Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

market-4

Жена уапсена оти крадела во маркет во гостиварско

Полициски службеници од СВР Тетово, односно од ОВР Гостивар, на 28 февруари 2026 година во 10:10 часот во маркет во Гостивар ја лишиле од слобода Х.М. (31) од село Добри Дол.Како што информира полицијата, таа е приведена поради сомнение дека извршила кражба на повеќе производи.По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryrdcpjq7imuphbcxNp4u

Семејна драма во Гостивар: по заканувачки пораки и обид за напад реагирала полицијата

Полициски службеници од СВР Тетово, односно од ОВР Гостивар, на 28 февруари 2026 година во 21:25 часот во Гостивар го лишиле од слобода Ј.З. (27) од село Долна Бањица.Како што информира полицијата, приведувањето следувало по претходна пријава од неговата 26-годишна сопруга, со која се наоѓаат во бракоразводна постапка. Таа пријавила дека ѝ испраќал пораки со заканувачка содржина, по што ја повикал пред нејзината зграда во Гостивар.Според пријавата, тој почнал агресивно да се однесува и се обидел физички да ја нападне, но бил спречен од други лица.По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryjlmrdiutfofd23SxeA5

Уапсен 23-годишник од Боговиње за напад со остар предмет

Полициски службеници од СВР Тетово на 28 февруари 2026 година околу 20:45 часот во селото Боговиње го лишиле од слобода Ј.М. (23) од истото село.Како што информираат од полицијата, приведувањето следувало по претходна пријава од А.Т. (18), исто така од Боговиње, дека пред колонијал во селото бил физички нападнат од Ј.М., кој притоа употребил и остар предмет.По целосно документирање на настанот, против Ј.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 седмици

media-library5lgder41uuft4x9yDFG

Возач фатен со 1,99 промили алкохол во крвта и активна забрана за управување возило

На 28.02.2026 во 21:10 часот на автопатот Куманово-Велес, кај клучка Аеродром во Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишија од слобода Т.А(54) од Велес.Имено, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „ланчиа“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал Т.А. и по преземени мерки и извршен алкотест било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека управува моторно возило со 1,99 промили алкохол во крвта и дека имал активна забрана за управување возило.Лицето од страна на полициските службеници е лишено од слобода и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 4 седмици

media-librarylh6673tjtrhmcHD8Qvq

Насилство на детски фудбалски натпревар во Тетово – едно лице приведено

На 27.02.2026 во 16:30 часот во СВР Тетово, Т.Д. (47) од Тетово и П.Т.(47) од Тетово, тренер на детски фудбалски клуб, пријавиле насилство на спортски натпревар.Според пријавеното, на натпреварот на стадион во Тетово, помеѓу екипите на Дарданија и Фит-кид, неколку лица се обиделе да нападнат играчи од екипата на Фит-кид. Во врска со настанот од слобода е лишен Х.М.(48) од Тетово, кој при тоа ги омаловажувал и полициските службеници.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqqqj6jrpg4kvcO37G8e

Фатени 15 возачи без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Во текот на вчерашниот ден (27.02.2026), полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 15 возачи. Oд нив, шест за возење под дејство на алкохол, на територија на Делчево, Кичево, Гевгелија, гевгелиско и двајца во Скопје. Исто така, пет лица се лишени од слобода затоа што управувале возило без возачка дозвола, на територија на Скопје, Градско, светиниколско, Прилеп и неготинско. Четворица возачи пак се лишени од слобода поради возење со забрана за управување возило од Б категорија, и тоа еден во Гевгелија, еден во Скопје, а двајца во тетовско. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Македонија | пред 1 месец

media-library010f18qlje8g7tC3bb3

Фатен битолчанец поради измамите со лажни лекари и сообраќајки, од две лица земал 20.000 евра

СВР Битола и Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ до Основното јавно обвинителство Битола поднесоа кривична пријава против Д.Н.(67) од Битола и против две непознати лица поради сомнение за сторено кривично дело „измама" казниво по чл.247 ст.1 од КЗ.Д.Н. и другите две лица телефонски се јавувале кај повозрасни лица, се претставувале како лекари и ги доведувале во заблуда дека членови од нивните семејства учествувале во сообраќајни несреќи и се здобиле со тешки повреди, па требало да дадат пари за нивно лекување.Тие успеале да измамат 84-годишна битолчанка и 83- годишен битолчанец при што им одзеле вкупно 20.000 евра, при обид да измамат 78-годишна жителка на битолско село на 27.02.2026, таа го пријавила случајот во СВР Битола и веднаш се преземени мерки и активности, при што полициски службеници на лице место го затекнале и го лишиле од слобода Д.Н. при обид да ги земе парите. Д.Н. во целост ги признал кривичните дела, по што е поднесена кривична пријава.

Македонија | пред 1 месец

media-librarym7l1pfb4seib2laL91E

Возач фатен со 3,08 промили алкохол во крвта

Денеска (28.02.2026) во 15:30 часот на локалниот пат Куманово- с.Речица, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, го лишија од слобода Б.Ц. (64) од Куманово.При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло" со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ц. и по извршен алкотест било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека управувал моторно возило со 3,08 промили алкохол во крвта. Б.Ц. е лишен од слобода и задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 1 месец

media-library58qjfn3sqj966fc92fG

Mалолетничка пронајдена во бессознание во Карпош, со неа имала шише со бела прашкаста материја

На 27.02.2026 околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош била пронајдена 16-годишна малолетничка во безсознание.Таа била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, а кај неа биле пронајдени мало шише со бела прашкаста материја и бела грутчеста материја, а со неа бил и П.С.(18) од Скопје.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 месец

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Тетовец лишен од слобода откако возел во спротивен правец на автопатот Тетово–Скопје

Осумдесетгодишен жител на Тетово бил лишен од слобода откако управувал возило во спротивен правец на автопатот Тетово–Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според МВР, на 28 февруари 2026 година околу 09:30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле С.С. (80) од Тетово, кој управувал патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки во спротивен правец на автопатот.Возилото било одземено, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

media-library2ki2k3thkj8bdKwrubD

Фатени седум возачи поради возење без возачка дозвола и за возење на нерегистрирано возило

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода седум возачи, од кои шест за возење без возачка дозвола и еден за управување на нерегистрирано возило.Двајца возачи во Прилеп и по еден во Тетово, Куманово, Неготино и Битола управувале возило без возачка дозвола. Додека, еден возач во Тетово управувал нерегистриран мопед. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Македонија | пред 1 месец

marihuana2

Пронајдена марихуана кај затвореник во Битола

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Е.(38) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.Според информациите, на 03.09.2025 година, затворски службеници во Казнено-поправната установа Затвор Битола извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.По целосно документирање на случајот, против него е поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 1 месец

canmathshelp

Вработен во казино од благајната си земал 332.330 денари

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против В.С.(43) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.Според пријавата, на 01.07.2025 година, пријавениот како вработен во подружница на казино во Кочани, од благајната одзел и присвоил 332.330 денари.По документирање на случајот, против него е поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 1 месец

maxresdefault

Маж фатен при нелегален ископ на тампон кај Гостивар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.В.(44) од с.Здуње, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконска експлоатација на минерални суровини“.Според информациите, на 23.09.2025 на магистралниот пат Гостивар–Маврово, на местото викано „Краста“, полициски службеници го затекнале пријавениот заедно со уште едно лице од Гостивар при ископ на тампон со градежна машина – багер, без согласност од концесионерот.По документирање на случајот, против него е поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 1 месец

kriptovaluti1-696x464-1

Кумановец измамен за 43.750 евра, купувал криптовалути

На 26.02.2026 во 20:00 часот во СВР Велес, 48-годишен жител на Куманово пријавил дека бил измамен за сума од 43.750 евра.Според пријавеното, тој на социјална мрежа објавил оглас за откупување криптовалута, а потоа преку друга социјална мрежа стапил во контакт со лице со кое се договориле парите да ги уплати во крипто менувачница во Велес, по што да му бидат префрлени крипто средства.Пријавителот ги предал парите на вработено лице во менувачницата, по што му било кажано дека средствата се испратени на наведената адреса. Меѓутоа, тој не ги примил договорените крипто средства, а лицето со кое комуницирал го избришало разговорот, како и го блокирало неговиот телефонски број и бројот на менувачницата. Тогаш сфатил дека станува збор за измама.За случајот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Македонија | пред 1 месец

dedo_mi_so_edna_plata-678x381-1

Изградил куќа без одобрение во Рача, инспекторатот наложи уривање

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.В.(74) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.Според пријавата, тој како инвеститор, на катастарска парцела во населбата Рача, без правосилно одобрение за градење издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште при Општина Охрид, изградил објект за домување.Од страна на овластен градежен инспектор е донесено решение за отстранување на градбата.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryunu26757rbue0o4JcYr

Роднина допирал и бакнувал деветгодишно девојче, мајката пријавила во полиција

Деветгодишно девојче било допирано и бакнувано од роднина во семејниот дом. Случајот во полиција го пријавила мајката.- На 26.02.2026 во 18:30 часот во СВР Скопје, 39-годишна жена од скопско пријави дека на 19.02.2026 во семејниот дом, нивен роднина ја допирал и бакнувал нејзината деветгодишна ќерка, соопштија до полицијата во дневниот билтен.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 месец

avtobus

Тројца малолетници се обиделе да ограбат 19-годишник во автобус во Центар

На 26.02.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје, Л.М.П.(19) од Скопје пријавил дека околу 17:10 часот, додека се превезувал во автобус на подрачјето на Центар, две машки и едно женско лице, најверојатно малолетници, со употреба на сила се обиделе да му ја одземат чантата.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 месец

media-library2iocci1eeqr40SSsruy

Расправија за паркинг во Центар заврши со физички напад

На 26.02.2026 во 21:45 часот во СВР Скопје, К.Г.(40) од Охрид, со престој во Скопје, пријавил дека претходниот ден на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице по недоразбирање околу паркинг место.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryt13osopq3vmaaaCkIaG

Со туѓ Голф удрил во маркет и избегал, вработена со телесни повреди

На 26.02.2026 во 22:40 часот во СВР Тетово, Ќ.И.(78) од с.Стримница пријави дека одземено е патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое го користел со дозвола од сопственикот и било оставено паркирано со клуч на бравата.Лицето кое го одзело возилото, се движело кон с.Палатица кога предизвикало сообраќајна незгода и удрило во објект на маркет, по што го напуштило местото. Во несреќата, со телесни повреди се здобила Л.К.(23) од Палатица, вработена во маркетот, а предизвикана е и материјална штета на објектот.Возилото е одземено и сместено во кругот на СВР Тетово по наредба на јавен обвинител, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето и целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryo1rmu63iposg6MNYk97

Уапсена лихварка од Струмица: Дала 2.700 евра, а барала да и вратат 15.000 евра

На 26.02.2026 во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода Ј.Т.(53) од Струмица. Според пријавеното, таа во јуни 2025 година на жител на струмичко село му дала пари во износ од 2.700 евра, за кои сега барала да му врати несразмерен износ од 15.000 евра.Имено, вчера оштетениот остварил средба со Ј.Т. на која требало да ѝ плати 100 евра, сума која ја определила како месечна камата за основниот лихварски долг. Во моментот кога ѝ ја дал банкнотата од 100 евра, која била претходно обележана, Ј.Т. е лишена од слобода. Притоа, бил извршен преглед кај неа и биле пронајдени обележаната банкнота од 100 евра, тетратка и листови хартија на кои ги нотирала износите на парични средства кои ги давала на лица и износите кои како камата требало да ѝ бидат вратени.Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во нејзиниот дом, при што се пронајдени и одземени пари (денари и евра), нотарски акти, како и тетратки и листови на кои ги евидирала дадени износи на пари, од кои е утврдено дека Ј.Т. досега во повеќе наврати давала пари на лица, а тие требало да ѝ вратат несразмерен износ со кој таа се стекнувала со противправна имотна корист.Ј.Т. е задржана во Полициската станица Струмица и за случајот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомневање дека сторила кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqqqj6jrpg4kvcO37G8e

Уапсени три лица во Прилеп и Битола за управување возило без возачка дозвола

На 26.02.2026, полициски службеници од СВР Битола и ОВР Прилеп лишија од слобода три лица поради управување возило без возачка дозвола.Во Битола, на патот Прилеп-Ресен кај „Тунелот“, Н.М.(20) од Битола бил сопрен додека управувал патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, без да поседува важечка возачка дозвола.Во Прилеп, С.Р. и В.Ѓ.(18), управувале патнички возила „фолксваген голф“ и „фиат“ со прилепски регистарски ознаки, исто така без возачки дозволи, на ул.„Дојранска“ и ул.„Браќа Миладиновци“.По целосно документирање на случаите, против сите три лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Македонија | пред 1 месец

penzioneri-bugarija

Се степале жени во дом за стари лица во Куманово, една заврши на ургентен

Инцидент ја вознемири јавноста во Куманово. Корисничка на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ била физички нападната од две други кориснички.Случајот бил пријавен вчера во 16:55 часот во СВР Куманово. Од Ургентниот центар информирале дека кај нив со повреди била донесена С.Ц. од Скопје, која престојувала во домот.Од Домот за стари лица потврдија дека се запознаени со настанот. Посочија дека ќе го почекаат целосниот извештај од полицијата пред да преземат конкретни мерки.Полицијата работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryccu8ujngcvjpbPTx5m8

Алкохол, забрана и возење без дозвола: Полицијата санкционираше пет случаи за еден ден, еден е малолетник

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода четири возачи, од кои двајца за возење под дејство на алкохол, еден за возење со забрана за управување возило од Б категорија и еден за управување возило без возачка дозвола. Додека, еден малолетник е повикан во полициска станица и со него е извршен службен разговор за возење возило без возачка дозвола.Возач во Кавадарци и малолетник во Струга управувале возило без возачка дозвола. Еден возач во Велес управувал возило иако имал мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија и по еден возач во општина Старо Нагоричане и Гевгелија управувале возило под дејство на алкохол. Возачот во Гевгелија предизвикал и сообраќајна незгода. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Македонија | пред 1 месец

alkohol-2

Млад скопјанец пронајден во неконтактибилна состојба по консумација на алкохол

На 25.02.2026 во СВР Скопје е пријавено дека во стан на сосед на подрачјето на Гази Баба во Скопје е пронајден С.Л.(29) од Скопје, кој бил во неконтактибилна состојба.Лицето веднаш било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош.Во службен разговор, неговиот татко П.Л.(63) појаснил дека С.Л. претходниот ден не се вратил дома од работа, а утрото соседот му јавил дека бил во неговиот стан и дека претходно консумирал алкохол.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања