Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ОХРИД

Pozarnikari-volonteri05172015001-1

Презентиран планот за противпожарна заштита на Охрид и Дебрца пред стручна австриска делегација

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со стручна делегација од областа на противпожарната заштита од Австрија, составена од Петер Логар, проект менаџер на Програмата за поддршка на тиролската противпожарна бригада и Јоханес Пап, Заменик командант на Покраинската противпожарна бригада на Тирол, Сојузна покраина на Австрија.На средбата присуствуваа претставници на Противпожарната единица од Охрид при што беше извршена Презентација на Планот за противпожарна заштита на Општина Охрид и Дебрца.Во рамки на презентацијата беше опфатено подрачјето на делување на противнпожарната единица, противпожарната опрема и капацитетите на возниот парк, како и кадровските потенцијали за делување на терен. Во дискусијата беше потенцирано дека во Општина Охрид има неколку критични точки за делување, а тоа е Стариот град, Централното градско подрачје и крајбрежјето на Охридското Езеро на потегот кон Свети Наум.Беше потенцирано дека Противпожарната служба со 39 вработени, во текот на 2023, 2024 и 2025 година имала вкупно 1280 интевенции од различен карактер и дека има потреба од дополителни кадровски потенцијали особено во периодот на летните месеци.Во тој контекст беше потецирана и потребата од активна волонтерска служба за противпожарна заштита, која треба да биде соодветно опремена за делување при поголеми пожари во Охридскиот регион. Стана збор и за доброволното противпожарно друштво „Ентузијаст“ кое брои 25 лица и веќе активно делува во Охрид.Беше разговарано и за донацијата на едно противпожарно возило која е веќе обезбедена за ова противпожарно друштво, како и за можни идни проекти за дополнителна опрема и обуки за волонтерската единица преку Канцеларијата на државните власти од Тирол, Австрија во соработка со Општина Охрид.Градоначалникот изрази големо задоволство од посетата на австриската делегација, со надеж дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина.

ОО | пред 10 месеци

Rakometari05202015006

Пецаков претпладнево ги прими ракометните шампиони на ГРК Охрид

Градоначалникот Кирил Пецаков претпладнево ги прими ракометните шампиони на ГРК Охрид од пионердската лига кои синоќа во Битола понесоа убедлива победа пред нивните врсници од Еурофарм Пелистер 2.Претходно во полуфиналето, охридските ракометни надежи беа подобри од врсниците од РК „Вардар“.Првиот човек на градов го изрази своето огромно задоволство и гордост за постигнатиот успех. Им се заблагодари на ракометните надежи за прекрасната игра и убедливиот триумф и посочи дека и во иднина локалната самоуправа ќе го поддржува овој ракометен клуб.ГРК Охрид е предводен од Наум Бабачев, формиран е во 2011 година, а од 2013 година е подржуван од охридската локална власт.Пецаков претпладнево ги прими ракометните шампиони на ГРК Охрид

Охрид | пред 10 месеци

IMG-e0829a7e3039a5e06f8ad88db80c75cb-V

Утре театарската претстава за деца „Плашливиот лав“

Во рамки на проектот на Општина Охрид, „Културата расте со децата. За сите деца“, утре напладне во ООУ „Св. Наум Охридски“ во село Пештани ќе биде прикажана детската театарска претстава ,,Плашливиот лав” во изведба на актерите од Театар „Отпишани“.„Плашливиот Лав” е детска театарска претстава која носи силна порака за другарство и социјализација кај децата.Автор на претставата е Марјан Анѓеловски,а главната ролја ја играат Јасмин Рамани и Мето Јанакиевски.Детските театарски претстави ќе се одржуваат секој петок, а низ нив ќе ги води ликот на рибарот Климе.https://ohrid.gov.mk/%d1%83%d1%82%d1%80%d0%b5-%d1%82%d0%b5%d0%b0%d1%82%d0%b0%d1%80%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%82%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%b5%d1%86%d0%b0-%d0%bf%d0%bb%d0%b0/?fbclid=IwY2xjawJ3Fl5leHRuA2FlbQIxMQBicmlkETFsYm1aNXgxWHQ0MlJDcEE4AR5mQAFgGGXds9PNNWbgcCIHj9aTgBM0iq3KCkf5JaNuQthzbWZ_InsLseMaoQ_aem_h4aIZZvTdaRzeevrv-hngg 

Охрид | пред 11 месец

Zamenik-minister04242025006-1

Градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со заменик министерка за европски прашања Викторија Трајков

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари работна средба со Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, која беше во прва официјална посета на Општина Охрид.Заменик-министерката Трајков беше во придужба на стручни лица од проектните едници на Министерството за европски прашања и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев.На средбата се разговараше за можностите за искористување на европските и претпристапните фондови, со акцент на поддршката која овие програми ја овозможуваат за развојот на локалните заедници. Исто така беше разговарано за можностите за искористување на средствата од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој – ИПАРД.Градоначалникот Пецаков ги запозна гостите со тековните проекти и планови во општината во насока на унапредување на инфраструктурата, екологијата и социјалната инклузија во Охрид. На состанокот беше потенцирано дека е потребно унапредување на соработката меѓу локалната и централната власт за поголемо искористување на меѓународните фондови кои се достапни на општините.Во рамки на посетата, градоначаникот и заменик министерката ја посетија Инклузивната игротека за лица со церебрална парализа и Здружението на граѓани ВООПС, простор опремен со средства обезбедени преку Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Овој проект претставува пример за успешно имплементирана иницијатива која овозможува инклузивен пристап за децата и младите со попреченост во општествените процеси.

Охрид | пред 11 месец

Screenshot-2025-04-24-at-15.07.00

Охрид се поклони во чест на Узунов

Свеченостите по повод одбележување на 120 години од смртта на Христо Узунов продoлжија и денес. Утрово делегација на општината положи свежо цвеќе пред неговата спомен биста во градскиот парк. По традиција претставници од Општина Охрид го посетија вечното почивалиште на Христо Узунов во селото Цер, кичевско каде пред повеќе од еден век се случи херојската погибија.https://ohrid.gov.mk/%d0%be%d1%85%d1%80%d0%b8%d0%b4-%d1%81%d0%b5-%d0%bf%d0%be%d0%ba%d0%bb%d0%be%d0%bd%d0%b8-%d0%b2%d0%be-%d1%87%d0%b5%d1%81%d1%82-%d0%b7%d0%b0-%d1%83%d0%b7%d1%83%d0%bd%d0%be%d0%b2/?fbclid=IwY2xjawJ3FlpleHRuA2FlbQIxMABicmlkETFsYm1aNXgxWHQ0MlJDcEE4AR7gDFMHGacW2FGMm7kj1ozK7d0oQMQBtGMFjN4wY5CEsdgJTTEUTuqmOyjMug_aem_dHffVLNAZ9F_IPzsOZs0DA

Охрид | пред 11 месец

ohrid-markica

Свикана педесет и шестата седница на Советот на општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ПЕДЕСЕТ И ШЕСТАТА СЕДНИЦАНА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИДЈА СВИКУВАМ педесет и шестата седница на Советот на општина Охрид на ден 30.04.2025 година ( среда ) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.За седницата го предлагам следниот:Д Н Е В Е Н   Р Е ДУсвојување на Записникот од 54-та седница иЗаписникот од 55-та вонредна седницаПредлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Југозападниот плански регион за 2024 година.Предлог-одлука за прифаќање донација на помагала за деца со посебни потреби на територијата на општина Охрид.Предлог-одлука за пренесување на правото на користење на помагала за деца со посебни потреби, од општина Охрид на Здружението за воспитно-образовна психо-социјална поддршка ВОПС Охрид за децата со посебни потреби.Предлог-одлука за прифаќање донација за изградба на ново спортско фудбалско игралиште.Предлог-одлука за отстапување на користење котел за нафта со горилник-термоген на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид.Предлог-одлука за отстапување на користење специјално товарно противпожарно возило на Доброволно противпжарно друштво „ЕНТУЗИЈАСТ Охрид – Дебрца“.Предлог-одлука за давање на времено користење монтажен објект (урбана опрема) со пропратни елементи на ЈП„Билјанини Извори“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Физибилити студијата за избор на најповолен модел за поставување на фотоволтаични централи на општински објекти на подрачјето на општина Охрид и отпочнување постапка за изработка на Физибилити студија за воспоставување јавно приватно партнерство.Предлог-одлука за изработка на дигитални алатки за туристичка промоција на Охрид.Предлог-одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште на Кп.бр.9795/1, Кп.бр.9796/1, Кп.бр.9822/1 и Кп.бр.9822/2 сите во КО Охрид 2 и одземање на корисничко право на Кп.бр.9794/2 КО Охрид 2.Предлог-одлука за донесувaње детален урбанистички план за УЗ 6, дел од УБ 6.1 – опфат 2, Oпштина Oхрид, плански период 2019-2029.Предлог-одлука за донесувaње детален урбанистички план во УЗ 12, УБ 12.3 – опфат 2, Oпштина Oхрид, плански период 2022-2027.Предлог-програма во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2025 година.Предлог-одлука за донесување Урбанистички проект со план за парцелација за промена на границите на соседни градежни парцели ГП 2.3.41, со основна класа на намена А2-домување во згради и ГП 2.3.42, со основна класа на намена А1-домување во куќи, на повеќе катастарски парцели во КО Охрид 3, во ДУП за УЗ 2, Блок 2.3, опфат 2, Охрид, Општина Охрид.Предлог-одлука за донесување Урбанистички проект со план за парцелација за градежна парцела ГП 12.1.87, ГП 12.1.88, ГП 12.1.95, ГП 12.1.96 и ГП 12.1.97 формирани во ДУП за УЗ 12, Блок 12.1, КО Охрид, Општина Охрид.Предлог-одлука за донесување Урбанистички проект со план за парцелација за градежна парцела ГП 12.42, ГП 12.1.43 и ГП 12.1.44 од ДУП за УЗ 12, УБ 12.1, Општина Охрид.Предлог-одлука за измена и дополнување на одлуката за донесување на урбанистички проект со план за парцелација за ГП 1 и ГП 3 формирани во план за реализација на 4-та станбена единица – општина Охрид.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.108 КО Охрид 4, објект 1 и објект 2.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.904 КО Сирула, објект 1.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.941 КО Косел, објект 1, објект 2 и објект 3.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.970/1 КО Оровник, објект 2.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1114/4 КО Оровник, објект 1.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1229 КО Лескоец, објект 1 и објект 2.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1271 КО Куратица, објект 1.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1548 и КП.бр.1576 КО Куратица, објект 1.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.874/1 и КП.бр.874/7 КО Љубаништа, објект 1.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1657 КО Лескоец, објект 1 и објект 2.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.535/1 КО Охрид 4, објект 1.  ОПШТИНА ОХРИДЛОКАЛНА САМОУПРАВАБрој 08-6525/123.04.2025 год.О х р и д

ОО | пред 11 месец

IMG_0957

Охрид го чествува ликот и делото на Христо Узунов

Во чест на Јубилејот: 120 години од хероската погибија на Христо Узунов, Општина Охрид, денеска организираше Свечена академија во спомен куќата на големиот охридски војвода и револуционер.Пред бројните присутни, свој пригоден говор имаше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.– Насочени кон иднината, бескрајно горди на минатото, благодарни за саможртвата за слободна Македонија, денес со оваа свеченост одбележуваме 120 години од смртта на Христо Узунов.Ценети присутни, почитувачи на неговиот живот и дело, дами и господаОваа исклучителна личност од македонската историја, учител, револуционер, војвода, организатор на македонската борба за слобода и бескомпромисен борец за татковината не прави особено горди и среќни што сме негови потомци охриѓани и Македонци.И повеќе од очигледно благословот што големиот Григор Прличев му го изрекол на третиот ден по раѓањето „На планина знаме да развеваш! Македонија од ропство ти да ја ослободиш!“, станал реалност. Затоа што Узунов од млади години задоен во патриотски дух се вложувал себе си за татковината при тоа не давајќи и можност на својата младост да остари. „Во името на моите свети чувства кон тебе – те молам немој да се грижиш, ниту да плачеш за мене. Ќе се чувствувам најзадоволен ако ти со твоето поведение бидеш пример за другите мајки“, и пишувал младиот Христо на својата мајка кога морал да ја одлежи во затвор смртта на српски големец. А тој настан бил само еден од редот на маченичките случувања што овој великан морал да ги проголта за ние денес да живееме во своја МАКЕДОНИЈА. Токму затоа неговиот лик во македонската колективна меморија ќе остане запаметен по неповторливата саможртва како и чистината и искреноста со која му пристапил на својот свет долг кон татковината.Почитувани,Непоколебливата одлучност да се жртвува животот за добро на татковината ги надминува границите на просечноста и го воздигнуваат неговиот лик на небото на општочовечкиот копнеж и општочовечката борба за слобода. Тој е симбол за македонскиот опстој и непокор, пример за највозвишен хероизам и саможртва, синоним за стоицизам на човек, кого не го поколебаа ни најужасните искушенија и не го згаснаа кај него исконскиот револт кон неправдата која му се нанесуваше на македонскиот народ, тој е синоним за човечкиот отпор, за доблесноста, човечноста, за одлучноста да се истрае во борбата за идеалите, да не се потклекне и да се истрае се до последниот здив во вербата и борбата за слободна МакедонијаЦенети присутниВаквите личности од македонската историја се вистински столбови на македонскиот нескршлив дух, на македонскиот иднтитет и на македонскиот национален и културен опстој. Всушност, тие се глогов кол во срцето на бескрупулозните пропаганди на соседните држави во обидите да го негираат, да го потиснат и уништат мекедонското неколкуилјадно национално, историско и културно живеење на овој простор. А ние како нивни следбеници се заветуваме дека нема да го погазиме и промениме она што како наследство сме го добиле од нив, нашата прекрасна татковина Македонија и нашиот единствен македонски јазик.Тука во неговата родна куќа длабоко се поклонуваме во чест на името и делото на големиот Христо Узунов, еден од неколкумината храбри војводи кој несебично го жртвуваше својот живот за слободна Македонија. Слава му!, истакна Пецаков.Во рамки на Свечената академија се одржа промоција на драмскиот текст: „Света саможртва за Македонија“ од авторот Зоран Пејкоски. Промотори на книгата беа проф.д-р Димитар Пандев и проф.д-р Наташа Котлар.Свечениот настан беше збогатен со културно – уметнички настапи на Охридскиот градски хор „Вокс Лихнидос“, под диригентската палка на маестро Бурим Хидри, солистот Ѓоко Чеменкоски како и учениците од ООУ „Ванчо Николески“ под менторство на професорката Емилија Блажеска.Свечената програма по повод големиот јубилеј посветен на Христо Узунов, продлжува вечерва со Патрониот празник на ООУ „Христо Узунов“ во 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.Чествувањата за Узунов продолжуваат и утре со полагање на свежо цвеќе пред неговото спомен-обележје во градскиот парк и Панихида и полагање цвеќе на местото на неговата херојска погибија во селото Цер.

Охрид | пред 11 месец

Screenshot-2024-11-24-at-12.48.50

Николоски: Го завршуваме патот од Охрид кон Св. Наум. Граѓаните и туристите добиваат безбеден патен правец и поквалитетна туристичка понуда

„Ве информираме дека во завршна фаза е рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид – Св. Наум во должина од 24,3 километри.Инвестиционата вредност за рехабилитација на овој патен правец е 11,6 милиони евра, средства обезбедени од буџет на ЈП за државни патишта“, вели министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и додава:Со рехабилитација на оваа главна туристичка сообраќајна делница, ја подигнуваме безбедноста во сообраќајот и обезбедуваме квалитетна патна врска од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум. Исто така овој магистрален пат има регионално значење бидејќи претставува патна врска со Република Албанија. До сега, со завршен асфалт комлетно е асфалтиран потегот од граничниот премин на Р. Албанија до Пештани во должина од 19 километри.Заради зголемување на безбедноста во сообраќајот како и прегледност на патот се изврши растеретување на косини од нестабилен карпест материјал, завршено е со монтажа на заштитна челична мрежа на косините, а исто така на дел на патот поставена е заштитна ограда. Согласно договорниот рок, се очекува патот комплетно да биде завршен до крајот на месец јуни пред почетокот на летната сезона. Oстанува да се доасфалтираат уште околу 5 км од излезот на Пештани до хотелот Метропол, да се постави заштитна ограда како и хоризонтална и вертикална сигнализација.Со реализација на овој проект покрај подобрување на патната мрежа во охридскиот регион го подигнуваме квалитетот на туристичкиот потенцијал и го потикнувме економскиот развој на Охрид.

Охрид | пред 11 месец

491326138_1149572480303907_2663901183867039149_n

(Галерија) Охрид се подготвува за велигденските празници

Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ започна со уредувањето на зелените површини.„Пролетта е годишно време кога парковите зрачат со својата убавина и впечатливи бои. Природата се буди, семињата никнуваат, тревата ја добива онаа впечатлива зелена боја, цвеќињата цветаат во своето изобилство од бои, а дрвјата полека, но сигурно ја кројат својата крошна. Нашите екипи на терен на многу локации за хортикултурно средување на зелените површини: се косат тревниците, се садат нови дрвја во градски парк и ул.,,7-ми Ноември", се спроведуваат припремени активности за садење на трева на ул.,,7-ми Ноември", хортикултурно одржување кај црквата Св. Никола во с.Љубаништа и околу детското игралиште во с. Рача“, стои во објавата.Во текот на велигденските празници, се очекува градот да биде полн.

Охрид | пред 11 месец

Screenshot-2025-04-08-at-11.49.57

(Видео) Во Охрид кампања за правилно селектирање на отпад, спроведена од Општината, ЈП „Охридски комуналец“, Министерството за животна средина

„Да ја заштитиме сите заедно животната средина“, апелира ЈП „Охридски Комуналец-Охрид“ и додава:„Министерството за животна средина изготви промотивни видеа за заштита на животната средина и начин на рециклирање на комунален отпад, а во соработка со општина Охрид и Ј.П.,,Охридски Комуналец”. Го споделуваме видеото за правилно селектирање на комуналниот отпад зошто тоа е првиот чекор кој треба да го направиме ПОЗИТИВНАТА ПРОМЕНА ЗАПОЧНУВА ОД ТЕБЕ: Правилно селектирање на комуналниот отпад“.

Охрид | пред 11 месец

pecakov

Пецаков до СДСМ Охрид: Излезете и признаете дека локациите каде во моментов се гради, се од вашите ДУП-ови

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, упати критика кон СДСМ Охрид кои го критикуваат дека во градот и натаму се гради, како и дека тој не го става под контрола, урбанистичкото планирање.„Не е ни чудно што елементарната правна неписменост доаѓа од партијата која за свои лични интереси и интересите на нивните бизнис партнери штанцаше урбанистички планови по нарачка. Ставање ред во урбанистичко планирање значи сосема спротивното од она што вие го работевте, односно престанок со штанцање на урбанистички планови со кои го девастиравте Охрид. За сликата да биде појасна и целосна, треба да сте доблесни, како што не сте, да излезете пред граѓаните и да си признаете дека сите локации каде во моментов се гради, се дел од урбанистичките планови кои вашите раководства на Општина Охрид, ги изработиле и одобриле. Исто така граѓаните треба да знаат дека од моето доаѓање на местото градоначалник до овој момент се донесени само два урбанистички планови од кои еден се однесува на индустриска зона Лескоец.Почитувани господа од СДСМ, кабаетот за девастацијата на Охрид е ваш, како што е ваш и за оттуѓувањата на државни земјишта за да им угодите на бизнис партнерите, за кои локации сега морализирате и се обидувате да се исперете од нечистотиите во минатото. Општина Охрид под мое раководсво ќе продолжи да се бори против вашите штетни одлуки од минатото за Охрид во интерес на граѓаните. Обидите за манипулација на јавноста за ситни политички поени се препознани од граѓаните. Вие сте веќе прочитана книга. П.С. За сите слики кои беа предмет на објава на СДСМ „reels“ партијата, го повикувам претседателот на СДСМ Охрид, Асен Шајн, на кој сака медиум во кој и да било ден и час, да поразговараме со факти за оваа тема, но и за било која друга тема која е во интерес на јавноста, а се однесува на Општина Охрид“, напиша Пецаков.

Охрид | пред 11 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-26-0650PM

Уапсен охриѓанец поради изнуда: Држел човек под закана, го нападнал и барал да му го препише возилото и да добие вработување

На 01.04.2025 полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода А.И. од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од страна на маж од Охрид, заради постоење сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ (чл. 140 ст.1 од КЗ) и „изнуда“ (чл.258, ст.1 од КЗ).Според пријавителот, инаку во роднинска врска со пријавениот, на 31.03. 2025 околу 21 часот А.И. дошол во домот на пријавителот и со пиштол, под закана го држел и физички го нападнал, барајќи од него да му препише во сопственост патничко возило и да добие вработување во фирмата на пријавителот. При тоа, консумирал и бела прашкаста материја.Откако пријавителот ветил дека ќе ги исполни барањата на А.И., заедно се упатиле кон фирмата на пријавителот, при што тој успеал да побегне и случајот го пријавил во полиција.А.И. е лишен од слобода, а бил извршен и претрес во стан и други простории кои тој ги користи, при што се пронајдени пиштол, кеси со семки од канабис, остатоци од канабис, една дробилка. предмети со остатоци од бела прашкаста материја и другоВо целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Охрид | пред 11 месец

Victorija-pop-Stefanija

Објавена книгата „Охридска урбана иконографија“ од Викторија Поп Стефанија чиј издавач е градоначалникот Кирил Пецаков и Општина Охрид.

Деновиве од печат постхумно беше објавена книгата „Охридска урбана иконографија“ од Викторија Поп Стефанија чиј издавач е градоначалникот Кирил Пецаков и Општина Охрид.Најновиот туд на Поп Стефанија го потврдува континуитетот на нејзиното истражувачко љубопитство во доменот на архитектонскиот дискурс и се надоврзува на нејзините претходни книги „Обликот на храмот“ и „Логосот на архитектурата“.Книгата е објавена во тираж од 150 примероци. Содржината напишана на околу 200 страници и е поделена во неколку поглавја во кои се следи историската хронологија и периодизација на Охрид како „богоодбран топос“.Главен и одговорен уредник е Митре Велјаноски, рецизент е Елизабета Шелева, јазичната редакција е на Даниела Угриноска, а техничкото уредување на Дамјан Поп Стефанија.Викторија Поп Стефанија беше еминентна авторка, инженер- архитектка и публицистка од областа на теоријата на историјата на архитектурата. Таа е бележит национален архитект со творечки опус од околу 300 проекти и студии. Нејзини креации се хотел „Метропол“, реконструкцијата на „Рибниот Ресторан„ во Охрид, хотелот „Молика“ на Пелистер. Таа е творец на автентични просторни креации за воздигнување на храмовите: Св. Димитриј Солунски, Св. Григориј Палама во Струмица, Св. Прохор Пчински во Мелбурн – Австралија, Св. Богородица во Демир Хисар.Добитник е на бројни награди и признанија и е автор на многубројни стучни публикации.Викторија Поп – Стефанија почина неодамна во Охрид.

Охрид | пред 11 месец

ohrid-markica

ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ, УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТИ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН СО НАМЕНА Г2.1 – ЛЕСНА ГРАДЕЖНА ИНДУСТРИЈА СО ПРОИЗВОДСТВО НА ГРАДЕЖНИ ЕЛЕМЕНТИ И...

Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 99/18, 89/22 и 171/22 ), Општина Охрид, на ден 28.03.2025 година, донесеhttps://ohrid.gov.mk/%d0%be%d0%b4%d0%bb%d1%83%d0%ba%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b2%d0%b5%d0%b4%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%b5%d0%b3%d0%b8%d1%81%d0%ba-22/?fbclid=IwY2xjawJZzblleHRuA2FlbQIxMQABHRg97y_cGc6OO84PtaHgMa0HEhOV75Exex1qYhjc07wIsZb5iumHyjg0Lw_aem_qNdtK8xj_nD_ExD3Sfex2w

ОО | пред 11 месец

Screenshot-2025-04-01-at-16.09.31

(Видео) Од Врбјани до Охрид ќе се вози по новиот автопат, ако пратениците донесат измени на Законот кој овозможува вклопување на објектите по трасата

Пратеникот Сашо Донев, образложи зошто Законот за реализација на инфраструклтирни проекти за изградба на патна делница Миладиновци - Штип и патна делница Кичево - Охрид треба да биде донесен од Собранието.„Она што го ветувавме како Влада, дека делницата од Охрид до Врбјани ќе стане реалност, ќе се асфалтира и ќе може да се користи до започнување на туристичката сезона во Охрид е реалност. И се надевам дека со ова законско решение ќе може, тие објекти по трасата од Охрид до Кичево да бидат вклопени, за да може да се доизгради автопатот. Најважно за граѓаните на Охрид и Струга, е дека ќе може делот од аеродромот до Охрид ќе може да се пушти и ќе ги нема тие гужви кога ќе почне туристичката сезона“, рече Донев.Со измените се овозможува приклучување на придружни и услужни објекти кои се наоѓаат на самата делница, делови на трасата да бидат пуштени во употреба до почеток на летото.„Нашето ветување за пуштање на автопатот во употреба од Охрид до Врбјани станува реалност“, посочи тој.

Охрид | пред 11 месец

Pecakov

ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ЗА РАМАЗАН БАЈРАМ

„Упатувам честитки до сите мои сограѓани од муслиманска вероисповед по повод големиот верски празник Рамазан Бајрам.– Посакувам празнувањето да ви мине во добро здравје, душевен мир , радост во срцата, љубов и семејна хармонија. Вашите домови нека се исполнат со човечка топлина и среќа, а секоја грижа и тага да стане минато. Со своите ближни да ги почуствувате сите радости на овој голем ден и деновите од големиот пост што претходеа. Месецот Рамазан е месец на добронамерност и солидарност кој поттикнува добри дела водени од љубовта кон Бога.Во нашето мултиетничко и мултикултурно општество секогаш се негувале вековитите традиции и големите верски празнувања. Со вас празнуваат и нашите срца и души. Уште многу години сложно и задно да се радуваме на вакви големи денови.Bajram Serif Mubarek Olsun“, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

ОО | пред 11 месец

struga-divogradbi-6

Стружанец градел на државно земјиште, узурпирал дел од Охридското Езеро - си доби кривична

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(51) од Струга поради постоење основи на соменение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.Во текот на 2024 и 2025 година во Струга, пријавениот, во својство на инвеститор, на државно земјиште прогласено за „Заштитено подрачје - Споменик на природата Охридско Езеро“ узурпирал дел од Охридското Езеро со цел да го заземе во владение, при што изградил потпорен ѕид од тврд материјал и без соодветно одобрение од надлежен орган“, велат од МВР.

Охрид | пред 11 месец

ohrid

Се уредуваат парковите во Охрид

Преглед од активностите на Паркови и зеленило во овие пролетни променливи временски услови„Пролетно разубавување со декоративен камен на хортикултурните содржини во градски парк и уредување на тунелот со цвеќе од видот виола (очиња) на градскиот плоштад. Во склоп на Расадникот се интензивираат активностите за подготовка на нов расад за летна цветна реколта. Се реализираат активности за косење на повеќе локации: ул.,,Булевар Туристичка" и детско игралиште, градски парк, парковска содржина на ул.,,Јане Сандански", ул.,,Сирма Војвода" и околу детското игралиште на оваа улица, ул., 7-ми Ноември", како и одстранување ниска вегетација вдолж ул.,,Булевар Туристичка"“, напишаа од Ј.П. ,,Охридски Комуналец" - Охрид.

Охрид | пред 1 година

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Со обсмислена стратегија успеваме охридскиот аеродром да го развиваме. Денеска ја воспоставуваме новата и најважна линија Охрид-Истанбул со која Охрид преку Истанбул ќе го поврземе со цела Европа и светот, истака вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на воведувањето на новата авиолинија Охрид-Истанбул.Во прилог интегралната изјава на вицепремиерот Николоски“ Ова е комплетно нова димензија за охридскиот аеродром и целосно нов развој на охридскиот аеродром затоа што најголемата светска авиокомпанија Туркиш ерлајнс воведува директна линија, четири пати неделно со најголеиот аеродром во Европа, аеродромот во Истанбул, што многу ќе значи за бројот на патници и не само за туризмот туку и редовното патување, затоа што аеродрмот во Истанбул е со најмногу конектинг летови во Европа. Веќе познавам луѓе кои имаат купено карти од Торонто за Охрид или од Вашингтон за Охрид затоа што преку Истанбул со конектинг летови ќе можат да додјат во Охрид што драстично ќе го зголеми бројот на патници и тоа ќе помогне да се развива тузимот, бизнисот, комуникациите, што е комплетна нова диманзија за охридскиот аеродром.Ова е резултат на обмислена стратегија, стратегија на субвенционирање што ја водиме откако бевме избрани. Го променивме целосно моделот на субвенционирање, за охридскиот аеродром од претходно 4,5 евра зголемивме на 12 евра по патник. И наместо за заминување, плаќаме за доаѓање затоа што целта е да даѓаат луѓето тука, ги променивме и другите услови и тоа го даваат резултатот. Веќе имаме две нови дестинации до Охрид, тоа е Истанбул и Базел, имаме нови осум дестинации од Скопје. Но од сите 10 дестинации за мене најважна е Истанбул бидејќи отвора нова врата за охридскиот аеродром и за целиот регион. Во преговори сме и тие преговори за брзо време треба да завршат со една голема компанија која што очекувам да донесе две до три нови дестинации и на тој начин да расте бројот на дестинации на охридскиот аеродром.Мене ми е целта во рок од две години да имаме најмалку десет нови дестинации од Охрид, што целосно ќе го трансформирам туризмот во Охрид, бизнисот и комуникациите и тоа што е особено важно, оние чартери кои што почнаа на Флајбирд во следната година наместо еден да се два дневно и да слетуваат во Охрид наместо во Скопје. И пуштањето на автопататот на тие 40 -тина километри од Врбјани до Охрид секако многу ќе значи за охридскиот аеродром”, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Македонија | пред 1 година

pecakov

Охриѓани од буџетот донираат 1 милион денари за семејствата на настраданите и повредените во Кочани

„Советот на Општина Охрид на денешната 55-та вонредна седница донесе одлука за одобрување на финансиска помош во износ од 1.000.000 денари за семејствата на настраданите и повредените лица во пожарот во Кочани од 16.03.2025 година“, објави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и додаде:„Општина Охрид ќе ја упати финансиската помош на сметката за солидарна помош при Црвениот крст на Македонија. Финансиските средства ќе бидат исплатени од Буџетот на Општина Охрид. Уште еднаш во мое лично име и во името на охриѓани упатувам најдлабоко сочувство до семејстата на настраданите, а на повредните им посакувам побрзо оздравување. Да бидеме сплотени и солидарни и заедно да ги надминеме последиците од оваа голема трагедија“.

Охрид | пред 1 година

IMG-3b803133653b045cf275de59d781aa1a-V

Со цел да се обезбедат подобри услови за згрижување на дечињата во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ деновиве е набавена нова опрема за занималните

Со цел да се обезбедат подобри услови за згрижување на дечињата во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ деновиве е набавена нова опрема за занималните.Опремата се состои од 37 детски масички од буково дрво за деца од 2 до 6 години, 100 детски дрвени, анатомски столчиња за деца и 95 детски душеци од 100% памучен материјал.Во текот на оваа година ќе бидат реализирани низа проекти за поставување на нови фасади на неколку објекти од градинката, нови подови, реконструкција на внатрешни ѕидови и набавка на нова опрема.https://ohrid.gov.mk/%d0%bd%d0%b0%d0%b1%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d0%b0-%d0%b5-%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b0-%d0%be%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%bc%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%b7%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d0%bc%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5/?fbclid=IwY2xjawJPnQlleHRuA2FlbQIxMQABHeEWGKG8-YoifIWi_-HpHWuXuyR7UB_k-p-NBGRaz9Dr7pIbiqyisDAftQ_aem_5bBSlzWQGGx6Dh7S1hkK-A

Охрид | пред 1 година

ikona-ohrid

РАНГ ЛИСТА НА ДОБИТНИЦИ НА СТИПЕНДИИ ЗА УЧЕНИЦИ И СТУДЕНТИ ЗА УЧЕБНАТА 2024/2025 ГОДИНА

По претходно распишан Јавен повик за доделување на ученички, студентски стипендии како и стипендии за лица запишани на магистерски и докторски студии на државните и приватните училишта и универзитети во република македонија а се однесуваат на лица со ретки болести и посебни потреби во општина охрид за учебната 2024/2025 година, Општина Охрид ги објавува ранг листите на добитници на стипендии наменети за овие категории.https://ohrid.gov.mk/%d1%80%d0%b0%d0%bd%d0%b3-%d0%bb%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%b1%d0%b8%d1%82%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b8%d0%b8-%d0%b7/?fbclid=IwY2xjawJPnQhleHRuA2FlbQIxMQABHRH6UMuIuAe9w1Z5lSUNPYP03_FH_ixHoumad375M6U-g91UYqNIOR0nvw_aem_F0sm-5UstGWRZMe-s3UwRw

ОО | пред 1 година

ikona-ohrid

РЕШЕНИЈА ЗА ЈАВЕНИОТ ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ

Општина Охрид врши обезбедување на правото на остварување на социјална заштита на граѓаните, од средствата на Буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици и ги донесе следните:https://ohrid.gov.mk/%d1%80%d0%b5%d1%88%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%bd%d0%b5%d1%81%d1%83/?fbclid=IwY2xjawJPnQhleHRuA2FlbQIxMQABHaJAWEDfIotgfFOb8F5mLiPDfbZJyrfpfgBG0PRO35AWDNcRnJ-ntdWKNA_aem_-nANkKxcOEAeUPzw0Tnkaw

ОО | пред 1 година

ohrid-izvestuvanje

Известување од Општина Охрид

Сите приватни станоиздавачи- даватели на угостителски услуги во куќи, апартмани и соби за одмор да ја проверат важноста на Решенијата  за вршење дејност издадени од Одделението за туризам при Општина Охрид.  Издадените решенија  имаат важност од 3 години и  доколку на истите им истекол рокот  станоиздавачите треба да поднесат барање за продолжување на Решението.Воедно се известуваат сите станоиздавачи дека доколку започнале дејност без потребните документи ќе се соочат со  казни. Општинските Овластени инспектори по туризам и угостителство ќе спроведуваат  зачестени контроли и ќе се постапува согласно прекршочните одредби од Законот за Угостителска дејност.

ОО | пред 1 година

ikona-ohrid

ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА ЛИНИСКА ИНФРАСТРУКТУРА- ПРИСТАПЕН ПАТ НИЗ КП 1 И КП 80/51, КО ДОЛНО...

Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15,  129/15, 39/16 ,  99/18, 89/22 и 171/22 ), Општина Охрид,  на ден 06.03.2025 година,  донесе:https://ohrid.gov.mk/%d0%be%d0%b4%d0%bb%d1%83%d0%ba%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b2%d0%b5%d0%b4%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%b5%d0%b3%d0%b8%d1%81%d0%ba-2-2/?fbclid=IwY2xjawJPnCtleHRuA2FlbQIxMQABHZR4FSJkN-X3XD9I0KXgH7TOI7Q4DcAQAQjyEHd9dIZAT7zuHq7B1JQj6A_aem_ZJEx15EpVpQ1N2wu7WgWUA

ОО | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања