Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

OHRID

ul5-1200x640

Георгиески: Започнуваат подготвителни активности за комплетна реконструкција на улицата „Јане Сандански“ во Охрид

Започнуваат подготвителни активности за комплетна реконструкција на улицата „Јане Сандански“ од крстосницата со булеварот „Туристичка“ до кружниот тек кај Болнички комплекс и замена на дотраената азбестна водоводна линија.Деновиве ќе се изврши отстранување на старите и оштетени стебла од дрворедот на улицата. Во рамки на проектот за реконструкција на оваа важна сообраќајница, планирано е подигнување на нов дрворед.Општина Охрид во согласност со својата годишна програма, во континуитет инвестира во подобрување на животната средина и одржување на зеленилото во градот. Во тек е тендерска постапка за набавка на вкупно 300 четиригодишни садници од видот Acer platanoides, од кои дел ќе бидат наменети за новиот дрворед на улицата „Јане Сандански“.Поради непречено одвивање на активностите, ги известуваме учесниците во сообраќајот дека ќе има времена забрана за паркирање на возила на оваа улица, напиша во својата фејсбук објава градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

1-9

Зградата на општина Охрид, синоќа блесна во боите на ретките болести

Зградата на општина Охрид, синоќа блесна во боите на ретките болести.Даваме силна поддршка за кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2021“ и активностите на здружението "Живот со предизвици". Лицата со ретки болести и нивните семејства ја заслужуваат нашата подадена рака за помош и соработка.Само заедно можеме да ја подигнеме јавната свест за поголема инклузија и подобри услови за овие лица во нашето општество, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески.фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

kosta-2-1

(ВИДЕО) Георгиески: Продолжуваме со отстранување на нелегалните објекти на плажите

Продолжуваме со отстранување на нелегалните објекти на плажите. Во тек е избор на фирма која ќе го спроведе рушење, а во меѓувреме поднесовме 14 кривични пријави против правни и физички лица кои вршејќи стопанска дејност досега не ги имаат подмирено давачките кон државата.Општина Охрид не отстапува од почитување на препораките и Планот за управување со Охридскиот регион, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.видео: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

Popis_2021

Јавен конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и реонски инструктори

Врз основа на член 7 од Правилникот за утврдување на начинот и поблиските услови за именување на членови на комисиите за пописните реони и селекција и избор на реонските попишувачи и реонските инструктори, Државниот завод за статистика објавува јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година во периодот од 01-21.04.2021 година во својство на:Реонски попишувачиРеонски инструктори ЈАВЕН КОНКУРС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ 2021 

Македонија | пред 5 години

kosta-2-1

Георгиески: Продолжуваме да постапуваме согласно препораките на УНЕСКО

Општина Охрид продолжува да постапува согласно препораките на УНЕСКО. Во тек е тендерска постапка за избор на фирма која ќе работи на отстранување на дивоградбите на охридското крајбрежје.Во меѓувреме исто така поднесени се кривични пријави за узурпација на државно земјиште. Станува збор за правни и физички лица кои вршеле дејност преку користење на плажите на крајбрежјето, при што се стекнале со износ по основ на закуп, кој до денеска не го подмириле, Напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

Corbeski

Икона со Св Јован крстител и честитки од градоначалникот Георгиески за Чорбески - годинешниот фајќач на светиот крст

Во мое лично име и во името на Општина Охрид денеска упатив честитки до Никола Чорбески, кој годинава го извади светиот крст од осветената вода во црквата "Свети Никола Геракомија", во рамки на црковните чествувања по повод православниот празник Богојавление Водици, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Иако поради актуелните здравствени протоколи изостана официјалната организација на традиционалната манифестација на градското пристаниште, празникот Богојавление помина во духот на хуманите вредности, со надеж и желба дека догодина ќе имаме можност посвечено и достојно да го прославиме.фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

kanal

(ВИДЕО) Искршени светилки кај Билјанини извори

Несовесноста кај некои поединци сеуште трае. Искршени се поставените светилки крај пешачката патека во каналот Студенчишта.

Македонија | пред 5 години

opstina-Ohrid

Општина Охрид распиша тендер за уривање на дивоградбите

Општина Охрид распиша тендер за уривање на дивоградбите во Охридскиот регион. Најпрво ќе се уриваат нелегални објекти и остатоци од урбана опрема на плажите. Тендерот е во висина од над 5 милиони денари. Главен критериум за овој тендер е најниска цена, а според објавената јавна набавка договорот ќе биде склучен на 12 месеци.Пред неколку денови претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во придружба на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска имаше средба со градоначалниците на Општина Охрид Константин Георгиески, на Општина Струга Рамиз Мерко и на Општина Дебрца Зоран Ногачески.На средбата премиерот Заев истакна дека претстојниот извештај на УНЕСКО треба да се прифати како силен аларм кој повикува на заедничка акција на Владата и надлежните ресорни министерства како централна власт и на oпштините Охрид, Струга и Дебрца, за да се отстранат сите ризици кои го загрозуваат статусот на Oхридскиот Регион и Охридското Езеро како заштитено природно и културно подрачје од страна на УНЕСКО.Премиерот Заев ја реафирмираше определбата на Владата, во координација со локалните самоуправи на трите општини да се усогласат напорите за спроведување на Планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот Регион со плановите за развој на општините, водејќи грижа на сите вклучени во процесот дека примарна важност имаат заштитата на културните и природните вредности на Охридското Езеро и на крајбрежјето опфатени со Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство.Заедничка констатација на средбата беше да продолжи координацијата меѓу Владата и општините Охрид, Струга и Дебрца на утврдените активности, како и на усогласување на легислативата за надлежностите кои ќе овозможат успех во спроведувањето на Планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот Регион и на развојните планови на општините.Инаку Општина Охрид во јуни минатата година започна со уривање и расчитување на крајбрежниот дел на Охрид, од нелегално поставени објекти и урбана опрема. Но акцијата беше стопирана поради недостаток на финансиски средства. Но се чини дека локалната самоуправа е е цврсто решена да го исчисти Градот од нелегални објекти и во целост да ги спроведе препораките на Унеско, со цел Охрид да го зачува статусот на  светско заштитено наследство од УНЕСКО.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

16022021_PVRSM_sredba_gradonachalnici-2

Заев со Георгиески, Мерко, Ногачески: Да ги усогласиме напорите за заедничка акција за отстранување на ризиците по заштитениот Oхридски Pегион и Охридското Езеро

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во придружба на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска имаше средба со градоначалниците на Општина Охрид Константин Георгиески, на Општина Струга Рамиз Мерко и на Општина Дебрца Зоран Ногачески.На средбата премиерот Заев истакна дека претстојниот извештај на УНЕСКО треба да се прифати како силен аларм кој повикува на заедничка акција на Владата и надлежните ресорни министерства како централна власт и на oпштините Охрид, Струга и Дебрца, за да се отстранат сите ризици кои го загрозуваат статусот на Oхридскиот Регион и Охридското Езеро како заштитено природно и културно подрачје од страна на УНЕСКО.Премиерот Заев ја реафирмираше определбата на Владата, во координација со локалните самоуправи на трите општини да се усогласат напорите за спроведување на Планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот Регион со плановите за развој на општините, водејќи грижа на сите вклучени во процесот дека примарна важност имаат заштитата на културните и природните вредности на Охридското Езеро и на крајбрежјето опфатени со Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство.Заедничка констатација на средбата беше да продолжи координацијата меѓу Владата и општините Охрид, Струга и Дебрца на утврдените активности, како и на усогласување на легислативата за надлежностите кои ќе овозможат успех во спроведувањето на Планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот Регион и на развојните планови на општините.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

carsija-1

(ФОТО) Непрекинато се одвиваат теренските активности на екипите од ЈП„ Охридски Комуналец“ за расчистување на снегот во Охрид

Во текот на изминатата ноќ и денеска непрекинато продолжија теренските активности на екипите од ЈП„ Охридски Комуналец“ за расчистување на снегот.Се чистеше на плоштадот, чаршијата и останатите јавни површини во центарот на градот. Исто така интензивно се чистат тротоарите и коловозите на сите фреквентни улици.Се препорачува внимателно движење од страна на пешаците и учесниците во сообраќајот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 5 години

3-5

(ФОТО) Непрекинато се работи на расчистување на коловозите, тротоарите и останатите фреквентни јавни површини во Охрид

Во пресрет на работната седмица, денеска се спроведоа интезивни активности за чистење на пристапите кон училиштата, градинките и другите јавни институции во градот.Непрекинато се работи на расчистување на коловозите, тротоарите и останатите фреквентни јавни површини, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

kom-2

Георгиески: Упатувам јавна благодарност до сите работници на ЈП "Охридски Комуналец" кои во три смени, работат на терен за чистење на снегот

Упатувам јавна благодарност до сите работници на ЈП "Охридски Комуналец" кои во три смени, неуморно работат на терен за чистење на снегот.Со цел да се обезбеди поголема безбедност за учесниците во сообраќајот и за пешаците, ангажирани се над 100 работници со целокупната механизација и расположлива опрема, напипа на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Исчистени и проодни се сите фреквентни сообраќајници во централното градско подрачје и периферните населби, како и сите локални патишта кон селата. Интензивно се работи за расчистување на пешачките патеки и јавните површини во градот.Сообраќајот се одвива во зимски услови и се препорачува поголема внимателност на возачите. фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

24

(ФОТО) Интензивно се работи на расчистување на снегот од сите улици, пешачки патеки и јавни површини во Охрид

Интензивно се работи на расчистување на снегот од сите улици, пешачки патеки и јавни површини во градот.Расчистени и проодни се локалните патишта кон сите села во општината и непрекинато продолжуваат активностите за чистење на коловозот.Ангажирана е целокупната расположлива опрема и механизација на ЈП "Охридски Комуналец" заедно со околу 70 работници кои рачно го чистат снегот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

17

(ФОТО) Екипите на ЈП "Охридски Комуналец" од рано утринава го расчистиваат снегот во Охрид

Екипите на ЈП "Охридски Комуналец" од рано утринава се на терен и спроведуваат активности за чистење на снегот и нанесување на абразивни средства на главните сообраќајници.Исто така беше извршено прскање со средство против замрзнување на улиците кои се наоѓаат во повисоките делови на градот, напиша на својот ФБ профил Константин Георгиески. фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

Turizam

Изготвена е нова Стратегија за развој на туризмот во Охрид

Интензивно работиме на посоодветно планско и стратешко подобрување на условите за развој на туризмот во Охрид.  Изготвена е нова Стратегија за развој на туризмот која ќе даде нови насоки за напредок во оваа сфера за периодот од 2020 до 2025 година.Стратегијата е изработена од страна на стручни научни работници од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид и истата се заснова на темелни анализи на постоечката состојба и ја дефинира долгорочната визија, стратешкиот правец, целите и приоритетните проекти за идниот развој на туризмот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

12-1

Општина Охрид денеска додели 52 таблет компјутери на ОУ „Братство Единство“ наменети за учениците од социјално-ранливи семејства

Општина Охрид денеска додели 52 таблет компјутери на ОУ „Братство Единство“ наменети за учениците од социјално-ранливи семејства, кои немаат соодветни услови за он-лајн настава.Комјутерската опрема е обезбедена преку донација од позната национална компанија и е во насока на подобрување на наставниот процес и има за цел да придонесе за развој и унапредување на образованието, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. фото:ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

kej11

(ФОТО) Интензивни активности за чистење на крајбрежјето и кејот во Охрид

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве спроведуваат интензивни активности за расчистување на отпадот кој езерските води го исфрлаат по крајбрежјето и градскиот кеј.Поради временските неприлики и силниот јужен ветер, секојдневно се подигаат огромни количини тешко разградлив отпад, како и наноси од трска, реси и муљ.Со цел да се одржи јавната чистота во градот на највисоко ниво, ваквите активности за чистење ќе продолжат и во текот на наредните денови. 

Македонија | пред 5 години

sednica-ohrid

(ВИДЕО) На седницата на совет во Охрид - советнички прашања

По подолго време, денес со физичко присуство беа одржани две седници на Советот на Општина Охрид. Педесет и петтата и педесет и шестата седница беа со по една точка на дневниот ред: Советнички прашања и предлог одлука за доделување на компјутерска опрема (таблети) за ОУ “Братство Единство“.На седницата за советнички прашања, доминираа теми од сите сфери на работењето на локалната самоуправа и јавните претпријатија.

Македонија | пред 5 години

ograda

Се поставува ограда на спортското игралиште во Воска

Со средства на Општина Охрид во вредност од  760.000 денари се  оградува спортското игралиште во населба Воска.Проектот којшто го реализираат екипи на ЈП „Градски Гробишта“ е во завршна фаза и подразбира подигнување на потпорен ѕид и поставување метална ограда околу игралиштето.Целта на проектот е заштита и разубавување на јавните добра во градов.

Македонија | пред 5 години

opstina-Ohrid

Известување за потпишување на договори за стипендии во Охрид

Утре на 10.02.2021 година (среда) истекува последниот рок за потпишување на договорите за доделените стипендиина ученици од општинските основни и средни училишта на подрачјето на Општина Охрид, за учебната 2020/2021 година.Добитниците на ученички стипендии кои сеуште немаат потпишано договори се повикуваат да дојдат во Општина Охрид. За добитниците на стипендии кои се малолетни лица, задолжително е присуство на родител.Воедно се упатува известување до добитниците на студентски стипендии дека потпишувањето на договорите за доделените стипендии ќе се врши од 10.02.2021 година (среда) до 15.02.2021 година (понеделник) во Општина Охрид.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Јавна дебата во Охрид за креирање и имплементирање на реформите во средното стручно образование

Работиме интензивно за прилагодување на образованието кон потребите на пазарот на труд и барањата од компаниите. Развојот на средното стручно образование е во насока на подобри вработувања за младите по завршувањето на образовниот процес и создавање можности за подобар економски раст, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Во продолжение на објавата градоначалникот додаде:Денес во Охрид имавме успешна јавна дебата за креирање и имплементирање на реформите во средното стручно образование. Се работи за сериозен потфат на Министeрството за образование и наука кој ќе овозможи осовременување на стручните наставни програми за подобри и поефективни образовни резултати.

Македонија | пред 5 години

12

Георгиески: ЈП „Охридски Комуналец“ денеска изврши темелно миење на улиците во градот

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ денеска извршија темелно миење на улиците во градот.Поради поволните временски услови, овие активности ќе продолжат и во текот на утрешниот ден, при што ќе биде опфатено централното градско подрачје и периферните населби, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

nasl

Викендов генерално миење на сообраќајниците во Охрид

Согласно поволната  временска ситуација, сончеви денови и повисоки температури, Ј.П.„Охридски Комуналец„ викендов (петок, сабота и недела) спроведува акција за машинско миење на сообраќајниците во градот. Целта на овие активности е да се подобри хигиената на јавните површини и да се  отстранат абразивните средства кои беа употребени за зимското одржување.Согласно Програмата за работа за 2021 год. во наредниот период нашето претпријатие континуирано ќе ја реализира оваа активност во зависност од потребите и временските услови.Извор/фото:Комуналец

Македонија | пред 5 години

kosta-2

„Нула глад во Општина Охрид“ - обезбедени 200 хуманитарни пакети за 100 социјално ранливи семејства

Обезбедени се 200 хуманитарни пакети за 100 социјално ранливи семејства во рамки на проектот „Нула глад во Општина Охрид“.Овој проект, Охридската локална самоуправа го реализира во соработка со здружението „Храна за сите – Банка за храна МК“ како дел од националната акција „Нула глад“ и со поддшка на позната трговска компанија.Хуманитарните пакети ќе бидат доставени до ранливите семејства од страна на мобилните тимови на Општина Охрид, кои беа формирани за помош и поддршка за време на здравствената криза од пандемијата Ковид-19, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.  

Македонија | пред 5 години

Manifestacija_Grigor_Prlicev02052021036

(ФОТО) Врачена наградата „Григор Прличев“ на годинешниот лауреат Лилјана Пандева

Во рамки на годинашниве „ Прличеви беседи“ , денеска во Центарот за култура  „Григор Прличев“, на  пригодна свеченост  на поетесата Лилјана Пандева   и беше   врачена наградата  за најдобра поема за 2020  година. На анонимниот конкурс, стручната  жири  комисијата, за најдобра ја прогласи нејзината  поема „Капетаните“.Годинешниот лауреат, Лилјана Пандева изрази задоволство што токму таа е добитник на престижната награда како една од продолжувачите на традициите  кои ги воспоставил нашиот најголем поет и преродбеник Григор Прличев.Заменик градоначалникот на Охрид, Ристо Николески упати честитки за наградата до годинешниот добитник со желба за понатамошна творечка енергија и креативност.– Огромно е  задоволството да се присуствува на овој голем   традиционален настан во чест на  Григор Прличев  големото  име , великанот од залезот на вториот милениум кој со неговите дела „Сердарот“ и „Скендербег“  стана темел на пишаниот збор засекогаш.  Деветнаесеттиот век и столетијата потоа   се и ќе бидат  духовно овековечени  во делото и блескавата личност  на Прличев.  Како еден од најголемите интелектуалци, автори, преродбеници врз чие дело се гради се она духовно, креативно и  едукативно, Прличев оставил неизбришлив печат на овие простори и пошироко. Бил инспирација за генерациите пред нас, за нашата , а убеден сум дека ќе биде инспирација и за генерациите кои доаѓаат по нас.На одбележувањето на годишнината од  неговата смрт, овенчувајќи ја  со ловоров венец годинешната  добитничка  на наградата “Григор Прличев“, поетесата Лилјана Пандева ние докажуваме дека цврсто чекориме  по духовниот и културен пат што го одредил Прличев. Лилјана Пандева со поемата   „Капетаните“ ,  како што оценила стручната комисија, покажа дека , инспиративно и посветено треба и мора да се  следат стапките на големиот Прличев. Таа  одамна запловила во литературните води и е автор на  бројни дела  кои се читаат во целиот свет и  е добитник    на бројни награди и признанија.    На добитничката  и посакувам понатамошна добра мисла и творечка енергија , а на останатите творци  на убавиот збор им посакувам на ваквите настани  да гледаат како  можност да го покажат својот талент, надоврзувајќи се на делото на Прличев, најистакнатиот македонски писател од 19 век.На крај се заблагодарувам на организаторите што и во услови на Светската пандемија предизвикана од КОВИД 19 одлично ја реализираа  најстарата културна  манифестација „Прличеви Беседи“ – рече Николески.Традиционалната манифестација „Прличеви беседи“  е во организација на Центарот за култура и Библиотеката во Охрид.  Годинава се чествуваат 128-годишнината од смртта на големиот поет и преродбеник Григор Прличев и 160-годишнината од создавањето на неговата поема „Скендербег“. Настанот се одржа со почитување на сите здравствени протоколи поради пандемијата  од КОВИД 19.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања