години

loru5bcabbkptivbtymx

Полицијата влезе во тетовско Слатино, уапсено лице оти дома му нашле марихуана

На 17.02.2024 во 20.50 часот во с.Слатино, тетовско, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода И.И.(19) од с.Слатино.При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 години

policija-kazni

Пијаните кои возеле низ Скопје, фатени од полицијата

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (17.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 156 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за некористење на сигурносен појас, 13 мерки за управување под дејство на алкохол...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Уапсени претежно млади лица и малолетници: Од Аеродром до Карпош, уапсени шест лица

Денеска (17.02.2024) во 02.10 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (17.02.2024) во 02.30 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Г.(38) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целоснодокументирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (17.02.2024) во 02.35 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.М.(37) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 16.02.2024 во 20.20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 16.02.2024 во 22.10 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 16.02.2024 во 23.40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ш.(21) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 години

IMG_0969

Фрлена ракавица: „Не го малтретирајте народот, откочете го законот за продолжување на рокот на пасоши“

„СДС и ДУИ да не го малтретираат народот и нека го откочат законот за продолжување на рокот за пасоши кој го поднесе ВМРО-ДПМНЕ“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:СДС и ДУИ оставија половина држава без пасоши, а сега безобразно одбиваат да го поддржат продолжувањето на важноста на пасошите во Собрание, со што граѓаните ги ставаат во „државен притвор“.Власта со години лажеше дека нема да треба да се менуваат пасошите вонредно и дека тие ќе се менуваат со нивното истекување, иако знаеја дека се обврзале на нешто сосема друго. Потоа Спасовски го остави МВР без обрасци. За на крај да не сакаат да го поддржат предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на важноста на пасошите.Ако во СДС и ДУИ има барем малку чувство за народот Ковачевски и Спасовски ќе им дозволат на своите пратеници да го поддржат предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ и пасошите да продолжат да важат.Цела Македонија е парализирана од СДС, ДУИ, Спасовски и Ковачевски. Граѓаните не можат да излезат од државата. А со моменталните капацитети на институциите заменување на сите пасоши ќе трае две години.СДС, ДУИ, Спасовски и Ковачевски свесно ја втурнаа државата во хаос и молчеа. Со право народот вели дека немаме држава кога е СДС на власт. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.

Македонија | пред 2 години

policija-kombe

Битолчанец си признал во полиција како крадел низ куќи и станови на сограѓани

На 16.02.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.Р.(47) од Битола. Тој бил затекнат при извршување „тешка кражба“ во помошна просторија од куќа на ул.„Илинденска“, сопственост на С.Т.(27) од Битола. Лицето било приведено во полициска станица и во службен разговор признал уште четири кривични дела „тешка кражба“ извршени во куќи, станови и во параклис на подрачје на Битола.Одземеното ќе биде вратено на сопствениците, а по целосно документирање на случаите против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 2 години

297051333_456402029713114_4862336029331529171_n

Пијани, со телефон во рака, поминувајќи на црвено светло - како се вози во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (16.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 172 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за поминување на затворен сигнал - црвено светло, пет санкции за користење мобилен телефон при возење, две мерки за управување под дејство на алкохол...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Скопје | пред 2 години

IMG_4867

Полицаец натепан на работното место во Струга

На 15.02.2024 во 13.35 часот во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода П.Ш.(66) од Струга затоа што претходно во Одделението за управни работи во Струга физички нападнал вработен во Одделението за управни работи.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-21-3210PM

Уапсен стружанец кој дивеел во хируршкото одделение на болницата во Струга

На 16.02.2024 во 04.45 часот во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода Б.С.(37) од Струга, постапувајќи по претходна пријава дека на Хируршкото одделение во болницата во Струга агресивно се однесувал и попречувал вработен при извршување службени дејствија.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-39-6440PM

Во Скопје казнети се 155 возачи

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (15.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 155 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за поминување на затворен сигнал - црвено светло, девет санкции за користење мобилен телефон при возење, 17 мерки за управување под дејство на алкохол...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања