Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ОХРИД

IMG-23a51df7aff800fed894f617a21132a0-V

Пецаков приреди ифтарска вечера за граѓаните од муслиманска вероисповед

Во пресрет на големиот празник Рамазан Бајрам, градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, вечерва приреди Ифтарска вечера за граѓаните со муслиманска веросиповед.Градоначалникот Пецаков во своето обраќање пред гостите истакна:-Ми претставува особена чест и задоволство што во духот на заедништвото и взаемното почитување, ја организираме оваа традиционална Ифтарска вечера, со цел да испратиме порака за поголема хуманост и солидарност.Рамазанскиот пост ги буди и ги поттикнува најголемите човечки вредности и ни дава поука дека добрите дела се основен предуслов за мир и благосостојба. Нека овој свет месец ви донесе радост, добра мисла за Вас и вашите најблиски и нека биде значаен мотив за поголемо разбирање и хармонија.Празниците не учат да простуваме, помагајќи си едни на други и затоа посакувам вербата во Бога да ни даде сила да продолжиме по патот на соживотот, како една од главните придобивки на мултиетничкото живеење и заеднички да градиме поубава иднина за нашиот Охрид и нашата Македонија.Нека ви е на здравје постот и во радост и мир да го дочекате големиот празник Рамазан Бајрам. Нека вашите молитви ви донесат многу љубов, а вашите домови нека се исполнат со радост, која ги грее срцата и носи мир во душите.Убеден сум дека и во иднина ќе продолжиме на ваков начин, сполотени и заеднички, да ги чествуваме сите големи верски празници и да создаваме моменти вредни за спомен и достојни за пофалба, рече Пецаков во своето обраќање.Ифтарската вечера во покровителство на градоначалникот се организира традиционално неколку години наназад, со цел да ги зајакнe меѓурелигиските врски во Охрид. Инаку Рамазанскиот пост завршува наредната седмица, а муслиманските верници ќе го прослават големиот празник Рамазан Бајрам во петок на 21-ви април 2023 година

Охрид | пред 2 години

Veligdenski_koncert_2023-scaled-1

Велигденски базар на плоштадот „Крушевска република“

Општина Охрид во соработка со ЈП „Градски пазар“ на 13.04.2023 година ( Велики четврток) ќе го организира традиционалниот „Велигденски базар“ проследен со концерт и музичко сценски перформанс на охридските културно – уметнички друштва.На базарот ќе земат учество сите заинтересирани фирми, занаетчии, слаткари, пекари, уметници, производители на охридски и македонски традиционални јадења и др.Во забавниот дел од настанот ќе настапат КУД „Ѓердан од бисери“, „КУД „Ѓердан“; КУД „Отекс“,; КУД „Фаланга“; КУД „Филиграни“; КУД „Илинден“, учесниците на детскиот – музички фестивал „Распеано рибарче“, малите ѕвездички со КА – Двојче, најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“ и учениците од општинските основни училишта.Велигденскиот базар ќе има хуманитарен карактер и дел од собраните средства од продажба на производите ќе бидат донирани онаму каде што е најпотребно.Исто така, ОО на Црвен крст ќе постави свој штанд, со кутија за донации каде што секој посетител ќе има можност да даде своја донација за помош и поддршка на ранливите категории граѓани, во духот големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

Охрид | пред 2 години

Metodi_Patce_07042023007

Делегација на Општина Охрид положи свежо цвеќе на спомен обележјето на Методи Патчев

Делегација на Општина Охрид, денеска положи свежо цвеќе на спомен обележјето на Методи Патчев во градскиот парк, по повод годишнина од неговата смрт.Свежо цвеќе положија и членови од фамилијата Патчев, претставници од Општинското основно музичко училиште „Методи Патчев“, од Здружението што го носи неговото име, од Сојузот на борци на Република Македонија и претставници на политички партии.

Охрид | пред 2 години

ohrid

(ФОТО) Ги изми четката за варосување и кофата во Охридско Езеро и предизвика револт

Револт предизвикаа фотографии на кои се гледа како маж со кофа во раката истура бела течност во Охридско Езеро беше споделена на социјалните мрежи. Објавувачот, Александар Донев, посочи дека лицето си ја измило и четката за варосување. Лицето е сликано блиску до Калишта, Струга.„Не знам ни зошто поставувам кога знам дека џабе е веќе се.. само не знам од каде е она дека стално некој друг ни е крив“, пишува објавувачот.Корисниците коментираат дека ова е голем срам за езеро кое е под заштита на УНЕСКО.

Македонија | пред 2 години

ohrid

Свикана дваесет и шестата седница на советот на општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ДВАЕСЕТ И ШЕСТАТА СЕДНИЦАНА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИДЈА СВИКУВАМ дваесет и шестата седница на Советот на општина Охрид на ден 11.04.2023 година ( вторник ) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.За седницата го предлагам следниот:Д Н Е В Е Н Р Е ДПредлог-одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Годишниот Извештај за спроведување на утврдените тарифи за одведување отпадни води за 2022 година на ЈП „Нискоградба“ – Охрид.Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за задолжување со наменски кредит на ЈП „Охридски Комуналец“ – Охрид.Предлог-одлука за разрешување член во Управниот одбор на ЈП„Охридски комуналец“- Охрид.Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2023 година (Н1).Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2023 година (Н2).Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма на општина Охрид за здравствена и социјална заштита за 2023 година (Т1).Предлог-програма за измени на програмата за уредување на градежно земјиште за 2023 година.Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата ЈН урбана опрема – изградба и одржување за 2023 година.Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Охрид за 2023 година.Предлог-одлука за проширување на средствата на буџетот на општина Охрид за 2023 година.Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2023 година.Предлог-одлука за утврдување на надоместок и регулирање на постапката за одобрување на прекопи за поставување на инсталации во патна мрежа, како и за прекумерно користење на истата.Предлог-oдлука за измени и дополнувања на одлуката за пренесување на правото за објавување на јавен оглас за давање на простор за поставување урбана опрема.Предлог-одлука за ажурирање на процената на загрозеност на подрачјето на општина Охрид од сите ризици и опасности.Предлог-одлука за усвојување на Процената на загрозеност на општина Охрид (административна зграда) од природни непогоди и други несреќи.Предлог-одлука за донесување План за заштита и спасување на општина Охрид (административна зграда) од природни непогоди и други несреќи.Предлог-одлука за давање на времено користење недвижен имот – дел од деловен простор, сопственост на општина Охрид на Општинска организација – Сојуз на борци Охрид и Дебрца.Предлог-одлука за давање на времено користење недвижен имот – дел од деловен простор, сопственост на општина Охрид на Државен санитарен и здравствен инспекторат Охрид.Предлог-одлука за давање на времено користење недвижен имот – дел од деловен простор, сопственост на општина Охрид на Државен инспекторат за труд – Подрачно одделение Охрид.Предлог-одлука за давање на трајно користење на специјално комунално возило марка „TOYOTA“ – сопственост на општина Охрид на ЈП Нискоградба Охрид.Предлог-одлука за донесување на план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за промена на границата на две соседни градежни парцели ГП 3 и ГП 2 во ДУП за дел од УЗ 16-Рача дел од УБ 16.3 – опфат 3 – Охрид во КО Велестово, општина Охрид со тех.бр. 17/21 од Декември 2022 година, изработен од „Снегар Компани“, Дооел Охрид.Предлог-одлука за донесување на план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за промена на границата на ГП 3.21, ГП 3.21а, ГП 3.22 и ГП 3.33 ДУП за 6-та УЗ дел од УБ 6.1 опфат 1-Охрид, во Охрид 2, општина Охрид со тех.бр. 02/22 од Март 2023 година, изработен од „Снегар Компани“, Дооел Охрид.Предлог одлука за донесување на план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за формирање на една градежна парцела од ГП 3.18 и ГП 3.19 во ДУП урбана заедница 9 урбан блок 9.2 – Охрид, општина Охрид со тех.бр. 23/22 од Февруари 2023 година, изработен од „Снегар Компани“, Дооел Охрид.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1564/2 КО Лескоец.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.722 КО Свињишта.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.832/1 КО Охрид 4.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.2350/1 КО Охрид 4.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1323 КО Велестово.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1007 КО Лескоец.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр. 543, КП.бр. 546 и КП.бр. 545/2 КО Ливоишта.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр. 2105/1 КО Долно Лакочереј.Предлог-одлука за измена и дополнување на одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на земјиштето на КП.бр. 2803/2 КО Елшани со бр. 08-15397/59 од 15.11.2022 година.

Охрид | пред 2 години

Sovet_Jugozapaden_region_30032023001

Во Охрид се одржа деветтата седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион.

Општина Охрид денеска беше домаќин на деветтата редовна седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион.Со седницата претседаваше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков кој од оваа седница официјално го oтпочна мандатот на функцијата Претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион. На седницата беа присутни градоначалниците на општините од регионот, претставници на општинската администрација и претставници на Центарот за развој на југозападниот плански регион.Членовите на советот ги разгледуваа и едногласно ги изгласаа Предлог одлуката и одлуката за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Југозападниот плански регион за 2022 година со интерен финансиски извештај и Предлог одлуката и одлуката за усвојување на годишните сметки за работењето на Центарот за развој на Југозападниот плански регион во 2022 година и за проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој-II фаза на спроведување“.На седницата беше презентирана и информација во врска со реализацијата на тековни проекти и доставени проектни апликации за предлог регионални проекти кај Бирото за регионален развој по Програмата за рамномерен регионален развој.Исто така, на денешната седница на советот беше разговарано и за проектот за изградба на регионална депонија за Југозападниот регион и регионално решавање на проблемот со кучиња скитници со подготовка на заеднички проект за отворање на стационар во општините Охрид и Кичево.

Охрид | пред 2 години

Foto-9

Започнаа подготовките за овогодинешното издание на Охридскиот пливачки маратон

Општина Охрид навремено ги започна подготвителните активности за организација на овогодинешното издание на Охридскиот пливачки маратон.За таа цел денеска се одржа состанок со претставници на Националната пливачка федерација на кој се разговараше за дел од потребните технички и логистички услови за целокупната организација на оваа значајна спортска манифестација за Охрид и Република Македонија.По иницијатива на Општина Охрид, Охридскиот пливачки маратон е ставен под закрила на Европската пливачка федерација и ќе се одржува во рамки на Отвореното првенство на LEN. Со тоа се враќа препознатливиот сјај на маратонот, како атрактивен настан кој е интересен за професионалните напреварувачи и врвните пливачки имиња.На денешниот состанок беше истакнато дека во рамки на овогодинешното издание, кое ќе се одржи на 26.08.2023 година на патеката „Климе Савин“, во водите на Охридското Езеро, се очекува да учествуваат околу 30 пливачи. На состанокот беше најавено дека овогодинешното издание ќе биде збогатено со многу новитети, кои ќе бидат значајни и за учесниците и за публиката. За сите детали околу годинешната организација, јавноста ќе биде тековно информирана.По долгогодишните проблеми, предизвикани од претходните организатори, кои го доведоа до прашање опстојувањето на Охридскиот пливачки маратон, минатата година Општина Охрид ја презеде организацијата на овој препознатлив спортски настан. За организација на манифестацијата, беа издвоени 2 милиони денари од општинскиот буџет и беа обезбедени сите услови за успешно маратонско издание.

Охрид | пред 2 години

JAHJA-KEMAL_31.03-3-scaled-1

Пецаков во посета на „Саем за наука и култура“ во Јахја Кемал

Во „Јахја Кемал“ Колеџот во Струга, денес, се одржа саем на наука и култура. Дел од саемот беше и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. На саемот беа претставени и презентирани научни и културни проекти изработени од ученици од „Јахја Кемал“ како и од ученици од општинските училишта во Охрид и Струга.-Особено задоволство ми преставува што ми ја укажавте оваа можност да бидам дел од овогодинешниот „Саем за наука и култура“ во Јахја Кемал Колеџот. Институција која низ годините покажала и докажала дека знае како да ги вреднува различностите, посебностите, како да ги надоградува талентираните и како секоја индивидуа да ја прави подобра и поуспешна. За тоа како градоначалник на општина Охрид од каде има доста ученици кои учат овде, искрено Ви сум благодарен. Самата организација на ваквите манифестации на учениците им дава дополнителен елан и мотив, покрај совладувањето на редовните наставни програми, да го развиваат и чувството за научно истражувачка работа со која ќе би оставиле белег во општеството. Покрај тоа, тука, учениците, учат и како да создадат културни активности. Од приложеното на овој Саем, може да се воочат експерименти и истражувачка работа која убеден сум дека во иднина на дел од Вас ќе ви биде професија во која многу добро ќе се покажете. Тука би ви порачал секогаш да бидете истрајни и секогаш да работите на себе за да бидете подобри во иднина. Како долгогодишен спортист можам да Ве уверам дека не постои успешен ракометар, фудбалер, кошаркар или тенисер кој постојано секојдневно не работи напорно подобрувајќи се себеси. Истото е и во секоја друга област. Тука би ви порачал да бидете истрајни, храбри, самоуверени за да бидете и успешни, истакна градоначалникот Пецаков во своето обраќање пред присутните.Бројните посетители на саемот имаа можност да видат интересни научни експерименти и културолошки проекти од области на наставните предмети: матеметика, физика, хемија, биологија, информатика, историја, географија, англиски, македонски, албански и турски јазик. Градоначалникот Пецаков по обиколката на штандовите, се запозна и со начинот на работа на училиштето и со постигнатите успеси на децата кои тука се школувале.Свои обраќања пред пристуните имаа и директор на Јахја Кемал Колеџот во Струга господин Јусуф Шахин и градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

Охрид | пред 2 години

Detski-hepening-1-april-scaled-1

Првоаприлски хепенинг под маски на охридскиот плоштад

Во организација на Општина Охрид во сабота на 1-ви април 2023 година по повод Денот на шегата ќе биде организиран „Првоаприлски хепенинг под маски“ на плоштадот „Свети Климент Охридски“.На настанот со свои музички и танцови точки ќе настапат дечињата од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ како и ученици од сите основни училишта од територијата на Општина Охрид.Програмата ќе започне во 11 часот.

Охрид | пред 3 години

Kocarev-Paris_28032023010

Градоначалникот Пецаков дел од чествувањето посветено на д-р Анастас Коцарев во Париз

Градоначалникот Кирил Пецаков присуствуваше на чествувањата посветени на светски познатиот научник, по потекло од Охрид, д-р Анастас Коцарев, кои се одржаа минатиот викенд во Париз, Франција. Настаните се организираа по повод 133 години од неговото раѓање и 92 години од неговата прерана смрт.Градоначалникот Кирил Пецаков заедно со градоначалникот на париската општина Бонди, Стефен Ерве положија заеднички венец на гробот на д-р Коцарев во знак на заедничка почит кон научникот и гест на поврзување и соработка во иднина.Градоначалникот Пецаков во своето обраќање пред присутните истакна дека му претставува огромна што е првиот градоначалник на Охрид, кој лично оддава почит на овој истакнат охриѓанец и врвен научник.Среќни сме што нашата историска ризница која има непроценлива вредност за светот, ќе биде збогатена со уште една уникатна приказна, за човек кој се родил во нашиот град и кој оставил бесценето наследство за човештвото. Со ликот и делото на д-р Коцарев, Охрид ја комплетира својата биографија како место од кое потекнуваат голем број истакнати великани, кои оставиле значаен печат низ неговото милениумско постоење. Општина Охрид веќе отпочна низа подготовки и активности со цел името на д-р Коцарев да го добие своето заслужено место во мозаикот на непроценливи вредности, кои внамателно ги чуваме и почитуваме, истакна Пецаков во своето обраќање.Тој најави дека Општина Охрид ќе поведе иницијатива за соодветно обележување на родната куќа на д-р Коцарев во Охрид, која подоцна би прераснала во музеј, а планирано е да биде спроведена и постапка за именување на улица и медицинска установа со неговото име.Градоначалникот на Бонди, Стефен Ерве ги поздрави иницијативите во насока на поголемо партнерство меѓу двете општини и најави возвратна посета на Охрид со цел да го види градот на УНЕСКО во кој се родил д-р Анастас Коцарев.На форумот „Одблесоци. Д-р Анастас Коцарев. Еден век потоа“ кој се одржа во црквата „Св.Кирил и Методиј“ и на која беа присутни претствници од македонската заедница во Франција, градоначалникот Пецаков истакна:– Ние денес, како национални држави имаме свои национални херои и свои национални лидери, но „граѓаните на светот“ се планетарни битија кои дале придонес за општото добро на сите народи и нации. Тоа „светско граѓанство“ можеме да му го припишеме и на д-р Анастас Коцарев имајќи ја во предвид неговата пожртвуваност и работа во делот на медицината.Д-р Коцарев за нас Македонците ја положи Хипократовата заклетва многу порано од современиот текст кој го познаваме денес. На ист начин тој постапуваше и со македонското прашање и борбата на македонскиот народ за независност. Тој со сите свои сили ја бранеше честа и достоинството на својот народ во мигот кога се кроеше судбината и новите политички граници на Париската мировна конференција и остана доследен на стремежот за македонска држава– рече меѓудругото Пецаков.Д-р Анастас Коцарев е роден во Охрид, на 26. март 1890 во старо и угледно охридско семејство Коцареви. Основно образование завршил во Охрид, гимназија во Солун и медицински факултет во Женева каде докторирал и останал да работи на Женевскиот универзитет како асистент, потоа како лекар и приватен доцент по онкологија на универзитетската клиника. Во 1928 година со својата вереница Сесил Пинел се населил во Париз каде ненадејно починал на 28. март 1931 година. Д-р Коцарев со својата научна работа бил посветен на проблемот на дијагностицирање и лекување на ракот со примена на радиум. Бил еден од пионерите на радиотерапијата и радиографијата и првиот научник во светот кој направил рендгенографија на фотографска плоча на пациент заболен од канцер (рак). Покрај неговата професионална преокупација – медицината, д-р Коцарев во текот на Првата светска војна, а и по неа, развил жива политичка активност во Швајцарија и се залагал „за единствена и независна држава Македонија“.

Охрид | пред 3 години

opstina-ohrid

Општина Охрид објави јавен повик за пријавување на локации поволни за инвестирање

Општина Охрид во својот делокруг на работа а во врска со спроведување на Г1 Програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2023 година под точка 1.3. Промоција на можностите за инвестирање во општина Охрид има за цел подготовка и промоција на брошура „Инвестирајте во Охрид“ .Оваа активност предвидува изработка на брошура за промоција на мерките кои се насочени кон поддршка на економијата, чија основна цел е стимулирање на инвестиции, технолошки развој и зголемување на конкурентноста на македонските компании, но и промоција на поволностите кои се на располагање привлекување странски инвестиции и поддршка на извозот.Локациите кои се пријавуваат можат да бидат “Greenfield” и “Brownfield” што значи дека локациите може да бидат веќе постоечки капациети и градби или можат да бидат неизградена површина поволнна за отпочнување на градба или развивање на бизнис.Целта на пријавувањето може да биде продажба или изнајмување на локацијата на одредено време. Можат да се пријавуваат лица и компании кои имаат сопственост на истата и може да бидат во градска или рурална областЗа да може да се изврши пријавување на локација сопственикот треба да ги исполнува следните услови:– Да има целосна сопственост на парцелата која се пријавува или договор за закуп на истата– Да поседува имотен лист– Горенаведените документи да ги приложи во копија и фотокопија од лична карта.– Доколку се работи за парцела на која нема изградено објект, истата не смее да биде помала од 1000 m2– За изградени објекти со економска намена објектот треба да има подлога од минимум 500 m2– За локации со намена туризам може да се пријават и градби со минимум подлога од 200 m2 доколку има површина за дополнителна изградба и дворно место.Горенаведените услови се обврзителни за успешно пријавување на локацијаПријавувањето на локација треба да се изврши преку образец за пријавување кој може да се спушти од веб страницата на општина Охрид и истиот треба да се поднесе во плик преку општинската архива на адреса најдоцна до 30.04.2023 година.Ул. Димитар Влахов бр.57, 6000 ОхридСо назнака Апликација за „Инвестирајте во Охрид“.

Охрид | пред 3 години

333431217_920872199254287_9083795683021005919_n

Охрид домаќин на првото државно првенство Такевондо ИТФ

Денеска во Охрид се одржа првото државно првенство Такевондо ИТФ во организација на охридскиот таеквондо клуб „МАСТЕР“, а под покровителство на Општина Охрид.Во натпреварувачкиот дел од настанот учествуваа 63 натпреварувачи од 5 клубови од Македонија: „Мастер“ од Охрид, „Хва Ранг ИТФ“ од с. Лескоец, ИТФ клубот “Чонџи“ од Косел, ИТФ клубот „Сонкал“ од Мислешево – Струга и „Ахилиус“ од Скопје.При официјалното отворање на првенството пред присутните се обрати заменик градонaчалникот, Перчо Божиноски:– Спортските успеси не се само гордост на спортистите, тие се гордост на верната публика и на сите нас. Токму затоа ми е особено драго што денеска за прв пат, со финансиска поддршка на Локалната самоуправа се организира еден ваков голем спортски настан. Денес со овој настан испраќаме порака за афирмација на спортот и создавање на уште подобри услови за негов развој.Со својот незапирлив спортски дух, нашите спортисти победуваат, освојуваат награди, а ние сме тука да ги бодриме и да ги мотивираме за уште поголеми успеси.Живееме во време со многу предизвици. Живееме во хиперповрзан Свет на глобална и динамична економија, изложена на постојани промени и неизвесности. Сето ова стресно влијае на сите нас, и токму затоа сметам дека вакви спортски случувања ни се повеќе од неопходни. „Актерите“ во спортот ја јакнат физичката и психичката кондиција, а во исто време се рекреираат и забавуваат.Општина Охрид дава поддршка и има значаен удел во голем број спортски приказни, така ќе биде и во иднина- рече Перчо Божиноски.На настанот присуствуваа и претставници од Агенцијата за млади и спорт.

Охрид | пред 3 години

Japonska_delegacija_17032023004

Делегација од Јапонија во посета на Општина Охрид

Јапонска делегација од владини претставници и од компанијата „Маезава“ која што се занимава со производство и изградба на прочистителни станици за отпадни води денес беше во посета на Општина Охрид.На работниот состанок со градоначалникот Кирил Пецаков се разговараше за деталите и капацитетот на прочистителните станици што тие ги нудат, а беше презентиран и „Biwa lake“ моделот со којшто се прави баланс помеѓу економскиот развој и заштитата на животната средина.Градоначалникот Пецаков ги информира гостите дека постојниот систем за заштита на Охридското езеро завршува во с. Пештани. Отпадните води од с. Трпејца, не е оптимално да се транспортираат до овој колекторски систем. Општината Охрид презема активности за решавање на проблемот со зафаќање на отпадните води од секо домаќинство, нивен транспорт до идна локална пречистителна станица каде ќе се врши нивно пречистување и така пречистени ќе се испуштаат во Охридското Езеро.На средбата беше посочено дека општината има изработено Основен проект за канализациски систем и пречистителна станица за отпадни води во с. Трпејца кој проект е завршен. Според него се предвидува изградба на Комплетно автоматизирана пречистителна станица со два режими на работа – летен и зимски со максимален капацитет од 124 m3/d во лето и 45 m3/d во зима со најсовремена SBR технологија за прочитување. Вкупно количини на отпадни води е 124 m3/d. Вкупна должина на канализациона мрежа е 2,325 m.Гостите од Јапонија беа информирани дека државното јавно претпријатие “Колекторски систем“ ги превзеде обврските за одржување, обновување и продолжување на колекторскиот систем.

Охрид | пред 3 години

Zaednici_opstini_17032023001

Пецаков на средба со претставници на комитетот за односи меѓу заедниците

Градоначалникот Кирил Пецаков придружуван од претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев и секретарот на Општина Охрид, Александар Китески денеска оствари средба со претставниците на Комитетот за односи меѓу заедниците при Собранието на Република Македонија, кои беа во работна посета на Охрид.Делегацијата на Комитетот ја сочинуваа претседателката Арбана Пашоли, членовите Мерита Колочи Коџаџику, Љупчо Балкоски, Љатифе Шиковска и Санела Шкријељ, кои се дел од актуелниот пратенички состав. На средбата беа поканети и присуствуваа охридските пратенички Лидија Петкоска и Грација Бакреческа, како и советниците во Советот на Општина Охрид, Бесник Османи и Арбен Демироски, како претставници на малцинските заедници во Охрид.На средбата се разговараше за теми поврзани со унапредување на односите помеѓу заедниците на локално ниво и можноста за формирање на Комисија за односи меѓу заедниците во Охрид.Градоначалникот Пецаков во своето излагање пред присутните потенцираше дека Општина Охрид отсекогаш била пример за соживот и преку конкретни мерки и активности продолжува да го одржува тој континиутет. Градоначалникот потенцираше дека иако не се работи за законска обврска, сериозно ќе биде рагледана можноста да се формира локална Комисија за односи со заедниците, која ќе ги застапува интертесите на сите малцински заедници кои живеат на територијата на Општина Охрид.Пратениците се заблагодарија на градоначалникот за приемот и позитивниот став кон активностите и предлозите на Комитетот, со надеж дека денешниот состанок ќе биде една иницијатива, која ќе резултира со формирање на официјално работно тело на локално ниво, во насока на обезбедување на поголема мултиетничка соработка и интеграција.Комитетот за односи меѓу заедниците е работно тело на Собранието на Република Македонија кое има голема улога во остварувањата на општите и посебните права на националните заедници. Комитетот има дадено голем придонес во развојот на мултикултурната и мултиетничката димензија на македонското општество, на вистински соживот на сите граѓани, како и во јакнењето на парламентарната демократија во нашата држава.

Охрид | пред 3 години

ohrid

Потпишан меморандум за соработка со ЗПИРМ

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и претседателката на Здружението на професори по италјански јазик , ЗПИРМ м-р Бранка Гривчевска потпишаа меморандум за соработка.Меморандумот се темели на заемен интерес на Општина Охрид и на здружението за остварување на долгорочна образовна, научна, културна, јазична и апликативна сорботка. Целта е преку заеднички активности да се промовираат италијанскиот јазик и култура во Општина Охрид.Соработката ќе се остварува преку заеднички проекти од образовен, културен, развоен, истражувачки и научен карактер, различни облици на научна, истражувачка и техничка помош, консултации и размена на знаења и искуства, организирање настани, работилници, тркалезни маси и собири.Согласно потпишаното во тек е факултативна настава по италијански јазик во основните училишта: „Христо Узунов“ и „Св. Климент Охридски“. Станува збор за пилот проект финансиран од Општина Охрид, а наставата ја следат околу 100 ученици.

Охрид | пред 3 години

Slave

Излезе од печат книгата „Славе Ѓорѓо Димоски во книжевната критика“

Во издание на општина Охрид, деновиве од печат излезе книгата „Славе Ѓорѓо Димоски во книжевната критика “ од авторот Димитар Пандев.Во книгата на 370 страници се поместени осврти, текстови и други објави од книжевната критика за поезијата, книгите и творештвото на овој истакнат охридски и македонски поет, кои се напишани од страна на врвни писателски имиња од Македонија од странство.„Славе Ѓорго Димоски продолжува да твори. Овој преглед е само мал заглед во она што критиката љубопитно го кажала за него , зошто не е тој обичен, секојдневен поет. Има нешто митско во него самоиот и во неговата поезија. Имам нешто трајно во неговото „продолжува“ што продолжува да изненадува со нови стихови и стихозбирки, пишува во предговорот на книгата, авторот Димитар Пандев.Славе Ѓорго Димоски е роден на 18-ти март 1959 година во Велестово. Член е на македонскиот ПЕН центар. Автор е на четиринаесет книги поезија, пет книги за деца, четири книги со есеи, а дваесет посебни изданија му се преведени на повеќе јазици. Одделени песни и поетски циклуси се преведени на триесет јазици.Промоцијата на изданието „Славе Ѓорѓо Димоски во книжевната критика“ ќе се одржи на 24.03.2023 (петок) во големата сала на општина Охрид со почеток во 12 часот.

Магазин | пред 3 години

ulica-2

Времена забрана за паркирање на возила на улицата „Марко Цепенков“ во Охрид

Општина Охрид започна со реконструкција на дел од улицата „Марко Цепенков“ – потег од кружна крстосница со улица „ Питу Гули“ до кружна крстосница со ул. „Момчило Јорданоски“.Заради непречено одвивање на градежните активности , се известуваат и воедно сите учесници во сообраќајот од ден 23.03.2023 година и понатака, да не ги паркираат своите возила на овој потег.

Охрид | пред 3 години

DSC0068

Ученици од ООУ „Григор Прличев“ и „Свети Наум Охридски“ во посета на Општина Охрид

Учениците од трето одделение при OОУ „Григор Прличев“ и учениците од трето, четврто, петто, осмо и девето одделение при OОУ „Свети Наум Охридски“ од Пештани денеска беа во посета на Општина Охрид.Градоначалникот Кирил Пецаков ги прими младите гости во големата општинска сала и ги запозна со основните информации околу начинот на функционирање на локалната самоуправа, јавните претпријатија и општинскиот совет. Љубопитните ученици поставуваа низа интересни прашања, на кои градоначалникот со задоволство одговараше.Ученичките посети се дел од наставната програма по предметите Општество и Граѓанско образование.

Охрид | пред 3 години

Slave_Gjorgo_24032023007

Промовирана книгата „Славе Ѓорѓо Димоски во книжевната критика“

Денеска беше промовирана книгата „Славе Ѓорѓо Димоски во книжевната критика“ од авторот Димитар Пандев во издание на Општина Охрид.Во името на Локалната самоуправа пред присутните се обрати секретарот на Општина Охрид, Александар Китески кој искажа големо задоволство што е дел од промоцијата на ова значајно издание.Меѓу современите македонски поети, едно од најистакнатите места му припаѓа на поетот Славе Ѓорѓо Димоски, автор на забележителни книги поезија со густи метафори и слики кои како што нагласува Ефтим Клетников, „се кристално јасни, но во исто време се заумни и нејасни по значењето, често на еден надрелистичен начин, извлечени на површината од дното на несвесното“. Кон овој коментар даден пред 30-ина години, секако би можеле да додадеме уште доста карактеристики препознатливи за поетиката на ова време, пред се отворена за јазична експресија и своевидна испревртеност на исказот и експресивност во секојдневната комуникација. Постојат моменти кога поетот конечно се одлепува од сите ограничувања на поезијата, тоа не го дочекува секој поет во својот живот, тоа се случува само кај одбрани поети. Човековото суштество без храна може седум недели, без вода пет дена, а без смисла не може ниту една единствена секунда. Во таа група на поети припаѓа токму Славе Ѓорѓо Димоски.Овој почитуван охриѓанец и врвен поет со одамна забележано перо посакуваме да твори уште многу години. А ние и понатака ќе бидеме верни поддржуачи на неговиот пишан стих. Секако во оваа прилика му се заблагодаруваме на еминентниот и почитуван професор д-р Димитар Пандев што го сосздаде овој прекрасен труд кој е наша заедничка гордост, истакна Китески во своето обраќање.На промоцијата говореа авторот, Димитар Пандев, уредникот на изданието, Митре Велјаноски и поетот Славе Ѓорѓо Димоски.Книгата е издадена во тираж од 300 примероци и во неа на 370 страници се поместени осврти, текстови и други објави од книжевната критика за поезијата, книгите и творештвото на овој истакнат охридски и македонски поет, кои се напишани од страна на врвни писателски имиња од Македонија и странство.– „Славе Ѓорѓо Димоски продолжува да твори. Овој преглед е само мал заглед во она што критиката љубопитно го кажала за него, зошто не е тој обичен, секојдневен поет. Има нешто митско во него самоиот и во неговата поезија. Имам нешто трајно во неговото „продолжува“ што продолжува да изненадува со нови стихови и стихозбирки, пишува во предговорот на книгата, авторот Димитар Пандев.Славе Ѓорѓо Димоски е роден на 18-ти март 1959 година во Велестово. Член е на македонскиот ПЕН центар. Автор е на четиринаесет книги поезија, пет книги за деца, четири книги со есеи, а дваесет посебни изданија му се преведени на повеќе јазици. Одделни песни и поетски циклуси се преведени на триесет јазици.

Охрид | пред 3 години

mladinski-centar-1-scaled-1

Млади граѓански активисти и градоначалници од пелагонискиот регион во студиска посета на Младинскиот центар во Охрид

Начинот на формирање и функционирање на Младинскиот центар во Охрид денеска беше презентиран пред 50-тина младинци, асистенти на граѓански организации и градоначалници на општините од Плагонискиот регион. Оваа студиска посета беше организирана во рамки на Семинарот за младинско учество и младински политики како дел од проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2“.Во името на Охридската локална самоуправа, пред гостите се обрати заменик градоначалникот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.-Ми претставува голема чест да Ве поздравам и да Ви посакам срдечно добредојде во Охрид и во нашиот Младински центар. Искрено се радувам што политиките кои охридската Локална самоуправа ги спроведува во насока на подобрување на условите за младите прераснаа во еден позитивен пример за поширокиот регион и се основна причина за Вашата денешна студиска посета.Воспоставувањето и официјалното отворање на Младинскиот центар во Охрид беше сложен процес, накој предводени од градоначалникот Кирил Пецаков, бевме особено посветени. Горди сме што истрајавме во нашите намери и тоа што успеавме да ги реализираме сите предвидени активности. Благодарение на сите напори и низа административни процедури, Охрид по долги години и десетици празни ветувања, конечно доби функционален Младински центар по сите стандарди.Целта на Младинскиот центар е да им овозможи на младите да ги унапредуваат своите знаења и да го зголемат своето учество во процесите на донесување одлуки вообразовните институции и локалната заедница. Младинскиот центар спроведува активности и мерки за развивање на креативниот потенцијал на младите, а подготвува и реализира активности за промоција на талентираните уметници.Овозможивме современ простор каде што се спроведува системска поддршка на личниот развој на младите луѓе и нивното активно вклучување во животот во заедницата преку неформално образование, забавни и волонтерски активности, информирање, менторство и советување.Почитувани,Иднината на една општина, на еден регион, на една држава е во младите генерации. Тие треба да бидат најважните носители на позитивните промени и се значаен ресурс за напредок и развој.Токму поради тоа мораме да градиме вистинско партнерство и да воспоставиме поголема соработка со младите. Мораме да го вреднуваме нивното мислење, бидејќи тоа е единствениот начин преку којможеме да се осигураме дека нашите политики се исправни и се во вистинска насока.Ве охрабрувами Ви посакувам успех во реализација на секоја позитивна идеја која обезбедува подобри услови за младите во Вашата локална средина. Општина Охрид секогаш ќе биде подготвена да ги сподели сите досегашни искуства и практики во делот на креирањето на младинските програми и ќе биде отворена за соработка.Ви посакувам добра мисла, многу креативни идеи и успех во сите идни проекти и активности насочени кон младите и нивната благосостојба. Се надевам дека сите заедно, преку заеднички напори ќе го спречиме иселувањето и ќе овозможиме младите генерации да ја гледаат својата иднина во своето родно место и во нашата Македонија, истакна Божиновски во своето обраќање.За работењето на Младинскиот центар и за спроведените активности зборуваа Зоран Илиевски, директор на Коалицијата „СЕГА“ и раководителот на Младинскиот центар, Јован Цветкоски.

Охрид | пред 3 години

Zeni_07032023004

Започна да функционира советот за поддршка на женско претприемништво во Општина Охрид

Дефинирање на деловник за работа, донесување на програмски акти и прецизирање на идни планови, беа дел од темите на денешниот прв состанок на Советот на женско претприемништво на Охрид, кој беше формиран со одлука на Советот на општина Охрид на последната 24-та седница.Советот за женско претприемништво на општина Охрид брои 16 членови од редот на: советничките при Советот на општина Охрид; жени претприемачи (актуелни и потенцијални); невработени жени од општина Охрид; претставници на микро, мали и средни компании од општината; здруженија на граѓани-непрофитни организации и невладини организации за поддршка на бизнис секторот од општина Охрид.Членките на советот едногласно одлучија за претседател на советот да биде избрана Сузана Наумоска, а за заменик претседател, Проф. д-р Устијана Речкоска. Членките на советот дефинираа и работна група која веќе следната седмица, ќе биде ангажирана околу подготовката на Стратегија за поттикнување на женско претприемништво на ниво на општина Охрид, која ќе биде основа за сите наредни активности.Советот за женско претпремништво има за цел да ги поттикне и да ги поддржи жените претприемачи во општина Охрид, да дава препораки за прашања од интерес за поддршка на женското претприемништво и родовата рамноправност. Исто така, советот ќе гради политики за поддршка на жените претприемачи и женските права, со цел општествено и економско зајакнување на жените.Советот за женско претприемништво на општина Охрид е отворен за соработка и со други субјекти, кои по потреба ќе ги вклучува во својата работа при разгледување на одредени прашања и проблеми за кои е потребна дополнителна консултација и стручно советување.

Охрид | пред 3 години

Tode_Ilieski_07032023002

Доделени наградите за најдобра необјавена песна за деца во чест на Тоде Илиевски

Во чест и сеќавање на охридскиот поет и писател за деца, Тоде Илиевски денеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“ се одржа културен настан на кој беа доделени наградите од распишаниот конкурс за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“.Организатор на настанот е Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите уметности „Креативна верига“ со поддршка на Општина Охрид.Во знак на почит, од страна на организаторите беше доделена благодарница на градоначалникот Кирил Пецаков. Благодарницата ја прими заменик градонaчалникот, Перчо Божиноски кој истакна дека Општина Охрид во континуитет ќе продолжи да ги помага ваквите настани кои ја збогатуваат културната програма во градот. Тој упати честитки за идејата и реализацијата на конкурсот, со надеж дека истиот ќе прерасне во традиционален.Конкурсот за избор на необјавена песна за деца, беше распишан како начин да се оддаде почит на Тоде Илиевски, охридскиот поет и писател, кој зад себе има оставено трајни вредности, посебно во книжевноста за деца. Од пристигнатите 96 песни, жири-комисијата во состав: Горјан Петревски, Николина Андова Шопова и Живко Грозданоски, издвоија 3 најдобри песни, на кои им беа доделени пригодни награди.

Охрид | пред 3 години

ohrid

Свикана дваесет и петтата седница на советот на Општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ДВАЕСЕТ И ПЕТТАТА СЕДНИЦАНА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИДЈА СВИКУВАМ дваесет и петтата седница на Советот на општина Охрид на ден 14.03.2023 година (вторник) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.За седницата го предлагам следниот:Д Н Е В Е Н Р Е ДУсвојување на Записникот од 20-та седницаПредлог-одлука за усвојување на годишниот извештај за реализација на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за периодот од 01.2022 до 31.12.2022 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за финансиските потреби на ТППЕ Охрид за 2022 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Развојната Програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2022-2024 година за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Oдделението за даноци за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Одделението за комунални такси за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за заштита на животната средина и природата за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за спорт и рекреација за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Годишната Програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2022 година (Н1) за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Развојната Програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2022-2024 година (НА) за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Годишната Програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2022 година (Н2) за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Развојната Програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2022-2024 година (НБ) за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Годишната Програма на општина Охрид за детска заштита за 2022 година (В1) за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Развојната Програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на детската заштита 2022-2024 година (ВА) за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за здравствена и социјална заштита за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за културни манифестации и творештво за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за млади и невладини организации за 2022 година за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2022 година за периодот од 01.01.2022 до 31.2022 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за работата на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишниот Извештај за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2022 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Развојната Програма за изградба на системи за водоснабдување 2022-2024 за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за јавно осветлување за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Развојната Програма за изградба на системи за одведување и прeчистување на отпадни води за 2022-2024 година за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2022 година за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Развојната Програма за други комунални услуги за 2022-2024 година за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Развојната Програма за уредување на градежно земјиште за 2022-2024 година за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2022 година за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за одржување јавна чистота за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за подигање и одржување на паркови и зеленило за периодoт 01.01.2022 до 31.12.2022 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за енергетска ефикасност за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година.Предлог-одлука за усвојување на годишниот извештај и завршната сметка на буџетот на единицата на локална самоуправа Општина Охрид за 2022 година и извештајот за годишниот попис за 2022 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот од 01.07. до 31.12.2022 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишната сметка за работата на ЈП„Билјанини извори“ Охрид за 2022 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на ЈП„Водовод“ – Охрид за периодот од 01.02022 до 31.12.2022 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП „Градски Пазар“ Охрид за периодот од 01 до 31.12.2022 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за остварените резултати од работењето на ЈП„Охридски комуналец“ – Охрид за периодот од 01.01 до 31.12.2022 година.Предлог-одлука за усвојување на годишната сметка и Извештајот за работењето на ЈП„Нискоградба Охрид“ – Охрид за 2022 година за периодот од 01.01.2022 до 12.2022 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2022 година на ОУ„Христо Узунов“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2022 година на ОУ„Григор Прличев“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2022 година на ОУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2022 година на ОУ„Братство – единство“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2022 година на ОУ„Кoчо Рацин“ Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2022 година на ОУ„Живко Чинго“ с.Велгошти.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2022 година на ОУ„Ванчо Николески“ с.Лескоец.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2022 година на ОУ„Св.Наум Охридски“ с. Пештани.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2022 година на ОМУ„Методи Патче“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2022 година на ОСУ„Св. Климент Охридски“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2022 година на СОСУ„Св. Кирил и Методиј“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2022 година на ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за финансиското работење на ЈОУДГ за деца „Јасна Ристеска“ – Охрид за периодот 01.01.-31.12.2022 година.Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Годишниот извештај за работа на ОЈУ Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ – Охрид за 2021/2022 година.Предлог-решение за именување член во Комисијата за заштита на животната средина.Предлог-решение за именување член во Статутарно – правна комисија.Предлог-одлука за давање согласност на Правилникот за користење финансиски средства од буџетот на општина Охрид за субвенционирање на регистрирани занаетчии на подрачјето на општина Охрид.Предлог-одлука за донесување Правилник за критериумите и постапка за доделување еднократна парична помош на физички лица.Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за задолжување со наменски кредит на ЈП „Охридски Комуналец“ – Охрид за набавка на специјални возила.Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за покривање на загубата од работењето на ЈП Водовод Охрид за 2022 година.Предлог-одлука за примање на донација од ОКТА АД Скопје во проектирање и инсталација на фотонапонска централа во општина Охрид.Предлог-oдлука за давање согласност за просторно преместување на дисперзираните паралелки по фудбал при ДСУ „Спортска академија“ – Скопје во рамки на ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид.Предлог-одлука за утврдување локација за градба на спомен – обележје на Стојан Шутев, Тасе Васев и Коле Јанев, загинати за време на Илинденското востание.Предлог-програма за дополнување на програмата за одбележување значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја за период од пет години (септември 2019 – септември 2024).Предлог-програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2023 година.Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2023 година.Предлог-одлука за утврдување локации за собирање и селектирање на комунален отпад на подрачјето на општина Охрид.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на кп.бр. 80/1 КО Долно Лакочереј.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на кп.бр. 181/4 КО Љубаништа.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на кп.бр. 182, кп.бр.183 и кп.бр.184/1 КО Косел.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на кп.бр. 1141/1 и кп.бр.1341/1 КО Долно Лакочереј.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на кп.бр. 1303 КО Лескоец.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на кп.бр. 1374 КО Лескоец.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на кп.бр. 1914 и кп.бр.1915 КО Горно Лакочереј.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на кп.бр. 1937/4 и кп.бр.1936/1 КО Лескоец.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на кп.бр. 1950/1 КО Горно Лакочереј.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на кп.бр. 1953 КО Горно Лакочереј.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на кп.бр. 1965 КО Лескоец.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на кп.бр. 2004/1 КО Лескоец.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на кп.бр. 2042/1 КО Пештани.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на кп.бр. 2310/1 КО Долно Лакочереј.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на кп.бр. 2346/1 КО Лескоец.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на кп.бр. 2866 КО Охрид 4.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на кп.бр. 2929 КО Коњско.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на кп.бр. 3246 КО Елшани.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на кп.бр. 142 КО Вапила.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на кп.бр. 804 КО Љубаништа.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на кп.бр. 1698 КО Лескоец.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на кп.бр. 1843/1 КО Лескоец.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на кп.бр. 1956 КО Лескоец.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на кп.бр. 2458 КО Лескоец.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на земјиштето на Кп.бр. 8726 КО Охрид 2.СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИДПретседателСашо Донев

Охрид | пред 3 години

ohrid

Општина Охрид донесе одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ Урбанистички план за село Долно Лакочереј

Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16 99/18 и 89/22), Општина Охрид, на ден 03.03.2023г. донесеОдлука за спроведување на стратегиска оцена1. За планскиот документ Урбанистички план за село Долно Лакочереј, Општина Охрид, кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.2. Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ Урбанистички план за село Долно Лакочереј, Општина Охрид, се определуваат следните: Министерство за животната средина и просторно планирање и Општина Охрид.3. За планскиот документ Урбанистички план за село Долно Лакочереј, Општина Охрид, кој плански документ го донесува Советот на Општина Охрид, донесувањето на овој плански документ ќе има влијание врз животната средина.4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти:Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина на планираниот опфат(вода, почва, управување со отпад, природното и културно/археолошко наследство и пејсаж).5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса: www.ohrid.gov.mk6. Против ова одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.

Охрид | пред 3 години

Gradonacalnik_izjava_press_

Пецаков: Основот по кој го прогласувавме ништовно решението за градба на хотелот во Лагадин веќе го немаме

По повод неодамнешните прозивки на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска до градоначалникот Кирил Пецаков, а во врска со изградбата на хотелот во Лагадин, градоначалникот Пецаков, одржа прес конференција. Аргументирано и документирано, градоначалникот Пецаков ја изнесе целата генеза на случајот.-На 23.12.2016 година има правосилно одобрение за градба дадено за изградба на хотелот во Лагадин.На 15.3.2017 година ова одобрение за градба се прогласува за ништовно од страна на Општина Охрид за првпат, по што следат до ден-денес уште десет ништовни одобренија за градба, сите прогласени за ништовно заради почеток на градба без да се известат институции и спротивно на одредбите од Законот за градење.Сето ова е проследено со жалби до второстепениот орган, којшто се неколку на број, пред да во 2020 година, односно на 30.1.2020 година има потврдено ништовно решение за одобрението на градба. Значи нашата одлука ја потврдува второстепениот орган од Министерството за транспорт и врски.Против ова решение е покрената тужба односно управен спор на Управниот суд кој повторно ја враќа на разгледување на првостепениот орган, а тоа е Општина Охрид.Откако сум станат градоначалник во два наврати е прогласено за ништовно одобрението за градба..На 9.6.2022 година е едното прогласување за ништовност и на тоа од Министерството за транспорт и врски имаме одговор дека се поништува решението кое го издал првостепението орган и предметот се враќа на првостепениот орган на повторна постапка.И повторно Општина Охрид го прогласува за ништовно истото одобрение, за веќе на десеттото решение од второстепената комисија при Министертсвото за транспорт и врски од 1.12.2022 година,коешто станува на 1.3.2023 година правосилно, се поништува решението на Градоначалникот на Општина Охрид без да се врати повторно на одлучување на првостепениот орган и сето тоа потпишано и аминувано од страна на министерот за транспорт и врски Бочварски.За првпат во историјата, барем за Општина Охрид, второстепената комисја на Министерството за транспорт и врски одлучува мериторно, но не како што кажува Законот дека вториот пат треба да одлучи мериторно, туку одлучува десеттиот пат мериторно и му дава правосилност истиот орган, а не јас.Што значи дека истото одобрение кое е издадено во 2016 година сега стапува на сила.Со ваквиот епилог на постапката, основата заради која Општина Охрид го поништувала одобрението за градење веќе не држи, а со мериторната одлука на второстепената комисија на Министерството за транспорт и врски завршува предметот и процесот за овој инвеститор, односно според законот за управна постапка одлуката на второстепената комисија, треба да ја почитува првостепениот орган, истакна градоначалникот Пецаков.

Охрид | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања