Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Сеќавање за секој еден загубен живот од Пулс, раскажана секоја една приказна - тага и болка во Кочани...

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Настани
media-libraryqij6pe4h0vdk6E2iFiu

Една година по трагедијата во пожарот во „Пулс“, Кочани одбележа „Ден на сеќавање - 16 март 2025“ во Центарот за култура „Бели мугри“. Пораката беше дека болката не стивнува, но споменот мора да се чува за „четата ангели“ кои засекогаш недостигаат. На комеморацијата беше истакнато дека жртвите недостасуваат насекаде – во училиштата, домовите, улиците и во прегратките на најблиските. Како најсоодветен начин за почит беше избрана песната, бидејќи ја пренесува и радоста и тагата. По азбучен ред беа читани имињата на загинатите и нивните прекинати соништа, со лични сведоштва, меѓу кои и за Панчо – запаметен како другар, творец и човек што оставил трага во музиката и меѓу луѓето.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Помина една година, а раните не само што не се затвораат туку стануваат подлабоки и пострашни. Годината што измина само успеа да го соочи Кочани со страшната вистина дека засекогаш ги нема. Не можевме да ги заштитиме од смртта, но можеме да го зачуваме споменот за нив, да споменуваме дека имаме чета ангели на небото, кои се молат за нас, и да се гордееме што ги имавме со нас на земјата како наши чеда, браќа и сестри, роднини, пријатели. Ова беше пораката од денешниот комеморативен настан „Ден на сеќавање - 16 март 2025“ во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани на одбележувањето на годишнината од трагичниот настан.

— реклама —

„Бројката просто убива, но да се потсетиме, тие загинаа со песна во грлата и во срцата, загинаа пеејќи, славејќи во животот. Затоа сметаме дека песната сепак е најсоодветниот начин да го испочитуваме споменот за нив. Таа зборува на јазик со кој се пренесува и радоста, но во овој момент и болката и тагата.

Недостасуваат секако и на секој начин. Во училишните клупи, на клупите во паркот, (0:31) недостасуваат во трапезариите, детските соби, на таблоата, во утрата кога се излегува од дома, во вечерите кога се прибира дома,  недостасуваат во секој дел од домот, во секој дел од градот, на секоја улица.

Недостасуваат во прегратките на љубените, пријателите, родителите. Недостасуваат на сите можни начини. Просто, тие многу недостасуваат“, беше посочено на комеморацијата.

— реклама —

На комеморацијата во Кочани, по азбучен ред се читаа имиња на жртвите, но и нивните соништа кои завршија во пожарот во „Пулс“ пред точно една година.

— реклама —

„Панчо беше голем другар, добар човек, кој бескомпромисно помагаше на сите, без да бара ништо за возврат. Постојано беше достапен, ако ти треба нешто, а на прво место му беше работата, најблиските, пријателите. Обожаваше да твори, да создава нешто од ништо. И ниедна препрека не беше толку голема, за да не може да ја надмине. Така го живееше својот живот, а тие околу него ги научи на лојалност, другарство, работливост и посветеност. Остави голема трага на музичката сцена. Во Скопје, но и сите градови од Македонија и пошироко. И ќе го паметиме по се, ќе го паметиме после тоа што има направено за музиката, културата, но и за нас, луѓето кои беа дел од неговиот живот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

puls-35-1

Анксиозност, ПТСР и депресија - третина од повредените во пожарот во Кочани се соочуваат со сериозни психолошки последици

Македонија | пред 59 минути

media-library7fefgsr0flr3fRv4lYr

Родителите на жртвите од „Пулс“ бараат враќање на обвинителката Трајчева: 63 животи не смеат да станат административна одлука

Македонија | пред 2 дена

media-librarysuoboe38mdcg2LVC2UL

(Видео) Збогум на дивите тераси во кочанскиот трговски центар

Настани | пред 6 дена

media-libraryfjco2idjqge74chIYwX

(Видео) Пациенти се изолираат во соба со влага - влеговме во кочанската болница...

Студио | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања