Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

МВР

media-librarynp03bqetidavfckLSpG

(Видео) Шест години Интервентна полиција во Скопје: Намалени разбојништва за 40 отсто

Со свечена манифестација денеска беше одбележан Денот на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, по повод шест години од нејзиното формирање. На настанот беше истакната улогата на единицата во одржувањето на јавниот ред и мир и во заштитата на безбедноста на граѓаните во главниот град.Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во своето обраќање оцени дека Интервентната полиција се изградила во еден од клучните сегменти на безбедносниот систем, со висока оперативна подготвеност и брза реакција на терен.„Интервентната полиција често беше прва на местото на настанот и даде значаен придонес во заштитата на граѓаните. Намалувањето на разбојништвата во Скопје за околу 40 проценти е конкретен и мерлив резултат на вашата работа“, изјави Тошковски.Тој најави дека Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со инвестиции во опрема, обука и човечки ресурси, со цел понатамошна модернизација и зголемување на капацитетите на Единицата.Командантот на Единицата за интервентна полиција, Милош Столевски, истакна дека за шест години постоење, единицата се етаблирала како неопходна алатка во борбата против криминалот и нарушувањето на јавниот ред.„Членството во Интервентната полиција носи чест, но и сериозна одговорност. Со професионалност и дисциплина изградивме доверба кај граѓаните и придонесовме Скопје да биде побезбедно место за живеење“, изјави Столевски.На настанот беше потенцирана и важноста на меѓуединичната координација и соработката со останатите служби во рамките на МВР, особено при спроведување на комплексни оперативни акции.Од МВР порачуваат дека Интервентната полиција ќе продолжи да се развива како модерна, професионална и ефикасна единица, насочена кон заштита на граѓаните и одржување на стабилен јавен ред и мир.

Македонија | пред 3 месеци

krazba

Битолчанец украл пари и со остар предмет го нападнал сопственикот на станот

Маж од Битола е приведен по напад и обид за бегство при кражба во семеен дом. Судија му одреди 30-дневен притвор.На 17.12.2025 полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Е.Ќ.(36) од Битола, постапувајќи по претходна пријава, дека на 15.12.2025 во семејниот дом на 34- годишен маж од Битола одзел пари. При обид да избега, бил затекнат од сопственикот, кого физички го нападнал и употребил остар предмет. Од судија на претходна постапка на Е.Ќ. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, по што е спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Битола за издржување на мерката.

Македонија | пред 3 месеци

nasilstvo-vrz-deca

Скопјанка брутално го нападнала сопственото дете кое има здравствени проблеми

Рано утрово, мајка го истепала сопствениот малолетен син, случајот го пријавил таткото.На 18.12.2025 во 04:30 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од скопско, пријави дека на 17.12.2025 околу 23:30 часот во семејниот дом, неговата 42-годишна сопруга физички го нападнала нивниот малолетен син, кој е со здравствени проблеми. Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Скопје | пред 3 месеци

media-library73mg6p7blpa49Vwdkvb

Две тешки сообраќајќи: Жена прегазена во Скопје, форд излетал од патот кај Градско

МВР вчера регистрираше две тешки сообраќајни несреќи, при што со сериозни повреди се здобиле пешак удрен од „порше“ во Скопје и возач кој управуваќи со „форд“, излетал од патот кај Градско.На 17.12.2025 околу 20:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Лука Геров“ со ул.„Андон Кецкаров“ во Скопје, патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ќ.К.(52) од Скопје, удрило во 56-годишната Ц.Ц. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Ц., констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.На 17.12.2025 околу 07:45 часот во СВР Велес е пријавено дека на регионалниот пат од Градско кон Неготино, во близина на мостот на Црна Река, патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.Б.(44) од Градско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Велес. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycpkqik9doup57lZORsb

Нова кривична пријава против ексградоначалникот Костадин Костадинов за штета од над 668 илјади денари

Кривична пријава за „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“ е поднесена против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, како и против двајца вработени во општинската администрација, соопшти Министерството за внатрешни работи.СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднело кривична пријава против К.К. (35) и Б.Ш. (64), двајцата од Струмица, поради сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, како и против И.Г. (54) од Струмица, поради сомнение за „злоупотреба на службената положба и овластување“.Според МВР, И.Г., во својство на раководител на Одделението за администратирање на приходи при Општина Струмица, постапувала спротивно на Законот за даноците на имот. Таа, во четири наврати, ги пречекорила своите овластувања со изготвување решенија за даночно ослободување од данок на промет на недвижен имот при продажба на станови од станбена куќа со наменска класификација А1.Ослободувањата биле одобрени со повикување на член 25 од Законот за даноците на имот, иако таа законска одредба се однесува исклучиво на станбени згради и станови со номенклатура А2.1, а не на станбени куќи со класификација А1.1, какви што биле предметните недвижности.Дополнително, во три од четирите случаи, И.Г. се потпишала и во полето „потврдил/контролирал“, иако за тоа бил надлежен второпријавениот Б.Ш., кој во тие моменти бил отсутен.Б.Ш., како раководител на Секторот за финансиски прашања, и Костадин Костадинов, како тогашен градоначалник на Струмица, според пријавата, постапиле несовесно и пропуштиле должен надзор над предметите. И покрај неправилностите, тие ги потпишале решенијата за даночно ослободување изготвени од И.Г.Со ваквото постапување, како што наведува МВР, на буџетот на Општина Струмица му била нанесена штета во износ од 668.388 денари.Ова е втора кривична пријава против поранешниот градоначалник Костадин Костадинов. Пред околу две недели, против него и уште пет лица беше поднесена кривична пријава за злоупотреба во постапка за јавна набавка поврзана со набавка на електрични автобуси за Општина Струмица.

Македонија | пред 3 месеци

DSC02115

Жена попречувала полицаец во Гостивар, a во Желино уапсени пет лица за насилство

Министерството за внатрешни работи информира за две одделни кривични пријави поднесени од полициските служби во Гостивар и Тетово.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против З.Р. (55) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. Според пријавата, на 15 септември 2025 година во Гостивар, пријавената попречувала полициски службеник додека извршувал службени дејствија.Во друг случај, СВР Тетово поднело кривична пријава против пет лица – П.А. (28), С.А. (30), Е.А. (23), Г.А. (44) и А.А. (19), сите од селото Желино, тетовско. Тие се осомничени за сторено кривично дело „насилство“.Како што информира МВР, на 26 септември 2025 година, по претходна расправија во селото Желино, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.По целосно документирање на случаите, поднесени се соодветни кривични пријави до надлежното јавно обвинителство.

Македонија | пред 3 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-38-7940PM

Апсења на Аеродромот Скопје: Турски државјанин баран од Интерпол, а со лисици завршија и уште две лица

На Граничниот премин „Меѓународен Аеродром Скопје“ во текот на 16 декември 2025 година полициските службеници лишиле од слобода три лица поради меѓународна потерница и фалсификувани патни исправи, информира Министерството за внатрешни работи.Според МВР, во 15:20 часот, при влез во државата, бил лишен од слобода О.А. (46) од Република Турција. При извршената гранична контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека лицето е евидентирано со мерка „апси“ по барање на Интерпол. Тој бил задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.Претходно, во 01:50 часот, исто така на влез во државата на скопскиот аеродром, полициски службеници ги лишиле од слобода М.Х. (26) од Италија и Ч.Л. (27) од Кина. Кај нив, при граничните проверки, било утврдено дека приложиле фалсификувани документи. Двете лица биле задржани во Полициската станица Гази Баба.Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarydqamjr88ssd7ee8BPb0

Физички пресметки, напад врз малолетник и закани со огнено оружје – низа пријави до МВР

Министерството за внатрешни работи информира за повеќе одделни инциденти пријавени во текот на 16 декември 2025 година на подрачјето на Скопје, кои опфаќаат физички напади, закани со оружје и тешка повреда на работно место.Според МВР, во 20:35 часот во СВР Скопје, Б.М. (36) од Скопје пријавил дека околу 20:00 часот бил физички нападнат од С.Ж. и О.Ж. во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром.Претходно, во 15:50 часот, М.К. (39) од Скопје пријавила дека на 15 декември околу 15:00 часот, во спортска сала на основно училиште на подрачјето на Центар, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од Б.П., татко на негов соученик.Истиот ден во 08:40 часот, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен Р.Ј. (44) од селото Никиштане, скопско. Според пријавеното, повредите ги здобил додека извршувал работни задачи пред објектот на Македонската филхармонија во Скопје. За случајот е известен трудов инспектор.Дополнително, И.К. (41) од селото Петровец пријавил дека околу 18:00 часот, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, лицето Д.Д. се обидело физички да го нападне, а потоа му упатило закани со огнено оружје.Од МВР информираат дека за сите пријавени случаи се преземаат мерки за целосно расчистување и утврдување на одговорност.

Македонија | пред 3 месеци

soobrakajka-634

Тешка сообраќајна несреќа кај Кочани: загина возач од Виница

Возач го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Кочани – Виница, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според полицијата, на 16 декември 2025 година во 17:35 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ. (48) од Виница, излетало надвор од коловозот.Од здобиените повреди, возачот починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Кочани.Причините за несреќата се утврдуваат.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryutg66ivd5s6l3sK519Q

МВР отвора посебен шалтер за „Безбеден град“: Граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од утре, 17 декември 2025 година, ќе биде отворен посебен шалтер за системот „Безбеден град“ во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ во Скопје (приземје).Шалтерот ќе работи секој работен ден од 08:00 до 17:00 часот, а граѓаните ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците доставени при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или доколку имаат добиено известување со неточни податоци.Ажурирањето на податоците ќе може да се врши и во станиците за технички преглед на возила низ државата, каде што е распореден деташиран референт на МВР.Дополнително, граѓаните ќе имаат можност по електронска пошта на адресата bezbedengrad@moi.gov.mk да достават писмени забелешки, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“. Од МВР информираат дека сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните.

Македонија | пред 3 месеци

media-library7kala6s7poqa80pAKOC

Бран физички напади во Скопје: тепачки во хотел, пред училишта и семејно насилство

Во текот на 15 декември 2025 година во СВР Скопје биле пријавени повеќе одделни случаи на физичко насилство, кои опфаќаат напади врз вработени, малолетни деца и жени, информираат од Министерството за внатрешни работи.Првиот случај бил пријавен во 15:30 часот, кога И.В. (45) од селото Идризово пријавил дека околу 03:00 часот, додека бил на работно место во хотел на подрачјето на Бит Пазар, бил физички нападнат од Е.Ј.Ч. (40) од Република Турција, гостин во хотелот. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.Истото утро, во 11:30 часот, А.Џ. (37) од Скопје пријавила дека ден претходно, околу 12:00 часот, пред основно училиште на подрачјето на Гази Баба, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од тројца негови соученици. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.Во 16:30 часот, 19-годишна жена пријавила дека на 14 декември околу 19:10 часот, на автобуска постојка во Гази Баба, била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер М.Ј. (29). И во овој случај се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.Дополнителна пријава е евидентирана околу 15:30 часот, кога И.Н. (40) од селото Мршевци пријавила дека околу 10:30 часот во основно училиште во селото Миладиновци, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца соученици кои употребиле тврд предмет.Последниот случај за истиот ден бил регистриран во 23:30 часот на подрачјето на Центар, каде полициски службеници го лишиле од слобода П.К. (38) од Скопје, поради физички напад врз неговата 46-годишна вонбрачна партнерка. По целосно документирање на случајот, и за овој настан ќе следува соодветен поднесок.Од МВР информираат дека сите случаи се предмет на понатамошна постапка и дека ќе бидат преземени законски мерки против сторителите.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryjlmrdiutfofd23SxeA5

Полицајци менувале службени документи за да прикријат бесправна градба

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение, против пет полициски службеници од Полициско одделение Чегране при СВР Тетово.Кривичната пријава е поднесена против Б.И., командир на Полициското одделение Чегране, како и против полициските службеници К.Б., Т.Е., В.Т. и Б.Е., поради основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“, казниво по член 368 став 8 од Кривичниот законик.Според МВР, пријавените полициски службеници во повеќе наврати во текот на 2025 година, постапувајќи по поплака за бесправно градење, изготвиле и измениле службен материјал со кој ја промениле фактичката состојба. Со ваквото постапување, тие го спречиле, прикриле и го отежнале докажувањето за утврдување на бесправното градење во постапка што се води пред суд или друг надлежен орган.Дополнително, полициските службеници ја преквалификувале поднесената поплака за бесправно градење во прекршок за лажно пријавување против подносителот на поплаката. Притоа, без да ја утврдат фактичката состојба на терен, изготвиле записник за констатиран прекршок и поднеле барање за поведување прекршочна постапка против лицето кое ја пријавило бесправната градба.Од Одделот за внатрешна контрола информираат дека, по добиена согласност од ОЈО за ГОКК, против пријавените полициски службеници ќе биде поднесен и предлог за поведување постапка за утврдување одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина. Воедно, ќе бидат изречени задолжителни мерки за одземање на службеното оружје и муницијата, како и нивно упатување на задолжителен психолошки и психијатриски преглед.

Македонија | пред 3 месеци

semejno-nasilstvo

Два одделни случаи насилство врз жени во Тетово и Скопје

МВР евидентираше два одделни случаи на семејно и партнерско насилство, регистрирани во различен временски период, во кои жени биле физички нападнати од сопруг и од вонбрачен партнер.СВР Тетово поднесе кривична пријава против О.К.(33) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. Според пријавата, на 12.10.2025 во семејниот дом, пријавениот се заканувал и физички ја нападнал неговата сопруга.Вториот случај е евидентиран во Скопје. На 15.12.2025 во 23:30 часот, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода П.К.(38) од Скопје, поради тоа што физички ја нападнал неговата 46-годишна вонбрачна партнерка. По целосно документирање на случајот, како што информира МВР, ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryjlmrdiutfofd23SxeA5

Турчин нападнал вработен во хотелот каде што престојувал

На 15.12.2025 во 15:30 часот во СВР Скопје, И.В.(45) од с.Идризово, скопско, пријави дека околу 03:00 часот, додека бил на работно место во хотел на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, бил физички нападнат од Е.Ј.Ч.(40) од Р.Турција, гостин во хотелот. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryga57ac9t188e9dTEIQd

Три тешки сообраќајни несреќи за еден ден: Тешко повредени велосипедист, пешак и малолетен возач на мопед

Во текот на 15 декември 2025 година се случија три тешки сообраќајни несреќи во Свети Николе и Прилеп, во кои со тешки телесни повреди се здобиле велосипедист, пешак и малолетен возач на мопед.На 15.12.2025 во 12:40 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека кај плоштад Илинден во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од В.Ц.(49) и велосипед, управуван од Д.М.(73), двајцата од Свети Николе. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.Истиот ден, во 13:30 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосницата од ул.„Прилепски Бранители“ со ул.„Тризла“ во Прилеп, патничко возило „југо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(84) удрило во 53-годишната Р.Ј. од Прилеп, која била пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.Ј., констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.Претходно, во 13:25 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од ул.„Тризла“, ул.„Горан Миноски“ и ул.„11 Октомври“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Р.(48) и мопед „томос“, управуван од малолетник, двајцата од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот возач на мопед, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Македонија | пред 3 месеци

media-library856qf06l75ia8NKP4mS

Уапсено лице оти полицијата му нашла 300 теписони и стази без документи

На 15.12.2025 година полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на подрачје на СВР Охрид, поточно на место викано Подмоље го лишија од слобода А.Ј (52) од Скопје. Имено, откако било сопрено товарно возило “Форд Транзит” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј., при преглед на возилото во товарниот дел пронајдени се 300 теписони и стази, без соодветна документација.Лицето е лишено од слобода, а возилото и стоката се одземени.По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryiqoqn7o4q8oi5MqrKEi

Приведен Дејан Манасков

На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола.Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.Инаку, Охрид го совлада македонскиот шампион Еурофарм Пелистер со резултат 29-25(13-11) во рамки на 17. коло во домашното првенство и го зема првиот скалп меѓу фаворитите оваа сезона.

Спорт | пред 3 месеци

pozarna-avtobus-nokje

Трагедија: По пожар во магацини во Гази Баба, пронајдено опожарено тело

Тешка трагедија е откриена по пожарот што синоќа избувнал во кругот на фабрика на подрачјето на Гази Баба во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 13 декември 2025 година во 21:29 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во два магацини, сопственост на М.Р.(46), кои биле изнајмени на други лица. На местото интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која успеала да го изгасне пожарот.Денеска, на 14 декември 2025 година, за време на вршење на увидот, во еден од опожарените објекти, кој под наем го користел М.А. од Скопје, било пронајдено опожарено тело на машко лице. Засега не се соопштува идентитетот на починатиот.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на причините за пожарот и смртта.

Скопје | пред 3 месеци

Screenshot-2025-02-25-at-11.18.49

Закани со пиштол во центарот на Скопје: Возач на „порше“ нападнат, оштетено возилото

Драматичен инцидент со закани со огнено оружје се случил ноќеска во централното подрачје на Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 13 декември 2025 година во 04:20 часот во СВР Скопје, А.Б.(19) од Скопје пријавил дека околу 00:10 часот, додека управувал патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, патот му бил попречен од две други возила. Од нив излегле неколку лица кои, како што е пријавено, му се заканувале со пиштол, при што еден од напаѓачите со рачката од пиштолот го оштетил ветробранското стакло на возилото.Во обид да се спаси и да побегне од местото, младиот возач удрил во паркирано товарно возило, по што го напуштил местото на настанот. Засега нема информации за повредени лица.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и за идентификација на лицата инволвирани во инцидентот.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarybgp5hpdr72lgfGlTF86

(Видео) Детали: Шест ученици нападнале врсници пред училиште во Сарај, едно дете со тешки повреди

Министерството за внатрешни работи информира дека ќе поднесе кривична пријава за кривично дело „насилство“ по инцидентот што вчера се случи пред Основното училиште „Дитурија“ во општина Сарај.Според соопштението од МВР, на 12 декември 2025 година, околу 12:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека пред училиштето шест ученици физички нападнале двајца ученици од деветто одделение. Настанот бил снимен и објавен на социјалните мрежи, по што полицијата веднаш презела мерки за целосно расчистување на случајот.Со родителите на нападнатите малолетници бил извршен службен разговор, а денеска биле сослушани и самите оштетени ученици. Кај едниот малолетник, по лекарски преглед, биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај вториот биле утврдени телесни повреди.Полицијата ги идентификувала и учениците кои го извршиле нападот. Станува збор за шест малолетни лица на возраст од 13 до 15 години, кои во текот на денешниот ден биле повикани во полициска станица на службен разговор.За настанот е известен и надлежен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против шесте малолетници ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.Од Министерството за внатрешни работи порачуваат дека ќе продолжат со постапување согласно закон и дека ваквите случаи на насилство, особено кога се работи за малолетници и училишна средина, ќе бидат санкционирани без исклучок.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryiiu884ensbio9AydqW3

(Видео) Полни кесички, сортирана во засебни пакувања: уапсена нарко-двојка во Скопје

Две лица од Скопје се лишени од слобода поради сомнение за недозволена трговија со дрога, информира Министерството за внатрешни работи. На 12 декември 2025 година, околу 19:55 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност, ги привеле М.М. (36) и К.М. (29), двајцата од Скопје.По претходно обезбедена судска наредба, бил извршен претрес во домот на К.М. на подрачјето на Карпош, при што биле пронајдени и одземени повеќе видови наркотични дроги, меѓу кои амфетамин, екстази и марихуана, како и дигитална вага.Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случајот, против приведените лица ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Скопје | пред 3 месеци

media-library7qgcqdanepmkf3p7SOB

Сузбиена организирана криминална група во Скопје, лишени од слобода осум лица

Министерството за внатрешни работи информира дека во ноќта меѓу 11 и 12 декември 2025 била спроведена голема полициска акција на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со СКК и ОСПО/ЕБР, под раководство на Обвинителството за ГОКК.Акцијата била насочена кон сузбивање организирана криминална група инволвирана во кривични дела „злосторничко здружување“, „лихварство“, „перење пари и други приноси од казниво дело“, како и „приредување игри на среќа без лиценца“.Од МВР соопштуваат дека, по претходно обезбедени судски наредби, биле извршени претреси на 11 локации на подрачјето на Скопје. Притоа биле лишени од слобода осум лица од главниот град.При претресите биле пронајдени и одземени околу 34.510 евра, 431.000 денари, 400 долари, повеќе мобилни телефони, три патнички возила, компјутери и лаптопи, како и големо количество опрема за нелегално приредување покер – маси, чипови, карти и друга придружна опрема. Запленета е и растителна и прашкаста материја, како и различна документација поврзана со криминалната активност.Од МВР најавуваат дека по документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци до надлежното обвинителство.

Скопје | пред 3 месеци

media-library73mg6p7blpa49Vwdkvb

Настрадал пешак во сообраќајќа во Скопје, возачот побегнал

На 11.12.2025 во 14:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на кружен тек од ул.„Борис Сарафов“, ул.„Лука Геров“, ул.„Македонски војски“ и бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ удрило во пешакот Х.М.(34), по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 месеци

20180510_213816

Се степале двајца возачи на автобуси кај Транспортен центар

На 11.12.2025 во 10:00 часот во СВР Скопје, Б.С.(57) од Скопје, возач на автобус, пријави дека во автобус паркиран кај Транспортен центар во Скопје, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од М.Р., исто така возач на автобус.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryu2c0m9v4n7h1bsWS6d5

Пронајден починат 25-годишник во напуштена куќа во Центар

На 12.12.2025 околу 00:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во напуштена куќа на подрачјето на Центар е пронајден починат Е.Р.(25) од Скопје.Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања