Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

media-library86mckhu8t3rgexgAtw3

МВР за девојката со кравите во Паланка: Попречувала лица од АХВ да одземат крави

Министерство за внатрешни работи информира дека на 25.02.2026 во 09:35 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишиле од слобода Ј.Ѓ. (27) од село Жидилово, кривопаланечко, поради сомнение дека спречила вработени од Агенција за храна и ветеринарство во извршување на службени дејствија.Како што соопштуваат од МВР, службените лица од Агенцијата постапувале по решение за спроведување мерки за одземање на домашни животни – крави. Ј.Ѓ. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.Претходно, Јулијана Ѓорѓиевска во изјава за „Скопје1“ тврдеше дека таа денес ги напасувала кравите сопственост на нејзиниот татко и дека при акцијата животните биле оттурнувани кон патните правци, што, според неа, предизвикало паника и ризик за јавната безбедност.Таа наведе дека се обидела да ги врати кравите подалеку од патот за да спречи можна сообраќајна несреќа, по што, како што тврди, била пресретната од полицајци и задржана од 9:30 до 15:00 часот.Ѓорѓиевска дополнително посочи дека при акцијата биле одвоени мајки од телиња, а подоцна, според нејзините наводи, една крава била удрена и усмртена на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир, при што возачот го напуштил местото на настанот.Додека МВР наведува дека станува збор за попречување на службени дејствија, Ѓорѓиевска бара одговорност и протокол за вакви акции, оценувајќи дека начинот на спроведување создал ризик и последици.Случајот ќе биде предмет на понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 месец

paricnik

Нашол паричник во кафеана, па ги земал парите и картичката и ги користел

ОВР Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, кој привремено живее во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.Како што е пријавено, во угостителски објект во Струга, пријавениот пронашол паричник на лице од струшко село. Со парите и со банкарската платежна картичка од паричникот, тој на повеќе продажни места извршил неовластено плаќање за свои потреби.

Македонија | пред 1 месец

2022-08-06_10-08-35-098

Жена се обидела да внесе марихуана во Идризово

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А. (40) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.На 16.08.2025, во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, затворската полиција извршила преглед над пријавената и пронашла марихуана, која таа се обидела да ја внесе во установата.По документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Обезбедувач од Собрание возел без да има возачка, поднесена е кривична

Одделот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против полициски службеник од Скопје, А.Б., поради постоење основи на сомнение за „безобѕирно управување со моторно возило“.Според пријавата, на 12.02.2026 на улицата „11 Октомври“ во Скопје, А.Б., кој работи во Одделението за обезбедување на Собрание на РСМ, управувал со негово лично возило „БМВ“ без положен возачки испит, односно без возачка дозвола. По наредба на јавен обвинител, возилото било одземено.Против А.Б. е поднесен и предлог за поведување на дисциплинска постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред.

Скопје | пред 1 месец

media-library27j9tnfkqglb3UimxLd

Дехари од ДУИ го оштетил буџетот на Кичево за 1,4 милиони денари како градоначалник, откриени злоупотреби со јавни набавки, вели МВР

Министерство за внатрешни работи информира дека ОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари (52) од село Србица, како и против уште две лица и еден правен субјект, поради сомнение за злоупотреби и несовесно работење со кои е оштетен буџетот на општина Кичево за 1.457.205 денари.Против Дехари е поднесена пријава за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Според полицијата, на 8 јануари 2025 година, во својство на градоначалник, тој донел план за јавни набавки за 2025 година спротивно на одредбите од Законот за комунални дејности.Иако општината има јавно комунално претпријатие, сите комунални дејности биле доверени на пријавеното правно лице со седиште во Длапкин Дол, со намера, како што наведува МВР, да се стекне со поголема имотна корист на штета на општинскиот буџет.Второпријавениот, Б.К. (46) од село Аранѓел, се товари за „несовесно работење во службата“, како одговорно лице задолжено за одржување на зелени површини, поради пропуштање должен надзор и несовесно постапување.Третопријавениот, Д.С. (41) од село Длапкин Дол, управител на правното лице, е осомничен за „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“, односно дека свесно ги повредил прописите во постапката.Според полицијата, вкупно исплатените средства за одржување на зеленилото околу зградата на општината изнесуваат 1.457.205 денари, со што е нанесена штета на буџетот на општина Кичево.

Македонија | пред 1 месец

272828935_322816903107219_1594673547293664520_n

Возач од Бугарија прегазил крава на патот Крива Паланка – Куманово

Од МВР информираат дела возач од Бугарија вчера прегазил крава на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, по што избегал.– На 25.02.2026 во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на магистрален пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно моторно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој во возилото го напуштил местото. По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава, соопштија од МВР .

Македонија | пред 1 месец

evn-ptici-struen1

Вработени на ЕВН нападнати во тетовско село

На 25.02.2026 во 08:20 часот, во СВР Тетово било пријавено дека во село Пирок, тетовско, дошло до физички напад врз вработени од ЕВН Македонија.Д.Р.(49) од Тетово пријавил дека додека извршувал работни задачи заедно со колегата Х.Х.(57) од с.Камењане, тетовско, бил нападнат од Б.Б. од село Пирок.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryluf0t1l28kh86stuRTE

84-годишна битолчанка остана без 9.600 евра: Ја измамиле дека ќерка и треба да прави операција

На 25.02.2026 во 16:00 часот во СВР Битола, 84-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција за што требало да плати.Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 месец

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-40-6620PM

Тепачка во болница во Прилеп: Лекар и пациентка се пријавиле меѓусебно

На 24.02.2026 во 14:30 часот во ОВР Прилеп, Н.Ј.(31) од Прилеп на работното место во ЈЗУ „Борка Талески“ во Прилеп пријавил дека пациентката В.Ј. физички го нападнала и попречувала во вршењето на службени дејствија.Истиот ден во ОВР Прилеп, В.Ј.(68) од Прилеп пријавила дека била физички нападната од лекарот Н.Ј.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 1 месец

media-librarydspjmqo54r3i4hTeyZ6

(Видео) Тешка сообраќајка во Црниче: Се судрија возило на МВР и такси коe заврши во ограда - едно лице во болница

Страшна сообраќајна незгода се случи утринава во скопската населба Црниче, каде се судрија две патнички возила, при што едното завршило забиено во ограда откако претходно поминало преку патека за пешаци. За среќа, во моментот на незгодата на преминот немало пешаци. Делови од возилата биле расфрлани по улицата.Од Министерство за внатрешни работи информираат дека на 25 февруари 2026 година околу 11:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Востаничка“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода октавиа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, и патничко возило „шкода фабиа“ со скопски регистарски ознаки.Во незгодата, возачот на „шкода октавиа“ се здобил со повреди и бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.Увидот на местото на настанот е во тек, а за случајот е известен јавен обвинител, како и Одделот за внатрешна контрола при МВР.

Настани | пред 1 месец

alkohol-2

Пијани татко и син се тепале дома, полицијата ги уапси

На 25.02.2026 околу 00:10 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар лишија од слобода 47-годишен гостиварец и неговиот син 26-годишен син.Според пријавеното, претходно во семејниот дом, поради расправија, физички се пресметале. По преземени мерки е констатирано дека двајцат се под дејстов на алкохол.По целосно документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

mobilen-telefon

Инспектор од Кочани ќе одговара кривично: Не го одзел мобилниот на уапсено лице и овозможил да го ракува, а потоа и изнесе од станицата

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Б.Б. до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“.Пријавениот, кој бил вработен како помлад инспектор за малолетничка деликвенција и семејно насилство во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани при СВР Штип, се сомничи дека со намера да сокрие и уништи докази неосновано одложил извршување наредба на јавен обвинител за прибирање предмети што можат да послужат како доказ во постапка.Според наводите, при лишување од слобода на осомничено лице и негово спроведување во полициска станица, не го одзел мобилниот телефон, со што му овозможил да ракува со него и подоцна да го изнесе од станицата, правејќи го доказот неупотреблив во постапката за продолжено кривично дело „измама“.Одделот за внатрешна контрола најави дека против пријавениот ќе биде поднесен и предлог за поведување постапка за утврдување одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.

Македонија | пред 1 месец

popova-shapka

Тетовец си изградил објект без дозвола во викенд-населбата „Попова Шапка“

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ш.(45) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.Според пријавата, во текот на 2025 година, во викенд-населбата „Попова Шапка“, пријавениот на државно земјиште изградил објект од тврда градба без соодветно одобрение за градба издадено од надлежен орган.По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна постапка.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryluf0t1l28kh86stuRTE

Уште една измама со лажна операција: Битолчанец остана без 10.000 евра

На 24.02.2026 во 13:30 часот во СВР Битола, 83-годишник од Битола пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2025-07-02-at-12.56.35

Тешко повреден мопедист во сообраќајка кај Турново, камионот не застанал по ударот

На 25.02.2026 година во 01:35 часот, во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, во с. Турново, општина Босилово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед без регистарски ознаки и товарно возило „ивеко“ со полуприколка со струмички регистарски ознаки.Со мопедот управувал И.Ј.(45) од с. Бориево, додека товарното возило го управувал В.Г.(64) од Струмица. По несреќата, возачот на товарното возило не застанал на местото на настанот, но по преземени мерки бил запрен од полициски службеник.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кои биле констатирани во Медицински центар Струмица.Увид извршила увидна екипа од ОВР Струмица.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqqqj6jrpg4kvcO37G8e

Кривична за 26-годишник, не дозволувал да му напишат казна за сообраќаен прекршок

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.М.(26) од с. Јажинце, општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.Според пријавата, на 12.12.2025 година на регионалниот пат Тетово – Јажинце, пријавениот агресивно се однесувал и ги попречувал полициските службеници додека му изрекувале казна за сторен сообраќаен прекршок.По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна постапка.

Македонија | пред 1 месец

media-library63gjhdsgjcdndTxauMx

Се запали куќа во Ќерамидница, пронајдена мртва 71-годишната сопственичка

На 24.02.2026 година во 16:30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во населбата Ќерамидница избувнал пожар во куќа сопственост на 71-годишната Т.П. од Скопје, која имала здравствени проблеми.Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје интервенирала на местото и го изгаснала пожарот. При интервенцијата, во објектот била пронајдена почината сопственичката. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот.

Скопје | пред 1 месец

media-library6pjbq717uoom47optZf

Се обидел да го нападне со тврд предмет, па му ги скршил прозорите од куќата

На 24.02.2026 година во 22:30 часот, во Полициската станица Кисела Вода од слобода бил лишен А.С.(41) од Скопје, по претходна пријава дека на подрачјето на Бит Пазар се обидел со тврд предмет да го нападне И.М., при што кај себе имал и огнено оружје.Според пријавеното, по настанот, И.М. со тврди предмети ги оштетил прозорците од куќата на А.С..По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryccu8ujngcvjpbPTx5m8

Вчера уапсени осум возачи без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода осум возачи, од кои шест за возење без возачка дозвола и по еден со забрана за управување возило од Б категорија и под дејство на алкохол.Тројца возачи од Тетово, од кои еден малолетник, и по еден во Куманово, Струмица и Прилеп управувале возило без возачка дозвола. Еден возач во Струга управувал возило иако имал мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија и еден возач во општина Илинден управувал возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Македонија | пред 1 месец

media-library6r80frn02ofj8DAiXVM

Посета на претседателот на Албанија Бајрам Бегај – посебен режим на сообраќај во Скопје

На 26, 27 и 28.02.2026 година (четврток, петок и сабота), во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува г-дин Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.„Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот“, велат од МВР.

Скопје | пред 1 месец

vozacka-1

Со завршено четврто одделение сакал да извади возачка, па фалсификувал диплома

Возачки испит во земјава може да се полага со завршено основно образование, а токму овој услов бил причина 49-годишен прилепчанец да фалсификува свидетелство за завршена осмолетка за да може да се пријави во авто-школа.Од Министерство за внатрешни работи информираат дека ОВР Прилеп поднела кривична пријава против Н.А.(49) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“.„Во септември 2025 година, пријавениот направил лажна исправа – свидетелство на негово име издадено од основно училиште за завршено осмо одделение, кое имал намера да го употреби за пријавување во авто-школа за полагање на возачки испит, иако имал завршено четврто одделение“, соопштуваат од полицијата.Случајот доаѓа во период кога засилени се контролите во сообраќајот, особено по ставањето во функција на системот „Безбеден град“, кој предвидува построги санкции за возење без возачка дозвола и за други сообраќајни прекршоци.Во изминатиот период, по одземање на возила од лица кои управувале без положен возачки испит, во Битола и во други градови беа организирани протести. Дел од демонстрантите, припадници на ромската заедница, бараа можност да управуваат возила и без положен испит, повикувајќи се на фактот дека некои од нив се неписмени.Надлежните, пак, остануваат на ставот дека условите за стекнување возачка дозвола се законски пропишани и еднакво важат за сите граѓани.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryccu8ujngcvjpbPTx5m8

Уапсени 15 возачи без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 15 возачи, од кои 10 за возење без возачка дозвола, тројца со забрана за управување возило од Б категорија, еден под дејство на алкохол, додека еден возач управувал возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол.Двајца возачи во Скопје и по еден возач во Пробиштип, општина Старо Нагоричане, Куманово, Радовиш, Гевгелија, Гостивар, Тетово и Битола управувале возило без возачка дозвола. По еден возач во Скопје, Велес и Гостивар управувале возило иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија, а едно лице во Штип управувало возило под дејство на алкохол. Додека, едно лице во Кавадарци управувало возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Македонија | пред 1 месец

kriptovaluti

Гостиварец измамен при тргување со криптовалути преку социјална мрежа

На 20.02.2026 година во 13:30 часот, во ОВР Гостивар, 65-годишник од гостиварско пријавил дека бил измамен преку социјална мрежа за сума од 22.000 денари.Според пријавата, тој се договорил за тргување со криптовалути преку профил на социјалната мрежа Е.К., при што во банка уплатил околу 12.000 денари на име М.К. Потоа бил известен дека заработил поголема сума и за подигање на парите треба да уплати уште 10.000 денари, што го и направил. Кога добивал дополнителни барања за уплата, се посомневал дека е измамен и случајот го пријавил во полиција.Се преземаат мерки за расчистување и документирање на настанот.

Македонија | пред 1 месец

avtobus-patuvanje1

Исчезна 17-годишна девојка од Струмица - последно баба и ја испратила на автобуска во Прилеп

Во Прилеп, на 23.02.2026 година, 64-годишната М.Л. пријавила исчезнување на својата 17-годишна внука од Струмица.Според пријавата, младата девојка престојувала неколку дена кај бабата во Прилеп, но не се вратила во семејниот дом во Струмица и покрај тоа што претходно била испратена до автобуска станица.Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето и се повикуваат граѓаните, доколку имаат информации, да соработуваат со надлежните органи.

Македонија | пред 1 месец

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Насилно влегле во Центар за социјални работи и се обиделе да нападнат вработена

На 23.02.2026 година во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода две лица, Б.З.(44) од с.Горно Седларце и Н.Б.(39) од с.Калиште, поради насилно влегување во канцеларија на Центарот за социјални работи.Пријавените агресивно се однесувале кон вработената З.Е.(45) од Тетово и се обиделе физички да ја нападнат. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања