Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

OHRID

filmski-festival

Од 21-ви до 25-ти јули во Охрид Четвртото издание на фестивалот на нов европски филм – Beach Film Festival

Четвртото издание на Фестивалот на нов европски филм – Beach Film Festival ќе се одржи во Охрид од 21-ви до 25-ти јули годинава.🎞️Проекциите во рамки на фестивалот ќе бидат на плажата "Горица 3", на бродот "Армада"и во Музејско-културниот центар "Лапидариум". Влезот на фестивалот е бесплатен.🎬Оваа културна манифестација се реализира со поддршка на Општина Охрид, Агенцијата за филм и Музејско Културен Центар "Лапидариум", напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Актуелно | пред 4 години

turisti3

Градоначалникот Георгиески им посака топло добредојде на холандските туристи

Денеска го дочекавме првиот авион од холандски туристи , со 171 туристи на кој што сакам да им посакам добредоје во нашиот прекрасен туристички Охрид. Во оваа туристичка сезона ќе следат чартер групи секој понеделник и петок се до 26 септември по од прилика ист број на туристи, рече во својата изјава градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.Притоа тој додаде , со ова ние правиме значаен чекор во зависност и споредба со претходната година кога немавме ниту еден чартер лет со холандски туристи. Со тоа покажавме дека борбта против пандемијата, заложбите, спроведувањето на мерките а и процесот на вакцинација беше на одлично ниво, а итоа го покажува дисциплинскиот број на новозаболени, што донесе таков предуслов да имаме странски туристи ова лето, Охрид е подготвен од било кога досега. Им посакувам среќно добредојде, убав одмор, да уживаат во природните и универзални вредности на Охрид како едно светско , природно културно богатство, истакна градоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 4 години

prskanje-komarci

Денеска ќе се прска против комарци во Охрид

Теристичкото запрашување ќе се врши во периодот од 21:00 до 06:00 часот на територија на град Охрид и крајбрежниот појас на потег од село Подмоље до хотел „Парк“ и подножјето на планината Галичица (населба Билјанини извори), како и на потег од река Грашница, Коселска Река, крајбрежје од автокамп Љубаништа до комплекс Св. Наум.Потребно е пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Актуелно | пред 4 години

parking-mesta

(ФОТО) Се отстрануваат нелегално поставените препреки на јавни површини во Охрид

Се отстрануваат нелегално поставените препреки на јавни површини. Улиците се јавни површини, па неможе своја рака граѓаните да си зацртуваат паркинзи, пред објектите или пред живеалиштата.Општина Охрид на 2 јули објави апел до граѓаните кои узурпирале јавни површини сопственост на РСМ со поставување тврди сообраќајни препреки како што се рампи, синџири, „триаголници“ за забрането паркирање или други ознаки во најскоро време да ги отстранат истите.По апелот за кој охриѓани имаа доволно време да ги отстранат истите денеска екипи на надлежните служби на Општина Охрид, започнаа акција со која општината ги ослободува јавните површини.Од општината уште апелираат нелегалното поставување на сообраќајни препреки на јавни површини граѓаните да го пријават на адреса: inspektorat@ohrid.gov.mk

Актуелно | пред 4 години

Нема фотографија

Отстрането соборено дрво во паркот "Билјанини извори", после вчерашното невреме

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески на својот ФБ профил објави ЕКО ИНФО. Во објавата градоначалникот пишува:Отстрането соборено дрво во паркот "Билјанини извори", после вчерашното невреме;✅Чистење на несоодветно депониран зелен отпад кај "Сараиште";✅Чистење на дива и обрасната вегетација во кругот на поранешната Касарна;✅Двосменско чистење и одржување на плажите;✅Редовно подигање на отпад и метење на јавни површини.

Македонија | пред 4 години

Kadri-selman

Георгиески објави видео за Селман од DW: Ќе продолжиме да ги мотивираме и цени вредните работници

Кадри Селман со својата креативност и неуморна работа е една убава и позитивна приказна од нашиот Охрид.💚Секоја чест и почит!➡️Локалната самоуправа ќе продолжи да ги мотивира и цени ваквите вредни работници, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Видеото може да го погледнете на овој линк. 

Актуелно | пред 4 години

ohrid-okreg

(ФОТО) Еко инфо за изминатите 24 часа за Охрид

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески на својот ФБ профил објави како што пишува - ЕКО ИНФО-Чистење на окрек и алга на пристаниште и кеј "Македонија";-Подигање на градежен шут и кабаст отпад од неколку локации;-Обновување на цветни жардињери на булевар "Туристичка";-Тековно метење на тротоари;-Косење на обраснато зеленило на булевар "Туристичка" и кај спортско игралиште "Стобекс".

Актуелно | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Георгиески: Екипите на ЈП "Охридски Комуналец" непрекинато спроведуваат интензивни активности за чистење и уредување на јавните површини

Екипите на ЈП "Охридски Комуналец" непрекинато спроведуваат интензивни активности за чистење и уредување на јавните површини. Деновиве се изврши:➡️Косење и хортикултурно уредување на зеленилото во градскиот парк и на булевар "Туристичка";➡️Кастрење на обраснатото зеленило на патниот правец од Охрид до Лакочереј преку село Орман;➡️Чистење на дива депонија од кабаст отпад во село Трпејца;➡️Чистење на дива депонија во населба Воска;➡️Секојдневно одржување на јавната чистота на крајбрежниот појас од Охридското Езеро во две смени на потегот:▪️Плажа Горица 3;▪️Плажа Свети Стефан;▪️Плажи од Лагадин до камп Елешец;▪️Плажа Грашница;▪️Плажа село Пештани.➡️Секојдневно одржување на јавната чистота на локациите каде се изведува програмата на фестивалот "Охридско лето".

Македонија | пред 4 години

spasuvaci

(ФОТО) Георгиески: Тимови на спасители на вода од охридскиот Црвен Крст се ангажирани за безбедност на капачите и посетителите на сите плажите

Тимови на спасители на вода од охридскиот Црвен Крст се ангажирани за безбедност на капачите и посетителите на сите охридски плажи кои Општина Охрид ги уреди за слободно за користење.🏖️Почнувајќи од 13 јули тимовите на спасители секојдневно, во периодот од 11 до 19 часот вршат патролни обиколки со спасителен чамец на вода, со велосипеди или пеш на плажите во:➡️"Горица 3",➡️"Свети Стефан",➡️"Лагадин",➡️"Елешец", напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.📢Општина Охрид и Црвен Крст апелираат до сите посетители, корисници на капалиштата, до издавачите на пловни реквизити (педалинки, кајаци и сл.) да се придржуваат на препораките и мерките за безбедно одвивање на капење, спорт и рекреација.

Актуелно | пред 4 години

proekt

Проект за заштита на старите урбани јадра

Општина Охрид е учесник во проектот на тема: Знаење, заштита и вреднување на старите урбани јадра во Република Северна Македонија и Албанија, во организација на Асоцијацијата Места и градови со исклучителни вредности во Франција, која во 2020 година беше еден од победниците на конкурсот „Готов проект“ на Министерството за надворешни работи на Франција со проектот предложен во партнерство со Република Северна Македонија и АлбанијаВо овој проект се вклучени 16 градови од трите држави со поддршка на придружни членки: Министерството за култура на Република Северна Македонија и Министерството за култура на Албанија, Заедницата на единиците на локална самоуправа, Асоцијацијата на архитекти на Македонија како и професионалци и експерти за културно наследство и урбанизам од земјите учеснички, и тоа следните градови :Франција (6): Ремс (Reims), Кале (Calais), Периге (Périgueux), Елбеф (Elbeuf), Ла Реол, (La Réole) и Болие-Ле-Лош (Beaulieu-lès-Loches)Северна Македонија (8): Битола, Охрид, Штип, Велес, Берово, Куманово, Кратово, и КавадарциАлбанија (2): Берат и ЕлбасанОвој двогодишен проект има зацртано три цели: знаење, заштита и вреднување на културното наследство, што пак, упатува на трансверзална работа за спојување на алатки за урбанизам на културното наследство со зголемување на свеста на граѓаните и избраните претставници, како и  промоција на локалитетите.Проектот вклучува соработка меѓу француските, македонските и албанските професионалци, подобрување на размената на искуства меѓу трите земји, иницирање на методи за заедничко работење во однос на културното наследство и јакнење на  професионалните компетенции на партнерите вклучени во проектот (студиски посети и стажирање, работилници, обуки, семинари). За постигнување на очекуваните резултати, француската Асоцијација ќе им даде поддршка на градовите од Северна Македонија и Албанија во креирањето алатки за управување, заштита и вреднување на културното наследство, што пак, ќе овозможи испитување на разни приоди за работа што можат подоцна да се продлабочат (инвентаризација на културното наследство, алатки и активности за медијација, сигналитика на културното наследство). Работните групи редовно ќе одржуваат состаноци што ќе овозможи континуирано следење на активностите со размена на идеи за завршните производи. Преку комуникациски активности ќе се постигне подобро запознавање со проектот и учесниците, зголемување на свеста на населението за културното наследство и поширока промоција.Проектот е конципиран и прилагоден според потребите во двете земји и подразбира вклучување на општините и разни партнери, јакнење на компетенциите на избраните претставници и на стручните лица, креирање алатки за заштита и вреднување на културното наследство како и подобрување на соработката на регионално, национално и меѓународно ниво.Значајна цел на овој проект е да придонесе во размената на искуства и експертиза, корисни за сите партнери учесници.  На тој начин, проектот ќе овозможи: отпочнување конкретни активности со воспоставување оперативни алатки што можат да послужат како база за поголеми проекти; зајакнување на компетенциите на професионалните лица во раководењето, заштитата и вреднувањето на културното наследство; споделување на искуствата во меѓународната мрежа со мултидисциплинарни тимови  и олеснување на реализацијата на проектите преку децентрализирана соработка; зајакнување на медијацијата на локалното население за културното наследство и  присуство на меѓународен план; олеснување на меѓународна мобилност на партнерите во проектот, со цел поголема размена на искуства за време на проектот помеѓу македонските, албанските и француските партнери; овозможување широки видици на учесниците во проектот за збогатување на нивната практична работа; искористување на можноста за промоција на меѓународно ниво на проект кој е победник на француското Министерство за надворешни работи.

Македонија | пред 4 години

60-ta_Sednica_Sovet_06302021003

Свикана 61-та седница на советот на општина Охрид

На 22 07 Советот на општи а Охрид ќе ја одржи 61-та седница. Предвидени се 8 точки од Дневниот ред и тоа:Усвојување на Записникот од 60-та  седница    Предлог – Одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на работното време на вработените во јавната општинска установа за деца – детска градинка „Јасна Ристеска“ – Охрид.Предлог – Одлука за формирање групи во ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ – Охрид, со помал односно поголем број деца од законски утврдениот број.Предлог – Одлука за давање согласност на одлуката за пренамена на финансискиот план на ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ – Охрид за периодот од 2021 година.Предлог – Одлука за давање согласност на измените на годишниот план за вработување на ООУ„Григор Прличев“ – Охрид за 2021 година.Предлог – Одлука за давање согласност на годишниот план за вработување на ООУ„Григор Прличев“ – Охрид за 2022 година.Предлог – Одлука за изменување и дополнување на одлуката за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште бр.08-4086/68 од 28.04.2021 година.Предлог – Одлука за отстапување на времено користење простор и спроведување постапка за формирање на Младински центар – Охрид.Предлог – Одлука за долгорочно задолжување на општина Охрид.Седницата ќе се одржи во големата сала во зградата на Општина Охрид, со почеток во 11 часот.

Македонија | пред 4 години

Revalorizacija_Ohridsko_Ezero_07142021003

Презентација на нацрт студијата за ревалоризација на Охридското езеро

Како дел од финалните активности за изработката на Студијата за ревалоризација на Охридското Езеро, денеска во Општина Охрид се одржа презентација на последната нацрт верзија на овој важен документ.Студијата се изработува од страна на Меѓународната Унија за Заштита на Природа IUCN ECARO како дел од активностите за донесување на Законот за ре-прoгласување на Охридско Езеро како Споменик на природата.На состанокот покрај претставниците на Меѓународната унија за заштита на природа (IUCN ECARO), Програмата на ООН за животна средина (UNEP), Министерството за животна средина и просторно планирање беа присутни и градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески, градоначаникот на Општина Струга, Размиз Мерко и градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески.На состанокот се дискутираше за теми поврзани со предложените граници и зони на Охридското Езеро, дозволени и забранети активности, формирање на Управувачко тело, како и запознавање со постапката за ре-прогласување на Охридското Езеро во категоријата Споменик на природата.Во процесот на изработка на Нацрт Студијата за ревалоризација на природните вредности на Охридското Езеро претходно била одржана Јавна консултација, како и низа состаноци со сите засегнати страни.

Актуелно | пред 4 години

prskanje

Заштита на пчелите поради планираното прскање против комарци

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 и 150/2015), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка Општина Охрид го издава следното соопштение:Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден 19.07.2021 год. (понеделник) ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 21 до 06 часот.Теренијалното запрашување ќе се врши на територија на град Охрид и крајбрежниот појас на потег од с. Подмоље до х.Парк и подножјето на планината Галичица (нас. Б.Извори), како и на потег од река Грашница, Коселска Река, крајбрежје од автокамп Љубаништа до комплекс Св.НаумСе молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Актуелно | пред 4 години

subvencii

На 84 охридски домаќинства им се исплатени вкупно 1.154.000 денари како субвенција за набавка на инвертер клима уред

На 84 охридски домаќинства им се исплатени вкупно 1.154.000 денари како субвенција за набавка на инвертер клима уред.Ова е дел од мерките кои Општина Охрид ги спроведува за заштита на животната средина.Според условите на јавниот повик се надоместуваат дел од трошоците направени при набавка на клима-уредот во висина од 50%, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство, напиша на својот Фб профил, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 4 години

inverter-klima

Започна исплатата на субвенциите за набавка на клима уреди

Согласно Програмата за заштита на животната средина и природата за 2021 година, а врз основа на претходно објавен повик,  Општина Охрид  започна со исплата на   1 154 000  денари на 84  домаќинства  од Охрид    за субвенционирање  при  набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред.  Според планираното општината  им надоместува  дел од трошоците направени при набавка на уредот во висина од 50%,  но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.Со ваквиот проект  локалната власт настојува да  ги стимулира жителите на општина Охрид (домаќинствата) за примена на посовремени уреди  за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината.  Домаќинствата на кои им беа доделени субвенциите мораа да ги исполнат сите услови предвидени во јавниот повик што за таа намена беше објавен во месец март годинава.

Македонија | пред 4 години

kosta-1

Георгиески за „Охридско лето“: Обврзани сме да продолжиме да ги чуваме и негуваме овие културни вредности

„Охридско лето“ е најсветлата ѕвезда на македонското културно небо, темел на нашата традиција и вистинска гордост за секој охриѓанец. Оваа најаголема музичко сценска манифестација е нераскинлива нишка на нашиот идентитет и препознатлив печат со непроценливо уметничко значење. Обврзани сме да продолжиме да ги чуваме и негуваме овие културни вредности и да создадеме услови за нивно поголемо унапредување и почитување, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Во објавата градоначалникот додаде:Уметниците од Националната опера и балет, вчеравечер со прекрасна балетска изведба на „Големиот Чајковски“ го означија стартот на овогодинашното фестивалско издание.Убеден сум дека во текот на наредните денови ќе имаме можност да уживаме во уште многу прекрасни изведби од врвни уметници.

Македонија | пред 4 години

oh-leto-7

(ФОТО) Охридско лето се отвори со „Големиот Чајковски“

Со гала балетскиот концерт „Големиот Чајковски" на Националната опера и балет отворено 61. издание на „Охридско лето“.Пред исполнетиот аудиториум на Античкиот театар, Фестивалот за отворен го прогласи покровителот на манифестацијата, претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.– Автентичната уметност ни ја нуди надежта и како личен и како колективен феномен, нè поттикнува да ја бараме вистината и да ја прегрнеме добрината. Како критичар на сите апарати и системи на моќта, уметноста нѐ охрабрува да не се помируваме со злоупотребите и да не молчиме пред неправдите. Дури и кога е игнорирана или забранувана, уметноста си го пробива патот меѓу луѓето, меѓу народите, јазиците и културите, ширејќи го просторот за свет со почовечки лик, истакна во дел од своето обраќање Претседателот Пендаровски.Министерката за култура Ирена Стефоска пред присутните потенцираше дека „Ниту Охрид меже без „Охридско лето" ниту „Охридско лето" без Охрид.„Магијата е взаемна како што е магичен и целиот регион. Доаѓајте со респект во Охрид, Охрид не е забавен парк, Посетете ја питомата Струга, Струга не е само уште еден град. Прошетајте ја Дебрца, Дебрца не е депонија. Искачете ја Галичица и напојте го погледот со убавина, Галичица не е само уште една планина. Охридското Езеро е редок дар, а не базен. Регионот е волшебство од природата и наследство на историјата. Тапијата е во наши раце само на чување и затоа мора да ја сочуваме – не заради УНЕСКО, туку заради оставениот аманет кој е и наша обврска и наша чест, истакна Стефоска.Охридско лето ќе трае до 20 август. На сцените ќе настапат повеќе од 500 уметници од 18 земји.

Македонија | пред 4 години

gradonacalnik-i-ambasadorka-sad

Средба Георгиески – Брнз, разговараа за УНЕСКО, инвестициите на општината во инфраструктурата, враќањето на финансиската стабилност, локалниот економски развој

Амбасадорите на САД, Велика Британија и ЕУ со јавна поддршка за активностите кои ги прави градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски, а со кои се спроведе Закон на брегот на Охридското езеро и се прави се градот да остане град на УНЕСКО.„Големо е задоволството што денеска моја гостинка беше амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз со која имавме можност да поразговараме за повеќе актуелни и важни прашања за Охрид.Горди сме што амбасадорката Брзн уште еднаш ја потенцираше нејзината поддршка на заложбите и посветноста на локалната и централната власт за зачувување универзалните вредности и уникатните аспекти на Охридскиот регион.Покрај темата за исполнување на препораките на УНЕСКО и владеење на правото, имавме можност да разговараме и за инвестициите на општината во инфраструктурата, враќањето на финансиската стабилност, локалниот економски развој, актуелните вложувања на странските компании и развојот на туризмот во Охрид“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

Актуелно | пред 4 години

Kosta

Георгиески доби поддршка и од амбасадорот на Италија за исполнувањето на препораките на УНЕСКО

Чест ми е што денес добив поддршка од амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Андреа Силвестри во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО, владеењето на правото и зачувување на светското природно и културно наследство на Охрид, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Во објавата градоначалникот додава:Освен за најактуелната денешна тема и честитките за освоената европска титула на Италјанската фудбалска репрезентација, со амбасадорот Силвестри разговаравме и за унапредување на меѓусебната соработка во сферата на туризмот. Изразивме надеж дека по надминување на пандемијата со „Ковид 19“ интензивно ќе продолжат активностите за промоција на Охрид пред италјанските туристи.Тема на средбата беше и соработката на полето на културата, особено во креирање на програмата на реномираниот фестивал „Охридско Лето“.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Населбите Воска и Далјан и сите жители на Охрид добиваат нов инфраструктурен проект вреден 38.500.000 денари

Населбите Воска и Далјан и сите жители на Охрид добиваат нов инфраструктурен проект вреден 38.500.000 денари. Се работи за реконструкција на улицата "Гоце Делчев" каде што Општина Охрид ќе ги инвестира средствата обезбедени од страна на Владата на Република Северна Македонија во рамки на Програмата ТАВ за поддршка на инфраструктурни проекти, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додаде:Според првичните планови, овие средства требаше да бидат наменети за реализација на дел од проектот за реконструкција на кеј "Македонија", но бидејќи за овој проект се уште нема одобрение од страна на УНЕСКО, Општина Охрид одлучи средствата да ги пренамени за реализација на проект во делот на сообрќајната инфраструктура за кој имаше обезбедено комплетна техничка документација и одобрение за градба.Инвестициите во инфраструктурата се нашиот приоритет и продолжуваме да работиме посветено за обезбедување на подобри услови за сите граѓани.

Македонија | пред 4 години

asfaltiranje-2

Георгиески: Лага и чиста политичка манипулација се фотографиите објавени на социјалните мрежи

Лага и чиста политичка манипулација се информациите и фотографиите кои попладнево беа објавени на социјалните мрежи, во врска со градежните работи за проширување на улицата "Кирил и Методиј" заради оформување на поголем број паркинг места, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:🚧Поради специфичната конфигурација на теренот, во делот на постоечкиот дрворед најпрво е извршено асфалтирање, по што веднаш е извршено отсекување на асфалтот и оформување на соодветен простор околу дрвјата.📢Недозволиво и неетичко е да се критикуваат градежни активности кои сеуште се во тек! Затоа упатувам апел до опозицијата и носителите на јавни функции, да не ја дезинформираат јавноста на штета на имиџот на градот. Наместо да бидат дежурни пишувачи на социјалните мрежи нека дадат придонес во креирање на политики кои се во интерес на градот и граѓаните кои ги избрале.➡️Додека тие се занимаваат со неосновани обвинувања, ние продолжуваме континуирано и интензивно да работиме на подобрување на инфраструктурата и да реализираме проекти кои се во интерес на Охрид.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Георгиески: Реконструираниот базен во Св. Еразмо, значително ќе придонесе за подобрување на условите за третман на пациентите

Специјалната болница за ортопедија и трауматологија "Свети Еразмо" е ризница на квалитет, хуманост и стручност веќе седум децении и е вистинска гордост за нашиот здравствен систем, напиша на својот Фб профил, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:✅Реконструираниот базен за физикална терапија значително ќе придонесе за подобрување на условите за третман на пациентите и е од големо значење за развојот на здравствениот туризам во Охрид.💙Искрено се радувам што преку заедничка соработка одлучивме средствата обезбедени преку грантовата шема за инвестициски проекти за одржлив и рамномерен регионален развој, да ги инвестираме токму тука.🤝Упатувам благодарност до Министерството за локална самоуправа, Швајцарската агенција за развој и соработка, Центарот за развој на југозападниот плански регион и до работните групи кои беа вклучени во аплицирањето и имплементацијата на проектот.➡️Се надевам дека и во иднина ќе можеме да реализираме вакви заеднички проекти кои се од големо значење за нашите жители и за целиот регион.

Македонија | пред 4 години

ohrid1

Стартува летниот режим на сообраќај на територијата на општина Охрид

Од денеска стартува Летниот режим на сообраќај на територијата на Општина Охрид, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација на улиците каде што е воведено еднонасочно движење на возилата.Оваа година за прв пат е воведен посебен сообраќаен режим на улицата „Кирил и Методиј“. По оваа улица ќе се одвива еднонасочен сообраќај во правец од пресекот со улица „Гоце Делчев“ кон „Горна Порта“ и од „Горна Порта“ кон улица „Крум Точко“. Едната страна од улицата ќе може да се користи за паркирање на моторни возила согласно предлог мерките и издадената согласност од Министерството за внатрешни работи – СВР Охрид.Се упатува апел до граѓаните и туристите во целост да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, со цел да се овозможи поголема безбедност во сообраќајот во текот на летната туристичка сезона.Летниот режим на сообраќај ќе трае до 31-ви август 2021 година.

Македонија | пред 4 години

opstina

Општината објави Физибилити анализа за оценка на оправданоста за долгорочно задолжување

Општина Охрид објави Физибилити анализа за оценка на оправданоста за долгорочно задолжување на општината, согласно Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.Граѓаните, своите ставови, мислења и предлози може да ги достават во електронски формат на официјалната електронска адреса на Секторот за финансиски прашања finance@ohrid.gov.mk најдоцна до 19 Јули 2021 година.На 20 Јули 2021 година (вторник), со почеток во 12 часот во големата сала на општина Охрид ќе се одржи Јавна расправа на која ќе се дискутира за придобивките и ризиците од ваквиот начин на раздолжување и заеднички ќе бидат разгледани мислењата и предлозите на граѓаните, напиша на сввојот ФБ профил градоначалникот Георгиески.Физибилити анализата може да ја прочитате на приложениот линк https://ohrid.gov.mk/%d1%84%d0%b8%d0%b7%d0%b8%d0%b1%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%82%d0%b8-%d0%b0%d0%bd%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d0%b7%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%be%d1%86%d0%b5%d0%bd%d0%ba%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%bf%d1%80/?fbclid=IwAR3kwyjk6MFeZzqK8QyuIxN383G4ZOZ7X18vBbJLov1U5UunDh3h5Z769x0

Македонија | пред 4 години

balkanski-2

Георгиески: Фолклорните вредности се пренесувале од колено на колено и грижливо се чуваат и денес

Балканскиот фестивал на народни песни и игри е нашиот вечен трезор во кого грижливо се чуваат богатствата на песнопојната и играорната традиција, не само на македонскиот, туку и на многу други народи. Тие, фолклорни реткости со генерации се пренесувале од колено на колено, се преплетувале и надополнувале и правеле вистински филиграни кои им одолевале и им оддолеваат на сите притисоци на современото живеење.Шеесет годишната културна манифестација, препознаена и призната од УНЕСКО, во рамки на трите фестивалски вечери, низ играта и песната ќе ги шири универзалните вредности на фолклорот и интеркултурното разбирање на различните балкански народи.Убеден сум дека фолклорните ансамбли за гостите ќе приредат незаборавни моменти, а фолклорните уметници ќе понесат со себе, барем мал дел од магијата на вечниот Охрид, напиша во својата ФБ објава градоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања