Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ПУЛС

media-libraryqij6pe4h0vdk6E2iFiu

(Видео) Сеќавање за секој еден загубен живот од Пулс, раскажана секоја една приказна - тага и болка во Кочани...

Помина една година, а раните не само што не се затвораат туку стануваат подлабоки и пострашни. Годината што измина само успеа да го соочи Кочани со страшната вистина дека засекогаш ги нема. Не можевме да ги заштитиме од смртта, но можеме да го зачуваме споменот за нив, да споменуваме дека имаме чета ангели на небото, кои се молат за нас, и да се гордееме што ги имавме со нас на земјата како наши чеда, браќа и сестри, роднини, пријатели. Ова беше пораката од денешниот комеморативен настан „Ден на сеќавање - 16 март 2025“ во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани на одбележувањето на годишнината од трагичниот настан.„Бројката просто убива, но да се потсетиме, тие загинаа со песна во грлата и во срцата, загинаа пеејќи, славејќи во животот. Затоа сметаме дека песната сепак е најсоодветниот начин да го испочитуваме споменот за нив. Таа зборува на јазик со кој се пренесува и радоста, но во овој момент и болката и тагата.Недостасуваат секако и на секој начин. Во училишните клупи, на клупите во паркот, (0:31) недостасуваат во трапезариите, детските соби, на таблоата, во утрата кога се излегува од дома, во вечерите кога се прибира дома,  недостасуваат во секој дел од домот, во секој дел од градот, на секоја улица.Недостасуваат во прегратките на љубените, пријателите, родителите. Недостасуваат на сите можни начини. Просто, тие многу недостасуваат“, беше посочено на комеморацијата.На комеморацијата во Кочани, по азбучен ред се читаа имиња на жртвите, но и нивните соништа кои завршија во пожарот во „Пулс“ пред точно една година.„Панчо беше голем другар, добар човек, кој бескомпромисно помагаше на сите, без да бара ништо за возврат. Постојано беше достапен, ако ти треба нешто, а на прво место му беше работата, најблиските, пријателите. Обожаваше да твори, да создава нешто од ништо. И ниедна препрека не беше толку голема, за да не може да ја надмине. Така го живееше својот живот, а тие околу него ги научи на лојалност, другарство, работливост и посветеност. Остави голема трага на музичката сцена. Во Скопје, но и сите градови од Македонија и пошироко. И ќе го паметиме по се, ќе го паметиме после тоа што има направено за музиката, културата, но и за нас, луѓето кои беа дел од неговиот живот.

Настани | пред 2 седмици

media-libraryogs6k4gah4q33pmblaF

Елена Ристеска: Простете ни што не се изборивме на време да промениме еден систем и дозволивме да нѐ уништи сите

Нашата позната пејачка Елена Ристеска со емотивни зборови по повод годишнината од трагедијата во кочанската дискотека во која ги изгуби драгите колеги и пријатели...„Година дена после најголемата трагедија во Македонија и сѐ уште не научив како да живеам со овие длабоки лузни, со остра болка во градите и со оваа вечна тага?Сите починати дечиња, сите повредени и живи а со уништени животи, ахх Панчо, Сара, Андреј, Филип, Александар, Жути простете ни на сите што на време не се изборивме да промениме еден систем и дозволивме да нѐ згази и уништи сите: вас како жртви, нас како сведоци. Почивајте во мир! “, напиша Елена.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarylhu8rh5t7kghaNnw55f

„Времето не лекува кога родител изгубил дете, куќата без тебе не е куќа”, таткото на Надица Наунова со емотивна објава

Една година по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на социјалните мрежи емотивно се огласи таткото на Надица Наунова, Александар Наунов, кој истакна дека времето не ја лекува раната кога родител го изгубил своето дете, и дека Надица ќе живее засекогаш во неговото срце и душа.„Ќерко моја, ѕвездо моја која сјае на небото…Денес помина точно една година откако те нема, а болката е иста како првиот ден. Времето не ја лекува раната кога родител го изгубил своето дете. Таа рана само учи како да живее со солзите.Ќерко моја, куќата без тебе не е куќа. Тишината без твојата смеа е потешка од секој крик. Секое утро се будам со надеж дека ќе те видам, дека ќе го слушнам твојот глас… но наместо тоа, ја гушкам празнината што остана зад тебе.Една година те барам во соништата, во ѕвездите, во секој ветер што ќе помине. Една година срцето на татко ти плаче за тебе, за твојата насмевка, за твоите чекори што никогаш повеќе нема да се слушнат.Но знај едно, керко моја…Ти не си само спомен.Ти си моето срце.Ти си мојата душа.И додека јас дишам – ќе живее и твоето име.Почивај мирно, ѕвездо на татко ти.Ќе те сакам до последниот мој здив“, напиша Наунов.

Коментари | пред 2 седмици

media-library22140u4d9efv04wT6HZ

(Видео) Имињата кои никогаш нема да се заборават…

Во рамки на одбележувањето на годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“, во Паркот на Револуцијата во Кочани беа поставени 63 бели столчиња како симболичен спомен на загинатите.За време на настанот, со трепет во гласот, водителите ги прочитаа имињата на сите загинати, потсетувајќи дека нивниот спомен никогаш нема да се заборави.Нивните имиња остануваат врежани во душата на Кочани и цела Македонија:Диме Димитријев, Сара Алексова, Моника Спасова, Тоше Тодоровски, Александар Коларов, Адријан Живков, Александар Алексов, Горги Величков, Јорданчо Џамов, Иван Трајчев, Џоко Горгиев, Александар Глигоровски, Иван Величков, Андреј Стојанов, Ивона Антова, Павел Христовски, Никола Насевски, Тоше Богданов, Ана Коцева, Гордан Петрушов, Игорче Горгиев, Филип Стевановски, Томче Стојанов, Моника Стоименова, Стојанчо Стојанов, Сара Пројковска Николовска, Марија Шопова, Александар Горгиев, Петар Ивановски, Бојана Закова, Матеј Марковски, Горѓи Василков, Александар Петров, Андреја Горѓиевски, Марија Стрезоска, Александар Ефремов, Лепа Тасева Стојковска, Игор Велков, Божидар Минов, Мартин Атанасовски, Стефанија Соколова, Томас Златков, Кети Милковска, Виктор Јорданов, Андреј Панов, Спиро Стоименов, Јове Владимитов, Стефан Тасевски, Ице Андонов, Александар Стојанов, Сања Христова, Дамјан Танески, Андреј Лазаров, Драгана Минова, Филип Ивановски, Сара Јорданова, Леонид Велков, Надица Наунова, Димитар Иванов и Владимир Блажев.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarypevrgm6u46pi4MaoyaJ

Мицкоски: Болката и празнината се уште се чувствуваат во секое срце, но заедно со нив живее и сеќавањето на недовршените соништа

По повод годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски присуствуваше на комеморативниот настан „Ден на сеќавање – 16 март 2025“ во Центарот за култура „Бели мугри“, каде се потпиша и во книгата на жалост.Тој истакна дека болката и празнината од загубата на 63 млади животи се уште се чувствуваат.„Денес во Кочани оддаваме тивка, но длабока почит кон невините животи што прерано згаснаа. Една година подоцна, болката и празнината се уште се чувствуваат во секое срце, но заедно со нив живее и сеќавањето на недовршените соништа.Со голема почит се потпишав во книгата на жалост како искрен чин на почит кон настраданите и како израз на солидарност со нивните семејства и присуствував на комеморативниот настан „Ден на сеќавање -16 март 2025“ во Центарот за култура „Бели мугри“.Нека споменот за нив остане вечен, а нашата заедничка човечност и единство нека бидат сила што ќе не води напред.Со длабоко сочувство кон семејствата, Кочани памети, Македонија памети“, напиша Мицкоски.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryh7ib73n6s4e08qs3GTj

„Тие 30 дена беа најтешки од мојата кариера“, Чибишев за трагедијата во „Пулс“

По повод годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“, на социјалните мрежи се огласи докторот Андон Чибишев кој изрази благодарност кон целиот медицински персонал и институциите кои помогнале, а истовремено упати сочувство до семејствата на загинатите.„Денес се навршува една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во која згаснаа многу млади животи а голем број присутни таму таа вечер беа повредени.Тој и наредните триесетина дена беа еден од најтешките периоди од мојата докторска кариера. На Универзитетската клиника за токсикологија беа хоспитализирани дваесетина тешки пациенти заради акутно труење со отровни гасови а во периодот кој следеше поминаа и голем број на пациенти кои таа вечер биле присутни во дискотеката.Со крајно професионална, стручна и посветена работа и грижа целокупниот персонал на Клинката успеа да ги стабилизира овие млади пациенти и тие сите денес се со своите семејства.Упатувам искрена благодарност до целокупниот персонал на Универзитетската Клиника за токсикологија и сите сродни клиники и институции кои во тој тежок период ни даваа логистика и несебична помош во справување со оваа трагична ситуација.Бог да ги прости сите кои ги изгубија животите.Господ да им даде сила на сите кои изгубија блиски во несреќата да продолжат понатаму.Никогаш повеќе да не се повтори“, вели Чибишев.

Коментари | пред 2 седмици

media-librarygnuttiv7l1l00qoiYTX

(Фото) Емотивен момент во Кочани: Наунова му закачи на Мицкоски беџ со скршено срце

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денес присуствуваше на Молитвата за упокоените жртви од трагедијата во дискотеката Пулс, која се одржа во Паркот на Револуцијата во Кочани.По завршувањето на молитвата, Мицкоски се потпиша во книгата на жалост и се поздрави со родителите и семејствата на загинатите.Мајката на Надица Наунова, Габриела Наунова, му закачи на реверот беџ со скршено срце на кое пишуваше „Кочани 16.03.2025“.Настанот беше дел од програмата на одбележување на годишнината од трагедијата, со цел да се оддаде спомен и сеќавање на 63-те изгубени животи и да се изрази поддршка кон семејствата на жртвите.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarytjgvdm3il7nhfxwJOlm

(Видео) Молитва за упокоените жртви од „Пулс“ пред комеморативниот настан

Во Паркот на Револуцијата во Кочани се одржа Молитва за упокоените жртви од трагедијата во дискотеката Пулс. Овој настан е како дел од програмата пред централниот комеморативен настан што треба да се одржи во НУЦК „Бели мугри“.На молитвата присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска Дафкова, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот на Кочани, како и родителите на загинатите.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryugnqn0jbi0r70lxRven

„Зад секое име има лик и живот и емоции и желби и размисли, не се 63 загинати, туку се Надица и Матеј и Моника...“, вели Најчевска

По повод годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, професорката Мирајна Најчевска се огласи на социјалните мрежи со емотивен статус. Таа потенцира дека бројките не можат да го заменат човечкиот живот и сеќавањето, нагласувајќи дека загинатите не се „63 лица“, туку конкретни луѓе со име, лице, желби и иднина.„Од мене мајката до мајките, татковците, сестрите, браќата, сопругите, децата, пријателите, соучениците, наставниците, роднините, комшиите на Стефанија, Тоше, Филип, Сара, Драгана, ...Најлесен начин да се дистанцираш од емоциите е кога смртта ќе се претвори во израз и во бројка. Кога ќе се обезличи.Кога ќе кажеш „жртвите“ тоа нема лице, ни коса, ни мирис ни глас ни насмевска ни прегратка ни ... Тоа е израз кој овозможува да се води судска постапка која треба да биде објективна и непристрасна и лишена од емоции. Ама не е сеќавање.Кога ќе кажеш 63 загинати тоа е бројка. Безлична. Студена. Статистика.Кога ќе умре човек не смее да биде бројка. Посебно кога ќе умре некој на прагот на животот. Тоа е затворена книга на сакање, радости, плачење, грижи, надежи. Затворена иднина спакувана во спомени. Тоа е бол кој раскинува и не поминува.Зад секое име има лик и живот и емоции и желби и размисли и ...Не се 63 загинати, туку се Надица и Матеј и Моника и Никола и Александар и Јорданчо и ...И не, не е несреќа туку е убиство. Можеме да разговараме дали станува збор за убиство без умисла, за убиство од голема небрежност, за потфрлање на државата кое довело до нивна смрт. Ама никако за несреќа“, напиша Најчевска.

Коментари | пред 2 седмици

media-librarym034u2keo2g4dNHVFWW

(Видео) Родителите и семејствата седат пред празните столчиња на нивните загинати чеда во „Пулс”

Во рамки на одбележувањето на годишнината од трагедијата во дискотеката Пулс, во Паркот на Револуцијата во Кочани, се поставени 63 бели столчиња како симболичен спомен на загинатите.На столчињата е напишано името на секој од загинатите, неговата година на раѓање и е поставена по една бела ружа. Столчњата се свртени кон родителите и семејствата, кои седат пред нив, оддавајќи им почит на своите изгубени чеда.Овој настан е дел од меморијалната програма на одбележување на годишнината под името „63 бели столчиња – 63 животи“, со цел да се зачува сеќавањето на трагично загинатите.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarytthtvb5v3kdp8grdS7Y

Со меморијалот „Недовршени соништа – Секое име е нечиј свет“ завршува тридневната програма во Кочани

Денес се одбележува годишнината од трагедијата во дискотеката Пулс. Програмата што траеше три дена завршува денес со низа меморијални настани и комеморации.Ноќеска, од 02:15 до 02:32 часот, пред објектот „Пулс“ се одржa настанот „Светлина што останува“, кој претставува централно одбележување на трагичниот ден.Во утринските часови започна трка на релација Штип – Облешево – Кочани, како дел од меморијалната програма.Во 08:45 часот, во Паркот на Револуцијата беа поставени 63 бели столчиња како симболичен спомен на изгубените животи, а беше претставен и муралот „Ѕид на сеќавањето“.По пристигнувањето на гостите и делегациите во 10:00 часот ќе има молитва за упокоените, во 10:30 часот во салата на НУЦК „Бели мугри“ ќе се одржи централната комеморација.Програмата ќе заврши во 12:30 часот со меморијалниот настан „Недовршени соништа – Секое име е нечиј свет“, кој ја означува крајната точка на тридневното одбележување.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryh9n9fb8t2felbb8Ae0d

(Фото) „Никогаш нема да ги заборавам луѓето кои биле покрај мене кога ми беше најтешко“, гитаристот на ДНК се сретна со докторите кои му го спасија животот

Горан Тонев, гитаристот на ДНК и еден од преживеаните на трагичниот пожар во дискотеката Пулс на 16 март 2025 година, објави фотографии со докторите и медицинскиот персонал од болницата Папаниколау во Солун, кои се грижеле за него по несреќата.„Никогаш нема да ги заборавам луѓето кои биле покрај мене кога ми беше најтешко. Денес повторно се сретнав со дел од прекрасниот персонал од болницата, кој покрај моето семејство, ми даде огромна поддршка во процесот на закрепнување. Мојата благодарност кон нив е бескрајна“, напиша Тонев.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryjho9emmio6og7LAH363

„Најдолгата година“ – сопругата на Андреј од ДНК сподели фотографија на годишнината од трагедијата во Пулс

Денес се одбележува годишнината од трагедијата во дискотеката Пулс, во која загинаа 63 лица.Сопругата на Андреј од ДНК објави фотографија од нив двајца на која напиша:„Најдолгата година“.Андреј Ѓорѓиески, познат како Андреј од ДНК, го жртвуваше својот живот за да спаси други деца кои беа на нивниот настап во дискотеката, кога се случи трагичниот пожар..Зад себе, Андреј ги остави сопругата Наталија, со која скоро 10 години беше во брак, и ќеркичката Јана, родена на 29 ноември 2015 година.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryfhi0kirgcdm1bkrgYjn

(Видео) Со „ѕвездено небо“ и песната „Милион денови“ од ДНК, Виница им оддаде почит на жртвите од „Пулс“

Во Домот на култура „Тошо Арсов“ во Виница вчеравечер се одржа комеморативен настан во сеќавање на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, по повод една година од несреќата што ја потресе целата земја.Настанот беше организиран од Општина Виница, а присутните со едноминутен молк им оддадоа почит на сите кои ги загубија животите во трагедијата.За време на комеморацијата, присутните ги вклучија светлата на своите мобилни телефони и ја осветлија салата, создавајќи симболично „ѕвездено небо“ во спомен на жртвите. Во позадина одекнуваше песната „Милион денови“ од групата ДНК, што дополнително ја засили атмосферата на тага и сеќавање.Комеморацијата беше посветена на сите жртви од трагедијата, меѓу кои и двете млади сограѓанки од Виница – Ана и Моника, чии животи прерано згаснаа во кобната ноќ.

Настани | пред 2 седмици

media-library9el975a8epas9Cpgjhc

10 дена бев во кома, но господ имаше други планови, таа ноќ никогаш нема да се заборави, вели преживеан од пожарот во „Пулс“

Еден од повредените во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Иван Стојменов, по една година од кобната ноќ се огласи на социјалните мрежи и се потсети на тешката борба за живот по пожарот, периодот поминат во кома и лекувањето, истакнувајќи дека денес е благодарен што добил втора шанса за живот, но и дека никогаш нема да ги заборави жртвите од трагедијата.„Помина една година од ноќта што засекогаш ми го промени животот.Ноќта кога во дискотеката „Пулс" избувна пожар и се за неколку секунди се претвори во хаос, чад и страв. Ноќта кога животот и смртта беа толку блиску.Со изгореници по рацете, лицето и дишните патишта, завшив во болница во Словенија. 10 дена кома и скоро 1 месец борба... борба за здив, за сила, за живот. Докторите велеа дека е критичноНо Господ имаше други планови.Денес сум тука. Со лузни што засекогаш ќе ме потсетуваат на таа нок. Лузни што не се само на кожата, туку и во душата.Таа ноќ никогаш нема да се заборави. Никогаш нема да ги заборавиме луѓето што не успеаа да излезат. Нивните животи и нивните приказни засекогаш ќе останат во нашите срца.Оваа година ме научи нешто што многумина го забораваат - животот е кревок. Секој ден е подарок. Секој здив е благослов.Денес сум благодарен на бога што сум жив. Благодарен на докторите, на моето семејство и на сите луге што беа покраі мене кога беше најтешко.Животот ми даде втора шанса.И ветувам дека ќе ja живеам така како што заслужува.Никогаш да не се повтори.!!!!! Вечна им слава на починатите“, напиша Стојменов.

Македонија | пред 2 седмици

media-library2ud7r44516og9bo5i8m

Тоневски: Денес со свеќа во рака, наведнати глави и срца полни со тага, им оддаваме почит на нашите млади сограѓани

Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, преку објава на социјалните мрежи им оддаде почит на жртвите од трагедијата што се случи пред една година, истакнувајќи дека градот никогаш нема да ги заборави прерано згаснатите животи. Тој порача дека болката и спомените остануваат длабоко врежани во срцата на граѓаните на Пробиштип.„Една година тишина, вечност во споменитеПонекогаш времето не ги лекува раните, туку само не учи како да живееме со празнината. Овој 16-ти март носи тежина која не се опишува со зборови. Помина една година од трагедијата која го згасна светлото во многу домови и остави длабока лузна во срцето на нашиот Пробиштип.Денес, на градскиот плоштад, со свеќа во рака, со наведнати глави и срца полни со тага, им оддаваме почит на нашите млади сограѓани - нашите ангели кои прерано заминаа во вечноста. Тие беа нашата гордост, нашите насмевки и нашата иднина. Иако физички не се меѓу нас, нивните ликови остануваат врежани во секоја улица, во секое училишно ѕвонче и во секое наше сеќавање.Денес се сеќаваме на нашите прерано згаснати животи:- Никола Насевски (2007 - 2025) – с. Добрево, чиј пат беше прекинат кога неговите соништа само што почнуваа да цветаат.- Матеј Марковски (2007 - 2025) – младост која згасна прерано, оставајќи зад себе тишина што боли.- Тоше Тодоровски (1988 - 2025) – нашиот храбар полицаец од ПС Пробиштип, кој ја извршуваше својата должност до последен здив, оставајќи пример за чест и пожртвуваност.- Александар Глигоровски (1996 - 2025) – кој со денови храбро се бореше, но на 7 април им се придружи на останатите ангели.Општина Пробиштип искрено сочувствува со семејствата. Вашата болка е и наша. Вашата загуба е ненадоместлива за целиот град.Нека оваа годишнина биде потсетник дека животот е кревок, но дека љубовта и споменот на оние што сме ги сакале никогаш не умираат.Вечна им слава.Почивајте во мир, момци. Пробиштип никогаш нема да ве заборави“, напиша Тоневски.

Македонија | пред 2 седмици

media-library0vbqr9m0c94c8ma6P8m

(Видео) Во 02:32 минути пред „Пулс“: молк, солзи, плач и сеќавање на 63 животи кои згаснаа за миг

По една година од трагедијата, родители, браќа, сестри, семејства и пријатели се собраа пред некогашниот објект на дискотеката „Пулс“ во Кочани, местото каде ги изгубија своите најблиски.Лелек, плач и солзи ја исполнија тишината. Со свеќи во рацете, тие стоеја пред објектот и се сеќаваа на прерано згаснатите животи.Во 02:32 часот – моментот кога минатата година избувна пожарот – присутните оддадоа почит со пет минути молк и молитва за жртвите. Тишината беше прекинувана само од плачот на семејствата кои и по една година ја носат болката од загубата.Местото на трагедијата повторно стана симбол на сеќавањето, тагата и прашањата што сè уште остануваат без одговор.

Настани | пред 2 седмици

media-librarychtj3j90v13q2e4qkce

(Видео) Пред “Пулс” се поставени 63 срциња со имињата на жртвите, под нив цвеќиња во знак на почит и сеќавање

Пред објектот „Пулс“ во Кочани се поставени 63 срца со имињата на жртвите од трагедијата, а под нив се оставени цвеќиња во знак на почит, сеќавање и тага за изгубените животи.Со низа настани денеска се одбележува годишнината од трагедијата што ја потресе јавноста и одзеде десетици млади животи. Граѓани, семејства на жртвите и пријатели се собираат пред местото на несреќата за да им оддадат почит на загинатите.Поставувањето на срцата со имињата на жртвите претставува симболично потсетување на 63-те згаснати животи и порака дека споменот за нив ќе остане жив.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarye6hbabv14ier6XJziZA

Повредениот Драган од „Пулс“: Животот продолжува, одиме во Скопје на третмани, пулмолози нѐ лекуваат во Кочани

Еден од повредените во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Драган Давитковски, вели дека закрепнувањето е бавно, но дека неговата здравствена состојба постепено се подобрува.„Како се чувствувам... Животот продолжува понатаму. Имам некои повреди, тоа е. Имам изгореници, имав и внатрешни повреди. Одиме во Скопје на ласерски третмани, а пулмолози доаѓаат во Кочани и нѐ прегледуваат во болницата“, изјави Давитковски.Тој посочува дека првите денови по несреќата биле најтешки, но дека сега се чувствува подобро.„Првите денови беше потешко, понатаму не е. Сега за сега сум подобро“, додава тој.Давитковски вели дека повредените меѓусебно се поддржуваат .„Ние повредените се знаеме, летото бевме на Пониква. Ова ни е прво спортско дружење. Јас на сите сакам да им посакам побрзо оздравување“, рече тој.Прашан дали животот ќе продолжи понатаму, Давитковски одговори дека и покрај тешкотиите, мора да се продолжи напред.„Малку тешко, ама мора да продолжи“, вели тој.Тој раскажа и дека во дискотеката дошол околу 1:30 часот по полноќ, заедно со сопругата и пријатели, кога се случила трагедијата.„Бев на концерт, отидов околу 1:30 часот и за еден и пол час се случи тоа што се случи. Бев со сопругата и со другари. Од нашата маса има двајца починати“, сведочи Давитковски.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryvonrua1ublb25HrS3zH

Дел од повредените од трагедијата во „Пулс“ ги чекаат сложени операции: Треба да бидеме особено внимателни со лузните на прстите и лицето

Повеќе специјалисти од различни медицински области се вклучени во третманот на повредените од трагедијата во дискотеката „Пулс“, вели докторката на кочанската болница, Катерина Паниќ-Мирчовска.Таа посочи дека во третманот се вклучени психијатри, дерматолози, пулмолози и хирурзи, кои работат со пациентите и ја следат нивната здравствена состојба.„Организирани се повеќе специјалисти од повеќе специјалности. Психијатрите, дерматолозите, пулмолозите и хирурзите работат со повредените. Вчера имавме повеќе хирурзи од Европа и Балканот на конференцијата и ја искористивме можноста да ги консултираме за понатамошни посложени интервенции“, изјави Паниќ-Мирчовска.Таа додаде дека во блиска иднина кај дел од пациентите ќе започнат хируршките интервенции, но нагласи дека станува збор за сложени повреди и лузни по изгореници, поради што мора да се постапува внимателно.„Тоа се сложени лузни и сложени повреди и не треба да се брза. Секоја избрзана одлука може да значи нова лузна. Треба да бидеме особено внимателни со лузните на прстите, рацете и лицето“, истакна таа.Паниќ-Мирчовска посочи дека и физичката активност може да помогне во рехабилитацијата, па така спортот претставува и еден вид физикална терапија за повредените, особено за оние кои имаат изгореници на рацете.Изјавата е дадена по повод хуманитарен кошаркарски натпревар организиран во спомен на жртвите од трагедијата што се случи на 16 март 2025 година.

Македонија | пред 2 седмици

puls-38

Во Виница денеска ќе има комеморација за Ана и Моника, жртви од „Пулс“

Општина Виница организира комеморативен настан по повод една година од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Настанот ќе се одржи на денеска, 15 март, во 19 часот во Домот на култура „Тошо Арсов“ во Виница.Комеморацијата е посветена на сите жртви од трагедијата, меѓу кои и две сограѓанки од Виница – Ана и Моника.Од општината информираат дека настанот ќе биде можност граѓаните заеднички да оддадат почит и да се потсетат на трагедијата што ја потресе јавноста.„Со заедничко присуство и сеќавање ќе им оддадеме достојна почит и ќе ја споделиме тишината што зборува повеќе од зборови“, се наведува во поканата за настанот.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryriq05fipthrm1L2Tm7V

(Видео) Газда Деко правел црн капитал уште многу пред „Пулс“, ме згрозува што не чувствува вина, вели ексначалникот Ѓурчевски

Ексначалникот во Министерството за внатрешни работи, Љубомир Ѓурчевски, во подкастот „Претрес со Ландов“ зборуваше за одговорноста за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој рече дека газдата Дејан Јованов-Деко бил предмет на опсервација уште во случајот „Детонатор“.„Газда Деко значи во некои работи се спомнуваше уште во акцијата детонатор 2012/2013 година со оние фамозни апарати за игра на среќа, таму се правеше огромни профити од тие материјали коцкарници, диви коцкарници“, рече Ѓурчевски.Прашан дали сака да каже дека Деко не е само обичен газда, тој рече: „Тој е човек што правел црн капитал уште многу многу многу пред ова. па откаде му се парите, тој имаше и кафич, имаше и ова, имаше и она. Значи некои треба малку посериозно да се позанимава. Како се праени пренамените, зошто е даван рушвет, се зборува тамо за поткуп од седум илјади евра за нелегална лиценца. Управа за јавни приходи никојпат не му дошла да наплати одредени даноци кои што требало да ги наплати, и така натаму. Некои министри се јавувале во управата за приходи. Зошто би некого јас би го корумпирал ако работам чесно? сега некој да ме убеди мене сака дека не чувствува вина?“.Ѓурчевски доаѓа: „Господине Дејан абе објектов ти го направи од шупа, го направи златен и сега ти да не чувствуваш вина, зошто немаш посебни излези, немаш посебни влезови, немаш вентилација, немаш соодветна противпожарна заштита. Материјалите се погрешни. Материјалите, немаш огноотпорни материјали, немаш ова, немаш она, и сега ти да не чувствуваш вина, а си остваруваш профит дваесет години, тоа мене ме згрозува“.Цел поткаст на многу теми поврзани со криминалните случувања во Македонија:

Македонија | пред 2 седмици

media-librarycd42ulm2t9o653QnFnH

Кочани беше момент на национален шок, но и општествена катарза, мораме да извлечеме чекции за посилен систем, вели претседателката

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на завршната сесија на Меѓународната конференција посветена на институционалните и клиничките аспекти по трагедијата во Кочани, која се одржа во Скопје во организација на Владата.Таа истакна дека трагедијата во Кочани останува длабока рана за државата и силен потсетник за потребата од одговорност, подготвеност и солидарност во справувањето со кризни ситуации.„Трагедијата во Кочани беше момент на национален шок, длабока човечка болка, ерупција на сочувство и солидарност, но и момент на политичка и општествена катарза. Пред огледалото на совеста и одговорноста се најдовме сите и сè уште сме“, истакна претседателката.Сиљановска-Давкова потсети на драматичните моменти по несреќата, кога родителите и блиските на повредените чекале пред болниците, додека лекарите се бореле за спасување на младите животи.Таа оцени дека одлуката најтешко повредените пациенти да бидат испратени на лекување во странство била исправна и дека токму брзата координација меѓу институциите, здравствениот систем и меѓународните партнери овозможила спасување на голем број животи.Претседателката посочи дека трагедијата покажала оти справувањето со вакви катастрофи не е само медицинско, туку и политичко, етичко и институционално прашање, кое бара силна координација и подготвеност на системот.Според неа, оваа конференција е важен чекор за експертска евалуација на преземените мерки и за систематизирање на научените лекции, со цел подобра подготовка на државата за идни кризни ситуации.Таа го потенцираше значењето на новите системски мерки, меѓу кои се усвојувањето на национален план за справување со масовни жртви, воспоставување нови медицински протоколи и зајакнување на институционалната координација.„Кочанската трагедија не останува само болен спомен, туку и постојано предупредување дека без стандарди, без правила и без одговорност ниту една дејност не може безбедно да функционира и дека ништо не смее да биде поважно од правото на живот“, порача Сиљановска-Давкова.

Македонија | пред 2 седмици

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

Концерти, марш и спортски настани во спомен на жртвите од „Пулс“

Во Кочани денеска продолжува одбележувањето на годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“, во која животот го загубија 63 млади лица.Според програмата, денешниот ден започнува во 9 часот со релацијата Штип – Кочани, каде што ќе се вози во чест на загинатите 63 „ангели“.Во 9 часот е предвидена и релацијата Полениково – Ново Балгур – Осогово, каде ќе се одржи првиот меморијален планинарски марш „Ивана Антова и 63 ангели“.Во спортскиот дел од програмата, во 10 часот ќе се игра турнир во кошарка за помладите категории.Во рамки на културната програма, во 13:30 часот во НУЦК „Бели мугри“ ќе се одржи настан „Кочани ни благодари“ со музички и балетски перформанс.Во 17 часот е закажан концерт на Марко Видоевиќ и ИБЕМ, додека во 18 часот ќе биде промовирана книгата „Ќе те има“ од Марина Стојчевска.Настаните се дел од повеќедневната програма со која Кочани се сеќава на жртвите и испраќа порака дека трагедијата никогаш нема да биде заборавена.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryf6hgvcg1pukf2gFrnPT

(Видео) „Мислев дека го губам животот“: Гитаристот на ДНК, Горан Тонев, првпат за трагедијата во „Пулс“

Гитаристот на групата ДНК, Горан Тонев, првпат јавно проговори за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде настапувал со бендот во ноќта кога избувна пожарот.Тонев, кој има 25 години, раскажа дека во моментот на несреќата се здобил со тешки повреди и мислел дека го губи животот.„Јас сум Горан Тонев. Имам 25 години. Четири години се занимавам со музика. На кобната вечер настапував со ДНК како нивен гитарист. Се случи тоа што се случи – некако излегов со многу повреди и мислев дека го губам мојот живот“, раскажува Тонев.Тој вели дека во тие моменти му помогнала девојка по име Моли, која заедно со нејзината мајка го пренела до болницата во Кочани со приватно возило.„Една девојка, која подоцна дознав дека се вика Моли, со нејзината мајка ме однесоа во болницата во Кочани“, вели Тонев.По првичната медицинска помош во Кочани, тој бил префрлен на лекување во Скопје, каде ја изгубил свеста и бил ставен во вештачка кома речиси еден месец.„Потоа сум пренесен во клиника во Скопје и таму ја губам свеста и сум во вештачка кома скоро еден месец“, сведочи Тонев.Подоцна бил транспортиран на лекување во болницата „Папа Николаос“ во Солун, каде, како што вели, медицинскиот персонал и неговото семејство му дале огромна поддршка во борбата за закрепнување.„Можам да кажам дека тие се грижеа за мене не како пациент, туку како за нивно дете“, додава Тонев.

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања