Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ПУЛС

media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Судечкиот совет одби спојување на предметите за „Пулс“

Aдвокати на обвинетите во судењето за случајот „Пулс“ побараа спојување на предметот за трагедијата во Кочани, со предметот против 13-те полициски службеници што се обвинети за исто кривично дело.Судечкиот совет донесе одлука да не го прифати барањето и да продолжи со предметот во кој им се суди на 35 физички и три правни лица.Како што образложи судот, имајќи ја предвид фазата во која се наоѓа оваа постапка – односно дека е во фаза на доказна постапка – како и другите три постапки поднесени од ОЈО ГОКК, каде што вкупно има 25 обвинети и каде едниот предмет е веќе во завршна фаза, евентуалното спојување би довело до одолговлекување и на тие и на оваа постапка.Имајќи ја предвид фазата во која се наоѓа оваа постапка во фаза на доказна постапка и другите постапки поднесени од ОЈОГОКК каде што вкупно има 25 обвинети и едниот е во завршна фаза. Во таков случај евентуално спојување би довело до одолговлекување на тие и оваа постапка спротивно на начелото на економичност и целеисходност на постапката и неоправдано одолговлекување – рече судијката Диана Груевска Илиевска.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Деко се жалеше само дека душекот не му е добар, а не на нечовечко однесување, извести кумановскиот затвор

Адвокатката Ивана Коцевска, бранителка на сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов, на минатото рочиште побара судот да донесе решение за пренесување на Јованов во затворот во Идризово бидејќи затворскиот персонал од затворот во Куманово, како што рече, се однесува „деградичарки нечовечки и понижувачки кон обвинетиот“.На денешното рочиште Коцевска изјави дека управата на Истражниот затвор – Скопје во Шуто Оризари усно ја известила дека во притворот има капацитет да го прими нејзиниот клиент.Судот не ми одговори на барањето Јованов да биде префрлен од притворот во Куманово во притворот во Шутка, па затоа повторно упатувам барање тој да биде преместен“, вели Коцевска.Но, обвинителството прочита известување од затворската управа во Куманово дека откако Јованов се пожалил пред судот, разговарале со него и немал никакви забелешки за нечовечки однос кон него, како што тврдеше неговата адвокатка на минатите рочишта, се жалел за душекот и дека многу често се вршеле претреси во неговата ќелија.Од управата апелираат да не се земаат предвид паушални изјави што го нарушуваат угледот на затворот. Појаснуваат дека редовни претреси се прават во сите ќелии, а не само кај него.Според адвокатката Коцевска нормално е од затворот да кажат дека обвинетиот рекол дека не се однесуваат нечовечки кон него. Се обиде да ја прочита медицинската документација, затоа што Јованов имал тешка операција, ама судијката ја прекина и рече документацијата да ја достави до затворот во Куманово.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Сопственикот на објектот во кој беше сместен „Пулс“ се буни дека не можел да седи пет саати во судница, судијката му се закани со притвор

Гроздан Милковски, сопственик на објектот во кој беше сместена дискотеката „Пулс“, денеска, пред почетокот на рочиштето за трагичниот пожар, рече дека слушнал како некои групи во Кочани „се спремаат да го лишат од живот“.Тој беше хоспитализиран во болница и едно од рочиштата беше одложено поради тоа, но сега тврди дека иако го пуштиле од болница, сериозно е болен. Тврди дека имал сепса на градите и бактерија во грлото.Јас не можам повеќе да плаќам шофери да ме возат на рочиштата, час и пол натака, час и пол навака. Се враќам и во кревет се борам за живот. Слушам и дека некои групи во Кочани се спремаат да ме лишат од живот – рече обвинетиот Милковски.Судијката Дијана Груевска Илиевска рече дека е информирана од лекарите за неговата здравствена состојба.Знам дека ви е најдена бактеријата. Судот направи сѐ што можеше, судот не може да ви обезбеди превоз до судницата – рече судијката.Милковски кажа дека нема да доаѓа од следното рочиште, а судијката му кажа дека ако не дојде на следното рочиште, ќе предложи притвор за него.Ако треба, ќе одам во притвор – рече Милковски.Одбраната предложи судот да донесе одлука за спојување на оваа постапка со новиот предмет во кој Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против 13 полициски службеници.Одбраната посочи дека станува збор за исто кривично дело и дека оштетените се исти.Обвинителите рекоа дека не се надлежни да постапуваат во предмети кои се водат во друго обвинителство.Ова прашање е надминато на самиот почеток. Не зачудува фактот што одбраната често тука и во јавноста реагираат на обемноста на предметот и обвинетите, а сега бараат спојување“, рекоа кочанските обвинители.Ако судот одлучи да се спојат двата предмети, тоа би значело дека судскиот процес ќе треба да започне отпочеток.

Македонија | пред 3 седмици

puls-35-1

Ново рочиште за трагедијата во „Пулс“ – продолжува судскиот процес

Денес продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.На претходното рочиште пред Судот сведочеа членови на бендот на ДНК и преживеани гости од дискотеката.Во својство на сведок исказ даде придружниот вокал Ана Костадиновска, која на повеќекратни прашања од Обвинителството и од одбраната за тоа кој ги поставувал и кој ги активирал прскалките, остана на ставот дека не знае и дека никогаш не видела кој ги местел прскалките во ниеден клуб каде што настапувале со групата ДНК, посочувајќи дека можно е тоа да го правело и техничко лице од клубот.Музичарот Горан Тонев, кој исто така настапувал како надворешен соработник со бендот, изјави дека пиротехничките средства биле веќе поставени кога се качиле на бината, но дека не знае кој ги поставил и кој ги активирал. Тој опиша брзо ширење на огнот и густ чад во просторот.Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а Обвинителството го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryi9j636q7ebl39lbX1zK

(Видео) Полицајците не признаа вина: Не го казнувале „Пулс“, туку прекршоците ги евидентирале на неактивна фирма

Тројцата полициски службеници обвинети во предметот поврзан со работењето на клубот „Плус“ во Кочани не признаа вина пред судот и најавија дека ќе докажуваат дека не сториле злоупотреба.Инспекторите Кире Богатинов и Горан Лазаров, како и поранешниот командир на Полициската станица Кочани, Александар Темелков, се товарат дека при две акциски контроли наместо да ги евидентираат прекршоците кај фирмата на клубот „Плус“, казните ги запишале на друго, неактивно правно лице, со што активниот субјект не бил санкциониран.Обвинителката Ивана Алексова Трајчева на првото рочиште изјави дека обвинението е поткрепено со материјални докази, кои беа изведени пред судот.„Проблемот е што при акциска контрола, кога ќе се констатира прекршок, постојат јасни правила за составување записник, утврдени во анекс-планот за акциска контрола. Во конкретниот случај не била побарана потребната документација од одговорното лице во правното лице каде што е констатиран прекршокот, туку како што им било кажано, така било запишано – правно лице кое било неактивно и одговорно лице кое не било активно“, рече обвинителката.Во однос на поранешниот командир Темелков, обвинителството тврди дека тој ги потпишал барањата за поведување прекршочна постапка и покрај тоа што во прилог имал документација од која можел да утврди дека податоците не се точни.„Барањата не се поднесуваат без пропратна документација. Имал увид во тековната состојба и можел да види дали правното лице било активно и дали станува збор за вистинско одговорно лице. И покрај тоа, ги потпишал и поднел барањата“, додаде Алексова Трајчева.Според обвинението, со ваквото постапување активното правно лице избегнало санкција, со што била прибавена имотна корист. Судската постапка продолжува со изведување докази и сослушување сведоци.

Настани | пред 3 седмици

media-libraryfgker7lm7l8e90awgEY

(Фото) Мајката на загинатата Ивона во Пулс: Вратете ги работите на моето дете, како може да носите нешто кога знаете дека е од невино убиено дете?

Во пресрет на почетокот на постапката за враќање на личните предмети од трагичниот пожар во кабарето „Пулс“ во Кочани, јавноста ја потресе апелот на Стојка Иванова-Антова, мајка на загинатата Ивона Антова.Таа упати повик до сите кои по трагедијата биле во полициските простории или имале контакт со предметите пронајдени по увидот, доколку по грешка или ненамерно зеле нешто што не им припаѓа, да го вратат кај вистинскиот сопственик – кај нејзината ќерка.„Не барам ништо туѓо. Барам само она што беше на моето дете“, наведува мајката во обраќањето, потенцирајќи дека станува збор за лични работи и спомени од, како што вели, „еден млад живот што згасна прерано“.Таа побара да се вратат кожено долго палто – мантил, нараквица од „Тифани“, дебела сребрена нараквица како на фотографиите, обетки од „Сваровски“, прстени, очила од „Емпорио Армани“ и зелен „Ајкос“. „Шминките не се важни, но ова се нејзини лични работи и треба да се вратат таму каде што припаѓаат“, наведува таа, додавајќи: „Вратете ги со мирна совест, зашто тоа се спомени од едно невино убиено дете. Една мајка ве моли“.Претходно, Одделение за внатрешни работи Кочани информираше дека од 2 до 6 март 2026 година, во периодот од 09:00 до 18:00 часот, ќе се врши идентификација и враќање на личните предмети пронајдени на местото на пожарот што се случи на 16 март 2025 година.Сите повредени лица, како и блиските членови на семејствата на починатите и другите присутни на настанот, можат да се обратат во просториите на ОВР Кочани на улицата „Тодосија Паунов“ број 12, при што враќањето ќе се врши по претходна идентификација.

Македонија | пред 4 седмици

puls-19

Телефони, паричници, накит: се враќаат предмети кои останаа во „Пулс“ по кобната вечер

Одделение за внатрешни работи Кочани информира дека од 2 март 2026 година започнува постапката за враќање на личните предмети пронајдени на местото на трагичниот пожар во кабарето „Пулс“, што се случи на 16 март 2025 година.Како што соопштуваат од полицијата, сите повредени лица, блиски членови на семејствата на починатите, како и други лица кои биле присутни за време на настанот, во периодот од 2 до 6 март 2026 година, во времето од 09:00 до 18:00 часот, можат да се обратат во просториите на ОВР Кочани на улицата „Тодосија Паунов“ број 12.Целта на посетата е идентификација и враќање на личните предмети што биле пронајдени при увидот, а им припаѓаат на повредените и на починатите лица. Меѓу предметите што ќе се враќаат се мобилни телефони, паричници, накит, часовници, ташни, облека и обувки.Од ОВР Кочани нагласуваат дека враќањето ќе се врши по претходна идентификација од страна на сопствениците или од блиски членови на семејствата на починатите.

Македонија | пред 4 седмици

puls-38

Со тродневна програма ќе се одбележи годишнината од „Пулс“

Кочани од 14 до 16 март со тридневна програма ќе ја одбележи годишнината од трагедијата во „Пулс“, во која животот го загубија 62 млади лица. Градот најавува денови на тишина, благодарност и достоинствено сеќавање.На 14 март, под мотото „Молитвен шепот“, ќе се одбележи Ден на тишина. Во храмовите ќе се палат свеќи за упокојување на душите на прерано згаснатите животи. Организаторите посочуваат дека духовното единство треба да биде мелем за раните што сè уште болат.Следниот ден, 15 март, ќе биде посветен на хероите. Под наслов „Кочани Ви благодари“, градот ќе им оддаде признание на лекарите, медицинските тимови и сите кои во критичните моменти помогнаа во спасувањето на повредените. Ќе бидат доделени статуетки на благодарност, а ќе се одржи и културна програма во чест на оние кои беа светлина во најтешките часови.На 16 март, точно на денот на трагедијата, ќе се одбележи Денот на вечното сеќавање. Кочани ќе застане во мир и сплотеност, со оддавање почит на младите чии имиња, како што велат организаторите, засекогаш се врежани во темелите на градот.Градоначалникот Грозданов до младите кои ја преживеаја кобната ноќ. Тој ги повика лично да ги поканат лекарите и медицинскиот персонал што се бореле за нивните животи.„Ве охрабрувам сами да ги поканите вашите доктори, вашите ангели чувари. Општината ќе ги пречека со отворено срце и со сите почести, но вашата лична покана е она што ја прави разликата. Тоа е чин на жива благодарност“, истакна Грозданов.Со оваа програма, Кочани испраќа порака дека болката не е заборавена, но дека благодарноста и сплотеноста остануваат трајна вредност.

Македонија | пред 4 седмици

media-library6gvg6mttmcefbs54Zru

Таткото на загинатата Надица од „Пулс“: Нема да дозволиме некој да си ја пере совеста врз смртта на нашите деца

„Нема да дозволиме некој да си ја пере совеста врз туѓа трагедија. Нема да дозволиме никој да гази врз смртта на нашите деца за да ја спаси сопствената позиција или углед.“ Со овие зборови Александар Наунов, татко на загинатата Надица во трагедијата „Пулс“, повторно се обрати пред јавноста, нагласувајќи дека родителите остануваат обединети во борбата за целосна одговорност.Тој посочи дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со случајот, но дека, според него, постојат и други со „многу поголема моќ, обврски и надлежности“ кои засега не се опфатени со обвинението. „Тоа што денес не се опфатени не значи дека се ослободени од одговорност. Законот е јасен – ова дело не застарува. Ќе има ден и ќе ги чекаме и нив на обвинителна клупа“, рече Наунов.Осврнувајќи се на информациите дека се бара свикување колегиум за повторно разгледување на обвинението и евентуално ослободување на дел од обвинетите, тој порача дека „колегиумот може да прегледува документи, но не може да брише факти, пропусти и нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт“.Наунов направи разлика меѓу човечкиот инстинкт за самоодбрана и службената должност. „Кој помогнал – чест му и слава. Кој не помогнал – тоа е слабост на човекот, а не доказ за вина. Но суштината е во тоа кој имал должност, а не ја извршил. Кој имал овластување и не го употребил. Кој имал моќ, а ја свртел главата“, истакна тој.Тој нагласи дека родителите не бараат одмазда, туку правда и систем што ќе ги штити децата. „Ревизијата е техничка процедура, не е амнестија. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Вистината ќе излезе на виделина, сакал некој или не“, порача Наунов, најавувајќи дека борбата ќе продолжи сè додека не се утврди целосната одговорност за трагедијата.

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2025-05-15-at-14.37.45

Бектеши и двајца други обвинети преку адвокат бараат ревидирање на обвинението за „Пулс“ за да бидат тргнати од него

Бранителот на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, службеникот Зоран Николовски и ексдиректорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути поднесе иницијатива за ревидирање на обвинителниот акт за случајот „Пулс“, со барање тие да бидат ослободени од обвинение поради, како што наведуваат, отсуство на вина.Адвокатот Еленко Миланов побара од в.д. обвинителката Анита Топалова-Исајловска да свика колегиум во рамки на Обвинителството и да се разгледа поднесеното обвинение, по што ќе донесат одлука овие обвинети да бидат ослободени заедно со сите кои немале директна причинско-последична врска или пак овластување кобната ноќ.„Иницијативата е за еднаква примена на законите, исто така и согласно начелото за економичност на постапката за да истата може да заврши ефектно во однос на лица за кои евентуално може да има причинско последична врска со самиот кривично правен настан, а со избегнување на обемност со лица за кои таквата причинско последична врска со настанот не постои, истовремено со отсуство на дејствија на сторување или не сторување поврзани со делото“, стои во дописот кој го објави ТВ24.Барањето е поднесено по обвинението и обвинителниот предлог на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Таму се водат одвоени постапки зависно од сторените дела на полицајците. Меѓудругото, се гонат и полицајци кои доставиле невистинити податоци за исполнетост на услови до Министерството за економија.Обвинетите преку адвокатот бараат да одговараат само тие кои имале директни дејствија или овластувања во време на пожарот, а не сите кои со години придонесувале во тоа „Пулс“ да работи без проблеми.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryn0qojsto6r1e79CSBgB

Како се справи Македонија со трагедијата во Кочани, а како Швајцарија со Кран Монтана – Здружението „16 март 2025“ со споредба: човечност што лечи vs. молк што боли

Здружението „16 март 2025“ реагира на социјалните мрежи со остра споредба меѓу институционалниот одговор по трагедијата во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана и односот на домашните власти по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Од здружението посочуваат дека додека швајцарските институции обезбедиле брза финансиска помош, организирале државна комеморација и воспоставиле координирана поддршка за семејствата, кај нас речиси една година по трагедијата нема официјална комеморација, ниту јасен институционален план за поддршка и одговорност.„Две реакции на иста трагедија: човечност што лечи vs. молк што болиПо трагедијата во Crans-Montana на 1 јануари 2026 година, швајцарските власти демонстрираа пример за брза, организирана и човечка институционална реакција. Според информациите што ги пренесоа властите, за секое лице кое починало или било хоспитализирано се издвојуваат по 56.000 долари како директна помош. Дополнително, кантоналните власти во Вале, пред еден месец на сите засегнати им исплатиле по 10.000 швајцарски франци како облик на солидарност.Важно е да се истакне дека во Crans-Montana веќе беше одржана официјална државна комеморација на 8 јануари 2026 година, само една недела по трагедијата. Овој чин претставува јасна изјава на солидарност, признание и институционална поддршка кон семејствата на загинатите и повредените.Дополнително, во Швајцарија се организираат заеднички средби меѓу семејствата, државните претставници и осигурителните компании, со цел да се избегнат долги и исцрпувачки судски процеси.За оваа намена, Швајцарија има предвидено вкупно 20 милиони долари, како фонд за обесштетување и поддршка на сите погодени. Покрај тоа, 8,5 милиони долари ќе бидат префрлени на кантоналните власти за покривање на трошоците за итните интервенции и санација на последиците.Со тоа државата испраќа порака дека стои зад своите граѓани во моментите кога им е најпотребно.Овој модел на постапување ја става човечноста и одговорноста на прво место.Спротивно на ова, семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани на 16 март 2025 година и понатаму се соочуваат со институционално молчење. До денес не е обезбедена ниту финансиска, ниту морална поддршка, нема координирани средби со семејствата и нема план за институционална и финансиска поддршка.И најважно — во нашата држава до денес не е одржана државна комеморација за жртвите од трагедијата „Пулс“. Таквиот чин не е формалност, туку основна обврска на државата кога ќе бидат изгубени животи како последица на системски пропусти. Комеморацијата е официјален акт на национална почит и јавно признавање на трагедијата, како и јасна порака дека институциите стојат зад своите граѓани.Нејзиното изостанување скоро една година претставува сериозен институционален пропуст кој создава впечаток на дистанца, игноранција и одбегнување одговорност. Со ваквиот однос, државата испраќа длабоко погрешна и навредлива порака — како вината да се префрла врз загинатите деца и нивните семејства, наместо врз причините и пропустите што доведоа до трагедијата.Додека во Швајцарија судските процеси се избегнуваат со брза институционална координација, кај нас судските постапки се одолговлекуваат, а според достапните информации од правниот процес, во обвинителниот акт сè уште не се вклучени актуелни функционери, раководители или директори кои имаат позиција на одговорност во трагедијата „Пулс“.Семејствата беа оставени сами и во најтешките моменти. И погребите и надгробните обележја кај вечните почивалишта беа платени од донации преку Црвениот крст, а не од државата.Затоа ги поставуваме прашањата што одекнуваат скоро цела година:- Како е можно една одговорна држава, кога ќе изгуби свои деца, да реагира веднаш — со државна комеморација, со институционална поддршка, со финансиска помош, со јавни ставови, со јасен план за вистина и правда — а нашата држава скоро една година да не направи апсолутно ништо?- Како е можно институциите да не покажат ниту најминимален чин на човечка и државничка должност?- Како е можно да нема гест, нема позиција, нема став, нема јавна обврска?Како е можно трагедијата „Пулс“ да биде третирана како непријатност што треба да се сокрие, наместо како национална рана што мора да се залечи со вистина и со правда?- Како е можно државата да не спроведе ниту една сериозна мерка, ниту една реформа, ниту една јавна истина — како да се работи за настан што не ја засега?Семејствата на загинатите деца не бараат милост, ниту политичка услуга.Бараат нешто што е темел на секоја демократска држава: одговорност, транспарентност и државен став.Бараат државата да покаже дека стои зад своите граѓани, а не зад своето молчење.Зашто кога институциите ќе молчат толку долго, молкот престанува да биде тишина — станува став.Станува порака дека трагедијата не е приоритет.Станува признание дека одговорноста се избегнува.Станува обвинување врз самите жртви и нивните семејства.Но вистината не може да се затвори.Ни правдата не може да се паузира.Ни болката не може да се измие со игнорирање. .Болката останува наша.И колку и да бегаат од одговорност, срамот останува нивен — и ќе остане нивен сè додека државата конечно не постапи како држава: со јавно признание, со државна комеморација и со јасен пат кон вистина и правда“, велат од Здружението 16 март 2025.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryk26rk79e27ch1hZZ1NI

Одобрени обвиненијата за 13 полицајци за пожарот во „Пулс“ и злоупотребите на ИПАРД фондовите

Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје во целост ги одобри двете големи обвиненија поднесени од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Станува збор за предметот за пожарот во кочанскиот објект „Пулс“ и случајот со коруптивни злоупотреби поврзани со европската ИПАРД програма.​Судење за 13 полициски службеници за трагедијата во „Пулс“ ​Првиот одобрен акт се однесува на 13 полициски службеници кои ќе седнат на обвинителната клупа под сериозно обвинение – Тешки дела против општата сигурност. Овој случај е директно поврзан со страотниот пожар кој на 16 март 2025 година избувна во објектот „Пулс“ во Кочани.​„Обвинителниот акт со КОК – ооа 4/26, против 13 полициски службеници кои се товарат дека сториле кривично дело – Тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот… се одобрува во целост“, информираат од Кривичниот суд.​Вториот предмет опфаќа финансиски и коруптивни малверзации. Обвинението е насочено против пет физички лица за низа кривични дела: Давање и примање поткуп, како и Давање и примање награда за противзаконито влијание.​Во склоп на овој предмет има и обвинителен предлог против уште четири други физички и едно правно лице. Сите дела се поврзани со незаконско користење на средства преку европската ИПАРД програма.​Врз основа на одобрените акти, веќе се формирани кривично-правните предмети (КОК бр. 4/26 и КОК бр. 5/26).Од Судот информираат дека преку АКМИС-системот овие предмети ќе бидат електронски распределени кај надлежни судии за понатамошно постапување. Термините за првите главни расправи ќе бидат дополнително објавени во Календарот за судења на веб-страницата на Кривичниот суд.

Македонија | пред 1 месец

media-librarytnj8ue6brdouacqERKu

Сведочење за трагедијата во „Пулс“: Панчо викна – „Деко, гори“, кога бев келнер нѐ раздолжуваше и Михајло

Со сослушување на сведоци продолжи судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“, при што денеска исказ даде Бојан Клименков, другар на загинатиот Петар Иванов. Клименков е поранешен келнер во локалот, кој кобната вечер бил таму како гостин.Клименков изјави дека шеф во „Пулс“ бил Дејан Манасиев, кој, според него, исплаќал заедно со Михајло и Дејан Јованов – Деко.Тој посочи дека посетителите однапред знаеле кога ќе има полициски инспекции поврзани со малолетници и дека по заминувањето на инспекциите повторно се враќале во објектот.Сведокот истакна дека критичната вечер забележал три прскалки кои, според него, се активирале автоматски, најверојатно преку систем со копче, бидејќи никој физички не дошол да ги запали. Огнот, како што рече, започнал од таванот веднаш по догорувањето на прскалките.„Вечерта не ги видовме прскалките, ама кога ги запалија, осетивме како нè пецкаат, па се тргнавме. Имаше три прскалки, сами се активираа, најверојатно со копче. Откако се активираа, се тргнавме настрана, видовме дека се запали плафонот над левата прскалка, лево гледано кон бината. Панчо викна ‘Деко, Деко, гори’. Деко дојде со противпожарен апарат и се обиде да гасне, па се упати десно од бината, можеби да се исклучи струјата. Тогаш Панчо рече ‘излегувајте’ и сите тргнавме кон надвор“, сведочеше Клименков, пренесе Плусинфо.Тој опиша дека во метежот кај влезот имало меѓу 300 и 400 луѓе, а густиот чад оневозможувал видливост. Додаде дека почувствувал силен мирис во салата кој предизвикувал поспаност и губење на свеста.„Беше топло, ме зафати стампедото и се онесвестив. Кога се освестив, над мене имаше пет-шест тела. Ми помогна Горан Илиев да излезам. Додека лежев ги видов сите кои спасуваа – Лазар Захариев, Горан Илиев, Методиј Клименков, мојот брат, Мартин Јосифов, Драган Петрушев. Кога ме извлекоа ги видов пожарникарите. Надвор пак се онесвестив и се освестив во комбето на пат кон болница“, рече тој.Во судницата беше спомената и врата која била заклучена, а за која претходно имало тврдења дека служела како излез за евакуација на малолетници при полициски рации.Судењето се одвива под засилено полициско обезбедување. Следното рочиште е закажано за 5 март, кога ќе бидат сослушани нови сведоци на Обвинителството.

Македонија | пред 1 месец

puls-5

„Останавме на масата и снимавме, мислевме дека е некаква анимација“, вели гостин за пожарот во „Пулс“

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ сведочеше и Алберто Миладинов, кој кобната ноќ бил присутен во дискотеката и го снимал настапот кога избувнал пожарот.Тој изјави дека во 02:32 часот биле активирани прскалките на сцената, момент кој, како што рече, е забележан и на видеото што го снимал.„Ги снимав пејачите и на крајот од видеото се гледа како дел од таванот почнува да гори. Кога започна рефренот се вклучија прскалките и тогаш се запали дел од плафонот. Останавме на масата и снимавме, мислевме дека е некаква анимација. Дури кога пејачот повика да излеземе надвор, почнавме да се упатуваме кон излезот“, сведочеше Миладинов, додавајќи дека според неговото набљудување токму од нив започнал пожарот.Според неговото сведочење, пожарот многу брзо се проширил, а во објектот настанала голема гужва.„Прво мислевме дека лесно ќе се изгасне и дека забавата ќе продолжи, но огнот брзо се ширеше. Температурата нагло се зголеми, беше многу жешко и загушливо, чадот беше густ и тешко се дишеше“, изјави Миладинов.Во обид да излезе, успеал да ја помине првата врата, но кај втората почнал да губи свест.„Некој ме фати и ме извлече надвор. Можеби беа луѓе од обезбедувањето, но не сум сигурен. Подоцна го слушнав гласот на мој другар кој бараше помош“, сведочеше тој.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryk2l776t3a7u09BS5x6w

Гитаристот на ДНК за „Пулс“: Огнот беше над мојата глава, капеа црни капки, од кои имам изгореници, но повеќе имав од топлината

Денес пред Судот сведочеше Горан Тонев, гитаристот на групата ДНК. Тонев во судницата се појави со видливи изгореници на лицето и вратот, како последица од пожарот.Тој изјави дека околу една година и три месеци имал устен договор со Филип Стевановски да настапува како надворешен соработник и гитарист со дуото ДНК.Тој рече дека не забележал поставување на пиротехника на бината.– Секогаш прво правевеме тонска проба, па бендот се повлекуваше, а кога се враќавме на настанот тие веќе беа наместени. Не знам кој ги поставувал – рече тој и додаде дека и претходно се користела пиротехника на настапите на ДНК.Според него, прскалките се активирале околу 2.30 часот.– Потоа Владимир Блажев Панчо рече на микрофонот сите да излеземе надвор. Тоа го рече затоа што плафонот почнал да гори. Од местото каде што стоев јас, тоа не се гледаше јасно. Кога рече Панчо, тогаш го видов пламенот. Го оставив својот инструмент на бината и се упатив кон единствениот излез. Во дискотеката имаше премногу луѓе, така што, веднаш се заглавив во стампедо, кое траеше долго време. Долго време не успевав да излезам оттаму. Во тие моменти мислев дека го губам мојот живот – рече тој.Од Тонев беше побарано да го опише пожарот.– Јас се симнав од бината. Се ширеше екстремно брзо. Капеше одозгора и беше екстремно топло. Имаше многу густ чад, не можев да дишам и тоа траеше многу долго. Кога погледнав нагоре, огнот беше над мојата глава и капеа црни капки, од кои имам изгореници, но повеќе имав од топлината – рече тој.Гитаристот сведочеше дека се здобил со изгореници на дишните патишта, десното уво, десната рака, лицето и грбот. Поради сериозноста на повредите бил лекуван во Солун и сè уште не е во можност да се врати на работа.

Македонија | пред 1 месец

media-library0des7vqsdbnkeijcY1R

Оваа лакардија Обвинителството е должно да ја прекине, изложуваме премногу луѓе на огромна траума, вели Шилегов за судскиот процес „Пулс“

На денешното рочишта за пожарот во дискотеката „Пулс“, адвокатот Петре Шилегов, упати остри критики до судот и обвинителството, посочувајќи на очигледни двојни аршини при одредувањето на мерките за обезбедување на обвинетите.Шилегов потенцираше дека јавноста со право реагира на нееднаквоста пред законот. Иако, како што вели, лично не е поборник за секогаш да се посегнува по мерката притвор, смета дека правилата мора да важат за сите граѓани подеднакво.„Аршините за определување мерки за обезбедување присуство на судење треба да бидат еднакви за сите, а не да зависиме од нечија волја. Очигледно е дека во конкретниот случај има различни аршини. Не може за едни да имате едно правно мислење за истиот кривично-правен настан, а за други сосема поинакво“, изјави Шилегов.Тој упати директен повик до Јавното обвинителство да покаже одговорност и да стави крај на начинот на кој се води постапката, квалификувајќи го тековниот тек на судењето како „лакардија“ која непотребно ги трауматизира оштетените.„Оваа лакардија која се случува во конкретниот предмет, Јавното обвинителство е должно да ја прекине. Надвор од материјалниот аспект, ние изложуваме премногу луѓе на огромна траума“, порача адвокатот Шилегов.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryn0n3c9d5rmf72hqziMf

„Бев најдолу во стампедото, ногата ми беше заглавена, мирисот тераше на спиење“, потресно сведоштво на преживеаниот вокал од ДНК

Професорката Ана Костадиновска, која беше придружна пејачка на некогашната група ДНК, чии главни вокали починаа во катастрофалниот пожар во Кочани, прва сведочеше на денешното рочиште за пожарот вo дискотеката „Пулс“. Таа е сведок на Обвинителството.Костадовска појасни дека не била постојан член на бендот, туку била ангажирана по потреба, зависно од настапите. Заедно со неа настапувала и Сара Пројковска, со која, како што рече, има блиска пријателска и професионална соработка.Сведокот посочи дека за техничката поддршка бил задолжен Мартин Атанасов, додавајќи дека лично никогаш не видела кој ги поставува прскалките на сцената, иако тие со години се користеле без да предизвикаат проблемВо последните 4-5 години ДНК беше многу баран бенд и настапуваше често. На сите настапи во последните години имаше прскалки и никогаш немаше проблем. Стоеја до нас, до опремата, прскаа во мене, никогаш немало проблем“, одговараше Ана на прашањата.Пред настапот, членовите на бендот чекале во канцеларија – импровизирана просторија до дискотеката. За да стигнат до бината, изведувачите морале да се пробиваат низ публиката.На четвртата песна избил пожарот.Ја изведувавме песната ‘Што сака нека биде’, на рефренот беа пуштени прскалките. Јас погледнав инстинктивно нагоре и видов искри. Панчо на микрофон рече да излеземе. Бевме бавни, не ја сфативме сериозно ситуацијата. Видов врата до бината, беше затворена со катанец и не можевме да излеземе. Но, сè се случи брзо. Почувствував топлина, пукање и удар во грбот од пластика. Настана стампедо. Сара тргна со мене. Го поминавме шанкот, но тука се разделивме. Паднав најдолу во стампедото, пред самиот излез. Настана страшна паника и хаос. Се чувствуваше мирис кој тераше на спиење. Во стапицата со мене беше еден дечко кој сите нè држеше будни. Ногата ми беше фатена на друга страна. Беше хорор, не можам да опишам“, сведочеше Ана.Потоа, преживеаните во толпата почувствувале свеж воздух. Се намалил притисокот и почнале да ги извлекуваат натрупаните луѓе.„Не се сеќавам кое беше момчето што ми помогна, но ми го спаси животот“, рече Костадовска во сведочењето.

Македонија | пред 1 месец

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Газда Деко да биде однесен од затворот во Куманово во Идризово: адвокатката бара преместување оти “нечовечки” бил третиран

Адвокатката Ивана Коцевска, бранителка на сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов, на денешното рочиште побара судот да донесе решение за пренесување на Јованов во затворот во Идризово бидејќи затворскиот персонал од затворот во Куманово, како што рече, се однесува „деградичарки нечовечки и понижувачки кон обвинетиот“.Судот веќе има на увид обемен медицински материјал за првообвинетиот, кому му беше направена сериозна хируршка интервенција на три нивоа на ‘рбетниот столб и беше вратен во притвор. Одбраната три месеци бара да му се овозможи контрола за совет за натамошно лекување. Судот даваше наредба за спровод на осомничениот, истиот не беше спроведуван, сѐ до 23.02.2026 година, пред два дена. Исто и поради причини за економичност на постапката и потребата Јованов да се спроведува на Клиниката за неврохирургија, го молам судот да донесе одлука да го премести Јованов во КПУ Скопје – рече Коцевска.Претходно, адвокатот Петре Шилегов, бранител на Шефкет Хазари од Министерството за економија, на почетокот од денешното судење побара да се преиспита обвинението за да се види кој бил директно инволвиран, а кој не, и да се направи издвојување на постапките. Воедно, побара да се одложи денешното рочиште.Судот го одби ова барање со образложение дека не може да му наложи на ЈО како да постапува. Јавното обвинителство е самостоен орган и судот не може да му наложи како ќе постапува и дали ќе се консолидира со ОЈО ГОКК, а особено што судот секогаш мора да постапува само по поднесеното обвинение не мешајќи се во работата на ЈО, како и од причини што нема увид во другото обвинение и во овој момент и да го има, не може да врши споредба – рече судијката Дијана Груевска-Илиевска.Според Шилегов, обвинението против дел од обвинетите, вклучително и Шефкет Хазари, е правно неодржливо бидејќи тие немале законска надлежност за инспекциски надзор нагласувајќи дека „правдата не смее да се гради врз неправда“.Судењето продолжи со сведочење на Ана Костадиновска, придружен вокал на групата ДНК. По нејзиното сведочење, предвидено е да се сослушаат уште четворица други сведоци.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryk26rk79e27ch1hZZ1NI

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ – денес искази на петмина сведоци

Денеска во судницата на Кривичниот суд во Идризово ќе продолжи судењето на обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 луѓе, а над 220 беа повредени. За катастрофата што се случи на 16 март 2025 година им се суди на 35 физички и на 3 правни лица, за делото Тешки дела против општата сигурност.Денес е предвидено искази да даваат петмина сведоци предложени од Јавното обвинителство.Во процесот се обвинети сопственикот на дискотеката, управителите, членовите на обезбедувањето, поранешни градоначалници на Кочани, градежни и пазарни инспектори, поранешни директори на Дирекцијата за заштота и спасување, поранешни министри за економија, службеници во Министерството за економија, за дејствија што ги преземале или не ги преземале во периодот од 2012 година до денот на пожарот, а поради што настанала катастрофата.Судењето ќе го води судијката Диана Груевска Илиевска, а обвинителството е застапувано од тим од 15 јавни обвинители

Македонија | пред 1 месец

media-librarya2pntiq3g94e3YsgGNI

„По тие скали лежат 63 животи“, таткото на загинатата Надица потсети дека се ветени осум рочишта месечно за „Пулс“ а се одржуваат 2-3 со одлагања

Таткото на загинатата Надица Наунова, Александар Наунов, јавно го прозва Обвинителството и Кривичниот суд за, како што рече, неисполнетите ветувања во судскиот процес за трагедијата „Пулс“, укажувајќи на одложувања, оправдувања и недостиг од најавената динамика на судењето.„Пред почетокот на судењето слушнавме гласни ветувања дека ќе има две рочишта неделно, дека нема да има неоправдани одложувања, дека ќе се контролираат лекарските оправдувања и точноста, дека Обвинителството нема да дозволи постапката да пропадне поради неосновани причини, особено ако станува збор за одолговлекување. Тоа беа ваши зборови, ваши гаранции пред јавноста, ваши ветувања кон нас. Денес прашуваме – каде се тие ветувања?“, рече Наунов.Тој посочи дека во јануари се одржало едно рочиште, во февруари две, а до крајот на месецот е закажано уште едно, „ако воопшто се одржи“. Според него, ветеното темпо од две рочишта неделно не се реализира, а честите оправдувања отвораат сомнежи кај семејствата на жртвите.„Гледаме обвинети кои од здрави стануваат болни, носат документација за која не знаеме дали е основана. Тоа кај нас буди сомнеж дека дејствијата се со цел одолговлекување на постапката“, нагласи Наунов.Тој го отвори и прашањето за безбедносните контроли во притворот, откако на првообвинетиот му бил пронајден мобилен телефон во ќелијата.„На првообвинетиот му е пронајден телефон во ќелија и сè завршило со опомена. Се поставува прашањето дали се врши контрола во притворот, што се случува во телефоните на првообвинетиот, дали се обработени до крај и дали е извлечена целата комуникација. Дали требаше да има само опомена или да помине време во самица? Тоа отвора сомнежи и не враќа доверба“, изјави тој.Дополнително, Наунов посочи дека на суд било забележано сведочење кое се разликува од изјавата дадена пред Обвинителството.„Видовме сведок кој даде изјава различна од таа пред Обвинителството. Прашуваме како се постапува со луѓето кои лажно сведочат?“, рече Наунов.Во емотивно обраќање, тој им порача на сите кои, како што рече, ја релативизираат тежината на случајот:„За оние кои тврдат дека ‘Пулс’ е толку климаво поставен што ќе падне, нека запомнат нешто – по тие скали не лежат предмети, бројка, статистика. По тие скали лежат 63 млади животи, 63 светови кои згаснаа. Ние немавме деца за давање. Тие беа наша фамилија. Тоа не се имиња на лист хартија. Слушнавме што ветивте, ама гледаме што правите. Нашето трпение е при крај.“

Македонија | пред 1 месец

media-librarydomdur700fnm2WHyXki

Во сабота нов „Марш на ангелите“: Правдата не смее да доцни

Во Сабота, 21 февруари 2026 во 15:05 часот ќе се одржи Марш на ангелите во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.„Маршот на ангелите — достоинствен собир посветен на сеќавањето и на барањето правда.Ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат во тивок марш, обединети во истата цел: вистинска правда за секој млад живот и одговорност за секоја неправда.Овој марш е глас на семејствата, пријателите и целата заедница која не се помирува со молкот и нерешените прашања.Чекориме за да потсетиме дека правдата не смее да доцни и дека секое изгубените животи нè обврзуваат на упорност.Вашето присуство е важна поддршка.Да одиме заедно — достоинствено, тивко, но одлучно“, стои во објавата.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Обвинет е во болница, па судењето за „Пулс“ утре нема да се одржи

Расправа за предметот со ознака К.бр.1872/25, поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, закажана за 19 февруари 2026 година, е одложена поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Г.М., кој се наоѓа на болничко лекување во Општата болница во Кочани, информираат од Кривичниот суд.Како што соопштуваат од Судот, претседателот на судечкиот совет во текот на денот остварил телефонски контакти со лекарите задолжени за лекувањето на обвинетиот. Тие го известиле дека Г.М. во моментот не е во состојба да присуствува на главната расправа, но изразиле уверување дека неговата здравствена состојба ќе се подобри и ќе може да продолжи да ја следи постапката.Поради економичност на постапката и со цел да не се предизвикаат дополнителни трошоци, претседателот на советот за одлагањето ги известил бранителите, полномошниците и законските застапници на оштетените, сведоците, како и надлежните казнено-поправни установи и полициски станици.Од Судот додаваат дека сите веќе определени последователни термини за одржување на расправата остануваат во сила.Ова е второ одлагање на рочиште во овој предмет во краток период, откако претходно беше одложена расправата закажана за 14 јануари, бидејќи еден од обвинетите остана без адвокат.

Македонија | пред 1 месец

puls-kocevski

(Видео) „Со 33 обвинети предметот за Пулс мора да трае“ – Давидовиќ лоцира одговорност кај разрешениот Коцевски за напнатата атмосфера

Адвокатот Звонко Давидовиќ во емисијата „Претрес“ изнесе сериозни забелешки за текот на судскиот процес „Пулс“, оценувајќи дека начинот на кој бил поставен предметот од самиот почеток придонел за напната атмосфера во судницата.Според него, со оглед на бројот на обвинети – 33 или 34 лица – и обемот на доказниот материјал, било јасно дека постапката ќе трае подолг временски период. Давидовиќ посочи дека сменетиот јавен обвинител Љупчо Коцевски не покажал доблест отворено да им укаже на семејствата и на јавноста дека станува збор за комплексен предмет што не може да заврши брзо.„Кога обвинителите одговарале за она што го направиле, а завршило многу лошо? Со 33-34 обвинети и со една хрпа докази, предметот мора да трае“, изјави Давидовиќ, додавајќи дека на едно рочиште се сослушуваат најмногу двајца до четворица сведоци.Тој ја опиша атмосферата во судницата како „наелектризирана“,што, според него, не е коректно и не придонесува за фер постапка.Во разговорот, новинарот го праша дали смета дека коренот на ваквата состојба лежи кај обвинителот Коцевски, на што Давидовиќ одговори кратко и недвосмислено: „Апсолутно.“За целиот судски случај, но и за други ексклузивни теми:

Македонија | пред 1 месец

media-libraryk26rk79e27ch1hZZ1NI

(Видео) Кој фали на обвинителна клупа за случајот „Пулс“, Давидовиќ: Главниот шериф не одговара

„Ако тврдите дека сите оние кои биле надлежни да ја контролираат дискотеката, а главниот шериф во градот кој е обвинител не одговара – нешто фали“. Со овие зборови адвокатот Sвонко Давидовиќ, кој застапува двајца обвинети во случајот за пожарот во дискотеката „Пулс“, ја отвори дилемата за тоа кој се најде на обвинителна клупа, а кој фали.На прашањето дали очекува дополнителни лица да се најдат на обвинителна клупа, Давидовиќ беше дециден: „Не. Затоа што досега ќе се најдеа“, мислејќи на обвинителите надлежни да гонат кривични дела во Кочани.Во разговорот се отвори и прашањето за пораката што институциите ја испраќаат до јавноста.„Испраќаме дека корупцијата е до тоа ниво дојдена што носи наши животи и дека само по страшен настан преземаме дејствија одреден период, па потоа забораваме. Контроли правиме само тогаш, наместо претходно да ги преземеме потребните мерки“, истакна Давидовиќ.На констатацијата дека со вакво обвинение можеби нема да има правда, адвокатот оцени дека „тажно е што правната квалификација не е во ред“, алудирајќи дека суштината на случајот можела да биде поинаку поставена.Во емисијата беше нагласено дека предметот опфаќа голем број докази и обвинети лица, но според Давидовиќ, начинот на кој е структурирано обвинението остава простор за сериозни правни дилеми во однос на одговорноста и конечниот исход на постапката.Во поткастот се зборува и ексклузивно за судијата Ѓоко Ристов и од каде му 350.000 евра во домот на родителите:

Студио | пред 1 месец

media-libraryba5s57816tu4dk1tsv0

Страшно сведоштво на пожарникар: Три јагленосани тела во ‘Пулс’, едното се држи за маса, друго потпрено за столб, третото со раце нагоре

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ сведочеше пожарникарот Драган Апостолов, кој е командир на противпожарната единица во Кочани. Тој го опиша ужасот во дискотеката каде ималоненормално висока температура.„Толку многу беше висока температурата внатре, што и преку опрема добив изгореници и големи пликови по рацете, а не ме фати огнот”, рече сведокот.Апостолов детално објасни како пожарникарите со „водени лепези“ се обидувале да ја намалат температурата за да можат да ги извлекуваат преживеаните до „црвениот тепих“, каде ги преземале екипите на брзата помош.„По пристигнување во 2:55 веднаш се упатив во објектот. Огнот беше распламтен внатре, гореше плафонот, шанкот и бината. Јас со млазот вода влегов внатре и правев лепеза од вода за да се намали температурата, да не не пеплоса огнот сите, додека останатите извлекуваа лица“, појасни сведокот.Внатре горел плафонот, дел од шанковите. Глетката била страшна: три целосно јагленосани тела, едното се држи за маса, другото потпрено за столб, третото легнато со двете раце нагоре.Најмногу заглавени, починати и повредени лица имало во ходникот зад влезната врата.Апостолов изјави дека внатре во дискотеката видел расфрлани противпожарни апарати.„Гаснењето беше многу отежнато. Пред тоалетот имаше сандаче хидрант, внатре имаше црево, но немаше вентил и не можевме да го користиме. Имаше и расфрлани употребени пп апарати од девет килограми“, изјави Апостолов пред судот.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања