Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ОХРИД

Foto-10

Општина Охрид ги повика сопствениците на пловни објекти во „Сараиште“ истите да ги отстранат

Општина Охрид ги повикува сопствениците на пловни објекти (кајчиња) кои се лоцирани на крајбрежниот појас на локалитетот „Сараиште“, истите да ги отстранат, најдоцна до петок, 23 јуни.Во спротивно од сабота 24.06.2023 година, Општина Охрид и општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за отстранување на истите, на товар на сопствениците. Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во овој дел од градот, со цел непречено користење од страна на жителите и туристите.

Охрид | пред 2 години

239999228_351218676548885_1676183981868361389_n

Од 1-ви јули забрана за градежни работи во Охрид

Во период од 1-ви јули до 31 август 2023 година се забранува изведување градежни работи од типот висока и ниска градба, прекопувања на улици, тротоари и патеки на подрачјето на Општина Охрид.Оваа забрана важи за просторот под булевар „Туристичка“ до Охридското Езеро и тоа на потегот од „Билјанини извори“ до реката Даљан, просторот над булевар „Туристичка“ во длабочина од 50м и туристичките локации на потегот од каналот Студенчишта до манастирскиот комплекс „Св. Наум“.Одлуката за забрана за изведување градежни работи во летниот период во Охрид е во согласност со член 62 од Законот за Локална самоуправа и член 83 од Статутот на Oпштина Охрид.

Охрид | пред 2 години

ohrid

Општина Охрид: Сите обврзници на комунална такса –фирмарина кои имаат заостанати и неплатени обврски, да ги подмират

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАПЛАТА НА ДАНОК НА ФИРМА –ФИРМАРИНАјуни 21, 2023 0Општина Охрид ги потсетува сите граѓани дека во согласност со одредбите за присилна наплата во Законот за даноци на имот (Сл. весник на РМ бр. 61/2004…151/21) и согласно одредбите во законот за Комунални такси ( сл. весник на РМ бр. 61/04 … 23/16) во тек е постапка за присилна наплата по основ на комунална такса за фирмарина за 2020 /2021 год.Сите обврзници на комунална такса –фирмарина кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени обврски, да ги подмират своите обврски.Воедно, Ве информираме дека секое регистрирано лице како трговец поединц или правно лице има достапен увид во неговата финансиска картица, увид во изготвените решенија по кои се задолжени и истите може да ги платат електронски преку линкот за е-даноци на официјалната веб страна на Општина Охрид ( https://edanoci.ohrid.gov.mk/).Потсетуваме дека во месец април –мај минатата 2022 година, Општина Охрид испрати електронски Опомени за неплатена комунална такса за фирмарина до сите правни и физички лица (т.е. трговци поединци и занаетчии) кои вршат дејност на територија на Општина Охрид. Од причина што рокот во кој требаше да се изврши наплатата по доставената опомена е поминат, Општина Охрид е во постапка на изготвување решенија за присилна наплата кои ќе бидат доставени до даночните, односно таксените обврзници.Доколку даночните и таксените обврзници не постапат по ваквото решение се изготвува решение за блокада на банкарсктие сметки на обврзниците.

Охрид | пред 2 години

VINSKI_FESTIVAL_21.06-3

Денес започнува второто издание на „Ohrid Wine Festival“

Денес со почеток од 18 часот, на улица „Кеј Македонија“ започнува Второто издание на „Ohrid Wine Festival“. По тој повод, денеска, градоначалникот Кирил Пецаков и Пане Темов, претставник на организаторите одржаа прес конференција.-Овогодинешниот фестивал започнува на 22 јуни, и ќе трае до 24. Охриѓани и гостите ќе имаат можност да вкусат квалитетно, да уживаат во закуските и да уживаат во одличниот избор на музичките перформанси. Учество ќе земат повеќе од 20 винарии и други учесници од Македонија од повеќе различни региони. Овогодинешната музичка програма е составена исклучиво од домашни изведувачи и на тој начин даваме поддршка до домашните изведувачи кои се навистина квалитетни. Првиот ден е резервиран за бендот „Баклава“, добро прочуениот Миле Кузманоски и безвременскиот Дарио. Во петок ќе настапат „Лугер“, „Брас брадарс“, „Бак дор бенд“ и „Нокаут“, а во сабота охриѓанецот Александар Јосифовски, Фиц и „Д инвизибалс“ со најголемите хитови од Студени нозе, и „Фанк Шуи“. Сите дена како резидент дџ ќе биде „РутБој“. Убеден сум дека музичката програма ќе ги задовли сите вкусови на посетителите. Со почетокот на Вино Фест, практично го означуваме почетокот на летната туристичка сезона пред која ни претстојат безброј настани. Забавата започнува од 18 часот и ќе трае до 01 часот по полноќ. Ги поканувам Охриѓани, гостите, но и сите оние кои не се во Охрид во моментов, да дојдат и заедно да уживаме во фестивалот, кажа градоначалникот Пецаков.Покрај познатите македонски вински компании, ќе се претстават и мали семејни винарии како од Охрид така и од Македонија.-Посетителите по релативно добри и ефтини цени ќе може да пробаат различни вина. Ќе може да се дегустираат македонски сорти на вино, како станушина, вранец, темјаника…Ќе ги промовираме нашите македонски музичари, се надевам дека ќе биде посетено како и лани, рече Темов и додаде дека интересот кај македонските винарии бил поголем годинава, а за одредено време овој фестивал има шанси да стане регионален, истакна Темов.Се очекува овој фестивал да изгради убава традиција и бројот на винарии од година во година да се збогатува.

Охрид | пред 2 години

Finalno-asfaltirawe-Lazar-Licenoski-5

Утре и задутре затворена за сообраќај улицата Марко „Цепенков“ во Охрид

Поради градежни активности за асфалтирање во петок 23.06.2023 година и сабота 24.06.2023 година, согласно времениот режим, ќе биде затворена за сообраќај улицата „Марко Цепенков“.Се известуваат жителите кои што живеат на улицата „Марко Цепенков“ и во населбите „Видобишта“ и „Гоце Делчев“ дека сообраќајот ќе се одвива по споредни улици.

Охрид | пред 2 години

271390768_373459804110139_5169398056754971612_n

Општина Охрид со повик за отстранување на пловните објекти од крајбрежјето во Пештани

Општина Охрид ги повикува сопствениците на пловни објекти (кајчиња) кои се лоцирани на крајбрежниот појас во село Пештани, истите да ги отстранат, најдоцна до петок, 23 јуни.Во спротивно од сабота 24.06.2023 година, Општина Охрид и општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за отстранување на истите, на товар на сопствениците. Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето, со цел непречено користење од страна на жителите и туристите.

Охрид | пред 2 години

305988191_533933288534499_1024639479548728075_n

Општина Охрид ќе го субвенционира износот за добивање на картички за влез во стариот дел на градот

ЈП „Билјанини Извори“ ја известува јавноста дека со одлука на Општина Охрид износот за добивање на картички за влез во стариот дел на Охрид ќе биде целосно субвенциониран од страна на Општина Охрид.На граѓаните кои до сега извршиле уплата за добивање на картичка, износот целосно ќе им биде рефундиран. Се упатува молба до сите кои имаат извршено уплата, од утре 20.06.2023 година да дојдат во просториите на ЈП „Билјанини Извори“, спортска сала „Билјанини Извори”.

Охрид | пред 2 години

LMS-1-scaled-1

Избрани членовите на локалниот младински совет на Охрид

Локалниот младински совет вчера во просториите на Општина Охрид одржа Седница на Собрание на млади со девет делегати и две точки на дневен ред: избор на членови на Локален младински совет на Општина Охрид и разно.За членови во Локалниот совет на млади беа избрани: Калина Стојаноска, Стефанија Битолкоска, Кети Маркоска, Александар Стојановски, Игор Јосифоски, Петар Сарафилоски, Александар Бојчевски. За претседател на Локалниот младиснки совет беше избран Игор Јосифоски, а за секретар Стефанија Битолкоска.Претходно беа разгледани сите пристигнати пријави на кандидатите кои имаа и свое претставување, а ја споделија својата програма и визија по што следуваше тајно гласање за 7 членови на Совет на млади.

Охрид | пред 2 години

OHRID-WINE-FESTIVAL13062023002

Второ издание на винскиот фестивал – ” Ohrid Wine Festival”

Со почетокот на летото и летната сезона во туристичкиот Бисер на Македонија – Охрид, започнува и второто издание на винскиот фестивал – ” Ohrid Wine Festival”Од 22 Јуни до 24 Јуни на Кеј Македонија, поточно на платото пред Хотел Палас, три дена во Охрид ќе се дегустира убаво вино и храна, надополнета со убава музика и забава за сите генерации.Во деновите кои следат ќе ги објавиме сите учесници, листата на винарии како и музичката програма за второто издание на нашиот фестивал.По успешното прво издание кое покажа дека Охрид е вистинско место за промоција на винската култура и гастрономија, очекуваме оваа година покрај домашните гости да ги задоволиме вкусовите на сите туристи кои во овој период ќе бидат присутни во Охрид.Како познатата поговорка ” Во виното е вистината” повелете на овој уникатен настан за вистински да уживаме во вкусот и традицијата на македонските вина и македонската храна.Покровител на фестивалот е Општина Охрид, а истиот е организиран од Крафт Продукција.

Охрид | пред 2 години

processed-2b3111aa-77f6-4bae-8b85-89e8ab07d177_88W2s3Dc

Се одржа второто издание на Етно фестивалот Охрид 2023

Синоќа пред платото на НУ „Григор Прличев“ се одржа второто издание на Етно фестивалот Охрид 2023. На овогодинешниот фестивал концертна промоција одржа Александар Јовевски за албумот „Од колено на колено“.Заменик градоначалникот Перчо Божиноски, во име на градоначалникот го прогласи за отворен овогодинешниот фестивал.– Ми причинува задоволство што вечерва ја имам можноста да ги поздравам присутните на второто издание на „Етно фестивалот Охрид 2023“. Етно фестивалот, која на еден волшебен начин прави спој на минатото и сегашноста, веќе полека прераснува во убава традиција, која не навраќа во низ времето презентирајќи ги вредностите, традициите и обичаите. Тука би сакал од името на градоначалникот Кирил Пецаков, да ги пренесам срдечните поздрави и честитки до сите инволвирани во организацијата на овој фестивал, и до главниот виновник за овој настан – здружението „Арт пријатели“ од Охрид. Токму преку вакви луѓе – ентузијасти, изгубените вредности, во денешното модерно живеење добиваат повторна значајност. Дотолку задоволството е поголемо што оваа вечер ќе имаме можност да бидеме дел од промоцијата на албумот „Од колено на колено“ од нашиот виртуоз Александар Јовевски. И кое место би било по соодветно за ваква концертната промоција, ако не Охрид, град во кој низ минатото се испрепретувале цивилизациите, градот на писменоста, градот на светлината. Затоа вечерва нека заблеска овој настан и нека се всади во историјата како ѕвезда во небесен свод, рече во своето обраќање Божиноски.Фестивалот е во организација на здружението „АРТ пријатели“ од Охрид, а се реализира со поддршка на Општина Охрид.

Охрид | пред 2 години

Ohridski-Biseri16062023001

Започна 22. издание на Интернационалниот музички фестивал „Охридски бисери“

Во голема сала на Општина Охрид, синоќа, со пригодна музичка програма започна 22. издание на Интернационалниот музички фестивал „Охридски бисери“. Покровител на музичкиот фестивал е Општина Охрид.Во име на општината фестивалот за отворен го прогласи заменик градоначалникот Перчо Божиноски.– Огромна е честа да се биде дел од свеченото отворање на еден од најпрестижните Интернационални натпревари на млади музичари во сфера на класичната музика „Охридски бисери“. За овој натпревар најдобро говори фактот има 22 години непрекината традиција, традиција достојна за висока почит и признание. Несомнено, Охрид како град со најголем број културни случувања е најсоодветниот за одржување на овој величествен настан. Па затоа поддршката на Локалната самоуправа не изостана и не смее да изостане и во иднина, бидејќи токму овој настан како бисер го надополнува бисеровиот ѓердан на градот. Нам, охриѓаните особено горди не прави тоа што градот продолжува да биде културен центар, а потврда за тоа е и денешното учество на младите уметници од целиот свет. Велат музиката нема географски граници, нема јазични бариери и нема расни поделби. Тука јас би додал дека музиката ги надминува и јазичните бариери. Таа е универзална, а интерпретаторите припаѓаат на целиот Свет. Деновиве, нека одекнуваат звуците на квалитетната музика и изведба и нека будат во нас чувство на среќа, рече во своето обраќање Божиноски.Финалната вечер на Интернационалниот музички фестивал „Охридски бисери“ е во сабота, кога ќе бидат прогласени најдобрите изведувачи.

Охрид | пред 2 години

IMG-87ce472c922e678b173e02f732a48afd-V

Богата музичка програма на винскиот фестивал во Охрид

Уште само неколку дена не делат од почетокот на второто издание на винскиот фестивал во Охрид кој ќе се одржи на 22, 23, 24 јуни.Богата музичка програма со македонски музички артисти е тоа што ќе го дополни уживањето во дегустацијата на македонските вина и вкусната храна.На отворањето на фестивалот во Четврток на сцената ќе ги видиме Баклава, Миле Кузмановски и Куку Леле. Во Петок Брас Брадрс, охридските рокери Бекдор Бенд и Лугер, како и легендарните Нокаут, а на последниот ден во Сабота Александар Јосифовски, Фиц енд д инвизиблс (студени нозе грејтест хитс) и Фанк Шуи. Сите денови настанот ќе го отвара диџеј РУТБОЈ СЕЛЕКТОР од 18:00 часот, а бендовите ќе ги забавуваат гостите до 01:00 часот.Се надеваме дека имаме програма со која ќе ги задоволиме различните вкусови на сите посетители и во позитивна атмосфера ќе се дегустира убаво вино.Целта на фестивалот е да постане традиционален и да ја дополни богатата културна програма на Охрид.

Охрид | пред 2 години

IMG-b0d70deea3359faac8f79b41bfcad905-V

Започнаа 35. републички спортски игри на лица со телесен индалидидтет

Денеска во СРЦ „Билјанини извори“ започнаа 35. Републички спортски игри на лица со телесен инвалидитет. Учесниците и организаторите во име на Општина Охрид ги поздрави советникот Наум Јамандиев и им посака успешно натпреварување.На спортските игри учествуваат 110 спортисти во атлетика, пинг понг и стрелаштво. Овие спортски игри се и со меѓународно учество и има 15 учесници од Црна Гора, Србија и Хрватска.

Охрид | пред 2 години

neparkiraj

Времено се затвора за сообраќај улицата „Марко Цепенков“ во Охрид

Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека на ден 17.06.2023 година (Сабота) ќе се врши асфалтирање и ќе биде затворена за сообраќај улицата „Марко Цепенков“ – потег од кружна крстосница со ул. „Момчило Јорданоски“, до кружна крстосница со ул. „Питу Гули“.

Охрид | пред 2 години

Ambasador_13062023002

Амбасадорот на Република Црна Гора во посета на Охрид

Н.Е. Марија Петровиќ, Амбасадор на Република Црна Гора, при денешната посета на Охрид оствари средба со градоначалникот Кирил Пецаков. Во срдечна атмосфера разговараа на повеќе теми. На средбата беа потврдени добрите односи што Општина Охрид ги негува со збратимените и пријателски градови од Црна Гора, Будва и Котор.Соговорниците се осврнаа и на темите за развој на туризмот и промоција на Охрид како атрактивна туристичка дестинација. Беше разговарано и за зачувување на животната средина, заштита на Студенчишкото Блато и состојбата со Колекторскиот систем на Охридското Езеро. Градоначалникот и амбасадорката разговараа и за можностите за соработка во делот на подготвување на проекти, како и за економска соработка со организирање на регионални економски форуми помеѓу малите бизниси од Македонија и Црна гора.Исто така, градоначалникот и амбасадорката разговараа и за соработката што Охрид ја има со црногорската општина Котор и за размената на искуства со УНЕСКО. Заеднички се сложија дека Организацијата на градови со светско културно наследство (OWHC) треба да продолжи со своите активности и да се организира средба во Охрид помеѓу градоначалниците од градовите кои се дел од оваа организација.

Охрид | пред 2 години

Ambasador_14062023003

Пецаков на средба со амбасадорот на Австрија Георг Вуцас

Денеска, градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со амбасадорот во заминување на Австрија во Македонија, Н.Е. Георг Вуцас. На средбата беше потенцирано дека Охрид негува добри односи со Австрија и амбасадата.Се разговараше за размена на искуства поврзани со УНЕСКО, остварување соработки во повеќе области преку кои би се продлабочиле веќе добрите меѓусебни односи.Градоначалникот го запозна амбасадорот со приоритетните проекти за градот од областа на заштитата на животната средина и дека веќе за нив се изработени проекти со кои може да се аплицира пред меѓународните фондови. Амбасадорот изрази поддршка на напорите за изнаоѓање финансиски средства за реализација на проектите.На средбата соговорниците разговараа и за актуелните политички случувања и за предизвиците на Република Македонија и Европската унија во целина.

Охрид | пред 2 години

Press_soobrakaj_12062023003

Се одржа состанок за новиот сообраќаен режим на влезот од Охрид

На иницијатива на градоначалникот Кирил Пецаков, денес, во просториите на Општина Охрид се одржа состанок поврзан со новиот сообраќаен режим на влезот од Охрид кај Подмоље. На состанокот присутни беа претставници на Хотам, угостителскиот еснаф, туроператори, туристички агенции, СВР Охрид и стручните служби при Општина Охрид.Градоначалникот во своето излагање пред присутните ги посочи реакции на граѓаните и воопшто на сите засегнати од оваа одлука. Дополнително истакна дека е добро едногласно да испратат барање, односно замолница до Владата на Република Македонија и Министерството за транспорт и врски за одложување на градежните работи на оваа делница и тие да продолжат од септември или октомври, имајќи предвид дека не се работи за последните километри од автопатот, па така градежните активности може да се пренасочат на други точки.Ваквиот став на градоначалникот наиде на одобрување кај присутните и сите учесници освен претставниците на СВР Охрид, го потпишаа барањето кое ќе биде испратено до Владата и Министерството.Во Барањето стои:„ ДО:Влада на Република МакедонијаМинистерство за транспорт и врскиБ А Р А Њ ЕПочитувани,Согласно одржаниот состанок на ден 12.06.2023 година кој беше наменет за последиците кои што Охрид и регионот ќе ги трпат од новиот режим на сообраќај на влезот од Охрид кај Подмоље, односно пренасочувањето на сообраќајот по стариот локален пат Охрид – Струга едногласно произлезе заклучок дека ваквата состојба е погубна за Охрид и Охридскиот регион, бидејќи во моментов и периодот што следи Охрид ќе биде центар во Република Македонија. Во очи на почеток на летната туристичка сезона да се затвори главниот приод кон Охрид е погубна одлука бидејќи со тоа значајно ќе се намали бројот на гости кои што ќе престојуваат во Охрид, имајќи предвид дека тој пат води и до Охридскиот аеродром. Со ваквата одлука голем број на семејства чија главна егзистенција е туризмот, ќе останат без приходи. Тука исто така се создава проблем и кај хотелиерите бидејќи постои веројатност веќе закажаните резервации да ги откажат и тие да останат без приход. Имајќи предвид дека изминатите неколку години беа тешки години за туризмот и туристичките работници, ова би значело крах на туристичкиот сектор во Охрид, а воедно и во Република Македонија.Покрај горенаведените причини, со пренасочувањето произлегува и дополнителен проблем кој е од хуман и здравствен аспект. Преоптоварувањето на стариот локален пат Охрид – Струга, создава проблем и за возилата за специјална намена брза помош, полиција и противпожарни возила.Знаејќи дека токму на тој пат е лоцирана Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ која што е регионална, понатака создава проблем кај родителите кои своите деца мора да ги носат за терапија или итни прегледи на Детското одделение во Општата болница во Струга. Исто така се создава проблем и за ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања – Охрид, каде за успешно лекување на пациентите потребна е брза реакција.Од сето горенаведено заеднички испраќаме БАРАЊЕ до Владата на Република Македонија и до Министерството за транспорт и врски, градежните зафати на овој потег да ги одложат за септември. До ова барање се дојде имајќи предвид дека не станува збор за последни километри за изградба од автопатската делница, па така градежните активности може да се насочат на друга точка, а од септември да продолжат на оваа.Со надеж дека ќе излезете во пресрет на нашето барање.Наведените точки се повеќе од доволни за Министерството за транспорт и врски да ги одложи градежните активности и тие да продолжат од септември, а сега да се врати нормалното функционирање на влезот во Охрид.

Охрид | пред 2 години

ohrid-turisticka-42

Улицата „Кеј Македонија“ во Охрид се затвора за моторен сообраќај

Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека од ден 01.06.2023 година (Четврток) се затвора за моторен сообраќај улицата „ Кеј Македонија“ – потег од кружната крстосница со ул. „Македонски Просветители“ , до крстосницата со ул. „Ванчо Николески“.

Охрид | пред 2 години

Memoransum_kineski_jazik_01062023005

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Општина Охрид и Институтот „Конфуциј“

Во просториите на Општина Охрид, денеска, беше потпишан меморандумот за соработка помеѓу Општина Охрид и Институтот „Конфуциј“ кој работи во склоп на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Потписниците на договрот, градоначалникот Кирил Пецаков, и двата директори на Институтот македонскиот проф. Д-р Влатко Стоилков и кинескиот проф. Д-р Дијао Веј, изразија подготвеност за целосно спроведување на обврските од меморандумот.Со меморандумот е опфатено изучување на кинескиот јазик, литература и култура. Предвидено е изучувањето да се спроведува преку едукативни активности кои ќе бидат спроведени за ученици и вработени во општинските училишта. Понатака, организирање на културни настани, семинари и работилници.Исто така опфатено е вршење размена на информации со училиштата за членување во домашни и меѓународни здруженија, учество и заеднички настап.Потписниците взаемно се согласија дека потпишувањето на меморандумот е само почеток кон продлабочување на соработката помеѓу Охрид и Народна Република Кина, преку организирање на настани и промоции, како и презентации пред потенцијалните гости во Охрид.

Охрид | пред 2 години

cveten-Ohrid2-1

Општина Охрид со проект „ Цветни балкони – Цветен Охрид “

ЦВЕТНИ БАЛКОНИ – ЦВЕТЕН ОХРИДјуни 1, 2023 0Општина Охрид традиционално и годинава во рамки на одбележувањето на 5 – ти Јуни – Светскиот ден на животната средина, ќе го реализира проектот „ Цветни балкони – Цветен Охрид “.Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици:улица: “АСНОМ“,улица: “Јане Сандански“,улица: „Никола Карев“улица: “Сирма Војвода“,улица: “Карпош Војвода“,улица: “Галичица“,улица: “Ванчо Питошески“,улица: “8-ми Септември“,улица: “Мирче Ацев“,улица: “Лазо Трпоски“.Акцијата ќе се реализира на 05(понеделник) и 06 јуни(вторник) 2023 год.Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за жардинери со цвеќе, истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид на 05 јуни (понеделник) и 06 јуни (вторник) 2023 година, од 9 до 13 часот, а со себе да носат копија од лични документи (лична карта или пасош) за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.

Охрид | пред 2 години

IMG_2467-scaled-e1685623688953

Верифицирани мандатите на новите делегати во Локалното собрание на млади

Денеска во големата сала на Општина Охрид се одржа седница на Локалното собрание на млади. На седницата се изврши верификација на мандатот на пријавените делегати и заменици делегати во Локалното младинско собрание по претходно објавен јавен повик.Согласно дневниот ред, членовите на собранието донесоа и одлука за распишување на Јавен повик за избор на членови во Локалниот совет на млади.

Охрид | пред 2 години

ohrid

Свикана дваесет и осмата седница на Советот на Општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ДВАЕСЕТ И ОСМАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИДЈА СВИКУВАМ дваесет и осмата седница на Советот на општина Охрид на ден 08.06.2023 година ( четврток ) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.За седницата го предлагам следниот:Д Н Е В Е Н Р Е ДУсвојување на Записникот од 25-та седница и Записникот од 26-та седницаПредлог-Програма за измени на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2023 година.Предлог-Програма за измени на програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2023 година.Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за финасиските потреби на ТППЕ Охрид за 2023 година.Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за заштита на животната средина и природата за 2023 година.Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2023 година.Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за спорт и рекреација за 2023 година.Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2023 година.Предлог-Програма за измени и дополнувања на развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2023-2025 година (НА).Предлог-Програма за измени и дополнувања на развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2023-2025 година (НБ).Предлог-Програма за измени и дополнувања на годишната програма на општина Охрид за здравствена и социјална заштита за 2023 година (Т1).Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за енергетска ефикасност за 2023 година.Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за уредување на градежно земјиште за 2023 година.Предлог-Програма за измени на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2023 – 2025 година.Предлог-Програма за дополнување на програмата за урбана опрема – изградба и одржување за 2023 година.Предлог-одлука за изменување и дополнување на буџетот на ЕЛС Охрид за 2023 година.Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2023 година.СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИДПретседателСашо Донев

Охрид | пред 2 години

Kraguevac_05062023001

Реализиран проектот „Мала ноќна музика“

Општина Охрид беше вклучена од реализацијата на проектот ,,Мала ноќна музика” чиј носител е збратимениот град Крагуевац од Србија. Покрај Охрид, партнери на проектот беа и градовите Бар, Црна Гора и Фоча, Босна и Херцеговина.Како дел од активностите на проектот, во периодот од 2-ри до 5-ти јуни 2023 година, во Крагуевац, се одржаа работилници за Менаџмент во културата и двe концертни вечери, на кои настапија млади музичари од градовите учесници.Во името на Охрид, во рамки на втората концертна вечер настапија младите охридски флејтисти м-р Даниела Петкоска, Светлана Богданоска Ристоски, Моника Стојкоска и Ана Матеска.Целта на проектот е продлабочување на пријателството помеѓу збратимените градови. Проектот е финансиран од Фондот за Западен Балкан, Општина Охрид, Општина Крагуевац и музичкиот центар од Крагуевац. Во проектот беа вклучени и Младинскиот центар од Охрид, Културолошката иницијатива „5 до 12“ и здружението „Ахрид“ од Охрид.

Охрид | пред 2 години

Нема фотографија

Во вторник ќе се изведуваат градежни активности на улицата „Марко Цепенков“ во Охрид

Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека на ден 06.06.2023 година (вторник) на улицата „Марко Цепенков“, ќе се изведуваат градежни активности.Со цел непречено и безбедно одвивање на активностите се молат сите учесници во сообраќајот да ја избегнуваат оваа улица и да не се паркираaт на истата.

Охрид | пред 2 години

Sertifikati_05062023001

Сертификати за основците кои изучуваа италијански јазик во две охридски училишта

Денес во општинските основни училишта „Св. Климент Охридски“ и „Христо Узунов“ беа доделени дипломи на околу 100 ученици кои беа опфатени со проектот на Општина Охрид за факултативно изучување на италијански јазик.Учениците од петто и шесто одделение од овие училишта за првпат годинава изучуваа италијански јазик два пати во неделата.Предавач по овој предмет беше професор Маја Мијаиловиќ, а на настанот меѓу другите присуствуваа и универзитетските професорки д-р Радица Никодиноска и професорките Бранка Гривческа како претставници на Здружението на наставници по италијански јазик.

Охрид | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања