Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ОХРИД

ohrid

Земјотрес во Албанија почувствуван и во Македонија – потреси и минатата недела во Охридско-Струшкиот регион

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала утринава во 5:04 часот ја вознемири југозападна Македонија, откако потресот со епицентар во Албанија се почувствува во повеќе погранични делови на земјава. Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот бил лоциран на околу 158 километри југозападно од Скопје.Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) прецизира дека земјотресот се случил 16 километри северозападно од Тирана, на длабочина од само 5 километри – што го прави потресот повлијателен и на површината.Во Македонија, земјотресот е почувствуван со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, особено во југозападниот регион – Охрид, Струга, Ресен и околината.Инаку, слични сеизмички активности беа забележани и минатата недела. На 16 јуни беше регистриран земјотрес со јачина од 3,8 степени, со епицентар во подрачјето Пештани-Охрид-Струга, кој во Охридската котлина се почувствува со интензитет од V степени.Според податоците на ЕМСЦ, утрово се регистрирани и неколку послаби потреси во Албанија, што укажува на засилена сеизмичка активност во регионот. Македонските институции ги следат состојбите и апелираат на смиреност.

Охрид | пред 9 месеци

IMG_6796

Екипите на „Охридски Комуналец“ веднаш на терен по невремето – нормализиран водниот сообраќај на каналот Студенчишта

По попладневното невреме што го зафати охридскиот регион, проследено со пороен дожд, град и силен ветер, екипите на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ веднаш излегоа на терен за санација на штетите и расчистување на јавните површини.Најсериозната интервенција била на каналот Студенчишта, каде падната гранка го блокирала движењето на пловни објекти. На тешко пристапниот терен интервенирале екипите на „Паркови и зеленило“ и ЈП „Билјанини Извори“, по што пречката е целосно отстранета, а водниот сообраќај е нормализиран.Паралелно, комуналните служби работеле на расчистување на наноси од земја и песок на фреквентни пешачки површини низ градот, а со цистерна било интервенирано и кај колективна зграда каде што поради обилните врнежи дошло до излевање на канализација.Од ЈП „Охридски Комуналец“ информираат дека нивните екипи остануваат на терен сè додека целосно не се санира состојбата и упатуваат апел до граѓаните да пријавуваат евентуални проблеми.

Охрид | пред 9 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-09.56.19

Вонредна акција за кабаст отпад во Пештани на 18 јуни

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ најави дека во среда, на 18 јуни 2025 година, ќе спроведе вонредна акција за собирање кабаст отпад во селото Пештани.Во рамки на акцијата, ќе се подигнува стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписи и друг крупен отпад. Од претпријатието апелираат до жителите на Пештани навреме да го депонираат отпадот – најдоцна до 07:00 часот на 18 јуни, уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за собирање комунален отпад.Дополнително, сите граѓани кои имаат ваков отпад треба предходно да ја пријават локацијата на дежурниот телефонски број 075-495-428, кој е достапен секој ден од 07:00 до 21:00 часот.Од „Охридски Комуналец“ потсетуваат дека ваквите акции се дел од заложбите за одржување на чиста и уредна животна средина, и ги охрабруваат граѓаните активно да се вклучат и придонесат.

Охрид | пред 9 месеци

mijalkov-hotel-

(Видео) Со кои пари Мијалкови го градат хотелот во Охрид и што ќе се прави со него

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, во поткастот „Претрес со Ландов“, рече дека хотелот, сопственот на семејството Мијалкови, бил мета на инспекциски контроли и утврдена е состојбата. Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ расчистило со него.Отвори и прашање - како е можно толкави средства да се инвестираат во хотелот „Мериот“ на скопскиот плоштад и хотелот во Охрид.„Направија спогодба, ги легализираа финансиските средства“, рече меѓудругото Николоски.На самиот брег на Охридското Езеро, каде зеленилото од летувалиштето Горица се спушта кон водата, никнува нов хотел на парцела од 15.787 метри квадратни. Не би било ништо необично, доколку локацијата не беше дел од заштитено природно и културно наследство под УНЕСКО.Фирмата Дивелоп Груп, која сега е една третина во сопственост на Јордан Мијалков - синот на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, во 2011 година победува на јавно наддавање за продажба на тогаш државното земјиште.Таа година Сашо Мијалков сè уште е директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), а наддавањето за земјиштето го објавува Министерството за транспорт и врски предводено од неговиот сопартиец Миле Јанакиески.ЦЕЛ РАЗГОВОР:

Македонија | пред 9 месеци

pecakov

Пецаков: За средствата од Владата за општините аплициравме со 24 проекти и добивме околу 9 милиони евра

-Охрид долги години беше позната како општина која е една од најзадолжените заедно со Тетово и нашиот долг околу 2013 го достигна пикот и беше околу 36 милиони евра. На прес излегов со пресек дека блокадата, заедно со тековни работи и фактури коишто се завршени долгот е 14.5 милиони евра. Со кого и да разговарав во Охрид сите знаеја дека функционираме под блокада, во 2024 година ја одблокиравме општината, а во 2025 година пренесовме 4 милиони евра на сметка. Така да позитивното финансиско работење е едно од работите на кои што сум посебно горд, рече Кирил Пецаков, градоначалник на општина Охрид во своето гостување во поткастот ВМРО-ДПМНЕ зборува со вашиот градоначалник“.Градоначалникот Пецаков во текот на своето гостување се осврна и на тоа што може да очекуваат граѓаните на Охрид до крајот на неговиот мандат каде наброја неколку проекти.-Почеток на плоштадот Чинар, почеток на катната гаража, повеќе инфраструктура во руралните средини и ќе ја превршиме онаа динамика која што веќе сме ја започнале и наметнале во изминатите 4 години. Јас само можам да замислам како би било да настапивме со позитивна сметка или без долгови или со многу ситно нешто, укажа тој.Пецаков го истакна и планираниот проект за стратешко водоснабдување по гравитационен пат каде околу 60% од територијата на општина Охрид преку Плакенска планина ќе се снабдува со вода без да се потроши електрична енергија.-Ние сме спремни наредната година да го започнеме стратешкото водоснабдување на градот Охрид по гравитационен пат. Околу 60% од територијата на општина Охрид преку Плакенска планина ќе се снабдува со вода без да потрошиме електрична енергија. Дури може и да го искористиме сиот тој потенцијал кој што самиот извор го носи и за нас ќе претставува голема помош за нормалното водоснабдување на градот, кажа тој.На крај градоначалникот Пецаков ја посочи и помошта од Владата каде истакна дека како општина аплицирале со 24 проекти и добиле помош од околу 9 милиони евра.-Ние аплициравме за 24 проекти на двата повици од Влада и тоа е некаде околу 9 милиони евра. Тоа е огромна помош, порача тој.

Охрид | пред 9 месеци

Screenshot-2025-06-09-at-11.45.57

Акција за собирање кабаст отпад во три охридски населби

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ на 5 јуни (четврток) ќе спроведе акција за собирање кабаст отпад во урбаните заедници 10 и 6, односно во Горна Влашка маала, Карабегомала и населбата „Христо Узунов“.Граѓаните кои живеат во овие делови од градот се замолуваат својот отпад – стар мебел, душеци, шпорети, телевизори, теписи и слични предмети – да го изнесат уредно покрај контејнерите или на предвидените места за собирање комунален отпад, најдоцна до 07:00 часот на денот на акцијата.За поефикасна организација, се препорачува претходно пријавување на локацијата каде што ќе биде оставен отпадот, преку дежурниот телефонски број 075/495-428, кој е достапен секој ден од 07:00 до 21:00 часот.Со оваа акција, „Охридски Комуналец“ продолжува со напорите за одржување на чиста и уредна животна средина во урбаните и приградските населби.

ОО | пред 9 месеци

Screenshot-2025-06-09-at-11.43.34

„Охридски Комуналец“ започна со летните активности за одржување на јавната хигиена

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ ги започна сезонските активности за одржување на хигиената на јавните површини, со посебен акцент на охридските плажи.На јавната плажа „Горица 3“ поставени се 10 канти со капацитет од 240 литри за ситен отпад, а дежурните екипи секојдневно се грижат за чистотата на просторот. Од месец јули, канти за отпад ќе бидат поставени и на плажите кои не се под концесија, на потегот од Лагадин до Пештани.Покрај тоа, се врши темелно чистење на плочникот околу клупите и корпите за отпадоци долж патеката од каналот Студенчишта до Горица, каде се отстрануваат тврдокорни остатоци.Од претпријатието информираат дека сите активности се во согласност со Програмата за работа за 2025 година.

Охрид | пред 9 месеци

500557241_1270439817774346_1380968827352760672_n

(Фото) По четири децении – целосно обновен патот од Охрид до Св. Наум

„Завршува во рок рехабилитацијата на патот Охрид-Свети Наум која за прв пат се случува по четири децении. Рехабилитиравме 24,3 км и инвестиравме 11,7 милиони евра, средства обезбедени од буџет на ЈППД“, објави директорот на ЈПДП, Коце Трајановски.Тој додава: „Ја подигнавме безбедноста во сообраќајот, го подигнавме квалитетот на туристичкиот и економскиот потенцијал и развој во охридскиот регион, и обезбедивме квалитетна патна врска од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум, но и до соседна Република Албанија. Извршивме растоварување на косините од нестабилен карпест материјал и монтиравме заштитна челична мрежа на косините. На овој начин се подобри прегледноста на патот што е најзначаен сегмент за учесниците во сообраќајот.Привршуваме со поставувањето на вертикалната сигнализација, односно сообраќајните знаци, како и со означувањето на хоризонталната сигнализација т.е боење со патарска боја. Привршува и поставувањето на еластичната одбојна ограда. Овој магистрален пат е исклучително значаен не само затоа што е главна туристичка сообраќајна делница, туку и затоа што не поврзува регионално. Реализараме проекти со кој ја подобруваме патната мрежа во охридскиот регион и во нашата убава Македонија!“

Македонија | пред 10 месеци

aerodrom-ohrid

Новата линија Базел - Охрид стартува 4 месеци порано

Новата линија Базел - Охрид стартува 4 месеци порано.„'Европскиот аеродром' како што е името на аеродромот помеѓу градовите Базел, Мулуз и Фрајбург е многу важен аеродром затоа што е на тромеѓе на три држави - Швајцарија, Германија и Франција. Раскрсница која ќе донесе многу туристи, но и ќе го олесни патувањето на нашата дијаспора“, вели министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.Од компанијата WizzAir објавија дека веќе може да се купат карти за новата авиолинија Охрид - Базел. Првиот лет на оваа линија која е дел од програмата за субвенционирање на нови авиолинии е закажан за 27 Октомври.„Имаме интензивни разговори за други нови авиолинии со што македонските аеродроми ќе бидат одлично поврзани со целиот свет“, додава министерот.

Охрид | пред 10 месеци

policacec-ohrid

Домашен терор во Охрид: маж натепал жена, друг фрлал со покуќнина

Два случаи на семејно насилство се пријавени во охридската полиција на 23 мај. Во едниот случај, маж од Скопје физички ја нападнал својата невенчана сопруга, а во другиот, охриѓанец бил приведен поради агресивно однесување кон семејството и оштетување на покуќнина. Полицијата презема мерки, а по целосно документирање, ќе следуваат соодветни пријави против напаѓачите.„На 23.05.2025 во 10.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека Д.Д.(42) од Скопје физички ја нападнал неговата невенчана сопруга од Охрид“, велат од МВР.И друг случај е пријавен.„На 23.05.2024 во 19.15 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Ј.А.(35) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон членовите на семејството и оштетил дел од покуќнината“, додаваат од МВР.По целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Охрид | пред 10 месеци

499792992_1219216670218345_2996500708615706938_n

„Охрид е тврдина на словенската писменост“ – градоначалникот Пецаков во чест на Кирил и Методиј

„Светите браќа Кирил и Методиј, апостолите на словенството, ги втемелија корените на писменоста и културата на нашиот народ. Затоa, со длабока благодарност и исконска почит, се поклонуваме пред нивното дело – дело што не е само духовен патоказ, туку и столб на нашиот идентитет“, објави Кирил Пецаков, градоначалник на Општина Охрид и додава:„Мисијата на овие први учители е порта кон нашето спознавање, а нивното дело ни докажува дека не сме случаен народ. Ние сме народ со своја азбука, свој јазик, своја духовност– народ што говори со срце и пишува со душа. Охрид како древен град, скапоцен бисер и тврдина на словенската писменост, со посебно внимание го чува споменот на Светите Кирил и Методиј. Тука нивното дело доби живот, во секој камен, во секоја буква, во секое писание. Тука се создадоа првите училишта, се напишаа првите книги, се изградија храмовите на македонската културна и духовна судбина.Токму затоа, денес, со огромна пофалба, им оддаваме признание на нашите најуспешни ученици – младите охридски надежи, кои со својот труд и талент се вистинска гордост за сите нас. Тие се продолжувачи на светата мисла. Тие сте идните чувари на знаењето и на вистината. Тие се лицето на Охрид и современа Македонија – образована, достоинствена и самобитна. Општина Охрид секогаш ќе стои на страната на образованието. Ќе вложуваме уште повеќе, ќе ги поддржуваме учениците, наставници и институции – затоа што иднината на еден народ се гради врз просветата. Нека живее делото на Кирил и Методиј! Нека е за многу години! Нека е вечен Охрид нека е вечна Македонија!

Македонија | пред 10 месеци

499477498_1176705834257238_7045029403476150285_n

И покрај заложбите за чист Охрид, родолжува деградирачкиот однос на поединци, вели комуналното претпријатие

„И покрај нашите заложби за чист и уреден Охрид, продолжува деградирачкиот однос на поединци“, вели Ј.П. ,,Охридски Комуналец" - Охрид и додава:„И покрај објавениот Календар на акции за кабаст и зелен отпад за 2025 год., секојдневно се соочуваме со мини-депонии на секој чекор, во секој дел од градот и урбана заедница. Во вонредна акција, од нови мапирани диви депонии во населби Даљан, УЛ.АСНОМ и ул. Галичица подигнати се 32 м3 кабаст и зелен отпад“.

Охрид | пред 10 месеци

ikona-ohrid

ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ГУП ЗА УЗ 4 УБ 4.4 И ИЗРАБОТКА НА ДУП ЗА УЗ 4 УБ 4.4 ОПФАТ 1, ОПШТИНА ОХРИД

ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ГУП ЗА УЗ 4 УБ 4.4 И ИЗРАБОТКА НА ДУП ЗА УЗ 4 УБ 4.4 ОПФАТ 1, ОПШТИНА ОХРИДмај 12, 2025 0Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16 , 99/18, 89/22 и 171/22 ), Општина Охрид, на ден 09.05.2025 година, донесеhttps://ohrid.gov.mk/%d0%be%d0%b4%d0%bb%d1%83%d0%ba%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b2%d0%b5%d0%b4%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%b5%d0%b3%d0%b8%d1%81%d0%ba-2-5/?fbclid=IwY2xjawKX7PlleHRuA2FlbQIxMQBicmlkETFwZkVyeHdlQjNodjdsWXk1AR77nvkRQZ-xWQsQBwbJv6VHMtlx0lRCodIC9k_A1uPFS0Nbd00YKbM7jIgd9g_aem_MPfRKb38GQzgijWYIA1JQw

ОО | пред 10 месеци

thumbnail-9

Продолжи со дистрибуција на 120 литарски садови за селектирање на отпад во Охрид

ЈП.„Охридски Комуналец“ во текот на вчерашниот ден на улицата „Стив Наумов“ продолжи со дистрибуција на 120 литарски садови за селектирање на отпад кои се донација на Министсрството за животна средина и просторно планирање.Се работи за жолти садови за собирање на селектиран отпад од пластика и сини садови за селектиран отпад од хартија на домаќинства, кои се дел од вкупно 1.200 садови, доделени на Општина Охрид.Акцијата се реализира во рамки на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“ чија цел е подобрување на управувањето со отпад на општините и јавните комунални претпријатија од Југозападниот и Пелгонискиот регион, имплементиран од САЛАР Интернационал, а финансиран од Владата на Шведска.Во текот на вчерашниот ден,  претставниците од САЛАР Интернатионал, Пеле Халберг и Емил Ангелов, директорот на Ј.П „Охридски Комуналец“, Сашо Најдески, претставници на Граѓанската иницијатива „Збогум Буково“ и претставници на Општина Охрид, направија увид на дел од охридските домаќинства на кои веќе им се доделени садови за селектирање отпад.Граѓаните ја изразија својата подготвеност за учество во ваквиот начин на справување со отпадот, при што беше потанцирана реупотребата на селектираниот отпад, како најголема придобивка за зачувување на животната средина. 

ОО | пред 10 месеци

neparkiraj

Известување за сообраќаен режим на улица „Даме Груев“

Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека од ден 12.05.2025 година (понеделник) од 06:00 часот наутро, поради реконструкција на дел од улица „Даме Груев“,  целосно ќе биде затворен за моторен сообраќај делот од улицата, од пресекот со улица „Македонски Просветители “ до пресекот со улица „Булевар Туристичка“.Воедно се известуваат и сите жители на овој потег дека почнувајќи од 12.05.2025 година од 06:00 часот наутро да не ја користат оваа улица за сообраќај и да не ги паркираат своите возила на овој дел од улицата, со цел непречено одвивање на активностите.

ОО | пред 10 месеци

1000011436

26 издание на „Распеано рибарче“

Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски синоќа во СРЦ „Билјанини извори“ присуствуваше на отворањето на детскиот музички фестивал „Распеано рибарче“  што се одржува по 26-ти пат во грарадов. Годинава настапија  38 изведувачи, а беа  испеани 33 нови композиции.На отворањето во своето обраќање Божиноски истакна .– Дозволете да го изразам моето огромно задоволство  што вечерва учествувам на отворањето на детскиот музички фестивал  „Распеано рибарче“ што по 26 –ти пат се одржува во Охрид.  На овој детски празник за очи и душа  ќе бидат изведени 33 нови детски песни. Ќе настапат  38 изведувачи, Музиката не познава граници, а детското уво најлесно ги восприема тајните на звукот и играта, ги обединува срцата на младата публика, втемелувајќи трајни вредности значајни за развојот на културата во секоја средина.Музиката влијае на нашето расположение, буди радост, емоции што ја галат душата кај сите генерации и е неодминлива уште од најраната фаза на развој. Јас верувам дека и годинава  ќе бидат испеани нови  хитовски песни и незаборавни рефрени  кои  и во сон ќе ги  потпевнуваа дечињата, пеејќи за теми од нивните секојдневни преокупации.Почитувани присутни, драги родители, наши мили дечињаВо ерата  на паметни телефони, интернет-сервиси и апликации, не само што се помешани „плејлистите“  за деца, тинејџери, адолесценти, туку буквално сме сведоци на ерозија на музичката писменост, па  за жал се случува мали деца  на роденденски забави да  пеат песни со вулгаризми, песните на изведувачите од соседството им се омилени, а детски песни, наши, македонски, речиси и не се слушаат.Ова се факти пред кои не можеме, не треба и не смееме да останеме неми, туку да дејствуваме, а еден од добрите модели и начини да се креираат повисоки критериуми за музичкиот вкус на младите се детските фестивали, нивно заживување, промовирање, реактуализација. Токму затоа фестивалот „Распеано рибарче„ е значаен за  децата, родителите и0 воопшто за правилен развој на нашето општество. Затоа во оваа прилика изразувам огромна благодарност до организаторите и верувам дека општината и во иднина ќе го подржува овој прекрасен миузички настан.До нашето следно видување ве оставам во добро расположение со најубавата музика за деца која не носи во други димензии, во млади години и во подобар Свет– рече Божиноски.Во  балетските точки на сцената продефилираа над 90 деца од нашиот убав град.

ОО | пред 10 месеци

1000011421

Успешно реализирана обуката за жени претприемачи во Општина Охрид

Во насока на  развој на локалната економија и зајакнување на родовата еднаквост во економските процеси, Општина Охрид успешно ја реализираше Обуката за поддршка на жени претприемачи, согласно објавениот Јавен повик.Во обуката беа вклучени жени и девојки од Охрид кои имаат намера да започнат свој бизнис или веќе водат сопствен бизнис не подолго од три години. Неколкудневната обука се реализираше во просториите на Касарна-Хаб, а нејзината цел беше да ги унапреди капацитетите на жените преку стекнување на нови знаења и практични вештини во областа на деловното планирање, управување и претприемништво.На пет учеснички на обуката им беа доделени посебни сертификати за претприемништво, со кои ќе може да продолжат со следната фаза – Обука за менторство за почетници во бизнис и постојни претпријатија управувани од жени.Општина Охрид преку Програмата за локален економски развој ќе продолжи и во иднина активно да работи на поттикнување на женското претприемништво, како важен двигател на инклузивниот економски раст, создавање на нови работни места и подобрување на животниот стандард.

Охрид | пред 10 месеци

ELECTRO-GENERALKA-25_Page_1-1

Известување до граѓани од Општина Охрид

Во организација на компанија „Мен енд маунтен“, а со поддршка на Пивара Скопје, Пакомак и Нула Отпад, на 08.05.2025 год.  ( петок ) и 09.05.2025 год. ( сабота ) со почеток во 10 часот, ќе се одржи Генералка Викенд во повеќе општини во државата.Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина. За таа цел колективниот постапувач Нула Отпад бесплатно ќе го подигне целиот електронски отпад кој не е во употреба од домаќинствата и правните субјекти ( стари печатачи, компјутери, телевизори, телефони, фрижидери, машини за перење и сл. ), доколку се јавите на тел: 070 236 000 во период од 5-9 мај 2025 год.Општина Охрид и ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид, се приклучуваат на акцијата со чистење и тоа: на потегот од плажата после хотел„Метропол“ до нас.Лагадин како и просторот околу Горна Порта на 08.05.2025 год. (петок ), а плажата од река Грашница до подрачното училиштет „Св. Климент Охридски“ на 09.05.2025 год. ( сабота ). Во акцијата ќе земат учество и Костал Македонија Дооел, училишниот спортски клуб „Волеј“, Шпаркасе Банка, Централна Кооперативна Банка, Граѓанската иницијатива „Збогум Буково“ и волонтерите од Програмата за грижа на стари лица „Најди време“ при Црвениот Крст на Охрид.  Универзитетот „Св.Апостол Павле“ како и сите училишта ќе ги чистат училишните дворови и непосредната околина.Општина Охрид ги повикува сите заинтересирани граѓани да земат учество во акцијата.  

ОО | пред 10 месеци

IMG-e0829a7e3039a5e06f8ad88db80c75cb-V

Утре театарска претстава за деца „Плашливиот лав“

Во рамки на проектот  на Општина Охрид, „Културата расте со децата. За сите деца“, утре напладне во ООУ „Св. Наум Охридски“ во село Пештани  ќе биде прикажана детската театарска претстава ,,Плашливиот лав” во изведба на актерите од Театар  „Отпишани“.„Плашливиот Лав” е детска театарска претстава која носи силна порака за другарство и социјализација кај децата.Автор на претставата е Марјан Анѓеловски,а главната ролја ја играат  Јасмин Рамани и  Мето Јанакиевски.Детските театарски претстави ќе се одржуваат секој петок, а низ нив ќе ги води ликот на рибарот Климе.

ОО | пред 10 месеци

IMG_1064

Охридските првачиња дел од големата детска трка

Вкупно 455 првачиња од Охрид и Дебрца беа дел од големата Детска трка која се одржа денеска на стадионот „Билјанини извори“ во организација на АК „Охрид ТрчаТ“.Овој спортски настан кој во ваков концепт се организира четврта година по ред има за цел е да ги промовира спортските навики кај најмладите и да ја подигне свеста за поголема физичка активност.Свое поздравно обраќање пред младите учесници и публиката имаше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.– Чувствувам посебна радост и топлина во срцето што имам можност повторно да бидам дел од оваа прекрасна манифестација, која веќе традиционално како пролетен мајски цвет ја буди желбата за спортување и носи огромна позитивна енергија во Охрид.Денес, нашите најмили трчаат за здравје и за радост. Нивните мали чекори остават траги на надеж и ведрина и испраќаат една голема порака по повод Светскиот ден на физичката активност!За првачињата, истрчаните сто метри ќе донесат искрена смеа и аплаузи, а за нас возрасните голема сила да продолжиме да ги охрабруваме и да го наградуваме нивниот труд.Општина Охрид отсекогаш стоела и ќе продолжи да стои цврсто на страната на спортот, затоа што знаеме дека здравите навики се градат од најмала возраст. Оваа трка не е само спортски настан, ова е доказ на нашата свесност за здрав живот, здрави деца и активни ученици, кои ќе растат со спортски дух, со дисциплина и со чувство за заедништво.Оваа можност ја користам да упатам голема благодарност до организаторите од атлетскиот клуб „Охрид трчаТ“, до училиштата, до поддржувачите и до сите кои веруваат дека децата се највредниот потенцијал на нашата иднина.Благодарност и до Општина Дебрца која како партнер, заедно со нас гради спортска култура и пријателска соработка.Искрено верувам дека овој прекрасен спортски концепт ќе продолжи да се надоградува и во иднина ќе прерасне во спортска манифестација, по која Охрид ќе биде препознатлив и ќе стане позитивен пример во спортската заедница, не само во Македонија туку и пошироко.Драги дечиња, денес ова е вашиот голем спортски успех, денес сите сте победници и сите заедно ќе го освоите првото место! Трчајте, другарувајте и уживајте! Бидете засекогаш весели и среќни и гордост за сите нас!, истакна Пецаков во своето обраќање.Учеството на трката беше бесплатно, а за сите учесници АК „Охрид ТрчаТ“ обезбеди маица, медал (финишер), вода и пригодни подароци. Трката и оваа година ја подджаа Општина Охрид и голем број општествено одговорни компании.  

ОО | пред 10 месеци

Saraiste

Сопствениците на пловни објекти – кајчиња треба истите во најкраток временски период да ги отстранат од крајбрежниот појас кај локалитетот „Сараиште“, населбата „Канео“ и село Пештани

Сопствениците на пловни објекти – кајчиња треба истите во најкраток временски период да ги отстранат од крајбрежниот појас кај локалитетот „Сараиште“, населбата „Канео“ и село Пештани.Во спротивно Општина Охрид и општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за отстранување на истите, на товар на сопствениците.Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето пред почетокот на летната туристичка сезона.

ОО | пред 10 месеци

thumbnail-2

Генералка викенд во Охрид

Голема количина на ПЕТ амбалажа и мешан отпад беа собрани во рамки на еколошката акција „Генералка Викенд“ која се одржа изминатиот викенд во Охрид.Акцијата ја реализираа Општина Охрид и ЈП „Охридски Комуналец“.  Во теренските активности  беше опфатен потегот од плажата после хотел„Метропол“ до нас.Лагадин каде чистеа вработените од Шпаркасе Банка. На потегот од Грашница до подрачното училиште „Св. Климент Охридски“, чистеа вработените од „Костал Македонија“. Училишниот спортски клуб „Волеј“ чистеше на просторот околу Горна Порта, на потегот од каналот на Билјанини Извори до плажа Горица чистеа учениците од ОСУ „Св.Климент Охридки“, РЦСО„Ванчо Питошески“ И СОСУ „Св.Кирил и  Методиј“ како и Граѓанската иницијатива „Збогум Буково“. Во акцијата учествуваа и дел од основните училишта со чистење на дворните места. Учениците од ООУ „Св.Наум Охридски“ од Пештани ја чистеа и плажата во селото. Вработените на Централна Кооперативна Банка засадија 10 садници од брези во дворното место на СОСУ „Св.Кирил и Методиј“Еколошката акција беше организирана од компанијата „Мен енд маунтен“ со поддршка на „Пивара Скопје“, „Пакомак“ и „НУЛА отпад“.Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина и природата.https://ohrid.gov.mk/%d0%b3%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d1%80%d0%b0%d0%bb%d0%ba%d0%b0-%d0%b2%d0%b8%d0%ba%d0%b5%d0%bd%d0%b4-%d0%b2%d0%be-%d0%be%d1%85%d1%80%d0%b8%d0%b4-5/?fbclid=IwY2xjawKX7PdleHRuA2FlbQIxMQBicmlkETFwZkVyeHdlQjNodjdsWXk1AR6hkYyS1Xvz3GpNrBo8_Qk6GEoef5xdhv7ty_b6t-IU5xOzDilvupnL-Txw_w_aem_2UxbVdwZZMC6btcl4jYgPQ

ОО | пред 10 месеци

neparkiraj

Известување од Охрид

Започна партерното уредување на тротоарот на ул. „Димитар Влахов“ од лева страна. Активностите ќе бидат по цела должина на јавниот простор во насока кон  ОСУ „Св. Климент Охридски“.Тротоарот ќе биде поплочен со камен, шкрилец.Се замолуваат охриѓани да бидат внимателни при движење и да не паркираат возила во тој дел од улицата.

ОО | пред 10 месеци

IMG-fb89288f42f5f29fac3183e24d503dcf-V-e1747312225292

Еколошки куќички за птици на Охридското кале

Денеска надлежните од  Одделението за планирање и управување со заштитени подрачја и други заштитени делови од природата при општина Охрид заедно со  вработените од Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп поставија 30 дрвени куќички за птици на потегот од  пешачката патека од Горна порта до  Лабино и Канео. Куќичките се  целосно изработени  од природен и траен материјал. Овие живеалишта се наменети за мали птици кои на тој начин полесно ќе се справат со климатските промени и ќе се зголемува нивниот број.Станува збор за општествено одговорен проект на Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп којшто е подржан од Општина Охрид.

ОО | пред 10 месеци

Avstraliski_ambasador05142025003

Градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Австраија, Питер Трасвел

Средба со новоименуваниот Амбасадор на Австралија во Амбасадата во Белград, што ја покрива и Македонија, Н.Е. Питер Трасвел и почесниот конзул на Австралија во Македонија, Зоран Костовски, денес, оствари градоначалникот Пецаков.На средбата се разговараше за традиционално добрите односи кои се негуваат помеѓу двете држави, а се стави акцент на продлабочување на соработката помеѓу збратимениот град Волонгог и со Квинбеин со кого Охрид има потпишано протокол за соработка. Амбасадорот изрази подготвеност да биде дел од комуникацијата помеѓу Охрид и двата австралиски градови како би се интензивирала соработката.Средбата беше искористена и за разговор во насока на стимулирање на невладините организации од регионот за поактивно учество на повиците за грантови кои ги објавува Амбасадата.

ОО | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања