Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

МВР

Bitola

Директорката на „Завод и музеј“ - Битола си прекроила систематизација, си го укинала старото место и сама си отворила повисока функција

Директорка на „Завод и музеј“ Битола пријавена за несовесно работење Битолската полиција ја сомничи поранешната директорка дека незаконски ја променила систематизацијата. Со тоа го укинала своето старо работно место и си создала повисока позиција.СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo „несовесно работење во службата“. Пријавената, во својство на директор на Национална установа „Завод и музеј“ Битола, спротивно на одредбите од Законот за вработени во јавен сектор и Законот за работни односи, несовесно постапила во вршењето на своите овластувања и должности на тој начин што извршила промена на Актот за систематизација на работните места, со што го укинала нејзиното работно место виш кустос и за себе отворила ново работно место кустос советник, кое што е едно ниво повисоко од претходното

Македонија | пред 4 месеци

pari-evra-policija

Даночна измама од 500 илјади евра: Пријави за сопственикот на фирмата и правното лице

Скопската полиција пријави одговорно лице и фирма за даночно затајување и оштетување доверители. Државниот буџет бил оштетен за над 31 милион денари.СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.С.(40) од Делчево, сопственик и управител на правно лице од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „даночно затајување“ и „оштетување или повластување на доверители“ и против правното лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Првопријавениот М.С. постапил спротивно на Законот за данок на додадена вредност на тој начин што во даночните пријави за контролираниот даночен период, преку правното лице пресметал и искажал помал даночен долг кој произлегол од неевидентиран остварен промет од продажба на основни средства и од продажба на залихи на материјали. Со наведените дејствија пријавените успеале да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 31.433.522 денари, за кој износ го оштетиле државниот буџет.

Македонија | пред 4 месеци

ikoni-crkva

Крадел пари од манастир - фатен е на дело! На гостиварецот не му е прва кражба во верски објекти

Полицијата во Гостивар го приведе 55-годишен жител на селото Беловиште, кој бил затекнат додека се обидувал да украде пари од манастирски објект.Според информациите од МВР, вчера околу 10:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го забележале мажот во моментот кога вршел кражба во манастирот „Преображение Христово“ во населбата Циглана.Покрај инцидентот од вчера, Ѓ.А. се поврзува и со повеќе тешки кражби извршени во последните шест месеци во различни верски објекти на подрачјето на Гостивар. Се сомничи дека на сличен начин влегувал во храмови и цркви и одземал пари и други вредни предмети.Осомничениот е задржан во полициската станица, а по целосно расчистување и документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 4 месеци

aca-lukas-2

СДСМ бара одговорност по инцидентот на концертот на Лукас: „Институциите повторно задоцнија“

СДСМ реагираше на прекинот на концертот на Аца Лукас во Кавадарци, оценувајќи дека случајот укажува на повторно потфрлање на институциите задолжени за јавната безбедност. Според партијата, во локал со дозволен капацитет од 200 лица се собрале повеќе од 700 посетители, што, како што наведуваат, претставувало сериозен безбедносен ризик.Во реакцијата се наведува дека и Министерството за внатрешни работи и Општина Кавадарци биле известени за настанот, но не презеле мерки пред отворањето на концертот. Настанот бил прекинат дури по полноќ, околу 00:10 часот, кога локацијата веќе била преполнета.Од партијата поставуваат неколку прашања до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, меѓу кои: зошто било дозволено започнување на концертот со бројка на посетители што ја надминува дозволената, зошто МВР не реагирало порано и дали од трагедијата во Кочани се извлечени потребните поуки.СДСМ оцени дека ситуацијата, како што ја опишуваат, претставувала ризик за стотици граѓани и дека биле создадени услови кои би можеле да доведат до сериозен инцидент.Од партијата побараа итна истрага и одговорност, како за организаторите, така и за институциите што биле задолжени да обезбедат безбедни услови за спроведување на настанот.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Жена го пријавила мажот за насилство, а по неколку часа тој пријавил дека таа го тепала

Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 13:00 часот, 35-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 45-годишен сопруг, кој ѝ го одзел и мобилниот телефон.Подоцна, околу 20:30 часот, 45-годишниот маж од Скопје исто така пријавил дека бил физички нападнат од неговата сопруга, и тоа во истиот временски период околу 13 часот.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Скопје | пред 4 месеци

2059087055622723752c949419523457_v4_big

Парично и прекршочно казнет: Аца Лукас настапувал без дозвола

Српскиот пејач Аца Лукас синоќа бил приведен во Кавадарци околу 00:10 часот, за време на настап во угостителски објект.Според информацијата од МВР, при акциска контрола спроведена од полицијата, во координација со инспектори и Управата за јавни приходи, било утврдено дека пејачот настапувал без потребната дозвола.„Утврдено е дека лицето од Република Србија настапувало без потребна дозвола. За сторениот прекршок до Основниот суд Кавадарци е поднесено барање за поведување прекршочна постапка, по член 217 став 1 точка 2 од Законот за странци. Лицето е спроведено во Основен суд Кавадарци по скратена постапка, каде му е изречена парична казна“, стои во соопштението на МВР.При контролата, според полицијата, во локалот биле забележани и други прекршоци: неиздавање фискална сметка, непочитување на правилата за пушење и присуство на гости над дозволениот број. За сите овие прекршоци ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 4 месеци

strast

Гевгеличанец приведен за силување

34-годишен маж од Нов Дојран е уапсен по сомнение дека силувал девојка.На 20.11.2025 СВР Струмица- ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против И.С.(34) од Нов Дојран. Тој се сомничи дека на 20.11.2025 во атар на село во општина Дојран извршил обљуба врз 25- годишна девојка. И.С. е лишен од слобода и изведен пред судија од Основен суд Гевгелија, кој му определил мерка притвор.

Македонија | пред 4 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-50-9970PM

Среде концерт во КИЦ паднала вентилациска решетка од таванот, повредена е една жена

46-годишна скопјанка е повредена на концерт кога врз неа се срушила вентилациска решетка.На 20.11.2025 во 23:15 часот во СВР Скопје од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив била донесена 46-годишната М.И. од Скопје, која се здобила со телесна повреда околу 22:00 часот за време на концерт во Културно информативен центар во Скопје, кога врз неа од таванот паднала решетка од вентилација. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 месеци

tepacka

Малолетници нападнаа 13-годишно дете во двор на училиште во Скопје, а со телефон го снимале тепањето

Во Секторот за внатрешни работи Скопје е пријавен нов случај на насилство меѓу малолетници. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 18 ноември 2025 година во 14:30 часот, лицето Р.К. (40) пријавило дека неговиот 13-годишен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавал.Инцидентот се случил на 15 ноември околу 15:00 часот, во дворот на основното училиште во селото Љубош, општина Студеничани, а уште еден малолетник го снимал нападот со мобилен телефон.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarynrr78uj11n3e5s1L3vA

Се претставил како судски службеник – измамил човек за 7.750 евра ветувајќи ослободување од притвор

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 41-годишниот Н.З. од село Бојане, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во текот на мај 2025 година, пријавениот со лажно прикажување на факти довел во заблуда едно лице, претставувајќи се како вработен во суд, и ветил дека може да помогне неговиот син да биде ослободен од притвор за одреден паричен износ.Откако преку адвокат била изготвена жалба за притворот, измамникот во три наврати примил вкупно 7.750 евра, но договореното никогаш не било исполнето.Од МВР соопштуваат дека против Н.З. е поднесена кривична пријава и случајот е целосно документиран.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Акција во Гостивар: Приведени пет државјанки на Албанија кои го злоупотребиле туристичкиот престој

Во ноќта меѓу 18 и 19 ноември, во периодот од 23:00 до 04:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар спровеле акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на гостиварската област.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, при контролата во објект на улицата „Илинденска“ во Гостивар, сопственост на Ј.А. (49), биле затекнати и приведени четири жени од Албанија — В.А. (32), Л.А. (36), А.П. (36) и К.К. (50).Дополнително, во угостителски објект во селото Зубовце, општина Врапчиште, сопственост на Р.Б. (50) од Гостивар, биле затекнати уште две жени од Албанија — Е.У. (39) и Џ.К. (25).Според МВР, петте албански државјанки го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале во земјата спротивно на целта на нивниот влез. Сите се приведени во полициска станица, а против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryunlsjruv1a0r9ARI9GJ

Тешко повреден пешак во Куманово – 27-годишна возачка удрила маж на улица ‘Ѓорче Петров’

Сериозна сообраќајна несреќа се случила во вторникот вечерта на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово, кога патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 27-годишната Н.Т. од Куманово, удрило пешак.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во несреќата тешки телесни повреди здобил 46-годишниот О.А. од селото Тромеѓа, кој веднаш бил пренесен во Општата болница во Куманово, каде лекарите ги констатирале повредите и му укажале медицинска помош.На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Куманово, а надлежните служби работат на утврдување на причините и околностите под кои се случил настанот.

Македонија | пред 4 месеци

kamion

Трагедија кај Дојран: Загина жена од Кина, седум мигранти повредени во несреќа со српски камион

Трагедија се случи рано утрово на регионалниот пат Валандово – Дојран, кога товарно возило „мерцедес“ со полуприколка и српски регистарски ознаки, управувано од 52-годишен возач од Србија, излетало од коловозот.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во несреќата на местото на настанот починала жена – мигрантка од Кина, додека уште седум лица, исто така кинески државјани, се здобиле со повреди. Лекар од Итната медицинска помош излегол на лице место и ја констатирал смртта на жената.Според првичните сознанија, повредените мигранти без знаење на возачот се наоѓале во полуприколката на камионот, во која, најверојатно, биле сокриени при преминувањето низ земјата.Возачот С.М. (52) е задржан во Јавната здравствена установа во Гевгелија за укажување медицинска помош. На местото на несреќата увид извршила екипа на ОВР Гевгелија во присуство на јавен обвинител, а телото на починатата е предадено на обдукција.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, а во тек е и истрага за тоа како мигрантите се нашле во приколката и дали станува збор за организирана мрежа за криумчарење луѓе.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarydqamjr88ssd7ee8BPb0

Инциденти во Скопје – нападнати мајка и син, малолетник ограбен, младо девојче нападнато

Министерството за внатрешни работи информира за три одделни инциденти пријавени во изминатите два дена на подрачјето на Скопје, во кои бил нарушен јавниот ред и мир, а во еден од случаите нападнат е и малолетник.На 16 ноември 2025 година, околу 12:30 часот, во населбата Илинден, 50-годишната Т.П.П. и нејзиниот син биле нападнати со тврд предмет од лице идентификувано како В.Б.. Случајот е пријавен во СВР Скопје, а полицијата презема мерки за негово расчистување.Следниот ден, на 17 ноември околу 15:00 часот, во Центар, 35-годишниот Т.Д. пријавил дека неговиот 15-годишен син бил пресретнат од пет лица, од кои едниот му се заканил со остар предмет и му одзел пари и мобилен телефон, а друг го физички нападнал. Случајот се истражува.Истиот ден, околу 13:10 часот, во населбата Ѓорче Петров, 74-годишниот Р.И. физички ја нападнал 21-годишната З.И., и двајцата од Скопје. И за овој инцидент се преземаат мерки за расчистување.

Македонија | пред 4 месеци

3

Лажни ветувања за лични карти и државјанство – МВР истражува измама вредна 5.000 евра

На 17 ноември 2025 година, во 14:00 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје 25-годишна жена од скопско село пријавила дека била измамена за околу 5.000 евра од лице идентификувано како Н.К. (29), соопшти Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, во периодот од декември 2023 до декември 2024 година, таа во повеќе наврати му исплаќала пари на осомничениот со цел да ѝ обезбеди македонски лични документи и државјанство за неа и нејзините сестри. Откако ветувањата не се реализирале, жената сфатила дека станува збор за измама и случајот го пријавила во полиција.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности.

Македонија | пред 4 месеци

diploma

Кумановец со лажна диплома се вработил во јавно претпријатие – МВР поднесе кривична пријава

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Ѓ.Ш. (55) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, информира Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, осомничениот, кој од 2016 година бил ангажиран со договор на дело во јавно претпријатие во Куманово, во текот на 2022 година набавил фалсификувана диплома од средно стручно училиште во Тетово. Таа лажна диплома ја приложил при аплицирање на јавен оглас, по што успеал да склучи договор за вработување на неопределено време.Од МВР соопштуваат дека предметот е целосно документиран и против пријавениот ќе се води постапка пред надлежните органи.

Македонија | пред 4 месеци

media-library3ggn23nrove70a2CCvA

Пукање во Сарај: кон 28-годишен маж испукани неколку куршуми

На 17 ноември 2025 година, околу 19:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во село Сарај неколку лица испукале повеќе куршуми од огнено оружје кон 28-годишниот А.А. од истото село, но за среќа без повредени лица, информира Министерството за внатрешни работи.За инцидентот бил известен јавен обвинител, а увидна екипа од СВР Скопје извршила увид на местото на настанот. Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сторителите.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryglestvlcvj867txpgmY

Сузбиена група што криумчарела мигранти: откриени кампови на граница, петмина пријавени

На 16.11.2025, по претходно добиени оперативни сознанија, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Одделот за специјални и посебни операции и Одделот за криминалистичка полиција,  под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен криминал, спроведоа координирана полициска операција за сузбивање на криминална група инволвирана во вршење на кривично дело криумчарење мигранти.Имено, при преземање на мерките, во место викано Ресуљка во близина на граничната линија помеѓу Македонија и Србија беа откриени два импровизирани кампови во кои се пронајдени осум илегални мигранти, од кои двајца од Пакистан и шест од Авганистан, меѓу кои и две деца.Истиот ден, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, до ОЈО за ГОКК, поднесе кривична пријава против З.Х.(20), Џ.Д.(31), В.Х.(34),  А.Ш.(37) и 15-годишник., сите од Авганистан, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Криумчарење мигранти“  по член 418 -а и  418-б од Кривичниот законик.Имено, пријавените во неколку наврати прифатиле, во улога на водичи илегално пренеле и засолниле група од  илегални мигранти од Грција до камповите. Откако ги сместувале во импровизираните кампови, З.Х. и Џ.Д. со употреба на сила и закана од лицата изнудувале парични средства со цел да им овозможат нивно понатамошно префрлување на територија на Србија, а со крајна дестинација земјите од Европската унија.

Македонија | пред 4 месеци

policija-2457

Работел во нивниот двор, па по расправија го нападнале: Скопјанец пријавил напад од две жени во Аеродром

Работел во нивниот двор, по што настанала расправија и физички напад.На 16.11.2025 во 19:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 15.11.2025 околу 13:00 часот во општина Аеродром, Р.З.(65) од с.Трубарево бил физички нападнат од две жени, во чиј двор извршувал работни задачи. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 месеци

240646547_996452591177168_8429942148345254552_n

Биле затекнати како питачат со нивните малолетни деца, приведени четворица од Куманово и Скопје

Приведени четворица од Куманово и Скопје поради злоупотреба на деца за питачењеНа 16.11.2025, според план и во координација со Центарот за социјални работи Куманово, полициски службеници ги лишија од слобода С.А.(28), Т.Џ.(42), С.Б.(33) од Куманово и С.С.(27) од Скопје затоа што биле забележани како питачат со малолетни деца. Следуваат пријави за „запуштање и малтретирање на дете“.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryu9okj8sr8gqo3j8tK6Q

Навивач оштетил возила и нападнал полицајци по кошаркарски натпревар во Куманово

Приведен кумановец по тепачка на кошаркарски натпреварНа 16.11.2025 во 21:00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода К.Ж.(23) од Куманово. По завршување на кошаркарскиот натпревар во спортска сала во Куманово меѓу МКК Куманово и КК Пелистер од Битола, настанала физичка пресметка помеѓу навивачите на двете екипи, а биле нападнати и полициски службеници. К.Ж. бил забележан како оштетува возила на гостинскиот тим. По документирање ќе следува пријава. Се работи на идентификација на сите учесници.

Македонија | пред 4 месеци

media-library62es32navac76cd1G9w

(Видео) Пронајден и казнет возачот што го загрози сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка

Министерството за внатрешни работи информира дека е пронајден возачот кој денеска со несоодветно однесување го загрози сообраќајот на регионалниот пат Куманово – Крива Паланка, по што против него се преземени соодветни мерки.По објавата на социјалните мрежи, во која се гледа како возач на камион го попречува движењето на останатите учесници во сообраќајот, полициските службеници од СВР Куманово веднаш постапиле и го идентификувале возачот, лицето С.С. од Куманово.Против С.С. е издаден прекршочен платен налог, а дополнително му е наложено да го исчисти коловозот, што било извршено под надзор на полициски службеници.МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да се однесуваат одговорно и да ги почитуваат сообраќајните прописи со цел подобра безбедност на патиштата.

Македонија | пред 4 месеци

ubistvo-noz

Ужас во Штип: 74-годишен маж ја убил соседката со нож и го закопал телото во дворот

Полицијата во Штип расчисти тешко кривично дело кое го потресе градот — 74-годишен маж е осомничен дека со нож усмртил 79-годишна жена, а потоа го закопал нејзиното тело во дворот од својот дом.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, СВР Штип во координација со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност поднесе кривична пријава против Д.А. (74) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ и „противправно лишување од слобода“.Се сомничи дека во својот дом во Штип, без нејзина волја, ја држел Б.Н. (79) од истиот град, а потоа со остар предмет ѝ нанел убодни рани од кои починала. Телото на жената, според истрагата, осомничениот го закопал во дворот на куќата.Случајот започнал на 24 октомври 2025 година, кога сестрата на жртвата, Д.О. (84), ја пријавила нејзината исчезнатост. По неколкудневна потрага и собрани сознанија, полицијата добила судска наредба и на 10 ноември извршила претрес во домот на осомничениот. При тоа биле пронајдени предмети и траги од крв, поради што тој бил приведен и задржан во притвор од 96 часа во затворот во Куманово.По дополнително вештачење на доказите и нов распит, Д.А. детално го признал убиството и начинот на кој го извршил злосторството.Телото на убиената жена било пронајдено и по наредба на јавен обвинител дадено на обдукција. Осомничениот е изведен пред судија на претходна постапка кој му одредил притвор во траење од 30 дена.Овој случај предизвика шок и згрозеност кај јавноста, особено поради суровоста и начинот на кој било извршено убиството.

Македонија | пред 4 месеци

media-library5ite69jturg27Ci5fFS

Закани и напад во Стајковци: младо момче пријави дека му го оштетиле возилото поради долгови

Дваесет и двегодишен жител на село Стајковци пријавил во полиција дека бил изложен на закани и оштетување на неговото возило од повеќе лица, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според пријавата поднесена во СВР Скопје, инцидентот се случил на 15 ноември околу 19:00 часот во селото Стајковци. М.Н. (22) изјавил дека неколку лица му се заканувале, по што побегнал. Подоцна, кога повторно ги сретнал додека управувал со своето возило, едно од лицата со дрвен предмет му го оштетило автомобилот.Како што навел пријавителот, тој и претходните денови добивал закани од лицето С.Ј., поради нерасчистени должничко-доверителски односи.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите инволвирани лица.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarytti8s1tr1gup5bgZbym

Трагедија во Карпош: маж пронајден мртов во својот дом

Во раните утрински часови денеска, во дом на подрачјето на општина Карпош, бил пронајден починат 55-годишен маж, информира Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, случајот бил пријавен во СВР Скопје околу 01:10 часот, а станува збор за лицето З.С. (55) од Скопје. Екипа на Итната медицинска помош излегла на местото и констатирала смрт без видливи траги на насилство.По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања