Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

media-library9bn8e5675st74xxHRP0

Сопружници со сила влегле во градинка во Тетово и нападнале вработена

На 6 март 2026 година во 15:00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ф.З. (38) од Тетово.Според пријавеното, тој заедно со неговата сопруга со употреба на сила влегле во канцеларијата на З.Н. (45) од селото Фалише, тетовско, вработена во детската градинка „Младост“, по што физички ја нападнал.По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 седмици

media-library4f4gkq3t8lrlaT1hzjI

Нападнал 67-годишник и му го оштетил автомобилот: полицијата приведе 29-годишник

На 6 март 2026 година во 11:10 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода В.Б. (29) од селото Порој, тетовско.Според информациите, претходно поради меѓусебно недоразбирање тој физички и со тврд предмет го нападнал М.В. (67), а потоа му го оштетил и возилото.По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 3 седмици

media-library580kkic4ijob0pfiFEY

Тошковски: Борбата против криминалот и корупцијата се води без селективност – институциите постапуваат врз основа на докази и закон

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување во емисијата „Вечерно шоу со Богдан Илиевски“ на Алфа телевизија се осврна на повеќе актуелни безбедносни прашања, при што ја нагласи решителноста на институциите во борбата против криминалот и корупцијата, како и потребата од доследно почитување на владеењето на правото.Тошковски истакна дека Министерството за внатрешни работи во континуитет работи на зајакнување на институционалните капацитети и на унапредување на механизмите за откривање и спречување на криминалот, при што секој случај се процесуира врз основа на докази и во координација со надлежните обвинителства и другите институции.„Нашата цел е институциите да функционираат професионално, транспарентно и без селективност. Борбата против криминалот и корупцијата не смее да зависи од ничии лични или политички интереси, туку исклучиво од фактите и доказите. Законот мора да важи подеднакво за сите“, истакна Тошковски.Министерот потенцираше дека довербата на граѓаните во институциите се гради преку конкретни резултати, доследно постапување и јасна порака дека никој не е над законот.„Кога институциите функционираат професионално и одговорно, граѓаните ја препознаваат таа посветеност. Нашата задача е да покажеме дека системот работи, дека секој случај се истражува темелно и дека никој не е недопирлив кога станува збор за кршење на законот. Само така може да се врати довербата во институциите“, посочи министерот.Тошковски додаде дека борбата против организираниот криминал, корупцијата и економскиот криминал е еден од приоритетите на Министерството за внатрешни работи, при што се преземаат интензивни активности за откривање на криминалните мрежи и процесуирање на сите инволвирани лица.Работиме системски, преку координација со обвинителствата, финансиските институции и другите надлежни органи. Оваа борба бара истрајност, професионалност и силна институционална соработка, бидејќи станува збор за комплексни случаи кои често имаат и меѓународна димензија“, нагласи министерот.Осврнувајќи се на случајот со заплената на дрога во Србија, Тошковски нагласи дека надлежните институции активно работат на утврдување на сите околности поврзани со случајот, во тесна соработка со партнерските служби од регионот и Европа.Транснационалниот криминал бара силна меѓународна соработка. Размената на информации и координацијата со партнерските институции од регионот и Европа се клучни за успешно разбивање на криминалните мрежи и за утврдување на целосната вистина за ваквите случаи. Нашата обврска е да ја утврдиме целата фактографија и да постапиме во согласност со законот“, изјави Тошковски.Министерот посочи дека Министерството за внатрешни работи продолжува со активности насочени кон модернизација на полициските служби, подобрување на оперативните капацитети и унапредување на истражните механизми, со цел поефикасно справување со сите форми на криминал.Современиот криминал се менува и станува сè пософистициран, поради што институциите мора постојано да ги унапредуваат своите капацитети, технологијата и методологијата на работа. Само со силни, професионални и модерни институции можеме ефикасно да се спротивставиме на овие појави“, истакна Тошковски.Тој нагласи дека Министерството за внатрешни работи останува посветено на создавање безбедно општество во кое владее правото, а институциите работат исклучиво во интерес на граѓаните.Нашата обврска е да обезбедиме систем кој функционира ефикасно и праведно. Граѓаните треба да знаат дека институциите постапуваат, дека секој случај се разгледува внимателно и дека борбата против криминалот се води доследно, професионално и без компромиси. Само со таков пристап можеме да изградиме општество во кое правдата е еднаква за сите“, истакна министерот Тошковски.

Македонија | пред 3 седмици

pijan

Пијан татко ја тепал малолетната ќерка

На 05.03.2026 во 06:00 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.З.(54) од село во општина Сарај. Според пријавеното, тој околу 05:00 во домот под дејство на алкохол физички ја нападнал неговата неговата 15-годишна ќерка, но неговиот син успеал да ги радели.Увид извршила екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Скопје | пред 3 седмици

Screenshot-2024-04-01-at-19.00.33

Пукање од возило во движење во липковско – приведен 39-годишник

На 06.03.2026 во 06:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово – Полициско одделене Матејче го лишија од слобода А.М.(39) од с.Отља, липковско.Тој се сомничи дека во 00:15 часот од с.Ропаљце кон с.Никуштак, липковско, од возило „џип“ во кое се превезувал со уште неколку лица, испукал неколку куршуми кон возило „опел омега“ сои кумановски регистарски ознаки, во кое биле Е.Ш.(45) од с.Отља, и Х.А.(43) од Куманово.Повредени лица нема и на возилото нема траги од куршуми, додека на местото се пронајдени три чаури.Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

По два месеци откако починал, жена од Куманово пријавила дека брат и можеби е отруен

На 05.03.2026 во 14:00 часот во СВР Куманово, Д.Е.(50) од с,Довезенце, кумановско,   пријавила дека една од нејзините сестри на 31.12.2025 околу 22:00 часот ја известила дека починал нивниот брат М.П.(60) во домот во село Довезенце, во кој живеел со неговиот татко и партнерката А.Р од с.Младо Нагоричане, општина Старо нагоричане.После тоа, тие со уште една нивна сестра и зет отишле во домот во селото и го затекнале починат на кревет нивниот брат. Според пријавеното, на 31.12.2025 околу 20:30 часот од телефонот на брат ѝ била повикана Итна медицинска помош која констатирала смрт, а во болница ја однеле А.Р. затоа што ѝ се слошило.Како што е пријавено, од Итна медицинска помош во СВР Куманово не било пријавено починато лице, а потврда за смрт не им била издадена на 31.12.2025 кога е констатирана смртта, туку наредниот ден 01.01.2026 на нејзино инсистирање.Исто така, Д.Е. пријавила дека се сомнева дека нејзиниот брат не починал од природна смрт, туку дека бил отруен. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarydtu96k6opv6f5aFiMN8

Уште една измама со лажна операција: жена остана без 300.000 денари

На 05.03.2026 во 21:00 часот во ОВР Кавадарци, 81-годишна кавадарчанка пријавила дека била измамена за сума од 300.000 денари.Според пријавеното, едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка во моментот е во болница со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат за што требало да плати. Како што е пријавено, откако се договориле, излегла пред својот дом и парите му ги дала на машко лице, а подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 3 седмици

rast-na-berzi

Кавадарчанец остана без речиси 5.000 евра, го измамиле дека инвестира на берза

На 05.03.2026 во 13:30 часот во ОВР Кавадарци, 56-годишен кавадарчанец пријавил дека бил измамен од неколку лица за сума од 4.900 евра.Според пријавеното, тој преку интернет контактирал со лицата, кои се претставиле дека се од  странска компанија и го навеле да ги уплата парите на компанијата и на тој ќе инвестира во берза.Како што е пријавено, тој во неколку наврати ги уплатил парите, а подоцна лицата побарале да изврши дополнителна уплата од 10 000 евра за да може да изврши поврат на парите што ги вложил, со што сфатил дека бил измамен.Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Скопјанка демнета од поранешниот парнет: Со уред и го следел возилото

На 05.03.2026, 31-годишна жена од Скопје пријави дека нејзиниот поранешен партнер З.А. од гостиварско, во текот на 2025 година и упатувал закани преку мобилен телефон и преку апликација на социјална мрежа.Според пријавеното, на пријавителката и било оштетено и патничкото возило, а тој ја следел ѝ се заканувал, а имал поставено и уред за следење на нејзиното возило.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 седмици

polov-napad-dete

Државјанин на Естонија силувал 14-годишно дете

СВР Скопје-Единицата за насилен криминал-Одделение за крвни и сексуални деликти поднесе кривична пријава против Т.Т.(56) од Естонија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“.Во различен период во повеќе наврати, тој извршил полови дејствија врз 14-годишен малолетник.Извршен бил претрес во домот каде престојувал на подрачјето на Кисела Вода, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои основано сомнение дека се поврзани со делото, а од судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Скопје | пред 3 седмици

pajak-koal-2

Полицаец падна за ситни пари, го насамари кумановец кој погрешно паркирал

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Р.С. за сторено кривично дело „примање поткуп“.Пријавениот, во својство на полициски службеник од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово, на 27.02.2026 при вршење на службени дејствија со специјално возило „Пајак“, побарал и  примил поткуп од лице од Куманово за да не му изготви записник за констатиран сообраќаен прекршок и прекршочен платен налог за сообраќаен прекршок поради непрописно паркирано моторно возило, со што овозможил  да не биде казнет за констатираниот сообраќаен прекршок.Одделот за внатрешна контрола против Р.С. поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и отстранување од работното место.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarygj6e8o97egln9K5T5ox

Скопјанец се заканувал со нож и ограбил продавница во Сарај

На 05.03.2026 околу 22:55 часoт во СВР Скопје, Б.С.(34) од Скопје пријави дека на 27.02.2026 во продажен објект во с.Сарај, скопско, Б.А. со закана со остар предмет од касата одзел пари.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 седмици

strast

Скопјанец пријавен за физички напад, обљуба и закани кон 22-годишна жена

Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А. (25) од скопско, по претходна пријава дека во неговиот дом физички нападнал 22-годишна жена со која претходно се запознал, извршил обљуба и ѝ упатувал закани, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).Од МВР соопштуваат дека приведувањето е извршено на 5 март 2026 година во 16:55 часот, на подрачјето на општина Гази Баба, по пријава поврзана со настан што, според тврдењата, се случил на 23 февруари 2026 година.Според пријавата, жената претходно пристигнала од Германија, а во периодот додека била во домот на осомничениот тој не ѝ дозволувал да излезе сама, ѝ го одзел мобилниот телефон и продолжил со закани.Во соопштението се наведува и дека на 4 март 2026 година жената успеала телефонски да се јави кај мајка ѝ, по што таа ја алармирала полицијата. Полициски екипи пристигнале на посочената адреса и, по направена проценка на ризик, постапиле согласно надлежностите.За случајот е известен и јавен обвинител, а по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка, соопштуваат од МВР.

Скопје | пред 3 седмици

264426592_460370035476926_783367394729159426_n

МВР: Забраната за управување возило веќе не се впишува во возачката дозвола – стартува по втората СМС-порака

Министерството за внатрешни работи (МВР) ја информира јавноста дека стапуваат во примена законски измени поврзани со управната постапка за возачките дозволи и начинот на извршување на прекршочната санкција „забрана за управување со моторно возило“, определена со правосилни судски пресуди.Според новите одредби, извршувањето на забраната повеќе нема да се спроведува со физичко впишување во самата возачка дозвола. Со тоа, се укинува потребата граѓаните дополнително да плаќаат за издавање нова возачка дозвола само поради впишана забрана, со ист рок на важност.Наместо физичко евидентирање, МВР воведува дигитален начин на известување преку две текстуални пораки (СМС) и електронска пошта. Во рамки на новиот процес, граѓаните прво ќе добијат порака приближно седум дена по пополнувањето на изјавата со контакт-податоци, во која ќе бидат наведени видот и времетраењето на изречената забрана.Осум дена по приемот на првата порака, следува и втора СМС-порака. Токму од моментот на приемот на втората порака, забраната официјално започнува да тече. Од Министерството нагласуваат дека забраната не започнува од денот на пополнување на изјавата во одделенијата за управни работи, туку исклучиво по приемот на втората текстуална порака.МВР најавува дека во следна фаза ќе овозможи извршувањето на забраната да започнува веднаш по ажурирањето на податоците, со што постапката дополнително би се скратила. Како што информира Министерството, досега по новиот начин се реализирани над 3000 забрани за управување со моторно возило, изречени со правосилни судски пресуди.Воедно, МВР упатува апел до граѓаните за кои има донесено правосилни пресуди со ваков вид санкција, а до кои е испратена покана, да се јават во надлежните организациони единици за управни работи за доставување и ажурирање на контакт-податоците (мобилен број и е-пошта). Ова, како што посочуваат, е предуслов за правилно и навремено извршување на санкцијата и за избегнување недоразбирања.Дополнително, од МВР порачуваат дека и за граѓаните кои имаат намера да го избегнат извршувањето на забраната, а за кои Министерството веќе располага со контакт-податоци, санкцијата ќе биде реализирана и тие ќе бидат известени по ист пат – преку СМС и е-пошта.Министерството наведува и дека, покрај забраните од правосилни судски пресуди, паралелно и целосно автоматизирано се спроведуваат и забраните констатирани преку системот „Безбеден град“, при што известувањето е исто – преку СМС и електронска пошта – за прекршоци за кои законот предвидува ваква санкција и за кои граѓаните ја прифатиле одговорноста и ја платиле предвидената глоба.Со овие измени, според МВР, постапката станува побрза и поефикасна, а административните обврски за граѓаните значително се намалуваат.

Македонија | пред 3 седмици

izletal-od-pat

„Фиат“ излетал од пат кај Сопотница: Едно лице загина, сопатникот тешко повреден

Вчера во 12:19 часот во ОВР Демир Хисар е пријавено дека на патот Демир Хисар - Кичево, на место викано „Крбла“ , атар на с.Сопотница, демирхисарско, патничко возило „фиат“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од Љ.Б.(52) од с.Жван, демирхисарско, излетало од патот.Во несреќата на местото починал возачот Љ.Б., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.Додека, неговиот сопатник Д.Г.(59) од с.Жван се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Демир Хисар.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryaev9d1539lgu0ICQfw6

При претрес во Неготино пронајдена марихуана и дигитална вага

На 05.03.2026 во 12:40 часот во Неготино, полициски службеници од Неготино го лишиле од слобода А.Д.(28) од Неготино. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.Тој бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 седмици

790322-policijata-fati-kradec-i-gi-vrati-odzemenite-predmeti-na-sopstvenikot

Фатен разбојник кој бил осуден на пет години затвор

На 06.03.2026 во 05.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа Ф.Ј.(42) од Куманово. Тој бил осуден на пет години затворска казна за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, а бил баран со потерница за доиздржување на четири години и седум месеци од казната.Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Ново семејно насилство: Скопјанец ноќеска пукал со пиштол во домот, додека им се заканувал на сопругата и трите ќерки

Педесет и петгодишен скопјанец е лишен од слобода откако пукал од пиштол во семејниот дом, им се заканувал на сопругата и трите ќерки и физички нападнал една од нив, информира Министерството за внатрешни работи.Според полицијата, на 6 март околу 00:40 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.С. (55) од Скопје поради сомнение дека со оружје се заканувал на својата 48-годишна сопруга и на нивните три ќерки на возраст од 26, 24 и 18 години.Од МВР посочуваат дека на 1 март, по претходна расправија во домот, осомничениот испукал еден куршум од пиштол кој завршил во прозорецот. Потоа им се заканувал на 24 и 18-годишната ќерка, при што физички ја нападнал постарата.Насилното однесување, според пријавата, било повторено и на 5 март околу 22:30 часот, кога повторно со пиштол ѝ се заканувал на сопругата, но бил спречен од ќерките да го употреби оружјето.Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Скопје | пред 3 седмици

soobrakajka-5001

Трагедија кај Демир Хисар: Возач почина на лице место

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила денеска во атарот на селото Сопотница, демирхисарско.Од СВР Битола информираат дека во 12:20 часот во ОВР Демир Хисар било пријавено дека патничко возило „фиат“ со демирхисарски регистарски ознаки излетало од патот на местото викано Крбла.Во несреќата на лице место починал возачот Љ.Б. (52) од селото Жван, демирхисарско. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Демир Хисар.Сопатникот Д.Г. (60), исто така од селото Жван, се здобил со повреди и е пренесен во Клиничката болница во Битола.Надлежните институции преземаат мерки за утврдување на причините за сообраќајната несреќа.

Македонија | пред 3 седмици

media-library2ki2k3thkj8bdKwrubD

Двајца малолетници возеле без дозвола, еден во спротивна насока во Гостивар

Вчера на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода шест возачи, од кои пет за возење без возачка дозвола и еден за управување на возило под дејство на алкохол. Од петте возачи кои возеле без возачка дозвола, двајца се малолетници – еден во Скопје управувал мотоцикл, а друг во Штип без дозвола возел патничко возило. Двајца возачи во Гостивар управувале возило без дозвола, еден од нив возел и во спротивна насока. Исто така, еден возач во Струмица возел без возачка дозвола. Додека еден возач во Виница возел под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Македонија | пред 3 седмици

seca-drva-3

Фирма и управител од Радовиш наместо бука, за училиштата доставувале топола, дива круша и црница

СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против С.К.(43) од село Дедино, општина Конче, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно - приватно партнерство“, „злоупотреба на службената положба и овластување“, „посебни случаи на фалсификување исправи“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“ и против правен субјект од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно - приватно партнерство“, „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „употреба на исправа со невистинита содржина.С.К. и правното лице, чиј управител е, по претходно распишан оглас за јавна набавка од општина Радовиш и донесената одлука дека е најповолен понудувач за набавка на огревно дрво бука за потребите на основните училишта во општина Радовиш, свесно со неизвршување на обврските од договорот ги повредиле правилата на постапката со тоа што во подрачните училишта во с.Калаузлија, с.Коџалија, с.Ињево, с.Сулдурци и с.Покрајчево наместо огревно дрво бука со опсег на дијаметар 7-16 цм испорачале огревно дрво топола, дива круша, црница, евла и бука со дијаметар од 3-7 цм. На овој начин се стекнале со противправна имотна корист од 628.224 денари.Исто така, испорачаното огревно дрво не било жигосано со жиг за жигосување на дрвни сортименти и немало испратница за превоз на дрвни сортименти за топола, дива круша, црница, евла и друго, што укажува на фактот дека е незаконски стекната. Пријавените изготвиле фиктивни испратници за основните училишта со тоа што во делот на вид на дрво и вид на сортимент на дрво внеле невистинити податоци во однос на видот на дрво и видот на дрвниот сортимент, додека во рубриката „одговорно лице“, С.К. се потпишал и покрај тоа што не бил овластен да ги потпише. Што се однесува пак до превозот на дрвата, С.К. го вршел со товарно возило на правното лице без да поседува лиценца за вршење на јавен превоз.

Македонија | пред 3 седмици

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Два случаи на семејно насилство во Скопје: син нападнал мајка, татко пријавил напад од син

Два одвоени случаи на семејно насилство се пријавени во Скопје во текот на изминатите два дена, информира полицијата.На 4 март 2026 година во 06:10 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.В. (29) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал својата 59-годишна мајка.Претходно, на 3 март околу 17:30 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж пријавил дека во двор од семејна куќа на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот син А.М. (25).Од полицијата информираат дека по целосно документирање на двата случаи ќе следуваат соодветни поднесоци.

Скопје | пред 3 седмици

policija-3-640x382

Извадила потврда од казнена евиденција без согласност од лицето, па ја употребила против него

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.И.(51) и М.Ќ.(66), двете од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „несовесно работење во службата“.Првопријавената поднела барање до Основен суд Куманово за издавање потврда од Казнена евиденција за друго лице без негова согласност, без негов потпис или издадено полномошно.Второпријавената, самостоен судски референт на приемна писарница во судот, со невнимание и небрежност го примила барањето, не побарала на увид документ за лична идентификација и дозволила заведување и процесуирање на барањето.Откако била издадена потврдата, првопријавената ја подигнала и употребила против лицето на чие име е издадена.

Македонија | пред 3 седмици

275766662_253134933699914_6238360382108892213_n

Тешко повреден пешак по удар од автомобил во Кочани

На 04.03.2026 во 06:55 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани, патничко возило „мазда“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.Л.(57) од Кочани, удрило во Д.К.(47) од Кочани.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Д.К., констатирани во болница во Кочани.Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

Македонија | пред 3 седмици

dedo_mi_so_edna_plata-678x381-1

Узурпирал државно земјиште и изградил куќа без дозвола

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ѓ.Љ.(44) од село Новак, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.Кај место викано „Црвена Вода“ помеѓу селата Новак и Коџаџик, тој неовластено присвоил државно земјиште и спротивно на Законот за градење и без дозвола за градење изградил објект за домување.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања