Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

kokain-2

Акција во Гостивар – запленета дрога, приведени две лица

На 4 март 2026 година во 01:20 часот на улицата „Белчица“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Н.А. (45) и Џ.Ш. (39), двајцата од селото Чегране, гостиварско.При преземените мерки кај нив бил пронајден и одземен кокаин.По целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 3 седмици

semejno-nasilstvo

Семејно насилство во тетовско: маж ја нападнал сопругата

На 3 март 2026 година во 18:30 часот во селото Бродец, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка го лишиле од слобода Ш.Ќ. (36) од селото Бродец, тетовско.Тој бил приведен постапувајќи по претходна пријава дека во домот во кој престојуваат физички ја нападнал неговата 32-годишна сопруга.По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 3 седмици

IMG_6897

Со 1,79 промили алкохол предизвикал сообраќајка кај Гостивар

На 3 март 2026 година во 21:23 часот на регионалниот пат Гостивар – село Градец, во селото Топлица, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода Џ.К. (63) од селото Добридол.Полицијата постапувала по претходно случена сообраќајна несреќа во која учествувал Џ.К. со патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки. При извршените проверки било утврдено дека управувал под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,79 промили алкохол во крвта.Тој бил задржан во полициска станица, а по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 седмици

policija-policajci-kontrola-vozaci-avtopat

Скопјанка фатена без возачка дозвола во Тетово

На 3 март 2026 година во 18:50 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода Д.Р. (29) од Скопје.При сообраќајна контрола на улицата „Маршал Тито“ било сопрено патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувала Д.Р. По извршените проверки било утврдено дека управува возило без да поседува возачка дозвола.Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 3 седмици

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-36-7300PM

Граделе спротивно на одобрението за градба, кривична пријава за седум лица

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.С.(27), А.С.(27), А.С.(47), Б.А.(54), И.Б.(33), С.Е.(48), В.Р.(42), Друштво за производство, проектирање трговија, градежништво и услуги од Гостивар и Друштво за геодетски работи, проектирање, инжинеринг и консалтинг од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“, „фалсификување исправа“, „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.Првопријавениот, второпријавениот и третопријавената-нивна мајка, во својство на физички лица-инвеститори, во текот на 2021 и 2022 година на нивна катастарска парцела во Гостивар вршеле градежни активности спротивно од одобренијата за градба издадени од општина Гостивар.Четвртопријавениот Б.А., управител на Друштвото за геодетски работи, изготвил геодетски елаборат кој не се совпаѓал со основниот проект за градење и изготвил лажна исправа која ја употребил како вистинска исправа на правното лице проектирање инженеринг и консалтинг од Гостивар.Петтопријавениот И.Б., управител на Друштво за производство, проектирање трговија, градежништво и услуги, изготвил Завршен извештај за извршен технички прием на објектот, според кој лажно е констатирано дека градбата е изградена согласно одобрението за градење и основниот проект.Шестопријавениот С.Е., иако знаел дека овластениот градежен инспектор В.Р. со записник констатирал дека се гради надградба надвор од одобрението и дека не се отстранети недостатоците во дадениот рок, документацијата за градбата ја проследил на 03.10.2022 по електронски пат до Агенцијата за катастар на недвижности каде што ја регистрирале градбата и издале имотен лист.Седмопријавениот В.Р., најправин изготвил записник со констатација дека објектот не е изведен согласно одобрението и дал рок да се отсранат недостатоците, но потоа не спровел контролен инспекциски надзор по решението со што на инвеститорот му овозможил да го стави објектот во функција.

Македонија | пред 3 седмици

media-library5oji1tmki7lt3iJHBPI

(Видео) Трагедија на обиколницата Скопје–Тетово: Возач загина по излетување од коловоз

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила попладнево на обиколницата Скопје–Тетово, во близина на клучката Мирковци.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во 15:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека патничко моторно возило излетало од коловозот.Полициски екипи излегле на местото на настанот, при што било утврдено дека станува збор за патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од машко лице кое починало на местото на несреќата.Увидот е во тек, по што се очекуваат повеќе информации за околностите под кои дошло до трагичниот настан.

Скопје | пред 3 седмици

media-librarybgp5hpdr72lgfGlTF86

Малолетници нападнати во училишта во Чаир и Ѓорче Петров

Во изминатите два дена во Скопје биле пријавени три одвоени случаи на насилство меѓу ученици во основни училишта, информираат од полицијата. Надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на сите настани.На 02.03.2026 во 12:10 часот во СВР Скопје, Д.Р. (47) од Скопје пријавил дека околу 09:30 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Чаир, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од неколку малолетници од друго училиште.Истиот ден, во 15:00 часот, Б.Р. (51) од Скопје пријавил дека на 27.02.2026 околу 08:15 часот во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот 13-годишен син бил физички нападнат од друг ученик, при што му биле нанесени тешки телесни повреди.На 03.03.2026 во 03:30 часот во СВР Скопје, Ј.П. (43) од Скопје пријавила дека на 02.03.2026 околу 11:30 часот во основно училиште на подрачјето на Чаир, нејзината 14-годишна ќерка била физички нападната од нејзина соученичка.Полицијата работи на утврдување на сите околности поврзани со пријавените случаи на насилство.

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryqqqj6jrpg4kvcO37G8e

Уапсени девет возачи поради возење без дозвола, алкохол и забрани

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода девет возачи, од кои шест за возење без возачка дозвола, еден за возење нерегистрирано возило без возачка дозвола, еден за управување на возило под дејство на алкохол и еден за управување возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување возило од Б категорија.Двајца возачи во Неготино (од кои еден малолетник), и по еден во Тетово, Кочани, Гевгелија и Скопје (исто така малолетник) управувале возило без возачка дозвола. Еден возач во Кавадарци управувал нерегистрирано возило без возачка дозвола. Додека, еден возач во Велес управувал возило под дејство на алкохол, а еден возач во Кочани управувал возило и покрај тоа што имал забрана. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Македонија | пред 3 седмици

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-34-4250PM

„Мерцедес“ удри жена во Злетово – починала на лице место

Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случила на 02.03.2026 во Злетово, при што животот го загубила 59-годишна жена.Според информациите од полицијата, во 15:33 часот во ОВР Пробиштип било пријавено дека на улицата „Пониква“, на место викано „Клапчово маало“, Р.З. (50) од село Неокази, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А. (59) од село Злетово.Од здобиените повреди, пешакот починала на местото на несреќата, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција во Судска медицина. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Пробиштип.

Македонија | пред 4 седмици

media-library4mc2h6hmgauf0qensG7

Делчевец објавил туѓи податоци и фотографија на интернет страница без согласност

СВР Штип поднесе кривична пријава против 38-годишниот Е.К. од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.Според информациите, на 27.01.2026 година, пријавениот без знаење и согласност на женско лице од Штип ги презел нејзините лични податоци заедно со фотографија од интернет-апликација, по што ги објавил на друга интернет-страница што ја администрирал.Надлежните институции преземаат мерки за понатамошно постапување по случајот.

Македонија | пред 4 седмици

seca-drva-3

Бесправно сечеле и продавале дрва со таблички од друго возило

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Џ.Н. (64) и М.Н. (41), двајцата од село Речане, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“, „пустошење на шума“ и „фалсификување на исправа“.Според информациите, првопријавениот во атарот на село Речане, на место викано „Краста“, континуирано вршел бесправна сеча на дрва без одобрение од надлежен орган. Исечените дрва ги превезувал со патничко возило „опел фронтера“, на кое биле поставени регистарски ознаки од друго возило, а потоа ги продавал во Речане и околните села.Второпријавениот му помагал со тоа што ги поставил регистарските ознаки од друго возило. Со ваквите дејствија било оштетено Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Гостивар за вкупен износ од 144.372 денари.

Македонија | пред 4 седмици

makedosnki-vojnik

Војник фатен со марихуана во ранец

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 30-годишниот И.Р. од Прилеп, припадник на Армијата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.Според информациите, на 12.02.2026 година во касарна во Петровец била извршена контрола на неговиот ранец, при што била пронајдена и одземена марихуана.По документирање на случајот, против пријавениот ќе следува соодветна постапка.

Скопје | пред 4 седмици

tepacka1

Татко и ќерка со спротивставени тврдења за семеен инцидент во Скопје

Семејна расправија со елементи на насилство била пријавена на 02.03.2026 во СВР Скопје, по што полицијата презема мерки за расчистување на случајот.Според информациите, во 18:45 часот 48-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет ѝ упатувал закани, при што самиот се повредил од невнимание.Подоцна, во 20:00 часот, 79-годишниот маж пријавил дека во истото време неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, по што започнала меѓусебна турканица, а неговиот зет физички го нападнал.Полицијата работи на целосно утврдување на околностите и одговорноста на инволвираните лица.

Скопје | пред 4 седмици

Google-Maps-Street-View-two-women-fighting-Russia-1382501

Жени се тепале во Драчево

На 02.03.2026 во 18:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Драчево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Ѓ.С.(57) и К.Н.(36), двете од Скопје.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 4 седмици

tepachka-deca

Тинејџер тешко повреден по напад од соученик

Вчера во 15:00 часот во СВР Скопје, Б.Р.(51)  од Скопје пријави дека на 27.02.2026 околу 08:15 часот во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот 13-годишен син бил физички нападнат од друг ученик во училиштето, при што му нанел тешки телесни повреди.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 седмици

media-librarykgs53i7ng6uh3uZkCZv

(Видео) „Родителите дознале од сосед дека детето во Тетово паднало од тераса“, СВР Тетово со детали за трагедијата

Десетгодишно момче од Тетово го загуби животот по пад од тераса во станот во кој живеело, информираат од СВР Тетово.Според полициските информации, денеска во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничката болница во Тетово било донесено дете без знаци на живот. Станува збор за 10-годишно момче од Тетово.Според првичните сознанија, детето, кое имало здравствени проблеми, паднало од терасата на станот. За настанот родителите биле известени од сосед, по што веднаш го однеле детето во болница. Лекар констатирал смрт.По наредба на јавен обвинител, телото на починатото дете е предадено на обдукција. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 седмици

media-library0c1d10tn5lbl6PRHVK6

Нова трагедија: Загина 10-годишно момче по пад од балкон во Тетово

Тежок инцидент го потресе Тетово денес, каде што 10-годишно момче трагично го загуби животот откако падна од балконот на стан на Индустриска улица.Според првичните информации, детето паднало од значителна висина, а повредите биле фатални. Медицинските екипи веднаш пристигнале на местото на настанот, но успеале само да констатираат смрт.Полицијата и обвинителството се на терен за да спроведат истраги и да ги разјаснат сите околности за тоа како се случила оваа фатална несреќа.МВР најави повеќе детали штом заврши увидот.

Македонија | пред 4 седмици

media-library1cjmjudqrlmhcnGDu9N

(Фото) Сообраќајка на Илинденска: Се судрија мотоцикл и џип

Сообраќајка се случи на булеварот Илинденска, каде се судрија џип и мотоцикл. Засега нема информации дали има повредени лица, како и детали за состојбата на мотоциклистот чија кацига е среде булеварот. Повеќе детали подоцна од МВР.

Скопје | пред 4 седмици

media-libraryf4p5n3dtobib9ayZTF0

Измамен 75-годишник од Тетово: Платил 2.000 евра за собни врати, но никогаш не ги добил

На 02.03.2026 во 15:10 часот во СВР Тетово, 75-годишник од тетовско пријавил дека бил измамен од едно лице од Тетово за сума од 2.000 евра.Според пријавеното, во текот на октомври 2025 година, тој се договорил со лицето да му изработи собни врати, а парите му ги дал како капар. Како што е пријавено, услугата не била извршена, а кога пријавителот му јавил и му ги побарал вратите му кажал дека ќе бидат изработени, а после тоа бил недостапен на телефон.Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Македонија | пред 4 седмици

media-library8rbk0brmvdnv4wziuyT

Кратовец вознемирувал малолетничка: Ја следел и и ѕвонел од различни телефонски броеви

На 02.03.2026 во 19:10 часот во СВР Тетово, 49-годишник од тетовско пријавил дека неговата малолетна ќерка била вознемирувана од 23-годишник од кратовско, со кого се познавале од претходно.Според пријавеното, одреден период лицето ја вознемирувало од различни телфонски броеви и од лажни профили на социјални мрежи, а истиот ден околу 16:50 часот, по завршување на наставата, ја следел од средното училиште во кое учела до автобуската постојка.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 седмици

lopta-fudbal

Инцидент на фудбалски натпревар: Навивачи на ФК „Шкендија“ фрлале предмети кон судии

На 02.03.2026 во 14:00 часот на Градскиот стадион во Тетово, за време на второто полувреме од фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК „Шкендија“ од Тетово и ФК „Пелистер” од Битола, како и по завршување на натпреварот, навивачите на ФК „Шкендија” од јужната трибина на теренот и кон судиите фрлаа разни предмети.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Спорт | пред 4 седмици

njemac-traktor1

Одземен трактор во Тетово: 18-годишна девојка го управувала без возачка дозвола

На 02.03.2026 во 21:20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода А.Љ.(18) од Тетово.При контрола во патниот сообраќај на ул.„Маршал Тито“, полициски службеници сопреле трактор со тетовски регистарски ознаки, кој таа го управувала и по преземени мерки било констатирано дека А.Љ. нема возачка дозвола.Тракторот е одземен и по целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 4 седмици

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

Гостиварка крадела во маркет

На 02.03.2026 во 09:00 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишија од слобода Х.М.(31) од с.Добри дол, гостиварско.Таа била затекната од вработен во обезбедувањето при извршување кражба во маркет на ул.„ЈНА“ во Гостивар.Одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против Х.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 седмици

tepacka1

Прилепчанка физички нападната од снаата

На 02.03.2026 во 15:00 часот во ОВР Прилеп, 57 - годишна прилепчанка пријавила дека  во семејниот дом била физички нападната од нејзината снаа.Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 4 седмици

kriumcharenje-migranti

Фатен Турчин кој превезувал пет мигранти

На 02.03.2026 во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода Ф.С.(46) од Република Турција.При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања