Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

tepacka1

Прилепчанка физички нападната од снаата

На 02.03.2026 во 15:00 часот во ОВР Прилеп, 57 - годишна прилепчанка пријавила дека  во семејниот дом била физички нападната од нејзината снаа.Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 4 седмици

kriumcharenje-migranti

Фатен Турчин кој превезувал пет мигранти

На 02.03.2026 во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода Ф.С.(46) од Република Турција.При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 седмици

media-librarysgjgl5p3se416P4kAgl

Главниот пилот во МВР летал со валидна дозвола, се гони за лажно инструкторско овластување кое го добил

Не е точно дека главниот пилот во МВР добил кривична пријава бидејќи претходно летал со хеликоптер без валидна дозвола. Тој се гони оти се стекнал со инструкторско звање без соодветна постапка, соопшти МВР.Оттаму поднесоа кривична пријава против Н.А. поради сомневање дека тој сторил фалсификување на исправа. Според ова, тој има дозвола за управување со воздухоплов, но му го спорат овластувањето за обучување на други пилоти.„Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против Н.А., главен пилот во Одделот за воздухопловни единици, поради сомнение за кривично дело „Фалсификување исправа“ по член 378 став 3 од Кривичниот законик. Според пријавата, тој незаконски впишал овластување TRI BELL 206 во својата дозвола и истото го употребил како вистинито во постапки пред надлежни институции во земјава и странство“, велат од МВР.Станува збор за овластување за инструктор за конкретен тип хеликоптер – „Бел 206“. Ознаката TRI (Type Rating Instructor) значи дека лицето има право да обучува и проверува други пилоти за управување со конкретниот тип воздухоплов, како и да заверува обука и летачки часови.Такво овластување се стекнува по спроведена специјализирана обука и одобрение од надлежна воздухопловна власт, по што се впишува во пилотската дозвола како официјален податок. Но, МВР има свои правилници, па според неофицијални сознанија на „Скопје1“, пилотот добил звање со министерски потпис согласно интерен акт. Сепак, според поред пријавата, впишувањето во конкретниот случај било извршено незаконски.Кривичното дело „Фалсификување исправа“ опфаќа внесување невистинити податоци во службен документ или употреба на таков документ како вистинит. Во овој случај, според МВР, спорното овластување било користено во постапки пред институции во државата и надвор од неа, што му дава дополнителна тежина на сомнежот.

Македонија | пред 4 седмици

media-library0m93ufldt2e80yYEqce

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на Марк Руте

Министерство за внатрешни работи на Република Македонија информира дека на 3 март 2026 година (вторник), поради официјалната посета на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Скопје ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај.Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за регулирање на сообраќајот во централното градско подрачје на главниот град, со цел обезбедување непречено и безбедно движење.Од СВР Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките на полициските службеници, со цел нормално одвивање на сообраќајот за време на посетата.

Скопје | пред 4 седмици

kokain

Во пратка за осуденик пронајден кокаин

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против К.Н.(65) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.На 15.03.2025 во Казнено - поправна установа Прилеп, затворската полиција извршила претрес на пратка наменета за еден осуденик , при што пронашле и одзеле кокаин.

Македонија | пред 4 седмици

292782990_437177755127439_1412855896591445171_n

Уапсен возач во Кавадарци: Превезувал дрва без документација и направил повеќе сообраќајни прекршоци

На 01.03.2026 во 22:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода В.Ј.(38) од село Дреново, кавадаречко.Претходно, тој управувајќи патничко возило „лада“ со кавадаречки регистарски ознаки, во кое сопатник бил М.И.(25) од село Возарци и уште едно лице, а во кое превезувал и огревно дрво, на крстосница од булевар „Македонија“ и „Никола Минчев“ во Кавадарци, не застанал на знак за запирање, продолжил со движење и на крстосница од улиците „Гоце Делчев“ и „Цветан Димов“ во Кавадарци поминал на црвено светло на семафор.По преземени мерки, полициските службеници ги пронашле возачот и возилото во село Возарци и по извршена контрола било констатирано дека возилото било нерегистрирано, В.Ј. го управувал пред да се стекне со право за управување од „Б“ категорија и поминал на црвено светло на семафор.Дрвата, кои биле без соодветна документација, со потврда биле одземени и предадени на шумска полиција.Со сопатникот М.И. бил извршен службен разговор, а по насоки на јавен обвинител В.Ј. бил приведен во полициска станица, возилото било привремено одземено и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 4 седмици

pistol_001

Ја тепал, ја удирал со тврд предмет и и се заканувал со оружје, жена со тешки повреди примена на клиника

На 01.03.2026 во 21:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 40-годишниот Ц.Н. од скопско село, по претходна пријава за семејно насилство.Според пријавата, тој во текот на претходната недела физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга, при што употребил и тврд предмет, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а ѝ се заканувал и со огнено оружје.По целосно документирање на случајот, против Ц.Н. ќе следува соодветна кривична пријава.

Скопје | пред 4 седмици

media-libraryjlmrdiutfofd23SxeA5

28-годишник ja следел и и се заканувал на поранешната девојка и нејзиното семејство

На 01.03.2026 во 20:50 часот, СВР Скопје регистрираше пријава за вознемирување и закани. 23-годишна девојка од Скопје пријавила дека во периодот од октомври 2025 година до 01.03.2026 била следена и вознемирувана на различни локации од нејзиниот поранешен партнер, 28-годишниот С.Н.Според пријавата, тој ѝ упатувал закани и кон неа, но и кон нејзиното семејство. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и обезбедување заштита за пријавителката.

Скопје | пред 4 седмици

Screenshot-2024-04-01-at-18.59.23

Пукање во Чаир, нема повредени

На 01.03.2026 во 22:52 часот, СВР Скопје регистрираше инцидент на подрачјето на Чаир во Скопје, каде од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.Според пријавата, нема повредени лица, а полициските службеници на местото на настанот подигнале осум чаури.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сторителот.

Скопје | пред 4 седмици

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Жена лажно пријавила дека лице и понудило пари на малолетната ќерка во замена за сексуални услуги

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 45-годишна жена од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.Според пријавата, на 30.10.2025 година, таа лажно тврдела дека на 26.10.2025 во Тетово едно лице ѝ понудило пари во замена за сексуални услуги на нејзината малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот, против жената ќе следува соодветна пријава за лажно пријавување.

Македонија | пред 4 седмици

media-library9jo4a0fgdo29bbik8lQ

Малолетник управувал „мерцедес“ во Струга

На 2 март 2026 година во 01:15 часот, при сообраќајна контрола во струшката населба „Тефериќ“, полициски службеници од ОВР Струга исклучиле од сообраќај патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки.Контролата покажала дека возилото го управува малолетник кој нема положен возачки испит и не стекнал право за управување со моторно возило.По насоки на јавен обвинител, со малолетникот бил извршен службен разговор. Возилото е одземено, а по целосно документирање на настанот ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

Македонија | пред 4 седмици

IMG_4868

Малолетник зад волан во центарот на Охрид, „голфот“ одземен

На 1 март 2026 година во 23:40 часот, при сообраќајна контрола на пресекот на улиците „Сатеска“ и „Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид исклучиле од сообраќај патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки.При проверката било утврдено дека возилото го управува малолетник кој нема положен возачки испит и не стекнал право за управување со моторно возило.Во присуство на родител, возилото било одземено, а по целосно документирање на случајот СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Охрид | пред 4 седмици

policiski-cas-policija-policaec

Млад мотоциклист со тешки повреди по сообраќајка во Прилепско

На 1 март 2026 година во 14:30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на влезот за селото Браилово, општина Долнени, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „кавасаки“ со регистарски ознаки од Македонски Брод и патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки.Мотоциклот го управувал З.Ш. (21), а автомобилот Д.В. (56), двајцата од селото Десово, општина Долнени.Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница во Прилеп. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.

Македонија | пред 4 седмици

policaec-policija-6

Пијан зад волан во Прилепско

На 1 март 2026 година во 14:50 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Н. (48) од селото Дреновци, општина Долнени.При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал И.Н., при што било констатирано дека возел под дејство на алкохол. Измерени му биле 1,99 промили алкохол во крвта.По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 4 седмици

policija-policajci-kontrola-vozaci-avtopat

Со 157 км/ч на пат каде дозволено е 70 – приведен млад ресенчанец

На 1 март 2026 година во 13:30 часот на магистралниот пат Охрид–Ресен, кај местото викано „Рибник Крушје“, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода Д.Н. (19) од Ресен.При сообраќајна контрола било сопрено возило „шкода“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Д.Н., при што било утврдено дека се движел со брзина од 157 километри на час на делница каде ограничувањето е 70 километри на час надвор од населено место.По документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 4 седмици

DSC_0040

Осумнаесетгодишник без возачка дозвола фатен во Битола

На 1 март 2026 година во 15:27 часот на улицата „8 Септември“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.Н. (18) од Битола.При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Н., при што било констатирано дека возилото го управувал без да поседува важечка возачка дозвола.По документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 4 седмици

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-41-6540PM

Битолчанец фатен зад волан без положен возачки испит

На 1 март 2026 година во 23:20 часот во селото Јанковец, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода Ш.М. (31) од Битола.При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал Ш.М., при што било утврдено дека управувал возило пред да се стекне со право за управување со моторно возило.По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 4 седмици

02

Прилепчанец приведен – кај него пронајдена прашкаста материја

На 2 март 2026 година во 22:30 часот на улицата „Пиринска“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Х.А. (38) од Прилеп.При преземените мерки кај него била пронајдена прашкаста материја.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryje4t70hc48pc3Jj6dl6

Битолчанец дивеел во казино

На 2 март 2026 година во 01:45 часот во СВР Битола било пријавено нарушување на јавниот ред и мир во казино на улицата „Филип Втори Македонски“.Според информациите, М.С. (38) од Битола со метален предмет оштетил апарат за игри на среќа во објектот.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Македонија | пред 4 седмици

policija-policaec-35-450x270-1

Со 174 км/ч „летал“ на автопат каде дозволено е 80 – приведен 72-годишник

Полициски службеници од ОВР Гостивар на 1 март 2026 година во 17:10 часот на автопатот Тетово–Гостивар го лишиле од слобода З.Н. (72) од селото Вруток.При сообраќајна контрола било утврдено дека управувал патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки со брзина од 174 километри на час, на делница каде максимално дозволената брзина е 80 километри на час.Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 4 седмици

policija-policajci-radari

Тетовец уапсен за возење со двојно над дозволената брзина на бул. „Маршал Тито“

На 01.03.2026 во 12:22 часот на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Х.А.(21) од с.Долна Лешница, тетовско.При контрола со радар било констатирано дека управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 113 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е ограничена на 50 километри на час.По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 седмици

Screenshot-2024-10-05-at-11.05.19

Малолетник со „мерцедес“ удрил во трактор на патот Тетово–Фалише

На 1 март 2026 година било пријавено дека на локалниот пат Тетово – село Фалише се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки и трактор.Според информациите од МВР, возилото го управувал малолетник од селото Групчин, додека тракторот бил управуван од С.А. (73) од Тетово.Во несреќата со телесни повреди се здобил 73-годишниот тракторист, а повредите биле констатирани во Клиничкиот центар во Тетово. По целосно расчистување и документирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 седмици

2-2

Словенски скијач повреден на „Титов Врв“, пренесен во Клинички центар Тетово

На 01.03.2026 во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Приведен 35-годишник во Брвеница – возел без положен возачки испит

На 1 март 2026 година во 16:15 часот на регионалниот пат во селото Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.В. (35) од Тетово.При редовна сообраќајна контрола било запрено патничко возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Б.В. По извршените проверки било констатирано дека управувал возило без да поседува возачка дозвола.Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 4 седмици

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-56-7910PM

Возел 113 км/ч на булевар во Тетово каде ограничувањето е 50: апсење во тетовско

Полициски службеници од СВР Тетово на 1 март 2026 година во 12:22 часот на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово го лишиле од слобода Х.А. (21) од селото Долна Лешница.При сообраќајна контрола со радар било утврдено дека управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 113 километри на час, на делница каде максимално дозволената брзина изнесува 50 километри на час.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања