Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-56-7910PM

Возел 113 км/ч на булевар во Тетово каде ограничувањето е 50: апсење во тетовско

Полициски службеници од СВР Тетово на 1 март 2026 година во 12:22 часот на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово го лишиле од слобода Х.А. (21) од селото Долна Лешница.При сообраќајна контрола со радар било утврдено дека управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 113 километри на час, на делница каде максимално дозволената брзина изнесува 50 километри на час.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 седмици

0000traktor

Малолетник удрил во трактор, возачот тешко повреден

На 01.03.2026 е пријавено дека на локалниот пат Тетово-с.Фалише, патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетник од с.Групчин, тетовско, удрил во трактор управуван од С.А.(73) од Тетово.Во несреќата со телесни повреди се здобил С.А., констатирани во Клинички центар Тетово.По целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 4 седмици

04

Уапсен возач кој возел со брзина од 174км/ч, а било дозволено 80км/ч

На 01.03.2026 во 17:10 часот на автопатот Тетово-Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода З.Н.(72) од с.Вруток, гостиварско. При сообраќајна контрола и преземени мерки, полициските службеници констатирале дека З.Н. управувал патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки со брзина од 174 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот ќе следувасоодветна пријава.

Македонија | пред 4 седмици

media-librarydqamjr88ssd7ee8BPb0

Приведен гостиварец во Тетово, возел и покрај активна забрана

Полициски службеници од СВР Тетово на 1 март 2026 година во 12:25 часот го лишиле од слобода А.С. (47) од Гостивар, откако бил затекнат како управува моторно возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување со возило од Б категорија.Како што информира полицијата, при контрола на крстосницата од булеварот „В.С. Бато“ со улицата „Фуштанска“ во Тетово, било сопрено патничко возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал приведениот. По преземените мерки било утврдено дека тој управувал возило и покрај изречената забрана.Возилото било одземено, а по целосно документирање на случајот против 47-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Полицијата спречи самоубиство на малолетник, откако била детектирана објава на социјални мрежи, велат од МВР

Секторот за компјутерски криминал при Министерство за внатрешни работи на Македонија информира дека во изминатото деноноќие, при редовните активности за следење на дигиталниот простор, била детектирана објава на социјална мрежа со содржина што укажувала на можна намера за самоубиство од страна на малолетен корисник.Веднаш по добиените сознанија, институцијата постапила итно и координирано, при што биле преземени сите неопходни мерки за утврдување на идентитетот и локацијата на лицето. За кратко време малолетникот бил пронајден, извршен е разговор и било констатирано дека е безбеден и во добра состојба. За настанот биле известени и родителите, кои се запознаени со состојбата и понатамошните чекори.Од Министерството посочуваат дека случајот уште еднаш ја нагласува важноста од внимателно следење на однесувањето на младите во дигиталниот простор. Апелираат до родителите да одржуваат редовна и отворена комуникација со своите деца, да покажуваат интерес за нивните активности на социјалните мрежи и навремено да реагираат при забележување повлеченост, вознемиреност или загрижувачки содржини.Воедно, апел упатуваат и до пријателите, соучениците и сите корисници на социјалните мрежи, доколку забележат објави што упатуваат на самоповредување или безнадежност, веднаш да ги искористат механизмите за пријавување на самата платформа, а доколку им е познат идентитетот на лицето, да известат родител, старател, наставник, друго возрасно лице или најблиската полициска станица.„Навремената реакција може да спаси човечки живот“, нагласуваат од Секторот за компјутерски криминал, додавајќи дека остануваат посветени на заштитата на граѓаните во дигиталниот простор и на рано откривање и превенција на ризични појави.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Десет возачи лишени од слобода за еден ден – алкохол, забрана и возење без дозвола

Во текот на 28 февруари 2026 година, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода десет возачи поради тешки прекршоци во сообраќајот, соопшти Министерство за внатрешни работи на Македонија.Од нив, пет лица биле затекнати како управуваат возило под дејство на алкохол, и тоа на подрачјата на Куманово, Кривогаштани, Битола и двајца во Скопје. Четири лица биле санкционирани затоа што управувале возило без возачка дозвола, на територијата на тетовско, Гостивар, Гевгелија и Кавадарци.Еден возач во Скопје бил лишен од слобода поради управување возило со изречена забрана за управување од Б категорија.По целосно документирање на случаите, против сите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана или под дејство на алкохол, со цел заеднички да се придонесе кон поголема безбедност на патиштата.

Македонија | пред 4 седмици

semejno-nasilstvo

Жена пријавила физички напад од поранешниот сопруг

Дваесет и петгодишна жена пријавила во СВР Скопје дека на 25 февруари 2026 година во скопско била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг М.В. (26), соопшти Министерство за внатрешни работи на Македонија.Пријавата била поднесена на 28 февруари 2026 година во 11:30 часот, по што надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 седмици

policija

Се расправале, па се степале: двајца кумановци со тврди предмети тепале млад скопјанец

На 28 февруари 2026 година во 19:20 часот во СВР Скопје, И.Ј. (21) од Скопје пријавил дека на 27 февруари 2026 година на подрачјето на Гази Баба, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од Н.Ј. (56) и Џ.Ј. (26), двајцата од Куманово, кои при нападот употребиле и тврди предмети, соопшти Министерство за внатрешни работи на Македонија.По целосно документирање на случајот, против пријавените ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 4 седмици

orce-nikolov-maloletnicki-tepacka

Масовна тепачка во Карпош: Седум лица приведени од пред угостителски објект

На 1 март 2026 година во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје привеле седум лица поради нарушување на јавниот ред и мир, соопшти Министерство за внатрешни работи на Македонија.Станува збор за Е.Ф. (23), С.С. (26), М.М. (25), К.Т. (26), Д.В. (22) и К.Н. (23), сите од Скопје, како и К.Ј. (21) од Крива Паланка. Според информациите, околу 00:30 часот пред угостителски објект тие влегле во меѓусебна физичка пресметка.По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 4 седмици

DSC_0289

Малолетничка од Делчево пријавила малолетник за обљуба: тинејџерот лишен од слобода

На 28 февруари 2026 година во 14:30 часот во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево лишиле од слобода 15-годишник, по претходна пријава од 17-годишна малолетничка дека, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа, соопшти Министерство за внатрешни работи на Македонија.За случајот бил известен надлежен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа, а бил контактиран и родител на малолетникот. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе следува соодветна постапка согласно законските прописи.

Македонија | пред 4 седмици

granata

Пронајдена минофрлачка граната од Првата светска војна во битолско

На 28 февруари 2026 година во 09:40 часот во СВР Битола, П.С. од селото Добромири, битолско, пријавил дека во своето дворно место пронашол стара граната, соопшти Министерство за внатрешни работи на Македонија.Од страна на пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната, при што било утврдено дека станува збор за минофрлачка граната од 75 милиметри од Првата светска војна. Надлежните апелираат граѓаните при пронаоѓање на вакви експлозивни направи веднаш да ги известат службите и да не ги допираат.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryde70q4td32141LUzO8V

Пронајдени кокаин и синтетичка дрога во спортски центар во Скопје

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ж.К. (40) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, соопшти Министерство за внатрешни работи на Македонија.Според информациите, на 24 октомври 2025 година во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени кокаин и таблети метилен-диоксиметафетамин.По целосно документирање на случајот, поднесена е кривична пријава до надлежното јавно обвинителство.

Скопје | пред 4 седмици

media-librarytti8s1tr1gup5bgZbym

Тешко повреден малолетен мотоциклист во сообраќајка во Битола

На 28 февруари 2026 година во 14:42 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонски Гемиџии“ и „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.В. (42) од Битола и мотоцикл „лонгиа“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од Битола, соопшти Министерство за внатрешни работи на Македонија.Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола. Увид на местото на настанот извршила увидната екипа на СВР Битола, а се работи на целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryh83q5vtmc9j99SeSIkV

Инцидент во Боговиње: млад човек нападнат со остар предмет

На 28 февруари 2026 година околу 20:45 часот во селото Боговиње, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ј.М. (23) од истото село, постапувајќи по претходна пријава од А.Т. (18), исто така од Боговиње, дека пред продавница во селото бил физички нападнат, при што напаѓачот употребил и остар предмет, соопшти Министерство за внатрешни работи на Македонија.По целосно документирање на настанот, против Ј.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 седмици

Tabanovce

Приведен албански државјанин на Табановце, се обидел да излезе со туѓа лична карта

На 28 февруари 2026 година во 18:30 часот на Граничниот премин Табановце, при излез од државата, полициски службеници го привеле Р.Д. (75) од Република Албанија, затоа што при гранична контрола дал на увид туѓа лична карта, соопшти Министерство за внатрешни работи на Македонија.Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка и целосно документирање на случајот.

Македонија | пред 4 седмици

soobrakajka-634

Сообраќајна несреќа на автопатот Скопје–Штип: 44-годишна жена со тешки повреди

На 28 февруари 2026 година во 07:15 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на автопатот Скопје–Штип, во близина на Свети Николе, патничко возило „опел“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од А.К. (20) од селото Вевчани, струшко, излетало надвор од коловозот, соопшти Министерство за внатрешни работи на Македонија.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Б.К. (44) од Вевчани, додека возачот се здобил со телесни повреди. Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Свети Николе, а се работи на целосно расчистување на околностите.

Македонија | пред 4 седмици

motori2

Сообраќајка по удар во куче скитник, 29-годишник од скопско со тешки повреди

На 28 февруари 2026 година околу 16:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат меѓу селата Р’жаничино и Таор, скопско, Р.И. (29) од селото Орешани, управувајќи мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, удрил во куче скитник, по што паднал на коловозот, соопшти Министерство за внатрешни работи на Македонија.Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryfdvu0vbd3h6l2aFFODu

Полицијата уапси тројца скопјани и прилепчанец

На 28 февруари и 1 март 2026 година, на различни локации во Скопје, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје ги лишиле од слобода А.И. (24), Ф.М. (27) и И.Р. (35), сите од Скопје, како и М.М. (30) од Прилеп, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана, соопшти Министерство за внатрешни работи на Република Македонија.По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 4 седмици

krazba

Провала во основно училиште во Велешта, украдени 400 денари

На 28 февруари 2026 година во 14:50 часот во Одделението за внатрешни работи Струга било пријавено дека во основно училиште во струшкото село Велешта, засега непознат сторител насилно отворил прозорец, оштетил дел од инвентарот и одзел 400 денари, соопшти Министерство за внатрешни работи на Република Македонија.Од ОВР Струга информираат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на настанот, по што против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 седмици

2021-08-02-16-38-42-426

Стружанец изградил куќа и гаража без одобрение, поднесена пријава

Одделението за внатрешни работи Струга поднесе кривична пријава против М.М. (58) од Струга поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „бесправно градење“, соопшти Министерство за внатрешни работи на Република Македонија.Според наводите, пријавениот, во својство на инвеститор, на катастарска парцела лоцирана во Струга, без правосилно одобрение за градење издадено од надлежниот општински орган, изградил објект за домување и една гаража.Надлежните институции преземаат мерки за понатамошно постапување согласно законските прописи.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryga57ac9t188e9dTEIQd

Охриѓанка градела куќа без одобрение, инспекторатот наложил уривање

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против К.П. (46) од Охрид поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „бесправно градење“, соопшти Министерство за внатрешни работи на Република Македонија.Според информациите, пријавената, во својство на инвеститор, на катастарска парцела во охридското село Љубаништа изградила објект за домување без правосилно одобрение за градење издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште при Општина Охрид.По констатирањето на состојбата, надлежниот инспекторат донел решение за отстранување на бесправно изградената градба.

Охрид | пред 4 седмици

soobrakajka

Три возила учествувале во сообраќајка: Повредени возачи и сопатничка во несреќа на патот Кичево–Гостивар

На 28 февруари 2026 година во 12:30 часот, на магистралниот пат Кичево–Гостивар, кај „Осломешка раскрсница“, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички возила со кичевски регистарски ознаки, соопшти Министерство за внатрешни работи на Република Македонија.Во несреќата учествувале автомобил „ауди А3“, управуван од Ф.А. (24) од селото Зајас, „ауди Q5“, управуван од Г.С. (31) од селото Длапкин Дол и „сеат“, управуван од Н.Р. (56) од селото Бачишта.Со телесни повреди се здобиле возачот на „ауди А3“, сопатничката С.А. (51) од Зајас, како и возачот Г.С. Од Министерството информираат дека увид на местото на настанот извршиле полициски екипи, а се работи на целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.

Охрид | пред 4 седмици

media-libraryeq7tv8cc9qc84AAm9Qw

Скопјанец повреден во напад во Струга, полицијата трага по сторителот

На 28 февруари 2026 година во Одделението за внатрешни работи Струга било пријавено дека на улицата „Скопска“ во Струга едно лице најнапред физички, а потоа и со остар предмет, го нападнало и повредило Б.Е. (46) од Скопје, соопшти СВР Охрид.Надлежните полициски служби преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 4 седмици

policija-policaec-35-450x270-1

Одземено возило по сообраќајна контрола во Гостивар

Полициски службеници од Министерство за внатрешни работи, односно од ОВР Гостивар, на 1 март 2026 година во 00:45 часот во Гостивар го лишиле од слобода Г.Н. (26) од Гостивар.При сообраќајна контрола на улицата „Гоце Делчев“ било сопрено патничко возило „голф“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал Г.Н., при што по преземените мерки било утврдено дека тој нема возачка дозвола.Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 седмици

IMG_6897

Полицијата одзеде „Опел корса“ со скопски таблички, возачот без дозвола си возел од Тетово кон Скопје

Полициски службеници од СВР Тетово на 28 февруари 2026 година во 23:05 часот на регионалниот пат Тетово–Скопје го лишиле од слобода А.Ј. (32) од село Глумово.Како што информираат од полицијата, при контрола било сопрено патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.Ј., при што по преземените мерки било утврдено дека тој нема возачка дозвола.Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања