Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ОХРИД

SPORTSKI_IGRID_07.06-4

Завршија спортските училишни игри во Охрид

Со финалните натпревари во мал фудбал помеѓу учениците од општинските основни и средни училишта, денеска во спортскиот центар „Тодор Александров“ во Велгошти завршија овогодинешните Училишни спортски игри, кои ги организираше Сојузот за училишен спорт.Во конкуренцијата помеѓу средните училишта на натпреварите во мал фудбал, најдобри беа учениците од ОСУ „Свети Климент Охридски“ кои го освоија првото место. Второто место им припадна на учениците од угостителското училиште „Ванчо Питошески“, а третото место го освоија учениците од СОСУ „Свети Кирил и Методиј“.Во категоријата за основно образование, првото место им припадна на учениците од ООУ „Христо Узунов“. На втората позиција се најдоа учениците од ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец, а третото место им припадна на учениците од ООУ „Григор Прличев“.Во името на Локалната самоуправа, наградите на најуспешните училишни екипи ги додели советникот во Советот на Општина Охрид, Наум Јамандиев.Натпреварите од Училишните спортски игри се одржуваа во два дела, есенски и пролетен дел, а освен во мал фудбал, учениците се натпреваруваат и во одбојка, баскет, ракомет, атлетика, пинг-понг и шах.

Охрид | пред 2 години

IMG-68de11e149f59efbd3d1cbfa83653660-V

Чешка парламентарна делегација во посета на Општина Охрид

Парламентарна делегација од економскиот совет при чешкиот парламент, составена од претседателот Михал Кортиш и членовите Ондреј Фебер, Мирослав Плевни и Ростислав Костил, денес беше во посета на Охрид. Дел од делегацијата беа и амбасадорот на Република Чешка во Македонија, Н.Е. Јарослав Лудва и конзулот на Република Чешка, Давид Чернохорски.Во рамки на посетата делегацијата оствари средба со градоначалникот Кирил Пецаков. На средбата соговорниците разговараа за продлабочување на соработката на повеќе полиња и пренесувања на искуствата. Сите членови на парламентарната делегација претходно обавувале градоначалнички функции. Во склоп на делгацијата беа и претставници на стопанскиот сектор од Чешка.Средбата беше искористена за потпишување на меморандум за соработка помеѓу Општина Охрид и „Смарт ФинТехнологиес“. Потписници на меморандумот беа градоначалникот Кирил Пецаков во име на Општина Охрид и Михал Вит од компанијата „Смарт ФинТехнологиес“. Со меморандумот се опфаќа соработка во понатамошниот развој на „Касарна Хаб“, овозможување пријатна бизнис клима за чешките компании, поддршка во економскиот развој, заедничка поддршка за иновативни бизнис идеи во рамки на „Касарна Хаб“ и поддршка во активирањето на локалната бизнис заедница. Исто така предвидено е со меморандумот да се разменуваат искуства помеѓу охридските компании и компаниите од Чешка.Потписниците на меморандумот се согласија дека овој конкретен чекор е почеток во продлабочувањето на соработката со Република Чешка.

Охрид | пред 2 години

opstina-ohrid

Заврши 28-та седница на Советот на Општина Охрид

Советниците на Советот на Општина Охрид на денешната 28-ма Седница ги усвоија Записниците од 25-та и 26-та седница. Беа усвоени 16 –те точки на дневниот ред којшто беше дополнет со уште една точка, а се однесуваше на Предлог одлуката за измена на одлуката за начинот и постапката на регулирање на паркирањето во рамките на градежната парцела со употреба на механизирани паркинг системи. Покрај оваа се усвоија и следниве Предлог – Програми.Предлог-Програма за измени на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2023 година. Предлог-Програма за измени на програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2023 година. Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за финасиските потреби на ТППЕ Охрид за 2023 година. Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за заштита на животната средина и природата за 2023 година. Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2023 година. Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за спорт и рекреација за 2023 година. Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2023 година. Предлог-Програма за измени и дополнувања на развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2023-2025 година (НА). Предлог-Програма за измени и дополнувања на развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2023-2025 година (НБ). Предлог-Програма за измени и дополнувања на годишната програма на општина Охрид за здравствена и социјална заштита за 2023 година (Т1). Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за енергетска ефикасност за 2023 година. Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за уредување на градежно земјиште за 2023 година. Предлог-Програма за измени на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2023 – 2025 година. Предлог-Програма за дополнување на програмата за урбана опрема – изградба и одржување за 2023 година. Предлог-одлука за изменување и дополнување на буџетот на ЕЛС Охрид за 2023 година. Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2023 година.

Охрид | пред 2 години

369514-vo-sreda-kje-se-prska-protiv-komarci-129781

Во понеделник ќе се прска против комарци во Охрид

Се информира граѓаните дека на ден 12.06.2023 година ќе се спроведе дезинсекција против возрасни форми на комарци. Дезинсекцијата ќе се врши на површина од 500 хектари на територијата на Општина Охрид.

Охрид | пред 2 години

Tie_doagjaat_09062023001-1

Промовирана збирката поезија создадена од учениците од основните и средните училишта во Охрид

Во просториите на Општина Охрид, денес, беше промовирана збирката поезија која е создадена од учениците од основните и средните училишта во Охрид. Насловот на оваа книга е „Тие Доаѓаат“, а издавач е Општина Охрид.Книгата е поделена во два дела и тоа прв дел се песните од учениците од основно училиште, додека вториот е резервиран за учениците од средните училишта. Збирката вкупно брои 55 песни, од кои 43 се од основците, а 12 од средните училишта. Промотор на книгата беше Славе Ѓорго Димоски, а главен и одговорен уредник е Митре Велјаноски. Тиражот на изданието брои 200 книги.Во име на Општина Охрид присутните ги поздрави заменик градоначалникот Перчо Божиновски.– Чест и задоволство е да се присуствува на овој прекрасен културен настан по повод промоција на втората книга „Тие доаѓаат“, откако првата ја виде светлината на денот во 2006 година. Станува збор за збирка поезија во која ценетиот поет и професор, Славе Ѓорго – Димоски на 90-ина страници по свој избор ги смести поетските творби на 55 млади творци од охридските основни и средни училишта. Меѓу кориците на книгата расеани се никулците кои се фатиле во костец со јазикот, кои ќе продолжат да ја разгоруваат јазичната искра и ќе го развиорат духовниот оган на македонскиот јазик. Зошто како што ќе рече ценетиот Блаже Конески Јазикот е единствена наша татковина. Се додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе можеме да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште. Издавач на книгата е градоначалникот на Охрид,Кирил Пецаков кој секогаш застанува и ги поддржува проектите во кои се вклучени талентирани деца на кои останува ова општество. А авторите на прекрасните поетски творби се токму нашите паметни дечиња кои затропале на триумфалната порта на литературата, бидејќи влегувањето низ неа бара многу мака, обврски, откажувања, предизвици. На сите нив им посакаувам успеси понатака, да ги дофатат сите височини во творештвото, секогаш негувајќи го нашиот мајчин македонски јазик којшто е основен белег, генетски код на се она што е македонско. Да сте ми живи и здрави и уште многу вакви убави настани да бидат повод за нашите наредни средби, истакна заменик градоначлникт во своето обраќање.Инаку, ова е втора книга – „Тие Доаѓаат“, а првата беше објавенa во 2006 година.

Охрид | пред 2 години

IMG_20230528_151848-scaled-1

Се одржа купот во спортски рибилов „Охрид 2023“

Спортски риболовци и рибарски клубови од неколку македонски градови беа дел од Купот во спортски риболов „Охрид 2023“ кој се одржа на Охридското Езеро. Натпреварувањето го организираше спортскиот клуб „Свети Апостол Петар“ со поддршка на Општина Охрид.На завршната свеченост од манифестацијата, заменик градоначалникот, Перчо Божиновски ги додели наградите на риболовците кои остварија најдобри резултати во екипно и поединечно натпреварување.Натпреварот се организираше на патеката помеѓу хотел „Метропол“ и населбата „Лагадин“, согласно Правилникот за организирање на натпревари во спортски риболов и Правилата за натпревари во дисциплина „пливка“.

Охрид | пред 2 години

1685364119122

Охрид домаќин на конференција за локална самоуправа, граѓански организации, образование и спорт

Вчера во Охрид започна тридневната Конференција „Проектни предизвици- Локална самоуправа,граѓански организации, образование и спорт“ што ја организираат Геостратешкиот институт „Глобал“, спортската академија „Скај Велнес“ и Општинскиот сојуз на училишен спорт.Во улога на домаќин на конференцијата пред присутните се обрати градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков кој се осврна на значењето на спортот и физичката активност што е и главна тема на дискусија на настанот.– Дозволете да го изразам моето огромно задоволство што денес сум меѓу вас на отворањето на конференцијата „Проектни предизвици- локална самоуправа, граѓански организации, образование и спорт“ што наредниве неколку дена ќе се одржува во Охрид ,а на која ќе се расправа за значењето на спортот.Одамна е познато дека основна друштвена и индивидуална вредност е човечкиот живот и здравјето. А основна алатка за здрав живот и ведар дух е спортувањето. Спортот како натпревар или игра има огромно значење за правилен психофизички развој на децата и младите. Токму затоа огромно е значењето на образовните и останати институции во правилно насочување на младите, а во таа насока е организирана и денешнава конференција.Секако упатувам честитки до Здружението за Геостратешки Истражувања „Глобал“, Скај Велнес и Општинскиот сојуз на училишни спортови кои го реализираа проектот “Учиме да пливаме“, а во којшто беа вклучени првачињата и деца со посебни потреби од Скопје. Се надевам дека вакви спортски случувања во иднина ќе се организираат и тука во нашиов град.Деновиве ќе имате тематски дебати во кои ќе бидат вклучени универзитетски професори, домашни експерти, раководители на Сектори од локално и национално ниво и еминентни новинари. Посакувам да донесете заклучоци кои ќе овозможат напредок во спортскиот живот, а нас ќе не обврзете да работиме на континуирано усовршување на условите за спортување. Секако, покрај работниот дел посакувам да одвоите време да прошетате по убавиот Охрид кој изобилува со природни убавини и културно – историски знаменитости. Посетете ја Наколоната населба кај Градиште или „влезете во древнините“ на старото градско јадро кое е надвиснато над езерските води. Качете се на Самуиловите тврдини или на Античкиот театар. Верувајте секогаш ќе најдете интересни и недопрени содржини кои сведочат за вечна Македонија. И секако здрави и живи со убави впечатоци повторно дојдете кај нас- рече градоначалникот Пецаков.Пригодни обраќања имаа и градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцински и проф. д-р Иван Анастасовски од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје.

Охрид | пред 2 години

nurkachi-ohrid

Шишиња, лименки, пластика, конзерви извадени од Охридско Езеро

Шишиња, лименки, пластика, конзерви се извадени од Охридското Езеро за време на новата еколошка акција на Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид.Нуркачите затекнаа огромна количина на разновиден цврст отпад.Потенцираа дека најголемата количина на цврст отпад доаѓа преку реките кои се влеваат во езерото и носат огромни количини на отпад.Раководителот на „Амфора“, Јован Секулоски, кажа дека пред неколку години дале предлог да се изградат минибрани со кои во голема мера ќе се намали количината на отпад што завршува во езерото.Во акцијата учествуваа 28 нуркачи од Нуркачкиот Центар Амфора, Спелеонуркачки клуб Врело од Скопје како и припадници на нуркачкиот тим на БСС на АРМ кои се вклучуваат во сите поголеми еколошки акции и активности што ги организира Нуркачкиот Центар Амфора.

Актуелно | пред 2 години

IMG-6d603ce133a1338dca9b09393688adef-V

Одбележан 24-ти мај денот на просветителите

Во рамки на одбележувањето на 24-ти мај, Денот на сесловенските просветители претпладнево пред споменикот на Кирил и Методиј во градскиот парк, Општина Охрид додели симболични награди на 311 основци и средношколци од општинските училишта, кои освоиле највисоки награди на државни и регионални натпревари.Пред присутните на настанот градоначалникот Пецаков се осврна на значењето на делото на Кирил и Методиј.-Денес се собравме тука да го одбележиме денот посветен на извонредното епохално, просветителско дело на Сесловенските браќа Кирил и Методиј.Распространивајќи го мислењето дека секој народ има право својата вера и култура да ги прима на својот мајчин јазик тие ја создадоа првата словенска азбука глаголицата која беше основа за создавање на кирилското писмо. Дарувајќи им знаење на своите ученици тие ја поставија основата за подигнување на Охридската книжевна школа којашто е етаблиран духовен центар со такви културолошки особености што до денес не успеал да ги стекне ниту еден друг универзитет.Верувајќи во тоа дека во Светот има безброј зборови и дека сите тие имаат свое значење браќата Кирил и Методиј го направија цивилизацискиот чекор за Европа описменувајќи ги словенските народи, просветлувајќи ги и вадејќи ги од мракот, зошто еднаш просветлен ум повеќе никогаш не може да биде мрачен.За просветителската мисија на браќата Кирил и Методиј учат нашите деца од најрана возраст.Нашите ученици кои покажале најдобри резултати на државни, регионални и меѓународни натпревари се едни од Кирило методиевите следбеници. Тие се нашата гордост, нашите идни водичи, лидери на кои останува светот. Од срце им честитам за постигнатите успеси и посакувам и понатака да ги дофатат сите височини што се пред нив. Тоа се деца кои сфатиле дека знаењето е богатство кое не може да се украде од единката, кое не може да се “избрише“ со гума или да избледи. Затоа деца, учете, тоа ќе ви даде таква сила со која ќе може да поместите се што ќе наумите. Никогаш не престанувајте да учите затоа што животот никогаш нема да престане да ви биде учител.Ние како локална власт пак, ќе го поддржуваме секој ваш успех и ќе работиме на создавање услови за реализација на секој ваш добар проект, зошто само така може да градиме напредно општество.Нека ни е честит Денот посветен на Големото дело на Светите Кирил и Методиј- рече градоначалникот Пецаков.Во рамки на чествувањата, претходно во ЦК „Кирил и Методиј“ во населба Кошишта се одржа панихида и се положи свежо цвеќе пред нивниот Споменик каде се одржа и културно уметничка програма.

Охрид | пред 2 години

SVECEN_KONCERT_24.05-9-scaled-1

Свечен уметнички настан во чест на „Кирил и Методиј“

„Уметниците во чест на светите браќа Кирил и Методиј“ беше насловен свечениот настан кој во чест на големиот празник, се одржа вчеравечер во црквата „Света Софија“.За музичкиот дел од програмата се погрижија учениците од ОМУ „Методи Патче“ во класата на м-р Даниел Чуркоски и младата охридска пијанистка Викторија Митеска. Во рамки на свеченоста за животот и делото на сесловенските просветители беседеше Проф. д-р Димитар Пандев, а беше отворена и изложбата на фотографии „Охрид во духот на средниот век“ од Славчо Малезанов.На почетокот на програмата во името на Општина Охрид пред присутните се обрати заменик градоначалникот, Перчо Божиновски.-Неопислива е радоста и огромно е задоволството, на овој голем празник посветен на нашите просветители, светите браќа Кирил и Методиј да се биде вечерва тука, во овој преубав амбиент и да се ужива во едно уникатно музичко патување, приредено од младите таленти, кои се гордост за сите нас.Оваа можност сакам да ја искористам и да упатам благодарност до организаторите, кои со својот труд и посветеност продолжуваат во континуитет да ја приредуваат оваа културна манифестација, која покрај свечената музичка програма ќе ни понуди и други уметнички содржини, кои се достојни да бидат слушнати и видени, токму на овој ден.Епохалното дело на светите браќа како основоположници на нашата писменоста и култура има неизмерна важност за Охрид, за македонскиот народ, за Македонија и за целиот славјански свет. Не постојат избрани зборови со кои може да се долови нивната големина, нивната сила и нивното трудољубие, на патот кон божјата промисла.“Но кој оратор, каков панегирик може достојно и пристојно да ги пофали светите Кирил и Методиј? Најголемата за нив пофалба е оти папата, денешниот папа римски, откако им ги оцени маките и трудот, откако ја оцени големината на нивните дела ги нарече рамноапостоли и издаде заповед, строга повелба низ сета своја паства да го празнуваат сите тие денот на Кирил и Методиј. И така денеска сиот славјански род го празнува великиот празник….”Овие зборови, искажани од големиот преродбеник Григор Прличев нека бидат нашиот мотив и нашата инспирација да продолжиме да го чуваме и вреднуваме споменот на Кирил и Методиј и достојно да ја фалиме и славиме нивната светост.Почитувани, во духот на верата и православието, во мое лично име и во името на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, ви упатувам срдечни честитки по повод денешниот голем празник со желби за добро здравје, благосостојба и посветла иднина. Нека е вечно името на нашите светители и учители, а чествувањето на нивните вредни дела да го оставиме како аманет за идните генерации, истакна Божиновски во своето обраќање.Свеченоста беше организирана со поддршка на Општина Охрид во рамки на Програмата за одбележување на 24. мај, Денот на сесловенските просветители.

Охрид | пред 2 години

obuka-scaled-1

Обука за подготовка на раководниот и командниот кадар на општина Охрид за заштита и спасување

Подготовка на раководниот и командниот кадар од просторните сили за заштита и спасување, во делот на превенција и делување во случај на природни непогоди и други несреќи, беше целта на обуката која беше организирана вчера во Општина Охрид.Обуката ја спроведе Центарот за обуки при Дирекцијата за заштита и спасување и на неа учествуваа вработени во Локалната самоуправа кои се членови на Кризниот штаб, претставници на јавните претпријатија, претставници на противпожарната единица, претставници на единицата за планинско спасување и спасување на вода, медицински лица и претставници на други институции.Пред почетокот на обуката, учесниците ги поздрави градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.-Како одговорна власт, согласно одредбите од Законот за заштита и спасување имаме донесено Програма за заштита и спасување, која предвидува превентивни и плански програмски мерки кои се преземаат со цел навреме да се откријат и спречат природни непогоди и други несреќи и да се отстранат последиците од настанатите природни непогоди во мир, воена и вонредна состојба.Општина Охрид веќе има формирано Штаб за заштита и спасување која го предводам јас како командант. Во неговите рамки функционираат Просторна специјализирана единица за комунални работи во јачина на вод; Просторна специјализирана единица за прва медицинска помош со јачина на вод; Просторна специјална единица за противпожарна заштита со јачина на одделение и Специјална единица за планинско спасување и спасување на вода. Штабот, по потреба воспоставува постојана соработка со Подрачните одделенија на Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи.Преку овие активности создаваме услови за организирано делување и обезбедуваме можности за соодветна опременост и координираност на силите за заштита и спасување и за справување со кризни состојби, со една основна цел, а тоа е заштита на граѓаните, материјалните добра и природните ресурси. Очекувам оваа обука да овозможи соодветна подготовка на вработените во општината и сите кои се вклучени во заштитата и спасувањето на локално ниво и да ги пренесе сите потребни информации и практики на кризниот штаб, истакна Пецаков во своето обраќање.Освен обуката за Штабот за заштита и спасување, во рамки на Програмата за заштита и спасување на Општина Охрид предвидени се и низа други активности кои ќе се водат и реализираат според системот за планирање, програмирање и буџетирање.

Охрид | пред 2 години

PROEKT_GRIGOR_22.05-5-scaled-1

Отворена изложба за културното и природното наследство на Охрид

Вчера во ООУ „Григор Прличев“ беше отворена изложбата на изработки „Гледај учи и пренеси…ТИ- чувару на културното и природно богатство на Охрид“.Изложбата беше завршен настан на проектот „Watch and Learn“ што е дел од CIPSS програмата 2022-2023, а го реализира и имплементира тим од Секторот за ТЛЕР заедно со претставници од ООУ “Григор Прличев“.За значењето на изложбата пред присутните зборуваше советничката во Советот на Општина Охрид, Ана Крстеска.-Во денес изложените изработки е сконцентрирана суштината на проектот на кој сите вие вредно работевте повеќе месеци, а тоа е подигнување на свеста и значењето за приридното и културно наследство на регионот Охрид.Знаејќи дека наследството на еден народ е преточено во неговата култура сосема е логично да кажеме дека културата е извор на неизмерна сила која на народите им помага да ги надминат препреките но и им дава волја да се соочат со новите предизвици. Древниот Охрид е бедем на македонскиот национален идентитет, научен и културен центар кој ја промовира Република Македонија како земја која се грижи за своето минато, сегашност и иднина. Тука во Охрид е Музејот на Вода, куќата на Уранија стана научен центар на МАНУ во кој редовно се организираат научни симпозиуми и промоции. Во Охрид се наоѓа локалитетот на Манчевци , Св. Климентовиот Универзитет на Плаошник, Златната Одаја во куќата на Робевци и многу други места сведочат за нашето огромно природно и културно наследство.Токму затоа сметам дека е прекрасно што Општина Охрид заедно со познати научно образовни институции од Шведска стана дел од проектот Watch and learn. Во име на градоначалникот Кирил Пецаков ви се заблагодарувам за овој значаен проект со кој се обезбедува стабилен и одржлив континуитет во зачувување, проучување и ревитализација на македонското природно и културно наследство- истакна Крстеска.Претходно во рамки на проектот „Watch and learn“ беа одржани едукативни, тематски, интерактивни настани и работилници . Проектот се имплементираше и реализираше во соработка со генерација 2012-2013 година, заедно со Универзитетот Лунд ( LUCE) и „Валенберг“ Институтот од Шведска.

Охрид | пред 2 години

pecakov-65262

Пецаков упати честитка по повод Националниот ден на Власите

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка до припадниците на влашката етничка заедница по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите.-Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам срдечни честитки по повод Националниот ден на Власите со најискрени желби за личен просперитет и многу успеси.Влашката заедница е значаен дел од етничкиот мозаик на нашиот град и нашето современо општество. Со нивниот интелект и визија оставаат траен печат во историјата и имаат значителен придонес во целокупниот развој на Република Македонија.Преку денешниот празник оддаваме достојна почит и вреднување на нивниот вековен стремеж за зачувување и промовирање на влашкиот јазик, култура и традиција.Верувам дека и во иднина, во духот на толеранцијата и меѓусебното почитување ќе продолжиме заеднички да креираме подобри услови за живеење и да обезбедиме просперитетна иднина за новите генерации на Охрид и целата држава, стои во честитката на градоначалникот Пецаков.

Охрид | пред 2 години

348215196_3543575679195077_1647402900439828945_n

Околу 400 охридски матуранти беа дел од манифестацијата „Mатурска парада“

Околу 400 охридски матуранти од средните училишта ОСУ„ Св. Климент Охридски“, СОСУ„Св. Кирил и Методи“, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, беа дел од манифестацијата „Mатурска парада“ што се одржа денеска на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“.„Пред бројната публика, матурантите точно напладне го одиграа танцот „квадрил“ од штраусовата опера „Лилјакот“.Матурата е важен животен премин, кога мора де се донесат значајни одлуки за идните чекори. Верувам дека со вашата младост, вашата позитивна енергија и стекнатите знаења ќе го изберете вистинскиот пат, ќе напредувате на сите полиња и ќе бидете гордост за вашите родители и за сите нас.Драги мои, соништата се денешните одговори на утрешните прашања. Успехот не доаѓа кога ќе посакате. Тој доаѓа кога ќе постојат јасни планови, силна желба и постојана упорност. Големиот државник Абрахам Линколн рекол, “Секогаш имајте на ум дека вашата сопствена волја за успех е многу поважна од било што друго.”Затоа најискрено и од срце ви посакувам секогаш да имате нескротлива волја за ново знаење и мотив да ги истакнете личните квалитети. Верувам дека од вашата генерација ќе произлезат многу успешни професионалци кои ќе дадат голем придонес во идниот развој на Охрид“, објави градоначалникот Кирил Пецаков.

Охрид | пред 2 години

Ohrid_TrcaT_18052023005

Детска трка Охрид Трчат 2023

600 првоодделенци беа дел од Детската трка „Охрид Трчат 2023“ што денеска се одржа на гратскиот стадион „Билјанини извори“ во Охрид. Годинава покрај охридските за прв пат учество зедоа и првачињата од Општина ДебрцаОпштина Охрид е традиционален поддржувач на настанот, а младите учесници пред почетокот на трката ги поздрави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.Присуството на спортски настани за мене секогаш преставува ден за уживање. Денес тоа уживање е уште поголемо бидејќи сме дел од спортски настан во кој учество земаат нашите најмили. Големата бројка на учесници посебно ме радува, бидејќи во доба на техлошка зависност, да се видат голем број деца на едно место и при тоа да практикуваат спорт е фасцинантно и за тоа сакам да им оддадам големо признание и пофалба до организаторите – атлетскиот клуб „Охрид трчат“. Веќе втора година по ред доаѓаме тука и го одбележуваме денот на физичката активност. За радоста да биде поголема оваа година на манифестацијата учествуваат и првооделенците од Општина Дебарца, за тоа им благодарам на наставниот кадар, а особено на градоначалникот Зоран Ногачески што го овозможија тоа.Тука би сакал да испратам и една кратка порака до сите учесници, натпреварувачи на трката.Не е важно кој ќе стигне прв на целта , важно е да се биде посветен во себе надградувањето. Важно е да се создаваат пријателства, важно е да се понесат убави спомени од денешниот настан. Упорноста, тренингот и посветеноста се клучот. Резултатот и пиедесталот доаѓаат како шлаг на торта после тоа. Денес овој момент слободно може да го наречам празник за очи и душа. Детскиот џагор на спортските терени буди надеж дека на Охрид му претстои светла спортска иднина.Да се множат ваквите настани и спортски достигнувања– рече градоначалникот Пецаков.Учениците трчаа 100 метри поделени во групи, а сите ученици беа победници и добија маица, медал (финишер), вода и секако подароци од помагателите на настанот.Организатор е АК „Охрид трчаТ“. Годинава покрај Општина Охрид и основните училишта настанот го поддржаа и МАГНА, „Стопанска Банка“ АД Скопје, Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, „Битолско Млеко 10 витамини“, „Жито Леб Охрид“, Сеавус Академија и „Изворска Вода“.

Охрид | пред 2 години

IMG-5db4edcb9f82e29ac093a30f92046e22-V

Во Охрид се одржува петтиот меѓународен конгрес на гинеколози и опстетичари

Градоначалникот Кирил Пецаков вчеравечер присуствуваше на свеченото отворање на Петтиот меѓународен конгрес на гинеколози и опстетричари кој се одржува во Охрид.Организатор на конгресот е Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО во соработка со Македонското лекарско друштво.Градоначалникот Пецаков во своето обраќање пред присутните истакна:-Ми причинува големо задоволство, во мое лично име и во името на Локалната самоуправа да ве поздравам и да ви посакам пријатен престој во Охрид.Почестени сме што токму нашиот град е избран, да биде домаќин на овој важен научен собир на кој учествуваат врвни медицински експерти од областа на гинекологијата и акушерството.Овој меѓународен конгрес е една исклучителна можност за размена на нови методи за дијагностика и третман, како и за презентација на практични заклучоци за актуелни клинички прашања, кои ќе придонесат за унапредување на женското здравје.Сакам да ја искористам оваа можност и да упатам благодарност до Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари и Македонското лекарско друштво, кои се организатори на настанот, со надеж дека и во иднина успешно ќе се организираат вакви значајни конгресни собири.Почитувани, нашиот туристички бисер Охрид е надалеку познат по својата убавина. Ова е град со уникатна природа и непроценливо културно богатство, кое е препознаено како светско наследство заштитено од УНЕСКО.Затоа ве поканувам, вашиот престој тука да го искористите за да посетите дел од нашите вредни културни знаменитости кои се распослани покрај преубавото Охридско Езеро и да понесете незаборавни спомени. Уште еднаш ве поздравувам и ви посакувам да имате успешен конгрес со желби за уште поголеми научни достигнувања во иднина, рече Пецаков во своето обраќање.Освен од нашата држава, на конгресот учествуваат медицински експерти од Италија, Турција, Малта, Португалија, Египет, Словенија, Хрватска, Србија, Албанија и истиот се одржува во период на Светската недела на женското здравје.

Охрид | пред 2 години

IMG-b5dcd2ea471d7d0ca2962945ade66854-V

Меѓународен карате натпревар „Охрид Опен 2023“

Околу 500 натпреварувачи од неколку балкански држави, се дел од Маѓународниот карате натпревар “Охрид Опен 2023” кој започна денеска во спортската сала “Билјанини извори”.На свеченото отворање на натпреварот, во името на Локалната самоуправа поздравно обраќање имаше заменик градоначалникот на Општина Охрид , Перчо Божиновски.-Ми претставува голема чест што сум денеска тука и што имам можност да ве поздравам во мое лично име и во името на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.Бројката од околу 500 пријавени учесници е јасен показател дека овој меѓународен карате турнир во текот на изминатите годините прерасна во една важна спортска манифестација, која дава голем придонес во промоцијата на Охрид како современ спортски центар.Нашиот град може да се пофали со многу истакнати имиња кои имаат остварено одлични резултати во оваа боречка дисциплина. Особено сме горди на младите генерации на талентирани каратисти од кои очекуваме уште поголеми успеси и освоени награди.Упатувам искрени честитки и благодарност до организаторите на овој голем натпревар со надеж дека оваа традиција ќе продолжи и во континуитет и во иднина ќе може да бидеме домаќини на вакви спортки случувања.Спортисти победуваат и добиваат награди, а ние сме секогаш тука да ги бодриме и да ги мотивираме за уште поголеми достигнувања. Општина Охрид и во иднина ќе продолжи да ги поддржува ваквите спортски настани и да дава поддршка на сите спортските клубови.Ви посакувам успешни натпревари и одлични резултати, а до сите гости упатувам покана да го искористат својот престој во Охрид, за уживање во природните и културните убавини на нашиот скапоцен туристички бисер, истакна Божиновски во своето обраќање.Организатори на натпреварот се охридските карате клубови “Чоле” и “Кунсуто” со поддршка на Општина Охрид.

Охрид | пред 2 години

Generalka_15052023007

„Генералка викенд“ во Охрид

Голема количина на ПЕТ амбалажа и мешан отпад беа собрани во рамки на еколошката акција „Генералка Викенд“ која се одржа во саботата на 13-ти мај 2023 година во Охрид.Акцијата ја реализираа Општина Охрид и ЈП„Охридски Комуналец“ со поддршка на здружението „Брег на Младоста“, компанијата Kостал Македонија Дооел, Шпаркасе Банка и Црвениот Крст Охрид. Во теренските активности беше опфатен потегот од плажата „Горица“ до поранешната детска болница и плажата “Грашница“.Акцијата беше организирана од „Мен енд маунтен“, а со поддршка на Пивара Скопје, Пакомак и Нула Отпад. Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина.

Охрид | пред 2 години

RAspeano_ribarce_160523001

24-то издание на „Распеано рибарче“ во Охрид

Во ЦК “Григор Прличев“ во Охрид свечено беше отворено годинешното издание на детскиот музички фестивал „Распеано рибарче“ што се одржува по 24-ти пат, а под покровителство на градоначалникот, Кирил Пецаков.Во негово име пред присутните се обрати советничката во Советот на Општина Охрид, Билјана Тодева – Стојаноска.– Драги распеани рибарчиња кои сте дел од 24-то издание на единствениот охридски детски фестивал „Распеано Рибарче“, ценети присутни дами и господа. Дозволете да го изразам моето огромно задоволство што вечерва сум меѓу вас на официјалниот почеток на годинешното фестивалско издание. Нема поубаво чувство и поголема радост да се биде меѓу распеани дечиња кои со возбуда и трепет го чекаат својот настап. Нема поубав рај за душа и очи да се гледаат настапите и изведбите на нашите најмили кои вечерва се вистински уметници. Фестивалот „Распеано рибарче “ е единствен настан во градов на кој децата го покажуваат својот талент за пеење и музика. Годинава ќе бидат изведени 20 композиции преку кои сите ние заедно ќе навлеземе во розовиот и чист детски Свет, а поубаво од тоа нема.Во оваа прилика упатувам благодарност до организаторите за беспрекорната организација, а градоначалникот Кирил Пецаков и локалната власт како покровители и во иднина ќе го поддржуваме ова прекрасно фестивалско случување.На младите музички таленти, на овие прекрасни наши деца им посакувам успешни настапи со желба да победи најдобриот во најдобрите.Вас драга публико ви посакувам да уживате во овие прекрасни мигови, во ова прекрасно детско царство во кое владее искреност, ведрина и чисти детски насмевки– рече Тодева – Стојаноска.

Охрид | пред 2 години

Atletika_17052023001

Бројни награди за охридските ученици на Државниот натпревар по Атлетика

Со највисоки освоени места и низа награди се вратија средношколците и основците од охридските училишта по вчера одржаниот Државен натпревар по Атлетика во Куманово .Во категоријата скок во височина кај жени Прво место освои Климентина Модева од ООЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, а во оваа категорија кај мажите Третото место го освои Бојан Секулоски од ОСУ „Свети Климент Охридски“.Во категоријата фрлање ѓуле кај жени, Третото место го освои Климентина Модева од ООЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.Во категоријата скок во далечина кај мажи , Второто место го освои Александар Камнароски од ООЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.Во категоријата трчање на 400 метри кај мажи, Третото место го освои Михаил Николоски од ОСУ Свери Климент Охридски.Во категоријата трчање на 400 метри машки штафета, Трето место освои ученик од ООЕМУЦ.Што се однесува до основните училишта во категоријата скок во височина за жени, Второто место го освои Матеа Матеска од ООУ „Христо Узунов“, а во истата категорија за мажи, Прво место освои Влатко Кркачоски од ООУ „Живко Чинго“ и Второ место, Матео Сиљаноски од ООУ „Христо Узунов“.Во категоријата трчање на 100 метри за мажи Првото место го освои Влатко Кркачоски од ООУ „Живко Чинго“.Во категоријата трчање на 600 метри кај жените Првото место го освои Јана Секулоска- Анакиеска од ООУ „Братство и единство“.Во категоријата трчање на 300 метри кај жените Третото место го освои Калина Ангелоска од ООУ „Григор Прличев“.Во категоријата скок во далечина кај мажи третото место го освои Христијан Стојаноски од ООУ „Ванчо Николески“, а во трчање штафета на 100 метри за жени, Второто место го освои ученичка од ООУ „Григор Прличев“.Организатори на настанот се Атлетската федерација на Македонија и Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

Охрид | пред 2 години

Asfaltirani-ulici1

Денес и утре ќе се асфалтира улицата „Ѓорче Петров“ во Охрид

Се информираат граѓаните на Општина Охрид дека во период од 12.05.2023 до 13.05.2023 година, на улица „Ѓорче Петров“ ќе започнат градежни активности за асфалтирање. Поради тоа на оваа улица ќе има отежнат сообраќај.Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат според соодветната сигнализација со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот. Се препорачува, доколку е можно и да се избегне овој дел за сообраќај додека траат градежните активности.

Охрид | пред 2 години

344794584_918382639414296_6801657277176558040_n

Во сабота голема еколошка акција „Генералка Викенд“ во Охрид

Во организација на компанијата „Мен енд маунтен“, а со поддршка на пивара Скопје, Пакомак и Нула Отпад, на 13.05.2023 год ( сабота ) со почеток во 09 часот, ќе се одржи „Генералка Викенд“ во повеќе општини во државата.Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина и природата.Општина Охрид и ЈП„Охридки Комуналец“ Охрид, се приклучуваат на aкцијата со чистење на плажите Грашница, Горица и Св.Стефан. Во акцијата ќе земат учество и здружението „Брег на Младоста и Kостал Македонија Дооел.Општина Охрид ги повикува сите заинтересирани граѓани да земат учество во акцијата.

Охрид | пред 2 години

Ceski_konzul_11052023002

Градоначалникот Кирил Пецаков на средба со конзулот на Република Чешка, Давид Чернохорски

Денес градоначалникот Кирил Пецаков оствари протоколарна средба со конзулот на Република Чешка во Македонија, Давид Чернохорски.На средбата беше разговарано за остварување на соработка во повеќе области, а акцент беше ставен на привлекување чешки инвестиции во Охрид. Потенцирано беше дека општината и конзулатот негуваат добри односи и се разгледуваа можности за нивно издигнување на повиско ниво.Соговорниците се сложија дека веќе постоечките чешки инвестиции низ државата, а и во Охрид имаат одлични услови за создавање на бизнис. За таа цел беше разговарано за организирање посета од страна на чешка делегација во Охрид, која би била предводена од претседателот на економскиот совет при чешкиот парламент, пред која ќе бидат претставени можностите и условите што Охрид ги нуди за инвестирање.

Охрид | пред 2 години

Saem_obrazovanie_12052023006

Охрид домаќин на Саемот за Наука и култура

Денеска во Касарна ХАБ во Охрид беше отворен Саемот за Наука и култура што годинава се организира за прв пат.Пред присутните се обрати заменик градоначалникот, Перчо Божиноски.Ми причинува особено задоволство што сум меѓу Вас на отворањето на Саемот за образование и Кариера што во организација на Младинскиот Центар денес се одржува во Охрид.На саемот ќе учествуваат средните училишта од Охрид и две од Струга кои ќе ги промовираат наставните програми и можности пред полуматурантите, а факултетите за Туризам и угостителство и “Св. Апостол и Павле“ како и дел од факултетите на УКИМ ќе ги презентираат своите програми пред средношколците. Со организирање на вакви саеми, убеден сум дека учениците имаат дополнителна мотивација, покрај совладувањето на редовните наставни програми, да го развиваат чувството за кариера.Драги ученици и идни студентиДенешново случување е посветено токму за вас, продолжете го својот пат во онаа образовна институција која вас најмногу ви одговара. Онаа во која ќе знаете дека ќе го дадете својот максимум за лично добро но и напредок на општеството.Овде во Охрид и Македонија вие ќе ја исцртате својата судбина и изградите својата иднина. Сите вие ќе се соочите со полесни или потешки предизвици. Но тоа не значи дека треба да се откажете од своите соништа. Напротив, треба вредно да учите и да си обезбедите подобра иднина за себе во оваа земја.Секако Ви посакувам да ви се остварат соништата , да уживате во убавината на младоста и со упорна работа да станете врвни професионалци. Посакувам од овој настан да понесете убави впечатоци кои ќе ви помогнат во изборот на вашето идно образование и образовна институција.На Младинскиот центар од Охрид му благодарам за одличната организација на настанот со желба истиот да добие традиционален карактер, а ние како Локална власт секогаш ќе поддржуваме вакви случувања– рече Божиноски.Организатор на настанот е Младинскиот центар од Охрид.

Охрид | пред 2 години

EMUC_04052023003

Охрид домаќин на јубилејните 40-ти државни натпревари на електромашинските и сообраќајните училишта

Вкупно 98 ученици ќе бидат дел од јубилејните 40-ти Државни натпревари на електромашинските и сообраќајните училишта кои ќе се одржуваат денеска и утре во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“. Натпреварите на кои учествуваат 17 државни училишта се организираат под покровителство на Општина Охрид.На свеченото отворање на настанот, пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.– Ми претставува голема чест, во мое лично име и во името на Општина Охрид да ве поздравам и да посакам успешна реализација на овогодинешните Државни натпревари на електромашинските и сообраќајните училиштa кои се одржуваат по 40-ти пат.Горди сме што токму Охрид и нашиот Општинскиот електромашински училишен центар „Свети Наум Охридски“ се домаќини на ова јубилејно издание. Ваквите настани се од исклучителна важност за продлабочување на соработката помеѓу училиштата и размена на искуства помеѓу учениците.Ова училиште е еден од позитивните примери, каде што веќе успешно функционира системот на дуално образование, како еден вид јавно-приватно партнерство помеѓу стручните училишта и компаниите. Со тоа на компаниите им се обезбедуваат квалификувани работници со соодветни вештини, а учениците имаат можност да бидат обучувани директно во компаниите и во реални работни околности.Токму затоа локалната самоуправа, во текот на изминатиот период реализираше низа инвестиции во објектите на училиштето, со што значително ги подобривме условите за настава. Ваквите инвестиции континуирано ќе продолжат и во иднина, не само во ова училиште, туку и во сите основни и средни училишта во нашата општина.Напредокот на општините во современи услови не може да се замисли без локален економски развој, а успешното реализирање на овој концепт подразбира создавање поволна клима за деловни активности и инвестирање. Еден од најважните предуслови за развој на индустријата и бизнисот секако е квалификуван и стручен кадар, кој ќе може продуктивно да одговори на потребите на пазарот за работна сила. Можностите за вработување, добрите и платени работни места се основниот предуслов за младите луѓе да можат да ја гледаат својата иднина тука, во родните места, со што значително би се сопрел процесот на иселување.Поради тоа сите заедно ќе мораме да продолжиме да се залагаме и да работиме за осовременување на образовниот процес и да ја поддржуваме секоја напредна новина во рамки на наставните програми, истакна Пецаков во своето обраќање.Натпреварите ќе се одвиваат во различни образовни профили од електротехничките, машинските и сообраќајните струки, а паралелно ќе се одржи и натпревар во трудови каде учениците ќе ги презентираат свои проекти.

Охрид | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања