Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

avtobuska-lugje-partizanska-vreme-leto

Скопјанец ограбен на автобуска во Волково

На 09.03.2026 во 14:30 часот во СВР Скопје, С.Ј.(72) од Скопје пријави дека на 08.03.2026 на автобуска постојка во с.Волково, скопско, едно лице му одзело пари.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 седмици

siluvanje

Наставник барал од ученичка да имаат полови односи

На 09.03.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 52-годишен маж од Скопје, наставник во средно училиште на подрачје на Центар, постапувајќи по претходна пријава дека во периодот од 25.02.2026 до 02.03.2026 вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи.По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Скопје | пред 2 седмици

semejno-nasilstvo

Двајца мажи од Охрид ја тепале снаата

Вчера во СВР Охрид е пријавено дека И.А. и Ј.А. во семејниот дом во Охрид агресивно се однесувале кон нивната снаа и физички ја напаѓале.Во соработка со Центарот за социјални работи од Охрид, по целосно документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

dokumenti

Сопругот со кој се разведувала се обидел да подигне кредит без нејзина согласност

На 09.03.2026 во 17:30 часот во ОВР Гостивар, 31-годишна жена од Гостивар пријавила дека нејзиниот сопруг Ф.Л., со кого се во бракоразводна постапка, се обидел да подигне кредит одфинансиско друштво без нејзина согласност.Според пријавеното, таа била контактирана од финансиското друштво за да ја известат дека е одобрено барањето за кредит и дека нејзиниот сопруг бил во нивната експозитура.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryccu8ujngcvjpbPTx5m8

Семејна драма во Гостивар: Агресивен татко кршел предмети и се заканувал на семејството

На 09.03.2026 во 19:57 часот во СВР Тетово, 21-годишник од гостиварко пријавил дека во семејниот дом, неговиот татко Г.А. агресивно се однесувал, кршел предмети и од членовите на семејството барал пари и им упатувал закани.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 седмици

ovci

Кражба на овци во Тетово, полицијата ги пронајде и ги врати на сопственикот

На 09.03.2026 во 10:00 часот во СВР Тетово, Џ.М.(35) од с.Горно Палчиште, тетовско, пријавил дека од неговото бачило противправно со товарно возило му биле одземени повеќе овци.По преземени мерки, полициски службеници ги пронашле одземените овци кои биле вратени на сопственикот.По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 седмици

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

44-годишна жена натепана од братот поради недоразбирање

На 10.03.2026 во 04:00 часот ОВР Гостивар, 44-годишна жена од гостиварко пријавила дека, поради претходно меѓусебно недоразбирање, нејзиниот брат физички ја нападнал.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 седмици

noz-ubistvo-napad

23-годишна жена го пријавила сопругот дека ја тепал и ја нападнал со нож

На 10.03.2026 во 00:55 часот во гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.Р.(21) од селото, постапувајќи по претходна пријава од неговата невенчана 23-годишна сопруга дека агресивно се однесувал и физички ја нападнал, при што употребил и остар предмет.По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

policija-4

Пијан битолчанец возел мотоцикл: фатен со 2,33 промили алкохол

На 10.03.2026 во 00:10 часот на бул.„1 Мај“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.Н.(50) од Битола. При сообраќајна контрола е констатирано дека управувал мотоцикл „баотијан” со битолски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,33 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот против него ќе следува пријава за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило” по член 297-а од Кривичниот законик.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryo1rmu63iposg6MNYk97

Нова жртва на измама со лажна сообраќајка: битолчанка остана без пари и златен накит

На 09.03.2026 во 15:50 часот во СВР Битола, 80-годишна битолчанка пријавила дека  била измамена од едно лице за сума од 150.000 денари, 150 евра, 1.300 австралиски долари, како и златен накит.Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и ја известило дека нејзината ќерка била повредена во сообраќајна несреќа, при што требало да се направи итна операција, за која требало да се плати.Како што е пријавено, откако се договориле позади зградата во која живее ги дала парите на едно лице, а подоцна сфатила дека е измамена.Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryr5tis8v2kr7650Qo98A

Уапсен возач кој направил сообраќајка и избегал

Вчера во 14.20 часот на локалниот пат од с.Алдинци кон с.Норово, крушевско, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода Н.Р.(50) од с.Норово.Имено, претходно се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“ со крушевски регистарски ознаки, управувано од С.А.(40) од с.Белушино, крушевско и патничко возило „фиат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.Р., кој со возилото го напуштил местото.По преземени мерки е пронајден и лишен, при што е констатирано дека го управувал возилото без возачка дозвола.Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветена пријава.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryi74sgg7bee2a9a5IPKE

Пијан возач бегал од полициска патрола и удрил во споменик

Вчеравечер во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишија од слобода И.Д.(43) од Гевгелија.Претходно, околу 21:00 часот во с.Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица дале знак за запирање на патничко возило „алфа ромео“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал, но тој не застанал со возилото и веднаш потоа изгубил контрола и со возилото удрил во споменик во центарот на селото.Притоа, тој се здобил со повреди и му била укажана лекарска помош од екипа на Итна медицинска помош Гевгелија.Додека, по преземени мерки е констатирано дека го управувал возилото со 2,35 промили алкохол во крвта и дека регистарските таблички припаѓале на друго возило.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

IMG_4867

Драма во Штип: Се претставил како полицаец, одзел возило, удрил во паркиран автомобил и нападнал полицаец

Полицијата уапси 46-годишен маж од Штип кој лажно се претставил како полициски службеник, одзел возило, предизвикал сообраќајна незгода и при апсењето нападнал полицаец.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска околу 09:00 часот полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.Х.Ј. (46) во угостителски објект на улицата „Сутјеска“ во Штип.Според информациите, околу 08:00 часот пред влезот на средно училиште во Штип тој го сопрел М.А. од Штип и, претставувајќи се лажно како полицаец, извршил лажен претрес на службено возило „пежо“ со штипски регистарски ознаки, по што му го одзел возилото и се упатил кон населбата Ново Село.Додека се движел со возилото, Б.Х.Ј. предизвикал сообраќајна незгода на улицата „Маршал Тито“, удирајќи во паркиран автомобил, а потоа продолжил кон центарот на градот.Околу 08:45 часот на улицата „Сутјеска“ пресретнал жена од Штип која шетала куче и насилно ѝ го одзел кучето, по што се оддалечил од местото.По преземени мерки од страна на полициските службеници, возилото било лоцирано, а осомничениот уапсен. При лишувањето од слобода, полициски службеник се здобил со телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип.Од МВР додаваат дека во текот на ноќта истото лице било пријавено и за уште два инциденти – расправија и упатување навреди, како и за оштетување банкомат во објект на улицата „Сутјеска“.По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarytfu6tnct1r8689p0Tvz

Албанци илегално влегле во македонска територија и вршеле риболов

Во периодот од 06. до 08.03.2026 година, во две одделни акциски контроли, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во водите на Охридското езеро од слобода ги лишија Ј.Ц.(53), Е.Б.(50) и А.Ш.(21), сите од Република Албанија.Тие, откако со пловни објекти, илегално ја преминале македонско-албанската државна езерска граница, од полициската патрола се затекнати во македонските територијални води при вршење на кривично дело „незаконит риболов“, по што, по наредба на јавен обвинител, одземени им се пловните објекти, рибарските мрежи со уловот.По целосно документирање на случаите, против овие лица се поднесени пријави по член 229 од Кривичниот законик - „незаконит риболов“ и по член 9 од Законот за гранична контрола - „илегално преминување на државната граница.

Македонија | пред 3 седмици

media-library4gu5fc3hh6hk6d6pQyR

Тошковски во увид на изградбата на новата полициска станица во Аеродром: Инвестираме во современи услови за работа на полицијата и поквалитетни услуги за граѓаните

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изврши увид во градежните активности на новата полициска станица во општина Аеродром, која претставува еден од капиталните инфраструктурни проекти на Министерството за внатрешни работи.Изградбата на новиот објект е дел од поширокиот процес на унапредување на условите за работа на полициските службеници, но и на квалитетот на услугите што Министерството ги обезбедува за граѓаните. Во рамки на овој процес, во изминатиот период беше пуштена во употреба целосно реновирана полициска станица во Бутел, како и осум нови канцеларии за управни работи ширум државата. Меѓу нив се и новите канцеларии за граѓански работи на СВР Скопје во објектот на МТВ, кои овозможуваат побрзо, поефикасно и покомфорно остварување на услугите за лични документи и други административни потреби на граѓаните.Континуирано инвестираме во подобрување на условите за работа на полициските службеници и во модернизација на услугите што ги добиваат граѓаните. Новата полициска станица во Аеродром ќе биде современ објект кој ќе обезбеди подобра организација на работата, повисоко ниво на безбедност и поквалитетна услуга за граѓаните“, истакна министерот Тошковски при увидот.Според информациите од терен, градежните активности се одвиваат според планираната динамика, а објектот се очекува целосно да биде завршен до крајот на мај.Новата полициска станица е проектирана со главен влез за граѓаните од страната на булеварот, со цел полесен и попрактичен пристап, како и дополнителен влез на задната страна за службени потреби. Објектот располага со 36 паркинг места и целосно уредена атмосферска и фекална канализација, а гасоводните инсталации се заштитени според највисоки безбедносни стандарди.Фасадата на објектот е речиси целосно завршена, а предвидени се три главни влезови – за управните служби, за полициските служби и посебен притворски влез. Внатрешноста на објектот е опремена со современи простории за работа, вклучително и посебно опремени простории за работа со деца – жртви на насилство, изолирана оружарница, модерни сали за состаноци на секој кат, магацински простории, како и единаесет простории за задржување со специјални безбедносни врати и прозорци.Во објектот е предвидена и посебна просторија за препознавање, а инсталирано е и подно греење. Електричните инсталации и цевководите се веќе завршени, додека во тек е финалната фаза на поставување на подовите и системот за греење.

Македонија | пред 3 седмици

tepacka-1-1

37-годишник во Кичево го нападнал својот татко

На 08.03.2026 во 14:20 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Р.С.(37) од Кичево затоа што претходно во семејниот дом физички го нападнал неговиот татко.По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 седмици

semejno-nasilstvo

Шестмина приведени по осум пријавени инциденти за семејно насилство

На 08.03.2026 во 23:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.З.(48) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 44-годишна сопруга, а притоа оштетил и дел од покуќнината.На 09.03.2026 во 00:05 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Д.(52) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 08.03.2026 околу 16:30 часот во семејниот дом упатувал закани кон неговата 47-годишна сопруга, со која биле во бракоразводна постапка и кон нивниот 17-годишен син, а го оштетил и мобилниот телефон на сопругата.На 08.03.2026 во 20:20 часoт во СВР Скопје, 38-годишна жена пријави дека во периодот од 06. до 08.03.2026 нејзиниот девер Г.В.(44) од Скопје, преку мобилен телефон упатувал закани кон неа и членови на семејството.На 08.03.2026 во 23:20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.И.(65), постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом во скопско, физички ја нападнал неговата 62-годишна сопруга, при што употребил тврд предмет.На 08.03.2026 во 21:00 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена пријави дека околу 15:30 часот во скопско била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер З.Р..На 08.03.2026 во 21:20 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарви лишиле од слобода 69-годишник од Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека им се заканувал на неговите 44-годишен син и снаа. При преземање мерки, кај него биле измерени 1,40 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Кавадарци.На 08.03.2026 во 14:20 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Р.С.(37) од Кичево затоа што претходно во семејниот дом физички го нападнал неговиот татко. На 08.03.2026 во 16:00 часот во виничко село, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Б.Т.(58) од Виница. Според пријавеното, и покрај тоа што имал судско решение да не се приближува помалку од 100 метри и да воспоставува контакт, тој на 07.03. и 08.03.2026 во неколку наврати ја пресретнувал неговата поранешна 65-годишна партнерка во селската продавница, а одел и кај неа дома и ја вознемирувал и ѝ се заканувал. При преземање мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 3,30% промили алкохол во организмот. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryu95mndbpf2uacNbhhC4

Малолетничка нападнала жена, па се обидела да го и нејзиниот сопруг со нож

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 15-годишна малолетничка од тетовско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.На 20.09.2025, малолетничката физички нападнала жена од истото село, по што се обидела со остар предмет да ја нападне жената и нејзиниот сопруг.

Македонија | пред 3 седмици

izletal-od-patoto

17-годишник излетал со „алфа ромео“ кај Ржаничино – повредени пет лица

На 09.03.2026 во 01:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат с.Ржаничино-с.Таор, скопско, патничко возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од с.Орешани,скопско, излетало надвор од коловозот.Во несреќата со повреди се здобиле возачот, двајца сопатници и една сопатничка на возраст од 17-години и сопатникот Б.Г.(21), констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 седмици

soobra

Сообраќајка во Куманово: Две жени се судрија, а оштетени и три паркирани автомобили

На 08.03.2026 околу 23:50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Тоде Думба“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 28-годишната К.П. и патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 29-годишната А.Н. од Куманово, а при тоа биле удрени и три паркирани патнички возила.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.П., а со телесни повреди се здобила А.Н., констатирани во Општата болница Куманово.Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 3 седмици

media-library2iocci1eeqr40SSsruy

Се тепале со тврди предмети поради недоразбирање во сообраќајот

На 08.03.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 20:15 часот на подрачјето на Гази Баба, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.С.(29) од с.Јурумлери,скопско, од една страна и Д.А.(19) и А.А.(44) од друга страна, двајцата од Скопје, при што биле употребени и тврди предмети.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 седмици

media-library2ki2k3thkj8bdKwrubD

Полицијата приведе 11 возачи, меѓу нив и еден пијан кој предизвикал сообраќајка во Струга

Полициски службеници вчера на територијата на целата држава лишиле од слобода 11 возачи поради безобѕирно управување со возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.Од нив, осум управувале возило без возачка дозвола, двајца возеле и покрај тоа што имале активна забрана за управување, додека еден бил затекнат како управува возило под дејство на алкохол.Најмногу возачи се лишени од слобода на подрачјето на СВР Охрид – пет лица. Од нив, тројца во Кичево биле фатени без возачка дозвола, а едно лице управувало возило и покрај активна забрана. Во Струга, пак, еден возач управувал автомобил „фолксваген голф“ под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода со возило „фиат“.По двајца возачи се лишени од слобода на подрачјата на СВР Скопје и СВР Тетово, при што сите четворица управувале возило без возачка дозвола.На подрачјето на СВР Битола се лишени двајца возачи, од кои едниот управувал возило без возачка дозвола, а другиот возел и покрај тоа што имал активна забрана.По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана за управување или под дејство на алкохол.

Македонија | пред 3 седмици

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Маж ја истепал сопругата во Гостивар – полицијата го приведе!

На 09.03.2026 во 03:00 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода М.М.(39) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од неговата 39-годишна сопруга дека физички ја нападнал во домот во кој престојуваат.По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 3 седмици

tepacka

Тројца прилепчани се тепале во маркет

На 08.03.2026 во 17:00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека во маркет во Прилеп,  В.Т.(45), С.К.(46) и О.К.(47), сите од Прилеп го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 3 седмици

Screenshot-2023-09-14-at-20.53.32

Неред во затворот во Битола – употребени метални предмети при тепачка меѓу затвореници

На 08.03.2026 во 21:45 часот во СВР Битола е пријавно дека во Казнено поправната установа Затвор Битола настанала физичка пресметка помеѓу затворениците  Н.П.  и М.М., при што биле употребени и метални предмети.Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања