Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ПУЛС

media-libraryk26rk79e27ch1hZZ1NI

100 нови возила за Итна помош и нов протокол за изгореници – Алиу кажува за мерките по трагедијата во Кочани

Министерот за здравство Азир Алиу во завршното обраќање на Меѓународната конференција посветена на трагедијата во Кочани истакна дека државата веќе ги преточува научените лекции од пожарот во конкретни системски решенија за подобра подготвеност при масовни несреќи.Тој нагласи дека конференцијата покажала колку е важна интерсекторската соработка при справување со вакви трагедии и дека при настани со масовни жртви не е доволна само брза реакција, туку и однапред подготвен и институционално усогласен систем на постапување.„Трагедијата во Кочани уште еднаш потврди дека при настани со масовни жртви не е доволна само брза реакција. Потребен е однапред подготвен, прецизно структуриран и институционално усогласен систем на постапување“, изјави Алиу.Министерот информираше дека на последната владина седница е усвоен првиот национален план за справување со масовни жртви во државата. Планот е подготвен согласно препораките на Светската здравствена организација, европскиот механизам за цивилна заштита, стандардите на НАТО и меѓународните здравствени регулативи.Со неговата примена се очекува подобра координација меѓу институциите, поефикасно користење на ресурсите и побрз одговор при масовни инциденти, со цел намалување на смртноста и зголемување на преживувањето.Во рамки на мерките е подготвен и првиот национален протокол за третман на пациенти со изгореници, кој треба да воспостави јасни стандарди за проценка, тријажа, транспорт, интензивно лекување, хируршки третман и рехабилитација на сите нивоа на здравствениот систем.„Благодарение на работната група составена од експерти од различни области, денес имаме протокол кој обезбедува современ и структуриран алгоритам за постапување кај пациенти со изгореници“, посочи министерот.Алиу информираше дека паралелно се работи и на пошироко јакнење на системот за здравствен одговор во кризни ситуации. Дел од мерките се модернизација на службата за итна медицинска помош, воведување на профилот парамедик и лиценцирање на EMT Type 1 тимови според меѓународни стандарди.Дополнително, Владата донела одлука во текот на оваа година да се обезбедат 100 нови возила за Итната медицинска помош, со вкупна вредност од околу 7,5 милиони евра, со што значително ќе се зајакнат капацитетите на оваа служба.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryhnnnadeg5gvlbQO9mWw

(Видео) Исповед на преживеана од „Пулс“: По комата започна борбата за живот, а денес сфаќам дека ништо не вреди ако не си здрав

Преживеаната од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Надалина Грозданова, првпат јавно проговори за ноќта на пожарот и за тешката борба за живот што следувала по несреќата.Грозданова, која во моментот на трагедијата имала 19 години, беше една од повредените во пожарот. Таа раскажа дека нејзините сеќавања од моментот кога избувнал пламенот се избришани, но дека вистинската борба започнала по будењето од кома.„Јас сум Надалина Грозданова, имав деветнаесет години и бев меѓу луѓето кои беа повредени во пожарот во дискотеката ‘Пулс’ во Кочани. Сеќавањата од моментот кога избувна пламенот ми се избришани и не памтам точно што се случи, но од моментот кога се разбудив од кома во Грција знам дека во секој момент сум имала некој до мене и дека докторите и целиот медицински тим ми го спасиле животот“, раскажа таа.Таа нагласи дека секоја секунда во тие моменти значела живот и дека искуството целосно ја променило како човек.„Од многу аспекти се сменив како човек. Порано се грижев за многу работи во животот, но денес сфаќам дека ништо нема вредност кога не си здрав“, вели Грозданова.Додека се лекувала на интензивна нега, таа ја добила и титулата ученик на генерацијата, но признава дека во тој момент тоа не ѝ значело ништо.„Титулата ученик на генерација ми ја доделија додека бев на интензивна нега. Во тој момент тоа ништо не ми значеше. Животот го гледам на сосема поинаков начин“, раскажа таа.Нејзината порака по трагедијата е дека здравјето е најважно.„Добриот и здрав човек има милион желби, а болниот има само една – да оздрави. Тоа го почувствував на своја кожа“, вели таа.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryt0mcr4jn4poh3Qr3Gl1

(Видео) Тага, плач и лелек во Кочани, родителите неутешни: Ангели вечна ви слава, ве сакаме

Неутешни родители, семејства, роднини и пријатели се собраа на кочанските гробишта во алејата на ангелите, на годишнината од смртта на 63 лица кои загинаа како последица на трагедијата во „Пулс“. Солзи, тага, лелеци и болки. Драги Горгиев, татко на тапанарот од ДНК, Георги објави снимка каде се гледа траорната атмосфера. На ова место, голем дел од семејствата го минуваат секојдневието и посочуваат дека само тоа им останало по трагедијата.„Ангели вечна ви слава, ве сакаме“, напиша Горгиев.Родителите цела година, речиси секој викенд го минуваа со Маршот за ангелите, барајќи правда за своите чеда. И натаму раскажуваат за нивните планови и соништа. Душата ја отвораат пред целата јавност за да ја доловат нивната болка, од која треба да се извлече поука дека ваков настан не смее да се повтори и дека треба да биде поука за целото општество да работи на функционалност на системот.Истовремено, Кривичен суд им суди на обвинетите од сопственици на објектот до функционери кои според Обвинителството, дозволиле клубот „Пулс“ да работи без да ги исполнува законските прописи.

Македонија | пред 2 седмици

puls-38

Литургија и парастос во Кочани, конференција во Скопје: почнува одбележувањето на годишнината од трагедијата во „Пулс“

Денеска ќе се одбележи годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Планирани се повеќе настани во организација на семејствата на загинатите, Општина Кочани и Владата.Во Кочани ќе се одржи литургија, па парастос за упокоените. Од храмот „Георгиј Победоносец“, родителите ќе одат на вечните почивалишта на загинатите деца.Паралелно со настаните во Кочани, во Скопје ќе се одржи меѓународна конференција посветена на институционалните и клиничките аспекти на справување со последиците од пожарот во „Пулс“.

Македонија | пред 2 седмици

media-library1h2kddc4bbmt0ZVXbwR

Мицкоски: Македонскиот систем и институциите реагираа подобро во трагедијата во Кочани од швајцарските во Кран Монтана

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашања за системските реакции при неодамнешниот трагичен настан во Кочани, истакна дека иако е тешко да се прават споредби кога станува збор за лоши настани, институционалниот одговор во земјава бил на исклучително високо ниво.„Кога правите споредба на лоши настани, делувате некрофилски. Јас не сакам да бидам и да делувам некрофилски, но ќе дадам целосен одговор на вашето прашање. Затоа што ако се спореди тоа што ние како влада го направивме со она што се случи во Кран Монтана во Швајцарија, можам да кажам дека неколкукратно подобро се справивме. По сите параметри, во сите споредби. За жал, не постои начин како да ги вратиме тие коишто, за жал, не се повеќе со нас. Но од аспект на системска реакција, кога ќе го споредиме тој настан со оној настан што се случи во дискотеката во Кран Монтана во Швајцарија, неколкукратно подобро, верувале или не, системот македонски, институциите македонски, реагираа подобро отколку системот во Швајцарија и институциите во Швајцарија. И тоа се бројки“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarybtgnasq3k2ld8eOW1UK

Нацев се појавуваше како редар и даваше инструкции, сведочеше сведок за неформалниот сопственик

На денешното судење за случајот „Пулс“ сведокот Трајче Димишковски изјави дека Александар Нацев, неформален сопственик на агенцијата за обезбедување во „Пулс“, понекогаш се појавувал за да помогне во координација на обезбедувањето, особено при поголеми настани.Тој рече дека Нацев давал насоки за распоредување на луѓето и повремено се појавувал и како редар, иако, како што посочи, не знае во каков статус бил ангажиран.Според сведокот, Нацев држел и предавања за вработените во агенцијата „Рубикон“, на кои им објаснувал законски правила, меѓу другото и за присуство на малолетници во објекти по 23 часот.Димишковски додаде дека по трагедијата во дискотеката „Пулс“ имал комуникација со Нацев, при што, како што рече, разговарале за трагедијата.Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК. Во несреќата загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. За случајот се обвинети над 30 физички и три правни лица.

Свет | пред 2 седмици

puls-davidovic

Давидовиќ: Директорите на ДСЗ немаат никакви ингеренции со инспекциски надзор

Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, бранител на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Аднан Џаферовски, изјави дека оваа институција нема директна надлежност да врши инспекциски контроли во угостителски објекти.„Таму е јасно наведена улогата на инспекторите што покажува дека директорите кои седат на обвинителна клупа немаат никаква врска и никакви ингеренции со инспекциски надзор, особено не со конкретниот настан. Сево ова покажува за начинот на кој се води постапката и дека до крај не се искристализирани работите, кој сè за што е одговорен. рече Давидовиќ.Како што наведе тој, Дирекцијата за заштита и спасување е институција што ја опфаќа територијалната одбрана и цивилната заштита на целата територија на државата. Тука, како што кажа, не спаѓаат само пожари, туку и големи природни несреќи и шумски пожари.„Дирекцијата за заштита и спасување не е инспекциски орган кој врши контроли во кафулиња, кафани и ресторани. Станува збор за институција која се занимава со територијална одбрана и цивилна заштита на државата, вклучително и шумски пожари и други големи несреќи“, додава Давидовиќ.Според Давидовиќ, недостигот на инспектори е долгогодишен проблем и одговорот за тоа треба да се бара од Владата, бидејќи секое ново вработување мора да добие согласност од Министерството за финансии.„Ова е комплексен проблем кој тешко се решава во постојниот систем на пополнување на работните места“, посочи адвокатот.Тој нагласи дека и други институции, како општините и Министерството за внатрешни работи, имаат обврска да преземаат мерки и да обезбедат функционирање на системот за заштита и спасување.Изјавата на Давидовиќ доаѓа по сведочењето на инспектор од ДЗС од подрачното одделение во Виница, кој на судењето посочи дека по пожарот во клубот „Пулс“ биле утврдени сериозни пропусти.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarys6j9ivgfsol4dxGWA3A

Сиљановска: Правото, правдата, етиката и солидарноста, се нашиот единствен избор во соочувањето со одговорноста за 63-те прерано згаснати животи

Денеска во Собранието на Македонија се одржа комеморативна седница за загинатите во трагедијата во Кочани.На седницата присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска Дафкова.„Денеска, на комеморативната седница во собранието, во пресрет на годишнината од трагедијата во Кочани, ја споделивме тагата со најблиските на непрежалените жртви.Во името на сите присутни, како и во името на македонските граѓани, претседателот на Собранието, г-дин Африм Гаши, изрази длабоко сочувство, емпатија, разбирање и подготвеност за помош.Јас, пак, верувам дека правото, правдата, етиката и солидарноста, се нашиот единствен избор во соочувањето со одговорноста за 63-те прерано згаснати животи“, вели Сиљановска.

Македонија | пред 2 седмици

Screenshot-2025-07-19-at-18.26.32

Таткото на загинатиот Томче: Ова не е судбина, туку убиство од небрежност на институциите

Драги Стојанов, татко на загинатиот Томче Стојанов по комеморативната седница во Собранието рече дека е срамота после една година да закажат комеморација.По наше барење е комеморацијата, ако ние не го притиснавме немаше ни ова да се случи. Не е ли срамота и греота да загинат, во една држава 63 млади животи да згаснат, кои беа иднината на државата. Срамота после една година комеморација да изразат. Не знам, ова го нема ни во најназадните земји, ни во Авганистан, ни во Пакистан. 63 деца да загинат, а тие уште и не напаѓаат. Не гледаат како противници, не гледаат како да сме ѓавол за нив, не знам што е работата. Идат се контра против нас. Како ние да сме биле криви, како ние да сме ги пуштиле децата да загинат. Дури ни изјавуваат, зашто ги пративте децата во диското? Да не ги пративме ние да загинат. Срамота, како не им е срам, малку барем да имаа доблест, малку да имаа чест и поштовање према тие дечиња. Но како што гледам тие, како што викаат, кучињата си лаат, караванот се врви, ние само ќе се одиме, ќе си кукаме на нашите гробови на децата, а тие ќе се го водат бизнисот, ќе се пунат со пари. Не знам, не ми е јасно. Јас како татко на моето дете, 60 години работам, бувам, крампам, за што? Да му изградам една куќа и на крајот на кој ќе остане таа куќа. За четири години ќе се нафатираат со пари и ќе остварат профит и оставаат пари за поколенија. Срамота и греота за нашите деца. Ова не е судбина, туку убиство од небрежност на институциите. Ако институциите работат како што треба, нашите деца сега ќе беа тука, ќе шетаа. Но за жал, таква ни е државата, во таква држава сме се родиле“, вели Драги Стојанов.

Македонија | пред 2 седмици

kocani-puls-protest-4

„Две страници читање и толку, ниту едно дете не беше спомнато по име“, родителите на жртвите од „Пулс“ разочарани од комеморацијата

По комеморативната седница на Собранието за трагедијата во „Пулс“, родителите на загинатите изразија разочарување од институциите кои, како што велат тие, не ги спомнале ни со име нивните деца кои загинаа.Нашите очекувања, надевајќи се кога ќе дојдеме овде дека ќе ни дадат почит и спрема нашите деца, се падна во вода. Комеморацијата за нашите деца, со 63 жртви за една држава, со две страници читање, и ајде чао, пријатно, толку беше. Ова не го очекувавме. Уште една голема рана за нас родителите. Големо разочарување“, рече Габриела Наунова, мајка на загинатата Надица Наунова.Очекувавме за секое дете да има барем по две минути да одвојат со текст, што мислевме дека им е даден од институциите. Но за жал ниту едно дете не беше удостоено, спомнато, со име преземе, само кратки зборови и правдање за собранието и одморот што си го земаа после трагедијата. Една година чекавме државата да се одважи и да организира комеморација за нашите деца. Тоа требаше да се случи многу порано. Каква е таква, сепак на завидувачки минимално од организаторите, се деси. Овој чин е многу задоцнет, но важен бидејќи покажува трагедијата во „Пулс“ не е само семена болка, толку институционална одговорност. Затоа очекуваме институциите што поскоро да ја преземат својата одговорност и конечно да има вистинска правда, како што кажа и претседателот Гаши. Да се надеваме барем правда за децата и дека институцијата ќе си ја признаат одговорноста и да се надеваме само на тој чекор, на друг, како што гледам, немаме никаква надеж. Ова беше последна надеж и ја изгубивме за жал. Ние родителите ќе си патиме, ќе вистинска правда, на крајот се надеваме дека ќе ја добиеме. И комеморацијата беше изнудена“, вели Александар Наунов.

Македонија | пред 2 седмици

media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

„Само два ПП апарати, празен хидрант и заклучена помошна врата без квака“, инспектор од ДЗС за увидот во „Пулс“

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспектор на ДЗС од подрачното одделение во Виница. По пожарот, тој бил повикан да биде дел од увидната екипа заедно со колеги од Пробиштип, Струмица и Берово. Тој посочи дека до моментот на несреќата, Општина Кочани повеќе од една деценија немала вработено инспектор за заштита и спасување.Откако Благој Јанев од 2012-2013 е во пензија во Кочани нема инспектор за заштита и спасување… До моментот на настанување на пожарот во подрачното одделение во Кочани, колку што знам нема вработено лице инспектор за заштита и спасување, посочи сведокот.Сведочејќи за затекнатата состојба во опожарениот објект, инспекторот посочи на сериозни пропусти во основните безбедносни стандарди.Кога влеговме внатре имаше само два ПП апарати, што е недоволно, празен хидрант, нема вода, нема црево, нема млазници, нема систем за јавување за пожар, и најболната работа, задната врата заклучена од внатрешната страна немаше квака, а плус тоа заклучена со катанец, зборувам за помошниот излез. Ова се примети безразлика што пожарникарите веќе ја имаа скршено за да можат да влегуваат, посочи сведокот.Според неговиот исказ, и надворешноста на објектот не овозможувала соодветна интервенција на спасувачките служби.Приметено е дека од женскиот тоалет имаше железни решетки од надвор, додека на излезот од таа задна врата имаше зелена површина која беше како брег и заградена со ограда, каде не може да пристапи брза помош, ниту пожарна – рече инспекторот на ДЗС.Во однос на природата на пожарот, инспекторот наведе дека градежните материјали во објектот придонеле за негово катастрофално и брзо ширење.– Она што се виде и од социјалните мрежи, се работи за пожар со отворен пламен којшто брзо се шири поради облогата со стиропор и материјали кои што се лесно запаливи – рече сведокот.Одговарајќи на прашањето дали ДЗС требало да дозволи овој објект да работи со оглед на констатираните недостатоци, тој истакна дека инспекциските служби имаат овластување да го забранат користењето на објектот, доколку утврдат дека постои опасност по безбедноста.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryi7j54f7orufifOMpL3O

Комеморативна седница во Собранието за годишнината од трагедијата во „Пулс“

Во Собранието денеска ќе се одржи Комеморативна седница за годишнината од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој 63 лица го загубија животот, а околу 200 беа повредени.На 14 март Владата ќе одржи Меѓународна конференција „Институционални и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани една година потоа“, на која ќе присуствуваат претставници на институциите, здравствени експерти, меѓународни организации и хуманитарни партнери.За пожарот во дискотеката во Кочани во тек е судски процес.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryf0u7vqq2ekmj8jMmxJn

Пет сведоци пред Судот за пожарот во дискотеката „Пулс“

Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.На  денешното рочиште, треба да бидат сослушани пет сведоци предложени од Јавното обвинителство.На последното рочиште пред Судот беше сослуш сведокот Горан Игновски, кој повеќе од 34 години работи со продажба и сервис на опрема за изнајмување за настани – озвучување, осветлување и сценски ефекти.Сведочеше и вработена во сметководствено биро кое соработувало со Агенцијата за обезбедување „Рубикон“, која посочи дека никогаш не сретнала материјален доказ за деловна соработка меѓу дискотеката „Пулс“ и „Рубикон“.Дополнително, вработена во подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување во Кочани изјави дека во врска со дискотеката „Пулс“ не добиле никаква документација и дека подрачното одделение во Кочани нема инспектор за заштита и спасување.Исто така сведочеше и Трајче Димишковски вработен како возач-доставувач од 2008 година во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Неговото сведочење се следеше внимателно, бидејќи, како што беше посочено во судницата, тој го сменил исказот даден во истрагата. Потоа сведочењето на Трајче беше прекинато и истото треба да продолжи денес, кога ќе се чита што кажал пред обвинителите по трагедијата која однесе 63 млади животиСо денешното рочиште продолжува доказната постапка со изведување сведоци на предлог на Обвинителството – кое го застапува тим од 15 јавни обвинители. Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевски и се наоѓа во фаза на доказна постапка.

Македонија | пред 2 седмици

Screenshot-2025-03-16-at-06.46.55

37 странски лекари и експерти ќе учествуваат на меѓународната конференција на Владата за трагедијата во Кочани

Портпаролката на Владата, Марија Митева, на денешната прес-конференција објави дека Владата ќе организира меѓународна конференција на 14 март, посветена на трагедијата во Кочани, со цел да се анализира одговорот на институциите, здравствените експерти и меѓународните партнери, како и да се предложат системски решенија за подобра подготвеност при кризни ситуации.Пред нас е за жал одбележувањето на годишнината од трагедијата во Кочани. Настан којшто и тогаш, како и денес, го нуди и го буди истото чувство на болка и длабока одговорност. Тоа беше ден кога времето застана за многу семејства, но истовремено беше и момент кој ја покажа силата на солидарноста. Во најтешките часови се мобилизираа здравствените работници, институциите, службите, локалната заедница. Државата реагираше, а и нашите партнери покажаа дека солидарноста не е само принцип, туку е конкретна поддршка кога е најпотребна. Во тие најтешки часови, благодарение на координираниот одговор од страна на државата и поддршката од европските и регионалните здравствени системи, беа спасени човечки животи и беше овозможен третман за најтешко повредените. За владата една година подоцна, целта не е само сеќавање. Целта е да покажеме одговорност и создавање на систем кој ќе биде уште посилен по организиран и подготвен да одговори на кризни ситуации. Токму затоа сакам да ја информирам јавноста за организирањето на меѓународната конференција, институционални и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани, една година потоа. Кога ќе се одржи на 14 март и ќе обедини претставници на институциите, здравствени експерти, меѓународни организации и хуманитарни партнери. Конференцијата има за цел да се направи една сеопфатна анализа на одговорот на трагедијата, од првична интервенција и спасување животи, до долгорочниот третман, рехабилитацијата и системските решенија за иднината. Посебна вредност на оваа конференција е и присуството на 37 лекари и медицински експерти од странство, кои во најтешките денови по трагедијата во Кочани директно учествуваа во лекувањето на пациентите. На покана од наша страна како држава, во Скопје ќе пристигнат доктори од клиники и здравствени центри од повеќе европски земји. Токму оние институции кои ги отворија своите врати кога и беше најпотребно на Македонија. Нашата присуство на оваа конференција претставува можност, искуствата од заедничката работа да се претворат во знаење, протоколи, но и системски решенија кои ќе придонесат за подобра подготвеност на здравствените системи во иднина. Настанот ќе започне со свечено институционално отварање по кое ќе следи и комеморативен момент, како потсетник дека зад секоја трагедија стојат човечки приказни. Во рамки на конференцијата ќе се одржат и повеќе тематски панели, посветени на повеќе аспекти“, изјави Митева.Таа додаде дека Владата останува доследна на ветувањето: дека поддршката за жртвите, повредените, нивните семејства, но и за здравствениот систем нема да биде еднократна, туку континуирана и системска.Од првиот ден беше превземена обврска дека државата ќе стои зад процесот на лекување, рехабилитација и закрепнување, но и дека трагедијата ќе биде претворена во поттик за подобрување на институционалните капацитети и подготвеноста на системот. Тоа ветување денес се реализира преку конкретни мерки, соработка со домашни и меѓународни партнери, и постојано унапредување на здравствените и кризно-менаџерски механизми“, изјави Митева.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryo8c6sjcb2bi95vSZtEc

Собранието во четврток ќе одржи комеморативна седница за годишнината од трагедијата во Кочани

Собранието на Република Северна Македонија за 12 март 2026 година ја закажа својата 93. седница, која ќе има комеморативен карактер.Оваа пленарна седница, што ќе се одржи во салата „Македонија“, е посветена на одбележувањето на една година од трагичниот настан во Кочани.Како единствена точка на дневниот ред, комеморацијата претставува официјален чин на оддавање почит кон жртвите и сеќавање на настанот што ја потресе јавноста, со што законодавниот дом директно се вклучува во одбележувањето на оваа тажна годишнина.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryda196ujduqq140xGZ3s

„Сто пати си кажавме колку се сакаме како да знаевме дека е последно“, Ана се потсети на последниот настап со ДНК пред Кочани

Се ближи 16 март, кобниот датум кога ќе се наврши една година од страшната трагедија во кочанското кабаре „Пулс“, во која животот го загубија 63 лица.Придружниот вокал на „ДНК“, Ана Костадиновска, на социјалните мрежи сподели фотографии од настап во еден скопски клуб, само една недела пред трагедијата во Кочани.Паметам како вчера да беше… секоја песна, секоја емоција. Сто пати си кажавме колку се сакаме, скокавме, се забавувавме, се гушкавме, како да знаевме дека е последно… Бескрајно многу ми недостасувате“, напиша таа.

Магазин | пред 2 седмици

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

Сведок смени исказ за трагедијата во „Пулс“, ќе му се чита што кажал во истрагата

Трајче Димишковски вработен како возач-доставувач од 2008 година во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, денес сведочеше на рочиштето за пожарот во дискотеката „Пулс“.Тој сведочеше дека агенцијата „Рубикон секјурити солушнс“ го обезбедувала објектот, а обезбедувањето дозволило дискотеката да биде преполна на 18 март 2025 година. Според неговото сведочење, биле пуштени голем број малолетници и деца, била употребена пиротехника без дозвола од полицијата, а немало поставени кордони ниту организирана евакуација за време на несреќата. Посочи и дека обезбедувањето работело без униформи и ознаки.На почетокот од сведочењето Димишковски изјави дека работел како обезбедување во училишта, а постојано вработување има во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации како возач.Го познавам лицето Александар Нацев од 2008 година, од Дирекцијата каде што работевме заедно. Се познавам и со обвинетиот Јане Начевски, сопственикот на ‘Рубикон’, комшии се со Нацев“, изјави сведокот.Во април 2025 добил полномошно од Јане Јанчевски да потпишува за плати во „Рубикон“, оти немало кој да потпишува.Полномошното беше само за плати, немаше други задолженија. Сѐ течеше тековно, луѓето се договараа меѓу себе за смените и кој каде да оди. Ми требаше совет како да направам вирмани, го прашав Нацев како да ги подготвам платите. Тогаш мораше да се пуштат плати, се доцнеше со рокот за исплата. Имаше и други вработени, но јас бев најслободен оти бев ангажиран за средните училишта и можев да одам“ – рече сведокот.Нему му бил даден и печат, кој бил во ташната со документацијата, која била во службеното возило на агенцијата кое тој го користел.Неговото сведочење се следеше внимателно, бидејќи, како што беше посочено во судницата, тој го сменил исказот даден во истрагата.Сведочењето на Трајче се прекина и ќе продолжи в четврток, кога ќе се чита што кажал пред обвинителите по трагедијата која однесе 63 млади животи.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryf0u7vqq2ekmj8jMmxJn

„63 бели столчиња – 63 животи“: Објавена програмата за одбележување на годишнината од трагедијата во „Пулс“

Општина Кочани ја објави програмата за одбележување на годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“, која ќе се одржи од 14 до 16 март со повеќе комеморативни, духовни и културни настани.Одбележувањето започнува на 14 март со богослужби во храмот „Св. вмч. Георгиј Победоносец“ во Кочани. Во 08:00 часот ќе се одржи литургија за упокоените, а во 09:30 часот ќе следува општ парастос. Во 10:45 часот на Градските гробишта во Кочани ќе биде одржан трикратен опело за жртвите од трагедијата на 16 март 2025 година.На 15 март се предвидени повеќе спортски и културни активности. Во 09:00 часот ќе се одржи рекреативна трка и велосипедска тура на релација Штип – Кочани во чест на загинатите 63 млади лица. Во исто време ќе се организира и првиот меморијален планинарски марш „Ивона Антова и 63 ангели“ на релација Пониква – врв Панаѓур – Осогово.Во спортската сала „Сашо Лазаров – Чапо“ во Кочани во 10:00 часот ќе се одржи кошаркарски турнир меѓу повредените во трагедијата.Во НУЦК „Бели мугри“ ќе се одржи музичко-балетски перформанс „Кочани ви благодари“ во 13:30 часот, по што следува концерт на Марко Виденовиќ и триото „Мевлем“. Во 18:00 часот ќе биде промовирана книгата „Ќе те има“ од Марина Стојчевска.Централното одбележување ќе се одржи на 16 март. Во 02:15 часот пред објектот „Пулс“ ќе се одржи настанот „Светлина што останува“, а во 07:00 часот ќе започне трката „Св. Николе – Штип – Облешево – Кочани“.Во Паркот на револуцијата во Кочани во 08:45 часот ќе биде поставена симболичната инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“, како и мурал „Ѕид на сеќавање“, посветен на жртвите.Во 09:00 часот е предвиден прием на гости и делегации, а во 10:00 часот ќе се одржи молитва за упокоените.Комеморативниот настан „Ден на сеќавање – 16 март 2025“ ќе се одржи во 10:30 часот во НУЦК „Бели мугри“, додека во 12:30 часот ќе биде отворен меморијалот „Недовршени соништа – секое име е нечиј свет“.

Македонија | пред 3 седмици

Papazov

Поранешниот градоначалник на Кочани бара укинување на куќниот притвор

Поранешниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, кој ја водеше општината во времето на трагедијата во кабарето „Пулс“ и е меѓу обвинетите функционери, доставил барање до Судот за замена на куќниот притвор со мерки за претпазливост. Предлогот, сепак, треба прво да го разгледа Јавното обвинителство.Судот го повика Обвинителството да се произнесе, но јавниот обвинител побара одлука да се донесе на следната главна расправа, наведувајќи дека „ги немаме сите информации во овој момент“.Денешното рочиште за трагедијата, во која загинаа 63 млади лица, се одржа во судницата во „Идризово“ и продолжи со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството. Беа повикани пет сведоци, од кои четворица се обезбедени и присуствуваа.Процесот се одвива под засилени безбедносни мерки, во присуство на обвинетите, роднини на жртвите и јавноста. Постапка се води против повеќе од 30 физички и три правни лица за тешки дела против општата сигурност.Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а Обвинителството го застапува тим од 15 јавни обвинители.Пожарот во дискотеката во Кочани избувна за време на настапот на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Со денешното рочиште продолжува доказната постапка со изведување сведоци на предлог на Обвинителството.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarytnj8ue6brdouacqERKu

Со пиротехника за време на настап на ДНК се запалиле звучници во Гевгелија, сведочи продавач на ваква техника

Пред трагедијата во „Пулс“ во Кочани, на настап на групата ДНК во ресторан во Гевгелија се запалиле платно и звучници, сведочеше пред судот сопственикот на продавница за пиротехника Горан Игновски. Тој рече дека за инцидентот слушнал од колега кој работи со озвучување.ДНК на настап во ресторан во Гевгелија имаат запалено платно и звучници. Колега од Гевгелија, Јани Мурџиев, кој работи со озвучување, ми раскажа за ова. Не знам кога точно се случило“, изјави Игновски.Во своето сведочење тој зборуваше и за пиротехниката што се користела на настапите. Откако ги видел видеата од пожарот во Кочани, посочи дека прскалките кои биле употребени имале домет поголем од три метри.Да користеа со домет од метар или два, немаше да настане пожар. Такви со домет од три метри се продаваат на Бит-пазар и се за надворешна употреба“, рече сведокот.Сведокот додаде дека по пожарот во Кочани имал две кутии со вакви прскалки – едната ја предал во полиција, а другата, како што рече, најверојатно сè уште ја има. Според неговите зборови, вкупно продал најмногу 15 вакви кутии.Тој ја објасни и разликата меѓу таканаречените „топли“ и „ладни“ прскалки.Топлата прскалка гори околу 30 секунди и чини околу 500 денари. Ладните прскалки за истото време чинат околу 100 денари, но уредот за нив чини околу 30.000 денари и мора да има струја и кабли“, рече Игновски.

Македонија | пред 3 седмици

media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште беа повикани пет сведоци предложени од Јавното обвинителство, а обезбедени се четворица.Јавниот обвинител најави дека на крајот од денешното рочиште ќе се произнесе пред Судот во однос на сведоците со кои не може да стапи во контакт за да бидат повикани со судска наредба.На претходното рочиште пред Судот сведочеше ПР на ДНК кој кажа дека прскалките биле од бендот, купувани легално од продавница во Кисела Вода, како и редовни гости од дискотеката, кои ги опишаа настаните во ноќта на 16 март, минатата година, кога во пожарот загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а Обвинителството го застапува тим од 15 јавни обвинители.Пожарот во дискотеката во Кочани избувна за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Со денешното рочиште продолжува доказната постапка со изведување сведоци на предлог на Обвинителството.

Македонија | пред 3 седмици

IMG_5515

Што е планирано за годишнината од трагедијата во „Пулс“ од Владата

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе присуствува на настаните по повод годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Тој изјави дека за време на пратеничките прашања бил информиран од пратеници дека во Собранието ќе се одржи комеморативна седница, а дека во Кочани исто така ќе има одбележување на трагедијата.„Знам дека за време на пратеничките прашања ме информираа пратениците дека ќе има комеморативна седница. Со луѓето од мојот кабинет организираме настан на кој ќе поканиме дел од медицинските екипи кои помагаа и ќе бидат тука“, изјави Мицкоски.Премиерот додаде дека Владата обезбедува транспорт и сместување, како и организација на настан кој ќе има форма на конференција.„Комеморативна седница, како што ме информираше градоначалникот, ќе има и во Кочани. На сите овие настани ќе присуствувам“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 3 седмици

media-library8nr7cnl9uota8ZDABSu

Панчо беше „моторот“ на групата и договараше настапи, подоцна увидов дека пиротехниката е на ДНК, вели нивниот пи-ар

Естрадниот новинар Васко Спасовски, кој работел како пи-ар и букинг менаџер на групата ДНК, сведочеше дека немал врска со организацијата на настапот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој посочи дека со газдата Дејан Јованов-Деко и неговиот син Михајло, договарал настапи на други изведувачи како што е Влатко Лозановски.Тој појасни дека неговата работа била да договори цена, датум и локација за настап, додека организацијата на самиот настан била обврска на организаторот.Според неговото сведочење, пејачот Панчо најчесто ги договарал настапите на бендот и бил „моторот“ на групата.Спасовски рече дека за трагедијата дознал рано наутро од објава на интернет, по што веднаш се упатил кон Кочани за да ги бара членовите на бендот.Во врска со пиротехниката, тој изјави дека првично мислел дека ја обезбедува организаторот, но подоцна увидел дека ДНК користеле пиротехника и на други настапи.Тој додаде дека претпоставува оти за активирањето на прскалките бил задолжен Мартин Атанасовски Буцо, кој претходно имал технички задачи во бендот.

Македонија | пред 3 седмици

media-library6nvnengulu3818UZBIV

Девојка што била во „Пулс“ тврди дека „Без обезбедувачите ќе имаше многу повеќе жртви“, преживеаниот Китанов се откажа од нивно гонење

Обезбедувачите во дискотеката „Пулс“ го жртвувале своето здравје за да спасат што повеќе луѓе за време на пожарот во Кочани, изјави на судење 21-годишната Мартина Ристевска, која била присутна во објектот кобната ноќ.Таа сведочеше дека настанала голема паника кога пејачот им рекол дека плафонот гори и дека треба да излезат надвор. Во гужвата, како што рече, успеала да стигне до излезот каде две лица ѝ помогнале да излезе.Ристевска изјави дека видела членови на обезбедувањето како извлекуваат луѓе од објектот и покрај тоа што биле во лоша состојба.„Повраќаа црно, ставаа маица преку устата и носот и повторно влегуваа да извлекуваат луѓе“, рече таа, додавајќи дека без нивната помош бројот на жртвите ќе бил многу поголем.Таа посочи дека случајно го снимила почетокот на пожарот додека снимала видео од настапот, а подоцна на снимката забележала жар на плафонот.Во пожарот што избувна на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа повеќе од 60 лица, а над 200 беа повредени.Кристијан Китанов пак, исто така преживеан, посочи дека не се приклучува во кривичниот прогон за обезбедувањето, а дека се приклучува кон гонењето на сите други обвинети. По ова имаше дискусија меѓу адвокатите кои приговараа, но Обвинителството реагираше дека не може да се бара правно толкување од сведокот.Обвинителството им става на товар на обезбедувачите дека не постапувале според прописите, па така дозволиле во клубот да влезат и малолетници од кои дел и загинаа, но и поголем број на гости од капацитетот на објектот.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryldqcnsq4pt6tbH4sBCx

„Повраќаа црно, пак ја ставаа маицата преку устата и носот и се враќаа да помагаат, а беа во многу лоша состојба“, гостинка сведочи за обезбедувањето на „Пулс“

21-годишната Мартина Ристевска, која кобната вечер била во дискотеката „Пулс“ во Кочани, рече дека им е благодарна на обезбедувачите, меѓу кои ги спомена Лазар и Столе, дека ѝ го спасиле животот, дека ги жртвувале своите животи за да спасат што повеќе луѓе.Настана голема гужва, не се ни сеќавам како стигнав до вратата. Надвор беа Лазо и Столе и ми подадоа рака. Имаше многу луѓе паднати врз мене, ме извлекоа, па извлекуваа и други. Ме тргнаа настрана. Се најдов со двете другарки, и тие беа сигурни, па почнавме да помагаме на другите, да носиме вода и да се јавуваме на телефони, да кажеме што се случило. Членовите на обезбедувањето околу мене, видов дека помагаат на сите, иако беа во многу лоша состојба, повраќаа црно, им пружаа помош на сите – пак ја ставаа маицата преку устата и носот и се враќаа да помагаат, а беа навистина во многу лоша состојба – рече Ристевска.Го жртвуваа своето здравје за да спасат повеќе животи и јас засекогаш им сум благодарна. А и другите што ги спасија им се благодарни. Ќе имаше многу повеќе жртви ако не беа тие – рече девојката.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања