Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ПУЛС

Screenshot-2024-06-19-at-21.28.32-2048x1040-1

Цаневска: Бројот на жртви се зголемува, тешко повредени, врисоци, барање здив - да не ја валкаме нивната солза!

„Бројот на жртви се зголемува, тешко повредени, врисоци, барање здив и спас од дискотеката на смртта во Кочани“, напиша новинарката Катерина Цаневска и додаде:Семејствата и блиските обвиени во црнина и болка, тагува Кочани, тагува Македонија. Но, ова не е време за ќарување политички поени и обвинувања во чие време повеќе луѓе погинале, кој како и што градел.Да ги оставиме семејствата да ги исплачат и достоинствено да си ги испратат саканите, да не ја валкаме нивната солза.Потоа надлежните да испитаат и да одговараат виновните за да не ни се повтори. Бевте што бевте и тие што треба и тие што не треба во Кочани, сега назад каде што ви е место.Да дозволиме ова да бидат денови на тагување а не партиска гладијаторска борба“.

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-13.13.02

Струмица се простува од сограѓанинот Ѓорѓи, тапанар на ДНК, кој загина во дискотеката во Кочани

Младиот талентиран музичар Ѓорѓи Горѓиев од Струмица, кој се истакнуваше со својот музички талент, го загуби животот во трагичниот пожар што избувна во градот Кочани.„Ах бре убаво дете, сите списоци сите болници баравме за да те најдеме, само да ни кажат дека си тука… Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната загуба на нашиот сограѓанин, Горги Горгиев, кој го загуби својот живот во страшниот пожар во Кочани. Струмица загуби талентиран музичар, пријател и човек со големо срце, кој преку својата музика ширеше радост и емоции. Во овие тешки моменти, моите мисли и молитви се со неговото семејство, најблиските и сите кои го познаваа и сакаа. Нека почива во мир, а неговата музика и споменот за него вечно да живеат во нашите срца“, објави струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов.Досега, 59 лица загинаа, над 150 лица се повредени.Од Горѓиев се прости и неговиот брат:[caption id="attachment_324371" align="alignnone" width="625"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 1 година

kocani-62346

(Видео) Повеќето пациенти починале поради стампедото при евакуација од дискотеката, откри директорката на кочанската болница

Ноќеска во 02:48 часот, кочанската болница го добила првиот повик. За 30 минути биле мобилизирани сите медицински лица и почнале да се носат пациенти.„Пациентите беа на возраст од 16 години до 24 годишна возраст. Најмногу имаше со изгореници и интоксикација на јаглероден моноксид. Потоа, пациенти беа препраќани во Штип. Пациентите беа пренесени во најкус можен период, по тријажата, станува збор за повреда со ентоксикација и изгореници. Тие кои беа со помали изгореници беа задржани во кочанската болница“, рече Кристина Серафимова директорка на општата болница во Кочани.Таа додаде: „Повеќето пациенти имаа повреди од стампедо, особено пациентите кои се починати. Починаа од стампедото кое било направено, при паниката, паничниот напад. Започнале да излегуваат низ влезот, каде не собирало да поминат 1500 лица“, додаде Серафимова.Таа рече дека имало пацинети од Скопје, Штип, Пробиштип, Кочани.

Македонија | пред 1 година

483939845_18493349716053757_994084415028310171_n

Седум дена жалост во Македонија

По големата трагедија во Кочани, Владата на Македонија ќе прогласи седумдневна жалост. Во 16 часот ќе заседава ВладатаДосега, има 59 жртви, а над 150 лица се повредени. 18 лица се во критична состојба, меѓу кои има малолетници.Полицијата и Обвинителството спроведуваат истрага, како за организаторите и сопствениците, така и за институциите кои издале лиценца за објектот да работи како дискотека.

Македонија | пред 1 година

skovski

(Видео) Четири лица се бараат со потерница, десетина повредени раскажале што се случило во дискотеката

Четири лица се бараат со потерница, а кои се поврзуваат со дискотеката „Пулс“ во која загинаа 59 лица. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, рече дека се анализра сѐ, како во делот на градежно-техничка документација, како за предуслови за ставање во функција на таков објект, како во делот на лиценци, постапувањето додека траел настанот, обезбедувањето.„Извршени се разговори со над десет лица хоспитализирани во скопските болници. Извршен е разговор и со еден од членовите на бендот ДНК. Распишана е потерница за 4 лица. Во овој момент се постапува и во Министерството за економија, од каде се обезбедува документација поврзана со предметната дискотека како и лица поврзана со истата“, рече Тошковски.

Македонија | пред 1 година

srbija-makedonija

Во Србија 18 март ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Сочувство и помош од сите страни поради трагедијата во Кочани, каде според досегашните информации загинаа 59 лица.Владата на Србија на својата утрешна седница, според најавите ќе го прогласи 18 март за ден на жалост во целата земја поради трагедијата во Кочани.„Со голема тага ја примив веста за страшната трагедија што ја погоди Северна Македонија. Им изразувам најдлабоко сочувство на семејствата на настраданите во пожарот и солидарност со народот на Северна Македонија во овие тешки моменти“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.Освен Србија, сочувство изразија и Бугарија и Грција и понудија да испратат медицинска помош во Македонија.Украинскиот претседател Володомир Зеленски, албанскиот претседател Бајрам Бегај, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, косовскиот премиер Албин Курти, се дел од државниците од Европа кои изразија сочувство до семејствата на загинатите и до македонскиот народ по трагедијата во Кочани.Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас изрази „длабоко жалење“ поради трагедијата во Кочани.

Македонија | пред 1 година

kocani

(Видео) Се искачи бројот: 59 загинати во дискотеката „Пулс“, меѓу нив и полицаец на должност

„Починати се 59 лица, а 39 се идентификувани. Животот го загубил и полициски службеник, од Пробиштип, кој постапувал при претходно изготвен план за контрола објекти“, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.Четири жртви се од Штип, 31 се од Кочани. Повредени се 155 лица, истите се наоѓаат низ повеќе болници низ државата.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-10.15.36

Кој дозволил дискотека во трошен објект во поранешен магацин за теписони?

Објектот во кој работела дискотеката „Пулс” во Кочани, во кој според досегашните информации има 51 загинато лице, ги нема основните услови за работа.Дискотеката работи веќе 12 години, бил стара градба и несоодветна за дејноста.Овој објект бил магацин за теписони, но од општината добил дозвола да ја врши дејноста и да функционира дискотеката.Од општината не даваат информации кој и под кои услови ја продолжувал дозволата за работа и дали биле вршени инспекции.Сменети се неколку сопственици , а сегашниот секогаш бил дел од сопственичката структура на дискотеката.Сопственикот на дискотеката е веќе приведен.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-06.46.55

Адвокатот Оленик: Државата изврши тешко злосторство врз своите граѓани, ги повикувам заедно да ја тужат Србија

Бројот на повредени граѓани вчера во Белград, откако најверојатно звучен топ беше употребен против мирните демонстранти за време на 15-минутното молчење и оддавањето почит на жртвите од падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад се зголемува од час во час, според адвокатот Александар Оленик, од правниот тим на Лигата на социјалдемократите на Војводина (ЛСВ), кои побараа правна помош од неговата канцеларија.Според адвокатот Александар Оленик, во понеделник ќе бидат поднесени првите тужби против државата Србија и одговорните за употреба на забрането оружје против мирните демонстранти.Според него, тоа е тешко кривично дело бидејќи против граѓаните кои мирно протестирале е употребено нелегално оружје.,,Сите граѓани кои беа изложени на ударот на звучниот топ во улица Крал Милан, а чувствуваат гадење, главоболка, повраќање и се дезориентирани, веднаш да се јават на лекар и да побараат стручна помош. Овие симптоми се резултат на звучниот топ и може да бидат опасни доколку не се лекуваат. Проблемот е што многу луѓе не ни знаат што всушност им се случило”, вели Оленик.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-10.37.22-1

Во четири билници се 18 критични пациенти: објавени телефонските броеви за информации за повредените

ИНТЕГРАЛНО ЦЕЛО СООПШТЕНИЕ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО:Со длабоко сочувство кон семејствата и блиските на сите засегнати од трагедијата во Кочани, Министерството за здравство изразува солидарност и поддршка во овие тешки моменти.Веднаш по несреќата, здравствениот систем беше целосно мобилизиран, а сите болнички капацитети се ставени во функција за да се обезбеди најдобра можна грижа за повредените. Во моментов, 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош.Распределба на хоспитализираните пациенти:Детска хирургија – 4Клиника за пластична хирургија – 11Клиничка болница Штип – 45Општа болница Кочани – 30Св. Наум Охридски – 298 Септември – 17КАРИЛ – 16Од вкупниот број хоспитализирани, 18 пациенти се во критична состојба:Детска хирургија – 3КАРИЛ – 7Градска општа болница – 5Стара Градска – 3Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со здравствените институции, внимателно ја следи состојбата и останува во континуирана комуникација со болниците за да се обезбеди навремена и соодветна медицинска нега.Министерството за здравство ја уверува јавноста дека сите расположливи ресурси се ставени во функција и дека ниту еден пациент не е оставен без неопходна грижа. Наш приоритет останува спасувањето животи и обезбедувањето најдобри можни услови за закрепнување на повредените.Изразуваме благодарност до сите опшествено-одговорни граѓани и субјекти кои помагаат во овие тешки моменти и доброволно понудија помош.Телефон за дополнителни информации за состојба на пациентите:ГОБ 8 Септември - 071226764Клинички центар- 070387115СВ Наум Охридски - 075203026КБ Штип - 076308307

Македонија | пред 1 година

6dc05d3d-02fe-44c6-b24d-09795dc4e97f

Трагедијата во Кочани на насловните страници во светските медиуми

Регионалните и светски медиуми јавуваат за страшната трагедија во дискотека во Кочани.Еве што пишува BBC;Најмалку 51 лице загина, а повеќе од 100 се повредени во пожар во ноќен клуб во Северна Македонија, соопштија властите.Се вели дека пожарот започнал околу 02:30 часот (01:30 по Гринич) во клубот Пулс во Кочани, град на околу 100 километри (60 милји) источно од главниот град Скопје.Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат дека зградата е зафатена од пламен.Се вели дека околу 1.500 лица присуствувале на концертот на групата ДНК, хип-хоп дуо популарно во земјата.BBC ги цитира информациите и ставовите од официјалните лица.  

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-11.16.03

Не може да се потврди колку лица биле во клубот, рече обвинителот Коцевски и најави темелна истрага

Пет јавни обвинители работат на терен и преземаат мерки за да се утврди што точно се случило во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 51 лица, а најмладото лице има 14 години. Државниот обвинител, Љупчо Коцевски не знаеше да одговори што била причината за пожарот, колку гости загинале, колку се спасиле.„Да, во моментов ништо не можеме да ви кажеме, работат 5 јавни обвинители, целиот капацитет е спремен. Не може да потврди колку луѓе имало во дискотеката. Првични сознанија ќе има кога ќе заврши увидот. Увидот нема рок ќе трае се додека не биде завршен целосно“, рече Коцевски, иако неофицијално се споделува бројка дека 1700 лица имало во клубот.Тој ирази длабоко сочувство, најави брза и целосна истрага со вештаци од сите области. Не можеше да каже точна бројка за лицата кои се приведени на разговор, иако медиумите веќе пишуваат дека станува збор за десетина лица.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-11.03.43

(Видео) Сведоштво на девојка која се спасила од дискотеката во Кочани

Девојка повредена во големиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сведочеше за големата трагедија.„Наеднаш изби голем пожар, сите почнаа да трчаат надвор, сите гледаа да си ги спасат животите. Никој не беше свесен, испогорени тела. Сите се под стрес. Сестра ми е изгубена, не можеме да ја најдеме во никоја болница. Чекаме резултати дали ќе ја најдеме“, вели девојката.Девојката има повреди, мал оток на лицето и коленото, паднала при излегување и била изгазена.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-10.37.15

Загинатите во Кочани се на возраст од 14 до 25 години, од повеќе градови

Починатите лица во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се на возраст од 14 до 25 години, од Скопје, Штип, Кочани, Пробиштип, кажа денеска директорката на Болницата во Кочани, д-р Кристина Серафимовска. Кај нив се хоспитализирани 20 пациенти од 18 до 23 години.Директорката кажа дека првиот повик дека има пожар го добиле во 2:48, за 30 минути се екипирала цела болница. Стигнале 70 пациенти, биле со изгореници и со труења од јаглерод моноксид.„Носеа починати лица, но имаше и што починаа на прием. Бидејќи немаме доволно возила, се јавив кај сите болници во Источна Македонија, а почнаа и да пристигаат возила за Брза помош од Скопје и Велес. Се транспортираа потешко повредените до Штип и во Скопје“, кажа д-р Серафимовска.Во раните утрински часови во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувнал пожар во кој починаа 51 лице и беа потешко повредени повеќе од сто лица.Причината за пожарот, според првичните информации кои ги соопшти Тошковски се дека настанал од искри од приотехнички средства, кои биле употребени за светлосен ефект на концертот на групата ДНК.Во моментот на активирање на прскалките, најверојатно искрите го зафатиле таванскиот дел кој е од лесно запалива материја и за кратко пожарот се проширил низ цела дискотела и се создал густ чад.Дел од починатите лица има во повеќе болници во Северна Македонија, кои по нивна идентификација ќе бидат однесени на обдукција. Повредените, од кои има и потешко повредени, освен во кочанската се сместени во повеќе клиники.Сочувство стига од сите страни, но се нуди и помош.Приведен е сопственикот на дискотеката во Кочани, лиценцата на дискотеката била до 24 март

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-10.52.03

Приведен е сопственикот на дискотеката во Кочани

Сопственикот на дискотеката во Кочани во која се случи трагедија е приведен. Во пожарот во кој загинаа, според досегашните информации загинаа 51 лице и има стотина повредени.е приведен.Станува збор за приватната дискотека ,, Пулс”, која била популарна меѓу младите во Кочани, работела повеќе години, а приведениот сопственик според МИА, бил постојано во сопственичката структура на објектот.Лиценцата за работа на дискотеката и истекувала на 24 март.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-10.37.10

Има доволно количини на крв и крвни компоненти

ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина на РСМ располага со доволни количини на безбедна крв и крвни компоненти од сите крвни групи.„Благодарение на континуираната поддршка од нашите хумани крводарители нашата институција успешно ги задоволува барањата за сите пациенти. Во моментот нема потреба од вонредно дарување крв! Институтот за трансфузиона медицина изразува длабоко сочувство и жалење до семејствата на жртвите во трагичната несреќа во Кочани. Ние продолжуваме да бидеме тука за сите потреби и да го дадеме својот придонес во обезбедување на медицинска помош за оние кои имаат потреба“, објавија „Крводарители Македонија“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-10.37.22

(Видео) Татко си ја бара едната ќерка, другата паднала и газеле врз неа, но се спасила

Родител на две девојки кои биле вчера во дискотеката во Кочани, се уште ја бара едната ќерка, додека другата е хоспитализирана.„Дојдовме тука да ја бараме, во Кочани ја нема, во Скопје ќе ја бараме“, вели таткото Бобан Тасев за МИА.Тој сведочи дека едното девојче кое го нашол и е хоспитализирано паднало при евакуацијата, а врз неа газеле други лица што се обиделе да се спасаст.Девојчињата се Лепа и Марија Тасева на 20 и 25 години.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-07.49.25

Се запалила завеса, па кровот и паднала конструкција - нови детали за дискотеката каде загинаа 51 лице

Страшна била глетката кога настанал пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Сведоци посочуваат дека од објектот имало само еден излез, а пожарот брзо се ширел. Тие опишуваат дека станува збор за излез кој е 90 х 90, а присутните почнале да се гушат и се направило стампедо.Според сведоштвата, од пиротехниката се запалила декоративна завеса поставена на кровот, а потоа и цела кровна конструкција. Паднал и таванот, додека присутните се обиделе да се евакуираат.Дискотеката функционирала долги години. Се менувале сопствениците, но во сопственичката структура постојано имало едно лице кое сега е повредено. Дел од организаторите се во полициските станици, а меѓу нив има и тешко повредени.Неофицијалните информации се дека објектот, кој е сместен во куќа, имал и дозвола за извршување на оваа дејност. На некои од прозорите имало и решетки, кои биле отстранувани од жителите, кои спасувале гости.

Македонија | пред 1 година

spisoci

Објавени списоците на пренесените повредени во скопските болници

Објавен е список на пренесени повредени лица од дискотеката „Пулс“ во Кочани во скопските болници.Список од „8 Септеври“:[caption id="attachment_324288" align="alignnone" width="341"] Канал 5[/caption]Список од Клинички центар:[caption id="attachment_324289" align="alignnone" width="407"] Канал5 ТВ[/caption]

Македонија | пред 1 година

4a6c8e70-ad97-11ef-a4fe-a3e9a6c5d640.jpg

Еврокомесарката Кос: Длабоко сме натажени од трагичниот пожар во Кочани

Марта Кос, еврокомесарката за проширување изрази сочувство и длабока тага поради трагедијата во Кочани.„Длабоко сме натажени од трагичниот пожар во Кочани, Северна Македонија, кој однесе животи на премногу млади луѓе”, напиша Кос во објава на Икс.Изразувајќи сочувство за загинатите до семејствата, Кос наведува дека нејзините мисли се со жртвите, нивните најблиски и целата заедница за време на оваа страшна трагедија.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-10.15.36

(Видео) Ова е објектот кој неофицијално имал и лиценца да биде дискотека, а каде загинаа 51 лице

Засега нема официјални одговори дали дискотеката „Пулс“ имала лиценца за ноќен клуб, иако некои од медиумите брифираат дека лиценца била издадена која важи до 24 март. Останува отворено прашањето, кој дозволил во куќа во населено место, да има дискотека.Жители кои ја посетувале сведочат дека станува збор за простор кој има тесен простор за влез и излез, каде имало стампедо кога настанал пожарот.Клубот е сместен во објект кој изгледа како куќа, а дел од прозорците биле со решетки.

Македонија | пред 1 година

panco

(Видео) Панчо од ДНК кој настапуваше во Кочани има изгореници по лицето и е на кислородна поддршка

Владимир Блажев-Панчо од групата ДНК има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка по пожарот кој сношти изби во дискотелата „Пулс“ во Кочани каде што тој настапуваше, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК неговата сетра Јадранка Николовска.„Засега знам дека е вон животна опасност, има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка и е во Клиничкиот центар во Скопје. Уште не знам каде е и како е Андреј и останатите членови на бендот. Немам сила да зборувам повеќе“, ни рече Николовска низ солзи.

Македонија | пред 1 година

filkov

Министерот Филков: Секој што потфрлил за трагедијата во Кочани -ќе одговара

Министерот за правда Игор Филков, изрази најдлабоко сочувство за десетиците млади животи кои загинаа во пожар во дискотека во Кочани и најави одговорност за сите инволвирани и виновнин во оваа трагедија, во која според последните информации загинаа 51 лице и има многу повредени лица.„Десетици млади животи згаснаа во пожар што никогаш не смееше да се случи. Ова не е само трагедија – ова е аларм што бара одговорност! Нема зборови за оваа болка… но мора да има правда! Секој што потфрлил – ќе одговара.Ова не смее да се повтори никогаш повеќе! Нека почиваат во мир овие млади души“, вели Игор Филков,министер за правда.

Македонија | пред 1 година

19112024_MICKOSKI_SINDIKAT-ZDRAVSTVO-4

Се огласи премиерот Христијан Мицкоски

„Со длабока тага ја примив веста за страшната трагедија во Кочани. Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија! Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива, а болката на семејствата, на најблиските и пријателите е неизмерна“, објави премиерот Христијан Мицкоски и додава:Во овие моменти на длабока тага, нашите мисли се со оние што ги загубија своите сакани. На повредените им посакувам брзо закрепнување, а на семејствата на загинатите – сила да ја издржат оваа незамислива загуба. Народот и Владата ќе направат сè што е во нивна можност барем малку да ја ублажат нивната болка и да им помогнат во овие најтешки мигови.Ги повикувам сите надлежни институции – здравствените служби, полицијата, локалните власти – да преземат итни мерки за помош на повредените и поддршка на погодените семејства. Владата е целосно мобилизирана и ќе направи сè што е потребно за справување со последиците и утврдување на причините за оваа трагедија.Во текот на денот, по согледување на околностите од надлежните институции ќе и’ се обратам на јавноста со повеќе информации за преземените чекори.Во овие времиња на длабока тага, кога нашите срца се скршени од болка поради оваа ужасна трагедија, повикувам на заедништво, сплотеност, хуманост и одговорност.Бог да биде со семејствата на жртвите и повредените и со народот на Македонија!

Македонија | пред 1 година

filipce-sdsm-co-4

Поради огромната трагедија во Кочани СДСМ ги одложи внатрепартиските избори за претседател

„Поради огромната трагедија што се случи во Кочани СДСМ ги одложи внатрепартиските избори за Претседател на партијата. Општинските организации на СДСМ ќе се вклучат во помошта за настраданите во пожарот“, велат од СДСМ и додаваа:Изразуваме длабоко сочувство до семејствата, роднините и пријателите на загинатите во огромната трагедија што се случи во Кочани. На повредените им посакуваме брзо и целосно закрепнување.Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со сите засегнати од оваа страшна несреќа.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања