Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ОХРИД

Slovacki_ambasador_10032023003

Пецаков на работна средба со амбасадорот на Словачка Хенрик Маркуш

Градоначалникот Кирил Пецаков, денес одржа работна средба со амбасадорот на Словачка во Македонија, Хенрик Маркуш. Разговорот беше фокусиран на априлската средба со амбасадорите на земјите чии граѓани се добитници на Светската награда за хуманизам.Договерено е средбата да се одржи во средината на април, на која ќе бидат презизирани деталите за свеченото откривање на споменикот на хуманизмот на 9 август. На истиот ден ќе биде доделена и годишната светска награда за хуманизам, а ќе му биде врачена и на минатогодишниот добитник Далимир Хајко, светски познат филозоф, есеист, литертурен критичар и професор на универзитетот од Жилина, која поради ковид кризата беше одложена на неодредено време.

Охрид | пред 3 години

Sportski_igri_Velgosti_03032023003

Спортски ден во Велгошти

По повод 142 години од раѓањето на македонскиот револуционер Тодор Александров, денес во Велгошти во организација на ОУ „Живко Чинго“ и Сојузот за училишен спорт, се организира „Спортски ден“ за учениците од основните училишта од Охрид и Дебрца. Во името на локалната самоуправа, пред пристутните се обрати советникот Наум Јамандиев.– Локалната самоуправа секогаш ќе биде подготвена да ги поддржи ваквите манифестации, кои значат правилен психо-физички и социјален развој на нашите најмили – децата. Со спортската игра и натпреварувањето децата ќе имаат можност да научат како да не се возгордеат во победата, но и да не се разорачуваат во поразот. Спортот ќе ги научи дека постојаноста и посветеноста се најважни, а тие карактеристики ќе им помогнат така да се однесуваат и во сите други области од нивниот живот.Натпреварите ќе се одиграат во фудбал за ученици од шесто и седмо одделение, баскет за ученици од осмо и девето одделение, шах за ученици од прво до девето одделение и пинг понг за ученици од шесто до девето одделение.Постигнатите резултати ќе бидат вреднувани во рамките на училишните спортски игри.

Охрид | пред 3 години

20230224_122754

Финализиран проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“

Со завршниот настан кој се одржа минатата седмица, Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина ‐ Регионален зелен центар Охрид успешно го финализираше проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“.На настанот беа сумирани и презентирани постигнатите резултати како и сите реализирани активности. Во рамки на настанот се одржа и промоција на документарниот филм за трската во Охридското Езеро, изработен во рамки на овој проект.Тимот на РЗЦ Охрид упати огромна благодарност кон сите кои што на било каков начин дале придонес и биле вклучени во проектот, со надеж дека ваквите иницијативи ќе бидат побројни и во иднина.Проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“ се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Охрид | пред 3 години

Vodovodna_linija_02032023002

Нова водоводна линија на улица „Пирин Планина“ во Охрид

Екипите на ЈП „Водовод“ Охрид започнаа со изведба на нова водоводна линија на улица „Пирин Планина“.Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, ќе се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф90 мм, во должина од 178 метри.

Охрид | пред 3 години

Marko_Bosnakov_27022023001

Одбележани 115 години од смрта на Марко Бошнаков

Делегации на Општина Охрид и останати институции во градов положија свежо цвеќе пред спомен куќата на Марко Бошнаков со што се одбележаа 115 години од неговата смрт. Чествувањата продолжија со културно уметничка програма во спомен куќата на Христо Узунов.Пред присутните меѓу кои беа и членовите од семејството на Бошнаков се обрати заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиноски.-Најверојатно никогаш нема да се најде начин со кој на исто ниво би му заблагодариле на Охридскиот гемиџија Марко Бошнаков за неговиот највисок патриотски чин на саможртва за самобитноста на македонскиот народ и градењето на Македонската држава. Секое чествување во однос на она што тој го направил за нас е премало и прескромно.Денеска одбележувајќи 115 години од смртта на Марко Бошнаков се потсетуваме на неговиот огромен патриотизам, на храброста да се биде дел од малкумината кои вршејќи ги солунските атентати сакаа да го одвлечат вниманието на „Светските елити“ за случувањата во нашата поробена земја.За своите херојски дела Бошнаков бил заробен од аскерот во Солун и осуден на смрт. Смртната казна му била заменета со доживотна робија во злогласниот затвор Музрул во Африка, каде и починал на 27 февруари 1908 година, само неколку месеци пред да се прогласи амнестијата од страна на Младотурците.Единствените преживеани гемиџии, Шатев и Богданов го исполниле аманетот на Бошнаков „Ако телото се тркала, не дозволувајте истото да се случи и со главата“, така што ја отсекле главата од безживотното тело и ја донеле во Охрид.Жртвата на Марко Бошнаков за Македонија претставува највисок патриотски чин. Тој е еден од великаните чие име го изговараме со смирена благонаклоност и со стравопочит.Од тешките борби и пролеаната крв на најдобрите македонски синови се издигна нашата татковина Македонија. Ние додека сме живи мора да продолжиме да се бориме за совршенство бидејќи слободата ја наследивме од нашите предци. Ние Македонците се сметаме себе си за сосема одделен национален елемент и ни најмалку не сме наклонети да ги исполнуваме барањата или условувањата на дел од нашите соседи. Македонија мора да припаѓа и припаѓала на Македонците и останатите народи кои живеат во неа.Секоја генерација има своја битка и свои елементи на патриотизам. Денеска патриотизам значи да се учи, да се донесе нешто за својот град, позитивни процеси, да се напише книга за својот град, да се помогне на секој еден што е наш сограѓанин и кој си ја сака својата татковина. И врз база на тој момент на патриотизам кој го живееме сега треба да го градиме градот понатаму,Да создаваме подобри услови за живот за себе и подобра иднина за своите деца – рече Божиноски.Во рамки на свеченостите настапија членовите на КУД „Гердан од бисери“, а историски час одржа кустосот при охридскиот Завод и музеј, Горан Митрески.

Охрид | пред 3 години

Retki_bolesti_27022023003

Градоначалникот Пецаков ја поддржа кампањата „Ги запознаваме ретките болести“

Во насока на подддршка на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“, градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со претседателка на здружението „Ретко е да си редок“, Гордана Лолеска.На средбата се разговараше за поддршката која Општина Охрид, втора година по ред ја обезбедува за лицата со ретки болести во вид на редовни стипендии за ученици, студенти и магистранти.Градоначалникот Пецаков потенцираше дека само преку заедничка соработка, конкретни мерки и гласно зборување за ретките болести ќе се овозможи полесно надминување на предизвиците со кои се соочуваат овие лица и нивните семејства.На средбата, градоначалникот Пецаков и госпоѓата Лолеска ги обоија двете дланки како симбол на надеж дека ќе се обезбеди поголем медицински напредок во третманот и лекувањето на ретките дијагнози и дека ќе се обезбеди пристап до лекови за 10% од лицата кои се соочуваат со ретко заболување.Општина Охрид и оваа година активно се вклучи и ја поддржа кампањата „Ги запознаваме ретките болести“ со осветлување на општинската зграда, неколку јавни објекти и споменици во боите на ретките болести.

Охрид | пред 3 години

opstina-ohrid

Забрана за паркирање на улица „Ѓорче Петров“ во Охрид

Поради изведување на градежни активности за асфалтирање на улицата „Ѓорче Петров“ на 28.02.2023 година (вторник) и на 01.03.2023 година (среда) ќе има забрана за паркирање на оваа улица, на потегот од крстосницата со улица „Марко Несторовски“ до пресекот со уличниот крак кој води кон станбениот комплекс „Христо Узунов“.Се упатува молба до жителите од овој дел на градот да ја почитуваат забраната за паркирање и да ја намалат фреквенцијата на сообраќај на овој потег, додека траат градежните активности.

Охрид | пред 3 години

ohrid

Одржана дваесет и четвртата седница на советот на Општина Охрид

Денешната дваесет и четврта седница на Советот на Општина Охрид со дваесет и пет точки на дневниот ред, помина во знакот на предлот – одлуката за давање согласност на измените на годишниот План за вработување на Општина Охрид за 2023 година. По, на моменти остри дискусии и полемики меѓу опозиционите и советниците на позицијата, одлуката со изненадувачки 17 гласа за, беше усвоена.Во останиот дел од работата на седницата, советниците ги усвоија следниве одлуки:-Одлука за верификација на мандат на член во Советот на општина Охрид.-Одлука за изменување и дополнување на одлуката за извршување на буџетот на општина Охрид за 2023 година.-Програма за измени и дополнувања на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2023-2025 година.-Одлука за измени и дополнување на буџетот на единицата на локална самоуправа општина Охрид за 2023 година.-Одлука за субвенционирање трошоци за потрошена електрична енергија на ЈП„Водовод“ – Охрид.-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за давање на времено користење недвижен имот на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид.-Одлука за формирање на Совет за женско претприемништво на општина Охрид.-Одлука за давање согласност на одлуката за отпис и расходување на основни средства во сопственост на ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид.-Одлука за подигање спомен – обележје за Стојан Шутев, Тасе Василев и Коле Јанев, од с.Завој, загинати за време на Илинденското востание.-Одлука за прифаќање донација на движни ствари – опрема за спроведување на GLOBE програмата на општина Охрид.-Одлука за давање на трајно користење движни ствари-опрема за спроведување на GLOBE програмата на општина Охрид сопственост на општина Охрид на ООУ „Христо Узунов“ – Охрид.-Одлука за давање на трајно користење движни ствари-опрема за спроведување на GLOBE програмата на општина Охрид сопственост на општина Охрид на ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид.-Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 541/4 КО Велгошти.-Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 1335 КО Љубаништа.-Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 1814/1 КО Лескоец.-Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 2374 КО Лескоец.-Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 2493/1 и кп.бр. 2493/2 КО Коњско.-Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 2632/1 КО Долно Лакочереј.-Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 1437/1 КО Лескоец.-Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 1571 и кп.бр. 1637 КО Опеница.-Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 2119 КО Велестово.-Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 5928 КО Охрид 4.-Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 6097/1 КО Охрид 4.-Одлука за изменување на одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација за усогласување на намената на земјиштето на Кп.бр. 1540 КО Рамне.

Охрид | пред 3 години

Sredba_ugostiteli_21022023004

Презентирани правилникот и каталогот за стандардизација и визуелна унификација на урбаната опрема во стариот дел на Охрид

Денеска во Општина Охрид се одржа презентација на Правилникот и каталогот за стандардизација и визуелна унификација на урбаната опрема на локациите кои беа опфатени со Анализата на визуелното оптеретување на градот Охрид.На презентацијата присуствуваа сопственици на угостителски објекти, занаетчии, сместувачки капацитети, трговци, туристички работници и останати субјекти кои ја обавуваат својата дејност во стариот дел на градот и охридската чаршија.Со Правилникот и каталогот за стандардизација и визуелна унификација на локациите се пропишуваат видот, типот, категориите и карактеристиките на стандардизирана и визуелно унифицирана урбана текстура, урбан мобилијар и утилитарни објекти. Во документот се определени типолошките серии на опрема, материјали за изработка, начин на поставување и дизајн со карактеристики на обликувана унификација на урбана опрема за јавни површини на територијата на градот Охрид.Просторниот опфат на примена на овој правилник се однесува на територијата која беше опфатена со Анализата и елаборатот за визуелно оптеретување на градот Охрид од 2019/2020 година:Плоштадот пред црквата „Св.Софија“,ул.„Коста Абраш“ и „Цар Самоил“,Плоштадот „Св.Климент Охридски“,Чаршијата долж ул. „Св Климент Охридски“,Плоштадот „Крушевска Република“, продолжението до булевар „Туристичка“ и дел од чаршијата до пресекот со ул. „Гоце Делчев“.Правилникот и каталогот за стандардизација и визуелна унификација на урбаната опрема на локациите е усвоен од страна на Советот на Општина Охрид и е објавен во Службен гласник на Општина Охрид број 13 од 2022 година (стр. 389).Правилникот и каталогот се подготвени и се усвоени врз основа на одредбите од Законот за градење, Законот за просторно и урбанистичко планирање, Законот за заштита на културно наследство, Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење.

Охрид | пред 3 години

Sredno_obrazovanie_22022023001

Советот на млади на Општина Охрид оствари работна средба со претставници од училишните заедници од средните училишта

На иниицијатива на Секторот за спорт, млади и невладини организации, денес со просториите на Општина Охрид, се одржа работна средба помеѓу Советот на млади на Охрид и претставници на улилишните заедници од средните училишта.Целта на средбата е да се мотивираат средношколците за поактивно вклучување во креирањето на младинските политики. Претставниците на Советот на млади, Јован Цветкоски и Димитар Поп Стефанија, пред учениците ги претставија досегашните активности на советот и изразија отвореност за сите идеи и проекти кои се од интерес на младите.Средбата се одржува со пресрет на априлските избори, кога се очекува да биде изрбрано ново Собрание и Совет на млади за Охрид.

Охрид | пред 3 години

ohrid

Општина Охрид објави конкурс за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 34 од Статутот на Општина Охрид (Сл. гласник на Општина Охрид бр. 8/07 и 1/08), Градоначалникот на Општина Охрид објавуваКОНКУРС ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА БЕСПЛАТНИ КУРСЕВИСо цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените лица и подобрување на нивните квалификации за идно вработување, општина Охрид согласно Годишната програма на одделението за локален економски развој за 2023 година, во која се предвидени: “Активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд”, распишува конкурс за спроведување на бесплатни курсеви за:– водоинсталатер;– монтер на опрема за греење и ладење;– болничари;– фризери;– кројач на женска/машка облека– монтер на насконапонски инсталации– дактилографија на компјутерI. Услови за доделување бесплатен курсПредност за пријавување за овие курсеви имаат невработените лица, но и вработени кои сакаат да се докфалификуваат и прекфалификуваат.Курсевите ќе започнат доколку се оформи група од најмалку 15 пријавени учесници. Општина Охрид го задржува правото некој од курсевите да не се реализира доколку нема заинтересираност.Изборот на учесниците ќе биде по принципот “Прв дојден, прв услужен”.II. Начин на пријавувањеКандидатите кои се пријавуваат на Конкурсот, треба да ги пополнат потребните обрасци поставени на интернет страната www.ohrid.gov.mk.Со Пријавата потребно е да достават и :Изјава за лични податоци;Изјава потпишана од кандидатот дека доставените документи се вистинити и дека истиот не посетува таков курс од друга институција или фирма.Пријавените учесници треба да имаат завршено средно образование.III. Рок на пријавувањеПотребните документи кандидатите треба да ги достават најдоцна 10 дена од денот на објавувањето на Конкурсот на адреса: ОЈУ ОГУ за доживотно учење “ Кузман Шапкарев” Oхрид, ул.Туристичка бр. 79 – Охрид, во затворен коверт со назнака „Конкурс за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви” или во Архивата на ОЈУ ОГУ за доживотно учење “ Кузман Шапкарев”секој работен ден од 08 до 14 часот, тел. за контакт 078/619-742.Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.

Охрид | пред 3 години

333276162_224031416699387_3495128515912075748_n

Охрид промовиран на саемот за туризам во Белград

Природните потенцијали и уникатното културно богатство на Охрид како атрактивна туристичка дестинација се промовираат на 44. Меѓународен саем за туризам во Белград, Србија кој се одржува од денес до 26-ти февруари.„Заедно со претставниците Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, претставниците на ХОТАМ и останатите туристички чинители, ќе ја презентираме туристичката понуда за 2023-та година и ќе оставариме средби со туроператори од регионот.На саемот за туризам во Белград кој оваа година се одржува под слоганот „Кога е одмор, не е тешко“ се презентираат околу 350 изложувачи од 33 земји“, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Охрид | пред 3 години

331798343_493165216361047_222999934460122391_n

Пецаков: Не постои образовен и детски објекти каде нема да се инвестира

Додека едни критикуваат и ништо не работат, јас и мојот тим сме фокусирани кон исполнување на нашето ветување, а тоа е да не постои образовен и детски објекти каде нема да се инвестира.„Во детската градинка „Јасна Ристеска“ обејкт „Лихнида“ ја променавме дограмата во холовите и економскиот дел во вредност од 451.704,оо денари.Во детската градонка „Јасна Ристеска“ објект „Билјана“ извршивме промена на подовите во вредност од 469.179,оо денари.Во ОУ „Св. Наум Охридски“ во Трпејца ги променавме прозорците со цел да ги подобриме условите за одржување настава, а само за потсетување од страна на Министерството за образование беше ветена целосна реконструкција на овај објект, која за жал никако да се реализира.За тоа кој работи, а кој не, нека сведочат фотографиите од претходно и сега“, стои во објавата.

Охрид | пред 3 години

Obrazovanie_gradezni_aktivnosti_inspekcija_14022023003

Пецаков во обиколка на градежните активности во основните училишта во Охрид

Градоночалникот Кирил Пецаков, со својот тим изврши обиколка на градежните зафати кои се реализираат во основните училишта на територија на Општина Охрид.Во ООУ „Григор Прличев“ во Рача се изврши адаптација и реконструкција на санитарните јазли. Вредноста на овој зафат изнесува 179.773,oo денари.Во ООУ „Братство Единство“ Лескајца се изведе нова електрична инсталција во вредност од 824.188,00 денари и се реконструираја тоалетите во вредност од 1.313.600,oo денари. Тука се изврши и санација на водоводна и одводна мрежа во износ од 624.173,ооо денари.Во ООУ „Кочо Рацин“ Лакочереј се изврши оградување на дврот со жица во вредност од 40.000,oo денари, потоа се изврши нивелирање на подовите во тоалетите во вредност од 100.000,oо денари и се променија одводните и доводните цевки во вредност од 30.000,oo денари.Во ООУ „Ванчо Николески“ Косел се реконструираа тоалетите во вредност од 461.052,oo денари и се изгради настрешница во вредност од 65.000,oo денари.Во ООУ „Ванчо Николески“ Куратица се реконструираа олуците во вредност од 90.000,оо денари.Во ООУ „Ванчо Николески“ Лескоец се реконструира влезот на училиштето во вредност од 60.000,оо денари.Во ООУ „Св. Наум Охридски“ Пештани се изврши молерисување и санација на ѕидовите во вредност од 70.000,оо денари.Во ООУ „Св. Наум Охридски“ Коњско се промени внатрешната дограма во вредност од 50.000,оо денари.Во ООУ „Живко Чинго“ Велгошти се огради училишниот парк и се постави влезна врата во вредност од 215.000,оо денари.Вкупно во овие основни училишта до сега се инвестирани околу 3.298.598,oo денари средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид.Во изминатиов период или во моментов речиси во сите образовни институции се вршат градежни зафати.

Охрид | пред 3 години

IMG-486669dad17dddb8ab43eec40638facd-V

Градоначалникот на Охрид избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков е избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион на редовната седница на советот, која се одржа денеска во Струга. Согласно Законот за рамномерен регионален развој, градоначалникот Пецаков ќе биде на оваа функција со мандат од една година.Во своето обраќање пред присутните, градоначалникот Пецаков се заблагодари за изборот и нагласи дека ќе биде отворен за соработка во насока на обезбедување на што повеќе средства за имплементација на проекти во Југозападниот регион, особено во руралните средини. Тој ја оцени работатат на Советот како позитивна бидејќи заеднички се реализираат значајни регионални проекти кои ги подобруваат условите во повеќе сфери од живеењето.Тој потенцираше дека во време на кризни состојби со кои се соочуваат единиците на локална самоуправа и општинските јавни претпријатија, потребно е да се мобилизираат сите субјекти со цел да се надминат проблемите и да се подобри квалитетот на услугите кон граѓаните.Советот на денешната редовна седница ја утврди листата на регионални проекти со кои Центарот за развој на југозападниот плански регион ќе аплицира кај домашните и меѓународните донатори во текот на оваа година.

Охрид | пред 3 години

Sredno_ekonomsko_15022023008

Се подобруваат условите за учење во економското училиште и гимназијата во Охрид

2023 година СОСУ „Св. Кирил и Методиј “ и гимназијата „Св. Климент Охридски“ ја започна со крупни проекти.Во економското училиште „Св. Кирил и Методиј“ во тек се неколку проекти. Во училишната зграда во тек е целосна промена на електричната инсталација во вредност од околу 8.084.834 денари. Сите простории се санираа и реконструираа. Се глетуваа и варосуваа сите училници и канцеларии, а на првиот кат се преградуваа нови простории. За потребите по предметот физичко образование и култура, училиштето доби и две нови соблекувални. Реконструкција и санација на внатрешни простории изнесуваше 5.485.194 денари, а новата хидрантска мрежа е со вредност од 450.000 денари.Во 2022 година во ова средно училиште се постави електрична инсталација за која се инвестираа 564.169 денари. Новата ИТ Опрема чинеше 550.000 денари, а новите смарт табли 500.000 денари.За новите лектири се издвоија 185.500 денари, а за нови машини за чистење 500.000 денари.За партерно уредување на дворот се вложија 2.808.400 денари, за топлотни пумпи 11.498.486 денари, а за термофасада 8.279.446 денари.Во гимназијата „Св. Климент Охридски“ во тек е реконструкција на оградата од училишниот двор кој партерно ќе се уредува, а ќе се гради и атлетска патека околу школската зграда. Во ова училиште претходно беа реконструирани тоалетите.

Охрид | пред 3 години

325872337_1671733753229765_5916172923149353414_n

(ВИДЕО) Охрид блеска во боите на ретките болести, приклучете се со осветлување на објекти за подигнување на свеста и квалитетна здравствена заштита

Веќе сме на средината на месецот на ретките болести,Многу обоени дланки,цртежи за поддршка и спортски активности само за четиринаесет дена активизам. Самоиловата тврдина, Охридската гимназија ОСУ „Св. Климент Охридски“, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, СОСУ „Св. Кирил и Методиј“, сите основни училишта, локални и национални згради и спомениции во центарот на градот блеснаа во боите на ретките болести по повод февруари како месец на ретките болести, вели Гордана Лолеска претседателката на Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“Претседателката на Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“ Гордана Лолеска потенцираше дека ова се само дел од локациите што блеснаа во знакот на поддршка на ретките, како дел од кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2023“, која оваа година го има своето петто издание по ред.„Оваа година за Денот на ретките болести 28 февруари ги повикуваме сите и помогнат на заедницата за ретките болести, да се обедини со ланец светла низ целиот свет. Како и секоја година, така и оваа година се приклучуваме кон глобалниот повик на Еурордис за осветлување на локални и национални згради и споменици“, вели Лолеска.Таа истакнува дека овој синџир на осветлени објекти ќе послужи како еден од симболичните начини за кршење на изолацијата на глобално ниво.„Ве повикуваме да ни се приклучите, осветлете некој објект и дајте ни ваш предлог за илуминација на некоја зграда, споменик и сличнп. Повеќе осветлени локални и национални згради и споменици го зајакнуваат меѓународното влијание, обојте ги вашите дланки и дајте им ја својата поддршка на 300 000 000 пациенти со ретки болести низ целиот свет” порачува Лолеска.Во месец февруари почна стартот на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“ посветена на здравствените работници кои овие изминати пет години дадоа огромен придонес на националната кампања да биде и повеќе од успешна.И оваа година ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести преку нови 28 ретки дијагнози во аудио, видео и текстуална форма, во месецот со најмалку денови во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена.

Охрид | пред 3 години

opstina-ohrid

Свикана дваесет и третата вонредна седница на советот на Општина Охрид

Врз основа на член 40 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), претседателот на Советот донесува:

Охрид | пред 3 години

329739118_679523260595262_1520129624467326698_n

(ФОТО) Драма во Охрид: Со автомобил заглавиле во снег, па кога дошле да ги спасат се расправале и не сакале да си одат

Покрај сите апели за совесно и одговорно користење на патниот правец Охрид-Отешево, во моментов се одвива „драматична и трагикомична“ операција за евакуација на две лица кои со лесно возило се заглавиле во снежните наноси на самиот превој, каде всушност на сила е забрана за секаков вид сообраќај, соодветно означена со сообраќајна сигнализација, неколку километри пониско, велат од Црвен крст Охрид.„Операцијата, во координација со нашиот оперативен центар, на терен ја спроведуваат ренџерската слпужба од National Park Galicica и ТППЕ Охрид - Пожарна, кои согласно договореното од последниот состанок со останатите служби, пристапија кон евакуација на луѓето, без обврска и непотребни обиди за извлекување на возилото.Операцијата ја нарекуваме „драматична и трагикомична“, од причини што спасителните тимови на терен се соочија со апсурдна ситуација, по пристигнување на лице место, како и во телефонската комуникација со барателите на помош, да бидат вербално навредувани од лицата и истите да не прифаќаат да си одат без нивното возило. Во наведената ситуација, беше искористена и телефонска асистенција од граничната полиција, разговор по кој конечно лицата се согласија да го остават возилото и да бидат пешки спроведени до возилата на НП и ТППЕ и понатаму со истите до Охрид.За жал, оваа апсурдна ситуација, уште еднаш ја истакнува несовесноста на одредени граѓани, но уште повеќе на надлежните институции, во случајов Јавното Претпријатие за Државни Патишта и Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта (Македонија пат), кои немаат можност за соодветно одржување на споменатиот патен правец, но и не дозволуваат истиот да биде физички затворен за сообраќај, со поставување на времена рампа, најмалку на позициите, од кои со програмата за годишно одржување, од 15 ноември до 15 март има воведено целосна забрана за сообраќајот.Ја користиме оваа прилика, уште еднаш, јавно да ги повикаме ЈПДП и ЈПОЗМРП, да дозволат поставување на физички бариери (рампи), инвестиција која комплетно финансиски би ја спровеле ние во соработка со НП Галичица, а во интерес на безбедноста на граѓаните и намалување на непотребните трошоци и ризиците од бројните интервенции“, стои во објавата.

Македонија | пред 3 години

ohrid

Општина Охрид додели финансиска помош за настраданите во земјотресот во Сирија и Турција

На вонредна седница која се одржа денеска Советот на Општина Охрид донесе одлука за доделување на финансиска помош за настраданите од катастрофалниот земјотрес кој се случи вчера на 06.02.2023 година во Република Турција и Република Сирија.За таа намена од општинскиот буџет се обезбедени средства во вкупен износ од 600.000 денари, од кои 300.000 денари се наменети за настраданите во Република Турција и 300.000 денари се наменети за настраданите во Република Сирија.Одлуката за издвојување средства за помош на настраданите беше донесена едногласно, а советниците изразија жалење за изгубените животи со едноминутно молчење.

Охрид | пред 3 години

Dualno_obrazovanie_08022023002

Работна средба на тема „Учи паметно работи стручно“ во Општина Охрид

Денеска во големата сала на Општина Охрид се одржа работна средба, социјален дијалог на тема „Учи паметно работи стручно“. Пред присутните се обрати градоначалникот Кирил Пецаков кој укажа на значењето од дуалното образование кое овозможува квалификуван стручен кадар да одговара на потребите на пазарот на трудот. Целта на настанот е подготовка за спроведување на успешни образовни уписи односно избор на средно образование согласно потребите на пазарот на трудот.– Организирањето на овој настан сам по себе се наметнува како неопходност. Сведоци сме на се поголемата потреба што ја налага пазарот на трудот образованието да соодветствува на неговата побарувачка. Општина Охрид континуирано вложува напори и во рамки на своите ингеренции ги поддржува сите активности кои се насочени кон унапредување и подобрување на средното стручно образование и создавање квалификуван и стручен кадар. Во таа насока е и соработката која Општина Охрид и средните стручни училишта ја остваруваат со „КОСТАЛ“, „ОДВ- Електрик“, „Леарница“ и останати компании заради создавање на профили кои ќе одговараат на нивните потреби. Праксата во компанија, комбинирана со училишни часови влијае врз подигнување на свеста кај учениците за значењето на дуалното стручно образование. Учениците го препознаа средното стручно како образование што им отвора многу можности, а кај компаниите се зајакнува свеста за потребата од вклучување во практичната обука на ученици, како решение за проблемот со квалификувани работници. „Учи паметно, работи стручно“ на Швајцарската агенција за развој и соработка се покажа дека е успешен модел за создавање подобри услови за стручно образование и вработување за младите. Во Електромашинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“ годинава се запиша петтата генерација од 42 ученика во паралелките со дуално образование. Бројот на запишани деца од година во година расте, а тројца ученици од првата генерација веќе се вработени во „КОСТАЛ“. Од седумнаесетте ученици од првата завршена генерација десетмина добија меѓународен сертификат, Техничар за индустриска мехатроника. Дуално образование од годинава се спроведе и во Средното економско училиште „Св. Кирил и Методиј“. Ни претстои уште многу работа на зацврстување на довербата меѓу бизнис секторот и училиштата, со цел младите да се стекнат со знаења, вештини и искуство кои ќе им овозможат полесно вклучување на пазарот на трудот“. Вакви средби како денешнава ќе ни помогнат многу на тој план. Затоа посакувам да имаме плодна дискусија по која ќе донесеме солидни заклучоци за унапредување на средното стручно образование – рече градоначалникот Пецаков.На настанот што го организира Општина Охрид присуствуваа претставници од Министерството за образование и наука и професори од сите средни училишта во градов.Дуалното образование на државно ниво почна да се спроведува пред неколку години со само 11 паралелки. Денеска во државава има 250 дуални паралелки, а се потпишани договори за соработка со 450 компании.

Охрид | пред 3 години

Osteteni_drvja_06022023006

Украдени и оштетени дрва кај патеката кон Горица во Охрид

Општина Охрид најостро го осудува чинот на крадење и кршење млади дрва на просторот од Скејт Паркот до хотелот „Инекс“ – Горица. Вандалскиот чин го констатираа надлежните служби на локалната власт кои деновиве беа на увид при што беше констатирано дека од 123 –те засадени стебла од видот врба и даб на овој потег , три дабови дрвца се украдени, а четири скршени.Младите стебла беа засадени во месец декември минатата година и беа предвидени со проектот на Светска Банка за реконструкција на улицата „Македонски Просветители“. Согласно проектот за едно пресечено дрво требаше да се засадат три нови. Од вкупно 219-те стебла, 96 се засадија на реконструираната улица, а останатите 123 на потегот од Скејт паркот до „Инекс“- Горица.

Охрид | пред 3 години

Grigor_Prlicev_06022023026

Охрид го чествува ликот и делото на Григор Прличев

Со низа настани во рамки на манифестацијата „Прличеви Беседи“, Општина Охрид го чествува ликот и делото на Григор Прличев и одбележува 130 години од неговата смрт.Градоначалникот Кирил Пецаков присуствуваше на панихидата која се одржа на вечното почивалиште на Григор Прличев во дворот на црквата „Света Богородица Перивлепта“ и имаше свое обраќање на настанот „Стихови и звуци за Прличев“ кој се одржа во спомен куќата на ловороносецот.Grigor_Prlicev_06022023018– Голема е честа и неописливо е чувството на гордост што сум дел од овој настан и што имам можност да говорам за големиот Григор Прличев, нашиот најпознат охриѓанец и еден од нејмаркантните дејци во македонската историја.На мое големо задоволство и оваа година остануваме верни на традицијата и преку богата програма, оддаваме почит на неговите вредни дела и врвни творечни достигнувања.Иако се навршуваат 130 години од неговото упокојување, ликот и делото на Прличев останува нераскинлива врска помеѓу сегашноста и минатото и претставува светол пример, кој ни дава сила во нашите напори да обезбедиме подобро утре и поубава иднина за новите генерации.Преку поемата „Сердарот“, Прличев го покажа патот на херојската борба што треба да ја води малиот и поробен народ за својата слобода против далеку побројниот и посилен тиранин. Во оваа творба тој успева да го внесе целиот свој емотивен восклик и закитен со ловоровиот венец да се искачи на врвот на поетската слава.Oпсежната книжевна критика го опишува Прличев како најгенијалниот поетски талент и најсветлата ѕвезда на македонското литературно небо, кој со право го заслужува епитетот „Втор Хомер“.Им честитам и им се воодушевувам на младите генерации, кои творат и добиваат награди за своите написи посветени на ловороносецот.Се надевам и посакувам помеѓу овие ученици, кои се денеска тука со нас, да се истакне некој нов уникатен уметнички талент, кој ќе го негува Прличевото дело и ќе ја надополни богатата литературна ризница на Охрид.Оваа можност сакам да ја искористам и да потенцирам дека Локалната самоуправа дава исклучителен придонес во зачувување на културните вредности на нашиот град.Во таа насока со поддршка на Општина Охрид, преку Одделението за култура обезбедени се две изданија на Автобиографијата на Прличев, отпечатена во Брајово писмо, кои денеска ќе им ги предадеме на Библиотеката „Григор Прличев“ и на Здружението на слепи лица од Охрид.„Автобиографијата на Прличев е дело што поради своите квалитети заслужува да е нешто како прирачна книга за секој човек, кој што сака поблиску да се запознае интимната страна на животот на една навистина голема личност од нашето минато, голем поет и добар родољуб.“, ова во своите написи посветени на Прличев, го истакнал професорот Хaралампие Поленаковиќ, еден од основоположниците на историјата на македонската литература и еден од првите членови на МАНУ.Поаѓајќи од оваа констатација, искрено се радувам што ова вредно издание од денес ќе биде достапно и за нашите сограѓани со оштетен вид, кои го ценат и вреднуваат прличевото дело, истакна Пецаков во своето обраќање.Градоначалникот Пецаков ја предводеше делегацијата на Општина Охрид која положи ловоров венец на спомен бистата на Григор Прличев пред градската библиотека. Свежо цвеќе во чест на големиот поет беше положено и на неговито споменик во истоименото училиште.Во рамки на манифестацијата, вчеравечер во Центарот за култура беше врачена наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема. Наградата беше доделена на поетот Зоран Анчески за неговата поема „Коњски житија“.Како дел од чествувањата во Библиотеката „Григор Прличев“ се одржа и традиционалната „Прличева визита“ на која беше прогласена најдобрата беседа за 2023 година на тема: „Прличев и ние“, а се одржа и промоција на аудио-записот, есејот: „Душевните очи на Григор Прличев“ од академик Анте Поповски.Чествувањата ќе бидат заокружени вечерва со Свечена приредба по повод Патрониот празник на ООУ “Григор Прличев“ која ќе се одржи во спортската сала на училиштето.

Охрид | пред 3 години

Sovet-kapanja-za-retki-bolesti-23-scaled-1

Советот на Општина Охрид со поддршка на кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2023“

По повод месецот на ретки болести, претседателот на советот на Општина Охрид Сашо Донев и советниците на Советот на Општина Охрид се вклучија во кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2023“, која започна денеска и ќе трае до крајот на месец февруари.Со боење на едната дланка како симбол за 5% од пациентите со ретки болести кои имаат пристап до лекови, охридските советници испратија порака за поддршка и изразија надеж дека ќе се обезбедат подобри услови за лекување и третман на сите лица со ретки болести.Поддршка на кампањата даде и секретарот на Општина Охрид, Александар Китески. Инаку, Локалната самоуправа и оваа година активно ќе се вклучи во кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2022“ со осветлување на општинската зграда, јавни објекти и локации во боите на ретките болести.

Охрид | пред 3 години

Hrvatski_ambasador_02022023004

Хрватската амбасадорка во посета на Општина Охрид

Денес во работна посета на Општина Охрид, престојуваше амбасадорката на Република Хрватска во Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ. Во разговор со градоначалникот Пецаков, беа разгледани повеќе теми и области за соработка помеѓу Охрид и Хрватска. Амбасадорката Тигањ ја изрази неподелената и искрена поддршка на Хрватска за Македонија во нејзините напори за приклучување на Европската Унија и понуди стручна помош во разговорите што Македонија ги има со европските институции.Во вториот дел од средбата се приклучија и професорките од Факултетот за Туризам и угостителство од Охрид Иванка Несторовска и Вера Караџоска, директорот на НУ „Центар за култура Григор Прличев“ Горан Симоноски и претставници на општинската администрација. Во кратката дискусија беа разменети мислења за досегашната соработка со Хрватските градови, компании, образовни и културни институции, а беа изнесени предлози за подобрување и продлабочување на истата. Во таа насока беше идејата за воспоставување на чартер линија помеѓу Охрид и Дубровник, заеднички настап во промоција на Македонија и Хрватска и изнаоѓање начини за подобра економска поврзаност и соработка со хрватските компании.Во наредниот период се очекува дел од изнесените предлози да добијат и конкретна форма, што ќе резултира со поголема поврзаност со пријателска Хрватска и хрватскиот народ.

Охрид | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања