Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

OHRID

prozori

Георгиески: Продолжуваат инвестициите за подобрување на условите во образованието

Продолжуваат инвестициите за подобрување на условите во образованието.Во тек се работни активности за промена на дограмата во ОУ „Григор Прличев“. Нови ПВЦ-прозорци се поставуваат во сите училници на приземјето од новиот училишен објект. Претходно беше извршена реконструкција на подовите во дел од училниците, се изврши обнова на дел од надворешните ѕидови на стариот објект и беше извршена промена на дограмата на првиот кат во новиот објект на училиштето, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Константин Георгиески . https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.693590961246510/693590837913189/

Македонија | пред 5 години

kosta-2

Градоначалникот Георгиески дел од форумот на градоначалници 2020

Денес, градоначалникот Константин Георгиески, беше дел од 81. сесија  на Комитетот за урбан развој, домување и управување со земјиште на УНЕЦЕ. Покрај градоначалникот на Охрид, свое учество зедоа и градоначалници од повеќе градови од Европа и Балканот, Северна Америка,  Централна Азија и Кавказ. Овогодинешната тема на форумот беше „Активностите на градот за одржлива иднина“.Градоначалникот Георгиески во своето обраќање се осврна на активностите што Локалната самоуправа ги презема во создавање на одржлива животна средина, инвестирањето во разеленувањето на градот, како и инвестициите во проекти наменети за намалување на загадувањето на животната средина.Целта на форумот е на округла маса да се споделат активностите и иновативните решенија што градовите ги преземаат во урбаниот развој.

Македонија | пред 5 години

opstina

Распоред за собири на граѓани по урбани заедници

Градоначалникот на Општина Охрид свикува СОБИР НА ГРАЃАНИ за партиципативно учество на граѓаните од Урбаните заедници при изготвување на буџетот на Општина Охрид за 2021 год. РАСПОРЕД ЗА СОБИРИ НА ГРАЃАНИ ПО УЗ  Собирот на граѓани ќе се одржи на 08.10.2020 година со почеток во 18,00 часот, во зградата на општина Охрид сала 1, за жители на урбана заедница 1“ Стар Град“.Собирот на граѓани ќе се одржи на 08.10.2020 година со почеток во 18.00 часот, во зградата на општина Охрид сала 1, за жители на урбана заедница 16 “Рача“.Собирот на граѓани ќе се одржи на 08.10.2020 година со почеток во 19,00 часот, во зградата на општина Охрид сала 1 за жители на урбана заедница 2 “Центар“.Собирот на граѓани ќе се одржи на 08.10.2020 година со почеток во 19,00 часот, во зградата на општина Охрид сала 1 за жители на урбана заедница 3 “Кошишта“.Собирот на граѓани ќе се одржи на 09.10.2020 година со почеток во 18,00 часот,  во просторија во зградата на општина Охрид сала 1  за жители на урбана заедница 4 “Воска“.Собирот на граѓани ќе се одржи на 09.10.2020 година со почеток во 18,00 часот, во зградата на општина Охрид сала 1 за жители на урбана заедница 5 “Лескајца“.Собирот на граѓани ќе се одржи на 09.10.2020 година со почеток во 19,00 часот, во зградата на општина Охрид сала 1 за жители на урбана заедница 7 “7 Ноември“.Собирот на граѓани ќе се одржи на 09.10.2020 година со почеток во 19,00 часот, во зградата на општина Охрид сала 1 за жители на урбана заедница 9 “8-ми Септември“.Собирот на граѓани ќе се одржи на 13.10.2020 година со почеток во 18,00 часот,  во зградата на општина Охрид сала 1 за жители на урбана заедница 6 “Даме Груев“.Собирот на граѓани ќе се одржи на 13.10.2020 година со почеток во 18,00 часот,  во просторија во зградата на општина Охрид сала 1  за жители на урбана заедница 10 “ Горна Влашка Маала“.Собирот на граѓани ќе се одржи на 13.10.2020 година со почеток во 19,00 часот, во во зградата на општина Охрид сала 1 за жители на урбана заедница 8 “Билјанини Извори“.Собирот на граѓани ќе се одржи на 13.10.2020 година со почеток во 19,00 часот, во зградата на општина Охрид сала 1 за жители на урбана заедница 12 “Гоце Делчев“.Собирот на граѓани ќе се одржи на 15.10.2020 година со почеток во 18,00 часот, во зградата општина Охрид сала 1  за жители на урбана заедница 11 “Видобишта“.Собирот на граѓани ќе се одржи на 15.10.2020 година со почеток во 18,00 часот, во зградата на општина Охрид сала 1 за жители на урбана заедница 15 “ 15 Корпус“.Собирот на граѓани ќе се одржи на 15.10.2020 година со почеток во 19,00 часот, во зградата на општина Охрид сала 1  за жители на урбана заедница 13 “Железничка“.Собирот на граѓани ќе се одржи на 15.10.2020 година со почеток во 19,00 часот, во зградата на општина Охрид сала 1 за жители на урбана заедница 14 “Радојца Новичиќ“. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Ликовен и литературен конкурс во соработка со охридските основни училишта

Согласно Одлуката за усвојување на измените на Програмата на одделението за заштита и влијание на животната средина за 2019 год.на Општина Охрид  бр.08-17824/8 од 26.12.2019г, Општина Охрид објавува : ЛИКОВЕН И ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС ВО СОРАБОТКА СО ОХРИДСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА НА ТЕМА„ПРИРОДАТА НАШАТА МАЈКА РАСКАЖУВА ТОПЛА ЕСЕНСКА БАЈКА“ Предмет и цел на конкурсот:Човештвото се соочува со намалување на зелените површини,а целта на овој проект е унапредување на просторот со зеленило и цветни површини со што ќе се овозможи подобрување на квалитетот на воздухот , подобрување на квалитетот на живот во градските подрачја и унапредување на животната средина.Секоја индивидуа со доволна волја без оглед на возраста може да даде свој придонес во зачувувањето на чиста и здрава животна средина. Од најмали нозе треба да се едуцираме како да штедиме енергија , да ги зачуваме воздухот и водата чисти и да ги штедиме нашите природни ресурси. Затоа секој во својата најблиска околина може да создаде убаво катче исчистено од смет и уредено со зеленило и цвеќиња со што ќе го оплемени просторот, а природата самата  во различните годишни времиња ќе создаде прекрасен амбиент. Тоа е темата на годинашниот ликовен и литературен конкурс „ПРИРОДАТА НАШАТА МАЈКА РАСКАЖУВА ТОПЛА ЕСЕНСКА БАЈКА“ Право на учествоОвој еко проект е во соработка со основните училишта на територијата на Општина Охрид заради одбележување на Есенската рамноденица – почеток на есента 23-ти септември.Право на учество имаат сите деца на возраст од 6 до 14 години, ученици во основните училишта на територијата на Општина Охрид.Доставените литературни и ликовни творби треба да содржат еко порака која ќе одговара со темата на овој конкурс „ПРИРОДАТА НАШАТА МАЈКА РАСКАЖУВА ТОПЛА ЕСЕНСКА БАЈКА“ Доставените ликовни творби треба да бидат поезија или проза на зададена тема предмет на овој конкурс.Ликовните дела треба да се цртежи или предмети изработени од рециклажен материјал (колаж, акварел, предмети и украси од пластика и хартија …..)Учесниците на конкурсот се појавуваат под шифра.Право на учество имаат оргинални ликовни и литературни творби кои претходно не се објавувани и не учествувале на други конкурси.Оценувачката комисија нема да ги разгледува оние трудови кои ќе пристигнат по предвидениот рок или не се изработени според условите наведени во конкурсот.Секое дете на овој конкурс треба да учествува со својот наставник – ментор.Секое дете има право да учествува со по еден труд (ликовен или литературен).Изборот на најдобрите ликовни и литературни творби ќе го изврши жири комисијата за оценување на трудот составена од три члена .Жири комисијата ќе даде оценка за доставените трудови при што за нејзината работа ќе изготви извештај со листа за наградени ученици. Жири комисијата ќе ги објави резултатите од конкурсот најдоцна во рок од 15 дена од последниот рок за предавање на трудовите.За резултатите наградените ученици и училишта ќе бидат писмено известени од страна на жири комисијата, а истите ќе бидат објавени на веб страната на Општина Охрид – www.ohrid.gov.mk Награди:Прво наградените ученици на ликовниот и литературен конкурс добиваат по 7000,00 денари еднократноВторо наградените ученици на ликовниот и литературен конкурс добиваат по 5000,00 денари еднократноТрето наградените ученици на ликовниот и литературен конкурс добиваат по 3000,00 денари еднократно Вкупниот буџет за реализација на проектот ќе изнесува 30.000,000денариНаградените творби остануваат во сопственост на Општина Охрид. Права на општината :Општина Охрид го задржува правото за свои интерни потреби да ги користи наградените ликовни и литературни трудови за некомерцијални цели.Општина Охрид го задржува правото да врши умножување за свои потреби.Со најдобрите ликовни и литературни трудови ,Општина Охрид ќе организира промоција и изложба како збогатување на културната понуда во градот. Доставување на трудовите:Секој учесник својот труд треба да го достави во стандардна хартиена форма во затворен плик на кој на горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај“, а во средината треба да биде назначена точната адреса на примачот со назнака „по конкурс за избор на ликовен и литературен труд“.Надворешноста на пликот не смее да содржи никакви ознаки за испраќачот .Во затворениот плик треба да има уште два затворени запечатени плика , од кои едниот со ознака„ вид на творба- ликовен или литературен труд“под шифра и го содржи трудот ,а другиот со ознака„податоци“ и истиот содржи податоци за идентификацијата на испраќачот (име и презиме на ученикот, возраст, адреса на ученикот, името на училиштето, адреса на училиштето и името и презимето на наставникот- менторот) Адресата на која треба да се достават трудовите е:ОПШТИНА ОХРИДУл. „Димитар Влахов“ бр 57, 6000 ОхридСо назнака за „за Конкурсот за најдобар ликовен и литературен труд“Или лично во архивата  на Општина Охрид За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат  на тел. 046/262 492, локал 147 секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот или во просториите на Општина Охрид. Рок на доставување на пријавитеПријавите по наведениот конкурс да се достават најдоцна до 22.10.2020 год. до 12 часот , во архивата на Општина ОхридПријавите за Конкурсот кои нема да бидат доставени во наведениот рок нема да бидат разгледувани.  

Македонија | пред 5 години

7-dena-ohird

Георгиески го објави седмичниот преглед на реализирани активности од страна на Локалната самоуправа

Седмичен преглед на реализирани активности од страна на Локалната самоуправа📌Поставување на прв асфалтен слој на улицата во поранешна касарна;📌Тековни активности за реконструкција на улиците „Прва Македонска Ударна Бригада“, „Абас Емин“ и „15 Корпус“;📌Завршни активности за реконструкција на санитарните јазли и тековни активности за поставување на нова дограма во ОУ „Христо Узунов“;📌Реконструирани санитарните јазли во ОУТУ „Ванчо Питошески“;📌По сите предвидени протоколи и мерки за заштита започна новата учебна година во охридските училишта;📌Започна постапка за подготовка на урбанистички планови за охридските села;📌Активности во делот на подготовка на Студијата за ревалоризација на Споменикот на природата Охридско Езеро и Планот за негово управување.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/posts/690214531584153

Македонија | пред 5 години

studija

Се подготвува студија за ревалоризација на споменикот на природата Охридско езеро

Како дел од тековниот „СТАР5 проект“, финансиран од Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ), имлеменетиран преку Програмата за животна средина на Обединетите Нации (УНЕП) и Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска во Општина Охрид се одржа работен состанок посветен на процесот за изработка на Студијата за ревалоризација на Споменикот на природата Охридско Езеро и Планот за негово управување.Во изработката на студијата вклучени се и претставници од Меѓународната унија за зачувување на природата IUCN-ECARO. Даниел Богнер експерт за управување со заштитени подрачја во својата презентација појасни дека во студијата се посочени главните закани за езерото, дефинирани се строги зони на заштита, зони за активен менаџмент како и препораки за воспоставување на тело за управување со заштитеното подрачје на Охридското Езеро.Градоначалникот Константин Георгиески во своето излагање пред присутните потенцираше дека Студијата за ревалоризација треба да биде во корелација со одредбите во Планот за управување со Светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион, особено во делот за управување со првата заштитна зона, која се формира во појас од 50 метри, сметано од границата на катастарска парцела Охридско Езеро и има три подзони. Според него, од исклучително значење е прецизирање на јасни одредби, кои имаат за цел да ги спречат заканите врз екосистемот на езерото и да дефинираат пропишани норми за понатамошно управување со крајбрежјето.Финалната верзија на Студијата за ревалоризација според најавите треба да биде комплетирана до крајот на оваа година, по што е планирано да биде организирана јавна расправа. Оваа студија ќе биде базична основа за донесување на Законот за препрoгласување на Охридско Езеро како споменик на природата. 

Македонија | пред 5 години

Kasarna_10012020008

(ФОТО) Прв асфалтен слој на улицата во поранешна касарна

Денеска започнаа градежни активности за поставување на првиот асфалтен слој на улицата која минува низ поранешната касарна „Михајло Апостолски“.Согласно проектот за реконструкција во текот на изминатиот период беше извршено поставување на атмосферска канализација и се изврши уредување и поплочување на тротоарите од двете страни на коловозот. Исто така според планираното, на улицата ќе биде поставена соодветна сигнализација и осветлување.Реконструкцијата на улицата е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште и за оваа намена од општинскиот буџет се издвоени околу 13 милиони денари.Увид на градежните активности направи градоначалникот Константин Георгиески придружуван од надлежните во Секторот за комунален развој, сообраќај и улици. 

Македонија | пред 5 години

Obrazovanie

(ВИДЕО) Инвестиции на Општина Охрид во образовните институции

И покрај актуелната состојба со здравствената криза, Општина Охрид продолжи континуирано да ги реализира предвидените инвестиции во основните и средните училишта. Реализирани се низа проекти кои се значајни за подобрување на условите за учениците и образовниот процес.

Македонија | пред 5 години

ohridski-ucilista

(ФОТО) Спроведени сите заштитни мерки во Охридските училишта

Согласно протоколите и мерките за заштита од „КОВИД 19“ и Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година, кој го утврди Министерството за образование и наука, Општина Охрид навремено ги спроведе сите предвидени подготовки за почеток на учебната година, кои се предвидени за наставата со физичко присуство од прво до трето одделение.Извршена е набавка на средства за дезинфекција, термометри и сите други потребни материјали за здравствена безбедност на учениците и наставниот кадар, а во текот на изминатиот период беше извршена целосна дезинфекција на сите училишни објекти во кои е предвидено да има настава.Исто така, сите општински училишта во текот на изминатиот период ги презедоа сите потребни активности за поставување на соодветни информации за заштита на учениците, а беше извршено обележување на ходничните простории и подготовка на училниците. 

Македонија | пред 5 години

Gradonacalnik_uvid_skol

(ФОТО) Градоначалникот Георгиески направи увид на инвестициите во општинските училишта

Градоначалникот Константин Георгиески денеска направи увид на тековните инвестиции во училиштата кои Општина Охрид ги реализираше во насока на обезбедување на подобри услови за учениците. Со менаџерските тимови на училиштата, градоначалникот разговараше и за сите приоритетни потреби за подобрување на условите за настава, на кои треба да се работи во иднина.Во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ во моментот се изведуваат завршни активности за поставување на нова енергетски ефикасна фасада. Паралелно со овие активности, беше извршена и промена на дограмата во училишната работилница. Исто така во моментот се работи на реконструкција и молерисување на сите внатрешни ѕидови во училиштето. Според планираното, со средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид во текот на наредниот период ќе биде извршена промена на подовите во сите училници. Инвестициите во ова училиште се реализираат со средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид и Министерството за образование и наука. Минатата година, во овој училишен објект беше извршена промена на покривот, беше поставена нова дограма на целиот објект, беа реконструирани таваните во сите училишни простории и беше поставено ново лед осветлување.Во ОУ „Христо Узунов“ градоначалникот направи увид на тековните инвестициски активности кои значително ќе придонесат за подобрување на условите за настава. Во моментот се изведува реконструкција на сите санитарни јазли. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 2,9 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Исто така во моментот се изведуваат активности за комплетна промена на дограмата во училишниот објект и спортската сала. Вредноста на проектот е 3 милиони денари, а Општина Охрид го реализира во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Наскоро, со средства од општинскиот буџет ќе се реконструираат подовите во сите училници. Минатата година во ова училиште беше извршена промена на стариот азбестен покрив со нов лимен покривач.Градоначалникот беше во посета и на училишниот објект на ОУ „Браство“ во населба „Лескајца“ при што се информираше за сите приоритетни потреби за подобрување на условите. Во текот на наредниот период во овој училишен објект со средства на Општина Охрид ќе биде извршена реконструкција на водоводната линија, со што се очекува да биде надминат долгогодишниот проблем со загуба на вода. Исто така, според планираното во текот на наредниот ќе се изнајде и решение за проблемот со влага на дел од ѕидовите и ќе се изврши промена на дограмата во холот на училиштето. Инаку во овој училишен објект со средства на Општина Охрид, минатата година беше извршена комплетна реконструкција на покривот.Исто така, во текот на изминатиот период Општина Охрид инвестираше во промена на дограма, реконструкција на подови, санитарни јазли и реконструкција на внатрешни ѕидови во уште неколку основни и средни училишта на подрачјето на општината. 

Македонија | пред 5 години

sanitarni-jazli

(ФОТО) Целосно реконструирани санитарните јазли во ОУТУ „Ванчо Питошески“ во Охрид

Подобрувањето на условите во образовните институции е еден од нашите најважни приоритети Во текот на изминатиот период извршена е целосна реконструкција на санитарните јазли во ОУТУ „Ванчо Питошески“. Инвестицијата е овозможена од Проектот за локална и регионална конкурентност кој е финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Владата на Република Северна Македонија и Општина Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.687212701884336/687212565217683/

Македонија | пред 5 години

neparkiraj

Известување за градежни работи на крстосницата на улица „Железничка“ во Охрид

На ден 29.09.2020 година (вторник) Општина Охрид ќе изведува градежни активности на крстосницата помеѓу улиците „Железничка“, „Егејска“ и „Будва“.Се упатува апел до учесниците во сообраќајот да го избегнуваат движењето во овој дел на градот и за зголемена претпазливост при движењето на овој потег, додека траат градежните активности.

Македонија | пред 5 години

Incluziven_razvoj_09282020002

Последна сесија на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен развој”

Денес се одржа последната форумска сесија на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен развој“, што преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, се реализира со помош на Швајцарската агениција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.Во името на Советот на градоначалниците пред пристуните се обрати градоначалникот Константин Георгиески, при што изрази благодарност до Швајцарската агенција, министерството и Центарот за развој на југозападниот регион за успешното релизирање на предвидената програма. – Развојот на општините, како примарни единици на непосредно остварување и практикување на демократските права на граѓаните, е од есенцијално значење за поширокиот развој на заедницата. Во таа насока, работата на Центарот за развој на југозападниот регион, во соработка со Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка е од исклучително значење за локалните самоуправи.Како што знаете Општина Охрид активно е вклучена во овој процес и реализираше проект за уредување на пешачка патека, во стариот и најатрактивен туристички дел од градот. Патеката е изградена од природни материјали, а вдолж истата се поставени и 24 автентични канделабри, а целиот проект чинеше 3 милиони денари за Охрид. Овој проект значајно придонесува кон подобрување на туристичката понуда на Охрид.Очекуваме во наредната година да го реализираме и проектот за “Реконструкција и опремување на современ центар за физикална терапија во болницата Св. Еразмо“. Со овој проект значајно ќе придонесеме кон подобрување на социјална инклузија за пристап до здравствени услуги во целиот Југозападен плански регион – истакна во своето излагање градоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 5 години

gradonacalnik

Честитка на градоначалникот Георгиески по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски упати честитка по повод 28- Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците.– Почитувани припадници на Бошњачката етничка заедница, Ви упатувам искрени честитки по повод Меѓународниот ден на Бошњаците и Ви посакувам празникот да го минете во   добро  расположение и  среќа  во кругот на семејството. Бошњаците  почитувајќи ги своите традиции и култура се значаен дел од нашето мултиетничко општество и  потврда за  обединетост и сплотеност  во нашата заедничка држава.  Водејќи се од принципите на разбирање и толеранција успешно  се насочуваме кон градење европска  иднина која ја посакуваме за себе и своите деца. Продолжуваме  да работиме на подобрување на севкупните услови за живеење на сите граѓани  за кои Република Северна Македонија е  нивни дом вклучувајќи ги и Бошњаците– стои во честитката од градоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 5 години

Kosta-1

(ФОТО) Претседателот на Словенија, Борут Пахор се запозна со богатото наследство на нашиот древен Охрид

Преку впечатливите историски приказни за уникатните културни вредности на црквата „Света Богородица Перивлепта” , катедралната црква „Света Софија” и вредната поставка на Галеријата на икони, денеска претседателот на Република Словенија, Борут Пахор се запозна со богатото наследство на нашиот древен Охрид. Огромна е честа што заедно со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, преку висока гостопримливост покажавме достојна почит на важната дипломатска делегација од една пријателска држава, која е наш стратешки партнер од регионот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/posts/685200712085535

Македонија | пред 5 години

Koco_Racin

(ФОТО) Нови подови во ОУ „Кочо Рацин“ во Долно Лакочереј, охридско

Со финансиска поддршка на општина Охрид  се заменуваат старите со нови  подови во подрачното основно  училиште “Кочо Рацин“ во село  Долно Лакочереј.  Нови пластифицирани плочки се поставуваат во пет училници од објектот. Проектот кој започна денес се очекува да заврши пред почетокот на новата школска година.Изминатиов период  се изврши молерисување  на сите училници во централниот објект на ОУ  „Кочо Рацин“. Во тек е  јавен оглас за  набавка за интернет конекција и  проценка за  поставување инсталации за  компјутерска опрема. Во завршна фаза се обуките за едукација на наставниот кадар за националната платформа за  далечинско предавање на наставните содржини. 

Македонија | пред 5 години

hristo

Финални подготовки во ОУ „Христо Узунов“, променета дограма, во тек е реконструкција и на сите санитарни јазли

Со континуирани инвестиции придонесуваме за подобрување на условите во ОУ „Христо Узунов“.Веќе започнаа активности за промена на дограмата во сите училишни простории, напиша а својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во својата објава додава дека вредноста на проектот е 3 милиони денари и истиот се реализира во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Со средства од буџетот на Општина Охрид во тек е реконструкција и на сите санитарни јазли во училиштето.Според планираното, наскоро треба да започне поставување на нови подови во сите училници.Минатата година со средства од општинскиот буџет, дотраениот азбестен покрив на ова училиште беше заменет со современ лимен покривач.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/posts/684477055491234

Македонија | пред 5 години

dame-gruev

Георгиески: Реконструираниот крак од улицата „Даме Груев“, обезбедува подобри сообраќајни услови за жителите од станбениот комплекс „Христо Узунов“

Реконструираниот крак од улицата „Даме Груев“, обезбедува подобри сообраќајни услови за жителите од станбениот комплекс „Христо Узунов“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Константин Георгиевски.Градоначалникот во својата објава додава:Проектот финишираше деновиве со поставување на соодветна хоризонтална сигнализација.Претходно, беше извршено асфалтирање на коловозот, уредување на пешачките патеки од двете страни на уличниот крак и беа поставени нови рабници.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.684396052166001/684395755499364/

Македонија | пред 5 години

47-Sednica-Sovet

Одржана четириесет и осмата седница на советот на Општина Охрид

Денеска се одржа четириесет и осмата седнциа на Советот на Општина Охрид,, со единствена точка на дневниот ред –  Предлог заклучок за усвојување на информацијата за  одржување на  наставата во основните и средните училишта  во учебната 2020/2021 година.Неколку советници во дискусиите изразија двојба во однос на успешното спроведување на целиот наставно образовен процес, но иста така ја истакнаа подготвеноста на наставниот кадар и учениците за максимални напори, за што поуспешна учебна година во новонастанатите услови, предизвикании од ковид пандемијата. Помошник раководителот на Секторот за образование Јоне Станкоски, ги информира советниците за подготовките на локалната самоуправа за стартот на учебната година и модалитети под кои таа ќе се спроведува.Предлог заклучокот едногласно беше прифатен од сите советници.

Македонија | пред 5 години

Dograma_09242020004

Нова дограма во ОМУ „Методи Патчев“ во Охрид

Во ОМУ „Методи Патчев“, денес, старата и дотраена дограма се заменува со нова и енергетски ефикасна. Нови прозорци ќе бидат поставени во сите простории од училиштето.Претходно во училиштето беше реконструирана старата ограда и се изврши дооградување на дворот. 

Македонија | пред 5 години

komunalec

ЈП Охридски Комуналец го чисти охридското пристаниште

Во текот на денешниот ден од страна на надлежните екипи на ЈП Охридски Комуналец беше спроведена акција за чистење на охридското пристаниште.Притоа собрани се поголеми количини ѓубре крај брегот на езерото.

Македонија | пред 5 години

Konferencija_bezbednost_09232020004

Започна Меѓународна научна конференција за безбедност

Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески денеска присуствуваше на свеченото отварање на 11-та Меѓународна научна конференција посветена на безбедноста, која се одржува во Охрид, во организација на Факултетот за безбедност од Скопје и Фондацијатa „Ханс Зајдел”.Во своето обраќање пред присутните градоначалникот Георгиески упати честитки и признание до организаторите, кои во услови на актуелната светска здравствена криза, овозможија реализирање на овогодинешната конференциска агенда.– Овој академски собир е еден од најголемите во областа на безбедноста во овој регион и особено значајно е тоа што годинава ќе биде посветен на Евро-атланските врeдности во балканските држави.Се надевам дека потврдените заклучоци, кои ќе произлезат од изнесените научни трудови ќе овозможат спроведување на рационални и прифатливи решенија за заедничка соработка, особено во областа на безбедноста.Евро-атланската интеграција и членството помеѓу најмоќните претставува извонредна шанса за балканските држави кои имаат помало меѓународно влијание и ограничени ресурси.Покрај унапредувањето на соработката со светските сили, од исклучителна важност е и воспоставувањето на регионално сојузништво. Само преку ваков вид на соработка, ќе покажеме дека и самите поседуваме зрелост и способност да направиме нешто за регионот и за своите граѓани.Исто така, храбрите политички одлуки и надминувањето на нерешените регионални проблеми, обезбедуваат гаранција за мирот и безбедноста и ни даваат можност да бидеме поамбициозни и поуспешни во сферите на економијата и доброто владеење.Силно верувам во потенцијалот на меѓудржавната соработка и плановите за градење на нови мостови кон иднината. Охрид отсекогаш бил и ќе остане космополитски центар на Балканот, па затоа посакувам да биде појдовна точка за нови видици кон регионалниот напредок, истакна Георгиески.

Македонија | пред 5 години

ohrid

48-та седница на охридскиот Совет ќе се одржи утре преку интернет конференциска врска

Во четврток на 24 септември охридските советници ќе ја одржат 48-та седница. Предвидено е да расправаат по точка Предлог-Заклучок за усвојување на информацијата за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/21 во Охрид.Седницата ќе се одржи преку конференциска врска со употреба на интернет комуникација со почеток во 10 часот.

Македонија | пред 5 години

ureduvanje-1

Се уредуваат зелените површини на регионалниот пат Охрид - Св. Наум

Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ интензивно работат на уредување  на зелените површини од банкините и тротоарите на потегот од бензинската пумпа кај Билјанини извори до хотелот „Инекс Горица“. Акцијата  се реализира во соработка со Агенцијата за државни патишта којашто е надлежна за одржување на регионалниот пат Охрид- Св. Наум и истата продолжува и утре.Во текот на вчерашниот ден охридските комуналци го расчистија овој патен правец од расфрланиот комунален отпад.

Македонија | пред 5 години

Kosta

Георгиески се обрати на на 11-та Меѓународна научна конференција посветена на безбедноста

Чест ми е што денес имав можност да бидам дел од свеченото отварање на 11-та Меѓународна научна конференција посветена на безбедноста, која се одржува во Охрид, во организација на Факултетот за безбедност од Скопје и Фондацијатa „Ханс Зајдел”, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во својата објава додава:Овој академски собир е еден од најголемите во областа на безбедноста во овој регион и особено значајно е тоа што годинава ќе биде посветен на Евро-атланските врeдности во балканските држави.Се надевам дека потврдените заклучоци, кои ќе произлезат од изнесените научни трудови ќе овозможат спроведување на рационални и прифатливи решенија за заедничка соработка, особено во областа на безбедноста.Силно верувам во потенцијалот на меѓудржавната соработка и плановите за градење на нови мостови кон иднината. Охрид отсекогаш бил и ќе остане космополитски центар на Балканот, па затоа посакувам да биде појдовна точка за нови видици кон регионалниот напредок. https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.683087338963539/683087222296884/

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања