Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

pretepa

Маж од Струмица и 25-годишна жена се тепале во Центар

На 04.03.2026 во 09:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Д.(28) од Струмица и 25-годишната Ј.К..По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryu95mndbpf2uacNbhhC4

Син со нож го нападнал 60-годишниот татко

На 04.03.2026 во 11:40 часот во СВР Охрид, Г.Н.(60) од едно охридско село пријавил дека во својот дом физички со нож бил нападнат од неговиот син.По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 седмици

semejno-nasilstvo

Уапсен гостиварец кој ја тепал сопругата

На 05.03.2026 во 05:40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Е.А.(24) од гостиварско, постапувајќи по претходна пријава дека во семјениот дом физички ја нападнал неговата 23-годишна сопруга.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 3 седмици

tepanje-dete

Физички напад во Скудриње по конфликт меѓу децата

На 04.03.2026 во 20:30 часот во ОВР Гостивар, Ф.М.(35) од с.Скудриње, општина Маврово и Ростуше пријави дека бил физички нападнат од М.З. (44) од с.Скудриње по претходно недоразбирање помеѓу нивните малолетни деца.По целосно документирање ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

25-годишник од Гостивар ја оштетил покуќнината па им се заканувал на родителите со нож

На 05.03.2026 во 01:40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода П.Б.(25) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал во домот, ја оштетил покуќнината и на родителите им упатувал закани со остар предмет.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 3 седмици

2022-08-06_10-08-35-098

Пронајдена дрога кај 39-годишен прилепчанец

На 04.03.2026 во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода С.Џ.(39) од Прилеп.По претходно издадена наредба од Основен суд Прилеп, полициските службеници извршиле претрес во неговиот дом и помошните простории, при што се пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја, дигитална вага и други предмети.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryeuhdj5tsuceqfHTxoE3

Внук удрил дедо со врата од двор

На 04.03.2026 во 19:30 часот во ОВР Прилеп, 78-годишник од Прилеп пријави дека во семејниот дом, по претходна расправија со неговите син и внук, внукот го удрил со вратата од дворот, при што се здобил со телесни повреди.Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 3 седмици

media-library5fmmkgogfpfv0Wl5L6S

За да излезе порано од работа лажно пријавил дека има бомба во РЕК „Осломеј“

На 05.03.2026 во 03:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Осломеј го лишија од слобода Р.Б.(44) од Кичево, вработен во РЕК Осломеј.Тој, во 02:25 часот испратил порака на својот шеф со која го информирал дека, имал сознание дека во еден оддел во РЕК „Осломеј“ има поставена бомба. По преземени мерки и извршени проверки со обезбедувањето, полициски службеници констатирале дека нема поставено бомба и се работи за лажно пријавување. По преземени мерки, Р.Б. е пронајден во викенд куќа во кичевското село Осломеј и е лишен од слобода. Притоа, тој признал дека е лажна пријавата и дека го измислил тоа за да може порано да си замине од работа.Р.Б. е задржан во Полициската станица Кичево и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 седмици

IMG_4387

Дванаесетгодишник од Куманово жртва на врсничко насилство, соученик го терал да скокне од прозорец

Случај на врсничко насилство е пријавен во Куманово, откако 12-годишно дете, според пријавата на неговата мајка, подолг период било изложено на навреди и исмејување од свој соученик, кој во еден момент го поттикнувал да скокне од прозорец во училницата.Од Секторот за внатрешни работи Куманово информираат дека на 3 март 2026 година во 12:45 часот, 35-годишна жена од кумановско пријавила дека нејзиниот син, ученик во основно училиште во Куманово, подолг период бил малтретиран од соученик.Според пријавеното, соученикот често го навредувал и исмејувал, а во еден случај го наведувал да скокне од прозорец на училницата.Мајката пријавила и дека детето претходно го информирало педагогот во училиштето за случувањата, но, според неа, не биле преземени мерки, ниту пак таа била известена.Над малолетникот биле извршени лекарски прегледи во болницата во Куманово и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, по што бил хоспитализиран на Клиниката за психијатрија.Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryslrc65evp7jg1ucKgj9

Акциска контрола во Гостивар: Изречени се 59 казни, одземени се пет возила

Денеска (04.03.2026), во периодот од 07:00 до 13:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на СВР Тетово - ОВР Гостивар со цел санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.При контролата изречени се вкупно 59 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив шест за измината важност на сообраќајната дозвола, шест мерки за превоз на патници повеќе од пропишаното во автобуси, минибуси и такси возила кои вршат јавен превоз на патници, една за неизвршен вонреден технички преглед на автобус, девет мерки за возила кои вршат јавен превоз на патници без лекарско уверение, 10 мерки за товарни моторни возила во однос на претовар на товар, вонреден превоз и некористење на церада, шест мерки за непоседување на задолжителна опрема во возило, шест мерки за останати прекршоци. Поднесени се и 15 барања за поведување на прекршочна постапка за правни и одговорни лица.Едно лице е лишено од слобода за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно без возачка дозвола“ и одземени се пет возила поради изминат рок на важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци.За сите сторители изготвени се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryaaj5dbiip1ul9A6Msi4

Жена го пријавила мажот за кој беше јавно алармирано дека демнел во Гази Баба: тврди дека откако му избегала и дошол под тераса

Откако вчера на социјалните мрежи беше објавена фотографија од мaшко лице за кое имаше предупредување дека демнел жени, од МВР за Скопје1 потврдуваат дека имаат и пријава.„На 02.03.2026 во СВР Скопје 30-годишна жена пријави дека на 28.02.2026 околу 05:30 часот на подрачјето на Гази Баба едно лице излегло пред неа по што истата се вознемирила и почнала да бега, а лицето трчало по неа.Исто така на 02.03.2026 лицето дошло пред нејзината зграда и гледало во нејзината тераса.Во врска со настанот во Полициската станица Гази Баба бил извршен службен разговор со А.М.(41) од Радовиш, со престој во Скопје и против истиот се преземени соодветни мерки“, велат од МВР.Според вчерашната објава, тој стоел во близина на Факултетот ФОН, бркал девојчиња и жени.Досега освен оваа пријава во МВР немаат добиено друга.

Скопје | пред 3 седмици

policija-policaec

Девет возачи фатени на терен: под дејство на алкохол, без дозвола и со активна забрана

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода девет возачи, од кои по три за возење без возачка дозвола, за управување на возило под дејство на алкохол и за управување возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување возило од Б категорија.Двајца возачи во Гевгелија и еден во Гостивар управувале возило под дејство на алкохол. По еден возач во Велес, Куманово и општина Старо Нагоричане управувале возила и покрај тоа што имале активна забрана. Еден возач во Тетово управувал возило без возачка дозвола, еден малолетник во Прилеп управувал мопед без дозвола, а еден возач во Кичево управувал нерегистрирано патничко возило без возачка дозвола. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryqqqj6jrpg4kvcO37G8e

Драма во Драчево: Скопјанец фатен без возачка дозвола, го застанале па за кратко време дошле две возила и ги попречувале полицајците

На 03.03.2026 во 23:55 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје, при контрола на Н.И.(22) од с.Студеничани,скопско, констатирале дека управувал возило без да поседува возачка дозвола.По кратко време на местото дошле две возила од кои излегле неколку лица, меѓу кои и М С.(30) од с.Студеничани, и ги попречувале полициските службеници при вршење на службените дејствија.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 седмици

media-library5oji1tmki7lt3iJHBPI

(Видео) Трагедија на клучка Мирковци: 44-годишен маж со БМВ излетал од патот!

На 03.03.2026 во 15:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница Скопје – Тетово, во близина на клучка Мирковци, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(44) од с.Сарај, скопско, излетало од патот.На местото на несреќата починал возачот Р.П., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 седмици

tepachka-deca

Двајца малолетници физички нападнале врсници со пластичен и тврд предмет

Два случаи на малолетничко насилство се пријавени во Свети Николе.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе известување против двајца малолетници поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.Првиот случај се однесува на малолетник од Свети Николе, кој на 08.10.2025 во соблекувалната на едно основно училиште физички нападнал друг малолетник во присуство на повеќе ученици, при што употребил пластичен предмет.Вториот случај се однесува на малолетник од Кавадарци, кој на 24.10.2025, исто така во Свети Николе, нападнал друг малолетник со употреба на тврд предмет.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarygtps4f1vamh53c8lgut

Автомобил излетал и удрил во бетонски скали во Велес

На 03.03.2026 во 09:40 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул.„Сараевска“ во Велес, патничко возило „форд ескорт“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Н.(77) од Велес, удрило во бетонски скали од куќа.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Н. , констатирани во Градска општа болница. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryf4p5n3dtobib9ayZTF0

Поради долг, насилно влегол во куќа и одзел телевизор и клучеви

 На 03.03.2026 во 16:30 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода С.В.(49) од Делчево.Според пријавеното, тој околу 15:00 часот отишол во домот на М.К.(37) од Делчево и поради нерасчистени должничко - доверителски односи агресивно се однесувал агресивно кон неговата невенчана 35 - годишна сопруга, по што со употреба на сила одзел телевизор и клучеви од куќата.Одземеното е пронајдено и вратено на сопствениците, а по целосно документирање на случајот, против С.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 седмици

kradecaaa

Со алат провалил во куќа во Велес – приведен осомничен

На 04.03.2026 во 00:40 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.Р.(22) од Велес. Тој се сомничи дека со употреба на подесен алат влегол во домот на 35-годишна велешанка и одзел разни предмети.Дел од одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 седмици

granata

Во дворот пронашол рачна бомба од Првa светска војна

На 02.03.2026 во 17:30 часот во ОВР Кавадарци, Л.Е.(68) од село Ваташа, кавадаречко, пријави дека во двор од викенд куќа во селото била пронајдена експлозивна направа.Пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување Битола ја подигнал експлозивната направа и констатирал дека се работи за рачна бомба која потекнувала од Првата светска војна.

Македонија | пред 3 седмици

media-library0c1d10tn5lbl6PRHVK6

Починат маж пронајден во својот дом во Скопје

На 03.03.2026 во 11:41 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје бил пронајден починат В.С.(72) од Скопје.Од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен е увид, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Скопје | пред 3 седмици

IMG_5581

Скопјанец ја нападнал поранешната сопруга

На 04.03.2026 во 09:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со И.Б.(49) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 01.03.2026 околу 19:30 часот во домот во скопско физички ја нападнал неговата 40-годишна поранешна сопруга.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Скопје | пред 3 седмици

tasna

Ограбена скопјанка на автобуска во Ѓорче

На 03.03.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, С.С.(66) од Скопје пријави дека на автобуска постојка на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице ѝ одзело чанта со пари, лични документи и други предмети.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryjlmrdiutfofd23SxeA5

Нападнат вработен во трговски центар во Карпош

На 03.03.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје, З.Г.(42) од Скопје пријави дека на 27.02.2026 околу 11:00 часот на своето работно место во продажен објект во трговски центар на подрачјето на Карпош, бил физички нападнат од едно лице.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 седмици

person-motorcycle-countryside

Малолетник возел мопед без возачка дозвола

На 03.03.2026 во 13:20 часот на ул.„Пере Тошев” во Прилеп, полициски службенци од ОВР Прилеп лишиле од слобода 16-годишник од с.Алинци, прилепско, затоа што при сообраќајна контрола било констатирано дека управувал мопед без возачка дозвола.По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 3 седмици

pretepa

72-годишен битолчанец тепал жена на улица

На 03.03.2026 во 16:00 чaсот во СВР Битола, Ќ.Т.(70) од Битола пријавила дека на ул.„Филип Втори Македонски” во Битола била физички нападната од О.Ѓ.(72) од Битола.Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања