Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

OHRID

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Со обсмислена стратегија успеваме охридскиот аеродром да го развиваме. Денеска ја воспоставуваме новата и најважна линија Охрид-Истанбул со која Охрид преку Истанбул ќе го поврземе со цела Европа и светот, истака вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на воведувањето на новата авиолинија Охрид-Истанбул.Во прилог интегралната изјава на вицепремиерот Николоски“ Ова е комплетно нова димензија за охридскиот аеродром и целосно нов развој на охридскиот аеродром затоа што најголемата светска авиокомпанија Туркиш ерлајнс воведува директна линија, четири пати неделно со најголеиот аеродром во Европа, аеродромот во Истанбул, што многу ќе значи за бројот на патници и не само за туризмот туку и редовното патување, затоа што аеродрмот во Истанбул е со најмногу конектинг летови во Европа. Веќе познавам луѓе кои имаат купено карти од Торонто за Охрид или од Вашингтон за Охрид затоа што преку Истанбул со конектинг летови ќе можат да додјат во Охрид што драстично ќе го зголеми бројот на патници и тоа ќе помогне да се развива тузимот, бизнисот, комуникациите, што е комплетна нова диманзија за охридскиот аеродром.Ова е резултат на обмислена стратегија, стратегија на субвенционирање што ја водиме откако бевме избрани. Го променивме целосно моделот на субвенционирање, за охридскиот аеродром од претходно 4,5 евра зголемивме на 12 евра по патник. И наместо за заминување, плаќаме за доаѓање затоа што целта е да даѓаат луѓето тука, ги променивме и другите услови и тоа го даваат резултатот. Веќе имаме две нови дестинации до Охрид, тоа е Истанбул и Базел, имаме нови осум дестинации од Скопје. Но од сите 10 дестинации за мене најважна е Истанбул бидејќи отвора нова врата за охридскиот аеродром и за целиот регион. Во преговори сме и тие преговори за брзо време треба да завршат со една голема компанија која што очекувам да донесе две до три нови дестинации и на тој начин да расте бројот на дестинации на охридскиот аеродром.Мене ми е целта во рок од две години да имаме најмалку десет нови дестинации од Охрид, што целосно ќе го трансформирам туризмот во Охрид, бизнисот и комуникациите и тоа што е особено важно, оние чартери кои што почнаа на Флајбирд во следната година наместо еден да се два дневно и да слетуваат во Охрид наместо во Скопје. И пуштањето на автопататот на тие 40 -тина километри од Врбјани до Охрид секако многу ќе значи за охридскиот аеродром”, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Македонија | пред 1 година

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Прекрасен празничен ден во манастирот "Свети Илија" во Велгошти. Вековните православни традиции и верата во Бога, се нашиот поттик за добра мисла и меѓусебно почитување!Нека е за многу години празникот! Здравје и радост кај сите, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Константин Георгиески.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Интензивни активности за чистење, метење и подигање на отпад од најфреквентните локации во градот, кејот и чаршијата, напиша на својот ФБ профил градоначалникот градоначалникот Константин Георгиески.✅Подигање на отпадот од потегот на поранешната касарна, градски стадион и Антички театар по одржаните концерти;✅Уредување на зеленилото и цветните насади во централното градско подрачје;✅Двосменско чистење и подигање на отпад од плажите;✅Миење на улици и останати јавни површини.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Со цел да се подобрат условите за забава на најмладите, се гради ново детско игралиште на пешачката патеката кон „Горица“.Опремено е со најсовремени реквизити, кои се прилагодени и за дечиња со посебни потреби.Се поставува специјална гумирана подлога, во согласност со стандардите за безбедност.➡Планирана е изградба и на нови детски игралишта во близина на ОУ „Григор Прличев“ и во населбата „Црногорци“ во близина на новиот терен за баскет.Вредноста на трите детски игралишта е 3.446.113 денари, а седствата се обезбедени од Буџетот на Општина Охрид, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 4 години

prskanje-komarci

Утре ќе се спроведе дезинсекција против комарци

На барање на Министерството за транспорт и врски утре  во период од  9 до 14 часот  на територијата на општина  Охрид и општина Струга   ќе се спроведе  дезинсекција  против ларви од комарци. Активноста   ќе се спроведе  на просторот од  Студенчишкото блато до Подмоље. Центарот за јавно здравје  ќе извршува контрола на дезинсекцијата на територијата на Општина Охрид. 

Македонија | пред 4 години

ipard-1140x401-1

Инфо ден за ИПАРД програмата во општина Охрид

На 28 јули 2021 година (среда), Телото за управување со ИПАРД и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ќе одржат информативно- едукативен настан во Oпштина Охрид во 11:00 часот.Инфо деновите се со цел подобра информираност на заинтересираните странки во врска мерката 7 од ИПАРД Програмата 2014-2020 и поставување на прашања и добивање на одговори за сите странки кои се заинтересирани за аплицирање по оваа мерка.Јавниот повик 01/2021 за мерката 7 е објавен на 8-ми јули 2021 година и во тек е доставувањето на Барањата за користење на средствата со цел до 22-ри  август 2021 година сите заинтересирани странки да ги достават комплетно пополнетите Барања за користење на средства и целокупната документација до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. 

Македонија | пред 4 години

kosta1-1-1

(ВИДЕО) Георгиески: Периодот што сега го добиваме е многу подобар од тој во Баку - одговорно тврдам и ви гарантирам дека сите задолженија ние ќе ги завршиме

„Препораките кои што ги имавме во 2017 година и кои беа на сесија во Баку 2019 год, ние имавме задолженија да ги завршиме до јуни 2020 година. Но, реактивната мисија дојде само после шест месеци и извештајот кој беше сега на разгледување на сесија не ги содржеше сите напредоци. Сега периодот што го добиваме и одлуката која сега ја донесе комитетот за светско, природно и културно наследство на УНЕСКО е многу подобра него таа во Баку, затоа што сега имаме цели две години да работиме посветено, храбро и одлучно и да ги спроведеме препораките“, истакна градоначалникот Константин Георгиески, одговарајќи на новинарски прашања на тема УНЕСКО.„Јас одговорно ви тврдам и ви гарантирам дека сите задолженија кои се во надлежност на Општина Охрид ние ќе ги завршиме како и до сега и во однос на исполнувањето на препораките ќе треба исто така и надлежностите кои се под министерство за култура, транспорт и врски исто така да ги исполнат. Мислам дека оваа одлука сега е еден значителен исчекор напред и Охрид е во далеку подобра состојба него во 2019 година со тој ултиматум кој што го имавме до јуни 2020 година“, категоричен е Георгиески.Градоначалникот  вели дека и општината но и Владата со сите институции се цврсто решени да ги корегираат сите неправилности кои се како забелешка на УНЕСКО, се со цел Охрид да остане под закрило на оваа институција.„Не е само старото градско јадро надлежност на транспорт и врски, а тоа ќе го извршува Агенција за просторно и урбанистичко планирање за тие 19 урбани блока во старото градско јадро, кое е едно од забелешките на УНЕСКО. Но тука се и поставување на нови траси за пругата према Лин, Албанија, нова траса за автопатот Ќафасан  - Требеништа, дислокацијата и решавањето на Буково ... Инаку ние како општина имаме задача согласно новите препораки, согласно одлуката на комитетот од вчера да ги исчистиме сите објекти кои се за отстранување, да ги усогласиме барем 30% од детелните урбанистички планови во градот со планот за УНЕСКО, а се надевам дека до изборите и ГУП -от конечно ќе го донесиме. Наша друга надлежност е реажурирање на инвентарот на бесправните објекти и следна фаза по расчистување на крајбрежјето, најверојатно во 2023 година, да почнеме со расчистување на објектите кои се во Нацоналниот парк Галичица. 

Македонија | пред 4 години

Ohrid

(ФОТО) ЕКО ИНФО за Охрид во изминатите 24 часа

ЕКО ИНФО🌿✅Чистење и подигање на отпад од кругот на поранешната касарна, по одржаните концерти;✅Чистење на обраснато зеленило на пешачката патека кон Горица и патот кон село Лакочереј,✅Чистење на наноси од земја и камења на патниот правец кон село Велестово;✅Редовни активности за уредување на парковското зеленило;✅Тековно чистење на плажите.

Македонија | пред 4 години

kosta1-1-1

(ВИДЕО) Георгиески: Сите нелегални градби кои претставуваат опасност за регионот и се во спротивност на режимите на заштита ќе бидат отстранети

Oваа Локална власт со поддршката на Владата на Република Северна Македонија и во соработка со сите надлежни институции е цврсто одлучена да стави крај на долгогодишниот хаос, злоупотреби и узурпации на најатрактивната зона од заштитениот појас, истакна градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и додаде:Сите нелегални градби кои претставуваат опасност за регионот и се во спротивност на режимите на заштита ќе бидат отстранети, согласно новите препораки на УНЕСКО, Планот за управување, законските процедури и нема да има никаква селективност во постапките.

Македонија | пред 4 години

kosta1-1

Георгиески: Остануваме посветени, ги обезбедуваме најдобрите услови и ги реализираме најдобрите мерки со кои ќе ги зачуваме вредностите на нашиот Охрид

Успесите и испорачаните резултати на Општина Охрид во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО, беа едни од најважните причини поради кои Комитетот на светско наследство на УНЕСКО, на вчерашната седница, одлучи да ни даде уште една шанса и дополнителен рок за зачувување на Статусот на заштитено подрачје на Охридскиот регион.Остануваме посветени, ги обезбедуваме најдобрите услови и ги реализираме најдобрите мерки со кои ќе ги зачуваме вредностите на нашиот Охрид!Им порачувам на сите еколошки организации, поединци и политички партии, кои беа наши дежурни критичари и секојдневно отвараа негативни теми во јавноста, во иднина да покажат поголем степен на свесност и преку конкретни предлози и проекти да дадат поддршка на целокупниот процес за заштита на непроценливо богатство кое го ни е оставено како аманет, напиша во својата ФБ објава градоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 4 години

plazi

Георгиески за одлуката на УНЕСКО: За мене ова е нова енергија и мотив да продолжиме уште посилно во спроведување на решенија, кои ќе значат зачувување на статусот на светско наследство

Денешната консензуална одлука на Комитетот за светско природно и културно наследство на УНЕСКО за Охридскиот регион е вистинска потврда за нашите досегашни заложби, во исполнувањето на дадените препораки, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:✔️Ова особено се однесува на успешните и сериозни активности кои Општина Охрид ги реализираше во делот на отстранување на бесправните градби, уредување на крајбрежјето и доследното почитување на одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство.✊За мене оваа одлука е нова енергија и мотив да продолжиме уште посилно во спроведување на решенија, кои ќе значат зачувување на статусот на светско наследство, што веќе 40 години го поседува овој регион.📢Во името на граѓаните на Охрид, упатувам благодарност до Комитетот за дадената шанса, со уверување дека ќе ги вложиме сите напори за да покажеме дека знаеме да го чуваме и да грижиме за непроценливото богатство кое го имаме.

Македонија | пред 4 години

zaev-ohrid

Заев и градоначалникот на Охрид Георгиески: Охриѓани добиваат безбедна улица, а младите од Охрид и регионот современо училиште за средно стручно образование

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска, во придружба градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и на пратениците направи увид во работите на реконструкцијата на спортската сала и спортските терени на Општинскиот електромашински училиштен центар „Св. Наум Охридски“, и ја пуштија во улицата „15-ти Корпус“ – една од најзначајните сообраќајни артерии на Охрид.„Станува збор за исклучително важна улица бидејќи таа e влезот во градот за сите оние што во Охрид пристигнуваат од Ресен, Битола, Прилеп и од другите градови од истокот и југоистокот на нашата земја. Улицата е од исклучително значење за жителите од овој дел на градот, како и за сите индустриски капацитети и фирми кои гравитираат во индустриската зона која се протега долж улицата“, нагласи премиерот Заев на настанот.Проектот за реконструкција опфати замена на атмосферската канализација и поставување на нов асфалт на коловозот и комплетното уредување на пешачките и велосипедските патеки од двете страни на улицата.За реализација на овој значаен проект Општина Охрид издвои 30 милиони денари од општинскиот буџет, а останатите средства во износ од 28 милиони денари се обезбедени од ЈП „Државни патишта“.„Охриѓани, но и нашите редовни гости кои пристигнуваат во Охрид од овој приод кон градот, многу добро се сеќаваат во каква руинирана состојба беше оваа улица. Ценејќи ги вистинските и приоритетните потребни на граѓаните, но и на фирмите кои гравитираат во овој дел на градот одлучивме да го реализираме овој голем проект“, рече градоначалникот Константин Георгиески.Тој најави дека паралелно со реконструкцијата на оваа значајна сообраќајница во завршна фаза е уште еден голем и сложен инфраструктурен проект, а тоа е реконструкција на улицата „Абас Емин“.На увидот на работите на реконструкцијата на спортската сала и спортските терени на Општинскиот електромашински училиштен центар „Св. Наум Охридски“ беше истакнато дека ова средно училиште доживеа речиси целосна реконструкција и обнова.Во 2019 година со поддршка на Министерството за образование беа обновени прозорците и дел од кровната конструкција, а во 2020 година беше завршена обновата на покривот и комплетно реконструирана фасадата со што училиштето доби сосема нов лик.Сега се во тек работите на реконструкцијата на спортската сала и на спортските терени и со тоа ова училиште го добива целосниот модерен и функционален училиштен центар со сите погодности за изведување квалитетна настава.„Ова училиште, како партнер на програмата за дуално образование има посебно место во нашиот образовен систем со оглед на фактот што за оваа новина во нашето образование посветуваме посебно внимание за да биде целосно и успешно имплементирана“, истакна премиерот Заев.Дополнително, Oпштина Охрид ги реновираше сите училници, кабинети и канцелариски простории, а со цел да се овозможи поголема функционалност на онлајн часовите за учениците од ова средно училиште беа набавени 20 нови десктоп компјутери.

Македонија | пред 4 години

15-korpus

(ВИДЕО) Комплетно реконструирана улицата "15-ти Корпус" - Охрид доби модерен и уреден влез

Со реконструкцијата на улицата "15-ти Корпус" Охрид доби модерен и уреден влез на еден од главните приоди кон градот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:✔️Улицата е во должина од 1900 метри✔️Поставен е нов асфалт на коловозот✔️Извршена е замена на атмосферската канализација✔️Комплетно се уредени пашачките и велосипедските патеки од двете страни на улицата✔️Поставено е ново осветлување✔️Поставена е нова современа хоризонтална и вертикална сигнализација✔️Поставена нова водоводна линија и изградени се три потпорни ѕидови✔️Проектот е со вкупна вредност од 58 милиони денари.👍Продолжуваме посветено да работиме и да инвестираме во сообраќајната инфраструктура. Охрид заслужува современ урбан развој.

Македонија | пред 4 години

kosta-zaev

Георгиески и Заев официјално ја пуштија во употреба улицата „15-ти Корпус“ - комплетно реконструирана по сите најсовремени стандарди

Заедно со премиерот Зоран Заев денеска официјално ја пуштивме во употреба улицата „15-ти Корпус“, која е комплетно реконструирана по сите најсовремени стандарди, Напиша на својот Фб профил градоначалникот Константин Георгиески.Во продолжение на објавата градоначалникот додава:☑️Охриѓани добиваат уште една вредна капитална инвестиција која значително ги подобри условите за безбеден сообраќај.☑️Драго ми е што како локална и централна власт целосно ја препознаваме важноста на инфраструктурата како основа за подобрување на условите за живот на граѓаните и тоа што континуирано реализираме инвестиции кои придонесуваат за развој и напредок.

Македонија | пред 4 години

zaev-ohrid

Заев: Каква и да е одлуката на УНЕСКО Охрид и Охридското Езеро се нашето богатство што мора да го чуваме

Независно каква ќе биде одлуката на Комитетот за Светско наследство при Организацијата на ОН за образование, наука и култура за статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО, тоа е нашето културно наследство, природно богатство кое што мораме да го чуваме, истакна од Охрид премиерот Зоран Заев.– Она што е уништено со децении наназад, впрочем дури и од создавањето на заштитата на УНЕСКО до денеска и во последните 11 години под раководство на ВМРО-ДПМНЕ со целото мегаломанство, целата негрижа, навистина е мал периодот да се врати се во нормала. Но, благодарение на градоначалникот, неговиот Совет, на општинската администрација со сите аргументи кои што беа претставени од претставниците на Охрид, од Министерството за култура, мојот кабинет кои што се во постојана дебата вчера, а богами и денеска, навистина се менува сликата заради тие резултати што досега се постигнати. За нас е мотивација, и за државната власт и за локалната власт, да продолжиме. Сите знаеме дека Охрид ќе продолжи да се развива и мора да се развива. Не треба да биде запрен развојот на Охрид. Но, тоа мора да биде по план, така што максимална поддршка ни треба пред се од граѓаните. Каква и да биде денеска одлуката ние ќе ја почитуваме. Некој пат како што беше до пред вчера прифативме дури и ставањето под опасност значи аларм кај нас уште повеќе да бидеме фокусирани. Ќе ни биде драго и особено ќе го почитуваме ако го дадат тој дополнителен рок што ќе дискутираат таму на тие заседанија, затоа што не е ред светот да води грижа пред се за Охрид, ред е ние да водиме грижа дома и верувам дека ќе успееме, истакна премиерот Заев.Заев вели оти бил задоволен што експертската јавноста гледа оти се работи на зачувување на охридскиот регион.„Сите знаеме дека Охрид ќе продолжи да се развива и мора да се развива. Развојот на Охрид не смее да биде запрен, но тоа мора да биде според план. Ни треба малсимална подрршка од граѓаните“, порача Заев и додаде дека каква и да биде денешната одлука за УНЕСКО, власта ќе мора да ја почитува.Запрашан дали доколку биде поместен регионот на Листата светски приодни и културни богатства во опасност ќе биде побарана одговорност од институциите, премиерот истакна:– Одговорноста не можете да ја лоцирате, ниту во нашите, ниту во меѓународните закони, заради тоа што тоа низ времето е дозволено се. На крајот државите немаат за цел да санкционираат или да отворат постапки судски, правни, или какви било. Главната цел е да не се повтори тоа што го довело Охрид, Охридското Езеро и охридското крајбрежје и целиот заштитен регион за да воопшто се дискутира тоа. Да ни биде поука и да учиме. Охрид, нашето прекрасно Охридско Езеро треба да го чуваме такво какво што природата и Господ ни го дариле. И верувам дека ќе успееме во тоа, а притоа да се развиваме и токму поради неговата посебност да биде атракција, рече премиерот.Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, по однос расправата во УНЕСКО рече дека независно одлуката ќе се удвојат напорите и активностите за исполнување на препораките.– Доколку добиеме дополнителен рок од две години, ќе продолжиме уште поодговорно, уште похрабро да работиме на имплементацијата на препораките. Она што е во наша надлежност како општина е усогласување на деталните урбанистички планови, отстранување на бесправно изградените објекти. Ние покажавме решителност и дека не се двоумиме во однос отстранувањето на дивоградбите, така и ќе продолжиме, истакна градоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 4 години

15_ti_Korpus_11172020002

Георгиески пред премиерот ги образложи инфраструктурните проекти во Општина Охрид

„Драго ми е, што како локална и централна власт целосно ја препознаваме важноста на инфраструктурата како основа за подобрување на условите за живот на граѓаните и тоа што континуирано реализираме инвестиции кои придонесуваат за развој и напредок. Охрид како туристички центар заслужува висококвалитена сообраќајна мрежа, па токму затоа во текот на изминатиот период бевме особено посветени на ова поле и успеавме да реализираме низа проекти со кои значително ја подобривме урбаната слика на градот“, истана градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески на средбата со Премиерот Зоран Заев.Градоначалникот ги образложи инфраструктурните проекти кои во моментов се изведуваат во Општина Охрид.„Еден од тие проект е и улицата „15-ти Корпус“, која е комплетно реконструирана по сите најсовремени стандарди и на мое големо задоволство, заедно со премиерот Зоран Заев денеска официјално ја отвараме за користење.Охриѓани но и нашите редовни гости кои пристигнуваат во Охрид од овој приод кон градот, многу добро се сеќаваат во каква руинирана состојба беше оваа улица. Ценејќи ги вистинските и приоритетните потребни на граѓаните но и на фирмите кои гравитираат во овој дел на градот одлучивме да го реализираме овој голем проект.Како што знаете, се работи за улица во должина од 1900 метри на потегот од крстосницата со улица „Железничка“ до влезот во село Лескоец, која денес има модерен и уреден изглед и овозможува поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.Поставен е нов асфалт на коловозната лента, комплетно се уредени пашачките и велосипедските патеки од двете страни на улицата. Извршена е замена на атмосферската канализација, поставена е нова водоводна линија на еден потег на улицата и изградени се три потпорни ѕидови. Поставено е ново осветлување соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација.Вкупната вредност на овој проект е 58 милиони денари. Од нив 30 милиони денари беа обезбедени од буџетот на Општина Охрид, а 28 милиони денари беа обезбедени од ЈП „Државни патишта“ и оваа можност ја користам да им искажам голема благодарност за целокупната соработка.Паралелно со реконструкцијата на оваа значајна сообраќајница работевме на уште еден голем и сложен инфраструктурен проект, а тоа е реконструкција на улицата „Абас Емин“ која наскоро ќе биде финиширана и пуштена во употреба. Исто така, во моментот работиме на реконструкција на улицата „Јане Сандански“, а во текот на изминатите две години извршивме комплетна реконструкција на улиците „АСНОМ“, „Егејска“, „Прва Македонска ударна бригада“, „Охридска бригада“, „Марко Цепенков“ и беше изградена нова улица на потегот во поранешната касарна. Во текот на наредниот период планирано е да започнеме со комплетна реконструкција на улиците „Македонски Просветители“ и „Гоце Делчев“, истакна Георгиески и додаде:Покрај инвестициите во сообраќајната инфраструктура, како локална самоуправа особено сме посветени на подобрување на условите во образованието. Реализиравме и тековно работиме на голем број зафати во сите основни и средни училишта.Денеска со премиерот, Заев го посетивме Општинскиот електромашински училиштен центар „Свети Наум Охридски“, каде беше изградена нова спортска сала, реконструиран е покривот на училишната зграда, поставена е нова енергетски ефикасна фасада, поставени се нови пвц прозорци, нови подови во сите училишни простории, реконстуирани се таваните и внатрешните ѕидови и поставено е ново осветлување.Во моментот се изведуваат работни активности за реконструкција на спортските терени, а наскоро треба да започне обнова на подовите во ходничните простории и уредување на просторот пред влезот на училиштето. Благодарение на овие инвестиции значително се подобрени условите за настава, а училиштето стана еден од најдобрите примери за спроведување на дуално образование во нашата држава.Продолжуваме да инвестираме плански и одговорно, за секој граѓанин да добие подобри услови во своето место на живеење и да креираме проекти кои овозможуваат подобра иднина за сите“, истакна градоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 4 години

zabrana

Водата од Пештани, Велестово, Елешец и плажа “Оревче” забранета за пиење

Врз основа на добиените известувања од Агенцијата за храна и ветринарство-Сектор за инспекциски надзор на Република Северна Македонија, Инспекторатот при Општина Охрид упатува известување до јавноста дека водата од водоснабдителниот објект во сопственост на МЗ с. Пештани и плажа „Оревче“, МЗ с. Елшани и МЗ с. Велестово, водата се забранува за пиење.Оваа забрана, Секторот за инспекциски надзор при Агенцијата за храна и ветринарство ја издава врз основа на резултатите од лабараториските анализи кои се направени од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид. Општина Охрид

Македонија | пред 4 години

centar-mladi

Георгиески: Младите охриѓани ќе можат да креираат програми и проекти и да бидат носители на позитивни промени во нашиот град

Охрид добива Младински центар каде што младите охриѓани ќе можат да креираат програми и проекти и да бидат носители на позитивни промени во нашиот град.За таа цел Локалната самоуправа обезбеди простор лоциран во објектите на поранешната касарна, кој преку јавен повик и транспарентна постапка ќе биде отстапен на користење на младинска организација.Нашата цел е да ги мотивираме младите да се вклучат во заедничката мисија да го направиме Охрид посакувано место за живеење и да создадеме услови за подобра иднина.Градењето на партнерство помеѓу општината и младите е единствениот начин на кој ќе бидеме сигурни дека нашите политики се исправни и се однесуваат на вистинските потреби на заедницата, пишува градоначалникот Георгиески во својата ФБ објава

Македонија | пред 4 години

kosta-eko

(ФОТО) Чистење на обраснато зеленило во околината на Саат кулата и на неколку локации во Стар град

Чистење на обраснато зеленило во околината на Саат кулата и на неколку локации во Стар град;✅Чистење на наноси од земја и камења на патниот правец од Велгошти до црквата "Свети Илија";✅Активности за чистење и уредување во кругот на поранешната касарна;✅Активности за подигање на кабаст и зелен отпад во населба "Билјанини извори";✅Чистење на плажата во населба Воска и чистење и одржување на останатите плажи, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Георгиески до Оријан: Упатувам јавна благодарност за целокупната поддршка и досегашна соработка

Чест ми е што денес мој гостин беше Амбасадорот на Израел, Дан Оријан. Разговараме за повеќе актуелни теми, како и за можностите за меѓусебна соработка особено во делот на образованието и туризмот.Поради завршување на мандатот, ова беше последна протоколарна посета на Охрид од страна на амбасадорот Оријан и затоа упатувам јавна благодарност за целокупната поддршка и досегашна соработка, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 4 години

kosta22

Георгиески: Донесовме одлука со која ќе го финишираме процесот раздолжување на општината

Со особено задоволство и гордост можам да ве информирам дека на денешната седница на Советот, успеавме да направивме голем исчекор кон исполнување на една од најзачајните цели, на кои како локална власт бевме исклучително посветени, а тоа е враќањето на финансиската стабилност на Општина Охрид.Денес донесовме важна одлука со која ќе го финишираме процесот раздолжување на Општината, во согласнот со Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.Со посветена и напорна работа за само две години успеавме да го намалиме деценискиот долг на општината, за повеќе од една милијарда денари.По денешната одлука за задолжување, започнуваме постапка преку која општината ќе го исплати преостанатиот дел од сумата што е евидентирана како неисплатен долг и од која, врз основа на извршни решенија секојдневно се генерираат нови обврски за подмирување, со астронoмски камати. Со оваа постапка ќе овозможиме одблокирање на сметката на општината, која е блокирана околу 16 години. За сите чекори кои ќе следат во понатамошниот процес, јавноста, како и до сега, ќе биде целосно и навремено информирана.Изненаден сум, а воедно и разочаран што советниците на опозициската ВМРО ДПМНЕ повторно не покажаа политичка волја, капацитет и желба да бидат дел oд овој историски момент, кој значително ќе придонесе за подобро финансиско менаџирање на општината, ќе овозможи поголем развој на градот и подобри услови за нашите сограѓани.Советниците кои не гласаа за Предлог одлуката за долгорочно задолжување на општина Охрид во насока на враќање на финансиската стабилност, финиширање на процесот на раздолжување и одблокирање на сметката, покажаа дека се засегнати само за своите лични и политички интереси и дека не им е грижа ниту за градот, ниту за охриѓани!Покажаа дека не сакаат нови инвестиции во градот, кои локалната самоуправа ќе може да ги финансира самостојно и врз основа на здрав буџет. Покажаа дека не сакаат нови училишта, нови градинки, ниту нови инфраструктурни и капитални проекти кои се од непроценливо значење за развојот на Охрид, како културен и туристички центар.Со оваа нивна незрела политичка одлука, уште еднаш докажаа дека не свесни за функциите кои им се доверени и дека немаат капацитет да работат во интерес на сите граѓани.На јавноста и е добро познато дека како градоначалник на Општина Охрид, преку нивните смешни партиски прес конференции, неосновани соопштенија и фејсбук кампањи, преку лаги, лични навреди и говор на омраза, секојдневно ме повикуваат со цел да го нарушат мојот углед и да го уништат имиџот на општината. Во тој контекст, оваа можност ја користам да го кажам следново:Жал ми е, што ВМРО ДПМНЕ не успеа да излезе од старата матрица за креирање на штетни политики, дека продолжи да тоне во сопствените лаги и остана партија која единствено знае да работи против интересите на граѓаните.Голема штета е што не сме на исто ниво во мислењата и визиите за идниот развој на Охрид и тоа што не можеме да имаме демократска и достоинствена дебата. Со денешната одлука да не гласаат, тие покажаа дека немаат елементарни познавања за состојбите, немаат капацитет да ги разберат важните предизвици и немаат храброст да изнаоѓаат трајни решенија.За разлика од нив, јас како градоначалник и советниците на мнозинството во Советот на општината, како и до сега сериозно и посветено продолжуваме да работиме за остварување на зацртаните проекти и да овозможиме подобра иднина за новите генерации во Охрид. Тоа е наше задоволство, обврска и чест! Охрид се сака со дела, а не со празни зборови, пишува во својата ФБ објава градоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 4 години

Fizibiliti_zadolzuvanje_07202021003

Одржана јавна расправа за оправданоста од долгорочно задолжување на општина Охрид

Денеска во Општина Охрид беше одржана Јавна расправа во врска со Физибилити анализата на оправданоста за долгорочно задолжување на општината, во насока на намалување на долгот и враќање на финансиската стабилност.На расправата се дискутираше за придобивките и ризиците од ваквиот начин на раздолжување, кои беа дадени во физибилити анализата и за сите детали од досегашниот процес на раздолжување, врз основа на Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа. -Раздолжувањето на општината, беше еден од најважните приоритети на кои бевме исклучително посветени во текот на изминатите две години и благодарение на поддршката и помошта од Владата на Република Северна Македонија, долгот на општината е намален за повеќе од една милијарда денари. Во 2017 година, долгот на Општина Охрид изнесуваше 1.573.036.905 денари, а во моментот вкупниот долг на изнесува околу 470.000.000 денари. Продолжуваме со процесот на раздолжување во согласност со сите финансиски препораки и релевантни експертски анализи и се надевам дека ќе успееме да оствариме евидентен успех. Тоа ќе биде една добра основа за развој и напредок на општината, на сите полиња, потенцираше меѓудругото градоначалникот Константин Георгиески, во своето излагање пред присутните.Претходно, согласно законската регулатива, Физибилити анализата на оправданоста за долгорочно задолжување на општината беше јавно објавена, со цел граѓаните да бидат консултирани и да може да се вклучат со искажување на свои ставови, мислења и предлози за издржливоста на одлуката за раздолжување, по пат на кредитно задолжување од деловна банка.

Актуелно | пред 4 години

studencisko-blato

Нуредини: Студенчишко Блато под привремена заштита

Додека трае постапката за прогласување на локалитетот Студенчишко Блато за заштитено подрачје во категоријата парк на природата, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, согласно Законот за заштита на природата, донесе Решение за негова привремена заштита. Привремената заштита на подрачјето ќе се применува до денот на влегувањето во сила на Законот со кој ќе се прогласи Студенчишко Блато за заштитено подрачје, а кој е завршна фаза на изработка. Во меѓувреме, Студенчишко Блато е прогласено за водно живалиште од меѓународна важност според Рамсарската Конвенција.Согласно Решението за привремена заштита на Студенчишко Блато, за времетраењето на привремената заштита на подрачјето нема да се спроведуваат активности од постоечкиот ГУП на градот Охрид во делот на Урбана Заедница – УЗ 17, Урбан блок – У.Б 17.1, како и изработка и донесување на урбанистички планови и урбанистички проекти, урбанистички проекти за партерно уредување на просторот, спровдување на постапкa за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, спроведување на постапка за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште, одлагање на шут и комунален отпад, употреба на хемиски заштитни средства и минерални ѓубрива за земјоделски активности, доделување на нови или продолжување на постоечките концесии согласно прописите за концесии и јавно приватно партнерство, прописите за градежно земјиште, како и прописите од областа на лов и риболов и проширување или изградба на нови патишта, соопштија од министерството.извор/фото: агенции

Македонија | пред 4 години

plaza-19

Општина Охрид: Приватните сместувачки и угостителски објекти имаат право да стопанисуваат со плажите пред објектите, само во согласност со склучените договори со локалната, на слободните плажи има ред...

Приватните сместувачки и угостителски објекти, кои се лоцирани во првата крајбрежна зона на Охридското Езеро имаат право да стопанисуваат со плажите пред објектите, само во согласност со склучените договори со Општина Охрид, во кои е утврдена површината за поставување на урбана опрема.Вакви договори се склучени со сместувачките капацитети: вила „Свис“, хотел „Холидеј-М“, хотел „Орце Николов“, хотел „Аквалина“, хотел „Силекс“, хотел „Лагадин“, хотел „Мизо“, хотел „Десарет“, хотел „Инекс Горица“, хотел „Гранит“, хотели „Метропол“, угостителските објекти „Бонанаца“, „Егоист“, „Голден бич“ и автокамп „Љубаништа“. Правните лица кои се сопственици на овие сместувачки и угостителски објекти, плаќаат надомест на Општина Охрид, врз основа на површината за поставување на урбана опрема, која е наведена во склучените договори. Договорите се активни од 03.07.2021 до 30.09.2021 година.Со цел да се спречи узурпирање на поголем простор и поставување на лежалки, маси, столици и реквизити надвор од договорената површина за поставување на урбана опрема, инспекторите од Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид спроведуваат редовни контроли на плажите.Ја информираме јавноста дека ваквите контроли ќе бидат континиурани во текот на целата летна сезона и ќе бидат во координација со Државниот пазарен инспекторат. Редовни контроли ќе се спроведуваат и на слободните плажи кои не се издадени под концесија и за кои нема договори за поставување на урбана опрема, со цел да се превенира диво поставување и издавање на реквизити.Ваквите активности се спроведуваат заради воведување на ред во стопанисувањето со брегот на езерото и да се обезбеди повеќе слободен простор за жителите и туристите, кои одмараат на крајбрежјето.

Актуелно | пред 4 години

Нема фотографија

Градоначалникот го објави 24 часовното ЕКО ИНФО за Охрид

Чистење на ноноси од земја и камења во село Велгошти;✅Тековно одржување на јавни површини во Стар град;✅Активности за подигање на кабаст и зелен отпад од неколку локации;✅Уредување на зеленило во градски парк;✅Уредување на цветните аранжмани на кружните текови на булевар "Туристичка";✅Тековно чистење и одржување на плажите.

Актуелно | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања