Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

МВР

media-libraryd5nt83lagu0qaD0vXXk

Возачите ја сфатија пораката? Познат бројот на прекршоци за вториот ден од активацијата на „Безбеден град“

На вториот ден од тестирањето на „Безбеден град“, Министерството за внатрешни работи бележи значително намалување на сообраќајните прекршоци во Скопје. По хаотичните 110.000 нарушувања во првите 24 часа, кога голем број возачи добиваа автоматски известувања на своите телефони, полицијата вели дека граѓаните ја сфатиле пораката.„Во Скопје за 24 часа се регистрирани вкупно 50.652 прекршоци, од кои 48.861 за брзина, 1.366 за минување на црвено светло и 425 за нерегистрирани возила“, соопштуваат од МВР.Надлежните истакнуваат дека проектот засега се тестира само во главниот град. Во Куманово и Тетово системот ќе се активира во наредните денови, а на автопатските правци – Коридор 10 и Коридор 8 – во текот на неделата.Целта на властите е амбициозна: до средината на 2026 година сите градови во државата да бидат покриени со надзорни камери, а до 2050 година смртноста од сообраќајни несреќи да се сведе на нула.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryktu3ut9qj4epfrZnKtm

(Фото) Утринска драма во Јурумлери, полицијата приведе момчиња фатени со пиштол скриен во автомобил

Денеска (03.12.2025) околу 08:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, вршејќи мотопатролна дејност на ул. „1“ во село Јурумлери, сопреле патничко моторно возило „Сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(21), во кое како сопатник се превезувал 16-годишен малолетник , двајцата од Скопје.При извршените проверки, во возилото бил пронајден пиштол „Екол“ и рамка со шест куршуми. Лицата се лишени од слобода. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок

Скопје | пред 3 месеци

media-librarymt0cc7f1q95o2UWpZKA

(Видео) МВР со детали за апсењето во кривопаланечко: Три лица завршиле со лисици во станица!

МВР соопшти дека три лица се лишени од слобода кои попречувале полициски службеници и вработени во АХВ при извршување службени дејствија.Вчера (02.12.2025) околу 16:00 часот во село Трново, кривопаланечко, кај место викано „Самоков“, полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка ги лишија од слобода Г.Ѓ.(57), А.Ѓ.(30) и А.Ѓ.(22), сите од с.Жидилово, кривопаланечкo.Тројцата агресивно се однесувале и ги попречувале полициските службеници при вршење службени дејствија кои давале асистенција на вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство. Исто така, тие ги попречувале вработените во АХВ кои биле ангажирани за собирање на крупен добиток, а упатувале и закани кон неколку соселани.За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Македонија | пред 3 месеци

toskovski

Тошковски демантира дека ќе замине од МВР, има темелни проекти за завршување

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска ги демантираше информациите за негова можна смена од Министерството или преземање друга позиција во рамки на претстојната реконструкција на Владата.На новинарско прашање за неговиот став околу можноста да го напушти МВР, Тошковски кратко одговори дека треба да работи на започнатите обврски.„Почнав премногу темелни проекти во изминатата година кои ќе треба да ги завршам во наредната година“, изјави Тошковски.

Македонија | пред 3 месеци

media-library65a9ce1nk8pu7m7a8Ch

Шофери на министри се веќе казнети, за министер за полиција, премиер, претседател важат други правила, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска истакна дека системот „Сејф сити“ ќе функционира исклучиво на принцип на неселективност и дека ниту еден функционер, вработен во институциите или возач на службено возило нема да биде изземен од санкции доколку направи сообраќаен прекршок.Одговарајќи на новинарско прашање дали функционерите ќе бидат казнувани, Тошковски рече дека правилата ќе важат за сите, без исклучок.„Сејф сити единствено може да даде соодветен одговор ако прави до крај неселективност. Никој нема да биде исклучен. Возило на Брза помош кога ќе вози побрзо од јасно пропишани ситуации, нема да биде казнет. Исто и за возило на МВР кое работи. Ќе ја има јасно утврдени процедури. Тоа ќе биде констатирано во рамки на Сејф сити. Никој нема да биде иззмеен, односно ќе биде казнет. Веќе досега, шофери на неколку министри се казнети. Сториле сообраќаен прекршок, било констатирано од полицајци, биле казнети“, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски прашан дали функционерите ќе бидат казнети.Според него, и досега биле казнувани шофери на министри.„Ниту министерот за внатрешни работи во рамки на тековното работење, нема да биде екскулпиран во сообраќаен прекршок. Во рамки на утврдена процедура за министер за внатрешни работи, претседател на држава, премиер, претседател на Собрание, тука важат други правила на игра“ одговори Тошковски на прашање „Колку ве возеа вас додека доаѓавте на настанот“, а кога новинарот посочи „Значи ве возеле повеќе од 50 км/ч, тој додаде „Вие сакате да чуете нешто што би дало шмек и доза дека не важи правилото за министерот. Но тоа не е точно. Министерот нема цел живот да биде министер, еден ден нема. И сега ако министерот управува возило над дозволеното, ќе биде казнет. И досега биле казнети министри“.Прашан, кој министри биле казнети, Тошковски посочи само: „Биле казнети луѓе кои возеле министри, а внатре биле министри. Не сакам да ги специфирам, но најмалку три за кои јас знам“.Министерот информираше дека МВР во изминатиот период работи заедно со сите релевантни институции на ревидирање на постојните патишта каде ќе бидат поставени безбедносните камери. Пробниот период, кој трае околу еден месец, го оцени како „критично важен“ за граѓаните да се запознаат со концептот и за унапредување на самиот систем.„Изминатиов период претставници од МВР со сите институции работат на ревидирање на сите постоечки патишта на кои ќе се лоцираат безбедносните камери. Овој тест период за овие триесетина дена, е навистина одлична можност како граѓаните да се запознаат со тоа што сакаме да го имплементираме. Секоја дебата кога ја отворате, како мисла водилка пред себе да го имате пред себе дека ние сме една од најлошите земји во свет, според бројот на луѓе што ги губиме на улциите. 142 жртви не е само бројка, туку луѓе со родители и семејства. Легитимно е како јавност да отворате прашања од интерес на јавноста, но пред било кое прашање да го поставите, пред себе да имате факт кој нас нѐ става во дното на земји со број на загубени човечки животи“, рече Тошковски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryhcohvp1o16mfdhJ1HHi

Правник алармира: МВР праќа опомени со туѓи лични податоци – ризик по безбедноста на граѓаните

Арбен Мемети, правник во „Цукиќ-Марков“ алармираше за пропуст во функционирањето на Системот „Безбеден град“. До него, како што вели, се јавиле повеќе граѓани кои добиле СМС пораки и електронски опомени за сообраќајни прекршоци – но со туѓи лични податоци.Во пораките што ги примиле граѓаните биле наведени целосни податоци на сосема други лица: име и презиме, единствен матичен број, број на лична карта и детали за возилото. Според Мемети, тоа претставува директно прекршување на Законот за заштита на личните податоци.„Ова не е само техничка грешка, туку системски ризик кој ја загрозува приватноста и безбедноста на граѓаните. МВР со ваквата неажурност ги прекршува законските обврски и ја поткопува довербата во системот,“ предупредува адвокатот.Мемети потсетува дека грешките во испраќањето на опомените отвораат сериозни прашања:– како ќе се гарантира дека казните ќе стигнат до вистинскиот сторител?– дали граѓаните ќе се соочат со неоправдани правни последици за прекршоци што не ги сториле?Според него, јавноста со право чувствува недоверба ако системот веќе испраќа чувствителни податоци на погрешни адреси.„Ако денес стигнуваат туѓи податоци, како да веруваме дека утре нема да стигнат и туѓи казни?“, прашува Мемети.Дополнителен проблем е тоа што МВР нема прецизен механизам за собирање и ажурирање на телефонски броеви и електронски адреси. Често, при регистрација на возило, службениците воопшто не ги бараат овие информации, што доведува до погрешно доставување опомени и создавање дополнителни забуни.Адвокатот бара:– итна проверка на системот за испраќање опомени,– утврдување на причините за пропустите,– корекција на неажурните и погрешни бази на податоци,– воспоставување безбедни процедури за обработка на лични податоци, согласно законот.„Граѓаните имаат право на точни, сигурни и безбедни информации. МВР има обврска тоа да го гарантира – без компромиси,“ порача Мемети.

Коментари | пред 3 месеци

media-libraryj2ih1vl1tdin1Tnum3r

Експратеници со критики за „Сејф сити“: 51 км/час не е криминал, воведете зелен бран!

По стартот на пробниот период на системот „Безбеден град“ (Сејф сити), кој во првите часови регистрираше над 65.000 сообраќајни прекршоци, дел од поранешните пратеници остро реагираат на новата сообраќајна реалност во Скопје.Експратеникот Рубин Земун јавно го критикуваше Министерството за внатрешни работи, по добивањето три електронски опомени за наводно пречекорена брзина.„Господа од МВР, време е и малку да мислите на граѓаните. Направите зелен бран на Партизанска, за да може со брзина од 40 км/час да се поминат барем 5-7 раскрсници, а не од едниот до другиот крај на Сити Мол да фаќаме црвен бран.„Денес ми дојдоа 3 опомени од Safe City, за возење со 51, 54 и 56 км/час. Ајде ова 56 можеби е прекршок, ама 51 и 54?!? Ова 56 е поради стигнување на „зелено“, а овие 51 и 54 воопшто и не знам! Ќе треба и брзинометрите да ги бажираме. Слушам денес имало над 60 илјади прекршувања до 15 часот! Сигурно 2/3 се со под 55 км/час. Ќе биде урнебес!“, напиша Земун.Сличен став има и експратеничката Маја Морачанин, која исто така ја поддржа идејата да се воведе зелен бран по главните сообраќајници во Скопје.„Се согласувам со предлогот за зелен бран. Солун е одличен пример. Ако возиш 40, нема застој. Зелен бран и за пешаците. На раскрсницата Теодосиј Гологанов – Св. Климент Охридски во Центар, зелено светло за пешаци трае неколку секунди, можеш да стигнеш само до половина од булеварот. Затоа многу пешаци поминуваат на црвено“, напиша таа.Овие реакции доаѓаат само еден ден по стартувањето на системот „Безбеден град“, кој во првите 12 часа регистрираше илјадници возачи со минимални пречекорувања од неколку километри над дозволеното.

Коментари | пред 4 месеци

media-libraryhu9nlcrjg8cpa8i6chL

(Фото) МВР доби и возила со вграден радар: полицијата ќе мери брзина и во движење на автопат!

Министерството за внатрешни работи ги прими новите специјализирани возила за мобилно мерење на брзината – најсовремени „Форд“ модели опремени со интегриран радарски систем, камери со висока резолуција и софтвер за моментално лоцирање и документирање на прекршоци, дознава „Скопје1“.Овие возила ќе патролираат низ државата и ќе регистрираат возила кои се движат со поголема брзина од дозволената, без разлика дали станува збор за градска зона, регионален пат или автопат.Иако не е познато кога ќе бидат пуштени во редовен сообраќаен надзор, од МВР неофицијално дознаваме дека системот ќе се користи во рамките на новите мерки за зголемување на сообраќајната безбедност.Засега останува непознато дали при утврдување на несоодветна брзина, поголема од дозволената, службениците ќе ги запираат возилата на лице место и ќе изречат казна или таа ќе стигне по пошта, слично како што прави системот „Сејф сити“.Мобилните радари од овој тип се користат во повеќе европски држави и се покажаа како исклучително ефикасни во намалување на сообраќајните прекршоци и сообраќајните несреќи.Германија користи мобилни радарски комбиња со вградени радари што мерат брзина без присуство на службеник во возилото. Тие се поставуваат на критични точки, а податоците се испраќаат автоматски до централниот систем за казни.Француската полиција користи патни „Рено“ и „Пежо“ возила во кои има невидливи радарски системи. Тие можат да мерат брзина и додека стојат, но и додека се движат, дури и во спротивна насока.Британската полиција користи комбиња со камери и радари што снимаат од далечина. Тие се поставуваат на патишта со висока стапка на несреќи и се покажаа како еден од најуспешните проекти за намалување на брзото возење.Во регионот, Словенија и Хрватска веќе неколку години користат мобилни радари монтирани во полициски возила. Овие радари мерат брзина додека службениците патролираат, а се регистрираат и возила што доаѓаат од спротивната насока.Последните години повеќе трагични несреќи во Македонија беа последица на екстремно брзо возење, особено во урбани средини. Новите мобилни радари се очекува значително да ја засилат контролата и да внесат дисциплина кај возачите кои свесно ја надминуваат брзината.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryutg66ivd5s6l3sK519Q

За пола ден, 65.000 сообраќајни прекршоци регистрирани „Сејф сити“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска соопшти дека системот „Безбеден град“ (Safe City) и официјално го започна својот пробен период, при што во првите 12 часа биле регистрирани дури 65.000 сообраќајни прекршоци.Според Тошковски, оваа бројка јасно ја потврдува неопходноста од воведувањето на напредниот електронски систем, кој преку современи технички уреди автоматски ги документира прекршувањата и испраќа електронски известувања до сопствениците на возилата.„Започнуваме нова етапа во унапредувањето на сообраќајната безбедност. Нашата цел е јасна: повеќе безбедност, помалку прекршоци и нулта толеранција за несовесно возење, без разлика дали станува збор за урбана зона или пат надвор од населено место“, порача министерот.Од вкупно регистрираните прекршоци, 2.800 се за поминување на црвено светло, а 1.000 за нерегистрирано возило.Тошковски додаде дека системот обезбедува повисока дисциплина во сообраќајот, транспарентност и брза електронска комуникација со граѓаните. Според него, „Безбеден град“ претставува инвестиција во спасени животи и побезбедни улици.„Продолжуваме посветено да ги модернизираме процесите и да го унапредуваме квалитетот на работата на МВР“, нагласи министерот.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarydqamjr88ssd7ee8BPb0

Возач нападнал 14-годишно момче, а неговата 16-годишна сестра ја одвел со возилото

51-годишна жена пријавила напад врз нејзините деца од страна на В. С кој управувал возило „опел“.На 30.11.2025 во 23:00 часoт во СВР Скопје, 51-годишна жена од Скопје пријави дека околу 17:30 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 14-годишен син и нејзината 16-годишна ќерка влегле во патничко возило „опел“ управувано од В.С., кој во возилото физички го нападнал малолетникот и го оставил во населбата Сингелиќ, а со малолетничката заминал со возилото.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 месеци

zabava-skopje

Акциска контрола во Кичево: приведени музичари кои настапувале во локал

Министерството за внатрешни работи информира дека во координирана акциска контрола во Кичево е поднесена прекршочна пријава против група државјани на Босна и Херцеговина кои изведувале музички настап без да поседуваат соодветни работни дозволи.Контролата била спроведена во ноќта меѓу 29 и 30 ноември 2025 година од страна на Одделението за внатрешни работи Кичево и Регионалниот центар за гранични работи – Запад, во соработка со Државниот пазарен инспекторат и Државниот трудов инспекторат, согласно претходно изготвен план за засилени проверки во угостителските објекти.Во еден угостителски објект лоциран на магистралниот пат Кичево – Охрид биле затекнати пејачката Џ.Р. (23) и членовите на музички состав К.Џ. (27), Е.П. (25), Ф.Ј. (28) и И.К. (24), сите државјани на Босна и Херцеговина. При контролата било утврдено дека тие вршеле работа без претходно обезбедена работна дозвола, што претставува прекршок по член 23 став 3 од Законот за странци.Според член 217 став 1 точка 2 од истиот закон, против нив е поднесена прекршочна пријава до Основниот суд Кичево.

Македонија | пред 4 месеци

media-library8vu2j6lgmr3ueSpAwWn

За да се нулира „ургирање кај Петре“, од денеска пробен период на системот кој автоматски ќе казнува во Скопје, Тетово, Куманово и автоматите

Од денеска официјално започна пробниот период на системот „Сејф Сити“, дел од проектот „Безбеден град, безбедна држава“, со кој Министерството за внатрешни работи воведува целосно автоматско регистрирање на сообраќајни прекршоци преку паметни камери.Дел од возачите уште вчера ги добија првите СМС-известувања со линкови за увид во забележаните прекршоци. Еден од нив возел само 2км/час повеќе од дозволеното, па бил уловен. Во тест-фазата нема да се изрекуваат казни — граѓаните ќе добиваат само предупредувања и увид во тоа како изгледа записникот што ќе го добиваат од 1 јануари, кога системот ќе премине во целосна примена.Камерите ќе регистрираат пречекорување на дозволената брзина, минување на црвено светло, истечена сообраќајна дозвола и непрописно паркирање. Потоа, автоматски ќе генерираат записник кој сопствениците ќе можат да го преземат преку СМС или мејл линк. Со фотографија, системот ќе докажува каде е забележан прекршокот.Проектот моментално е активен во Скопје, Тетово и Куманово, како и на автопатските делници на коридорите 8 и 10, а очекувањата се до средината на следната година да биде покриена целата држава.Со пуштањето на системот денес, МВР најавува дека целта е едноставна: намалување на хаосот во сообраќајот, казнување на најчестите ризични прекршоци и зголемување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот.За полесни прекршоци ќе се плаќа парична казна, додека за посериозни следи повик на суд и можно одземање на дозволата за управување.„Казната ќе стигне на мобилен. Ако сакате доказ – ќе го добиете. Ако сакате да го видите прекршокот – ќе имате слика. Ако сте се возеле со 'Ферари' и сте го загрозиле сообраќајот, ќе го дадеме на детската градинка. Но едно е сигурно – тоа возило повеќе нема да биде ваше“, рече Тошковски пред пет месеци.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryhcohvp1o16mfdhJ1HHi

(Фото) Изненадување за возачите: Системот „Безбеден град“ почна денес – првите СМС-пораки веќе пристигнуваат

Иако МВР најави дека системот „Безбеден град, безбедна држава“ ќе стартува утре, 1 декември, дел од возачите денес изненадувачки ги добија првите СМС-известувања за регистрирани сообраќајни прекршоци.Пораките доаѓаат од официјалниот испраќач МВР-СЦ и содржат регистарски ознаки на возилото, како и линк преку кој граѓаните можат да го преземат записникот за констатираниот прекршок. Во документите се наведени сите детали — локација, време, вид на прекршок, измерена брзина, како и техничките податоци од камерите „Tattile“, со датум на бaждарење.Граѓаните кои веќе ги добија овие пораки велат дека системот очигледно е пуштен во функција еден ден пред најавениот старт. Според МВР, периодот до Нова година треба да биде тест-фаза во која се праќаат само предупредувања, но денешните пораки покажуваат дека камерите веќе активно снимаат и регистрираат прекршоци.Од 1 јануари, системот ќе премине во целосна примена и секој сторен прекршок ќе биде казнет без толеранција — и во град, и на автопат. Сопствениците на возилата ќе добиваат СМС и мејл известување со записник и платен налог, а рокот за плаќање половина казна ќе биде осум дена од приемот.Камерите се поставени на повеќе клучни раскрсници во Скопје, како и на автопатите долж коридорите 8 и 10, а целта е намалување на прекумерната брзина, минување на црвено и неправилното паркирање — прекршоци кои во последните години доведоа до серија тешки несреќи со фатални последици.Судејќи по денешниот ден, технологијата веќе ја презеде работата. Камерите снимаат, системот регистрира, а возачите ги добиваат првите пораки — иако „официјално“ стартот беше закажан за утре.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarypeve7cqoqul55gXGKJd

Од утре стартува ‘Безбеден град’: камерите ќе снимаат, од јануари ќе казнуваат, ако сторите прекршок ќе добиете известување

Од утре, 1 декември, камерите на „Сејф сити“ поставени на скопските булевари и раскрсници ќе почнат автоматски да ги регистрираат сообраќајните прекршоци, како дел од стартувањето на системот „Безбеден град, безбедна држава“. Министерството за внатрешни работи најави дека до Нова година ќе трае пробниот период во кој прекршителите ќе добиваат само предупредувања, додека од 1 јануари системот влегува во целосна примена и ќе се испраќаат казни.Портпаролот на МВР, Гоце Андреевски, изјави дека нема да има толеранција за прекршоците регистрирани со камера и дека санкционирањето ќе биде согласно Законот за безбедност на сообраќајот, без разлика дали се работи за населено место, автопат или експресен пат. Најпрвин ќе се документираат пречекорување брзина, минување на црвено светло, возење со истечена важност на сообраќајната дозвола и непрописно паркирање, а во следната фаза ќе се додаваат нови видови прекршоци.Секој сопственик на возило чие прекршување ќе биде регистрирано ќе добива СМС и мејл со линк за преземање на записникот и платниот налог. Рокот за плаќање половина казна е осум дена од приемот на известувањето, а по неговото истекување износот мора да се плати целосно во наредните осум дена пред да започне присилна наплата. Казните ќе може да се плаќаат електронски, по што системот автоматски го известува МВР дека глобата е подмирена.Во последните години, јавноста беше сведок на низа фатални сообраќајни трагедии, особено прегазувања на пешаци на пешачки премини од возачи кои возеле со брзина многукратно поголема од дозволената. Дополнителен проблем е масовното непрописно паркирање, со што тротоарите и велосипедските патеки често се непроодни. Граѓаните се поделени околу тоа дали камерите ќе ја подобрат состојбата, но дел од нив сметаат дека строгите правила и автоматските казни ќе ги дисциплинираат најдрските возачи.Министерот Панче Тошковски претходно најави дека во првата фаза камерите ќе функционираат во Скопје, Тетово и Куманово, како и на автопатите и експресните патишта по Коридорите 8 и 10. До средината на следната година треба да биде покриена целата држава. Целта, како што посочуваат од МВР, е поредовен, побезбеден и пофункционален сообраќај.Од утре камерите ќе снимаат и предупредуваат, а веќе на стартот на 2026 година ќе почнат да казнуваат. Дали технологијата ќе ги вразумни возачите, ќе стане јасно многу брзо.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Со палки и солзавец нападнати петмина работници во средно училиште во Сарај

Петмина колеги, меѓу кои и 18-годишно момче, биле физички нападнати додека работеле во средното училиште во скопски Сарај.Нападот се случил синоќа околу 21:00 часот, а според пријавата во СВР Скопје, тројцата напаѓачи користеле и опасни средства за да се пресметаат со работниците.Полицијата работи на расчистување на случајот во кој се инволвирани жители на Сарај како напаѓачи и жители на Скопје како жртви.„На 29.11.2025 во 21:00 часот во СВР Скопје Ф.Љ.(24) од Скопје пријави дека во с.Сарај, скопско тој и неговите колеги А.Н.(18), Н.Љ.(26), А.Д.(36) и Р.С.(24) сите од Скопје кои претходно извршувале работни задачи како вработени во фирма во средно училиште физички биле нападнати од С.П.(41), Н.П.(47) и С.П.(37) сите од с.Сарај кои употребиле остар предмет и солзавец. Се преземаат мерки за расчистување на случајот”, соопшти МВР.

Македонија | пред 4 месеци

media-library4f4gkq3t8lrlaT1hzjI

Празник со инциденти: прославата на албанското знаме во Куманово заврши со полициски приведувања на малолетници за ширење омраза

Во Куманово синоќа биле приведени три лица за време на прославата по повод Денот на албанското знаме. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека околу 21:45 часот полициските службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.С. (18) од Куманово поради сомнение дека го сторил кривичното дело „предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ согласно член 319 од Кривичниот законик. Од МВР додаваат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.Околу 22:50 часот приведени биле и две малолетни лица. Едниот од нив одбил да се легитимира и притоа носел фантомка, додека кај другиот полициските службеници пронашле тврд предмет.Министерството за внатрешни работи соопшти дека продолжува со професионално и неселективно спроведување на законот, со цел обезбедување на јавниот ред и мир и заштита на сите граѓани.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryjn1k6d6tvlo67Zl6lKf

Полицијата казни 12 возачи во Скопје за време на прославата на Денот на албанското знаме: најмногу за опасно однесување

Во текот на изминатата вечер, во периодот од 20:00 до 00:30 часот, скопската полиција спроведе засилени контроли за време на одбележувањето на Денот на албанското знаме. Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје изрече вкупно 12 мерки за различни прекршоци што ги загрозувале сообраќајната и јавната безбедност.Двајца возачи биле затекнати како управуваат возило без возачка дозвола, едно лице возело со истечена регистрација, а еден возач управувал возило со несоодветна категорија. Најголемиот број санкции – осум – се изречени поради опасно однесување, бидејќи лицата седеле на надворешните делови од автомобилите во движење, со што ја загрозиле сопствената безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.Полицијата информира дека привремено е одземено и едно возило поради сомневање за техничка неисправност. Од МВР наведуваат дека контролите ќе продолжат, а целта е да се спречи опасно однесување и да се гарантира безбедноста на граѓаните за време на масовни и празнични собири.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryc325gi29s6npdI8dOTG

65-годишник од Банско со воздушна пушка ранил малолетник

Полицијата ја одзела пушката, случајот го води обвинителство.На 27.11.2025 во 23:45 часот во село Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Б.М.(65) од село Банско. Според пријавеното, тој околу 20:30 часот во село Банско, во близина на неговата куќа, со воздушна пушка пукал кон малолетник од Струмица и го погодил во ногата. На малолетникот му е укажана помош во Општа болница Струмица, а воздушната пушка била пронајдена и одземена од Б.М.. Тој е задржан во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 месеци

bolnica-stip

Син кршел инвентар по смртта на татко му во болницата во Штип: Приведен 29-годишник

На 27.11.2025 во 00:05 часот во Клиничката болница во Штип полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Ј.А.(29) од с.Таринци, општина Карбинци. Претходно, во болницата за лекарска помош бил донесен неговиот татко В.А.(54), но и покрај пружената помош, В.А. починал.Кога Ј.А. пристигнал во болницата, но и откако од страна на медицинскиот персонал му било кажано дека татко му починал, тој се однесувал агресивно кон нив и искршил стакла и други делови од инвентарот. За настанот е известен јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција, а по целосно документирање на случајот против Ј.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 4 месеци

media-library4f4gkq3t8lrlaT1hzjI

Девојка нападнала соученик во средно училиште во Центар

16 годишно момче било нападнато од соученичка во средно училиште во скопски Центар.,,На 26.11.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје, З.В.(47) од Скопје пријави дека околу 10:30 часот во средно училиште на подрачјето на Центар, неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од негова соученичка”, стои во денешниот полициски билтенСе преземаат мерки за расчистување на овој случај.

Македонија | пред 4 месеци

droga-zaplena-marihuana-kokain

Пронајдена дрога, воздушна пушка и пиротехнички средства: СВР Струмица приведе пет лица

На 26.11.2025 во 14:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ј.Ќ.(34) од Гевгелија. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронајдоа марихуана, предмети со остатоци од марихуана и повеќе предмети за кои постои сомнение дека биле користени за импровизирана лабораторија за одгледување на марихуана.На 26.11.2025 во 10:40 часот во село Негорци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.С.(58), кој престојува во село Давидово, гевгелиско. Врз основа на судска наредба извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени две пакувања со марихуана, една воздушна пушка калибар 5.5 мм, за која немал соодветна потврда од надлежен орган за поседување на истата и 42 парчиња пиротехнички средства.Исто така на 26.11.2025, во 20:15 часот во село Раклиш, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш ги лишија од слобода Д.М.(24) од Струмица, К.Ц.(23) од Струмица и Д.М.(44) од село Раклиш. При преглед на лицата, кај Д.М. (24) од Струмица биле пронајдени пакување со жолта прашкаста материја и пакување со марихуана.По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 4 месеци

media-library3ggn23nrove70a2CCvA

Малолетничка доживеала хорор: ja киднапирал поранешниот дечко, била жртва и на насилство

Петнаесет годишна малолетничка доживеала била киднапирана и физички малтретирана од нејзиниот поранешен дечко. Таа била внесена во возило, па претепана.„На 25.11.2025 во 13:00 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена од Скопје пријави дека на 24.11.2025 околу 19:30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, нејзината 15-годишна ќерка со употреба на физичка сила била внесена во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, од страна на нејзиниот поранешен партнер И.Ј.(22), кој притоа физички ја нападнал и и упатувал закани”, информираа од полицијата.Надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 4 месеци

zatvor-10-1

Напад во затворот „Идризово“ – осуденик претепан од тројца

Во затворот „Идризово“ тројца затвореници нападнале 61-годишен осуденик со тврд предмет.На 25.11.2025 во 20:30 часот во СВР Скопје од Казнено поправна установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 18:30 часот во установата тројца осуденици физички го нападнале осуденикот И.И.(61) од с.Челопек, тетовско, а при тоа употребиле и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 месеци

Bitola

Директорката на „Завод и музеј“ - Битола си прекроила систематизација, си го укинала старото место и сама си отворила повисока функција

Директорка на „Завод и музеј“ Битола пријавена за несовесно работење Битолската полиција ја сомничи поранешната директорка дека незаконски ја променила систематизацијата. Со тоа го укинала своето старо работно место и си создала повисока позиција.СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo „несовесно работење во службата“. Пријавената, во својство на директор на Национална установа „Завод и музеј“ Битола, спротивно на одредбите од Законот за вработени во јавен сектор и Законот за работни односи, несовесно постапила во вршењето на своите овластувања и должности на тој начин што извршила промена на Актот за систематизација на работните места, со што го укинала нејзиното работно место виш кустос и за себе отворила ново работно место кустос советник, кое што е едно ниво повисоко од претходното

Македонија | пред 4 месеци

pari-evra-policija

Даночна измама од 500 илјади евра: Пријави за сопственикот на фирмата и правното лице

Скопската полиција пријави одговорно лице и фирма за даночно затајување и оштетување доверители. Државниот буџет бил оштетен за над 31 милион денари.СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.С.(40) од Делчево, сопственик и управител на правно лице од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „даночно затајување“ и „оштетување или повластување на доверители“ и против правното лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Првопријавениот М.С. постапил спротивно на Законот за данок на додадена вредност на тој начин што во даночните пријави за контролираниот даночен период, преку правното лице пресметал и искажал помал даночен долг кој произлегол од неевидентиран остварен промет од продажба на основни средства и од продажба на залихи на материјали. Со наведените дејствија пријавените успеале да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 31.433.522 денари, за кој износ го оштетиле државниот буџет.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања