Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

МВР

media-library7seiljl1dfs436NQhhA

(Видео) На полигонот „Криволак“ утре ќе се уништува голема количина на минско-експлозивни средства запленети пред 15 години

Полициски службеници од страна на Оддел за криминалистичка полиција - Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал во координација и содејство со полициски службеници од Единица за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, врз основа на претходно изготвен план преземаат соодветни мерки и активности за ништење на огромна количина на минско-експлозивни средства.После цели 15 години, во текот на утрешниот ден (13.12.2025), минско-експлозивните средства од касарна „Ѓорче Петров“ до армискиот полигон „Криволак“ ќе бидат транспортирани со товарни возила-камиони на АРМ каде во присуство на Комисијата за уништување на оружје, делови и компоненти на оружје, муниција и експлозивен материјал, од страна на полициски службеници од Единица за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи, стручни лица од АРМ и пиротехничари од Дирекција за заштита и спасување ќе биде спроведено нивно уништување со контролирана детонација.Фактот дека ова е прв случај на уништување на ваков тип минско-експлозивни средства по цели 15 години, за жал, говори дека претходно не била соодветно третирана безбедноста на граѓаните со должната сериозност. Денешниот чекор јасно покажува дека со одговорен пристап, вистинска посветеност и професионално раководење, овој сегмент од безбедносниот систем конечно се поставува на ниво какво што одамна требало да биде

Македонија | пред 3 месеци

media-library1afg7ejsjicj51zPDHr

(Видео) Детали: Гостиварец со пиштол ја убил исчезнатата жена, телото пронајдено закопано по признание на неговата сопруга

Секторот за внатрешни работи Тетово соопшти дека е поднесена кривична пријава против С.М. (53) од гостиварското село Неготино – Врапчиште, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.Случајот се развивал од 9 декември, кога Ј.М. (34) од гостиварско пријавил дека неговата мајка, 53-годишната Х.А. од село Равен, се оддалечила од домот и не одговара на телефон. Пријавителот доставил и видео-снимки на кои се гледа дека на 7 декември таа влегува во патничко возило „фиат“, по што ѝ се губи трага.Дополнително, на камерите забележал и дека во ноќта меѓу 6 и 7 декември С.М. нелегално влегол во неговиот дом, пребарувал низ просториите и одзел пари.На 11 декември, во 02:15 часот, полицијата го лишила од слобода С.М. поради сомнение дека ја принудил исчезнатата Х.А. да го напушти домот и да замине со него.По понатамошни мерки и анализа на видео-материјал, било утврдено дека осомничениот дал лажен исказ во полициската станица. Од листингот на телефонски повици било потврдено дека Х.А. последен пат стапила во контакт со него токму на 7 декември.Со судска наредба бил извршен претрес во домот на С.М., по што од слобода била лишена и неговата сопруга Ѓ.В. (48).Во службен разговор со полицијата, Ѓ.В. ја признала вистината: нејзиниот сопруг со пиштол ја убил Х.А. и таа го посочила местото каде ја закопале.Полицијата, во присуство на јавен обвинител, веднаш извршила увид во атарот на село Неготино, каде било лоцирано и пронајдено телото на убиената жена. По наредба на обвинител, телото е предадено на обдукција.

Настани | пред 3 месеци

media-librarye588bsv09g02bWiFeZk

Поднесена е кривична пријава против лицето кое упадна во студиото на „Инфомакс“

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава по брза постапка против Г.С. (43) од Скопје. Тој е осомничен за сторени кривични дела насилство и спречување на службено лице при вршење службено дејствие.Како што соопшти полицијата, пријавата следува по претходна пријава од А.М., водител на емисијата Инфомакс. По преземените мерки, бил извршен разговор со оштетениот и сведоците, обезбедени се видео записи од безбедносни камери и извршен службен разговор со пријавениот. Исто така, документирани се заканувачки пораки од страна на Г.С. кон водителот.Пријавениот беше изведен пред судија на претходна постапка, при што му е изречена мерка притвор.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarye588bsv09g02bWiFeZk

Детали: Приведен напаѓачот што упадна во студиото на „Инфомакс“, станува збор за пациент од Бардовци

Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“ потврди дека лицето кое синоќа насилно влезе во студиото на „Инфомакс“ е лишено од слобода веднаш по добиената пријава.Според информациите од МВР, полициските службеници од Полициската станица Кисела Вода го привеле Г.С. (43) од Скопје, по пријава поднесена на 10 декември 2025 година во 23:45 часот од А.М., водител на емисија на порталот. Во пријавата било наведено дека додека траела програмата во живо, непознато машко лице насилно навлегло во редакцијата на улицата „Востаничка“, оштетувајќи две врати и директно попречувајќи го емитувањето на емисијата, во која гостувал поранешниот градоначалник С.Ј., а присутни биле и водителот М.Н. и камерман.Полицијата дополнително утврдила дека лицето има здравствени проблеми и дека претходно било спроведувано во Психијатриската болница „Бардовци“.МВР информира дека по целосно документирање на случајот, против Г.С. ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка. Од Министерството додаваат дека и во иднина ќе постапуваат брзо, неселективно и решително во сите случаи на напади врз новинари или нарушување на јавниот ред и мир, при што сторителите ќе се соочат со соодветни санкции.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryijuf9dfmrpaa76I7kz0

Тошковски: Македонија ја потврдува посветеноста во борбата против криумчарењето мигранти

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Брисел учествуваше на Втората меѓународна конференција на Глобалната алијанса за борба против криумчарењето мигранти – значаен светски форум кој ги обединува партнерите во справувањето со еден од најсериозните транснационални безбедносни предизвици.Во име на Македонија, министерот Тошковски ја поддржа Заедничката декларација на Алијансата, со што државата уште еднаш ја потврдува својата цврста посветеност на засилената превенција и поефикасен институционален одговор на криумчарењето мигранти. Ова претставува важна потврда за улогата на Македонија како активен и доверлив партнер во глобалните напори за борба против организираниот криминал.Во рамки на конференцијата, министерот Тошковски оствари билатерална средба со Европскиот комесар за внатрешни работи и миграција, Магнус Брунер. Разговорите беа фокусирани на процесот на европска интеграција на Македонија, како и на важноста од координирани европски политики во делот на управувањето со границите.На маргините на конференцијата министерот Тошковски се сретна и со Сузане Раб, новоизбраната генерален директор на Меѓународниот центар за развој на миграциска политика (ICMPD), со која разговараше за актуелните миграциски предизвици и можностите за продлабочување на идната соработка.Министерот оствари и средба со министерот за внатрешни работи и контрола на наркотици на Пакистан, Мохсин Раза Накви. На средбата беше разговарано за зајакнување на билатералната безбедносна соработка, која во наредниот период треба да се формализира преку потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу двете министерства.Учеството на Македонија во работата на Глобалната алијанса за борба против криумчарењето мигранти уште еднаш ја нагласува улогата на државата како активен и кредибилен партнер кој придонесува кон европската и глобалната безбедност.

Македонија | пред 3 месеци

oruzja

Голема полициска акција утрово во скопскиот регион, претреси на повеќе локации, запленето оружје

Во раните утрински часови МВР спроведе широка координирана операција на неколку точки во Скопје и околните села, насочена кон спречување недозволена трговија со оружје и откривање на организирани криминални активности.Според првичните, неофицијални информации, при претресите биле пронајдени автоматски пушки, пиштоли, значајна количина муниција од различен калибар, како и повеќе возила и мобилни телефони кои се одземени за форензичка обработка. Повеќе лица се приведени и префрлени на разговор во полициски станици, а оперативните активности продолжуваат и во текот на денот.Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека ќе следи официјално соопштение со сите потврдени детали за акцијата.Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција исто така ја потврди информацијата.„Во текот на утрово полициски службеници под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК извршија претреси на повеќе локации во Арачиново, Ченто, Брест, Инџиково и Чаир поради основи на сомневање за сторени кривични дела поврзани со оружје и дрога.“

Скопје | пред 3 месеци

media-library136d6v2fe5ldcyBsviC

МВР поднесе кривична против Оливер Спасовски, осомничен е дека спречил одземање лиценца за технички преглед

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е поднесена кривична пријава против поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, поради сомневање за злоупотреба на службената должност.Според информациите, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 9 декември 2025 година доставил кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против О.С. (49) од Куманово. Тој се сомничи дека, додека ја извршувал функцијата министер за внатрешни работи во 2021 година, спротивно на законот овозможил приватен оператор за технички преглед во општина Сарај да се стекне со противправна имотна корист во висина од 5.565.927 денари.Како што наведува МВР, поранешниот министер ја искористил службената позиција и намерно не донел решение за одземање на овластувањето на правното лице, иако надлежната организациска единица за граѓански работи навремено поднела предлог за тоа. Законската обврска предвидува донесување решение во рок од најдоцна 15 дена од приемот на предметот, но О.С. не постапил согласно член 65 став 3 од Законот за возила и член 5 од Правилникот што ја уредува постапката за издавање и одземање на овластувања за технички преглед.Поради овие пропусти, техничкиот центар продолжил да работи без да биде санкциониран, со што, според пријавата, била овозможена значителна незаконска добивка.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryunlsjruv1a0r9ARI9GJ

Судир меѓу три возила во Скопје

На 08.12.2025 во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Ферид Бајрам“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(32) од Скопје, патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од У.Б.(36) с.Жубрино, кичевско и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(56) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.П.(61) од Скопје, сопатник од возилото „цитроен“, додека со телесни повреди се здобиле возачот У.Б. и сопатничка од возилото „ауди“ Ф.Б.(32) од с.Жубарино, кичевско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Општата болница Кичево. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryu9okj8sr8gqo3j8tK6Q

Стружанец приведен со 388 пиротехнички средства

На 08.12.2025 во 17:00 часот во струшкото село Долна Белица, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.М.(34) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 388 парчиња различни пиротехнички средства, кои нелегално ги поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarysdlr1p41ebtq0rrb4Bz

(Видео) Аларм од МВР за пазниците

Без пиротехника за побезбедни празници!Министерството за внатрешни работи, апелира до граѓаните за време на Новогодишните празници максимално да се воздржат од употребата на пиротехнички средства. Петардите не се играчка, нивното користење е строго забрането, а празничното пукање со петарди може да биде исклучително опасно по животот и здравјето, оставајќи екстремно тешки последици кои можат да го запечатат животот на младиот човек. Петардите се опасни и штетни.Aктивностите на Министерството за внатрешни работи во борбата против пиротехниката се континуирани, со засилена динамика пред и околу празниците, имајќи го предвид сезонскиот предзнак на пиротехниката, сѐ со цел да ја зголемиме свесноста кај младите, но и кај нивните родители, укажувајќи дека петардите не се играчки, туку опасни средства кои можат да нанесат ненадоместливи и трајни последици по здравјето на младите.МВР презема и акциски контроли, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства и ги потсетува граѓаните за законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба.Така, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува глоба за оној кој неовластено употребува пиротехнички средства. Согласно Кривичниот законик, во член 396 е предвидено недозволеното изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, при што:(1) Тој кој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години;(2) Ако предмет на делото од ставот 1 е поголемо количество на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со најмалку пет години затвор.МВР во соработка со партнерите од невладините организации и други институции продолжува со активностите во оваа насока и уште еднаш апелираме да не се употребуваат пиротехнички средства.Апел и до родителите да не им купуваат пиротехника на своите деца затоа што тоа може да има трагични последици. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата. Сите нарушувања на јавниот ред и мир да ги пријават во полициска станица или преку телефонските броеви 192 или 112.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryga57ac9t188e9dTEIQd

Сообраќајка во Охрид: Повредена жена по судир со службено возило на МВР

Министерството за внатрешни работи информира дека на 7 декември 2025 година, во 09:40 часот, во СВР Охрид била пријавена сообраќајна несреќа што се случила на крстосницата меѓу улиците „7 Ноември“ и „Васил Главинов“.Во несреќата учествувале патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната Л.Т. од селото Лескоец, и службено возило „шкода јети“ сопственост на МВР, со кое управувал полицискиот службеник Н.И. (26).При судирот, со телесни повреди се здобила Л.Т., а повредите биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.На местото на настанот бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Охрид, која работи на утврдување на причините за несреќата.

Охрид | пред 3 месеци

kola-grcija

Инцидент во беровско: Женa со ‘хјундаи’ прво удрила пешак, потоа нападнала со остар предмет

Министерството за внатрешни работи соопшти дека изминатата ноќ во село Будинарци, беровско, бил пријавен сериозен инцидент во кој учествувала 52-годишна жена од селото Возарци, кавадаречко.Според пријавата во ОВР Берово, дадена во 00:40 часот на 8 декември, М.М., управувајќи патничко возило „хјундаи“ со штипски регистарски ознаки, удрила во 38-годишниот Д.Г. од селото Митрашинци, кој стоел пред угостителски објект заедно со 24-годишниот Ѓ.Ч., исто така од Митрашинци.По ударот, жената излегла од автомобилот и со остар предмет тргнала кон Ѓ.Ч., а потоа физички го нападнала и Д.Г. По инцидентот, таа го напуштила местото заедно со лице кое се наоѓало со неа во возилото.Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сите околности поврзани со нападот.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryeq7tv8cc9qc84AAm9Qw

Напади во Аеродром, Гази Баба, Бит Пазар и Сарај: жена го пријавила синот, скопјанец натепан во казино

Министерството за внатрешни работи информира дека во изминатото деноноќие биле пријавени повеќе случаи на физички напади на различни локации во Скопје и околината.61-годишна жена од скопско пријавила дека во семејниот дом била нападната од својот син, кој користел и тврд предмет. Полицијата работи на расчистување на случајот.Во СВР Скопје, во 20:00 часот, 33-годишен жител на Арачиново пријавил дека бил нападнат пред угостителски објект во Гази Баба од едно лице и уште еден сторител. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот.На подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници го лишиле од слобода 26-годишен скопјанец по пријава на неговата партнерка дека околу 15:00 часот физички ја нападнал. И во овој случај, по документирањето ќе следува поднесок.Рано утрово, во 04:00 часот, 34-годишен жител на Сарај пријавил дека околу 03:30 часот бил нападнат со тврд предмет од лице од селото Љубин. И за оваа пријава се преземаат мерки за расчистување.Дополнително, вчера во 14:05 часот, 66-годишен скопјанец пријавил дека бил нападнат во казино во Кисела Вода. Полицијата работи на идентификација на сторителот.Во 14:00 часот била примена и пријава од 43-годишен скопјанец кој околу 07:00 часот бил нападнат на подрачјето на Карпош по претходна расправија.Полицијата информира дека за сите случаи се преземаат мерки за утврдување на фактите и идентификација на сторителите.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryq773va4904cn1eCLz05

И ветиле дека ќе и ја тргнат магијата, а таа им дала пари и накит: Жена од Кочани трага по жените кои ја измамиле

Министерството за внатрешни работи информира дека на 6 декември 2025 година, во 17 часот, во ОВР Кочани била пријавена измама извршена врз 62-годишна жена од кочанско село.Според пријавата, во дворното место од нејзината семејна куќа пристигнале две женски лица кои ѝ соопштиле дека над неа е „направена магија“. Нудејќи ѝ наводна помош за „отстранување на магијата“, од оштетената побарале пари и личен накит. Жената им го дала бараното, по што двете измамнички го напуштиле местото.Полицијата презема мерки за идентификација на сторителките и целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2024-10-27-at-11.43.36

Во два затвори имало претреси, фатени и осуденици како консумираат кокаин

Министерството за внатрешни работи соопшти за два одделни инциденти пријавени во казнено-поправните установи во Скопје.Според пријавата, на 6 декември 2025 година, во 14:20 часот, од КПУ „Идризово“ било пријавено дека при извршен преглед кај осудениците Д.Т., И.Д. и Н.В. била пронајдена и одземена поголема количина таблети. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на потеклото на недозволената супстанца.Истиот ден, околу 22:53 часот, од КПУ „Затвор Скопје“ во СВР Скопје било пријавено дека затворски службеник, за време на редовна обиколка во 22:00 часот, ги затекнал осудениците Д.В. и Г.А. како консумираат кокаин. И во овој случај, МВР презема мерки за расветлување на сите околности и утврдување како наркотичната droga влегла во установата.Двата инциденти се предмет на понатамошна истрага.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarytti8s1tr1gup5bgZbym

Пронајден починат 44-годишен маж пред Поликлиника „Ченто“

Министерството за внатрешни работи информира дека утринава, на 6 декември 2025 година, во 07:00 часот, во СВР Скопје била пријавена смрт на маж пред Поликлиника „Ченто“.Според пријавата, околу 06:00 часот пред објектот бил пронајден починат Е.Е. (44) од Скопје. Лекарската екипа која излегла на лице место констатирала смрт без видливи траги на насилство.По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, со цел утврдување на причината за смртта.Случајот е пријавен и се работи на негово целосно расветлување.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryi3r2917s3pk745SqqYP

(Видео) Кога „Сејф сити“ не снима? Ќе има ли казни ако ви се расипе возилото на булевар или поминете на трепкачко жолто

Началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, во гостувањето во „Претрес со Ландов“ одговори на низа дилеми поврзани со системот „Безбеден град“. Една од најчестите – дали камерите казнуваат кога семафорите работат во режим на трепкачко-жолто.Според него, кога раскрсница ќе биде ставена под посебен режим – трепкачко-жолто или регулирање од сообраќаец – системот автоматски престанува да регистрира прекршоци.„Кога раскрсницата е во таква фаза, камерите не снимаат. Тие се поврзани со редовниот режим на работа на светлата. Не функционираат кога има трепкачи или кога сообраќајот го регулира полицаец“, објасни Топаловски.Тој се осврна и на дилемата дали возач ќе биде казнет ако мора да застане поради дефект.„Возач што запрел со вклучени четири трепкачи, затоа што има расипано возило, нема да биде казнет. Системот го увидува тоа, а и службениците што работат со него ја проценуваат реалната состојба“, додаде началникот на СВР Скопје.Топаловски потенцира дека нема да се изрекуваат санкции механички и без проценка, туку секогаш ќе се зема предвид дали постоела реална пречка или опасност.Го отвораме најчестото прашање на возачите. Одговорите ви се во разговорот:

Македонија | пред 3 месеци

policija-alkohol

Алармантно: Возачи со алкохол зад волан уапсени низ пет градови

Повеќе лица од Битола, Велес, Куманово, Старо Нагоричане и Неготино се лишени од слобода откако биле затекнати како управуваат возила под дејство на алкохол, а дел од случаите вклучувале и опасно возење или предизвикување сообраќајни несреќи.Најпрво, на 5 декември околу 22:44 часот, на улицата „8 Септември“ во Битола, полицијата го уапсила Л.Ѓ. (47) кој со „опел“ се движел во спротивна насока. Дополнително, алкотестот покажал присуство од 0,59 промили алкохол.Во Велес, на 6 декември во 01:15 часот, на улицата „Гоце Делчев“, полициските службеници го привеле К.С. (54) кој управувал „пежо“ со 1,74 промили алкохол во крвта.Сериозни прекршоци се утврдени и во Неготино, каде Л.Н. (65) бил затекнат со 1,85 промили алкохол, возејќи „фиат“ без регистарски таблички, без возачка дозвола и со сообраќајна дозвола со истечена важност од повеќе од шест месеци. Возилото му било одземено.Во Старо Нагоричане, на магистралниот пат кај селото Војник, полицијата го уапсила Н.К. (33) кој со „голф“ управувал под дејство на 1,67 промили алкохол.На улицата „11 Октомври“ во Куманово, полициските службеници привеле И.Ц. (49) од Скопје, кој бил инволвиран во сообраќајна несреќа и алкотестиран со 2,55 промили алкохол — една од највисоките измерени вредности во овие случаи.На регионалниот пат Куманово–Свети Николе, И.Д. (27) од Куманово бил приведен по несреќа што ја предизвикал управувајќи „туран“ со 1,61 промили алкохол.Од МВР соопштуваат дека по целосното документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryrdcpjq7imuphbcxNp4u

Апсење ноќеска во Аеродром: маж присилувал скопјанка на секс, ја снимал па уценувал

Маж од Неготино е лишен од слобода поради сомнение дека присилил жена од Скопје на полови дејствија, ја снимал за време на чинот и потоа ја уценувал со видеоматеријалот, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според информациите од МВР, уапсен е 29-годишниот Р.М. од Неготино. Тој бил приведен на 6 декември околу 01:00 часот на подрачјето на општина Аеродром, откако 41-годишна скопјанка пријавила дека на 2 декември, во стан во Центар, ја присилил на полови дејствија и истовремено ја снимал со мобилен телефон.По настанот, осомничениот ѝ упатувал закани и барал пари за да не го објави видеото на социјалните мрежи.МВР информира дека по целосното документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryqpfomcjjfi738VD2rEM

(Фото) И Тошковски објави дека добил опомена оти возел 51 км/ч наместо 50 км/ч: Се движев со приватното возило

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, утрово добил смс-порака за сторен сообраќаен прекршок забележан од системот „Безбеден град“, додека со своето приватно возило се движел кон Кавадарци, каде денеска се одржува партискиот конгрес на ВМРО–ДПМНЕ. Како што објави, системот регистрирал движење со брзина што ја надминала дозволената за само 1 километар на час.„Ова е најдобрата илустрација за тоа како треба да функционира државата. Системот важи и постапува еднакво кон сите и ако регистрира прекршок – санкцијата следи, без оглед кој е во возилото. Нема исклучоци, нема селективност, нема привилегирани“, порача Тошковски.Министерот нагласи дека управувањето со возило е обврска, а не привилегија, и дека токму преку личен пример се гради доверба во институциите и безбедност на патиштата. Според него, „Безбеден град“ не е механизам за казнување, туку систем за воведување ред, дисциплина и спречување трагедии.„Со алармантниот број жртви на патиштата што го имаме, мора да покажеме лична одговорност. Државата ќе биде посигурна само ако законите важат подеднакво за сите – вклучувајќи нè и нас, кои сме најодговорни за нивното спроведување“, истакна министерот.ОДГОВОРИ НА СИТЕ ПРАШАЊА И ЗА СИТЕ ДИЛЕМИ:

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryt0vb9c1h1fssecfheQB

Уапсени возачи во Штип и Кочани под дејство на алкохол, кочанчанецот предизвикал и сообраќајна незгода

На 04.12.2025 во 01:56 часот на ул.„Маршал Тито“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода А.С.(38) од Штип. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,93 промили алкохол во крвта.На 04.12.2025 во 08:20 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Џ.А.(41) од Кочани. Претходно, тој со возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во врата од двор на ул.„Шукри Шаин“ во Кочани, а по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,84 промили алкохол во крвта.По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryeq7tv8cc9qc84AAm9Qw

Три лица нападнале и ограбиле маж во Скопје, тешко повредена работничка во Илинден

Министерството за внатрешни работи регистрираше два одвоени случаи на насилство и повреда во Скопје и во Илинден.Според информациите од МВР, на 4 декември околу 19 часот во СВР Скопје пријавил 34-годишен скопјанец кој бил нападнат еден час претходно на подрачјето на Карпош. Тој изјавил дека три непознати лица го испрскале со пепер-спеј, физички го нападнале и му го одзеле мобилниот телефон. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на напаѓачите.Во друг инцидент, на 5 декември во 00:20 часот во СВР Велес било пријавено дека претходниот ден во фабрика на подрачјето на општина Илинден, 49-годишна работничка од Велес се здобила со тешка телесна повреда додека извршувала работни задачи. Повредата е констатирана во Општата болница во Велес. Полицијата работи на утврдување на околностите под кои се случила несреќата.

Скопје | пред 3 месеци

DSC_0052

Насилство во училишта и агресија врз полиција - што се случуваше вчера во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира за повеќе пријавени случаи на физичко насилство и нарушување на јавниот ред и мир регистрирани во текот на 4 декември во Скопје и околината.Според МВР, во 15 часот во СВР Скопје, 39-годишна скопјанка пријавила дека на 25 ноември, во семејниот дом во општина Аеродром, нивната 15-годишна ќерка била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.К. (43), кој, според пријавата, употребил и тврд предмет. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.Истото попладне, во 19:40 часот, 30-годишен маж од Пробиштип пријавил дека бил физички нападнат во Гази Баба од 66-годишниот Ј.И. од Скопје. По документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.Во уште два одвоени случаи, родители пријавиле физички напади врз нивни малолетни деца во основни училишта. Во Шуто Оризари, мајка пријавила дека нејзиниот деветгодишен син бил нападнат од баба на негов соученик. Во Карпош, 43-годишна жена пријавила дека нејзината малолетна ќерка била нападната од ученик од истото училиште. За двата случаи се преземаат мерки за понатамошно расчистување.Во 21:55 часот, полициски службеници од СВР Скопје привеле 43-годишна жена од селото Мршевци на подрачјето на Ѓорче Петров, поради агресивно однесување кон полицајците кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 месеци

media-library4f4gkq3t8lrlaT1hzjI

Младо момче пронајдено мртво во семејниот дом во скопско

Деветнаесетгодишно момче било пронајдено мртво во семејниот дом во селото Огњанци, скопско, информира Министерството за внатрешни работи. Случајот бил пријавен вчера, на 4 декември, во 15:38 часот во СВР Скопје.Екипа на Итната медицинска помош излегла на терен и констатирала смрт без видливи траги на насилство. По наредба на надлежен јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција со цел утврдување на причината за смртта.Полицијата во координација со обвинителството презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryb3k2hfvhc08naT5SmEp

(Видео) Полицијата бркаше диви таксисти низ Скопје: Нелегалните превозници ќе останат без возила

Град Скопје започна широка и засилена акција против дивите превозници во главниот град, со која, според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, конечно треба да се воспостави ред во дејноста на јавниот превоз. Инспекторатот денес излезе на терен, а фокусот е насочен кон нелегалните такси-возила, комбиња и автобуси кои со години работат без лиценци и без каква било контрола.„Законите мора да се почитуваат, ред ќе има“, порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека оваа мерка била најавена уште во предизборието. Сега, како што вели, таа се реализира со цел да се заштитат граѓаните и да се обезбеди фер конкуренција меѓу превозниците.Со новата акција, сите возила кои нелегално вршат превоз ќе бидат одземани на шест месеци, а инспекторатот ќе изрекува казни преку платни налози. Градоначалникот нагласува дека целта не е казнување по секоја цена, туку воспоставување здрав систем во кој секој што работи – работи законски и одговорно.Засилените контроли ќе продолжат секојдневно и ќе се интензивираат во наредните денови. Од Градот уверуваат дека со ова ќе се подобри безбедноста и предвидливоста на јавниот превоз, а скопјани ќе добијат сигурна услуга без импровизации и ризици.„Скопје мора да биде град во кој законите важат за сите, во кој редот е правило, а не исклучок“, порача Ѓорѓиевски, најавувајќи продолжување на акциите за уредување на градот.

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања