Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Полицијата казни 12 возачи во Скопје за време на прославата на Денот на албанското знаме: најмногу за опасно однесување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryjn1k6d6tvlo67Zl6lKf

Во текот на изминатата вечер, во периодот од 20:00 до 00:30 часот, скопската полиција спроведе засилени контроли за време на одбележувањето на Денот на албанското знаме. Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје изрече вкупно 12 мерки за различни прекршоци што ги загрозувале сообраќајната и јавната безбедност.

— реклама —
media-library0jg7fe5feujo60YOR1X

Двајца возачи биле затекнати како управуваат возило без возачка дозвола, едно лице возело со истечена регистрација, а еден возач управувал возило со несоодветна категорија. Најголемиот број санкции – осум – се изречени поради опасно однесување, бидејќи лицата седеле на надворешните делови од автомобилите во движење, со што ја загрозиле сопствената безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

— реклама —

Полицијата информира дека привремено е одземено и едно возило поради сомневање за техничка неисправност. Од МВР наведуваат дека контролите ќе продолжат, а целта е да се спречи опасно однесување и да се гарантира безбедноста на граѓаните за време на масовни и празнични собири.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6t3i1sderu153qZVLGp

Акциска контрола на МВР: 43 санкционирани возачи за пречекорена брзина

Македонија | пред 4 часа

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени осум возачи: шест биле без возачка, а двајца пијани

Македонија | пред 8 часа

policija-policaec-35-450x270-1

Тепачка во Карпош, кога полицијата интервенирала едно од лицата се заканувало кон службеник, па го привеле

Македонија | пред 10 часа

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Скопјанец ѝ се заканувал на мајка си, приведен

Скопје | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања